ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Зошто МПЦ не го осудува Груевски како што тоа го стори со Љубчо Георгиевски ?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Зошто МПЦ не го осудува Груевски како што тоа го стори со Љубчо Георгиевски ?   Пон 16 Дек 2013, 4:21 am

Зошто МПЦ не го осудува Груевски како што тоа го стори со Љубчо Георгиевски ?

Да се потсетиме :

1)
Синодот на Македонската православна црква реагира на изјавите на Љубчо Георгиевски.
18 јули 2012
Синодот на Македонската православна црква реагира на изјавите на Љубчо Георгиевски.
Како духовна MAJKA на секој православен Македонец, но и поради своевидната директна ЗАСЕГНАТОСТ , Македонската православна црква не може а да не ја искаже својата вчудоневиденост и запрепастеност од зачестените изјави на поединци и партии, со кои не само што се удира по јазичниот и национален ИДЕНТИТЕТ на македонскиот народ, туку преку говорењето на невистини до крајни, нечовечки граници, се омаловажува секој труд и секоја ЖРТВА на нашите ПРЕДЦИ , но и на нашите современици, за самостојна и просперитетна Република Македонија.
Го повикуваме нашиот народ не само да остане глув на ваквите користољубиво-должнички емисари на пропагандите од 19. век, туку на легитимен, правдољубив и демократски начин да ги „награди“ со КОНЕЧЕН ЗАБОРАВ и да им го покаже нивното место ВО СВРШЕНОТО МИНАТО. А, најгласниот говорител на нечуените фалсификати и лаги за македонската вистина го повикуваме јавно да ѝ се извини на македонската јавност.
2)
Без Македонската Црква нема опстој на народот и на државата (14.04.2007)


МИТРОПОЛИТ КИРИЛ: Летото 2007 Господово, во кое со Божја милост и помош туку што заодевме, е од особено значење за верните македонски чеда, без разлика каде и да живеат на Земјата. Сите годинашни празнични чествувања ќе бидат збогатени со значајни содржини и торжествено одбележување на 40-годишното творештво и растеж на нашата возобновена древна Охридска архиепископија, како автокефална Македонска Православна Црква.
Во последно време т.н. заедничкиот настап на СПЦ и ГПЦ е префрлен на меѓународно поле, се лобира за признавање на т.н. “Јованова црква“!?
МИТРОПОЛИТ КИРИЛ: Нивниот однос не е ниту човечки, ниту христијански, а уште помалку евангелски. Со ваквите непримерни однесувања тие практично сакаат само едно, да нѐ нема како македонски народ, како македонска држава и како МПЦ. Сакаат да нѐ разнебитат и да нѐ откопачат од нашите многувековни македонски простори на Балканот. Тоа и ден денес уште пожестоко го прават здружени Српската и Грчката црква, кои продолжуваат со целта за да нѐ одродат и обезименат.

Зарем треба уште да се залажуваме и да се надеваме на нивните добри намери? Нивната стратегија е долгорочна и валкана. Последниве години целосно ВО СЛУЖБА ИМ СЕ СТАВЕНИ ОДРОДИ , ПРЕДАВНИЦИ И АРАМИИ на чело со Зоран Вранишковски, кој се покажа како најголем “лажов“ и арамија во историјата на нашата Света Црква. Српската црква во договор со Грчката црква знаат дека ако ние го загубиме името и автокефалниот статус на нашата Света Црква, со тоа ги губиме македонскиот идентитет и суверена Македонија.

На 17 и 18 јули 1967 г., во нашиот древен Ерусалим, во Охрид, ја поправивме големата историска неправда од 1767 г. кога неканонски беше укината нашата Охридска архиепископија. Со историската одлука Светиот Архијерејски Синод, потврдена на Црковно-народниот собор, ја вративме духовната слобода на нашиот народ и правото на полно слободно црковно и духовно живеење и творење во татковината и во дијаспората. Со тој чин му ги вративме честа, достоинството и гордоста на нашиот род, на татковината и на нашата Света Црква, која има апостолско преемство.



Без народ нема држава. Без држава нема опстој на народ. Без народ и држава нема опстој на автокефална црква. Без црква нема опстој на народ и на држава, од причини што не може да се доживее полнотата на слободата, државотворна, национална, културно-просветна и духовна. Македонскиот богољубов народ и држава го претставуваат нашиот македонски организам, нашето тело. Македонската црква е нашата македонска душа.

http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=1944

преземено од неделникот „Македонско Сонце“, 6.04.2007 год.
http://www.makedonskosonce.com/broevis/2007/sonce666_667.pdf/08_13_intervju.pdf

3)
Е сега имаме ситуација кога Груевски и ДПМНЕ :

А )
Груевски и ДПМНЕ поставуваат споменик на Симеон Радев човекот кој во Бук*решт ја потпиша спогодбата за распарчување на Македонија

Б )
Груесвки и ДПМНЕ поставуваат споменик на Српски цар Душан и праќаат специјалци да го чуваат небаре којзнае што им значи на Македонците но со тоа Србите си обележуваат територија за освојување .
Имаме Србизација на Македонија нее само споменикот на Душан во прашње

В )

Имаме антиквизација –грцизација на Македонија и Македонците од 2006 година па наваму негирање на Македонскиот Словенски ИДЕНТИТЕТ практично одкога Груевски иДПМНЕ се на власт

Итн
Итн

И камо осуда од МПЦ кон Груевски и ДПМНЕ како што тоа го направија со Љубчо Георгиевски .

Или Љубчо им чинеше додека беше на власт кога им враќаше имоти им градеше цркви ги тинтреше .
Е сега нечини Љубчо чини Груевски оти он ги тинтри а е стопати дабетер од Љубчо .
Или тоа користољупците од МПЦ кој е на власт со него се ........од каде поддувнува ветренцето они од таму си вртат газенцето .
Вратете се на почетокот Go down
 
Зошто МПЦ не го осудува Груевски како што тоа го стори со Љубчо Георгиевски ?
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: