Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Гинисови Светски Рекорди Нед 30 Ное 2008, 11:03 pm
Не би требало да има подетален вовед за Гинисовите Светски Рекорди и Книгата, затоа сите што ја знаеме суштината. Идејата ја добил сер Хју Бивер знаејќи дека секој ден во илјадници крчми во Велика Британија луѓето се расправаат за најчудни случувања а немаат точен одговор.Првата книга е излезена во 1955 година.
Да поставиме за кои Гинисови Рекорди сме чуле, виделе и прочитале.
--Гинисовата Книга на Рекорди-сама го држи светскиот рекорд во најпродавана книга. --Најмладиот милијардер е Џери Јанг, сопственикот на сајтот Yahoo.Станал милијардер на 29 години!
--Ашрита Фурман со своите пријатели го прават најголемиот молив за што потрошиле 20 000 долари !
Последната промена е направена од Билјана на Вто 02 Дек 2008, 1:59 am. Мислењето е променето 1 пати
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Најстар претседател на светот Вто 02 Дек 2008, 12:37 am
The 2000 Guinness World Records lists Kiro Gligorov as the oldest ever president of a country, staying in power until he was 82 years old.
Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Гинисови Светски Рекорди Сре 03 Дек 2008, 12:42 am
Мал Битолски Монмартр
Детското ликовно студио - Битола располага со огромен фонд на детски цртежи, кој сега изнесува близу 480.000 творби, а чии автори се млади ликовни таленти од целиот свет.Студиото досега има отворено две гигантски изложби - изложби кои си изборија место во светски познатата Гинисова книга на рекорди.
Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Гинисови Светски Рекорди Сре 03 Дек 2008, 12:48 am
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Прилепските сарми влегоа во Гинисовата книга Пет 19 Дек 2008, 7:30 pm
Прилеп денска на Свети Никола, светецот заштитник на градот, со приготвените 80.000 посни сарми официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди. Телал Омер, судија од седиштето на Гинис од Лондон, официјално на градот му го предаде сертификатот за гинисовиот рекорд, прв за Македонија.
- На огромно задоволство го прогласувам новиот гинисов светски рекорд за најголемата порција зелка, објави пред прилепчани во центарот на градот гинисовиот судија Омер, еден од шестмината официјални судии за проверување рекорди низ светот.
Тој на градот му го предаде сертификатот во кој стои дека е потврден рекордот на 160 - те прилепчанки кои ја направија најголемата чинија со зелка, односно со сарми во светот.
- Изминатите два дена проверив и исполнети се сите услови. Рекордот ќе се најде во Гинисовата книга за 2010 зашто овогодинешното издание веќе е подготвено, а информацијата уште денеска ќе биде објавена на веб страницата на Гинис, изјави Омер потврдувајќи дека е ова прв официјален рекорд од Македонија.
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Гинисови Светски Рекорди Саб 20 Дек 2008, 1:08 am
Првата сарма пукна во Прилеп!!!
И после нека рече некој дека тоа со пушката е мит
Lidija Уметничка душа
Број на мислења : 609 Локација : Скопје, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: Гинисови Светски Рекорди Саб 20 Дек 2008, 1:11 am
Браво за прилепските сарми,браво за досетливоста!
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Гинисови Светски Рекорди Вто 24 Фед 2009, 1:52 am
Знаете што? Сега во Гинисовата книга на рекорди ќе влезе и Кире Лазаров, како најдобар стрелец во историјата на светските првенства!
Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Гинисови Светски Рекорди Сре 04 Мар 2009, 3:46 pm
Кумановска пифтија за во Гинис!
Со изложувањето на џиновската пифтија во ресторанот "Грација" во саботата вечерта се заокружи годинешното издание на кумановската "Пифтијада". Пифтијата, тешка 280 килограми, во три казани ја подготвија повеќе вредни кумановки, главно персоналот на ресторанот, заедно со главниот готвач Благоја, а состојките за варење на овој деликатес беа донација од месната индустрија "Есктра мејн" од Куманово. Овој подвиг, со божикна песна најпрво го славеа дечињата од групата "Пчеличка", од кумановската градинка "Ангел Шајче", облечени како ангелчиња. Потоа, присутните се насладува на парче од џиновската пифтија и со кршеното лепче со паричка. Со музика, песна некои се веселеа на оро, некои уживаа разгледувајќи ги декорираните пифтии со кои се натпреваруваа 15 жени. Жирито првата награда ја додели за пифтијата под шифра "Чешма" на Лепосава Зафировска од здружението на Власите од Куманово, а специјална награда додели за пифтијата со шифра "Скорпија", направена од Љубица Трајковска. И поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов со сопругата беше дел од свечената вечера. "Ова го правиме веќе трет пат и тоа под покровителство и организација на мултимедијален џентар "Карпино". Главниот пропуст годинава е непријавување за во Гинис, што требаше да се направи најдоцна до октомври. Но, добро е што ние од Македонија сме први кои покажале интерес за ваков натпревар за во Гинис. Следната година ќе биде пријавено навремено, и за најминијатурна и за најџиновска пифтија", изјави Гордана Митровска координатор за североисточна Македонија преку СОЖМ. Во посета на подготвителните активности за џиновската пифтија, неколку денови пред тоа, беа претседателка на СОЖМ Савка Тодоровска, уметничката Вања Лазарова, Ратка Андонова, Надежда Митковска, кои патем ја разгледаа и етногалеријата "Етно Беба”. Завршната вечер ја водеше Лила М. Стојановска. Фото: Д. Андоновски
Зашто бе кумановци не сте ја пријавиле навреме :lol: :lol:
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Гинисови Светски Рекорди Сре 18 Мар 2009, 3:00 am
Музејот во село Џепчиште кое е оддалечено само 5 километри од Тетово е најмалиот етнолошки музеј кој што чека одговор на апликацијата да стане дел од гинисовите рекорди.