ФОРУМОТ Е НАШ Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!! |
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“ |
| | Човечки особини | |
| | Автор | Порака |
---|
Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
| Предмет: Re: Човечки особини Пон 26 Јан 2009, 6:42 pm | |
| | |
| | | eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Пон 26 Јан 2009, 11:59 pm | |
| - Билјана напиша:
- И јас мразам скржави луѓе. Скржавоста како карактеристика на човек не се изразува само во "не трошење пари" туку и во -не искажување емоции, не изразување на убави зборови не подарување љубов.Значи скржавите луѓе се скржави во СЕ!
А дефинитивно тие пари што залудно ги "трупаат" ќе ги потроши некој друг на најлесен и најнепрактичен начин
Знаеш дека ептен си во право??? Не ми текнало на тоа, ама навистина скржавоста можеби најлесно се гледа „финансиски“, ама е исто толку присутна и на емоционално поле! А и она, второто: наследниците на тие „штедливите“ обично се спротивната крајност, па после на овие првиве не им останува ништо освен да се превртуваат во гробот | |
| | | Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
| | | | Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 12:49 am | |
| Скарлет кај да го најдам дедо ти да му кажам? Мило ми е што ви се допаднале моите констатации.Одамна ми се вртеше во глава дека треба да пишам на оваа тема, само се некако на други теми заглавував.Сега ми се отвори "дизната" и има да пушувам ;) :lol: :lol: :lol: | |
| | | Scarlett O'Hara Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2852 Регистриран на : 2008-09-07
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 1:04 am | |
| | |
| | | Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 1:16 am | |
| | |
| | | eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 1:23 am | |
| Ајде да пишам за една особина која многу ја сакам кај луѓето (доста за оние што не ги сакам):
Исклучително почитувам кај луѓето кога тие, колку и да се возрасни, имаат желба да истражуваат и да учат. Кога се љубопитни, кога не ги мрзи работите да ги проверат, кога имаат желба и понатаму да се изградуваат себеси, без оглед на степенот на образование до кој стигнале. Постојат млади луѓе кои во таа смисла се постари и од старите! На пример, ми текнува на онаа девојка која на „Милионер“ го тресна оној познат гаф - „Орхан Басма“. Па и како би знаела таа дека големиот нобеловец, турскиот писател се вика Орхан Памук, кога на самиот почеток, на прашањето што прави во слободното време, не знаеше ништо понатаму да каже од тоа „одам на кафе со пријателките“!?!?
Значи, навистина ценам и им се восхитувам на тие луѓе што имаат, на пример, некакво хоби покрај професијата или барем некаков интерес. Мислам дека таквиот дух кој истражува и учи - навистина останува млад. И не ќе да е ова само фраза. | |
| | | Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 1:49 am | |
| Е тука може да влијае биологијата. Има постари луѓе кои водени од својата амбиција завршуваат 2 па и 3 факултети, специјализираат, магистрираат.Ај да не зборуваме за интелектуалците-пример обичните граѓани можат да читаат книги и весници.Многу луѓе на 90 години можат да си го допуштат тој луксуз, барем весниците да ги превртуваат и да бидат во тек со настаните,но има и онакви кои на 60 години стануваат веќе склеротични и дементни. Сиротките тие и да сакаат нешто да научат не можат.
Дали има влијание културата и местоположбата на државата во која живеат?-ДА! Додека нашите баби и дедовци се расправаат само со готвење, чистење , своите болести и НОБ во другите држави-скандинавските или британските, одат на колеџ за јазици,менаџмент или екологија. | |
| | | eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 1:55 am | |
| - Билјана напиша:
- Е тука може да влијае биологијата.
Има постари луѓе кои водени од својата амбиција завршуваат 2 па и 3 факултети, специјализираат, магистрираат.Ај да не зборуваме за интелектуалците-пример обичните граѓани можат да читаат книги и весници.Многу луѓе на 90 години можат да си го допуштат тој луксуз, барем весниците да ги превртуваат и да бидат во тек со настаните,но има и онакви кои на 60 години стануваат веќе склеротични и дементни. Сиротките тие и да сакаат нешто да научат не можат.
Дали има влијание културата и местоположбата на државата во која живеат?-ДА! Додека нашите баби и дедовци се расправаат само со готвење, чистење , своите болести и НОБ во другите држави-скандинавските или британските, одат на колеџ за јазици,менаџмент или екологија. Не мислев на интелектуалците, мислев на обичен, едноставен дух да се дознае нешто ново.... Да речеме, има повозрасни луѓе кои компјутериве ги прегазија, а има и такви кои станаа вистински махери и тоа не само од забава, туку од потреба и љубопитност. Или, да речеме, имам колега по физичко, кој постојано нешто чита од други области зашто го интересира, гледа документарци на Дискавери и знае муабет за сешто да направи, а притоа си е одличен и во својата работа. Е сега, верувам и за она дека навистина традицијата и економската состојба си го прават своето.... Но верувам и дека ние, да речеме - еве ние Македонците - би ја мрднале таа економска состојба кога би сакале да учиме. Секоја чест на оние стечајци кои не плачеа пред Влада, туку седнаа да се зафатат со некој приватен бизнис! | |
| | | Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Вто 27 Јан 2009, 3:20 am | |
| Јас многу почитувам луѓе со добар смисол за хумор! Духовитоста, според мене е особина на паметните луѓе. Глуп човек не може да биде духовит, може само да биде смешен, но жалосно смешен. Сте чуле ли некој да каже: „Абе види го овој, глуп е ко тарабука, ама многу духовит човек“ ?? | |
| | | Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Човечки особини Пет 30 Јан 2009, 10:32 pm | |
| Особина која највеќе ме вади од такт кај луѓето е дволичноста! Тоа е, јас мислам, најлошата карактеристика што може еден човек да ја има. Едноставно, МИ СЕ ГАДИ од таквите луѓе и искрено ги жалам. И секако, не сакам да се во моја близина. Јас навистина не знам што си мислат, дека ќе успеат вечно да ги лажат луѓето? Легендата Bob Marley има еден стих од една негова многу позната песна Get Up, Stand Up, кој вели: You can fool some people sometimes, but you can't fool all the people all the time. Од таквите „едно-зборам-друго-правам-трето-мислам“ личности (ако воопшто можат така да се наречат!), ја губам вербата во човекот. Зошто да се игра двојна игра по секоја цена? Во спортот, двојната игра или популарно наречената „дупла“ се казнува, а во животот баш и не мора да значи. Дури и напротив, таквите луѓе може да имаат и многу пријатели, а бидејки им „прават лице“ на сите нив, добро и да проаѓаат. :no: :no: | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Човечки особини | |
| |
| | | | Човечки особини | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|