ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Млади македонски уметници:Ангел Коруновски(академски вајар).

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

20090128
ПишувањеМлади македонски уметници:Ангел Коруновски(академски вајар).

Млади македонски уметници:Ангел Коруновски(академски вајар).
Пријатно изненадена од успесите на еден наш млад автор морав сознанијата да ги поделам со вас и да ви го претставам онака како јас го доживувам.
Ангел Коруновски е академски вајар роден 1979 година во Велес и со своите неполни 30 години направил уметнички дела и по квантитет и по квалитет повеќе од некои за својот цел уметнички век.Актуелен е во моментов со монументалната скулптура на Филип втори која е поставена(или се поставува)во Битола.


Грандиозна и претставителна,извајана со истенчено чуство за пропорција,анатомски простудирана,човечката фигура изгледа природно,стабилно и силно, со драперија која е материјализирана вешто и ненаметливо и преодот меѓу човекот и коњот континуирано се движи до раскошното и мускулесто,раздвижено тело на кралскиот коњ.Постаментот содржи релјефи во кои најверојатно се претставени некои сцени од периодот на владеењето на Филип втори(но за тоа не сум информирана).Се надевам набрзо во живо ќе ја видам оваа скулптура.
Друга монументална скулптура по која е познат е онаа во центарот на Велес наречена ‘’Велешки илинденци’’повторно приказ на коњаник изработен од бронза,димензии 3,70 х 3,50 х 1,5.

По мое видување искуството во правењето на оваа скулптура довело до напредната и постудиозна изработка на скулптурата на Филип втори.Овде забележувам поголема ригидност и извештаченост во поставеноста на коњаникот и коњот од најновата негова монументална скулптура.
За најдобро идејно решение за споменик кој ќе го претставува Цар Самоил, во Струмица е избрана неговата скулптура.Цар Самоил е претставен во седната положба,замислен,а во својот скут го држи за глава војникот на умирање.Ме потсетува по малку на МИСЛИТЕЛОТ на Огист Роден со една да ја наречам импресионистичка пластика и меки разливачки форми кои сепак цврсто егзистираат на осмислената композиција.

Монументална скулптура,но од поинаков карактер,би рекла со поголем авторски печат и стил е скулптурата поставена пред ресторанот ИДАДИЈА наречена ЈАС И ТИ.

Со димензии 3,30х 2,5 и излиена во бронза ги има сите авторски обележја на овој млад уметник и совршено го отсликува неговото размислување за современата скулптура.Разновидна текстура,користење на боја и графички израз во три димензии со вметнување шуплини и испакнатини надополнети со жици на кои се вметнати разновидни елементи кои како музика го комплетираат целосното доживување.
Ангел Коруновски учествувал на многу изложби и имал и неколку самостојни на кои се претставува и со поинтимни,помали по формат дела во повеќе материјали дрво,бронза,злато,восок,се занимава и со релјефи,цртање и сликање. На пример ова дело наречено ЗЛАТНА РИПКА е изработено во дрво и злато.

Делува мошне нежно,оптимистички и надежно,во некој Хуан Мироовски манир,свеж и детски,исткаен во средината со малечки елементи кои целосно го освежуваат восприемачот на ова дело.
Неговите скулптури се емотивни и наративни со разновидни ефекти на вдлабнато,шупливо,испакнато,гребено,вткаено,вметнато,ситни и крупни површини-прекрасна игра на можностите што ги дава разновидниот материјал. ’’Пеперутки во мојот стомак’’ дрво.


Тука ќе завршам со она што сакав да го кажам оставајќи простор времето да ја раскаже целата приказна на овој млад,но не и незрел вајар.
Весна Ничевска –Саравинова(академски сликар)
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

Млади македонски уметници:Ангел Коруновски(академски вајар). :: Comments

Od moeto skromno poznavanje na problematikata povrzana so slikanje, vajanje i ostanati vestini na kreativna ekspresija, mislam deka najtesko od se e da se dolovi konjot i coveckata raka.Velat deka energijata i zivosta sto e vsadena kaj niv, e umetnost da se dolovi.Zatoa i ovie dela na Angel Korunovski zaluzuvaat posebna pocit i poseben osvrt, pridruzeni so soodveten komentar.
Anton напиша:
Od moeto skromno poznavanje na problematikata povrzana so slikanje, vajanje i ostanati vestini na kreativna ekspresija, mislam deka najtesko od se e da se dolovi konjot i coveckata raka.Velat deka energijata i zivosta sto e vsadena kaj niv, e umetnost da se dolovi.Zatoa i ovie dela na Angel Korunovski zaluzuvaat posebna pocit i poseben osvrt, pridruzeni so soodveten komentar.
Па јас мислам дека во рамките на можностите на форумов,јас дадов од се по малку.Навистина анатомијата и живоста на коњот е особено тешка за доловување,но воедно е и голема инспирација за многу ликовни уметници,а и човечкото тело не е помал предизвик и секој уметник што се зафаќа со таа проблематика во денешно време секако заслужува да се збори и расправа за неговите дела.Повели и ти придонеси со своите размислувања и ние сме негови
avatar
Mladi makedonski umetnici:Angel Korunovski(akademski vajar)
Пишување on Пон 09 Фед 2009, 11:32 pm by Zajko
Zenata i Konjot se najobrabotenite temi vo umetnosta ,najslikanite ,najopeanite ,...tie toa i go zasluzuvaat!
Angel e univerzalen,globalen umetnik za kogo makedonija e previshe malechka.
Zajko напиша:
Zenata i Konjot se najobrabotenite temi vo umetnosta ,najslikanite ,najopeanite ,...tie toa i go zasluzuvaat!
Angel e univerzalen,globalen umetnik za kogo makedonija e previshe malechka.
Ми даде идеа за следна тема ;) само треба да ја разработам ај размисли Размислувачот Smile
 

Млади македонски уметници:Ангел Коруновски(академски вајар).

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Порталот е НАШ :: ПОРТАЛ-
Отиди до: