ФОРУМОТ Е НАШ
Мирка Велиновска страдалничка и дисидентка  79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Мирка Велиновска страдалничка и дисидентка  79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Мирка Велиновска страдалничка и дисидентка

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Мирка Велиновска страдалничка и дисидентка  Empty
ПишувањеПредмет: Мирка Велиновска страдалничка и дисидентка    Мирка Велиновска страдалничка и дисидентка  EmptyПет 20 Дек 2013, 2:22 am

Новинарски херои и кукавици

16.12.2013
Ерол Ризаов
Стаписан сум од сведоштвата на храбрите новинари кои СТРАДАЛЕ со децении како ВЕЛИКОМАЧЕНИЦИ
Ги слушам и читам неколку мои колеги, големи новинари, како сведочат во парламентот за премрежињата низ кои поминувале, херојски војувајќи со децении во одбрана на професијата и вистината. Стаписан сум од судбината на овие храбри маченици. Длабоко сум трогнат и сочувствувам со нивните страдања во тие тешки времиња на терор.

Што да ви кажам, онемев, немам зборови од воодушевување за нивната саможртва. Не знам каде сте биле вие тогаш, почитувани читатели, и дали се сеќавате на злосторствата што биле извршени врз овие страдалници, ама за се*е мислев дека знам каде бев и што работев. Бев убеден дека знам што и како работеше најголемиот дел од новинарскиот еснаф и дека повеќе или помалку, барем меѓу се*е, сите знаеме кои сме и што сме. Сега по нивното трогателно сведоштво, испадна работата дека сме немале поим низ какви маки, прогонства, закани, монтирани судски процеси, осуди, притисоци поминале и не само што преживеале, туку по големи и тешки битки ја донеле новинарската слобода во државата. Тоа не ги прави среќни, туку се огорчени што големата слобода поминува во анархија, па секој може да зборува и пишува што сака без последици и одговорност. Затоа заговараат да се стави ред и поредок и во новинарството и во медиумите за се' да биде како што е во сите други делови на ова идеално општество. Нема режим во светот кој не бара ред во медиумите и да се ограничи злоупотребата на слободата и укинување на анархијата.

Не велам дека во минатото немало разни форми на притисоци врз редакциите, директорите, главните уредници и одделни новинари. Политичките влијанија, кадровските игри и економските пресии секогаш биле присутни. Некогаш тие биле посуптилни, а некогаш подиректни и погруби. Тој дел од битката за одбрана на самостојноста на редакциите, главно, ја презеле на свој грб директорите и главните уредници. По прогласувањето на независноста на државата, сопствениците на медиуми се клучните играчи дали редакциите ќе стануваат огласни табли и партнери на власта или ќе се стремат кон професионално и објективно новинарство. Независноста донесе уште една нова форма на суптилни влијанија на политиката врз новинарството кое не беше присутно на таков начин во еднопартискиот систем. Ако порано во централните комитети одеа по свое мислење директорите и главните уредници, сега во политичките, владините и партиските кабинети најчесто се присутни носечки новинари. Нивното влијание врз уредувачките политики и во јавноста стана значајно. Некои новинари кои денес сведочат како биле прогонувани не излегуваа од кабинетите на премиерите и на претседателите.

Сега дознавам преку нивното сведоштво дека тие не барале да одат таму секој ден, туку биле принудени да се мачат на работен појадок, ручек и вечера за да им се врши притисок што и како да пишуваат. Колегите немале дерман, големи маки биле тоа да се седи и да се работи во деаташирани редакции. Јас, пак, наивен им забележував кога пишуваа дека како Бранко Црвенковски ДРЖАВНИК СЕ РАЃА ЕДНАШ НА ИЛЈАДА ГОДИНИ. А вистината била во тоа што тие тоа го пишувале не оти биле импресионирани од големината на лидерот, туку биле присилени. Само некако не чув и не прочитав кога тие ги критикувале големите моќници, дали како сега кога се во опозиција, или кога биле на власт и кога биле најсилни. Универзалното светско правило на вистинскиот професионализам вели дека света должност на новинарството е да ги открива злоупотребите на владите и на најмоќните луѓе и центри. Тоа е причината зошто вистинските медиуми се нарекуваат совест на општеството.

Новинари кои направија имиња пишувајќи и критикувајќи, како што велат, во тешки услови на пресии сега во демократско општество и слободни медиуми се против преголемата демократија и слобода. Жестоко жигосуваат и сатанизираат се што критички се осврнува на владините политики и на потезите на власта. Ним не им е доволно нивното величење на власта, тие сакаат да прогласат за предавник и непријател секој што поинаку мисли.

Познавам лично повеќе одлични новинари во Македонија и на просторите на бивша Југославија кои никогаш од се*е не правеле вест. Туку вест биле нивните текстови и емисии. Работат или одработиле чесно без големи таламбаси и фанфари, без чалам и се*епромовирање во служба на политиката. Проблемите со власта и со притисоците се составен дел на новинарската работа, со која професионалците мора да се соочат и да ја водат битката. Дури и кога ја губат таа битка, од тоа самите не прават сензационална трагедија. Во здраво општество таквиот пораз е на сите слободоумни луѓе кои за тоа бараат одговорност. Заедничка карактеристика на добрите новинари е што секогаш биле критички настроени кон тие што одлучуваат за судбините на граѓаните. Не е можен баланс меѓу власта и опозицијата. Тие што одлучуваат се под лупата на јавноста. Блискоста со политичките лидери и владини кабинети, гарнирана со коруптивно рекламирање, која се одразува врз објективноста на медиумите, е голем срам во новинарството. Поголем срам е само ликвидирани новинари и новинари в затвор поради напишани текстови. Не слушнав во сведоштвата на хероите дали сме поблиску до едниот или до другиот срам. Или до двата.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=B7A76BD5DA98604E8417585CF7F8E20F


Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Мирка Велиновска страдалничка и дисидентка  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мирка Велиновска страдалничка и дисидентка    Мирка Велиновска страдалничка и дисидентка  EmptyПет 20 Дек 2013, 2:23 am

Што бе и Мирка премина во дисиденти ?
Ахххахаха хахаха хахахаха

Јаој људи моји јел то могуче .
Абе (и претходно напишав во друга тема ) уште ме држи сеќавање кога Љубчо Георгиевски му плесна у фаца на Бранко Црвенковски (тогаш имаше тв дуели кукавици безмудници како Груевски никој немаше ниту да ги гласа ) дека Мирка Велиновска не излегува од негов кабинет додека не ја делнат килајката Виски .(Бранко немаше коментар ниту било кога потоа тоа го демантираше ) .

Еве сега и Љубомир Фрчовски и Ерол Ризаов во својте колумни го потврдуваат истото .
И оваа пијандура била прогонувана од некого .
Ахахаха хахахха

Не бе ја мислам дека Мирка нелаже .
Она само несмее да ја кажува вистината оти така и наредил докторот .
Таква и е медицинаската терапија .Ако кажува вистина може да ја стрефи дамла .

Не стварно ако и понатаму го клеветите Сумо рвачот ја ќе ве накодошам кај светска федерација на сумо рвачи при цел ризик да бидам лустриран –повеќе да не смеам да извршувам важни државни функции ( леле колку тоа ќе ме трогне ...хехеххееееееее)

Епа после вие расправајте се со нејзиините професионални колеги

Со овие :

Sumo

https://www.youtube.com/watch?v=UxhKb-zZoWE



Could You Be A Sumo Wrestler?

https://www.youtube.com/watch?v=vJ1wnbNIUrc


Вратете се на почетокот Go down
 
Мирка Велиновска страдалничка и дисидентка
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: