Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Јас гласав дека нема да носам маска. Не е да мислам дека неможам да се заразам од вирусот, односно дека сум нешто отпорен, туку дека шансите за тоа се многу мали, односно ако се остави на природата речиси никакви. Во сезона на вируси сосема нормална појава е и овој вирус а медиумите непотребно ја надуваа цела работа околу овој СТРАШЕН вирус. Идејата на некои е, преку ширењето на страв и паника кај луѓето полесно да ги контролира. Во време на глобална криза кога се јавуваат голем број на незадоволни и несреќни (без работа, во долгови....) единствен начин да ги спречиш да се организираат за протести... и да се изборат за некоја си помош или решение за излез од безизлезот, е да им речеш: „Поради опасност од СТРАШЕН ГРИП да се избегнува секаков вид на собирање“ И нормално, резултатот е луѓето во страв да се затворат по дома и да се малтретираат секојдневно со надувани ЕКСПЕРТСКИ прогнози за пандемии катастрофи итн. итн. и да бидат “среќни“ што ете сепак има и полошо. Ете това е моето мислење за паниката и стравот предизвикани од овој мутиран ПТИЧЈИ такозвани СВИНСКИ (појма немам зошто) грип со ознака А1H1N1.
Вто 05 Мај 2009, 1:09 pm by VoniVaraS