ФОРУМОТ Е НАШ
Груевски заговара – се заканува со  граѓанска војна  79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Груевски заговара – се заканува со  граѓанска војна  79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Груевски заговара – се заканува со граѓанска војна

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Груевски заговара – се заканува со  граѓанска војна  Empty
ПишувањеПредмет: Груевски заговара – се заканува со граѓанска војна    Груевски заговара – се заканува со  граѓанска војна  EmptyПон 27 Апр 2015, 2:04 am

Груевски заговара – се заканува со граѓанска војна

1)
Самата закана

На митингот во Охрид граѓанинот Никола Груевски освен што ветуваше “брда и долини “ на граѓаните упати и закана за граѓанска војна .
Груевски јасно кажува дека “базата” едвај чекала да добие СИГНАЛ да и возврати на опозицијата со “ВМРО-вски одговор” и тоа од причина што опозицијата првоцирала и се заканувала .

Тоа го кажува (час минут секунд според снимката)

од 00:21:35 до 00:23:40

Никола Груевски народен собир Охрид 2 дел

https://www.youtube.com/watch?v=PhsAKfCelsg


2)

На можноста од граѓанска војна укажува и Љубчо Георгиевски во најновиот број на Фокус

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: АКО НЕМА АМНЕСТИЈА МОЖЕН Е КОНФЛИКТ МЕЃУ САМИТЕ МАКЕДОНЦИ!

Џелал ХОЏИЌ
Ако груевизмот ги преживее „бомбите“ и налетот на опозицијата, тогаш диктатурата во Македонија ќе наликува на оние во африканските држави, што е полошо од оваа досегашната

ФОКУС БР 1020 ОД 24 АПРИЛ 2015

http://fokus.mk/vesnik/1020/

Тоа што го кажува Љубчо беше отфрлено од СДСМ а потоа и ДПМНЕ
Но амнестија нее ниту возможна .
СДСМ нее суд да суди или претседател да амнестира .Од друга страна и граѓанинот Ѓоѓе Иванов кој неовластено влегува во Претседателскиот кабинет неможе ама баш никого да амнестира .Граѓанинот Ѓорѓе Иванов исто како и граѓанинот Никола Груевски неовластено влегуваат во службени простории .
Никаде во свет мафио злосторнички здруженија не се амнестираат.
Плус тука работите отишле предалеку .Злосторничкото здружение чиј водач е Груевски се занимавало (и сеуште тоа го прави ) со пљачка на државнот буџет (разврат) , киднапирање луѓе (Кежаровски) , нанесување на огромна материјална штета на други луѓе (случајот Космос ) , неразјаснети самоубиства (новинарот се самоудавил во кофа) , неразјаснети несреќни случаи (Никола Младенов ) , заташкување убиства (Мартин Нешковски ) , уцени , рекет ,пљачки , заташкување со дрога (синот на Вељановски ) крадење на туѓи фирми и нивно присвојување како свој под закана , изборен криминал ,политички затвореници , монтирани судски случаи итн итн итн .
Имаме криминал од гигантски размери направен од Груевски и неговото злосторничко здружение .

3)

На можноста од граѓанска војна предупредува и Универзитетскиот професор Јове Кекекновски

(ВИДЕО): Амстердамската тројка се обрати преку медиумите во Белград и побара преодна влада

Објавено во: Ексклузивно Автор: Фаланга Датум: 24 Април, 2015
Ексклузивно обраќање на Амстердамската тројка.

Поранешен претставник на високо ниво во Владата на Република Македонија, и членови на ВМРО-ДПМНЕ на власт, познати како Амстердамска тројка, бара од премиерот Никола Груевски да поднесе оставка поради длабоката политичка криза во земјата.

Тројката се обрати преку медиумите во Белград.

Тие велат дека Македонија ја има изгубено слободата, демократијата и правото на глас, и дека Груевски со своите постапки ја загрози стабилноста на државата.

Премиерот, велат тие, никогаш немал искрена намера за Македонија кон Европската Унија и Евро-Атлантските интеграции.

За последниот инцидент на Косовската граница тврдат дека е монтиран процес, исто така тврдат дека во Македонија владее сиромаштија и БЕСПЕРСПЕКТИВНОСТ што е причина за ГОЛЕМО ИСЕЛУВАЊЕ на населението надвор од државата.

Амстердамската троја нуди решение во формирање на преодна влада и бараат опозицијата да се врати во Парламентот за да се распишат избори.

Амстердамската тројка ке има обраќање и во Приштина и Софија, а во Скопје ке се појават многу брзо.

Повеќе информации од Белград има Ѓорѓе Костиќ.

Слушнете

http://falanga.com.au/video-amsterdamskata-trojka-se-obrati-preku-mediumite-vo-belgrad-i-pobara-preodna-vlada


Kostić o obraćanju Amsterdamske trojke


https://www.youtube.com/watch?v=hW0enGrRCy8


Слободен печат бр 453 од 25-26 апр 2015

Универзитетскиот професор Јове Кекекновски , еден од основачоте на ВМРО-ДПМНЕ ,кој неодамна беше исклучен од партиските органи , рече дека со Македонија владее една политичка олигархија која го сочинува нелигитимното раководство предводено од Никола Груевски.
- Неговиот став дека народот и државата може да се урнат , но тој мора да остане на власт .Стравувам дека ситуацијата ЌЕ ЕСКАЛИРА кога граѓаните ќе излезат на улица зошто демократските средства се ИСРПЕНИ -рече Кекеновски .

www.slobodenpecat.mk

4)

Груевски и неговото злосторничко здружение си ја пробаа среќата со меѓуетнички тензии но засега неуспешно а тоа може да биде причина отсега Груевски повеќе да форсира граѓанска војна .

Блиц: Власта сама го огранизирала нападот во Гошинце

од НОВА објавено на: 25-04-2015

Српскиот "Блиц" тврди дека нападот на полицијата во македонското село Гошинце е исцениран за да се пренасочи вниманието од шпионската афера во чиј центар е премиерот Никола Груевски. „Блиц“ се повикува на информации на српските безбедносни служби.

Во текстот под наслов "Шпиунска афера: Самиот врв на власта им платил на Албанците за нападот" се тврди дека за нападот биле издвоени два милиони евра, а го организирале двајца водачи на криминално-терористички организации Сами Укшини, викан Сокол од Ѓаковица и Ризе Бега од околината на Пеќ.

Тие двајца само еден ден претходно имале средба со претставници на ДУИ.

"Сознанијата укажуваат дека парите им се дадени за намерно да ја нападнат станицата. Претставници на ДУИ биле против тоа сценарио и на средбата побарале акцијата да не биде изведена. Очигледно е дека двајцата постапиле според упатствата на некој многу повлијателен", вели за „Блиц” извор кој ги знае информациите на безбедносните служби

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21882

НО

Па тогаш што го прави Груевски толку многу сигурен самоуверен .

ДА и јас лично мислам дека Груевски навистна има силни аргументи за вакво сценарио во кое веќе му е загарантирана победата

Ќе ги разгледаме во продолжение на темата .
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Груевски заговара – се заканува со  граѓанска војна  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Груевски заговара – се заканува со граѓанска војна    Груевски заговара – се заканува со  граѓанска војна  EmptyСре 29 Апр 2015, 2:12 am

1)
Освен ширењето омраза и невидени лаги измислици и улавштии од Владините медиуми и платеници – криминалци отврено се повикува и на граѓанска војна .
Прв таков повик дојде од злосторничкото здружение на Градски Стадион бб каде освен Сител имало и други криминални фиктивни фирми на вработени од Сител кој краделе од буџетот на Република Македонија со знаење и одобрување на Никола Груевски .

Еве :

a)
Цаци и Сарма објавија колумна на својот портал во која се повикува на граѓанска војна!!!

http://narodenglas.com/готови-сецвикнаа-еве-им-го-крајот-во-о-2/


б)
Новинарката Славица Арсовска преку напис во својот сајт повикува на крв во Македонија?!..Од нас нема бегање: Македонија ќе ја браниме и со крв

фев 13, 2015 Доказ.Мк Македонија, Топ3

Ниту во сите криминални афери на светот да е вмешан Груевски, Вие на власт нема да дојдете никогаш


Нема да ви дозволиме да се вратите на власт по никоја цена. Ние сме подготвени да си го браниме животот затоа што имаме само еден. Вашата желба да се дограбите до функционерска фотелја е само поради тоа што барате можност дополнително да го зголемите своето богатство. За да можете и државните тендери да им ги делите на вашите роднини и за да можете да ги дуплирате оние десетици милиони евра со кои располагате.

Македонија ќе ја браниме од таквите како вас. Ако треба и со крв.

VojvodaMKD


http://www.dokaz.mk/novinarkata-slavitsa-arsovska-preku-na-pis-vo-svojot-sajt-povikauva-na-krv-vo-makedonija-od-nas-nema-begane-makedonija-ke-ja-braime-i-so-krv


в)

И да е Груевски вмешан во сите криминали СДСМ никогаш нема да дозволиме да дојде на власт

http://www.maxim.mk/i-da-e-gruevski-vmeshan-vo-site-kriminali-sdsm-nikogash-nema-da-dozvolime-da-dojde-na-vlast


http://press24.mk/od-nas-nema-beganje-makedonija-kje-ja-braime-i-so-krv


2)

Имаме едно многу логично размислување зошто е во интерес на злосторничкото здружение на Груевски да предизвика меѓетнички конфликт и /или граѓанска војна

a)
Кризата е пред кулминација, а не пред решенија!

Какви ќе бидат решенијата на кризата ќе зависи од тоа на која страна ќе сврти режимот, онаа конструктивната или онаа радикалната, и дали опозицијата ќе го даде својот максимум за што повеќе да им го скрати маневарскиот простор. Дека „бомбите“ сериозно го нишаат режимот е евидентно

Фокус 9 апр 2015

Пишува
Џелал ХОЏИЌ

Прво, по сите оние криминални разговори, ПОЛИТИЧКИТЕ КАРИЕРИ на Груевски, Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески и Ставрески се погребани. Тие луѓе во нормална ситуација немаат политичка иднина. Затоа треба да се има на ум дека тие не се борат да останат на власт, туку за да останат на слобода. Нивното паѓање од власта за нив ќе значи дека им следуваат ДОЛГИ ГОДИНИ ЗАТВОР.

Која е штетата која сега се спремни да ја направат е главното прашање. ДПМНЕ почна со митинзи низ Македонија, а режимските труби почнаа сѐ погласно да трубат дека преодна влада не е можна, ДУИ сака да седне на преговарачка маса, значи сите карти на режимот се ставени во функција на градење на што подобра позиција за преговарање.

Што правиме ако груевизмот оцени дека преку преговори не може да ги оствари своите замислени позиции и се одлучи на дополнителна радикализација, на пример со етничка криза? Кој може да каже дека властодршците не сакаат да си заминат КАКО ХЕРОИ , наместо КАКО КРИМИНАЛЦИ со спуштени глави и гаќи?!

КАПКАТА ШТО ЌЕ ПРЕЛЕЕ

Деновиве слушаме и за загриженоста дека Заев ќе биде уапсен. Убеден сум дека Груевски нема да си дозволи таква грешка. Зошто? Од повеќе причини: Прво, тоа нема да го спречи објавувањето на „бомбите“, туку тие ќе добијат дополнителна разорна моќ.

Второ, тоа ќе биде капка која ќе ја прелее чашата кај Западот, па ќе биде повод за соодветна нивна реакција, која досега успешно знаеше да ја одбегне.

Трето, тоа ќе значи враќање на Бранко Црвенковски во битката, а со него и десетици илјади на улиците, таму каде што застана „Отпорот“, а се тоа вкупно за Груевски значи побрз крај и уште помал простор за пазарење. Груевски ќе направи сѐ само да не си замине со наведната глава!

Какви ќе бидат решенијата на кризата, ќе зависи од тоа на која страна ќе сврти режимот, онаа конструктивната или онаа радикалната, и дали опозицијата ќе го даде својот максимум за што повеќе да им го скрати маневарскиот простор. Дека „бомбите“ сериозно го нишаат режимот е евидентно. Дека кулминацијата е пред нас можете да заклучите по паничните реакции на власта и тенденцијата дека секоја следна „бомба“ е по разорна за режимот.

http://fokus.mk/krizata-e-pred-kulminatsija-a-ne-pred-reshenija/.

Б)

Снимките покажаа со какви дегенерици Македонија и нејзините граѓани се соочени дека ништо освен парите не им е свето дека станува збор за луѓе кој зборот морал нит им значи нешто ниту го има во нивниот речник .Па очекувањето дека тукутака ќе се повлечат – ќе дадат ставки , ќе покажат некаква совест или морални особини е самозалажување.

Вака :

Разорена држава – кога, каква разврска?

10.04.2015
Драгољуб Марковски

„Далеку е сонцето“
- Истоимен роман на Добрица Ќосиќ

Македонија денес? Една како-така функционална држава разорена е однатре. Таа додуша одамна почна да слабее – јасен симптом беше масовниот грабеж на социјалистичкото наследство во раните 90-ти години. Но „честа„ да ја дотолчат ја зедоа оние кои најмногу се колнеа во неа, собрани во ВМРО ДПМНЕ, водени од Никола Груевски, човек со веројатно најмрачни замисли во историјата на македонскиот народ. Стореното е еклатантен пример на велепредавство!

Матрицата за разорување на Македонија беше слична на онаа користена по доаѓањето на Слободан Милошевиќ на власт. Со илјадници приврзаници, предимно партиски војници, со полна медиумска поддршка, тој за кусо време ја промени „крвта“ на државните и општествените институции на Србија. Не случајно, големиот адвокат Срѓа Поповиќ, за Милошевиќ кажа дека бил најголем дерегулатор (јас би допишал: и ненадминлив манипулатор). Груевски пак, вистина, имал бесплатен „копирајт“, но не бил мрзлив – се погрижил во нешто да го надмине Слободана, и тоа со намерно производство на контрадикторни закони – за да биде шашмата поголема.

Дека државата е разорена, покажаа „бомбите“ на СДСМ. За жал, требаше храброст да се појави вистински патриот(и), херој(и), домашна верзија на Едвард Сноуден, за да се дознае колку е власта и нејзината интересна фаланга потоната во тешки злоупотреби и криминал. И така со години. Но, Јавното обвинителство сето време „не видело“ основа за делување! А сепак, незамисливо е да не добило никакви пријави од надлежните служби.

Според најважните показатели, Македонија денес е неуспешна држава. Во неа најефикасно функционира репресивниот апарат, форматиран за потребите на власта, но и за однародениот и аздисан слој луѓе во интересна спрега со неа - од политичката, економската и општествената сфера. Апаратот не делува според законите, ами, најчесто, според волјата на еден човек.

Поради незаштитеноста на државата однатре, со оглед на неговата реална моќ, Никола Груевски можел да стори што сакал. Сосема ми е замисливо – само да му текнало – на некој како Субрата да му го „продаде“ Охридското езеро, на 50, 100 години, да грабне пари, итн. Ви се молам, читателу, дали гледате некој заштитен механизам, некое државно тело, кое би го спречило ваквиот хипотетски грабеж?

Вистина е дека одамна песимистички гледав на иднината на Македонија, па пред десетина години дури ја нареков „безнадежија“. Уште пред 5-6 години ја „видов„ несреќата дека со неа управуваат политички џуџиња, кои со своето чинење и нечинење, практично ја разоруваа државата. Во таа смисла зборуваа и примерите на нејзино загрижувачко „функционирање“ спрема етничка припадност, каков беше случајот со безредијата под Кале.

Одамна зборувам и пишувам: партијата ВМРО ДПМНЕ со години ја сметам за штеточинска, која може да ѝ биде гробар на Македонија. И дека нејзините божемни патриоти се всушност нејзини непријатели. Трагично е што ваквото уништувачко водење на државата не наидуваше на значителен отпор ниту кај просветените, т.е. интелектуалната заедница – ако државата веќе „нема“ свој председател. За народот и да не зборуваме, тој е препуштен на своја памет да си толкува ептен заплеткани случувања, а нема кој да му помогне - покрај толкави организации „за унапредување на ова и она“.

Може да се заклучи дека целта на вака непречено деструирање на државата била таа да биде по мерка на нејзината „елита“. И тоа каква: добро „ватирана“ со народни пари засолнати по опск*рни банки во светот, кои одбиваат да го откријат идентитетот на сопствениците - доколку не се притиснати од сила ала САД. Тоа злосторништво е суредено со капитулантско соучество на десетини и стотини луѓе во законодавната и другите власти и институции во земјава. Но, ќе видимe, и со странски придонес.

Извесно е дека како резултат се искристализираа две „Македонии“. Една, малубројна, со привилегирани граѓани по неброени основи (со семејствата), а друга, многу побројна, со дискриминирани и ограбени граѓани по многу основи (со семејствата). Mнозинството од другите, жално, безмерно и „безгласно“ трпи, како да не ги чувствува неправдата и бедниот живот. До кога? Доколку состојбите битно не се подобрат, се плашам дека во не така далечно време ќе се судрат двеве „Македонии“.

Од првиот ден од објавување на снимките им се чудам на самоуверените најави дека со првите „бомби“ на Заев ќе паднеле И ПРВИТЕ ОСТАВКИ . Тоа, имено, би значело дека со државата управувале ОДГОВОРНИ И МОРАЛНИ ЛУЃЕ . А дека било токму спротивно, мора да им било јасно на граѓаните од сопственото искуство, тоа не можела да го сокрие никаква медиумска блокада.

Но, веќе првите снимки покажаа какви МОРАЛНО НИШТОЖНИ ЛУЃЕ биле во самиот врв на власта, сосе првиот меѓу ним. Така, слушаме како министерката за полиција и колегата ѝ за финансии, возбудено разменуваат поплаки на сметка на „лудилото“ од финансиските барања и постапки на „шефот“, како што тие го нарекуваат премиерот Груевски. Тие очигледно биле свесни за БЕЗЗАКОНИЕТО што го турка Никола Груевски, но тоа не им пречело и натаму да молчат, слепо да му служат, и со него да тонат во незабележан криминал спрема граѓаните, спрема земјата.



Како тогаш од ваквите и другите креатури во владата, згора ПРИМИТИВНИ И СВИРЕПИ, кои се надвор од политиката и доделените им ролји, никој и ништо, може да се очекува оставка? Тие се сосема ОПЕРИРАНИ ОД СРАМ. Погледајте како бедно се бранат, како нивниот „шеф“ пред своите приврзаници и јавноста испукува евтина демагогија, „треш“, само за да се забошоти клучното - дека Македонија ја вратија во минатото десетици години. Претерувам? Компетентни луѓе во Србија и Хрватска тврдат дека нивните земји во развојот, во времето на Милошевиќ и Туѓман, СЕ ВРАТЕНИ БАРЕМ за 50, односно 30 години!


Во врска со фактот дека компромитираните немаат абер од повлекување, НИТУ ПАК ГЛЕДААТ причина за тоа, познат македонски интелектуалец ми кажа дека тие НЕМАЛЕ ЕТИКА . Океј, но ќе се согласиме дека ни стаорците немаат етика, ама штом ќе насетат опасност бегаат било каде и да се, во визба, на брод. Затоа, да се запрашаме: какви се тоа бетони од луѓе, уште министри, што уште (!) не ја гледаат опасноста по се*е, па да му се заблагодарат на „шефот“ и така барем да ја намалат сметката која безбели еднаш ќе ја платат?!

Ако се тие негови заложници, на некој начин е и тој нивни заложник. Оти „рисјански“ е да претпоставиме дека денешниот деспот на Македонија, утре можеби и европски парија, не би бил тоа да имал чесни и не нужно храбри луѓе, кои барем би се обиделе да го запрат во неговото повлекување на земјата во бездна. А поблиските, зошто не, да му препорачаат ПСИХИЈАТАР ?

Наспроти ВМРО-вското подбивање со барањата за оставки, во колку-толку демократска Хрватска, исклучително ценетата министерка за култура, Андреа Златар Виолиќ, беше присилена на оставка поради божемни „трици“ - земала аконтации за фиктивни патувања!

Искрено, не верувам дека разврската на кризава ќе уследи брзо. „Филмот“ што следи ќе потрае. Оти тие, НЕПРИЈАТЕЛИ НА ЗЕМЈАВА , со репресивен апарат во раце, сега се РАЗЈАРЕНИ КАКО ЅВЕРОВИ , бесни на сите кои воопшто се сомневаат во нивната „посветеност“ на народот, на Македонија. Но умот им работи да разбираат само притисок, кој е засега далеку од нивниот „капацитет“ на резистенција. Не верувам дека притисокот значително ќе се покачи доколку криминалот откриен со снимките не биде многу повеќе доближен и објаснет на граѓаните од сите етникуми. Та не пуштија глас ни полицајците, вистински НАВРЕДЕНИ од својата министерка.

Како што е познато, телевизиите под целосна контрола на власта, со национална концесија - МРТ, Сител, Канал 5 и Алфа, како и нејзините портали - не објавија ни трошка од снимките на прислушуваните разговори. Но тоа на Груевски не му пречеше да тврди дека објавувањето на снимките од страна на СДСМ било божем доказ за постоење на демократија. Тоа е безобразно лицемерие, но од нивна позиција исправен резон. Ним не им е проблем да глумат демократи, оти знаат дека дострелот на медиумите кои ги пренесуваат снимките е скромен, дека снимките допираат до оние што следат ТВ 24 вести, Телма, Алсат, и солидните портали Плусинфо и Либертас. Нив инаку ги користат значаен број образовани граѓани, главно истомисленици, на кои нештата им се јасни и без посредување на спомнативе медиуми, а едвај забележливо работниците, селаните и пензионерите (добар број од последниве благодарни се гласачи на ВМРО поради бесплатниот автобуски превоз во Скопје, НЕБАРЕ Е ПЛАТЕН од касата на ВМРО, или од џебот на Груевски).

Од меѓународниот фактор не очекувам некој којзнае каков притисок. Тие со години практично го поддржуваа овој сатрапски режим, фалејќи го безмерно дека Македонија напредувала во реформите - во исто време кога таа сè побрзо паѓаше во сиромаштија, корупција, меѓуетнички сукоби, криминал. Во вести на ХТВ пред неколку дена, беше спомнато дека Македонија е неважна за Брисел. „Сè додека таму нема крвопролевање“ - зајадливо ми ја прокоментира веста одличниот хрватски колумнист, Маринко Чулиќ.

Во вака контоверзен политички амбиент, верувам дека годинава ќе се роди некој компромис, со кој нема да бидат задоволни ни оние на власта ни оние од опозицијата. Ќе има некоја, ако не преодна, тогаш концентрациска влада или неважно како ќе се вика, но која ќе организира слободни, ама не и сосема фер избори. Тоа ќе биде плод на „мирителската“ мисија на ЕУ и САД, во која ќе преживее дури еден Груевски (како награда за „кооперативноста“ со нив), но не и негови подлизурковци, кои по дефиниција се пуштаат низ вода.

Би рекол дека ова би бил првиот дел од разврската, кој би траел колку е потребно да се изберат разни органи на власта, да се воведат во работа и слично.

Другата фаза на разврската може да трае со децении. Така зборува искуството на Србија и Хрватска. Во тие земји на времето се „произведени“ тешки последици, а речиси иста „технологија“, на многу попримитивен начин, применета е и во Македонија. Тоа значи дека во структурата на власта и општеството, во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ и неговиот коалиционен партнер ДУИ, забрзано се распоредени кадри и кадри од доверба, најчесто партиски војници, не нужно компетентни за должноста на која се распоредени. Тие ѝ служеле пред сè на партијата, малку на државата. Со вакво „кадрирање“ всушност се оневозможени најважните тела за функционирање на државата - од Уставниот суд надолу.

Излекувањето на овој канцер неминовно ќе погоди голем број луѓе, со семејствата. По природата на човекот, тие ќе ги опструират сите мерки, без оглед на тоа колку се втемелени во законите.

Во интервју за Ал Џезира, лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека ако дојдат на власт „нема да ги отпуштаат луѓето во апаратот“. Тоа добро звучи, но – ако ги изземеме оние со криминални опашки - таму има премногу натрупано луѓе по разни основи, вклучувајки партиска волја, корупција, мито... Ослободувањето од тој вишок на вработени носи нови социјални проблеми, неретко се прават нови неправди со цел да се исправат претходните. Во Србија во апаратот има 850.000 луѓе, од кои се вишок дури 150.000 души – толку илјади семејства! Таму паднаа и некои способни министри (Рaдуловиќ, Крстиќ), но од овој „квадратен круг“ уште не е најден излез. Очигледно, и за српскиот и за македонскиот случај ќе треба многу време. До тогаш граѓаните ќе мора да се задоволат со живеење без страв, во слобода, како што оптимистички најави Зоран Заев.

http://okno.mk/node/46163


3 )
Потоа имаме едно поконкретно објаснување . Дијалог на глуви – некомуницирање со други партии кое го наметна кукавицита Груевски со бегање од било какви тв-радио дуели или дискусии доведе до тоа или си мене или против мене друга опција да нема .Исто така има луѓе кој може граѓанска војна не им одговара дури и не одобруваат но ако треба да не изгубат привелегии дури и тоа –граѓанската војна ќе ја оправдаат .Има и голма сиромаштија која по дефиниција е експозивен материјал која во секое време може да биде злоупотре*ена и тоа веќе се прави .

Граѓанска војна

10.02.2015

Никола Гелевски

Со месеци не ми се пишува ниту ми се разговара за „бомбите“. Дури не ми се пишува ниту прави муабет за теророт што го спроведува една насилничка врхушка сосема изгубена во просторот и времето. Се чини како сè да е речено. Девет години истиот неумолив филм на власта: лажење, манипулирање, насилство. Всушност, можеби до 2011 или 2012 некој сеуште да мислел дека груевизмот е подносливо отелотворение на политичката тактика „железна рака во свилена ракавица“. Денес груевизмот личи на шинтер што на ресторани испорачува пцовисани кучиња. Или на некој што е фатен при шутирање на мачка. Никој веќе нема илузии.

Сепак, главната причина за моето бегство од преовладувачките теми не е „губењето на илузиите“, не е досадата, не се повторувањата, чувството на гадење или поривот за ескапизам иако сите тие причини се валидни и многумина прибегнуваат кон нив со цел да ги сочуваат последните зрнца разум во сеопштиов пичвајс.

Друга е, значи, мојата причина за, да речеме, ресетирање и за одредена дистанца спрема настаните. Простото име на таа причина е: граѓанска војна. Безизлезот и бесмисленоста на зборовите водат во војна. Сегашната општествена динамика во Македонија глувилото, од една страна, и очајанието, од друга води токму во тој правец: ГРАЃАНСКА ВОЈНА . Од ден на ден настаните се радикализираат и сè подлабок е ровот меѓу двете завојувани страни (завојувани без официјална објава на војна, но и тој момент е сè поблиску, кога дефинитивно ќе си кажеме меѓусебно: „со вас веќе нема муабет“).

Дојдовме во ситуација, благодарение на една од сите лежишта сосема отшрафена власт, секој говор, секое учество во јавниот живот да значи само разгорување на огнот. Логиката, аргументите, слушањето на другиот, меѓусебното почитување или уважување, непристрасноста на задолжените за непристрасност и правичност (луѓето околу законите, институциите, медиумите, академиите...) сето тоа како партал е исфрлено од јавната и политичката сцена. Или си со нас или си со нив просторот од ден на ден е сè постеснет.

Формирањето некакви карневалски но баеги злокобни „здруженија за одбрана на Македонија“ го толкувам низ таа светлина; Гиш, на пример, сигурно не е толку глуп да не разбере дека е невиден историски блам да го брани актуелниот деспот од афери што му го загрозуваат тронот. Но, Гиш прецизно измерил со кантарот на вечниот малограѓанин: ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА Е ПОДОБРА опција од губењето на привилегиите што му ги овозможува седењето во скутот на мафијашите-владетели. (Некои луѓе Другиот во се*е го примаат „кооперативно“, „космички“; но некои од Другиот го создаваат Мопасановиот лик Хорла, невидливото суштество коешто е чиста надворешност, еманација на непријател.)

Ама, слична психолошка и логичка динамика се развива и во спротивниот табор; треба да си екстремно лош по математика за да не сфатиш дека во сегашна крајно ОСИРОМАШЕНА Македонија просто НЕМА ТОЛКУ ЛЕБ за толку зинати усти. Граѓанската војна, значи, меѓу другото, ни се ближи и зашто прифалуваат ресурси. Башка, немањето леб ви мигов кај нас е искомбинирано со најлошото: секојдневното тенчење на нервите, секојдневната енормна изложеност на стрес. Живи луѓе сме, со сетила, кревки, кои сиов сервиран ужас мораат да го сварат. Згора, голем дел од нас буквално се гладни и баеги начнати, и физички и психички.

Затоа системот што го востоличи груевизмот е најлошото што го видела земјава од бугарската окупација навака. Системот на лажниот пастир и неговата Фамилија генерира исклучиво зло и го вади најлошото од луѓето. Истиот тој Гиш сигурно не е чудовиште, но груевизмот го направи таков, куче на синџир што секојдневно го чека лебот од газдата. Без газда и без синџир тоа куче чувствува дека ќе умре. Дури и луѓето отспротива, жртвите на груевизмот, борците против понижувањето и теророт, исто така се принудени на нискости, принудени да го вадат најлошото од се*е ем за да преживеат, ем за да имаат каква било шанса во борбата со одамна ослободениот од сите скрупули непријател (лажат бајките дека јунаците имаат славеи во срцата). Дури мислам дека и самите првосвештеници на груевизмот (потесната Фамилија) ни од далеку лично и приватно не се такви чудовишта какви што ќе ги запомни историјата. Но, создадоа систем кајшто се гледаат само најлошите страни и кајшто само најлошите преживуваат.

Тој самоуништувачки систем може да се нарече „култура на понижувањето“. „Понижувањето е немоќ, емоција која пред сè е последица на чувството дека веќе немате контрола над својот живот, било колективно како народ, нација, било одделно, како поединец.“ Во својата важна книга „Геополитиката на емоциите“ Доминик Моаси вели дека нациите кои воспоставиле култура на понижувањето стануваат изразито деструктивни и кон се*е и кон своите соседи, гледајќи ги сите како виновници за понижувањето. Таквите култури немаат иднина, тврди Моаси.

Ми се чини дека начинот на кој медиумите под контрола на власта и некои луѓе по социјалните мрежи ги примаат првите „експлозии од бомбите“ исто така ја потврдува мојата теза: рововите се ископани, актерите се укопани владеат глувилото и цинизмот. Таквите околности велат дека во граѓанската војна ќе победи посилниот; не поразумниот, поправедниот, поморалниот, понормалниот. Јок. Ќе победи оној што ќе биде спремен што побескрупулозно да му ја скине главата на противникот. Поточно, ќе победи оној што ќе биде спремен да скине многу глави. Ќе победи културата на понижувањето.

И, пак, велам: можно е дека економијата, немањето леб за сите, да е главната причина за кинењето глави, за бескрупулозноста. Да имаше ресурси за корумпирање ќе се договореа главешините од разноразните табори, со пре*ези, предавства, нови коалиции. Ми се чини, за жал, дека во Македонија во мигов нема ниту материјални ресурси, а уште помалку памет и волја, да се изврши таа операција.

Да, се согласувам, луѓето од службите кои на Заев му ги овозможија „бомбите“ токму се тие херои кои работат против граѓанската војна во Македонија. Тие луѓе мислат дека уште еднаш работата може да се изменаџира во релативно тесен круг, преку ДБК, преку „службите“. Мислат дека со паѓањето на главите на потесната Фамилија Македонија може да се спаси. Но, мене ми се чини дека ќе оди многу тешко тој обид за „премостување“ на бездната во која упадна земјава под власта на еден сосема непресметлив автократ опкружен со имбецили поинфериорни дури и од неговиот погубен комплекс на инфериорност.

За среќа, постојат два фактора што можат да ја спречат сè ПОИЗВЕСНАТА ГРАЃАНСКА ВОЈНА во Македонија. Едниот фактор се македонските Албанци; вториот фактор се ЕУ и САД.

Затоа не чувствувам голема потреба да се расправам со Гиш, Ацо Станковски и другите Кербери на еден мизерен режим што на километри базди на чаушесковина. Впрочем, токму Ацо Станковски во неколку наврати во своите антологиски бесрамни и ступидни текстови ја правел таа споредба: „тие“, груевистите, се луѓе, а „ние“, опозиционерите, сме животни. Заради таа поставеност на сцената и улогите, велам, имам сè помала потреба да се расправам со аргументи. Со стапови и пушки да, ако затреба, како што луѓето (не и животните, кои се космички поразумниSmile се расправале низ милениумите.

Купишта камења што не градат ѕидови стана оваа наша к*ротресина од држава. „Непостојано станиште полно со празнина и ветар.“ Но, дури и тука, голи и боси, го чувствуваме струењето на некаква повисока смисла, на некаква четврта димензија? Езра Паунд има речено дека четвртата димензија е „мирнотијата и моќта над дивите ѕверови“. Дали тоа значи дека спас пред граѓанската војна може да биде пронаоѓањето на четвртата димензија?! Или сепак пореални се ЕУ и САД?

http://okno.mk/node/44475

4 )
Луѓето преку “бомбите “ на Заев се посвесни дека главната причина за нивните егзистенцијални проблеми е токму Груевски и неговото злосторничко здружение кое вршело и врши криминал од гигантски размери . За да ја елиминира ваквата опасност Груевски превзема популистички мерки кој немаат реална основа .

Вака :

А)

Груевски е пречка за низа мерки за достоен живот


22-04-2015

Република Македонија е во голема државна криза. Не е исклучена опасноста власта да ја втурне државата ВО ГРАЃАНСКА ВОЈНА . Сепак, како минуваат деновите, се намалуваат поддржувачите на Груевски, кои тој би ги злоупотребил за да предизвикува немири за да се спаси се*еси и своите соработници, откако јавноста дозна ЗА НЕГОВОТО КРИМИНАЛНО РАБОТЕЊЕ благодарение на одлучноста и на храброста на Зоран Заев, лидерот на опозицијата. Груевски е веќе минато време. Сега прашање на време е кога ќе биде и минато свршено време. Токму затоа претпочитам да се насочам во правец на мерки што треба да се преземат веднаш по заминувањето на Груевски од власта.

Во една претходна колумна посочив, овој пат на кратко да потсетам. Имено, новата влада ќе треба да почне преговори за замрзнување на кредитните побарување кон доверителите во странство, како ММФ, Светска банка, комерцијални банки, кај кои државата е задолжена. Истото се однесува и за домашните доверители – банките и компаниите. Новата влада ќе мора да бара поволни кредити во странство, со кои ќе се репрограмираат постојните долгови, да побара донации од пријателски држави, со цел државата финансиски да се стабилизира. Заради финансиско стабилизирање, новата власт ќе треба да ги замрзне набавките за инвентар, автомобили и слично, за што оваа власт троши околу 300 милиони евра годишно. Товарот за стабилизирање на државата мора да го понесат најодговорните што ја донесоа државата во ваквата ситуација во изминатите девет години и нивните извршители. Никако новата власт не смее да допушти товарот да падне врз граѓаните, бидејќи тоа ќе значи на сметка на граѓаните да биде алиментиран криминалот за личните богатења на поединци во власта во изминатите години. Украденото мора да се врати – ова го нагласи и Заев минатата недела.
Итн
итн

М-р Митко Јованов

http://libertas.mk/груевски-е-пречка-за-низа-мерки-за-дост/

б)
Гледаме дека Груевски врши
1) масовни вработувања во администрација
2) нуди откуп на стаж за нови пензионери
3) ќе им плаќал придонеси за нововработени во приватни фирми

Сето ова да се елиминира голем број на незадоволни граѓани .
Нели некој вработен во админстрација како вели Јанкуловска ‘го вдомиле” си мисли дека си го решил “животното прашање” . Овие со откуп на стаж нема потреба да чекаат до одреdена старосна граница . Е овие во приватни фирми баш и нема што многу фајде да видат со цркавицата од 9000 денари месечна плата што им ја гарантира Груевски .(ги продава како робови по свтот како ефтина работна сила .

Но колку е тоа навистина реално :
Или дали е реално или само привремено колку да му даде време на Груевски за Макеоднија да ја доведе пред свршен чин – уништување а во меѓвреме да се пресмета со опозицијата – физички како вели да се сотрат –(две муви со еден удар).

Вака :

Б 1 )

180.000 македонски граѓани живеат со помалку од 40 денари на ден?

Уште позагриживачки од висината на сиромаштијата во земјава, е фактот што таа интензивно расте, велат од СДСМ

Фокус 17 окт 2014

Во Македонија 180.000 лица живеат со помалку од 40 денари на ден, ова е последниот податок од Светската банка за тоа како живеат луѓето во Македонија, изјави денеска Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на најголемата опозициска партија.

- Според Светската банка, во 2010 година (ова е последна година за која има податок), 9,1% од луѓето во земјава живеат со помалку од 2 долари од 2005 година на ден. Овие 2 долари од 2005 година се еднакви на околу 40 денари. Четири години потоа, состојбата е влошена, бидејки сите економски параметри одат надолу. За споредба со Македонија, втората држава со највисока сиромаштија во Европа, Молдавија, има двојно пониска стапка на сиромаштија, околу 4.4 отсто. Стапката на сиромаштија во земјава е на ниво на некои држави од Латинска Америка, како Бразил и Еквадор, кај коишто оваа стапка изнесува околу 10.5% од населението. Уште позагриживачки од висината на сиромаштијата во земјава, е фактот што таа интензивно расте! Ако за период од 4 години, од 2006 година, сиромаштијата во Молдавија, Бразил и Еквадор се намалила, во Македонија ситуацијата е обратна – смета Тевдовски.

Во 2006 година, кога ВМРО – ДПМНЕ доаѓа на власт, стапката на сиромаштија во Македонија изнесувала 4.6 отсто од населението, вели Тевдовски и додава дека власта на Груевски, со нивните катастрофални економски политики, за само 4 години го дуплира бројот на сиромашно население во земјава!
Итн
итн

http://fokus.mk/180-000-makedonski-gragani-zhiveat-so-pomalku-od-40-denari-na-den/

Б 2 )

Младите си ги пакуваат куферите и „бегаат“ од Македонија-40 отсто иднината ја гледаат во странство!


15-02-2014

„Дојдов до заклучок дека повеќе се исплати да отвориш партија отколку фирма, денес се мислам да си аплицирам во агенција за иселување.“

„Оти за името на државата се грижиме, но не и за луѓето кои живеат во државата. Ете затоа ќе си одам од земјава.
Коментар на граѓанин на социјалните мрежи.“

„Ако не знаеш колку луѓе се во фаза на иселување од Македонија види само колку миленици се подаруваат поради заминување во странство.“

„Невработеноста се намалува од ден на ден СО ИСЕЛУВАЊЕ , е тоа е добар маркетинг потег.“

„Оти за името на државата се грижиме, но не и за луѓето кои живеат во државата. Ете затоа ќе си одам од земјава.“

Ова се дел од коментарите на младите луѓе на социјалните мрежи на тема иселување. Најголем дел од младите кои живеат надвор од Скопје сакаат својата иднина да ја градат надвор од Македонија, а сè помалку и главниот град им ја нуди перспективата која ја посакуваат, велат од невладините организации, пишува Радио Слободна Европа. Тоа го покажува и последното истражување на Реактор, според кое околу 40 проценти од младите одговориле дека за пет години СВОЈАТА ИДНИНА ЈА ГЛЕДААТ ВО ДРУГА ДРЖАВА . Според статистичките податоци, во Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и Тетово живее 40 отсто од вкупното население во земјава.

Главните причини поради кои илјадници млади луѓе годишно ја напуштаат земјава се пари, подобро образование, подобро платена работа. Различни се начините на обезбедувањето на работна виза, со желба само да се замине тие се спремни да работат секаква работа таму, склучуваат фиктивни бракови, бараат врски и пријатели кои ќе им го гарантираат престојот.

Неда Коруновска од невладината Реактор вели дека слабата економија и недостатокот од работни места се причините зошто 40 проценти од младите ја гледаат својата иднина некаде подалеку од дома. Таа додава дека последните нивни истражувања покажеле оти Скопје повеќе не е привлечна дестинација за младите од внатрешноста.

„Ставката на преселување на млади кон Скопје е драстично намалена, значи веќе за младите ни Скопје не е атрактивен град, односно не гледаат перспектива дури и ако се преселат во Скопје, па моментално само 3,7 проценти од младите би се преселиле или се гледаат за пет години во Скопје наспроти 16 проценти во 2005 година“, вели Неда Коруновска од Реактор.

http://libertas.mk/младите-си-ги-пакуваат-куферите-и-бе/

Б 3 )

Ќе се шокирате: Колку вреди еден работен час на македонски работник, а колку на Дански?

април 7, 2015

Истражувањето колку во 2014 година по час изнесува работното време на работодавачите го спроведе Евростат. Просечен трошок за час работа на ниво на Европската унија е 24,60 евра а најниското е во Бугарија, дури 3,80 евра.

Просечен трошок на работен час во Хрватска лани изнесувал 9,40 евра или 71,70 куни, покажуваат најновите податоци на евростатичарите.

Хрватска по тоа се наоѓа во долниот дел на листата на ЕУ и значајно под просекот на нивото на Европската унија, кој во 2014 изнесувал (за нив недостижни) 24,60 евра на час. Повеќе или помалку ист трошок на ангажирање на работната сила по час како и Хрватска лани имале и Чешка и Словачка.

Македонија не се најде на оваа листа поради тоа што не е членка на Европската унија, но последните податоци за нашата земја покажуваат дека македонските работници СЕ НАЈКОНКУРЕНТНИ во Европа и работодавачите ги чинат НАЈМАЛКУ ПАРИ

Имено, газдите во Македонија плаќаат во просек 3,2 евра за час работа, додека како што споменавме на почетокот во Европа овој просек е 24.

Сепак најскапо платени се работниците на Норвешка кои добиваат по 48 евра на час.

Така на пример во приватниот сектор цената на работа за час пониска и изнесува 181 денар или 2,94 евра, а во другите сектори чини 239 денари или 3,88 евра.

http://faktor.mk/2015/04/07/ke-se-shokirate-kolku-vredi-eden-raboten-chas-na-makedonski-rabotnik-a-kolku-na-danski/

Б 4)

АНАЛИЗА: Ќе има ли редовни пензии за идните пензионери?

Објавено: 27/04/2015

Илјадници граѓани за неколку денови ќе добијат шанса да го откупат стажот. Владината најава, соопштена во ек на политичка криза, дека ќе се обезбеди можност на засегнатите граѓани да го остварат правото на пензија, па во некои случаи да обезбедат и повисока пензија, експресно беше преточена во законско решение.

Пензискиот фонд, кој и сега се соочува со сериозни финансиски проблеми, треба да се подготви за можен наплив на нови пензионери, сметаат економистите. Каде води ваквото решение и дали ќе биде загрозена ликвидносната позиција на фондот а со тоа и редовната исплата на пензиите?

За да има пензии – ќе има задолжувања …

За да се посегне по мерката со која ќе се овозможи докуп на стаж за да се оствари право на пензија, најпрво е непоходна опсежна анализа за последиците, пред се врз финансиката состојба на веќе проблематичниот Фонод за пензиско осигурување и дали нема да биде загрозена исплатата на идните пенизнери, оценуваат дел од економистите.

„Пензискиот фонд и досега се соочуваше со проблеми за да обезбеди пари за исплата на пензиите. Она што е важно дека ние имаме тренд на зголемување на старосната граница а бројот на вработени е исти, освен во некои сектори, како јавниот сектор на пример. Фискални извори за финасирање на нови пензионери нема затоа што нема отворање на нови работни места кои ќе обезбедат приливи во фондот. Единствен начин преку кој би се обезбедиле пари се задолжувањата и таа пракса ние ја гледаме веќе 5-6 години“, смета универзитетскиот професор Семи Бислими кој објаснува дека Македонија ќе може да се задолжува во странство се додека не достигне сериозно ниво на зависност од кредиторите кои во следна фаза ќе запрат со финансирање по што земјава, односно економијата ќе се соочи со проблеми.

Според проценките, шансата за ОТКУП НА СТАЖ ЌЕ ЗАСЕГНЕ околу 200.000 граѓани на кои им недостига работен стаж ЗА ДА ОСТВАРАТ ПЕНЗИЈА . Според најавите од владата, мерката се однесува на лица кои работеле во периодот на транзицијата, а компаниите не им го плаќале стажот.

Дел од категоријата која ЌЕ БИДЕ ОПФАТЕНА со овие мерки се и лица кои веќе се во пензија, но поради малиот стаж земаат помали пензии, како и лица кои се’ УШТЕ РАБОТАТ , но им недостига стаж за да се пензионираат. Битолчани мислат дека мерката е позитивна, но велат дека прво треба да се донесе за да се види колку ќе се плаќа за откуп на стажот.

Додека законските решенија се во финална фаза, анализите на економистите упатуваат на АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ . Зависноста на пензискиот фонд од буџетот го намина нивото од 40%, кои се сметаат како одредена граница за одржливост.

„Исплатата на пензии во 2013 година обезбедена од централниот буџет достигна повеќе од 50%. Ова значи дека половината од износот на исплатени пензии се обезбедуваат преку централниот буџет и/или задолжување, за кое повторно плаќаат сите граѓаниеднаш преку придонесите и втор пат преку даноците“.

Пред да регрутира нови пензионери, Владата мора да обезбеди приходи за финансирање на пензиите, а тоа треба да се направи преку нови вработувања кои ќе обезбедат приливи по основ на придонеси, велат економистите.

„Сегашниот сооднос на пензионер-вработен НЕЕ ОДРЖЛИВ , ние секоја година имаме нова генерација од околу 22 илјади работоспособни, полнолетни лица, а од друга страна по околу пет илајди нови вработувања. Сегашниот потег за откуп на стаж сметам дека е во политички контекст, да се задржат постоечките гласачи и евентуално да се придобијат неопределените, но повторно укажувам дека ова ќе биде удар за пензискиот фонд кој и сега не е одржлив и зависи од дотациите од Буџетот“, објаснува професорот Бислими.

Влошувањето на финаиската состојба во пензискиот фонд беше регистрирана најпрво по спроведување на пензиската реформа и формирањето на приватните пензиски ситеми, а потоа и со континураниот пораст на висината на пензиите во состојба кога фондовската каса се соочува со ликвидносни прблеми. Дел од нив беа констатирани и од Државниот ревизор.

„Зголемувањето на бројот на корисниците на пензија како и усогласувањето на пензиите во 2012 година влијаеше на недостаток на средства за исплата на пензии поради што секоја година се зголемува зависноста на Фондот од позајмување на буџетски средства од основниот Буџет на РМ. За покривање на буетскиот дефицит исплатените средства од Буџетот на РМ имаат учество од 22 %“ , оценија ревизорите.

Јазот меѓу оние што земаат пензија и оние што ја полната фондовската каса се стеснува – алармира експертската јавност. Според пресметките на ПИО, на 1,8 осигуреници има 1 пензионер, сооднос што објективно треба да го вклучи алармот за долгорочна одржливост на фондот за редовна исплата на пензиите.

„Ние имаме сериозен проблем со Фондот за пензиско осигурување. Таков проблем има секаде во Европа, но кај нас таа состојба е ендогена бидејќи интензитетот на влошување е многу јак. Пред нецели двесет години, односно од 1996 та година, ние имавме однос на тројца вработени еден пензионер. Денеска тој сооднос е 1,6 вработени спрема 1 пензионер, што значи дека тој сооднос е двојно влошен. “ – оценува универзитетскиот професор и академик Абдулменаф Беџети.

Според проценките на експертите, за да се пополни сегашната дупка во касата на ПИОМ преку обезбедување на приходи по основ на пензиско осигурување, потребни се 200 илјади нови вработувања.


http://a1on.mk/wordpress/archives/483044

http://portalb.mk/166143-analize-qe-te-kete-pensione-do-te-kete-hua-te-reja/

Вратете се на почетокот Go down
 
Груевски заговара – се заканува со граѓанска војна
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: