Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Адет, велики поклади Пон 23 Фед 2009, 10:51 pm
Прочка Од Википедија, слободна енциклопедија
Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни. Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.
Во Куманово порано на чист понеделник се играла една стара игра која локално ја неркуваме ЏИЛИК, се играла фамилијарно по сокаците.Се пали и огин КАРЛАВЕШНИЦА, кој се прескокнувал три пати и на крајот кога ке згасне огинот се мачкале меѓусебно учесниците на адетот со црниот пепел.Се верува дека огинот ги истерува демонските сили од човекот како што се разно-разните караконџули и талсмани, додека пак добро измачканото лице е знак дека таа персона ке нема буви.Во недела се оди традиционално на гости кај дедото ( на супругата татко ) се бацува рака, кумот исто така не смее да се одмине и се бара прошка.Златна прочка денес ај простими ако сум грешел, со тие зборови се бара прочка.Постариот ти одговара, просто нека ти е и од мене и од бога.Во постаро време имало и маскембал во мојот град ама сега таа традиција е подзаборавена, стандардни маски невеста и младоженец, и така шетале како парада низ градот.Ахх .. даа .. и си ја гледаме на телевизија драмата на Васил Иљоски Ленче Кумановче, последниве 15-16 години ја немаат прескокнато.
Леле што вовед сум вовел на темава, да скратам. Ај да се простиме ко луѓе, адетот да го истераме до крај, оти чуму ни се адетиве.
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Адет, велики поклади Вто 24 Фед 2009, 12:15 am
Ете така, брате, што убав празник е ова, а не Тенкс гивин’ и слични глупости....
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Адет, велики поклади Вто 24 Фед 2009, 1:04 am
Цитат :
кумот исто така не смее да се одмине и се бара прошка
Јас да си потенцирам. :D
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Адет, велики поклади Вто 24 Фед 2009, 1:30 am
СтончиС напиша:
Цитат :
кумот исто така не смее да се одмине и се бара прошка
Јас да си потенцирам. :D
Секако, ќе си побарам јас прошка, и во аванс нешто ако може
Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Адет, велики поклади Саб 28 Фед 2009, 1:17 pm
Ја со никого не сум скарана
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Адет, велики поклади Нед 01 Мар 2009, 10:36 am
Простете ако минативе шест месеци сум ви погрешил .
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Адет, велики поклади Нед 01 Мар 2009, 2:02 pm
Простете ми ако сум ви згрешил нешто, ненамерно било.
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Адет, велики поклади Нед 01 Мар 2009, 3:27 pm
Ајде за многу години празников!
Простете ми што сум ви згрешила, а и од мене нека ви е простено!
Јас вчера бев малку во Прилеп, за жал не можев да останам и денес, иако уште од вчера ветуваше дека ќе биде интересно. Имаше убави маски и настани, а се спремаше и бината за вечерта. Прилеп беше многу разубавен.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Адет, велики поклади Нед 01 Мар 2009, 3:54 pm
Простете ми ако сум згрешил нешто. Ваш, SiNaPsA`
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Адет, велики поклади Нед 01 Мар 2009, 4:13 pm
Основа на добро пријателство е искреноста, разбирањето и почитувањето. Не може пријателство да се заснова на материјална корист или интерес. Јас драги мои форумџиски пријатели мислам дека немам материјални побараувања или долгови кон никој од вас (ако должам некому нешто нека ме потсети ). Јас моето пријателство со сите вас, го заснивам на искрената и отворена комуникација што ја имаме, и што се трудам секојдневно да ја остварам. Секогаш сум се трудел да бидам искрен, отворен и да го почитувам туѓото мислење и став. Некогаш ако не сме се разбрале како што треба или ненамерно сум повредил некој од вас, искрено ве замолувам за прошка и пријателски подавам рака.
Простено и од мене и бога, драги пријатели/ки.
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Адет, велики поклади Нед 01 Мар 2009, 5:58 pm
СтончиС напиша:
Јас драги мои форумџиски пријатели мислам дека немам материјални побараувања или долгови кон никој од вас (ако должам некому нешто нека ме потсети ).
Мене, мене ми должиш 500 евра! Мене!
(ајде и другите јавујте се, Тончи е расположен да дава пари )
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: Адет, велики поклади Нед 14 Фед 2010, 7:54 pm
Простете ми !
P.S.И за многу години Св.Трифун, коџа бериќет годинава, бистро вино и оган ракија ! Па да венчаме, крштеваме, се за арно и веселба, полни буриња и насмеани лица !!