ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Македоски млади сликари: Маја Џартовска-Хил

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

20090121
ПишувањеМакедоски млади сликари: Маја Џартовска-Хил

Среќна сум што можам да ја искажам мојата воодушевеност за некои наши (македонски) млади автори, ликовни уметници (луѓе од мојата професија), и со задоволство ќе ја поделам мојата радост со вас, потенцијални и сегашни вљубеници во уметноста.
Ќе започнам со Маја Џартовска-Хил, родена 1976 г., која има дипломирано во 1999 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а моментално живее и работи во Велика Британија, каде што е мажена за тамошниот фотограф Бенџамин Хил.
Автопортрет

Ја познавам уште од средношколските денови, но нејзиниот талент и појава најмногу дојдоа до израз на студии, каде што ја гледав како неуморно работи на огромен мозаик на кој беше претставено нејзиното семејство, а и ја сретнував насекаде низ градот, како стои пред нејзиниот подвижен штафелај, цртајќи ги луѓето кои се движат по улиците. Посетував и неколку нејзини изложби и се сеќавам дека некаде пред 2000 година, доби прва награда за портретот наречен „Ели“, во техника масло на картон.




Овој портрет е толку непретенциозен и ненаметлив,а сепак толку жив и безвременски како да е сликан во еден здив, без размислување и без подготовки. Всушност, целата уметност на Маја Џартовска –Хил е величествена поради нејзиното одлично владеење со класичните вештини на сликарството, со техниките и изведбата, така што секое нејзино чувство или идеја се остварени лесно и мајсторски.
Нејзиното поле на интерес е урбаниот пејзаж, портретите, но бидејќи во последно време, како што вели таа, малку е изморена од тие теми, преку сликањето мртва природа ја проучува основата на сликарството - играта на светло и сенка .


Сепак, урбаниот пејзаж е она што ù дава личен печат на нејзината уметност, нешто што ја одбележува и ја прави препознатлива како автор. Импресионистичкиот пристап во справувањето со класичните сликарски проблеми на светло–сенка наспроти модерниот, брз ритам на живеење и движење по улиците на градовите – ја прави вистински виртуоз во комплементирањето на две противставени нешта: имресионистичко-класичниот (ако ми е дозволено да ги спојам овие два поими) сликарски потег со модерното и брзо урбано живеење.Тоа ја прави безвремен гласник на ова наше модерно време.




Во новата средина во која сега живее и работи, започнува да слика пејзажи кои се едноставни и смирени, без присуство на човекот или со негово благо навестување; верна на својот стил на разиграни и колоритни потези, на вешта игра со светлото и сенката, блеснува и во овој жанр.


Нејзино најново поле на интерес е компјутерската анимација, каде што сè уште е почетник, но се надевам дека еден ден ќе уживаме во нејзините филмови.
Учествувала на многу колонии, а ако не се лажам, последна која ја посетила во Македонија е Папрадишката колонија.
Папрадиште



Нејзината последна изложба во Скопје се случи во август 2008 година, во Културно-информативниот центар, каде што се претстави со неколку теми со кои активно се занимава: портрети, актови и урбани пејзажи.
Маја Џартовска-Хил е одлична сликарка од Македонија, која со своите 32 години навистина постигнала многу во сликарството, а воедно мошне вредно за спомнување и нејзиното мајчинство (таа има синче по име Даниел).
Синот Даниел и сопругот Бен

Има уште многу да се пишува за оваа необична сликарка, но да го оставиме тоа за некоја наредна можност. Дотогаш, ви ја препорачувам нејзината веб-страница http://www.maja-hill.co.uk/
Весна Ничевска-Саравинова
(Авторот е Сликар)
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

Македоски млади сликари: Маја Џартовска-Хил :: Comments

Ме освежува сознанието дека Маја е успешна и во медиумот каков што е пејзажот ( маслена техника ) Ние ја знаеме како графичарка, со нетрпение ги очекувам нејзините анимирани дела.
Благодарам на Госпоѓата Ничевска-Саравинова за краткиот но есенцијален приказ и репродуцираните слики.
Зајко напиша:
Ме освежува сознанието дека Маја е успешна и во медиумот каков што е пејзажот ( маслена техника ) Ние ја знаеме како графичарка, со нетрпение ги очекувам нејзините анимирани дела.
Благодарам на Госпоѓата Ничевска-Саравинова за краткиот но есенцијален приказ и репродуцираните слики.
Мило ми е што ви се допаѓа напишаното Smile Јас знам дека е сликарка,не ја познавам нејзината графичарска дејност и вие можете слободно да ме информирате и да постирате некоја репродукција од нејзина графика.Ви благодарам што напишавте во која техника работи,зошто јас ненамерно не сум нагласила.
Во раните `90 години од минатиот век во Куманово на ликовната сцена се појавија повеќе млади и надежни ликовни уметници, меѓу нив Џартовска.Возможно е да сум ја заменил со Гордана Даутовска, која на графичкото небо се појави во исто време со Маја и со другите графичарки-сликарки-керамичарки.Сепак станува збор за голема временска дистанца и јас не сум во тек со збиднувањата нашата сцена во последните 15-тина години.Така да вашиот текст некако ме враќа во уметничкиот колосек.
ПС.Но сепак мислам дека е школована графичарка. тра-ла-ла
Зајко напиша:
Во раните `90 години од минатиот век во Куманово на ликовната сцена се појавија повеќе млади и надежни ликовни уметници, меѓу нив Џартовска.Возможно е да сум ја заменил со Гордана Даутовска, која на графичкото небо се појави во исто време со Маја и со другите графичарки-сликарки-керамичарки.Сепак станува збор за голема временска дистанца и јас не сум во тек со збиднувањата нашата сцена во последните 15-тина години.Така да вашиот текст некако ме враќа во уметничкиот колосек.
ПС.Но сепак мислам дека е школована графичарка. тра-ла-ла
Ме збунуваш со податоциве Размислувачот Smile Јас ја знам како академски сликар и никогаш не сум видела нејзина графика,но добро можеби и двајцата сме во право.За неа ќе пишувам повторно во некоја друга прилика,а сега спремив текст за друг наш млад македонски автор(замислено ми е како серија на претставувања на млади македонски автори)и слободно може да дадете предлози Зајко скок
Грешката е кај мене, графичарката за која јас зборувам е Кумановчанката Викторија Џимревска `74. дипломирана `97 на отсек графика.Се консултирав со мојата колекција на проспекти од изложбите кои сум ги посетил, а неа сум ја гледал `99.Се извинувам за збрката која ја направив.
Зајко напиша:
Грешката е кај мене, графичарката за која јас зборувам е Кумановчанката Викторија Џимревска `74. дипломирана `97 на отсек графика.Се консултирав со мојата колекција на проспекти од изложбите кои сум ги посетил, а неа сум ја гледал `99.Се извинувам за збрката која ја направив.
Што се секираш,никој не ти зема за зло,мене ми е многу мило што пишуваше и се интересираше то поштуем И јас имам колекција каталози од изложби и многу ми се важни Тоо Имаме на форумов тема за сликарство,може и за графика да отвориме и таму да поделиш со нас некои твои размислувања,може нешто да пишеш за кумановската уметност оти Куманово има многу уметници.
avatar
Makedonski mladi slikari:Maja Dzartovska-Hill
Пишување on Чет 05 Фед 2009, 11:26 pm by Dalila
OK
Dalila напиша:
OK
Немаше некое пооригинално име да земеш,и што ти е ова ок?
avatar
Makedonski mladi slikari:Maja Dzartovska-Hill
Пишување on Саб 07 Фед 2009, 12:03 am by Zajko
Zdravo G-da Nichevska-Saravinova !
Samo prodolzete i ponatamu so Vashite tekstovi,jas gi chitam i uzivam vo niv.Navistina neznam shto e povistinito i poekspresivno:Dali tekstovite koi ste gi ilustrirale so reprodukcii ili reprodukcii koi ste gi oplemenile so Vash tekst(konstruktiven,struchen,realen,...najednostavno kazano :oblagoroden ubavo pishan zbor).
Zajko
P.S.1:Jas navistina ne ja poznavam Kumanovskata(ili bilo koja druga)likovna scena a i da "znam neshto"ne sum vesht vo pishuvanje t.e. ne mozam da okvalifikuvam i da dadam struchna ocena ili samo moe mislenje so koe bi zaintrigiral nekogo da zapre i da frli pogled na nekoe umetnichko delo ili bi go vovel ili duri i "ubedil"da ljubi neshto ubavo kako shto e dobra slika ili bilo koj drug medium,tehnika.
Jas samo mozam da kazam:"Ova mi se dopada ili ne mi se dopada!"i toa e se.A na onaa "Zoshto mi se (ne)dopada?" bi bilo:"EEe paaa...kako da kaazu..."shto bi kazale nie Kumanovci.
Iskreno jas zadni dva pati sum posetil izlozbi:predposleden pat beshe pri krajot na 1999 god. vo Kumanovo(da da jas sum od Crvenoto Kumanovo gradot poznat po bokseri -prvenstveno.Go znaete nashiot Ace neli:Bronza vo Montreal 1976-ta) i posleden pat vo sredinata na Oktomvri 2008-ma (toa e ovaa godina,neli? a Pardon minatata) koga "me pokani" da go vidam "Stariot Lisec" AVADIS DOLLAR.
G-din Dollar beshe vo Istanbul od 20-Septemvri-2008 do 20-Januari-2009.
So ogled na mojot prosek na posetuvanje na izlozbi mozete da presmetate koga ke gledam dela nareden pat(!?).
P.S.2:Ne sekoj e kadar da otvara i da pishuva na nekoja tema.Treba barem malku da "ima zichka".Ne moze nekoj si Zajko da dava komentari i da mesha "Babi i Zabi".
Inaku dvete preziminja(vidi gi prethodnite {ne}komentari-zab. na Zajko)koi gi ispomeshav doadaat od(ili se povrzani so)poznati stari gradski familii od mojot grad.Duri i Vasheto-Nichevska go nosi edna poznata direktorska familija(glava na semejstvoto beshe direktor od vremeto na Socrealizmot).Jas koga go prochitav pomisliv deka ste Kumanovka i niz glavata vednash mi prostrui:"Eve ushte edno direktorsko dete koe go zapishale na Likovna akademija i potoa stanalo umetnik".
P.S.3: Neznam dali ja imate Tanja Balac vo Vashata Programa na predstavuvanje na Mladi Kreativci no jas i mojot Komsho{komsho=sosed}imame zelba da vidime nekoj nejzin pastel da chueme-prochitame shto se zbidnuva so nejze.
Ova doada odtamu shto ja posetivme nejzinata izlozba na krajot na 90-tite vo Kumanovo.Taa togash kako novopechen Pitomec na FLU gi praveshe prvite chekori vo predstavuvanjeto na svoeto tvoreshtvo.Site sliki i bea pastel na karton(nevrameni),zivi i mnogu razigrani so shirok dijapazon na boi.Liniite i bea "vlecheni" po povrshinata taka eksplozivno i so brzina chinish neizmerliva so kilometri ili milji na chas.Tie se isprepletuvaa vo vrtlozi,krugovi,spirali,...bea "nabieni"so vonkosmichka energija vo niv imashe neskrotliva pozitivna agresivnost,zelba da se probijat nedopirlivi dalechni horizonti,...pastelite bea odraz na site poznati i nepoznati emocii:zelba,ischekuvanje,polet,verba,ludilo,omraza,sebichnost,ljubov,...Tolku mi ostana vo secavanje taa izlozba.Mojot Komsho ja iskomentira:
"ORGANIZIRAN HAOS!"Fantastichno!!!"
Shto se sluchi vo 10-te godini nanazad so toa devojche ne znaeme.Kako se razvivashe ponatamu nejzinata kreativnost,po koja linija se dvizeshe nejzinata tvorechka amplituda?...Taa vo stvari me podseti na nejze samata koga ja vidov pred 10-tina dena kako davashe izjava za edna nacionalna televizija a pod nejzinoto ime i prezime i beshe napishano"Predsedatel na DLUM".
No Vie pishete G-da Nichevska samo ako ste planirale i sakate da go storite toa VE MOLAM! Sekako ne ste tuka da ispolnuvate nechii zelbi.
P.S.4:Dalila Ti blagodaram shto samo posle dve prepiski se prebacivme od" Vie" na "Ti".
Ova e dokaz za mene "Neverni Toma"(koj beshe skeptichen sprema ovoj Portal,koj ne veruvashe deka tuka ima neshto ozbilno)deka na ovoj sajt ima navistina prijatna atmosfera,drugarstvo i ludeto se zblizuvaat dosta brzo.I osoznavaat neshto koe ne bi go nashle na drugo mesto.
CAO! I ti posakuvam se najdobro!
P.S.1-a:I izvini za ona "ch"vo "Nichevska"Koga pochnav da tupam bukvite pochnaa da izlagaat na latinica a moite Computer skills se ogranicheni pa ne znaev kako da gi prefrlam na Kirilica.Ke mora za toa da se konsultiram so GG*.
P.S.2-a:Pishuvajci ja poslednata rechenica od P.S.2 ne aludirav na Tebe i nemav "zadni nameri" t..e. nemam prikrieno-cinichna namera da probam da povredam nekogo(vkluchuvajki te i Tebe)so moe mislenje(pogreshno)za toa kako nekoj se zapishal na FLU i kako postanal Umetnik.Ako si pomislila takvo neshto Oprosti!
P.S.3-a:Za zal Kaligrafijata vo pishuvanje na ovoj komentar e siva i mnogu bezlichna.Ne umeam da go koristam BB codot i siot tekst e bel(fala bogu gi pogadam golemite bukvi).Probav so odenje na kopcheto so "?"za help no objasnuvanjata mi izgledaat dosta "suvi" i bezlichni.Se petjlav celo vreme i tuka izgubiv 30-tina minuti.A mozda administratorot ne mi dava.A koj e toj MME**?
P.S.4-a:Ete Dalila ova mi e tret pat kako go otvoram ovoj sajt-portal.Pred 2 dena go napishav siot ovoj tekst (vo poskratena forma)no ne znaev da go pratam pa 2-chasovnoto tipkanje otide "vo bestraga">izvini za ovaa psovka.Vchera pak "trenirav"kako da dadam komentar kako Gostin i prviot SAMOUK CHAS(jas sum i taka damneshen SAMOUK SLIKAR-sakam da kazam za mnogu raboti sum SAMOUK :duri i samouchki sum se rodil)rezultirashe so pracanje komentar na tebe.Napishav "Dalila"poshto mislev oti pod "chlen"treba da stavam ime na togo-taa na kogo-koja pracam komentar.A "komentarot" "OK" znachi deka e neshto najkratko shto mi tekna da napisham i najbezbolno.Da ne go svedam ova pishuvanje na "Oprosti" i "Izvini" se nadevam ke me sfatish kako nenamerno te staviv vo misla :"Shto znachi ovoj besmislen (ne)komentar?Seshto!?".Zgora na toa posle uspeshno "savladivanje gradiva" duri i dadov na drugi Formadzii uspeshno prateni komentari(he he he ...dobra shkola ,a?).
P.S.5:Ako ova moe tupenje te inspirira da naslikash neshto Te molam prodaj mi ja taa slika!
ZAJKO***
*GG e acronym za GokaGrozni
**Eej, poleka pochituvani chitachi na ovoj komentar...trgnete gi nastrana vashite skaredni misli:MME znachi Maki Moi Edukativni
***ZAJKO e acronym za PROPALI TALENAT
P.P.S.[Privaten Post Scriptum]:Ej,Pobro,dobro ga tupu,a!?
Зајко,поздрав до тебе и благодарам за исцрпниот текст Smile Незнам од каде да почнам scratch
Би рекла дека сепак имаш талент за пишување,зошто ми беше многу интересен твојов текст,а и смешен(кумановец си е кумановец).Зошто ти не би пишувал како член не ми е јасно,па дури и да не посетуваш изложби,никој од тебе не би барал критички осврти.
За забуната со моето презиме сега сватив и да ти кажам дека презимето ми потекнува од Струга Smile а врски ниту сум имала,ниту ќе имам,а камоли директорски тра-ла-ла Бидејќи си ги пишувам текстчињата онака самоиницијативно,си пишувам за оние наши уметници кои нешто инспирирале кај мене,а твојот предлог за сликарката ќе го испочитувам,но во темата сликарство ќе напишам текст,зошто навистина не почуствував ништо во мене за нејзините дела.Сепак тоа е прашање на вкус и јас во моите текстови сум си субјективна(или објективно субјективна :D )и си ги искажувам моите контемплации,а најмалку што сакам е да излезе дека се додворувам некому(а така ќе личи ако пишувам на порталот за твојот предлог-сликар).Се надевам не си навреден заради тоа и ти велам пишувај си слободно ако сакаш,јас не сум официјален критичар на уметноста Викинг
avatar
Makedonski mladi slikari:Maja Dzartovska-Hill
Пишување on Саб 07 Фед 2009, 9:50 pm by Zajko
Zdravo Dalila,
Fala za kurazot shto mi go davash(za pishuvanje tekstovi).Mnogu mi znachi.
Zajko
P.S.:Samo ke se nadovrzam na mislata koja e ispishana posle sekoj Tvoj tekst i ke Ti kazam:
"Nemoj da go pravish toa shto ne sakash da go pravish".Te Molam nemoj da pishuvash za "slikarkata".
CAO!!!
Zajko напиша:
Zdravo Dalila,
Fala za kurazot shto mi go davash(za pishuvanje tekstovi).Mnogu mi znachi.
Zajko
P.S.:Samo ke se nadovrzam na mislata koja e ispishana posle sekoj Tvoj tekst i ke Ti kazam:
"Nemoj da go pravish toa shto ne sakash da go pravish".Te Molam nemoj da pishuvash za "slikarkata".
CAO!!!
Прочитај во темата сликарство ,поздрав и ние сме негови
avatar
Makedonski mladi slikari:Maja Dzartovska-Hill
Пишување on Пон 09 Фед 2009, 9:42 pm by Zajko
Dalila,
Ti blagodaram shto odvoi vreme i shto mi ovozmozi da vidam nekoi reprodukcii od mojata omilena Pastel Slikarka Balac.10 godini ne sum videl nitu edna nejzina slika pa ova e navistina pravo osvezuvanje.Makar da poslednite 2 (maslo na platno)i pastelot "Sledi ja belata linija"nemaat dusha i se promashaj.
Posle 10 godini jasno se gleda deka delata i se smireni,slikani povece so razum nego porano a i iskustvo si go chini svoeto.
CAO Zajko
 

Македоски млади сликари: Маја Џартовска-Хил

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Порталот е НАШ :: ПОРТАЛ-
Отиди до: