- MaJkLcAr напиша:
Предизборната кампања ке трае до 30-ви август, 31-ви е ден за прослава.
Како кандидат на овие избори за модератор на подфорумот Музика, ред е да ја претставам мојата програма пред гласачите:
1. Секој има право да поставува песни по свој избор.
амандманче: се додека тоа не е турбо-фолк.
2. Ветувам дека ќе има многу квалитетен рокенрол во соодветните теми. Во тоа ќе ми помага експертски тим составен од закоравени рокеришта.
3. Ветувам дека ќе се отворат нови музички теми, а старите ќе бидат збогатени, надградени и проширени.
4. Како продолжение на првото амандманче, ќе се залагам за искоренување на девијантните појави како што се турбо-фолкот, разни Глоријановци, Јован Јовановци и Елвировци.
5. Како пример за тоа како треба да изгледаат музичките теми ќе ги посочам темите „Македонски рок“ и „Чија е песнава?“, каде што се разви една фина висококултурна дискусија на нивоУ, покрај аудио-визуелната презентација на песните. Очекувам да продолжиме во ист стил.
6. Соработката од форумџиите во темите ќе биде наградувана со субвенции во вид на позитивни поени и заблагодарувања.
7. За поставени три песни на една страна од некоја од музичките теми, јас лично ќе поставам една песна по желба на поставувачот.
8. Нашето главно мото, драги форумџии и форумџики, ќе биде: Кој пее, зло не мисли! А да, и секако: Песна на форум вреди колку две на YouTube!
9. Отворен сум за секаков вид на соработка: предлози, сугестии, идеи како би го направиле овој подфорум едно прекрасно катче во кое сите ќе уживаат слушајки ја својата омилена музика.
За татковината со песна - напред!
Заокружете го бројот 1 - Бе Перо.
Благодарам.