ФОРУМОТ Е НАШ Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!! |
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“ |
| | Човечки особини | |
| | Автор | Порака |
---|
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Човечки особини Пон 15 Дек 2008, 7:51 pm | |
| Ја отворам оваа тема тука, затоа што би сакала да биде и научно/психолошки ориентирана, се разбира, колку што е можно тоа на форум. Идејата е да се изјаснуваме за различни човечки особини кои ги сметаме за благородни, негативни, за такви кои ни пречат и такви кои би сакале да ги имаме.
Особина број 1 која мене лично ми пречи кај луѓето е скржавоста. Мислам дека тоа е една форма на нарцисоидност, односно егоцентризам, и воопшто не ја почитувам ниту како основно право на слободен избор. Според мене, никој НЕМА ПРАВО да биде скржав. Скржавите луѓе ми се по малку смешни, по малку тажни, но најчесто ми се непријатни за дружење и ги избегнувам колку што можам.
Има една реченица во „Големата вода“ на Живко Чинго: Само тоа што го даваш, само тоа е твое. Во тоа е смислата. | |
| | | Далила Одличен тупаџија
Број на мислења : 783 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Пет 19 Дек 2008, 2:16 am | |
| Имам многу да зборувам на оваа тема почнувајќи од психолошките анализи што сум си ги правела самата на себе,па преку она што сум го доживеала со другите луѓе се до она што сум прочитала,ама бидејќи темава е многу опширна тешко ми е да се решам од каде да почнам.Во принцип јас сум таков човек кој сака да ги анализира своите и туѓите постапки и емоции. Мене ми се чини дека најмалку сакам дволичност или лицемерие,особено ако е вешто изведено и тешко препознатливо,кога незнам на што сум со некого најмногу ме повредува. оние кои што се отворени,макар и нервозни,негативни и сл.секогаш носат во себе поголеми вредности од оние кои имаат добра маска.За жал сега е време на извештаченост,на површни вредности,лажни насмевки и изнасилена еуфорија,се тоа ја покрива вистинската слика на карактерот на личноста,а мене тоа многу ми смета зошто колку и да сум скептична може да бидам измамена.Мене не ми толку важна лажната љубезност,мене ми се поважни делата(делата го красат човека-поговорка). продолжува во друга прилика...не беше баш научно ама толку знам,ок? | |
| | | Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
| Предмет: Re: Човечки особини Пет 19 Дек 2008, 3:47 am | |
| Jas ke bidam pokratka i ke kazam deka najmnogu od se mrazam dvolicni luge! Ne sakam luge sto lazat,ne sakam rasisti,ne sakam samobendisani i zlobni luge! | |
| | | eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Саб 20 Дек 2008, 1:02 am | |
| Е, фала Богу, заживеала темава, јас веќе помислив дека нешто не е во ред со неа ;)
Втора особина на списокот „смртни гревови“ ми е суетата. Сите ја имаме и потребна ни е за да преживееме, се разбира. Ама тогаш се вика достоинство. А осуетеноста, возгордеаноста и ставот „јас-па-после-мене-потоп“ ми е страшно грда особина, па макар да се работи и за не знам колку заслужен човек, голем научник или уметник!
Всушност, мислам дека ВИСТИНСКИ ГОЛЕМИТЕ луѓе никогаш не се суетни. Тоа се само оние кои се недоволни големи, кои знаат дека лесно можат да бидат достигнати и надминати, кои имаат обичај повеќето околу себе да ги сметаат за глупави зашто се плашат самите да не испаднат такви.
А оние, навистина големите личности, се ослободени од каква било горделивост и другите луѓе веднаш ги препознаваат. Моите лични примери за тоа се двајца луѓе: еден голем поет, Блаже Конески, и еден голем пејач, Тоше Проески. | |
| | | Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Саб 20 Дек 2008, 3:48 am | |
| Јас од темава заклучив дека жените повеќе сакаат да ги анализираат луѓето (се зезам, не ме карајте :D ) Особина која ми пречи кај луѓето е глумењето, условно кажано. Посебно кај тинејџерите! На пример: пушат цигари, пијат кафиња, слушаат транс и слично, а знам дека до вчера мама и тато ги носеле до училиште, гледале Том и Џери.... Значи, се прават нешто што не се, со цел за да бидат општествено прифатени, или пак (што мене многу ме нервира) да можат да кажат (пофалат) пред своите другари дека ете, тие пијат кафе, или биле на некое место, а другите не. Таа особина на некои ќе им остане и понатаму во животот, за жал. Нема потреба од предвремено созревање, за се` има свое време. Особина која што многу ја ценам кај луѓето е способноста да се помогне во секое време, без притоа да се добие некоја корист од помошта. Значи, не сакам и користољубивост.:D | |
| | | Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
| Предмет: Re: Човечки особини Саб 20 Дек 2008, 4:06 am | |
| | |
| | | eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Саб 20 Дек 2008, 1:08 pm | |
| | |
| | | Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
| Предмет: Re: Човечки особини Саб 20 Дек 2008, 2:17 pm | |
| | |
| | | Далила Одличен тупаџија
Број на мислења : 783 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Саб 20 Дек 2008, 10:48 pm | |
| Јас сакам да се надоврзам на муабетот на Тања за суетата,дека вистински големите луѓе не се суетни,кога се работи за големи научници ,уметници и сл.мислам дека тоа не важи,велат ако не сакаш да се разочараш од твојот омилен уметник не го запознавај лично.Зошто велат така?Најверојатно генијалноста во одредени полиња не ги исклучува маните во секојдневниот живот.Мене ми се случило лично да запознаам некои добри сликари,ама да се дружам со нив не би сакала,баш заради тоа нивно големо ЈАС.А голем човек може да биде прекрасен во секојдневниот живот,а да нема никакво поголемо достигнување во науката,уметноста,спортот итн. | |
| | | Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Пон 26 Јан 2009, 5:58 pm | |
| И јас мразам скржави луѓе.Скржавоста како карактеристика на човек не се изразува само во "не трошење пари" туку и во -не искажување емоции, не изразување на убави зборови не подарување љубов.Значи скржавите луѓе се скржави во СЕ! Е што ќе добијат тие- кеш што само ќе им стои а животот бедно и во стегање ќе им помине и само ќе кукаат? Потиснати емоции што ќе им го загрози здравјето?Не искажувањето на добар збор автоматски ќе им ја намали функцијата за мислење на тоа и ќе се гушат само со лоши мисли што пак ќе им го загрози здравјтето а и должината на животниот век. Кешот и празниот напнат живот е контраст од животот што Бог ни го дал да го ЖИВЕЕМЕ.Треба таквите луѓе да почувствуват малку уживање оти нема реприза на тоа што ќе помине-еднаш се живее и толку, нема враќање, нема репризирање. А дефинитивно тие пари што залудно ги "трупаат" ќе ги потроши некој друг на најлесен и најнепрактичен начин
Последната промена е направена од Билјана на Вто 27 Јан 2009, 12:42 am. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
| Предмет: Re: Човечки особини Пон 26 Јан 2009, 6:42 pm | |
| | |
| | | eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Пон 26 Јан 2009, 11:59 pm | |
| - Билјана напиша:
- И јас мразам скржави луѓе. Скржавоста како карактеристика на човек не се изразува само во "не трошење пари" туку и во -не искажување емоции, не изразување на убави зборови не подарување љубов.Значи скржавите луѓе се скржави во СЕ!
А дефинитивно тие пари што залудно ги "трупаат" ќе ги потроши некој друг на најлесен и најнепрактичен начин
Знаеш дека ептен си во право??? Не ми текнало на тоа, ама навистина скржавоста можеби најлесно се гледа „финансиски“, ама е исто толку присутна и на емоционално поле! А и она, второто: наследниците на тие „штедливите“ обично се спротивната крајност, па после на овие првиве не им останува ништо освен да се превртуваат во гробот | |
| | | Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
| | | | Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 12:49 am | |
| Скарлет кај да го најдам дедо ти да му кажам? Мило ми е што ви се допаднале моите констатации.Одамна ми се вртеше во глава дека треба да пишам на оваа тема, само се некако на други теми заглавував.Сега ми се отвори "дизната" и има да пушувам ;) :lol: :lol: :lol: | |
| | | Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 1:04 am | |
| | |
| | | Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 1:16 am | |
| | |
| | | eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 1:23 am | |
| Ајде да пишам за една особина која многу ја сакам кај луѓето (доста за оние што не ги сакам):
Исклучително почитувам кај луѓето кога тие, колку и да се возрасни, имаат желба да истражуваат и да учат. Кога се љубопитни, кога не ги мрзи работите да ги проверат, кога имаат желба и понатаму да се изградуваат себеси, без оглед на степенот на образование до кој стигнале. Постојат млади луѓе кои во таа смисла се постари и од старите! На пример, ми текнува на онаа девојка која на „Милионер“ го тресна оној познат гаф - „Орхан Басма“. Па и како би знаела таа дека големиот нобеловец, турскиот писател се вика Орхан Памук, кога на самиот почеток, на прашањето што прави во слободното време, не знаеше ништо понатаму да каже од тоа „одам на кафе со пријателките“!?!?
Значи, навистина ценам и им се восхитувам на тие луѓе што имаат, на пример, некакво хоби покрај професијата или барем некаков интерес. Мислам дека таквиот дух кој истражува и учи - навистина останува млад. И не ќе да е ова само фраза. | |
| | | Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 1:49 am | |
| Е тука може да влијае биологијата. Има постари луѓе кои водени од својата амбиција завршуваат 2 па и 3 факултети, специјализираат, магистрираат.Ај да не зборуваме за интелектуалците-пример обичните граѓани можат да читаат книги и весници.Многу луѓе на 90 години можат да си го допуштат тој луксуз, барем весниците да ги превртуваат и да бидат во тек со настаните,но има и онакви кои на 60 години стануваат веќе склеротични и дементни. Сиротките тие и да сакаат нешто да научат не можат.
Дали има влијание културата и местоположбата на државата во која живеат?-ДА! Додека нашите баби и дедовци се расправаат само со готвење, чистење , своите болести и НОБ во другите држави-скандинавските или британските, одат на колеџ за јазици,менаџмент или екологија. | |
| | | eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 1:55 am | |
| - Билјана напиша:
- Е тука може да влијае биологијата.
Има постари луѓе кои водени од својата амбиција завршуваат 2 па и 3 факултети, специјализираат, магистрираат.Ај да не зборуваме за интелектуалците-пример обичните граѓани можат да читаат книги и весници.Многу луѓе на 90 години можат да си го допуштат тој луксуз, барем весниците да ги превртуваат и да бидат во тек со настаните,но има и онакви кои на 60 години стануваат веќе склеротични и дементни. Сиротките тие и да сакаат нешто да научат не можат.
Дали има влијание културата и местоположбата на државата во која живеат?-ДА! Додека нашите баби и дедовци се расправаат само со готвење, чистење , своите болести и НОБ во другите држави-скандинавските или британските, одат на колеџ за јазици,менаџмент или екологија. Не мислев на интелектуалците, мислев на обичен, едноставен дух да се дознае нешто ново.... Да речеме, има повозрасни луѓе кои компјутериве ги прегазија, а има и такви кои станаа вистински махери и тоа не само од забава, туку од потреба и љубопитност. Или, да речеме, имам колега по физичко, кој постојано нешто чита од други области зашто го интересира, гледа документарци на Дискавери и знае муабет за сешто да направи, а притоа си е одличен и во својата работа. Е сега, верувам и за она дека навистина традицијата и економската состојба си го прават своето.... Но верувам и дека ние, да речеме - еве ние Македонците - би ја мрднале таа економска состојба кога би сакале да учиме. Секоја чест на оние стечајци кои не плачеа пред Влада, туку седнаа да се зафатат со некој приватен бизнис! | |
| | | Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 3:20 am | |
| Јас многу почитувам луѓе со добар смисол за хумор! Духовитоста, според мене е особина на паметните луѓе. Глуп човек не може да биде духовит, може само да биде смешен, но жалосно смешен. Сте чуле ли некој да каже: „Абе види го овој, глуп е ко тарабука, ама многу духовит човек“ ?? | |
| | | Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Пет 30 Јан 2009, 10:32 pm | |
| Особина која највеќе ме вади од такт кај луѓето е дволичноста! Тоа е, јас мислам, најлошата карактеристика што може еден човек да ја има. Едноставно, МИ СЕ ГАДИ од таквите луѓе и искрено ги жалам. И секако, не сакам да се во моја близина. Јас навистина не знам што си мислат, дека ќе успеат вечно да ги лажат луѓето? Легендата Bob Marley има еден стих од една негова многу позната песна Get Up, Stand Up, кој вели: You can fool some people sometimes, but you can't fool all the people all the time. Од таквите „едно-зборам-друго-правам-трето-мислам“ личности (ако воопшто можат така да се наречат!), ја губам вербата во човекот. Зошто да се игра двојна игра по секоја цена? Во спортот, двојната игра или популарно наречената „дупла“ се казнува, а во животот баш и не мора да значи. Дури и напротив, таквите луѓе може да имаат и многу пријатели, а бидејки им „прават лице“ на сите нив, добро и да проаѓаат. :no: :no: | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Човечки особини | |
| |
| | | | Човечки особини | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|