ФОРУМОТ Е НАШ
Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство

Go down 
АвторПорака
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
Далила


Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство Empty
20090210
ПишувањеЖената и женското тело-инспирација во македонското сликарство

Вечната инспирација во уметноста-женското тело,неисцрпна тема подложна на безброј варијации во приказот и субјективно поимање кај секој автор.Опеана во песни,извајана во мермер,опишувана во приказни и секако најотсликувана тема во историјата на сликарството.Убавината на женското тело не го оставила рамнодушен ниеден естета кој трага по идеалните форми,линии и бои во сликата.Македонското сликарство,колку и младо да е во споредба со севкупната историја на светското сликарство,дала свои проблесоци кај повеќе сликари,меѓу кои некои блескаат силно,а некои проблеснуваат со по некое ремек-дело.Така и во темата Акт има македонски сликари кои можат слободно да влезат во светската историја.
Јас колку што можев да најдам по некоја слика од неколку автори,во оваа прилика ќе ги прикажам тие слики,но со тоа не ни приближно доловен целосниот впечаток за кој многумина придонеле во македонското сликарство.
Ќе започнам од првиот наш едуциран сликар Лазар Личеноски чија инспирација често било женското тело.
Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство Ca6b4f8592d2a81c6890f354d91b7cf8
Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство 9f83b8df6f93e38e84b3a2a9e9719f80
Со Реноаровски облини,но реалистичен пристап во исликувањето,поедноставени форми и загаснати бои,женските тела на сликите на Личеноски оддаваат една тивка сензуалност без други еротски претензии(дури по малку се сватени како обичен објект за игра меѓу формите и боите).
Жената како инспирација е доминантна кај сликарот Никола Мартиновски,познат по прикажувањето на мајка со дете(доилки),тој ја прикажувал жената и во некои помалку возвишени моменти(би се рекло како грешнички).

Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство Dd80be8b9d7a0fc00e08ec44e7d612ef

Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство Ca6420e41544e0d640bef50be5bf2e73


Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство D22ba44ab297db99220a9d106ab14685
Начинот на кој се прикажани жените е различен во зависност од инспирацијата што ја имал уметникот,од еден Лотрековски манир на приказ на жена од пониските слоеви во општеството,која рака на срце воопшто не е ласкаво прикажана(сл.1),преку Модилјановскиот акт без душа,зошто очите ја отсликуваат душата(сликата наречена -порок) до прекрасната и оригинална презентација на мајчинството каде Мартиновски ми се чини дека го достигнал својот врв.
Милош Коџоман честопати во своите дела ја користи женската фигура како дел од своите ликовни приказни,но овој пат таа не е целосно соголена туку е ставена во некој надреален македонски рурален свет во кој постојано и се наѕираат женските атрибути на некој нападен,еротски и карикиран начин.
Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство 5edc05776d5f4b6c2b54dbc1509fea34
Еден автор чија "специјалност"се женските актови е Стефан Хаџи-Николов.Овој автор на хиперреалистичен начин го прикажува женското тело и неговата пластична уавина,но поставена во некој надреален простор кој изобилува со симболи.Одбирајќи идеални тела и романтични пози,тој на еден примамлив начин си игра со еротската атмосфера.


Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство 804c163b92cc6b7089ee0b687c31f04d

Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство C94120b24902fac79d6a682b5f64e2ab

Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство 897dff3215d42d151552f47d2893b5bf

Павле Кузмановски слика актови во еден суптилен и наизглед многу едноставен манир,но воедно со восхит кон убавината на женското тело.
Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство 833acdb858a378b34cb32315f8fd4e85
Во апстрахираните форми во сликите на Касиопеја Наумовска се наѕираат женските облини кои во овој случај не се предмет на восхит туку се сретство за изразување на некоја емоција.Силни и впечатливи бои и хаотични линии го обликуваат актот во сликата"Танцот на сенките".
Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство A6718c53ac34ca42fb65d99ab8fe3795

Сликарката Маја Џартовска-Хил студиозно и реалистично пристапува кон отсликувањето на женскиот акт,статични и во познати академски пози актовите се естетско уживање,но не побудуваат љубопитност кај гледачот да погледне "позади"сликата за да пронајде приказна.Но сепак умешноста да се прикаже женското тело онакво какво уметникот го гледа не е мал предизвик ниту за сликарот,ниту за гледачот.
Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство Dc78c76206a3a3af1ebbf257da4d2dd3

Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство C138ff937b0fc9bfa12c0a8cadad17d2

Сигурна сум дека има уште многу примери вредни за спомнување и критикување,но ете да започнеме од нешто,зошто почетокот носи секогаш нешто ново,а новото се консултира со старото,старото носи мудрост за идните генерации.Слободно учествувајте во креирањето на безвремената линија на квалитетното сликарство и трагата која во светски рамки ќе ја остави македонската уметност.
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство :: Comments

No Comment.
 

Жената и женското тело-инспирација во македонското сликарство

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Порталот е НАШ :: ПОРТАЛ-
Отиди до: