ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Хулиганите од МПЦ и ДПМНЕ “недостапни “ за Полицијата

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Хулиганите од МПЦ и ДПМНЕ “недостапни “ за Полицијата   Нед 22 Дек 2013, 3:38 am

За случувањата во општина Цантар кога хулиганите од МПЦ и ДПМНЕ ја демолираа општината .

Протест во Скопје: Жерновски нема право да стопира изградба на црква
06/06/2013
Граѓанската иницијатива ВЕРИТАС ги повикува граѓаните на мирен собир во 11.30 часот пред
локацијата каде се гради Црквата СВ Елена и Константин.
http://www.mkd-news.com

Ете од 6 јуни 2013 кога беше повикано на протест и кога хулиганите организирани (им беа носени и сендвичи ) од МПЦ и ДПМНЕ ја демолираа општина Центар нема најава за пронаоѓање на хулиганите .
Нели беа предводени од Агатангел кој потоа на фејсбук се препукуваа со Пимен .

Во меѓувреме Жерновски поднесе и пријава до полицијата против непознат сторител за демолирањето на општина Центар .

Помина време немаше реакција од Поицијата (од борделушата Јанкуловска и мрднатиот Сашо Мијалков ) и Жерновски повика на состанок со полицијата до каде е случајот со откривањето на хулиганите кој ја демолираа општина Центар .
На тој состанок дојде вд привремен командир на полициска станица Центар предложен од Јанкуловска човек со криминално досие кој само кажа дека сеуше неможат да ги идентификуваат лицата кој ја нападнаа општина Центар но “се работи на случајот “. (демек )

А во меѓувреме на Жерносвки му праќаа инспекции
Вака :

Вонредна инспекција ќе ја чешла Општина Центар

Денеска попладне, Државниот инспекторат за локална самоуправа (ДИЛС) ќе спроведе вонредна инспекција во Општина Центар. Целта на инспекторатот е да ја разгледа работата и начинот на кој се носат одлуки во Општината на чие чело е Андреј Жерновски.
Неофицијално, Инспекторатот одлучил да појде во Центар, откако низа предлог-одлуки на Жерновски и Советот на општината ја “стресоа“ македонската јавност и предизвикаа масовни протести пред општината.
Вчера, советничката група на ВМРО ДПМНЕ во општината, поднесе претставка до Државниот инспекторат поради нарушување на процедурата од страна на претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ.

http://www.press24.mk/vonredna-inspekcija-kje-ja-cheshla-opshtina-centar


Во меѓувереме за Шиповиќ како што знаеме има уште еден политички монтиран судски процес .

И ?

Како е можно до денес да не се пронајдат хулиганите од МПЦ и ДПМНЕ ?

Толку ли е неспособна Полицијата ?

Чудно баш ...............

Е како во некој случаи експресно брзо ги идентификуваат и пронаоѓаат учесниците

Еве конкретен пример :


Без да седнат во судница, 51 лице обвинети за безредијата добија условна пресуда

Број 22365 четврток 25,08,2011 година

Насилниците беа осудени за КРИВИЧНО ДЕЛО УЧЕСТВО ВО ТОЛПА , а синџирите на влезната врата сé уште стојат.

- Ние остануваме на Скопското кале до оној момент додека не оцениме дека ситуацијата е комплетно безбедна. Кога ќе се случи тоа, местото ќе се отвори за јавноста без никаков проблем - изјави Иво Котевски, помошник-министер на МВР.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82511836565&id=9&setIzdanie=22365


Е како на Калето можеа да ги идентификуваат ?
Значи нее проблем до тоа да бидат најдени ?
Туку хулиганите од МПЦ и ДПМНЕ се под заштита на МВР поточно раководството на ДПМНЕ кој ја блокираат работата на МВР .

И тоа им беше и кажано да не мислат дека некого излажале или дека ќе се заборави .

Вака :

(ВИДЕО) НСДП: ВМРО-ДПМНЕ сака да ги зашти своите бизнис интереси, а не црквата
12/06/2013
„Владеачката партија со цел да ја запре седницата на Советот и да ги заплаши советниците, ги стави во функција своите партиски демонстранти кои веќе неколку дена дивеат и ја демолираат општинската зграда. Завчера советниците буквално беа опседнати од гневната толпа организирана од страна на власта. Се кршеа стакла, се фрлаа јајца и дрва врз општината.
- Во таа пресметка беа повредени советници .Целиот призор немо го посматраше полицијата која глумеше дека воспоставува ред, а всушност го штитеше грбот на демонстрантите на ВМРО ДПМНЕ“, изјави Соња Мираковска.
ВМРО-ДПМНЕ во својата кампања против Градоначалникот и Советот на општина Центар ги вклучи и своите медиумски платеници и мегафони преку кои пласира невистини како што е и заканата дека Советот на Центар ќе донесе Одлука со која ќе се урне започнатата Црква Св. Константин и Елена што представува ноторна лага, затоа што во Одлуката јасно стои дека не се однесува на веќе започнатите објекти, посочи Мираковска.
„Но, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ точно знаат што прават и како најлесно може да се запалат страстите играјки си на картата на верските чуства. Вистинската цел на ВМРО-ДПМНЕ е да ги зашти своите бизнис интереси и огромните профити кои треба да следат со изградба на планираните објекти.
- Ќе потсетам деталните урбанистички планови кои овој Совет ги враќа во првобитна положба се донесоа крајно нетрансарентно и без јавна расправа, спротивно на вољата на граѓаните на Центар“, рече Мираковска.
НСДП го повикува Никола Груевски јавно да се огради од нападите на демонстрантите над општинската зграда и Советниците на Општина Центар кои го имаат мнозинството во Советот и јавно ДА ГИ ПОВИКА ОРГАНИТЕ НА ПРОГОНОТ да преземат мерки ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТ НА НАПАЃАЧИТЕ
„Во спротивно остануваме на ставот дека целата организација е под негова диригентска палка и дека ТОЈ ЛИЧНО како Премиер ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА сите механизми за вршење на притисок врз актуелната власт во Општина Центар“, смета НСДП.
http://a1on.mk/wordpress/archives/163855
И не само тоа туку МВР никако не успева да го “идентификува и пронајде” лицето Зоран Савревски министерот за финансии
ГЕМ против Зоран Ставрески

Ново рочиште во предметот за клевета


На 17 јуни 2013 година, во 10.30 часот, во Основниот суд Скопје 2 ќе се одржи ново рочиште, во предметот за клевета против Зоран Ставрески. Предметот против Ставрески трае веќе 2 години.

Тужителите и членови на движењето Граѓани за Европска Македонија (ГЕМ), Бранко Ѓероски, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Роберто Беличанец и Жарко Трајановски ја поднесоа првата приватна кривична тужба против Ставрески на 29 јануари 2011 година, поради неговите тврдења дека ГЕМ е дел од стратегијата „Надеж“, создадена за насилно уривање на демократски избраните институции. Оваа изјава, Ставрески ја даде на прес-конференција, одржана на 30 октомври 2010 година, а пренесена од сите релевантни медиуми во Македонија и во целост објавена на веб страницата на ВМРО-ДПМНЕ.
Со донесување на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, кривичната постапка против Ставрески е запрена, а приватните тужители во законски предвидениот рок ја поднесоа НОВАТА ТУЖБА , заради утврдување на одговорноста на тужениот за сторена клевета, како и надомест за предизвиканата нематеријална штета на тужителите со клеветата.
Ставрески, до сега, се нема појавено на ниту едно од претходните судски рочиштата, под изговор дека МВР не може да го пронајде ВИСТИНСКИОТ Зоран Ставрески бидејќи имало многу лица со исто име и презиме, иако во тужбата е НАВЕДЕНО дека станува збор за МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ. На рочиштето закажано за 17 јуни, за прв пат се очекува распит на странките.
http://libertas.mk/во-понеделник-ново-рочиште-од-судењет/

И ?
Борделушата Јанкуловскаи мрднатиот Сашо Мијалков неможе да го пронајдат Зоран Ставревски ?
Па нека идат да пасат говеда што се запиљачиле на такви функции ако неможе да го пронајдат Министерот за финансии .
Е како успеаја да го пронајдат Тито Петковски иако е пратеник и го штити пратенички имунитет во спор со Груевски ?
Очигледно дека МВР е обична партиска испостава на ДПМНЕ и како таква нее во состојба да им ја гарантира безбедноста и правната сигурност на граѓаните на Репулика Македонија .
Станува збор за вооружено крило на криминално терористичката банда наречена ДПМНЕ чиј водач е криминалецот Груевски .
Основан задача на МВР е да ги напаѓа , киднапира и тероризира граѓаните на Република Македонија .
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Re: Хулиганите од МПЦ и ДПМНЕ “недостапни “ за Полицијата   Вто 31 Дек 2013, 5:15 am

АПСУРД Пратеничката Казанџиска истепала 15 полицајци?

Објавено: 29.12.2013

Верувале или не, Билјана Казанџиска, пратеничка на СДСМ од Штип истепала 15 полицајци, а при тоа употребила и оружје. Дали е ова вистина или не, ќе треба да реши Јавното обвинителство, пишува „Слободен печат“ во утрешниот број.



Засега е извесно дека пратеничката добила кривична пријава за напад на службено лице и попречување на неговата работа, затоа што 15 полицајци од полициската станица во Штип дале ИЗЈАВИ и ПРИЛОЖИЛЕ ЛЕКАРСКИ УВЕРЕНИЈА според кои Казанџиска ГИ ТЕПАЛА И ГИ ПОВРЕДИЛА. Пратеничката на овој случај гледа како на уште еден обид врз неа власта да изврши политички притисок.

http://www.plusinfo.mk/vest/120685/APSURD-Pratenichkata-Kazangziska-istepala-15-policajci

ХАХАХАХАА
Ејјј и ти онаа сосмрдуша Јанкуловска и мрднатиот Сашо Мијалков ќе организирале избори
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Re: Хулиганите од МПЦ и ДПМНЕ “недостапни “ за Полицијата   Саб 25 Апр 2015, 11:52 am

1)
Жерновски: Груевски, јас не сум кукавица, дојдов лично да ти кажам дека некогаш ќе одговараш!

24 април 2015

Градоначалникот на општина Центар пред малку од пред зградата на Владата му порача на премиерот Никола Груевски дека му поднесува кривична тужба за поттикнување на настаните што се случија на 7 јуни 2013 година пред објектите на општина Центар, кога толпа членови на ВМРО-ДПМНЕ и приврзаници се обидуваа насилно да влезат во Општина Центар за да ја прекинат седницата на Советот.

- Како и што кажав, јас не сум кукавица како те*е и доаѓам лично. Еве, дојдов самиот пред твојата канцеларија да ти кажам дека поднесувам кривична пријава против те*е за поттикнување на настаните пред Општина Центар. За она што го направи можеби нема да одговараш ПРЕД ОВИЕ СУДОВИ но во некое идно време сигурно ќе одговараш – рече Жерновски.

Насоките еден од тие што се обидуваа да упаднат во бараките на Општина Центар да му удри шлаканици на Жерновски се слушнаа во „бомбите“ што СДСМ ги објави.

- Децата прашуваат како е можно еден премиер да сака да нападне еден градоначалник. Јас немам одговор на ова прашање, освен дека таков премиер имаме. Можеби ти ќе можеш да им одговориш на твоите деца - рече Жерновски.

Тој му предочи на премиерот дека било подобро тој да присуствува на седницата на Советот на општината лично и да ја оствари намерата.

- Мислам дека беше подобро наместо да праќаш некој да ми удри шамар, да дојдеш ти на седница на Советот на општина Центар и лично да ми удриш шамари колку што си сакал - рече Жерновски на прес-конференцијата пред Владата.

Никола Груевски, стои во пријавата, во разговор со лицето Миле Јанакиески, актуелен министер за транспорт и врски, го презентира ПЛАНОТ ЗА ИЗВИШУВАЊЕ на кривичното дел. Тој, се вели во пријатава, најавува дека ќе се соберат околу две илјади луѓе пред општина центар на 07.06.2013-та, од кои една група треба да влезе внатре и да го изврши насилството. Сугерира и ФИЗИЧКИ НАПАД врз Жерновски, на кого треба да му бидат удрени едно „пет-шест јаки шамари“. Никола Груевски, стои во кривичната пријава, дополнително го поттикнува физичкиот напад врз градоначалникот, со уверување дека напаѓачот НЕМА ДА ОДГОВАРА кривично, бидејќи Жерновски не би се здобил со тешки телесни повреди.

http://www.plusinfo.mk/vest/23401/zernovski-gruevski-jas-ne-sum-kukavica-dojdov-licno-da-ti-kazam-deka-nekogash-kje-odgovarash

2)
(ВИДЕО) Погледнете како требаше да се „шамара“ Жерновски

Објавено 19/04/2015

Тоа што се зборува во разговорот за кој од СДСМ посочија дека е помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески, така истото се случуваше во 2013 година пред општина Центар. Од видеото на А1он се гледа дека се собраа околу 2000 луѓе, таканаречени верници, се обидоа да влезат внатре, Жерновски беше повикуван да се појави пред таканаречените “верници“ за да може да јаде “пет-шест шамари откако не успеаа тие да влезат внатре, а за седницата како што беше кажано и во објавениот разговор-беше побарано да се одложи, но предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ не беше прифатен.

http://a1on.mk/wordpress/archives/479726


Нарачаниот протест пред центар

http://www.youtube.com/watch?v=rWq4CKkQFsI


Револтиран граѓанин

http://www.youtube.com/watch?v=ya8Wj11noVQ

3)

Бомба#23: „Да изеде едно пет-шест шамари пред камери“

Скопје - Пон, 20.04.2015

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Ало?
МП: Еј, кажи Горде?
ГЈ: Мартин, извини, за оваа поракава што ти ја препратив, за да сме поефикасни. Дај некако на нашиве да им се каже да не се глупираат со штабовиве. Наши од УМС кршат штабови на Љубе.
МП: Добро, добро.
ГЈ: И сеа знаеш, јас се глупрам, викам не можеме да ги најдеме, а у Центар Даме е, знаеш, Даме Мирчевски.
МП: Добро, добро.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле.
MJ: Молам.
НГ: Абе овој, дознав дека овој високиот...
MJ: Добро?
НГ: А... наводно кога, пред да се објави огласот, ја сменил сликата на тоа како треба да изгледа Офицерски дом и тоа до него.
MJ: Како ја сменил?
НГ: Па нешо немало да биде исто, туку слично, а не по таа слика што ни е Коста Мазгалоски шо ја напрај...
MJ: Не, не, имавме, тој беше Коста па послем ја надогради тој другиот.
НГ: Која, Офицерски дом? И како ја напрај?
MJ: Ја имам сликата утре да ти ја дадам... Нели го ангажиравме дополнителнио, тука тој беше сместен, му плаќавме тоа...

НГ: И сега колку личи на Офицерски дом, поише личи или помалку?
MJ: Па добро, нели ја гледавме заедно?
НГ: Ама не, он ја подобри таа до неа, до Офицерски нели две продадовме, таа едната ја направи Коста, а овој ја подобри.
MJ: Така, да.
НГ: А Офицерски немаше подобрување.
MJ: Сега не ми текнува, мислам двете имаше подобрување.
НГ: Ај види утре и кажи ми.
MJ: Важи, ќе проверам.
НГ: И... ти ќе си се видел со него во четврток.
MJ: Само на крај, видете, ние му даваме согласност, тоа беше само нацрт, крајниот дизајн ние го одобруваме.
НГ: Миле, а колку си сигурен дека до 12 април он мора да извади за Офицерски дом, овој човекот шо го купи мора да извади одобрение.
MJ: 99 %
НГ: Нели две години било?
MJ: Значи, сеа точниот датум вчера што ви го кажав, сеа немам пред мене... не знам кој беше датумот.
НГ: 12 април ми го кажа.
MJ: 9 месеци е по закон, сеа незнам ако е 12. тогаш е 12.
НГ: Спреми се ти за ова за состанокот, ќе сте имале четврток состанок, расчистете го тоа со датумот и прати ми утре слика да го видам тоа, ја мислам дека он на Офицерски не менуваше, туку менуваше само на таа до Офицерски и за таа ние го замоливме да менува пошто беше грда, а оваа на Офицерски уопше не се сеќавам дека менувал нешто
MJ: Значи утре ќе ви го пратам, ама знаете, во предвид на крајот ние го одбруваме.
НГ: Ако ние го одобруваме, да знаеме што сме му дале.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Сакаш нешто да ме прашаш за ова за...
МЈ: А, за ова за локацијава шо ја продадовме за хотелов, така... овие...
НГ: За кој хотел?
МЈ: За на плоштад што е тој хотелот.
НГ: Добро... Мериот?
МЈ: Што беше градската куќа со тој хотелот, да...
НГ: Аха, добро.
МЈ: Нели имаше таму три приватни лица...
НГ: Да.
МЈ: Денеска беа едни од нив кај мене, тие се ставаат у зеленило и чисто најавуваат дека прво тие со понуда дадоја, дека по три илјади евра, дека се согласуваат да им се продаде земјиштето, дека ќе се бунат, ќе го оградуваат земјиштето, итн. му понудил некој 700 евра, викаат не е згодно вака, ние тргнавме културно, ќе се буниме да си ги оствариме правата.
НГ: Нека идат кај овој Али баба да им даде.
МЈ: Е еден е тој, Али баба уште двајца има други.
НГ: Да, ама не може заради него страдаат и други.
МЈ: Не, чисто сакав тој дел да ви го кажам, ништо специјално.
НГ: Нека се тера тоа е тоа, нема каде.
МЈ: Не, не, чисто мислев како информација.
НГ: Не очекував ја дека ќе има такво нешто, ама ти гледај колку време со Али баба нема договор.
МЈ: Не, не, знам, што бара и како бара, чисто тоа сакав како информација тоа да ви го кажам.
НГ: И нема да мрдне рботата.
МЈ: Да, да, јасно.
НГ: Нема да мрда, со Али баба... нема ни на повидок нешто. Јас сакам во нашиов мандат да се изгради тоа, не сакам во 25-та да се гради.
МЈ: Не, знам, ми кажа инвеститорот и мислам ок си е, само чисто како информација да имате, ништо повеќе, дека може и такви работи да прават.
НГ: Добро... да, ќе прават, сигурно тоа е тоа.
МЈ: Ок, поздрав.
НГ: Ние ја гледаме поголемата цел.
МЈ: Ок.
НГ: Ок, поздрав.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле.
MJ: Молам.
НГ: За ова за скалите, можеме ли ??? да си го изгради тоа и да ги продаде дуќаните доле и у ќар да се да земе кредит?
MJ: Генерално може и тогаш го дискутиравме тоа, ама не знаеме колку пари чини тоа.
НГ: Па ја мислам краткава варијанта ако се праи, по некои 4-5 милиони, а оваа дугачкава, оваа високава веројатно е поише.
MJ: Да зборам со Цветко, ама ај да почекаме состаноков со овај, зашто тој е заинтересиран, овој чоеков шо ви зборев, заинтересиран е тој викам...
НГ: Да, ама знаеш од која земја доаѓа, дали да го пуштаме да влага, тука на плоштад ќе се охрабрат, они ќе доаѓаат на плоштад после, знаеш, друго е таму да иде покрај покрај Вардар, таму кај Кале или не знам... Железничка станица онаму, друго е у Центар на плоштад да ти влезе таков.

MJ: Инаку тој има 30 години живеено во Франција, ама од таму му е потеклото.
НГ: Од таму, а?
MJ: Како дете бил на студии, заминал во Франција и 30 години живеел во Франција и се враќа повторно во Албанија.
НГ: А е муслиман или е католик?
MJ: Католик, католик
НГ: Ако е католик...
MJ: Српски... мислам појма нема со...
НГ: Овој Радика што го има не е католик, православен, Радика хотелот.

MJ: Католик и заљубен во барок. Значи човекот е, по звање значи, по струка е уметник.
НГ: А уметник е по струка, затоа он толку по барокот.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле.
МЈ: Молам?
НГ: И сега ова пропаѓа ли, што е работата?
МЈ: Треба пак да го објавиме, ама треба да имаме некој сигурен. Оваа, Розе од Ѕинго, до четвртокот имале одлука, после вечерта имале управен одбор и двајца од Бугарите не се согласиле, му кажала на Aлек, ама било касно. Aлек наводно неќи да не излези како некоја муабет афера, зборел и со вас ми рече.
НГ: Мх.
МЈ: Не е проблем, ќе го објавиме пак, ама беше таа кај мене, ги донесе документите, ги проверивме документите, сè беше ок и на крајот кажа, имале проблем со Бугарите.
НГ: И ова е дефинитивно дека се откажуваат?
МЈ: Јас се слушнав со Розе ми вика Миле, не можам одлука да донесам бидејќи не се сигурни колку пари тоа ќе ги чини. Јас напраив естимација, околу пола милион евра тоа чини, ама не се сигурни, вика немам сила да донесам одлука. Не знам, да ја викниме нејзе, ама таа нема толку моќна одлука, не знам таму кој ја носи одлуката, јас со неа дискутирам цело време.
НГ: Кога ќе знае она дали ќе влагаат сигурно или не?
МЈ: Во моментов викаат дека нема да влагаат, единствена причина што тоа не знаат колку точно ќе ги чини, тоа што ќе треба да го изградат.

НГ: И ниедна друга фирма не се јави?
МЈ: Не.
НГ: Како бе за толку атрактивна локација никој да не се јави?
МЈ: Нели Aлек беше заинтересиран, ама Aлек рече нека влезат тие, да не излезе дека јас за сè аплицирам и овие у петокот му кажалe нема време, ја зборев со Aлек за повторно вика да не испадни голема, дека цел плоштад ние го земаме, затоа ви викав да се видиме да продискутираме.


Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Да, да, те слушам. А кажи ми со овој Жермонд, што ти го пратив, Французов, како ти иде?
МЈ: За ГТЦ?
НГ: За ГТЦ, да.
МЈ: Абе поставија многу прашања, треба да проверам Елена му ги одговара прашањата. Во најголем дел се одговорени прашањата, но немам ништо повратно од кај него. Беа кај мене, му ги дадовме генералните податоци, го прошетав едно саат време убаво низ ГТЦ. Послем тоа постави неколку технички прашања, ги одговоривме и сега немам ништо повратно, не знам дали има нешто ново, да проверам.
НГ: А вие му одговоривте ли на прашањата?
МЈ: Најголем дел се одговорени, сега имаше минатата недела постави едни прашања, не знам дали се одговори, да проверам, да не ве лажам.
НГ: Како ти фаќа око те*е тоа?
МЈ: Вака, многу кратко имав средба. Не можам да ви кажам дали ќе биди или не. Дечково интелигентен е, прашата што ги поставува се сериозни и не се од него, сè она скици, сопственост на имотот. Проблем му е, вака првично што кажа, е што првите два спрата не се, не се државни туку се приватни, во најголема мера. Му дадовме ние сите, кој дуќан, чив е. Тој дури размислуваше. Праша што мислиш да се откупат сите дуќани, му кажавме дека се приватни. Тој кажа дека генерално сака да го има, цел трговски да е негов.
НГ: Ако си ги откупи тој од тие, немаме против ние. Нека си влезе у дил со нив и нека си ги откупи. Така?
МЈ: Мислам дека се одговорени сите прашања, ама да ви потврдам за 5 минути, можам да ви пишам СМС.
НГ: Ок. Важи.

Разговор помеѓу соговорник и Миле Јанакиески

С: Шефе.
МЈ: А?
С: Извини сеа шо стана со... нешо збориме со Дејан дупојве горе шо беше, она шо ги обори Центар...
МЈ: Не што ги обори Центар, ама не ги објави во службен весник. Шехтански му кажа дека да му достават во рок од 30 дена дали ги објави во весник, утре истекува рокот. И ќе му дај налог да ги објави. Ако не ги објави, тогаш ги поништува, ако ги објави пак ќе ги поништи. На Уставен ќе ги достави.
С: Аха, ама пак оди на уставен, така а?
МЈ: И едното сценарио и другото одат на Уставен.
С: И пак истите треба да се гласаат, така, пак да идат на гласање.
МЈ: Уставен му ги враќа и тогаш пак ги става на совет.
С: А да тогаш треба… Ок шефе, фала.
МЈ: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ама многу е касно, ние сакаме да си го работиме уште од утре тоа, до петок да созрее.
MJ: Ама претседателе, ги немам, ги немам материјалите од совет, не знам на кој закон, на кој член од законот се повикува, зашто уште ги немаше доставено во петокот попладнето материјалите до нашите советници. Да проверам сега да не ги има во меѓувреме доставено.
НГ: Провери, разбуричкај ја работава, за на време да видиме што е, како е, да можеме од утре да го работиме.
MJ: Ама, мислам, јасно ми е мене, само ги чекам материјалите од совет, ги чекам, не знам на кој член од законот се повикува. Во законот за просторно нема основ за таква одлука.
НГ: Добро.
MJ: Во понеделник свикав и голем состанок за ова, ама ќе проверам, сега ќе ви пишам.
НГ: Викни го и Славе на состанокот и сите.
MJ: Ги викнав и Мартин и Суле и мислам ѝ пишав на секретарката да ги викни и сите советници.
НГ: Ама у понеделник не сме тука, у Белград сме.
МЈ: Молам?
НГ: Понеделник сме у Белград ние.
MJ: Епа тие што се тука.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ќе падне на Уставен тоа, а?
МЈ: Сто посто... Е сега...
НГ: Јас си мислам покрај тоа што на Уставен ќе падне, у петок он да изеде едно пет-шест шамари пред камери... да влезат граѓани и еден граѓанин да дојде, да му удри три шамари, јаки, и да си искочи.
МЈ: Може да договориме сценарио, мислам, ја планирав овие нашиве да излегуваат да протестираат.
НГ: Ама не го збори ова на никој.
МЈ: Не, добро.
НГ: Оти ако се расчуе, џабе, ќе знае и ќе спречи.
МЈ: Значи ептен, онака значи, тоа е исто како мали џокица, замислува нешто, си прави одлука и си пишува шо сака во одлуката.
НГ: Подговтви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме.
МЈ: Добро, ги имам материјалите...

НГ: У петок ќе му собереме едно 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, пошо нели, имаат право граѓани да влезат, па да видиме, да размислиме дали еден да стане и едно три-четири шамари јаки да му врзе пред сите. Не може ништо да му се напраи, нема тешка телесна повреда тука за кривична, има прекршочна само.

МЈ: А.. Добро е советниците да прават тие како за буџетот шо прават.
НГ: Како?
МЈ: Нашиве советници да прават како тие што правеа за буџетот. Да излегуваат, да викаат спротивно на закон, не си ти устав да цениш, кој си ти устав да цениш...
НГ: Да да... Ќе му ја скршиме седница...
МЈ: Тоа е.
НГ: Нема да може да одржи една седница.
МЈ: Важи, ќе го спремам и Мартин...
НГ: Aли да имаме со аргументи, да ја напумпаме атмосферата дека праи фалш, за после тоа да има оправдување за тој чекор.
МЈ: Важи, ќе ги спремам, јас ќе се слушнам со Мартин... Ги имам сите аргументи.
НГ: Ај.
МЈ: Важи, поздрав.

http://okno.mk/node/46391

4)

Груевски до Јанакиески: Да излезе некој од толпата да му здрви неколку шамари на Жерновски

Груевски и Јанакиески спремаат сценарио за општина Центар

Фокус 19 апр 2015
Опозицискиот СДСМ во Центар обелодени скандалозни разговори меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во кои тие договораат сценарио како да излезат граѓани, кои ќе прават проблеми и во општината и надвор од неа.

Во вториот сет разговори може да се слушне како Груевски му наредува на Јанакиески демолирање на општина Центар, да се соберат 2.000 луѓе кои ќе правата проблеми, а дури може да организираат некој што ќе излезе и на градоначалникот на општината Андреј Жерновски ќе му удри четири-пет шамари. Исто така, тој бара да се соберат граѓани – верници, нивни сопартијци, божем намерата е да се одбрани црквата „Св. Константин и Елена“, а некој од нив да излезе и во лутина и револт, како што вели „да му здрви неколку шамари на Жерновски“.

http://fokus.mk/gruevski-do-janakieski-da-izleze-nekoj-od-tolpata-da-mu-zdrvi-nekolku-shamari-na-zhernovski/


5)

МВР две години ги бара лицата кои кршеа во општина Центар

април 19, 2015

Се‘ уште се работи на идентификација на учесниците во инцидентите
пред општина Центар. Истрагата е во тек“, велат од МВР, 22 месеци по
настанот кој денеска беше демаскиран од страна на опозицијата во
новата „бомба“, пишува Дојче Веле.

Разговорите од денешната опозициска „бомба“ откриваат дека наводно
премиерот лично, со „пиши-бриши“ стратегија одлучувал за конечниот
изглед на градбите од „Скопје 2014“, но и дека лично ги поттикнал
протестите и насилството пред општината Центар во јуни 2013 година.
Премиерските интервенции и упатства за изгледот на Офицерскиот дом,
за т.н. „Шпански скали“, за Градскиот трговски центар (ГТЦ) и за
промените на деталните урбанистички планови во Центар кои можеа да
се слушнат од презентираните разговори, не ги изненади многу
архитектите. Според „резултатот“, велат, им е јасно дека креаторот на
јавниот простор во Центар бил нестручно лице. Таков е ставот и на
Даница Павловска, поранешен претседател на Здружението на
архитекти на Македонија.

„Како архитекти, чувствувавме дека некој со несоодветно образование го
нарачува проектот, дека е тоа некој со несоодветно познавање на
сферата на архитектурата и урбанизмот, со несоодветно познавање на
значењето на јавниот простор и на културните особености на
централното градско подрачје. Особено, чувствувавме дека се работи за
личност затворена за дијалог и со професионалците во архитектурата и
урбанизмот, а би рекла и со оние од финансиската сфера. Она што е
најнавредливо, е крајната нетранспарентност во текот на целиот овој
процес“, вели Павловска за Дојче Веле.

Саша Богдановиќ, претседател на Основната организација на СДСМ,
најавувајќи ги скандалозните снимки од новата „бомба“, рече дека
„големиот патриот Груевски со грчкиот бизнисмен Кондоминас го
усогласувал изгледот на Офицерскиот дом на плоштадот“, но решавал и
за други објекти.

„Груевски и Јанакиески признаваат дека цел плоштад е нивни преку
контроверзниот бизнимен Алек Теранова, кој веќе ја напушти државата“,
рече Богдановиќ .

На денешниот јавен собир во скопски Капиштец, Богдановиќ
потенцираше дека тоа не е борба против членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е наша заедничка борба. Груевски бил подготвен е на се‘ – да
злоупотребува Црква и чувства на граѓани, само за да си ги заштити
плацевите на Водно и милионите од Белизе. Тој стои директно зад

насилните протести кои се случуваа во општина Центар (2013), а за кои
се‘ уште нема полициска и судска разврска“, рече Богдановиќ.

Архитектите велат дека чувствувале оти некој со несоодветно
образование го нарачува проектот

Од серијата презентирани разговори најфрапантен е оној меѓу
соговорниците за кои опозицијата тврди дека се гласовите на премиерот
Никола Груевски и министерот за транспорт Миле Јанакиески. Во
разговорот, Груевски бара да се подготви сценарио во кое
градоначалникот на Центар ќе добие неколку шлаканици в лице:
„Подготви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме… Во петок
ќе му собереме 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, нели
имаат право граѓани да влезат. Па да видиме, да размислиме, дали еден
да стане и три – четири јаки шамари да му врзе пред сите. Не може
ништо да му се направи (на сторителот, н.з), нема тешка телесна
повреда тука за кривична, има само за прекршочна“.


Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски лани во октомври со
отворено писмо се обрати до министерката за внатрешни работи
Гордана Јанкулоска, барајќи да ги открие насилниците кои учествуваа во
нападите врз општинската зграда во јуни 2013 година. Тогашните
протести ги организираше дотогаш непознатата граѓанската иницијатива
„Веритас“, под образложение дека градоначалникот на Центар сака да ја
запре изградбата на црквата „Св. Константин и Елена“, што од страна на
Жерновски беше неколкупати демантирано. Но, и покрај тоа протестите
се одржаа, а група насилници ја откорнаа оградата и кршеа прозорци на
општинската барака.

„Недозволиво е 15 месеци да не се откријат насилници фатени на
камера. Уште повеќе што наводната НВО ‘Веритас‘, која тогаш се јави
како организатор на протестите, воопшто не е регистрирана како
невладина организација“, напиша тогаш Жерновски во писмото.

Но, и до денес состојбата не е променета.

„Се‘ уште се работи на идентификација на лицата. Истрагата е во тек“,
кратко соопштија за Дојче веле од МВР. Нерасветлените инциденти за
нападите врз општината Центар се споменуваат и во бриселскиот
Извештај за напредокот на Македонија.

Од МПЦ, по денешното демаскирање од страна на опозицијата на
„поводот“ за протестите во јуни 2013, велат дека не сакаат Црквата да
биде инволвирана во ничии политички агенди.

„Туркањето на МПЦ во скутот на која било политичка структура со цел да
се исполнуваат нечии замислени дневно-политички агенди, е
манипулирање со Црквата и повреда на верските чувства на оние
граѓани во македонското општество кои се изјаснуваат како верници“,
коментираат кусо од МПЦ.
Извор: Дојче Веле

http://brif.mk/?p=181516

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Хулиганите од МПЦ и ДПМНЕ “недостапни “ за Полицијата   

Вратете се на почетокот Go down
 
Хулиганите од МПЦ и ДПМНЕ “недостапни “ за Полицијата
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: