1. Честитки за нашите репрезентативци за победата против Исланд.
2. Анализирајќи ги двата натпревара (лаички како гледач) против Норвешка и Исланд, мислам дека паднаа во вода сите претходни изјави на екс селекторот (препотентниот) Катанец дека немаме поголем избор на фудбалски кадар. Доказ за тоа се: Филип Ивановски, Славчо Георгиевски, Деспотовски и другите кои беа повикани да бидат дел од овие два натпревара.
За да бидеме уште поуспешни мислам дека ни фали и подобра психолошка подготовка и тактичка уиграност со поголем број на кратки подавања.
3. Дали некој ги броеше лапсусите на коментаторот на ТВ Сител?
- Во септември играме во Глазгов против Исланд?! - Од кога тоа Глазгов е главен град на Исланд??
- Холандскиот судија направи лоша проценка. - А, судијата е од Франција.
- На повторената акција да видиме што се случуваше... - Акција = репетиција???
4. М`шки одиграно у кладилница:
5.
МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА