ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 
 Животни и домашни миленици

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3
АвторПорака
VoniVaraS
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 217
Локација : Скопје
Регистриран на : 2009-05-02

ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Вто 11 Aвг 2009, 12:49 am

Цитат :
Не само што не се измислени туку баш пред некој ден на вестите на Сител, кучињата-скитници беа ударна вест!
Тројца скопјани биле искасани,
Aко мислиме на истиот случај за тројцата Скпјани искасани кај Гази баба мислам дека беше, не си ги “прочитал“ ситните букви. гуглам на срч А тоа е дека станува збор за куче “миленик“. Односно кучето било шетано од човек, но без маска и поводник и им се нафрлило на тројцата минувачи. Точно е дека сите тројца биле искасани и пренесени во болница но виновникот е несовесниот сопственик на кучето и тој треба да си плати ДЕБЕЛА казна, да им плати отштета на настраданите а кучето ако се оцени дека е издресирано да е агресивно, да се успие. Така е во нормални држави.
Јас секогаш сум да се казни виновникот ама тоа да биде витинскиот кривец. Не да се истура бесот на така да кажам на незаштитените и невините. (ова важи и за луѓе и за животни)

ПС. Секогаш читајте ги и ситните букви. (ова посебно важи при склучување договори Smile )
Вратете се на почетокот Go down
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Вто 11 Aвг 2009, 2:27 am

Да, на тој случај мислев. Иако тоа куче не е скитник, не значи дека скитниците не можат да го направат истото. Напротив, кога се во глутница а тоа обично се случува навечер (еднаш пред Драмски видов глутница од преку 10 кучиња!), тие добиваат сила и се поопасни.
Повеќе мислев на ТВ-анкетата која беше јасно за кучињата-скитници.
Апсолутно се согласувам газдата да биде казнет затоа што го шетал кучето без маска, но да бидеме реални: да не се случеше ова, кога ќе беше казнет сопственикот? Никогаш. Сопствениците секојдневно ги шетаат своите кучиња без маски, а поминуваат неказнето.
А ако сакаме да заличиме на сериозна метропола, не само што ќе нема кучиња-скитници по улиците, туку домашните миленици ќе се шетаат под ланец, со маска и газдите ќе мораат да го исчистат изметот позади нив.
Од друга страна, не ги оправдувам луѓето кои што од немај-работа ги тормозат кучињата и на некој начин си ја бараат бељата.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Вто 11 Aвг 2009, 3:57 am

Во последно време многу се дискутира на оваа изгледа многу контроверзна тема за кучињата-скитници,по форуми,по разни страни,весници,телевизија и мислењата за решавање на проблемот се поделени.Јас како што знаете ги сакам кучињата и секое решение кое вклучува убивање на истите сосема го осудувам.Но сите сакаат инстант решение,ако сметаат -нека ги нема.Како буба-шваби или комарци ќе ги требиме со отров или некое друго сретство...а проблемот се провлекува со години и никој не се погрижи да најде некое подолготрајно,а сепак хумано решение.Во погорниот мој пост пишував за петицијата за спасување на кучињата кои наводно требаше да бидат ЗГРИЖЕНИ во стационарот Вардариште,но тие беа масовно убивани и наспроти оние кои сакаа да ги спасат овие душички, застанаа оние кои беа пресреќни дека нема да му се мотка некое куче пред зграда,се изначитав и многу грозоморни коментари по форуми од кои искрено срцево ми се стресе и се исплашив дека постојат многу бескрупулозни луѓе во нашава земја.Мене лично уличните кучиња многу не ме плашат,но некои борбени кучиња со неодговорни газди многу повеќе ме плашат и од таквите кучиња може многу полошо да се настрада. Навистина незнам зошто покрајтолку многу други проблеми што ги имаме во државава или потесно во градовите,ние сме се фатиле за кучињата како да тие ни се криви за се.
На оваа тема имаше многу несогласувања и тука меѓу нас форумџиите,но јас само застанав во одбрана на животот,а не за да повредам некого од вас.
Решенија има,само некој не сака да се потруди како и во секој сегмент во нашето македонско живеење,не можеме насилно да ги тргаме проблемите,проблемите треба да се решаваат,чекор по чекор и никој да не е повреден,зошто човечкиот живот е важен,но не мора сите други видови да страдаат за неговата пријатна состојба и егоизам.
Има непријатни ситуации низ градов со кучињата,но многу почесто има непријатни ситуции со луѓе,и како што луѓето треба да функционираат по некои правила и закони,така треба да се функционира со животните,да има правила за сопствениците,за убијците на животни,за оние кои ги малтретираат,заштита за бездомните и сл. Згрижување и посвојување,високи казни за сите што не се придржуваат кон тие закони...
Има некои будистички верувања за реинкарнација,дека во следниот живот ќе бидеме можеби баш она суштество што сме го повредиле,би рекла во христијанската верзија-не му го прави на друг она што не сакаш тебе да ти го прават.
Вратете се на почетокот Go down
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Вто 11 Aвг 2009, 7:40 pm

Прво, никој ништо не решава тука од градските проблеми, туку само дискутираме.
Сите градоначалници го набројаа овој проблем како еден од топ 5 најголеми на градот и кажаа дека им било во приоритетите. Е сега, колку навистина се ангажираат, тоа е веќе друго прашање.
Второ, не треба да се поистоветуваат луѓето со кучињата (животните).
Ако куче-скитник искасапи човек којшто со ништо не го предизвикал тоа, кој е тука невин и незаштитен - човекот или кучето?
Не знам за вас, ама мене ми смета ако додека шетам низ ГТЦ куче шета по мене и ме душка, ми смета ако додека седам во кафич/кафана тоа се мота меѓу масите и се чеша од болви, ми смета ако малите деца не можат слободно да играат на игралишта заради нив, ми смета ако старите лица со страв одат низ улиците, ми смета кога луѓето навечер не смеат да се движат на темни места заради нив, ми смета кога тие вршат нужда на јавни објекти (мостови, улици, плоштади, паркови, згради, факултети, болници...), ми смета кога се собираат пред месарници, ми смета кога на странците тие им се една од првите слики за градот, ми смета кога претураат по контејнерите и кога можат да пренесат некоја болест... Ако тоа ме прави егоистичен, тогаш да - егоистичен сум.
Доколку пак видам дека некој човек е нападнат од куче, нормално дека би застанал во одбрана на човекот, а не на кучето.

Оние друштва за заштита на животните по многу нешта се лицемерни, постојано велат како тие многу ги сакаат животните, но не сакаат да присвојат ниту едно во својот дом. Ако толку ги сакаат, нека ги згрижат, многу е лесно да се најдат, ги има на секој чекор.

Кучињата-скитници се грда слика за градот и не е важно дали некој се плаши од нив или не, важно е што нив не треба да ги има по улиците.
Проверете во било кој главен град на некоја западна земја и ќе видите дека на улиците не можете да забележите ниту едно куче-скитник. Затоа на странецот му е чудно и непоимливо кога ќе дојде во Скопје и ќе види како се шетаат кучиња среде град. Само ние сме толку далеку од тие стандарди што сме свикнале на хаосот.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Вто 11 Aвг 2009, 8:25 pm

Бе Перо напиша:

Да ,и јас само дискутирам.
И да,истите работи ги објаснувам по којзнае кој пат и повторно се вртиме во круг.
Сфаќам дека си од оние луѓе на кои им смета присуството на кучињата низ градот и го почитувам тоа,има голем број на истомисленици со тебе.Затоа и дискутирам за можните решенија каде не би имало повредени ни луѓе ,ни животни. Не знам зошто не размислиш за тоа што го зборам,а да не наоѓаш можни закачки. Човекот општо е егоистичен,сите ние мислиме дека сме цареви на природата и дека се треба да постои само за нашите потреби,во ова и себеси не се изоставам.
Треба животните да се згрижени и да постојат закони кои ќе ги заштитуваат,сето тоа да функционира нема да има улични кучиња.
Но додека ги има не сакам да гледам како некој ги малтретира и убива,додека се во наша околина треба да пробаме да научиме да ги разбираме за да не запаѓаме во непријатни ситуации и да имаме трпение и совест да почекаме и да партиципираме во изнајдување решение за решавање на проблемите со кои се соочуваат луѓето и животните.
Вратете се на почетокот Go down
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Вто 10 Ное 2009, 3:11 am

СПАСЕТЕ ЖИВОТ-ВДОМЕТЕ КУЧЕ!
Овој ненормалниов ни градоначалник решил на каубојски начин да се пресметува со кучињата. Затоа кој може нека си земе кученце од вардариште(стационарот во Маџари).
Вратете се на почетокот Go down
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   Вто 10 Ное 2009, 3:18 am

Јас сега си чувам три мачиња кои ги најдов на улица...

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content

ПишувањеПредмет: Re: Животни и домашни миленици   

Вратете се на почетокот Go down
 
Животни и домашни миленици
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 3Отиди на страна : Previous  1, 2, 3

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ОПШТО-
Отиди до: