Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пон 30 Мар 2009, 7:47 pm
Venco напиша:
Бе Перо напиша:
eftimoskatb напиша:
Таа дилема е погрешна и лично сум уверена дека оние што протестираат ПРОТИВ, не го прават тоа против црквата како објект, туку поради тоа што плоштадот би личел на циркус. И навистина ќе личи!
Точно, и јас сум ПРОТИВ градењето на БИЛО КАКОВ објект таму, а не сум против изградба на црква. Едноставно нема да личи. Посебно ми се згадија тепачите кои испаднаа големи „верници“ и со клоци ги истераа „неверниците“. Срамота.
Не ги правдам и двете страни, ама ова многу повеќе ми личи на Политичка пресметка отколку на искрени поборници за Скопје , односно за црква
Цело време во кампањите само апелираат да немало поделби меѓу народот, а во само 2 дена се случи тепачка меѓу Македонци и Албанци во Струга, и инцидент помеѓу 2 групи „за“ и „против“ изградба на црква.
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пон 30 Мар 2009, 8:07 pm
А оној ректор-ѓубре денес и мрсулкото Малчевски - посебно ме изнервираа!!! Не било тоа нивна работа што студентите протестирале!? А чија е, да не е на баба ми случајно!? Никој за ништо не е одговорен, немало што да се мешаат тие во тоа.... Гадови, да не ги оладат фотелјите случајно :x
Да беше тој ССУКМ нешто нормално, студентите немаше да се самоорганизираат, туку тоа ќе го направеше Сојузот. Само има Малчевски поважна работа - да учествува на Пирамида, на пример!
И оние „јаки верници“ што се тепале, ако се верници како нивниот идеолог Јанко „јади бурек“ - ич не ме чуди што „ја вртат и другата тупаница“. Страшни верници се тоа, нема што.
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Вто 26 Мај 2009, 10:04 pm
ЗАКОН!!!!!!! Браво за идејата!
Не знам дали успеавте нешто да дознаете за скулптурата „Празнење“, ама многу добра идеја!
Број на мислења : 217 Локација : Скопје Регистриран на : 2009-05-02
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Вто 26 Мај 2009, 10:27 pm
Цитат :
ЗАКОН!!!!!!! Браво за идејата!
Не знам дали успеавте нешто да дознаете за скулптурата „Празнење“, ама многу добра идеја!
Како само му текнало на “уметников“. Браво. Одлична порака пратаена до министерството за култура, дека нешто не им е ОК околу изборот на скулптурите и нивно поставување на несоодветни места. Јас ова би го нарекол ГРАФИТ скулптура.
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Вто 26 Мај 2009, 10:31 pm
VoniVaraS напиша:
Цитат :
ЗАКОН!!!!!!! Браво за идејата!
Не знам дали успеавте нешто да дознаете за скулптурата „Празнење“, ама многу добра идеја!
Како само му текнало на “уметников“. Браво. Одлична порака пратаена до министерството за култура, дека нешто не им е ОК околу изборот на скулптурите и нивно поставување на несоодветни места. Јас ова би го нарекол ГРАФИТ скулптура.
Мене богами ми требаше малку време да сфатам дека ова НЕ Е проект на Министерството за култура :hayel: Кога го видов од прва на сликата, не ми се веруваше дека можеле да смислат нешто вакво!
Во секој случај, одлична идеја. Прво со години и децении немаш ништо, за потоа одеднаш да те избомбардираат со „културава“!
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Сре 27 Мај 2009, 12:39 am
За овие скулптуриве.... Прв пат ги видов пред околу 3 недели на улицата Македонија. Не се разбирам во архитектура и просторно планирање, ама „на око“ не ми се бендисаа. Скулптурите на улицата/шеталиштето (или како се вика) ме асоцираа на фигури(пиончиња) наредени како на играта не лути се човече.
Околу нивното значење/асоцирање... И тука не ми е ја што е поентата на толку близок простор да има бик, мачка (чинам египетска) на топка, шмизла, питач и кондураџија?
Вистина е дека во минатото не се градело ништо или многу малку, ама ова ми личи како да е правено без „усул“.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пет 13 Ное 2009, 4:21 pm
13 ноември - ден на ослободување на Скопје!
Далила Одличен тупаџија
Број на мислења : 783 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Нед 15 Ное 2009, 2:30 am
SiNaPsA` напиша:
За овие скулптуриве.... Прв пат ги видов пред околу 3 недели на улицата Македонија. Не се разбирам во архитектура и просторно планирање, ама „на око“ не ми се бендисаа. Скулптурите на улицата/шеталиштето (или како се вика) ме асоцираа на фигури(пиончиња) наредени како на играта не лути се човече.
Околу нивното значење/асоцирање... И тука не ми е ја што е поентата на толку близок простор да има бик, мачка (чинам египетска) на топка, шмизла, питач и кондураџија?
Вистина е дека во минатото не се градело ништо или многу малку, ама ова ми личи како да е правено без „усул“.
Баш вчера кога бев во Велес ја имав истата констатација за скулптурите во Скопје,како ниедна не ми остави голем впечаток(бар од тие што ги имама запазено) и како немаат никакво посебно значење за Скопје ,нити ја облагородуваат идеата за поубаво Скопје. Во Велес има помалку скулптури и ликовни зданија,но сепак се ја отсликува Велешката историја и малку ја поправа онаа не баш премногу пријатна слика за еден просечен македонски град. Фотографирав нешто што ми се бендиса ,во следна прилика ќе поставам фотки.
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пон 16 Ное 2009, 11:41 pm
А го виде споменикот на Рацин со стомачните мускули?
VoniVaraS Тупаџија
Број на мислења : 217 Локација : Скопје Регистриран на : 2009-05-02
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Сре 13 Јан 2010, 6:05 pm
Во Неделата се прошетавме со децата низ центарот на Скопје. Пофалби за украсеното и тоа како е уредено ми се бендиса бајаги. Ги разгледавме и скоро сите скулптури (девојчето кај рекорд го нема веќе ) и некои ми се бендисаа (на пример „Капачките“) некои не („Шмизлите“) ама тоа си е до вкус. Дали требало или не во време на криза да се прават скулптури е друг муабет ама според мене е обогатен градот со содржини. Во утрински ја најдов сликава со се што се планира да се изгради на и околу плоштадот и во центарот на Скопје.
Убаво е да се гради само треба и добро да се осмисли за да не изгледа се пренатрупано во центарот па после цацко да ни е крив. Ќе видиме кога ќе се изгради како ќе личи вака на прв поглед некои идеи ми се бендисуваат. На сликата под број 2 е зградата на уставниот суд. Почнат е да се гради и ќе наликува на Партенон, ова можеби и не е добра идеја, јес да добро изгледа ама сепак копираме од Грција. Друго, не ми јасна идејата со сплавовите. Бидејќи ај сега кога Вардар има вода можеби и е добра содржина ама што правиме во лето. Вардар тогаш е поточе составено од фекалии. Трето, дали е се потребни дури 3 нови пешачки мостови во непосредна близина на Камени. Огрдениот Камени Мост не е веќе ни за сликање а ако нема потреба ни да се оди преку него, чуму ни е. Четврто, од каде идејата за обелиск во жена парк. Обелискот што го видел Коце во Париз е оригинал донесен (украден) од Египет ние од бетон ќе правиме.
Сега за сега толку, кога ќе изградат нешто од ова ќе коментирам дали ме бендисува али не.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пет 15 Јан 2010, 5:43 am
„Шмизлите“ и мене не ми се бендисаа. Ми се допаѓа на пример, „Тешкото“ кај улица Македонија на тревникот. А тој мост „Око“ изгледа интересно (барем на скица), ама уште не почнал да се гради.
VoniVaraS Тупаџија
Број на мислења : 217 Локација : Скопје Регистриран на : 2009-05-02
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пет 15 Јан 2010, 5:52 am
Цитат :
А тој мост „Око“ изгледа интересно (барем на скица), ама уште не почнал да се гради.
Здравје кога ќе го направат ќе видиме како ќе личи (малку тешко ко на скицата ). Нејсе и супер да го направат, сепак останува забелешката дека е на 10 м од камени, а плус ќе има понатака уште еден. И сакам да видам нешто завршено. Убаво што се планира да се гради ама да не се остави недоправено или изградбата да му трае со години како по обичај.
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Саб 16 Јан 2010, 6:01 pm
Ejјјј, а каде е тоа девојчето од пешачкиот????
VoniVaraS Тупаџија
Број на мислења : 217 Локација : Скопје Регистриран на : 2009-05-02
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Пон 18 Јан 2010, 4:59 pm
eftimoskatb напиша:
Ejјјј, а каде е тоа девојчето од пешачкиот????
Право да ти кажам и јас се “загрижив“ за него, помислив дека вандали го откорнале ама среќа не било тоа. Поради неговиот специфичен изглед многу малку го дружеа (никој не се сликаше со него ) таму кај што беше поставено и сеа решиле да му направат другарчиња, најверојатно со слична “убавина“ и да ги постават групно во парк некаде.
Кога сме кај паркот мора да истакнам дека сум изненаден од среденоста и чистотата. Новите патеки со жолт песок, лавиринтот од жива ограда како и многуте леи со цвеќиња доста добро се одржуваат. Има повеќе канти за смет а има и канти со пепељари за пушачи. Кога е нешто чисто и добро средено мислам дека многу е подруг односот на луѓето. Порано кога беше запуштено и полно со ѓубре признавам и јас ги фрлав пикавците на земја, сеа некако не ти е пријатно да фрлиш било што па дури ти доаѓа и да подзачистиш.
VoniVaraS Тупаџија
Број на мислења : 217 Локација : Скопје Регистриран на : 2009-05-02
Предмет: Re: Досие: СКОПЈЕ Чет 04 Фед 2010, 9:41 pm
Се ова што предходно го дискутиравме претставено на видео запис.
Вака на видео анимација добро ми личи (освен некои детали) ќе водиме дали баш вака ќе се направи и уште поважно КОГА ќе се направи.