ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Значењето на животот

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Значењето на животот   Чет 19 Фед 2009, 4:10 am

Оваа тема ја отворам ако сте расположени малку да “пофилозофираме“ за животот... за вселената... и за се околу нас... зошто?... како?... од кога?...

Ова е нели вечна тема на дебата и никој до сега, нити религиите нити научниците го немаат одговорот на сите прашања.
Ако сте расположени да споделите со нас некои ваши размислувања и идеи за некои од овие пршања.
Вратете се на почетокот Go down
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Чет 19 Фед 2009, 4:30 am

Јас на пример се прашувам,а баш денес на работа и со колегата дебатиравме, околу вистинитоста и издржаноста на теоријата на Дарвин.
Односно дали можеме да бидеме сигурни дека модерниот човек (хомосапиенсот) е стар “само“ околу 100-150 000 години.
Дали е сосема логично и можно, животот да е малку постар одколку што претпоставуваат денешниве научници?
И ден денес не е со сигурност утврдена староста на некои артефакти и градби, во светот.
А да не збориме пак за неможноста да се реплицираат (да се направи дупликат) дури и со најсовремените машини, алатати и знаења.
А тоа го можеле пред незнам колку илјади години? Размислувачот и во исто време биле (според Дарвин) на понизок еволутивен степен на развој.
Ова ама баш ич ми нема логика . scratch
Баш сакам да ги слушнам и вашите размислувања околу “староста“ на животот.
Вратете се на почетокот Go down
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
avatar

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Нед 22 Фед 2009, 4:04 pm

Аааа, колега, оваа тема ти е за во „Наука“ geek

Околу теоријата на Дарвин - тоа е само теорија како и секоја друга. Мене ми се чини дека нејзиното значење испадна поголемо со научно-дисциплинарниот ,бум’ што го направи (по нејзиното објавување, се развија многу научни дицплини во 19. век), отколку со самата нејзина издржаност. Но, факт е дека во последниве неколку децении се надмина и се стави под голем сомнеж.

Јас пред неколку години многу го читав Стивен Хокинг и неговата „Кратка историја на времето“ и „Историја на се’“, а и имаше еден документарен серијал од BBС што се’ уште си го чувам на DvX. Тоа е научно-популарен стил, но мене лично многу интересен и им препорачувам на сите што не го знаат овој автор или само чуле за него, да го прочитаат.
Вратете се на почетокот Go down
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Нед 22 Фед 2009, 8:16 pm

Цитат :
Аааа, колега, оваа тема ти е за во „Наука“

Темава ја поставив во култура, со идеја тука да имаме “филизовски“ осврт на значењето на животот.
Тука спаѓаат и разните религиски толкувања, кои донекаде можат да објаснат некои аспекти на сваќањето и осознавањето кои сме... што сме... и со која цел сме ја населиле оваа планета.

Околу книгите што ги спомна пред некое време баш ја читав „Кратка историја на времето“ (колку прашања ми одговори уште толку ми наметна книгава :D )А за „Времето“ и „Просторот“ имам идеја да отворам тема и таа ќе биде во подфорумот „Наука“.
Вратете се на почетокот Go down
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Пон 02 Мар 2009, 7:45 pm

За Дарвиновата теорија имам едно, можеби глупаво прашање...
Ако, нели сме еволуирале од мајмуните низ текот на вековите, како денес тие се’ уште постојат, односно постоиме заедно? И луѓето и мајмуните денес постојат и тоа е факт. Не ли е логично ако нешто еволуирало да го напушти стариот облик и да го нема веќе? Како тоа, јас сум еволуирал, ама некој мајмун си останал мајмун??? тра-ла-ла
Така што неговата теорија ми е тешка за верување.

А значењето на животот....е, тоа не знам и никој веројатно не може со сигурност да каже. :D Сакам да мислам дека овоземниот живот е само една попатна станица и дека следното место каде што ќе одиме
ќе биде многу поубаво.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
avatar

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Пон 02 Мар 2009, 8:07 pm

Бе Перо напиша:
За Дарвиновата теорија имам едно, можеби глупаво прашање...
Ако, нели сме еволуирале од мајмуните низ текот на вековите, како денес тие се’ уште постојат, односно постоиме заедно? И луѓето и мајмуните денес постојат и тоа е факт. Не ли е логично ако нешто еволуирало да го напушти стариот облик и да го нема веќе? Како тоа, јас сум еволуирал, ама некој мајмун си останал мајмун??? тра-ла-ла
Така што неговата теорија ми е тешка за верување.

А значењето на животот....е, тоа не знам и никој веројатно не може со сигурност да каже. :D Сакам да мислам дека овоземниот живот е само една попатна станица и дека следното место каде што ќе одиме
ќе биде многу поубаво.

Е вака, ако може да ти одговорам, зашто за оваа работа во „Јосип Броз“ кај Софија Ачкоска кец се закачуваше ако не ја знаеш lol!

Значи, Дарвиновата теорија не вели дека човечкиот предок е мајмунот - тоа е нејзино грубо разбирање од страна на повеќето луѓе. Таа вели дека ВО МИНАТОТО, ЛУЃЕТО И МАЈМУНИТЕ ИМАЛЕ ЗАЕДНИЧКИ ПРЕДОК. Во еден момент, од една негова „гранка“ настанале хомо сапиенсите, а од друга негова „гранка“ (стебло, вид, како сакате) - настанале денешните мајмуни.

Значи, не е точно она дека човекот настанал од мајмун, туку дека во многу, многу древни времиња - мајмуните и луѓето имале заеднички предок. Со оглед на тоа колку личат луѓето и мајмуните, особено нивните младенчиња, оваа теорија е сосема веројатна.
Вратете се на почетокот Go down
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Пон 02 Мар 2009, 8:15 pm

Добро, еве и да е така, пак не ми се верува - кој е тој „заеднички предок“? Некое неидентификувано суштество? Како изгледа тоа?
И како тоа, САМО од мајмунот (односно од нашиот заеднички предок) произлегло толку интелигентно суштество како човекот, а од сите други животни се развиле само други видови на животни?
Сепак, човекот е човек, а животните се животни.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
avatar

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Пон 02 Мар 2009, 8:19 pm

Бе Перо напиша:
Добро, еве и да е така, пак не ми се верува - кој е тој „заеднички предок“? Некое неидентификувано суштество? Како изгледа тоа?
И како тоа, САМО од мајмунот произлегло толку интелигентно суштество како човекот, а од сите други животни се развиле само други видови на животни?
Сепак, човекот е човек, а животните се животни.

Е, тоа сум го заборавила. Твоиве прашања имаат одговор, ама јас не знам да ти го дадам. Да, тој предок имаше и некое латинско име, на кое не ми текнува, а имаше и некаков изглед - т.е. скица кои ја прават биолозите и антрополозите.

Како и да е, тоа - барем според теоријата на Дарвин - не е случај само со луѓето и мајмуните, туку со сите животни. Затоа и теоријата се вика еволуција на видовите, а не на човекот. Значи, според Дарвин - за секое животно, постои древен предок.
Вратете се на почетокот Go down
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Пон 02 Мар 2009, 8:27 pm

Од друга страна, факт е дека човекот има повеќе сличности со мајмунот отколку со било кое друго животно.
Но, дури и земајки го ова предвид, човекот сепак има некои забележителни разлики: има способност да мисли и да расудува, способност за говор, оди исправено на две нозе и сигурно уште многу работи кои биолог многу подобро ќе ги објасни отколку јас. :D Значи, тоа се работи кои го разликуваат, не само од мајмунот, туку од сите живи организми на планетава.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Пон 02 Мар 2009, 8:34 pm

eftimoskatb напиша:

Како и да е, тоа - барем според теоријата на Дарвин - не е случај само со луѓето и мајмуните, туку со сите животни. Затоа и теоријата се вика еволуција на видовите, а не на човекот. Значи, според Дарвин - за секое животно, постои древен предок.
Знам де. geek
Знам и дека бродот со којшто заминал на експедиција се викал „Бигл“ (Beagle). Ето видиш. :D
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
eftimoskatb
Проф.Д-р Тупаџија
Проф.Д-р Тупаџија
avatar

Број на мислења : 2274
Локација : Skopje
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Пон 02 Мар 2009, 8:43 pm

Бе Перо напиша:
eftimoskatb напиша:

Како и да е, тоа - барем според теоријата на Дарвин - не е случај само со луѓето и мајмуните, туку со сите животни. Затоа и теоријата се вика еволуција на видовите, а не на човекот. Значи, според Дарвин - за секое животно, постои древен предок.
Знам де. geek
Знам и дека бродот со којшто заминал на експедиција се викал „Бигл“ (Beagle). Ето видиш. :D

БраОс! Тоо Ова прашање го имаше на Милионер пред две-три емисии :lol:
Вратете се на почетокот Go down
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Вто 03 Мар 2009, 5:43 am

Ја фативте Дарвиновата теорија од “крајот“ да ја оспорувате. :D
Јас Размислувачот Размислувачот Размислувачот и иако не сум стручен и може и не сум баш најточен со фактиве ама ќе се обидам да ја разгедам хронолошки еволуцијата (според Дарвин) и ќе ви ги потенцирам моите “спорни“ моменти. Моменти кои не ми се логични на мене, може на некој од вас пологични ќе му се видат работите па ќе дообјасни.
Вселената настанала пред 16 000 000 000 години (Биг Бенг scratch )
Земјата и Сончевиот систем пред 4 000 000 000 г. (убаво бројте ги нулите Smile )
Животот на земјата пред 3 000 000 000 г.

Настанокот на животот (првите организми)
Во водата (океаните) се раствараат минерали, соли, ово оно и се групираат во некои протеини. Тие протеини во посложени протеини, сложените протеини си прават заедничка обвивка (за заштита). И така заштитени почнуваат уште повеќе да се усложнуваат и се појавува и внатрешно групирање (на соодветни протеини) и тие стануваат главни (јадро) и надворешен дел плазма. И тоа е првиот жив организам, едноклеточен, според Дарвин Амебата или нешто слично на неа. Првиот едноклеточен организам со делови за движење (пипци) е ПАРАМЕЦИУМ ( Музукаа познато Smile ) Приближно исти услови, демек како во времето на настанувањето на првиот жив организам, денес има во националниот парк Јелоустон Северна Америка. Размислувачот
Ок, ај да “прифатиме“ до тука.
Од едноклеточни се прават двоклеточни е се така до повеќеклеточни и се посложени организми. И се појавуваат и првите посложени живи организми кои се способни да се хранат, растат, разможуваат и се повеќе се усложнуваат со меѓусебни комбинации.
Настанува и првото разидување во поглед на исхраната и се раздвојуваат РАСТЕНИЈАТА и ЖИВОТНИТЕ. И се така нели се развива и усложнува животот односно се развиваат, незнам: медузи, риби, ракови... животот се разгранува и дели... како стебло на дрво нели со разни гранки кои пуштаат се нови и нови фиданки а постарите гранки стануваат се посилни и поцврсти а тоа се востановените животни кои опстанати и до ден денес. Во тоа разгранување понекогаш се фаќал и погрешен “правец“ и тие фиданки се кршеле во старт (од секое гранче небива и свирче Smile ) или па дури се случувало и цели делови од “дрвото“ да се откинат и скршат и да изумре тој вид. Диносаурусите на пример а и многу други . Пемногу натежнале Smile.
Одговорот на едно “дискутабилно“ прашање како што е: „Што е постаро кокошката или јајцето“ и не е дискутабилен.
Постаро е ЈАЈЦЕТО. Ама тоа не е баш кокошкиното јајце туку потребата за настанокот на јајцето се јавила кога животот преминал од вода на копно. И првите влекачи водоземци за да си ги заштитат младите го развиле јајцето со корупка. Предходно јајцата во водата не морале да бидат со “тврда“ заштита (икрата на рибите) но на копното се посурови условите и “животот“ наоѓа начин за опстанок. Од водоземците настануваат и поголемите влекачи односно Диносаорусите (кои се размножувале со јајца) а од нив нели подоцна се развиле птиците односно и кокошките кои само го задржале начинот на размножување од нивните предци (од пред 65 000 000 г.)
И да не идам се хронолошки доаѓаме до пред 4 000 000 г. и појавата на приматите (прамајмуните).
Од тие прамајмуни пред “само“ 250 000 г. се издвојува ХОМОЕРЕКТУСОТ (незнам дали на овој прапредок мислеше Тања) тоа е првиот примат што се испробува да оди само на две нозе. Од хомоеректусот пред 150 000 г. настанува ХОМОСАПИЕНСОТ од кој нели е “познато“ дека настанува човекот. Но паралелно со хомосапиенсот се развивал и еден друг вид на “ЧОВЕК“ а тоа е НЕАНДЕРТАЛЕЦОТ. Значи веројатно ќе имало и друг вид на современиот човек ако опстанел и неандерталецот. Неандерталците паралелно со хомосапиенсите ја населуваат планетата, доаѓаат и тие дури и во Европа се до денешна Германија. Но опстануваат само до пред 50 000 г. Најверојатна причина за нивното изумирање е неспособноста да најдат друг извор на храна освен месото. А поради климатските услови и промени, месото не е стабилено, и како лесно расипливо и тешко за обезбедување во доволни “свежи“ количини, доаѓа до изумирање на овој доста надежен конкурент на денешниот човек. (сме имале среќа scratch )
Хомосапиенсот се покажал поснаодлив и со помош на обработката на земјата и одгедување на сигурни и доволни количини на храна опстанува до денес во нашиот облик.

Ова отприлика нели е развојот на животот до ден денешен, според научниците биолози, антрополози... итн.итн.
Се е ова донекаде ОК дури и логично, единствено што ме буни е наглото УБРЗУВАЊЕ на еволицијата.
Пред 150 000 г. живееме на отворено и користиме едноставно орудија (камен, дрво) Пред 50 000 г. живееме во пештери и сеуште сме на камен и дрво. Пред 15 000 г. го откриваме металот. Пред 10 000 г. градиме нешто што е како пирамидите Размислувачот на пример и владееме со земјата. А за само 2 000 г. од варвари се развиваме во ова што сме денес па дури одиме и до месечината и не знам каде. Размислувачот
Генот на човекот (ДНК) во последните 10 000 г. не се променил ни 0,1 % (отприлика толку се разликуваме и од денешните мајмуни) а сме денес способни за ваков рапиден напредок. Потсетете се само колку е напреднато во последните 100 г. Што се е измислено! Кое е “делчето“ што проработило кај нас што до толку успеало да не одвои од останатиот жив свет на планетата за само 10-15 000 г.

Толку за вечерва се изморив од пишување, а и вас ве замарам непотребно со читање на вака долги текстови без краен одговор. :D
Ако некој сепак се “самоказни“ да го чита текстов :D би сакал да сподели барем нешто од неговото размислување околу “спорните“ моменети што ги воочил во еволуцијата.
Вратете се на почетокот Go down
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Сре 04 Мар 2009, 8:13 pm

Цитат :
И како тоа, САМО од мајмунот (односно од нашиот заеднички предок) произлегло толку интелигентно суштество како човекот, а од сите други животни се развиле само други видови на животни?
Сепак, човекот е човек, а животните се животни.

Околу првиот дел донекаде можеби одговорив во предходниот пост (ако некој го прочита Smile ) а за ова со црвени букви имам и дополнителни прашања.

Што не разликува нас луѓето од животните?

Ако е тоа разумот, свесноста дека постоиме и дека ние сме ние, има неколку примери и кај животните дека се свесни сами за себе.
Пример Слонот знае дека е Слон и како треба да изгледа.
На Слон му цртаат црвена точка на чело и му поставуваат огледало пред него и тој со сурлата пробува да ја избрише бојата, знае дека не е негова дека не треба да ја има. Шимпанзо пред огледало знае дека се гледа самиот себе и пробува да се разубави или си прави гримаси за да се развсели самиот себеси. Несвесно животно пред огледало во ликот од огледалото препознава друго животно од неговиот вид. И или пробува да си игра со него или го напаѓа и во двата случаи завршува со џумка на главата кога ќе се бапне во тврдото огледало.

Има една изрека „Работата го создала човекот“ scratch
Нели нашите предци одкако почнале да “работат“ се изградиле во интелигентни суштества. scratch Размислувачот
Мравките се “убиваат“ од работа и секоја чест за нив, имаат одличен социјален живот, буквало се сите за еден (една де матицата Smile ). Но сепак не викаме дека се свесни и разумни животни.

Како се случило тоа да еден дел од животинскиот свет се одвои и прерасне во свесно, самостојно, интелигентно суштество ЧОВЕК??? Размислувачот

Дали можеме делумно да си одговориме на ова прашање ако се повикаме на најстарата “ПРИКАЗНА“ библијата.
Адам и Ева среќно и весело си живеат во рајската градина заедно со сите други животни и исто како и животните не се “СВЕСНИ“
По наговарање на “змијата“ scratch каснуваат од едно овошје (никаде не пишува дека тоа е јаболка) и одеднаш стануваат СВЕСНИ и се срамат што се голи... знаат дека згрешиле и чувствуваат вина... и веќе не можат да комуницираат со другите животни односно не се веќе само “ЖИВОТНИ“ туку стануваат ЧОЕЦИ Smile
Прашањето ми е, дали е можно и да е вистинита оваа приказна? Односно некој наш предок ПРИМАТ каснал по грешка некоја “лоша печурка“ и му се отвориле нови видици. Потвда за ова се денешните шамани (а богами и Џанаците Smile ) кога ќе земат “соодветни“ тревки свашта им се гледа Smile па дури можат и да се телепортираат и што знам уште што. Во тие трансови кога запаѓаат шаманите велат дека комуницираат со некои други нематеријални суштества, што ние вака не ги гледаме ама сосема е можно нели да постојат.

Размислувачот Размислувачот Размислувачот
Пак ќе прашам. Што е тоа што ни ја запалило “сијаличката“ за да се “одвоиме“ како интелигентнии и свесни суштества од животните???

Дали ние денес што живееме во техничко-технолошки развиени општества, сме во на повисок еволутивен развој од да речам “дивјаците“ што живеат во џунгла и нит виделе нит знаат што е тоа струја, компјутер или било што од нашево “модерно“ опкружување.
Тие таму можат со обичен не стерилизиран нож да те расечат и со прсти да ти извадат „РАК“ и при тоа ти си свесен и не осеќаш болка а башка не ти тече ни крв. Размислувачот
Дали во права насока се развива и „еволуира“ човекот?? Која ни е крајната цел на нашето постоење ??? Размислувачот Размислувачот Размислувачот

Пак се распишував јас Smile Дубоко се извињавам ќе пробам пократок да сум во иднина.
(ама само ќе пробам не ветувам Smile )
Вратете се на почетокот Go down
Бе Перо
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Сре 04 Мар 2009, 8:44 pm

Ги прочитав и двата текста, ама се препотив. :D
Вториов ми е појасен, а за првиот не бев доволно сконцентриран и се’ ми се измеша. :D

Вака, околу примерот со слонот.... Да, точно е тоа дека тој може да се препознае во огледало. Но како тој истиот слон се плаши од едно мало животинче како што е глушецот, кога е 100 пати поголем, потежок и посилен од него и може да го смачка како ништо?

Животните во многу работи покажуваат сличности со луѓето (некои повеќе, некои помалку), но тие сепак не се во доволен број за да се постават на исто скалило со човекот. Дури тие (животните) во некои работи можат и да го надминат човекот - гепардот може да трча побрзо од човекот, кенгурот секако скока повисоко од нас :D итн, итн.... но сепак тие генерално се едно ниво, едно скалило под нас.

Мене спорно ми е следново:
Од сите овие еволуции на видовите, како од само една единствена гранка се развил човекот и како баш тој е предодреден да биде над сите?
Сите животни имаат свои видови, на пример:
Птици - орел, јастреб, гавран, сокол...
Мачки - тигар, лав, мачка, гепард...
Инсекти - комарец, мува, пчела, бумбар...
....
А само човекот нема свои „видови“ :D Еден ист модел е секаде низ светов - 2 раце, 2 нозе, труп и глава. :D
Ме чуди како тоа од ниедно друго животно не се развило суштество на исто ниво со нас, па дури и повисоко? Зошто па ние (луѓето) да се сметаме за најпаметните суштества во универзумот?

Е сега и јас се распишував. :D :D
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Сре 04 Мар 2009, 9:00 pm

Цитат :
А само човекот нема свои „видови“ Very Happy Еден ист модел е секаде низ светов - 2 раце, 2 нозе, труп и глава. Very Happy
Ме чуди како тоа од ниедно друго животно не се развило суштество на исто ниво со нас, па дури и повисоко? Зошто па ние (луѓето) да се сметаме за најпаметните суштества во универзумот?

За другиот “модел“ на човекот пишав во првиот текст КРОМАЊОНЕЦОТ. И дали сме имале среќа или нешто друго е посреди немам одговор. Но факт е дека тој изумрел а НИЕ сме опстанале.

А дали сме стварно најпаметни или само си се умислуваме, тоа исто така е голем знак прашалник. Question Question Question
Јас и не сум баш 100% убеден во таа констатација. :hide:
Вратете се на почетокот Go down
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Сре 04 Мар 2009, 9:33 pm

СтончиС напиша:
Цитат :
А само човекот нема свои „видови“ Very Happy Еден ист модел е секаде низ светов - 2 раце, 2 нозе, труп и глава. Very Happy
Ме чуди како тоа од ниедно друго животно не се развило суштество на исто ниво со нас, па дури и повисоко? Зошто па ние (луѓето) да се сметаме за најпаметните суштества во универзумот?

За другиот “модел“ на човекот пишав во првиот текст КРОМАЊОНЕЦОТ. И дали сме имале среќа или нешто друго е посреди немам одговор. Но факт е дека тој изумрел а НИЕ сме опстанале.

А дали сме стварно најпаметни или само си се умислуваме, тоа исто така е голем знак прашалник. Question Question Question
Јас и не сум баш 100% убеден во таа констатација. :hide:
Извини што упаѓам вака cyclops ама нели го спомна НЕАНДЕРТАЛЕЦОТ?Еве ви еволуцијавиди тука :hayel:
Вратете се на почетокот Go down
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Чет 05 Мар 2009, 3:08 am

Неандерталец, Кромањонец или Крапински човек се му то доѓе исто. За истиот „ВИД“ на човек се мисли.
А ова видеово е солиден приказ на еволуцијата низ слики и тоа кон што се “стремиме“ . :roll:
Вратете се на почетокот Go down
Далила
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 783
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Чет 05 Мар 2009, 3:36 pm

СтончиС напиша:
Неандерталец, Кромањонец или Крапински човек се му то доѓе исто. За истиот „ВИД“ на човек се мисли.
А ова видеово е солиден приказ на еволуцијата низ слики и тоа кон што се “стремиме“ . :roll:
Е баш не е така...Неандерталецот е постар вид што ми се чини дека изумрел ,а Кромањонецот е сличен тип ,но многу понов и се смета за предок на денешниот човек,нешто така мислам дека беше scratch ама еве линкови за НЕАНДЕРТАЛЕЦОТ И ЗА КРОМАЊОНЕЦОТ
Вратете се на почетокот Go down
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Чет 05 Мар 2009, 9:12 pm

Се извинувам за непрецизноста, ама и на почетокот реков дека можно е и да згрешам со некои факти. (не сум антрополог)
Значи вака Кромањонецот е под вид на Хомосапиенсот (денешниот модерен човек) а Неантерталецот е сосема различен од нив односно конкурентниот вид на луѓе. Неандерталец е „Крапинскиот човек“ најден во пештерата Крапина во денешна Хрватска.
Овие два вида Кромањонецот и Неандерталецот биле во исто време и на исто место, си биле јака конкуренција едно 20-30 000 г.
Се до пред 24 000 г. кога изумреле Неандерталците а Кромањонците успеале да поживеат до пред 10 000 г. кога и тие исчезнале. scratch

Ма многу се измешав сеа и јас. Па кои сме ние сега. Сите предци ни изумреле. Размислувачот Размислувачот Размислувачот

Јас викам дека ние луѓето сме Марсовци. тра-ла-ла Кој сака нека ми верува. :D
Вратете се на почетокот Go down
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Пет 06 Мар 2009, 3:56 am

СтончиС напиша:
Неандерталец е „Крапинскиот човек“ најден во пештерата Крапина во денешна Хрватска.
На различни документарци и на различни интернет страници има многу „контреверзни“ податоци за Неандерталецот.
Еден од податоците е и следниов: Неандерталецот е наречен по долината Неандертал во Германија во која во 1856 година биле најдени череп, скелет и други коски од овој вид луѓе.

Едвард Рубин од Националната Лабораторија Лоренс Беркли во Беркли, Калифорнија тврди дека последните генетрски тестирања направени врз коски од Неандерталци укажуваат на тоа дека DNA структурата на Неандерталецот е 99.5-99.9% идентична со DNA структурата на човекот.

Или со други зборови, мислам дека се уште не може со голема сигурност да се тврди за видови и подвидови на денешниот модерен човек (хомосапиенс).

..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   Пет 06 Мар 2009, 11:38 pm

СтончиС напиша:
Има една изрека „Работата го создала човекот“ scratch
Нели нашите предци одкако почнале да “работат“ се изградиле во интелигентни суштества.

Дури подоцна тоа нешто можее да се нарече работа, на почеток било обично испитување на околината ( љубопитност ), задоволување на физиолошки потреби хранење ( лов и берење на плодови ) или заштита од временски непогоди ( пронаоѓање на засолништа ) и слично.
Да не заборавиме, најверојатно љубопитноста го и открила тркалото, постојана случка со некаков тркалезен предмет го освестила пронаоѓачот и еве веќе имаме алат.
Така на тој начин се развивала свеста, надворешните фактори извршиле влијание врз инстинктите, значи инстинктот еволуирал во свест.
Кај некои наши прапредоци кои немале потреба од таквите активности, кои живееле во помалку сурови предели, свеста се поспоро развивала или пак воопшто не се развивала.
Како доказ на оваа го наведувам примореот со инстинктите, какви се кај нас а какви се кај другите животни.
Слухот и видот речиси ни се скроз закржлавени во однос дури и на најприближното суштесво како што е мајмунот, ист случај е и со самоодбрамбениот инстинкт.
Пример со домашните животни кравите и дивите животни слични на нив бизоните, со генерации на назад на кравите човекот им помагал во исхраната во репродукцијата и слично, да се пушти новородено теле во крдо на бизони ке умре, не поради тоа што крдото нема да го прифати туку поради тоа што нема да умее да се снајде.
Од друга страна пак нивните диви еквиваленти сами си се снаоѓаат во природата, значи инстиктите им останале тие, непроменети.

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/GokaGrozni
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Значењето на животот   

Вратете се на почетокот Go down
 
Значењето на животот
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ФИЛОЗОФИЈА И РЕЛИГИЈА-
Отиди до: