ФОРУМОТ Е НАШ
Дали новите партии се партии или се анти-партии 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Дали новите партии се партии или се анти-партии 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Дали новите партии се партии или се анти-партии

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали новите партии се партии или се анти-партии Empty
ПишувањеПредмет: Дали новите партии се партии или се анти-партии   Дали новите партии се партии или се анти-партии EmptyЧет 07 Ное 2013, 11:03 pm

Дали новите партии се партии или се анти-партии

Има две нови партии ГРОМ на Стефчо Јакимовски и За позитивна Македонија на Љупчо Зиков .
Добро е да се има освежување на политичката сцена нее спорно едни партии се гасат други се формираат и тоа е континуиран процес во една демократија .

Е сега ајде одма да не ги етикетираме дека се приврзок на оваа или онаа партија .
Тука само ќе го поставиме прашањето дали се партии сосвој автентични видувања на состојбите и кој нудат свој автентични решенија на проблемите или се само обични движења квази партии .....магарешки партии кој постојат ради нечји инает што ќе рече како анти-партии .

Ова одтаму затоа што сега во Македонскиот блок имаме една полупартија –СДСМ како партија и друга магарешка анти партија АНТИ-СДСМ позната и како ДПМНЕ која како единствена можна причина и смисла на постоење на политичката свена која може да ја наведе е дека постои поради инат на СДСМ .

Еве деновиве гледаме на комисијата на финасирање и буџет ДПМНЕ ги нуди потполно истите ставки во буџетот за 2014 година исто како што прави од 2006 година до денес .
Со секој буџет за секоја нова буџетска година има ИСТИ СТАВКИ за исти мостови , за исти училишта , за исти патишта .... И кај секој буџет истите училишта мостови , патишта итн дека ќе се завршат за една година .А абер нема ни од градба ни од ништо .И така од 2006 година до сега а ете и со новиот буџет иста прикаска .

А од друга страна на сите избори на кој победува АНТИ-СДСМ (позната уште и како ДПМНЕ ) излегува со “отчет” и излегува со нови и нови ветувања за препород во сто чекори , на минатите избори за 10 000 нови проекти (абе Америка со толку проекти наново ќе се изгради ) итн итн а реално абер нема од ништо од сето тоа сее е тоа ветар и магла .

И не дека на АНТИ-СДСМ (позната уште и како ДПМНЕ ) не им е јасно туку како што рековме луѓево како опрадување за своето постоење цело време се повикуваат дека постојат само заради една причина а тоа е постоењето на некоја друга партија која има назив СДСМ .
Своето постоење го врзале за постоење на некоја друга партија немајќи своја автентичност , свој автентични видувања за работите и свој автентични решенија кој ќе соодветствуваат со реалноста во која се живее во Макеоднија .

ДПМНЕ имаше можност да биде автентична партија во времето на Љубчо Георгиевски 1998 година кога доаѓајќи на власт кажа дека е наследена лоша состојба но дека нема да вршат политички реваншизам , ќе го ослободат капиталот од стегите на политиката , итн и со низа мерки активности практично ќе докажат дека може да се владее подобро од СДСМ .
И беше така веднаш се почуствува нова клима , повеќе работни места , повеќе пари циркулираа меѓу луѓето , поголема слобода итн И покрај лажната миљарда на Топурко , и покрај бегалската криза со големиот број бегалци од Кососво ,сепак иако неможеше да се достигне животниот стандард од Социјализмот што и не беше ведаш можно кога се создава нова самостојна држава која има поголеми трошоци отколку кога тие трошоци ги делела во бившата федерација .На крај тоа беше насила прекинато од војната 2001 година .Како , зошто била таа војна има поупатени кој можат да дадат покомпетентни одговори сега нее таа темата .
Како и да е во времето на Љубчо Георгиевски ДПМНЕ имаше можност навистина да покаже дека е автентична политичка партија .

А потоа 2006 година доаѓа на власт Груесвки и ДПМНЕ станува само обична табла со натпис а се создава нова АНТИ-СДСМ квази партија уствари анти-партија која целото свое постоење го оправдува со постоењето на некоја друга партија наречена СДСМ .
И цело време имаме расипана грамафонаска плоча . Буанко е куиф , Зоуан и куиф , Уадмила е куифа , СДСМ екуиф ..секој е куиф
Имаме комплетно неавтентична партија поточно анти-партија која како единствен изговор за своето постоење од 2006 година до денес го наведува постоењето на некоја друга партија .Веќе денес АНТИ-СДСМ веќе неможе да каже дека е воопшто и некаква политичка организација бидејќи не признава правен систем , има терористички паравоени формации организации , Мијалков прислушкува и политички противници но и АДВОКАТИ како што беше случајот со Велија што е најстого забрането и треба веднаш да биде притворен оти во суд приложува снимки како ги прислушкувал адвокатите на Велија со што нее можна изградба на стратегија за одбрана на клиентот исто како да немаш адвокат, Имаш рекетирање на фирмите па ако во време на СДСМ имаше еден октопод (на Соња) сега АНТИ-СДСМ цела Македониај ја претвори во огромен октопод . Имаш АНТИ-СДСМ една анти-партија како акционерско друштво без никаква одговорност .Политички реваншизам иако никој не знае за што е раваншот кога луѓето од АНТИ-СДСМ никогаш никој не ги малтретирал или прогонувал .АНТИ-СДСМ е повеќе некаква илегална криманално терористичка банда отколку некаква регуларна политичка партија која очигледно е дека се откажала од регуларното политичко дејствување на политичката сцена .Не признава ни устав ни закон , рекетира фирми , прави монтирани судења во истите таканаречени судови кој и самата не ги признава .

И сега во една ваква ситуација би требало да ги поставиме следните два најбитни прашања .
1)
Како новите партии ќе го вратат уставно правниот поредок во Македонија бидејќи имаме комлетно беззаконие –анархија кое се прикрива со силен терор врз сите политички противници но и врз целото население .Ова е најбитно бидејќи кога се создава држава прво се созваваат правните основи темели –уставот и сите закони според кој ќе функционира државата а ете АНТИ-СДСМ (ДПМНЕ)комплетно ги разруши исега имаме дива лига , територија без воспоставен уставно правен поредок.
Ова повеќе би се однесувало на Зиков кој тврдеше (незнам дали сеуште е така) дека државниот преврат од 24 декември е ништо дека тоа таму Мијалков , Грујо ,Јанкуловска , Ставревски донеле нивни луѓе силеџии у собрание ги претепале пратениците и јак штик живот тече даље како ништо да не се случило .
Дали и Зиков мисли да владее на ист начин .
Да биде АНТИ-СДСМ . Или може целта нее да се освои власта туку да се освои местото на опозицијата ..да се биде СДСМ .
Исто треба да се изјасни и Јакимовски .

2)
Имаме егзодус на 500 000 граѓани од Макеоднија .Од 2006 година до сега поради теророт на АНТИ-СДСМ од Макдеонија се имаат иселено пола милијон граѓани-државјани .Ваков ПОГРОМ , вакво ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ пред се на Македонците кој се иселуваат трајно сосе фамилии , ваков ГЕНОЦИД (оти е геноцид штом АНТИ-СДСМ цело време во прашање им го доведува нивното физичко постоење и тука неможе да бидат Македонци па кога мора да бегаат ќе ми ти биле Македонци било каде во светот ) ....НЕЕ ЗАБЕЛЕЖАН НИТУ ЗА 500 ГОДИНИ ТУРСКО ВЛАДЕЕЊЕ , ниту Српско ниту Бугарско ниту било чие друго .

Ова е веќе геноцид со катастрофални катаклизмични уништувачки последици и прашање е дали и сега ако се сопрат дивјаците од од АНТИ-СДСМ ќе може да се санира и колку време ќе треба населението бројно да закрепне .
Ваков геноцид на овие простори историјата забележала пред доаѓањето на Османлиите кога имало православна религиозна анархија .Со доаѓањето на Османлиите после неколку векови Балканските словенски народи полека закрепнале од генозидот .И сега еве од 2006 година одкако е АНТИ-СДСМ се случува истата работа .

По ова прашање нешто малку се произнесе Зиков но сето тоа е премалку да се заклучи како кога би дошол на власт би го сопрел геноцидот кога веќе имаме стампедо од луѓе кој по секоја цена сакаат буквално да избегаат од дивјаштвото на АНТИ-СДСМ .
По ова прашање повеќе треба да произнесе Јакимовски кој се залагаше за комплетно укинување на работничките права ...неговото познато ..”работниците се позштитени од мечките “ .Дали сеуште го мисли и тврди истото или се предомислил.
Е еве сега е по негово не се заштитени работниците .Ама веќе и снемува работници Си отодоа и масовно си одат сите способни и општо работоспособни од Македонијава .

Ете не работеле работниците во фабриките како велеше ама сега и нема фабрики АНТИ-СДСМ ги дозатвори и тие што останаа а и зошто некој би работел за безпари .
100 евра месечно нее работа за плата оти тоа нее плата туку работниците ги частат газдите за овие да може да им се ку*чат дека се газди .Работата е дојди биди ми роб напрај ме газда .
И ете добро тоа сме биле луѓе од Социјализмот .
Прашање :
Ами Јакимовски дали ги смета новите генерации деца за малуомни .Дека ќе знаат компјутери , странски јазици , ќе научат некој месец да работат ако треба (како што стварно и е) за безпари .И ? Јакимосвки дали смета дека ете новите несоцијалистички генерации ќе му работат за безпари ..дека се малоумни .
Што знам ...јас не гледам дека е баш така .
Затоа младите сосе фамили топтан се иселуваат во странство трајно и веќе не сакаат да слушнат ни за Макединја ни за патриотизми и било какви срања .Толку се изреволтирани што сигурно нема да инсистрираат нивните деца во земјите каде се иселиле да негуваат Макеоднски чуства , јазик и традиција .Тие луѓе Македонија под теророт на АНТИ-СДСМ неповратно ги изгубила засекогаш .

Или Јакимовски мисли на финтите од АНТИ-СДСМ демек левичарски мерки ..ама нема левичарски ефекти .Ако имаш пола милијон луѓе иселени и секој гледа да избега од пеколот Македонија тогаш АНТИ-СДСМ џабе се фали дека донела левичарски мерки кога никаде не се гледаат ефекти од таквите мерки туку имаш ПРАЗНИ територии оти луѓето масовно се ислуваат .Не се иселуваат од убавина од што сакаат туку АНТИ-СДСМ во прашање им го доведува биолошкото постоење .

Ако тие што биле производни работници биле позаштитени од мечките еве сега АНТИ-СДСМ вели “ние ќе ве фработуеме у администрација” и тоа и го прави .
Ама тоа нее вработување туку трошок на буџетот а производни работници кој го полнат буџетот веќе снемува си заминаа и си одат оти не се согласуваат АНТИ-СДСМ да ги уценува за прост биолошки опстанок.
Итн
Итн
Нее спорно дали треба да има споредба со други политички партии .Се подрзабира дека имало и ќе има .Спорното е дали новите партии се автентични имаат одговори и какви се тие на двете во моментов најгорливи прашања или се само обични анти-партии како што е АНТИ-СДСМ (ДПМНЕ) кој се сведува ..”јас незнам што сакам ама знам дека сум против “ Ако си веќе сериозна политичка партија треба да се има заокружен концепт со конкретни автентични решенија препознатливи за партијата која ги предлага.
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали новите партии се партии или се анти-партии Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали новите партии се партии или се анти-партии   Дали новите партии се партии или се анти-партии EmptyПет 08 Ное 2013, 3:25 am


(Видео)Зоран Заев во промотивна офанзива на новата програма на СДСМ: Отвораме дебата со граѓаните за политичката програма!

Четврток, 07 Ноември 2013

Ви пренесуваме дел од обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Куманово, каде ја промовираше Предлог програмата на СДСМ


Државата се повеќе се задолжува и еве Светска банка констатира дека повеќе од 400-тини илјади луѓе, од кои што најмногу млади, заминале во последните неколку години од нашата земја. По поразителни факти и по секојдневно опипливи од овие нема.

http://maktel.mk/makedonija-2/item/7494-video-zoran-zaev-vo-promotivna-ofanziva-na-novata-programa-na-sdsm-otvorame-debata-so-gragjanite-za-politichkata-programa

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали новите партии се партии или се анти-партии Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали новите партии се партии или се анти-партии   Дали новите партии се партии или се анти-партии EmptyПет 08 Ное 2013, 10:57 am

Премиерот Груевски е опседнат со опозицијата

Но, Груевски, и покрај тоа што има многу поважни прашања во државава, сепак, не изостава вниманието на јавноста да го насочува кон тоа што прави опозицијата. Вчера ги демантираше обвинувањата од опозициските партии дека сознанијата за неформалната опозициска коалиција биле добиени од прислушување, но се задржа и на новиот тим на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=C65C892C14696D4DBD4BEBD97A436839


НЕЗАКОНСКА УПОТРЕБА НА ПОСЕБНИТЕ ИСТРАЖНИ МЕРКИ
Полициските снимки пресија за адвокатите

Валентина Стојанчевска

Незаконските полициски снимки НА АДВОКАТСКИОТ ТИМ на Велија Рамковски, сопственикот на телевизија „А1“, и на управителите обвинети во случајот „Пајажина“ се алатка за директен ПРИТИСОК ВРЗ ОДБРАНАТА, сметаат познавачите. Тие предупредуваат дека нарушувањето на приватноста, преку употребата на посебните истражни мерки, како што се прислушувањето, тајното снимање и следење, освен што ја доведува во прашање ЗАКОНИТОСТА на тие материјали, за кои обвинителите тврдат дека се докази, го нарушува и едно од темелните уставни права - правото на приватност.
На снимките, кои завчера обвинителството ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ пред обвинетите во случајот „Пајажина“, покрај нив и нивните семејства, тајно бил сниман И АДВОКАТСКИОТ ТИМ . Адвокатот Мирослав Вујиќ се нашол во доказниот материјал додека пиел кафе во едно скопско кафуле со негова колешка. Снимките биле направени на 26 и на 27 ноември, веднаш по упадот во „А1“.
- Не е проблемот во тоа што не снимале, туку во кој контекст не претставуваат. Која е целта со тоа што на обвинетите ќе им презентираат материјали од кои се гледа како тие одат на тенис, на риболов или на лекар, или ако не снимаат нам како пиеме кафе. Мора да се направи селекција на материјалот, да се уништи делот каде што има снимки од приватниот живот, а да се презентира како доказ само тоа што може да се употреби за докажување на некое кривично дело - рече адвокатот Мирослав Вујиќ.
На незаконска употреба и злоупотреба на посебните истражни мерки предупредија и стручњаците од областа на кривичното право и безбедноста.
- За овој тип криминал вообичаено не се применуваат посебни истражни мерки. Во Законот за кривична постапка јасно стои дека најпрвин мора да се исцрпат сите нормални мерки, а прислушувањето, следењето и снимањето да се остават како крајно средство. Очигледно е дека надлежните ГИ ПРЕКРШИЛЕ законите и Уставот и дека УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ на истрагата пукале од сите оружја - истакна универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев.
И останатите стручњаци сметаат дека досега само се покажало оти овие мерки не вродиле со плод, туку само ја загрозиле приватноста на обвинетите, на нивните семејства и на бранителите.
итн
15.01.2011 весник Време

Оној мрднатиот Сашо Мијалков од АНТИ-СДСМ (ако воопшто има некој нормален ) ги прислушкувал и адвокатите .
Во правна држава ваков болен ум или веднаш се става у затвор или во лудница да не се меша со нормалните луѓе .

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали новите партии се партии или се анти-партии Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали новите партии се партии или се анти-партии   Дали новите партии се партии или се анти-партии EmptyСре 20 Ное 2013, 3:01 am

Дали новите партии ако дојдат на власт ќе предложат закон за амнестија и рехабилитација на сите лица прогонувани и осудувани како политички противници од страна на криминално терористичкиата банда на ДПМНЕ од 2006 година наваму со што јасно би се оградиле од сегашниот терор на ДПМНЕ .
Исто така дали ќе донесат закон за лустрација на сите луѓе од сегашната гарнитура
на ДПМНЕ кој учествуваат во таквите прогони и монтирани политички судења .
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Дали новите партии се партии или се анти-партии Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали новите партии се партии или се анти-партии   Дали новите партии се партии или се анти-партии Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Дали новите партии се партии или се анти-партии
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: