ФОРУМОТ Е НАШ
Нашата нова Бугарскo-Букефалистичка историја 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Нашата нова Бугарскo-Букефалистичка историја 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Нашата нова Бугарскo-Букефалистичка историја

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Нашата нова Бугарскo-Букефалистичка историја Empty
ПишувањеПредмет: Нашата нова Бугарскo-Букефалистичка историја   Нашата нова Бугарскo-Букефалистичка историја EmptyСаб 18 Фед 2012, 1:30 pm

Нашата нова Бугарскo-Букефалистичка историја

Почитувани
Имаме посебна чест и задоволство да ви ја претставиме нашата нова Бугарско –Букефалистичка историја . Имено откако утврдивме дека цело време сме биле лажени за нашата историја како дел од нашиот идентитет ете ние собравме толпа врвни уличари пардон историчари кој собраа докази од улица од рекла –казала од кафани – пијани муабети а исто така и во соработка со врвни странски разузнуавачки служби и нивни пропаганди и така ја составивме нашата нова историја како за еден сосема нов народ .
Па Нашата нова Бугарско-Букефалистичка историја би изгладала вака некако :

Ѕвездената флота испитуваше една галаксија кога наиде на една планета која ја нарече Земја и која и која ветуваше одлични услуви дека може да биде населена . Се собраа командантите од ѕвездената флота и опукаа еден Васељенски-Интергалактички састанак .Тогаш беше решено прв на земјата дабиде испратен еден Македонец да ги испита условите за живот .Го телепортираа на местото кое го нарекоа Бук*решт Но Македонецот само што го допре тлото веднаш се распадна Тоталка ништо не остана од него . Командантите на флотата се исплашија и му ја спраштија во непознат правец .
Но тие незнаеја дека некој остатоци од Македонецот успеаја да преживеат Имено така настана првиот едноклеточен организам на Земјата .Добро де имаше и други ама тие не беа баш онака чистокрвни македонски едноклеточни организми што би се рекло у срце у душа .Па така почна животот на Земјата Потоа се развија и многу други суштества Понатму со Земјата завладеаја огромни комунистички диносауруси и овие владееја неприкосновено дооолго време на земјата Но еден ден акна една карпа од вселената и малку фалеше целиот живот на земјата да изумре бидејќи се дигна голема прашина која ја замрачи целата планета и траеше неколку години .Беа тоа мрачни години на приватизации , лустрации , информативен мрак итн
Но еден ден прашината спадна и изгреа новото сонце на слободата .Комунистичките динусауруси не го преживеаја ударот и мрачното доба.Сите полипшаа .
И букна нов живот на земјата Па така ситната боранија која комунистичките диносауруси цело време ја газеа и и јадеа сега се наможи насекаде Од земјата изникна и празна слама за млатење како и многу дрјва некастрени . А цицалчињата кој во времето на диносаурусите живееја и ровараа подземја сега излегоа на површината и од нив настанаа многу животни и човекот
И така почна модерната човечка историја .

Најстарите записи од човечката историја кажуваат дека Античките Македонци со сламени цевки го поминале замрзнатиот Дунав за кој мислеле дека е лизгалиште и ги нападнале Словените на Балканот и ги избркале Така Античките Mакедонци трајно се населиле во Македонија
Протераните Словени избегале во Мала Азија и таму се судриле со Полат Алендар и неговата верна дружина Познати битки се воделе кај Ис и Гавгамела каде Словените извојувале големи победи . Најпрочуени борци меѓу Словените биле Бата Живоинович , Борис Дворник , Франко Неро , Орсон Велс , Јул Бринер , Љубиша Самарџич итн Колку само страшен бил нивниот воен поклич “Јуриш брачо тифусари “ Малце Рамбо покушал да ги сопре али ништаааа добро набачена лопта добар диблинг али лош завршатак И така Словените освајале се до Карпатите Дип ептен планините ги сопреле инаку ...
Но и Античките не седеле со скрстени раце па и тие организирале походи на море и копно .Па така краљот Пир со неговата флота отишол да војува со Сандокан .Додуша битката никогаш не се случила бидејќи овој го згрешил правецот Но сепак неговата експедиција била успешна бидејќи завршила на островот Галапагос Таму имало корњачи ама овие биле поразвиени од типот нинџи познатите нинџа желки Е тогаш Дарвин рекол : “пази мајку му како се безобразни овие божјите креации , си еволуирале самите од се*е во посовршени видови без никого да прашаат“ Ондак се одиграле и познати копнени битки Меѓу најпознатата е кај Литл Биг Хорн помеѓу Ѓорѓија Кастриот кој Инглизите си го потурчиле по нивно демек Џорџ Кастер и племињата Индијанки и Еклери .И така загина црни Ѓорѓија ..од прејадување . Понатаму бил освојуван и дивиот Запад а најпознати борци биле Клинт Иствуд , Џон Вејн а такуџе имало и познати борци од шпагети вестерн како се викаше оној речи го ..добро нема везе ќе ми текне.Се подразбира дека не било запоставено и освојувањето кон исток Па така во славното Смилево одкако претходно набавиле согласност од махараџата се донела одлука да се испратат планинари да ги освајаат Хималаите Требало да испратат експедиција и на Килиманџаро ама виделе дека благајникот им ги здрпал парите па таа експедиција била откажана .Во исто време на другиот крај на светот за прв претседател на Крушевската Република беше избран султанот Мехмед Втори – Освојувачот .
Е сега нормално е дека имало и порази и ослободување од окупаторот Па така за претседател на АСНОМ беше избран царот Борис .

Тоа би била нашата нова историја во груби црти .
И ? Како ви фаќа око нашата нова историја ?
Ај ај не се срамете слободно може да пуштите некоја солза радосница .Ако ништо друго сега имаме заедничка историја со сите народи во светот па сите нивни празници ќе ги празнуваме и ние ...365 дена во годината .

Вратете се на почетокот Go down
 
Нашата нова Бугарскo-Букефалистичка историја
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ЗАБАВА-
Отиди до: