ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Приказната со маанџиите

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
*Бе Перо
Гостин
avatar


20090121
ПишувањеПриказната со маанџиите

Пред 14 години, „Пред дождот“ на Милчо Манчевски беше критикуван од некои наши „експерти“ затоа што наводно лошо ја претставил Македонија пред светот. Едно прашање до сите нив: Дали филмот треба да го сфатиме како филм, или како туристичка промоција на некоја земја? Кратко ќе констатирам – филмот раскажува приказна која може да се случува каде било на земјината топка. Мислам, ако Златниот лав на Венецијанскиот филмски фестивал, номинацијата за Оскар и безвременската музика од Анастасија за нив е „лошо претставување пред светот“, тогаш навистина треба да си ги преиспитаат своите критериуми.



Но, приказната со маанџиите се повторува 14 години подоцна. Сега на удар е новиот рекламен спот за Македонија којшто се прикажува на CNN.

Според мене, Милчо во рекламниот спот за Македонија прикажал точно тоа што треба – нашата пребогата историја, древна култура, вековна традиција, природните убавини...сè што ја прави Македонија – Македонија. Ние не можеме да се пофалиме со некоја модерна инфраструктура, посебно не на „западњаците“. Бесмислено е на њујорчанецот да му кажеш какви модерни згради има во Скопјe, на пример. На сливарот сливи не можеш да му продаваш.



Плукањето кон таков голем режисер и интелектуалец го сметам за грев. Понекогаш дури и се запрашувам дали го заслужуваме како нација. Не е лесно да работиш во услови кога „твоите“ од кои очекуваш најголема поддршка ти го вртат грбот.

Милчо на најдобар можен начин ги демантираше критичарите – пред 14 години покажа што е филм, а сега покажа што е туристичка промоција.

Игор
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

Приказната со маанџиите :: Comments

avatar
Prikaznata so maanviite
Пишување on Чет 05 Фед 2009, 11:36 pm by Milcoist
"maanviite" se obicno nekoi koi nisto ne napravile so sebe pa brcaat vo tudo varivo.
BRAVO Manco!
 

Приказната со маанџиите

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Порталот е НАШ :: ПОРТАЛ-
Отиди до: