*evtimos Гостин
| | Латиницата и патриотизмот | |
Глобализацијата е неизбежна, но таа не значи и одродување. До пред некое време, во Скопје не постоеше кафе-бар со македонско име; единствен беше пабот „Тутуноберачите“, а сега не постои ни тој. Во ера на слободно изразување на човековите права, никој никому не може да му забрани како да си го крсти претпријатието/фирмата/компанијата. Ете, дури и во општите именки постои помодност: нешто што порано беше „претпријатие“, сега е „фирма“ или „компанија“, па на возилата на еден приватен авто-превозник ќе видите натпис „Пупе Компани“, чијашто гротескност е непотребно да се коментира. Нешто што порано, во „ерата на француската култура“ беше салон (не е македонски збор, но е веќе одамна прифатен, и тоа со македонски акцент) – сега е студио: козметичко студио, берберско студио, студио за убавина, или во поекстремна варијанта: бјути студио. Постои дури и „студио за теписи“, а наскоро веројатно ќе видиме и стоматолошко или гинеколошко студио.
Да се разбереме: не сме за јазичен пуританизам. Ако името на фирмата веќе има воспоставено традиција, доаѓа од надвор со свој оригинален назив или слично – треба да се смисли стратегија: не мора секое McDonald’s да биде Мекдоналдс и слично. Но, на што личи 90 отсто од кафулињата во Македонија да носат имиња како: Select Café, Green Café, My Place, Infinity Club и слично? Ако некој мисли дека е ова демократија, нека размисли и околу нејзините втори имиња: безредие, невкус и потполн кич. Зошто „гифт шопот“ да не биде пред сè продавница за подароци, а дури и потоа Gift Shop, бидејќи се разбира, треба и странските туристи да разберат што се продава внатре?! Дво-, па дури и повеќејазичноста не е непозната јазична практика надвор од Македонија, и би можеле одлично да се снајдеме доколку промислено ги разгледаме туѓите искуства. Во тој случај, сите би биле во добивка: и оние на кои првичните цели им се комерцијални, и оние кои навистина го почитуваат македонскиот национален дух. Вака, се самопотценуваме и покажуваме колку се срамиме од сето она што го претставуваваме, а тоа во психијатријата си има своја дијагноза: комплекс на пониска вредност, или – за сите што претпочитаат латиничен назив – complex inferiorum.
Употреба на македонскиот јазик и на другите јазици Член 50 - Цитат :
- (1) Фирмата на трговското друштво гласи на македонски јазик, со кирилско писмо.
(2) Фирмата на трговското друштво со седиште во единица на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, може да гласи и на тој јазик и се употребува само заедно со написот во фирмата на македонски јазик, со кирилско писмо.
Тања |
|
Сре 21 Јан 2009, 3:29 am by GokaGrozni