ФОРУМОТ Е НАШ
Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ Empty
ПишувањеПредмет: Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ   Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ EmptyСаб 04 Јан 2014, 4:56 am

Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ


Сите паметиме како Љубчо Георгиевски ЈАВНО и се (ни се) извинуваше на целата јавност поготово Македонците поради како што велеше негова грижа на совест оти по негова заслуга Борис Трајковски станал Претседател на Република Макеоднија .Го обвинуваше за прекинот на војната и за спречување на поделбата на Македонија како што тој ја заговараше .

А ете секогаш се гордееше со Никола Груевски како негов најдобар избор .И тука треба да се нагласи дека Никола Груевски беше донесен како Министер во владата на Љубчо Георгиевски од ДА (демократска алтернатива на Тупурковски ) иако самиот Груевски воопшто и не беше предложен од Тупурковски .Туку Љубчо го постави како негов личен избор .И тоа никогаш него криеше туку напротив се гордееше со тоа .

И после распадот на ДА (демократска алтернатива ) сите кадри од таа распадната партија заедно со Груевски ги внесува директно во врвот на ДПМНЕ со што го форсира Груевски како свој наследник .

Е ајде сега да ги видиме резултатите од најдобрата инвестиција на Љубчо Георгиевски кој се вика Никола Груевски .

1)
Фалбата дека Љубчо во Груевски приметил човек економист со визија и перспектива .

А резултатите на ЕКОНОМИСТОТ Груевски се следните :

а)


Секој трет во Македонија е сиромашен

03-јан-2014

Стапката на сиромашни лица во 2011 година изнесувала 27,1%, што значи дека речиси секој трет во Македонија е сиромашен, објави Државната статистика.
Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни невработени лица изнесува 48,7%, додека стапката на сиромашни вработени лица е 10,0%.
Државниот завод за статистика ги пресмета Лаекен индикаторите за сиромаштијата по спроведувањето на Анкетата за приходи и услови за живеење, која е во согласност со препораките на Европската унија.
Извор на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.


http://libertas.mk/%d1%81%d0%b5%d0%ba%d0%be%d1%98-%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b5-%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%88%d0%b5%d0%bd/


http://libertas.mk/секој-трет-во-македонија-е-сиромашен/


б)
Си-Ен-Ен: Македонија меѓу петте најлоши економии на светот

23.12.2013

Македонија втора година по ред е на врвот на листата на земји според невработеност. ММФ предвидува дека речиси една третина од работниците во земјава ќе бидат без работа и во оваа година, објавува Си-Ен-Ен во најновото истражување за светските економии.

http://24vesti.mk/si-en-en-makedonija-megju-pette-najloshi-ekonomii-na-svetot


в)
Македонија на трето место по сиромаштија во Европа

13.12.2013 Економија


Македонија е трета најсиромашна земја во Европа, покажуваат најновите податоци
од Европската канцеларија за статистика, Евростат.


http://www.novini.mk/read/517441/makedonija-na-treto-mesto-po-siromashtija-vo-evropa

Македонија е трета најсиромашна земја во Европа

Посиромашни од Македонија се само Албанија и Босна и Херцеговина
Македонија е трета најсиромашна земја во Европа, покажуваат податоците на европската статистичка служба „Еуростат“. БДП на Македонија во 2012 година по жител, мерен преку паритетот на куповна моќ, изнесувал 35 отсто од просекот што го имаат 28-те земји-членки на ЕУ. Посиромашни од Македонија се само Албанија со БДП по жител од 30 отсто и Босна и Херцеговина со БДП по жител од 29 отсто од европскиот просек.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121413759296&id=10&setIzdanie=23052

г)
Македонија – седма на листата на земји во светот каде луѓето најмногу страдаат

Македонија и нејзините жители се најдоа на седмото место на светската листа на земји каде граѓаните најмногу страдале во 2012 година, покажа истражувањето на Галуп.

http://libertas.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%BC%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%B8-%D0%B2/


http://libertas.mk/македонија-седма-на-листата-на-земји-в/

д)

Октоподот на ДПМНЕ

http://www.utrinski.mk/?ItemID=64C8B4E0FE5160419EFB0B9966DC9426

ѓ)

Стануваме ли држава без иднина?

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=87AB5F69FB60ED4FA7871F72E1903439

е)
Соопштенија за јавност

Груевски е вкупно 11 години во владата, a од Македонија се иселиле 447 илјади граѓани

http://www.sdsm.org.mk/default.aspx?mId=55&agId=&articleId=9279


ж)
За 7 години власт Никола Груевски и неговата Влада изградија само 7 километри автопат

Премиерот Груевски призна дека двата пата во кавадаречко што ги пушти во употреба денеска, во 8-та година од неговото владеење, биле лоши и ризични од безбедносна гледна точка!
Нема поголема потврда за погрешните политики на Никола Груевски од денешната изјава на премиерот.
Навистина е чудно како Груевски наместо да се фали, не чувствува одговорност за инвестирањата во камен, додека се во опасност животите на македонските граѓани.
За 7 години власт Никола Груевски и неговата Влада изградија само 7 километри автопат.
Колку одземени човечки животи во 12 илјади-те 714 сообраќајни несреќи за само 3 години се резултат на катастрофалните патишта и автопатишта, премиере Груевски?


http://sdsm.org.mk/default.aspx?mId=55&agId=2&articleId=9192

з)
Шекеринска: Дали е нормално македонските граѓани да плаќаат 3 пати поскап автопат

https://www.youtube.com/watch?v=CLh2mLR5f7w

ѕ)
ФОТО+ВИДЕО: Полицијата не дозволи ставање црна наметка на цар Душан

http://libertas.mk/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2/

итн
Итн

Октоподи , криминал , криминал и само криминал , масовно ислелување геноцид на Македонците као што нее забележан ниту во 500 годнини Турско владеење ,
А најголемото достигање на Груевски е тоа што од Запад препишал нов данок ДДВ кој само го накалеми на постојните даноци од комунизмот кој не ги укина .
И сешто до денес видовме од економистот Груевски се казни , глоби , даноци .
Абе за паметни работи треба паметен човек за смислување казни ,глоби , даноци нетреба факултет тоа го може од првата до последната будала на овој свет .
А ете Груевски освен кримиал и смилување улавштии од типот казни даноци глоби за ништо друго не го бива .Ќускија невидена .

И конечно со величењето на Српски владетели само си го покажа вистинското лице (јас никогаш на овој стаорец и не му верував ) па и ќор коњ да види дека нее никаков патриот туку Грко-СРбо-Четнички дудлач .
Ваков изрод и предавник какоГруевски ороспија нема исрано на Макеоднска територија одкога постои територијата Макеоднија и Македонски народ .
Станува збор за најголемото предавничко копиле што било кога постоело меѓу Македонците .Најобичен Грко-СрбоЧетнички дудлач .

И тука се поставува прашање :
Како каков Љубчо го ДОНЕЛ Груевски во ДПМНЕ кога самиот Љубчо непропушта прилика да каже дека ДПМНЕбила бугарашка партија .Како каков го донел Груевски ? Да ја грцизира –антиквизира и србизира ДПМНЕ или што друго ?
Дали Груевски ги исполнил неговите очекувања како негов фаворизиран наследник ?

И Најбитното прашање според насловот на темата :

Ако Љубчо чувствувал грижа на совест пореди негова одлука за Борис Трајковски да биде Претседател па одржуваше прес-конференции на кој ЈАВНО на сите ни се извинуваше само заради тоа што Трајковски недозволи помасовни крвопролевања и уништувања а сега го има Груевски кога има 500 000 иселени од Макеоднија геноцид каков нее забележан во 500 години Турско владеење (напротив Македонско население бројно се зголемило) тогаш ДАЛИ И СЕГА НЕ ЧУВСТВУВА ГРИЖА НА СОВЕСТ да ни се извини поради катастрофата наречена Груевски за која тој лично е виновен бидејќи самиот го донел во ДПМНЕ и цело време ЈАВНО го фалеше и форсираше како свој наследник .

Или нема грижа на совест и не мисли да се извини поради грешката (катастрофата ) наречена Груесвки .
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ   Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ EmptyСаб 11 Јан 2014, 3:34 am

За тие што незнаат или подзаборавиле мало потсетување .(ако ништо друго имам добра меморија ).
До изборите 1998 кога ДПМНЕ со Љубчо Георгиевски доаѓаат на власт ДПМНЕ важеше за партија на припрости луѓе .Затоа за да се подобри имиџот на партијата покојниот професор академик и прв Премиер на Република Македонија Кљусев форимраше совет на интелектуалци на ВРМО-ДПМНЕ каде собра голем број на видни луѓе професори , академици од разни профили како економисти правници итн .
И после поразот на СДСМ и формирањето на Влада од Љубчо Георгиевски .......пази ваму .....никој од тие луѓе што биле ЈАВНО отворено спремни да се произнесат против СДСМ нечинел а Љубчо зема некое безнадежно брокерче Груевски од друга партија (Демократска Алтернатива) насила го прави денешниот највечи ДПМНЕ-овац свих времена и му дава високи државни функции .

И од прв ден истиот Никола Груевски откога го повикал Љубчо Георгиевски отворено си шурува и работи против интересите на Макеоднија а за интерес на Грција а со тоа и на Србија .
Од прв ден Груевски работи да и наненсе што поголемо уништување и штета на Македонија и Македонскиот народ .

И тоа е надобрата инвестиција на Љубчо Георгиевски .

И сега кога Груевски прави Грцизација –антиквизација и кога прави Србизација велича Српски краљеви преговара за заеднички амабасади со Србија истиот Љубчо Георгиевски глуми изнендаденост .

Ајде де .

Како може да биде “изненаѓен и увреѓен “кога цело време знел и бил во тек со тоа што го прави Груевски .

Него ова испаѓа дека Љубчо покрај тоа што заговара некакво бугараштво цело време со брат му Груевски биле ( и се сеуште ) Грко-СрбоЧетнички дудлачи .

Од прв ден Груевски си правел криминал и работел против Македонија .
И Љубчо незнаел .???????
Како бе незнаел кога до денес на сите интервјуа тврди дека криминалот што Груевски го правел со ОКТА е најдобрата работа .

Еве како “највечиот патриот и Македонец” отворено работел против Македонија а за интерес на Грците

Еве дека од првиот ден кога го повикал Љубчо се гледа дека Груесвки директно си контактирал и работел не само како криминалец туку цело време шурувал и бил во контакт со Грчката ДРЖАВА чии интереси и до дене денес ги брани .

Истиот овој Груевски кој нас МАкедонците ќе ни го бранел идентитетот ќе не бранел од Грците . А уствари цело време бил Грчи дудлач .

И еве ги конкретните ДОКАЗИ ЗА ТОА :

А)

Писмата на Груевски до „Окта“ испливаа на површина по 10 години
16.01.2009,

Поради писмата, „Окта“, односно Македонија, требаше да и' плати на „Мамидоил џет оил“ отштета од 17,4 милиони долари
Маја Томиќ



Случајот со „Окта“, односно контроверзната продажба на скопската рафинеријата на грчки „Хеленик петролеум“, и по десет години никако да загуби од својата актуелност. Барем по еднаш во годината македонската јавност е сведок на некакви нови доказни материјали поврзани со продажбата.

Последното нешто се писмата што ги адресирал премиерот Никола Груевски до „Окта“ кон крајот на 1999 година, тогаш во улога на МИНИСТЕР ЗА ТРГОВИЈА Содржината на писмата, за кои до лани Груевски ТВРДЕШЕ ДЕКА НЕ ПОСТОЈАТ, деновиве доби на актуелност.

Oд собраниската говорница канонада обвинувања упати либералдемократот Андреј Жерновски, упатувајќи му остри прашања и критики на Груевски. Тој побара од него да каже зошто наводно ЈА ОШТЕТИЛ ДРЖАВНАТА КАСА со 17,4 милиони долари, токму како резултат на содржината на писмата, и какви всушност биле неговите вистински намери.

Според Груевски, писмата биле необврзувачки и не ја оштетиле државата ниту еден денар, затоа што грчката „Хеленик петролеум“ лани се откажала од побарувањата на долгот. И покрај таквиот одговор, Жерновски најави дека ЛДП ќе го комплетира досието против Груевски и ќе побара ОД ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ да го испита случајот. Покажувајќи ги писмата, Жерновски рече дека со нив Груевски и' сугерирал на „Окта“ да не увезува нафта од грчката „Мамидоил џет оил“. Жерновски тврди дека со тоа ја оштетил Македонија за 17,4 милиони долари и го праша премиерот од говорницата дали спие мирно, на што Груевски му одговори ПОТВРДНО.

Писмата ПОТПИШАНИ ОД Груевски излегоа на виделина по пресудата на Арбитражниот суд во Париз за спорот „Окта“ против Република Македонија есента 2007 година. Грчка „Окта“ ги презентираше нив како доказен материјал пред судот.

„Груевски треба да им објасни на македонските граѓани какви се последиците за државата“, коментира поранешниот министер за економија, Стевчо Јакимовски, и додава дека тие се јасна основа за одговорност на премиерот, затоа што предизвикале ГОЛЕМИ МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ЗА ДРЖАВАТА

Инаку, станува збор за писма кои до „Окта“ ги адресирал Груевски на 16 и на 26 ноември 1999 година. Со нив, ВО ИМЕ НА Владата, и' дава инструкции на „Окта“, односно на „Хеленик петролеум“, да престане да купува нафта од „Мамидоил џет оил“, фирма на грчкиот магнат Мамидакис, затоа што таа била поскапа. Како резултат на таа препорака, „Окта“ престанала со увозот, а Мамидакис ја тужеше „Хеленик петролеум“ за тоа. „Хеленик петролеум“ го загуби спорот на Лондонскиот суд, а 17,4 милиони долари отштета кои ги побара, по пресудата на Арбитражниот суд во Париз, во процесот „Окта“ против РМ, паднаа НА ТОВАР НА Македонија, заедно со вкупната пресудена САУМА ОД околу 50 милиони долари.

Се поставува прашање, ако писмата не биле обврзувачки, како што вели Груевски, тогаш ЗОШТО Париз донел таква ПРЕСУДА ЗА НАПЛАТА ?

За спорот меѓу „Хеленик петролеум“ и Мамидакис во Лондон Груевски се појавил КАКО СВЕДОК, во корист на ГРЧКИТЕ ГАЗДИ на „Окта“. Но, иако бил повикан да сведочи ВО КОРИСТ НА Македонија во Париз за тужбата на „Окта“, ТОЈ НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА

Од сметката на државата Македонија, каде што претходно „Хеленик петролеум“ ги уплати 20 милиони долари за купување на „Окта“, Мамидакис веднаш повлекол 3,5 милиони долари. Всушност, парите биле повлечени, не од буџетска, туку од посебна Ексроу сметка, отворена специјално за парите од продажбата на рафинеријата на Грците.

По пресудата во Париз, на 31 декември 2007 Македонија и „Окта“ склучија Спогодба за порамнување, за која владините министри рекоа дека е исклучиво поволна за нас. Со спогодбата, наместо пресудената сума од 50 милиони долари, на грчките газди Македонија треба да им плати 40 милиони долари. Тоа, според Владата, бил добар пазар, бидејќи вкупната сума од пресудата е околу 94 милиони долари, основен долг и камати. За ВОЗВРАТ , Владата и' го одложи на „Окта“ воведувањето на повисоките стандарди на бензините и на мазутот до јуни 2009 г. Според спогодбата, сумата што РМ треба да ја плати од 40 милиони долари нема да вклучува и обесштетување за компензација која „Окта“ веќе му ја платила на „Мамидоил џет оил“.

Јакимовски вели дека спогодбата има директна корист за „Окта“, бидејќи се пролонгира измената на технолошките постројки и воведувањето еколошки стандарди. За тоа на Грците им требаат најмалку две години. Бидејќи оваа обврска им е одложена, за тоа време тие ќе ги соберат истите или поголеми пари од долгот преку продажба на неквалитетни бензини, но по високи цени.

„Со тоа што Груевски нема да плати 50 милиони евра од буџетот за судски казни, наводно, ја спасил државата“, коментира Јакимовски. „Ако не плати Груевски, мора да плати некој друг. А кој друг, ако не народот, преку СКАПОТО ГОРИВО и ТРУЕЊЕ НА ОКОЛИНАТА. Така, простувањето на 13,9 милиони долари отштета од писмото на премиерот ќе ја чини Македонија најмалку три пати повеќе“, вели тој.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=14BF8B5C3B3BBD428828E74D98D872D9


Б)

Улогата на Груевски во случајот „ОКТА“

Отворањето на раната неодамна навистина беше болно. Блокадите на жителите од селото Миладиновци на скопската рафинерија поради ТРУЕЊЕТО што таа им го приредува во континуитет, повторно ја потсетија јавноста на последиците, во случајов еколошки, што ни останаа како наследство од купопродажниот договор за ОКТА. Владата повторно се обиде брзопотезно да ја затвори приказната на тој начин што договори со грчките сопственици да ги прифатат барањата на локалните жители, иако не е јасно какви на крајот ќе бидат ефектите од спогодбата.

Клучот за разбирање на улогата на сегашниот премиер во случајот ОКТА се фамозните писма од 16 и 26 ноември 1999 г. на тогашниот министер за трговија Никола Груевски до ОКТА, во тоа време веќе во сопственост на ГРЧКАТА ДРЖАВНА компанија „Хеленик Петролеум“.

Интересно е да се напомене дека Никола Груевски се појавил како сведок ВО ИНТЕРЕС на „Хеленик Петролеум“ пред Лондонскиот суд.
Впрочем, еве што се вели во неговото сведочење:
„Целта на писмото од 16-ти ноември 1999 година беше да ја спречи ОКТА да купува сурова нафта од или да манипулира сурова нафта преку компаниите на г-дин Мамидакис, бидејќи бев убеден дека тоа би ги загрозило односите со Хеленик Петролеум и грчката Влада, која обезбедува испорака на сурова нафта по цена која е многу поповолна за Македонија.
- Значи, Груевски во сведочењето признава дека целта му била ДА НЕ ГИ ЗАГРОЗИ односите со „Хеленик Петролеум“ и со грчката Влада. Чии интереси тогаш тој бранел, прашува Јакимовски.
- Се сеќавам дека тогаш формирав тим во Министерството за економија кој единствено се занимаваше со таа проблематика, а до судот во Париз државата достави повеќе од 4.000 страници документи и материјали. И покрај сѐ, Македонија го загуби тој процес. Но интересен е еден друг момент. Министерството за економија ГО ПОВИКА Груевски КАКО СВЕДОК, а тој НЕ СЕ отповика на поканата. Испраќавме и дописи ДО ПАРТИЈАТА, до Собранието, но Груевски НА СЕ ЈАВУВАШЕ. Значи, можеше да сведочи пред Лондонскиот суд во корист на „Хеленик Петролеум“, но не и пред Арбитражниот суд во Париз, ВО КОРИСТ на Република Македонија, констатира Јакимовски.
Арбитражниот суд во Париз донесе пресуда во која, покрај другото, ја задолжи Република Македонија на „Хеленик Петролеум“ да му ја надомести штетата во висина од 13,9 милиони долари поради изгубениот спор со „Мамидоил Џетоил“. И овој суд исто така ги цитира писмата кои ги испратил Груевски до ОКТА (се цитира и дополнително писмо со слична содржина од министерот Бесник Фетаи), кои се главниот аргумент за донесување на пресудата во тој дел.

http://fokus.mk/kakva-e-ulogata-na-gruevski-vo-sluchajot-okta/

Ете тоа е “патриотот” Груевски уствари Српско-Грчко шпиунче и најголем изрод во Македонската историја .
Од прв ден одкога го повикал Љубчо батето прави уцени , рекетира , закани прави намерни штети за Македонија .

И Љубчо незнаел за тоа ?
Море и те како знаел цело време .

И само кога ќе сетам како Љубчо беше пред камери љут на тогашниот министер Љубен Пауновски со аферата “расипани паштети” за АРМ во текот на војната а истиот тој Љубчо сега испаѓа ..пази чудесија .....дека незнаел оти Груесвки прави неспоредливо поголем криминал во текот на таа војна кога батето си дрпало неколку станови низ Скопјето па целото правдање за тоа е обичен циркус дека мајка му заштедила од платата во Социјализмот за тие станови .

Груевски е непоправлив криминалец со тапија .Ништо не му свето каквов патриотизам какви бакрачи . Ќе не шитне око не му трепнува .И веќе тоа иго прави .

И Љубчо незнел за тоа .?

Епа добро ако незнаел (пази да немој ) тогаш кога веќе имал грижа на совест за Борис Трајковски и ЈАВНО ни се извинуваше (иако Трајковски баш цело време и работеше за интересот на Македонија и не*еше криминалец ) тогаш нетреба на Љубчо да му биде тешко да излезе и ЈАВНО да ни се извини заради криминалецот и предавникот Никола Груесвки .
Нели ?
Или сеуште тврди дека Груевски е неговата најдобра инвестиција .
Па тогаш што глуми опозиција на Груевски .?

Ако се предомислил ...нека повели .....ЈАВНО извинување за катастрофата наречена Груевски се чека и бара од него .
Тоа веќе би бил ДОКАЗ дека се предомислил и дека навистина се оградува од Груевски .
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ   Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ EmptyПет 24 Јан 2014, 3:05 am

Како може Љубчо да не знаел дека Груевски врши огрoмни криминалии во негово време .Како можел да не знае дека од прв ден кога го донел Груевски во ДПМНЕ овој ВЕДНАШ почнал соработка со Српските и Грчките тајни служби .
Еве дека уште во тоа време Груевски соработувал со Благородна Дулиќ која и те како имаше учество во државниот удар од 24 декември 2012 година .
Благородна дулиќ Србинка со Српско државјансво .

Еве :

Како фирмата на синот на Благородна Дулиќ стана дел од Пајажината на НПК?

Текстот е објавен на 4. март 2011 година во неделникот „Фокус“.

Фирмата на Дарко Дулиќ, синот на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ, во 2002 година добила бизнис од три милиони евра од Министерството за финансии, каде што главен бил Груевски

Помина цела недела откако потсетивме како медиумите, а богами и институциите реагираа на неправилностите во работата на Националната платежна картичка и за нејзината приватизација, но досега никој не реагираше.
Ги нема министрите на Груевски кои беа дел од НПК, го нема да се огласи ниту јавниот обвинител Љупчо Шврговски, ниту пак се појави човекот што ја водеше оваа институција – првиот братучед на Груевски, Владимир Мијалков.
Впрочем не се одзва ниту министерот за правда, Михајло Маневски, кој во неговата книга од 2005 година го вброил случајот НПК како дел од иницијативите на Антикорупциската комисија за поништување на приватизација. Едноставно, владее еден чуден космички молк, како што веројатно би се изразил реформаторот на ЗПП и идеен творец на НПК.
Токму денешниот министер за правда во неговата книга ,Корупцијата во Република Македонија, навел дека комисијата барала поништување на приватизацијата на НПК.
Од друга страна, за државните институции не е спорна само продажбата на Картичката, ами и начинот на кој оваа институција работела или подобра кажано како ги трошела државните пари.
Така, Државниот ревизор во неговиот извештај од 2004 година навел редица неправилно изведени тендери во кои се потрошени неколку стотици илјади евра, а меѓу нив секако најмногу боде очи улогата на приватната фирма „Виста процесинг“.
Имено, ревизорот направил проверка на буџетот за 2002 година и тогаш открил дека Министерството за финансии, каде што министер беше актуелниот премиер Груевски во два наврата и исплатило на „Виста процесинг“, дури 3 милиони евра.
Односно, Груевски како министер ја купил оваа опрема во име на Националната картичка, која ја водел, да потсетиме, неговиот братучед Владимир Мијалков. Министерството за финансии прво и платило на „Виста процесинг“ 2,5 милиони евра за хардвер, софтвер и за апликациони пакети, а потоа и платило уште дополнителни нешто повеќе од 400.000 евра за набавка на 20 банкомати.
И тука нема нешто премногу спорно, туку интересен е фактот дека ревизорот увидел оти недостасуваат документи со кои може да се потврди дека опремата воопшто пристигнала!!! За тие што повеќе се разбираат во оваа материја, ќе потсетиме дека Министерството за финансии и платило на фирмата само врз основа на профактура, без да има конечни фактури, а при ревизијата недостасувале и испратници и единствен царински документ.
Така барем вели ревизорот во 2004 година, кога и препорачал да се преиспита оваа набавка.
Интересно е дека откако оваа и друга опрема биле бесплатно пренесени од името на Министерството за финансии во НПК, ревизорот увидел дека вредноста на опремата во документите на Министерството не соодветствува со онаа вредност во судската регистрација на Картичката.
ЛАПНАЛЕ ТРИ МИЛИОНИ И ОТИШЛЕ ВО СТЕЧАЈ

Имено, ова државно гласило, во март 2003 година ќе напише дека Основниот суд Скопје 2 објавува дека се отвора стечајна постапка над должникот Друштво за трговија и услуги „Виста процесинг“ со седиште во скопската населба Аеродром на булеварот АВНОЈ.
Мора повторно да се потсетиме дека СДСМ на прес-конференција обвини дека оваа фирма е формирана во истата година кога е формирана и НПК, а нашите нови информации покажуваат дека мистериозно згаснува само половина година откако Груевски и ВМРО-ДПМНЕ заминуваат од власт.
Токму во периодот кога беа најжестоки апсењата и притисоците на сдсмовската власт врз поранешните функционери, во времето кога Хари Костов е се уште министер за внатрешни работи во владата на Црвенковски.
Навистина е чудно како тоа новоформирана фирма добила тендер вреден речиси 3 милиони евра во 2002 година, а во наредната пролет едноставно толку многу се задолжила и заглавила во проблеми, па морала да оди во стечај.
А дека СДСМ се во право кога велат дека „Виста процесинг“ се формирани истата година како и НПК, покажуваат и документите за оваа фирма кои ги обезбедивме од Централниот регистар.
Веднаш мора да потсетиме дека исто така во Царината работи уште еден лик поврзан со Националната платежна картичка, а тоа е Владимир Мијалков, кој е советник на директорот во Царината и кој е прв братучед на премиерот Никола Груевски.
Ако може да ја поедноставиме оваа приказна би рекле дека фирмата на Дарко Дулиќ добила бизнис од три милиони евра од Министерството за финансии, каде што главен бил Груевски, а парите ги добила за потребите на НПК, каде што, пак, директор бил неговиот денешен претпоставен Владимир Мијалков. Малку замрсено, речиси како пајажина!
И да, ревизорот не бил убеден дека воопшто пристигнала опремата од оваа фирма, која отишла во стечај само една година откако го добила тендерот вреден околу три милиони евра.
Имено, Маневски пишува дека на времето смислено биле обезвредени многу значајни стопански субјекти, производствени и други претпријатија што успешно работеле, но биле доведени во состојба на лажен стечај, а за лажен стечај, потенцира Маневски, никој не одговарал.
„Сето тоа се правеше со една проверена шема. Откако ќе се стекнеа значителни материјални средства по основ на земени кредити, заеми или од други пласмани или ќе се создадеа големи обврски од неплатени даноци, со цел да се избегне плаќање на обврските капиталот смислено се пренесуваше на друг нов правен субјект, а остануваа само обврските. След тоа, се покренуваше стечајна постапка, која се отвораше, а истовремено се затвораше поради немање имот на должникот“, пишува Маневски во книгата „Корупцијата во Република Македонија“, за дел од стечајните постапки.
Така пред пред години размислуваше Маневски, додека ние многу би сакале да знаеме кои се чувствата на јавниот обвинител Љупчо Шврговски за случајот со Националната платежна картичка, со оглед дека во една пригода тој рече оти сочувствува со вработените во А1 телевизија, откако сметките на телевизијата беа замрзнати поради вмешаност во аферата Пајажина.
Имено, тој во врска со овој случај изјави дека А1 не може да има посе*ен третман иако е медиум, но прашање е дали во случајот Национална платежна картичка, сепак, обвинителските чувства проработеле.
Самиот за „Утрински весник“ има изјавено дека 20 години се дружел со браќата Мијалкови, од кои едниот Владимир бил и директор на Националната платежна картичка.


http://fokus.mk/kako-firmata-na-sinot-na-blagorodna-dulik-stana-del-od-pajazhinata-na-npk/

2)

Функционерите поголеми земјопоседници од земјоделците


И Благородна Дулиќ и Влатко Ѓорчев имаат земјоделско земјиште во странство. Дулиќ пријавила посед од 10 хектари во Суботица, а Ѓорчев земја, овоштарник и шума во Славонски Брод и Макарска вредни околу 34 илјади евра и уште парцела во Сопиште во вредност од 3,4 милиони денари

(Е.А.)
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9DFF5B38FF659F4F9951D56FD4CEBAEB

Јас сум Бугарофил! -Љубчо Георгиевски

https://www.youtube.com/watch?v=4ANWGqqwphk


Многу интересно .
Љубчо Георгиевски цело време се претставува како Бугарофил.
Не пропушта прилика во било кој јавен настап да нагласи дека ДПМНЕ во негово време била најмалку 60-70 проценти бугарофили .
А од друга страна гледаме дека неговата најдобра инвестиција Груевски кој тој го донел во ДПМНЕ (а имало-ше и те како поспособни и неспоредливо почесни од Груевски ) иако Груевски бил член на друга партија .И од прв момент од кога го донел во ДПМНЕ истиот Груевски нечекал нит секунда веднаш почнал да работи за интерсите на Србија и Грција .И сето тоа воопшто не му пречело на Љубчо Георгиевски туку цело време го фали Груевски како негова најдобра инвестиција .
И повторното активирање на Љубчо на политичка сцена со формирање на нова партија станува спорно бидејќи негово активирање беше со изговор дека ако можел Бранко Црвенковски повторно да се активира политички тогаш и тој ќе стори истотото. Е сега се поставува прашање колку и на кого Љубчо Георгиевски ќе му биде опозиција ? На неговата најдобра инвестиција Никола Груевски ? Глупости па Љубчо може само да си ја заштити својата најдобра инвестиција а не да биде против Груевски .
Зарем нее така ?
Што ќе глуми изненаденост Љубчо со антиквизација-Грцизација кога се гледааат доказите како Груевски од прв момент кога го донел Љубчо веданш работел со Грција и Грчките тајни служби.
Што ќе глуми изненаденост Љубчо со Србизација и поставување споменик Цара Душана од Груевски и ДПМНЕ кога од прв момент кога го донел Груевски во ДПМНЕ овој веднаш почнал соработка со Србија и Српските тајни служби .

И сеуште не слушнавме барем јавно да се огради од Груевски и да се извини поради неговото носење во ДПМНЕ .

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ   Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ EmptyСре 05 Фед 2014, 3:20 am

Јас на Љубчо не му негирам тоа што било добро.
Факт е дека после Социјализмот прв пат за време на владеење на Љубчо стандардот малку порасна , имаше повеќе пари , се наоѓаше полсно работа без потреба од партиска книшка .Тоа дали Љубчо имал улога во почнување на војната никогаш не сум го обвинил оти нема докази за такво нешто .

Тука темата е како Љубчо го донел Груевски во ДПМНЕ .
А со Груевски како црева се довлечкале и цела сурија и Мијалков и цела гнасотија па сега ја усраа цела Македонија .
Тоа е темата .
Иако уште за време на Љубчо јасно се гледало дека Груевски апла си шурува со Србија и Грција .
Како баш него го одбрал ?
При толкав ограмен избор што го имал воДПМНЕ .
Довлечкал еден безначен канцелариски стаорец . Со кој квалитети ?
Се штипеле за гз , си намигнувале , Груевски добро ги лижел таксените марки ?
Љубчо никогаш не ни објасни како го нашол Груевски .
И ако Љубчо јавно ни се извинуваше за иборот на Борис Трајковски оти ја спречил војната тогаш колку треба ни се извинува за ајдучиштето Груевски кога од 2006 година наваму се иселиле половина милијон макеоднски граѓани .....геноцид каков нее забележан ниту 500 години Турско владеење , ниту бугарско ниту српско .

Како ја одбра оваа гнаса Груевски со која како црева се домкнаа цела сурија дивјаци Мијаловци и каков се не џган кој апла работат против Макеоднија .
Редот на нештата е Љубчо еднаш тие дилеми да ги расчисти да ги објасни овие работи .
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ   Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ EmptyПет 07 Фед 2014, 3:00 am

ВИДЕО Љубчо го разоткрива Груевски: Никола е дојден од Демократска Алтернатива во 1998

Создадено на Четврток, 07 Февруари 2013

Според видео до кое дојде Скај, Љубчо Георгиевски на партиски митинг на ВМРО-НП, од 2005. година делумно го разоткрива премиерот Никола Груевски.
- Груевски во '98 беше млад човек како многу вас овде, беше ОБИЧЕН службеник во Банка како стотици илјади други, тој штотуку конк*рираше да биде директор во штедилницата Пул, и од таму беше одбиен зошто НЕ ГИ ПОЛОЖИЛ ТЕСТОВИТЕ . Истиот тој млад човек, беше член на друга партија, на Демократска алтернатива, ние ГО ПОВИКАВМЕ во ВМРО, разоткрива експремиерот Георгиевски.
Повеќе во видеото.


http://www.sky.mk/makedonija/9065-video-ljubcho-go-razotkriva-gruevski-nikola-e-dojden-od-demokratska-alternativa-vo-1998

Нема тука никакви нејаснотии .

Груевски највечиот ВМРО-овац свих времена бил ДОНЕСЕН во ДПМНЕ и тогаш поради функцијата ја сменил партијата .Бил член на ДА –Демократска Алтернатива .
Самиот Љубчо кажува дека не бил предложен од ДА туку бил донесен во ДПМНЕ и како таков назачен на висока државна функција .Без никакви залуги или било какви квалитети или кариера или било што .Ништо гола вода бил човекот.

И повторно се поставува прашањето кое Љубчо го одбегнува .
Зошто ?
Зошто баш Груевски ?
Како на Љубчо не му сметало тоа што Груевски од прв ден си шурувал со Србите и Грците ?
Нели самиот Љубчо не пропушта прилика да каже дека ДПМНЕ била бугарофилска партија – барем нејзиниот врв и основачи .
Тогаш како каков го донел Груевски кога овој од прв ден веднаш си шурувал со Србите и Грците а на Љубчо тоа никогаш не му засметало не го сменил со некоја реконструкција на влада или немора ниту реконструкција ако се менуваат помалку од една третина о владин состав .Зошто не го сменил ? Не само што не го сменил туку тој беше неговиот фаворит најфален министер .

А Љубчо добро си кажува за Груевски ама има гооооолема празнина во неговото објаснување .
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ   Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ EmptyСаб 26 Апр 2014, 12:43 am

Јас не му негирам способности на Љубчо за проценка на состојба и нудење на добри решенија .
НО !
Има многу спорни кадровски решенија .
И многу чудни .

1)
Зошто без никаква потреба го повикал и лансирал во врвот на ДПМНЕ Социјалдемократот Борис Стоименов кого потоа самиот Љубчо го обвинува за УДБа-штво

2)
Зошто без никаква потреба го повикал и лансирал во врвот на ДПМНЕ ЛИБЕРАЛОТ – Никола Груевски кој бил член на Демократска Алтернатива која беше со Центристичко –Либерална идеологија .
Која била потребата на ДПМНЕ откако победи на изборите 1998 година да го по повика Либералот Никола Груесвки кој ете гледаме и те како си шурува со УДБа-шите и си има заеднички интерес со нив .
А тоа можело да се види и веднаш откако Либералот Груевски без никаква потреба бил повикан во ДПМНЕ и веднаш добил висока позиција во ДПМНЕ и во Владата .

Едно писмо – милион прашања!
Во негов препознатлив стил, Љубчо Георгиевски повторно ја дигна политичката температура во земјата. Овојпат како повод му послужи работата на Комисијата за лустрација, но критиките беа упатени на друга адреса – онаа на актулениот премиер со сериозни и тешки обвинувања дека свесно и намерно ја кочи лустрацијата. Писмото е поприлично интересно и заслужува да го дадеме во целост:
Почитуван претседателе,
Неодамна помпезно ја прославивте дваесетгодишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во изветвен комунистички стил, прекројувајќи ја историјата на партијата од илјададеветстотини и деведесеттата до денес. Не ми е намерата да се задржувам врз обидите за фалсификат протнати на таа прослава, туку само повод да ве потсетам дека од позиција на власт имате извонредна можност да расчистите некои контроверзи што ја придружуваа партијата од самиот почеток, предимно со соработниците на УДБА и ДБК инфилтрирани во ВМРО-ДПМНЕ.Кога, пред неколку години господинот Стојан Андов ја промовираше идејата за лустрација во Република Македонија, мислев оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ја приграби шансата да ги раскринка тие структури и во СДСМ, ама и во сопствените редови. Но, за жал изгледа оти околу ова прашање вашите и ставовите на СДСМ не се во колизија, та функционирате како беспрекорна коалиција. Додека СДСМ декларативно и громогласно и се противставуваше на лустрацијата, вие и вашето парламентарно мнозинство во практика направивте сè за законот максимално да го пролонгирате, за потоа максимално да го опструирате. Кои се вашите мотиви за неспроведувањето на овој Закон за мене останува нејасно, но факт е оти ВМРО-ДПМНЕ е кочничар на лустрацијата во Република Македонија да биде спроведена доследно и принципиелно. Случајот со заштита од ваша страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас беше гротеска, но најновата ваша опструкција на Законот за лустрација станува трагична и претставува сериозен удар врз демократијата во Република Македонија,Изминатите десет дена од Комисијата за лустрација, македонската јавност беше запознаена дека располага со евиденција на три личности носители на јавни функции кои што најверојатно биле соработници на тајните служби: еден судија, еден пратеник на ДУИ, и еден пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Со непријатна изненаденост ја примив информацијата оти сте направиле договор со ДУИ за двајцата пратеници да биде запрена понатамошната процедура.
Почитуван претседателе на ВМРО-ДПМНЕ, не знам на кое ниво го кршите законот со блокадата врз работата на Комисијата за лустрација, но сакам да ви напоменам оти таквиот чин е наполно ваша лична морална и политичка одговорност, предимно спрема дваесетгодишната историја на ВМРО-ДПМНЕ. Дотолку повеќе, што бездруго вам ви е познат идентитетот на доушникот од вашата парламентарна група; вие бевте многу млад за да се сеќавате оти истиот човек долги години беше во највисоките структури во ВМРО-ДПМНЕ, а во одреден период дури и нејзин потпретседател; луѓето пак, се сеќаваат на неговата акцентирана припадност на т.н бугарско крило на ВМРО-ДПМНЕ, а јас се сеќавам оти тој човек стана и министер; и конечно најважното, откако беше сменет од министерската позиција, исто така добро се сеќавам оти беше главниот организатор при купувањето шест пратеници од властана ВМРО-ДПМНЕ двеилјадитата, што значи оти тогаш сме имале неуспешен обид на своевиден државен удар организиран од страна на службите за државна безбедност! Ете, токму затоа, почитуван претседателе на ВМРО-ДПМНЕ непријатно сум изненаден од постапката на вашата партија континуирано да ги заштитувате луѓето коишто биле соработници на тајните служби, и уште еднаш ќе подвлечам, до ден-денес не ми се јасни вашите мотиви за патронство на подземни сили од ваков сој.
Поранешен Претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
Љубчо Георгиевски

Со мошне симптоматичен потпис – поранешен претседател на ВМРО ДПМНЕ (каде е тука ВМРО НП?), Љубчо ја оптегна стрелата и директно ја упати кон Груевски како кочничар на фамозната лустрација иако од неа ионака ништо не се очекуваше! Но, затоа пак истата повторно се враќа во игра, нормално со скандал…
Сепак, кога внимателно ќе се прочита писмото и легнат првичните импресии, се добива една сосема друга слика која не оди во прилог на авторот и упатува на недоволан промисленост во неговото пишување. Не, немам намера да го амнестирам фамозниот БС од одговорност за кодошлакот, но добрите познавачи на приликите во ВМРО ДПМНЕ и околу него со полно право ќе ги постават следните прашања:
1. Кој го ДОНЕСЕ БС во партијата кога се знаеше дека на ПРВИТЕ парламентарни избори во 1990 година БЕШЕ КАНДИДАТ на Социјалдемократската партија?
2. Кој тоа го протежираше БС во партијата и за кратко време, БЕЗ МИНАТ ТРУД и заслуги, да биде избранЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ на партијата во 1995 година?
3. Зошто Љубчо Георгиевски со сопругата се најдоа на платен список на неговата фирма и со која цел?
4. Кој му овозможуваше терање на легален бизнис со локалните власти на ВМРО ДПМНЕ на неговите фирми за цело време додека беше таму?
5. Кој и зошто го толерираше БС за фрапантниот криминал со присвојувањето на стоковната куќа „Беко“ без вложен ниеден денар врз основа на измислен непостоечки долг?
6. Кој и зошто ГО ПРОТЕЖИРАШЕ ВО ПАРТИЈАТА најпрво да биде пратеник, а потоа и министер за финансии во Владата на Љубчо Георгиевски?
7. Дали Љубчо знаел за овие факти и ако не знаел тогаш зошто министерката за внатрешни работи Доста Димовска не го информирала и ги премолчила овие информации кои говорат за неговата доушничка улога со СДБ/ДБК/УБК? Кој го сокри неговото досие???
8. Ако е точно тоа што го напиша дека БС е кодош на УДБА, а НГ е главен кочничар на лустрацијата тогаш чија е одговорноста ако се знае ДЕКА И ДВАЈЦАТА СЕ НЕГОВИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА ?
И така натаму…
Се’ ми се чини дека писмото е упатено на погрешна адреса (тоа несвесно го признава и самиот Љубчо), а на наведените прашања најпрвин сепак ќе треба да си одговори самиот тој!
За негова жал…
http://makedon.blog.mk/tag/%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81-%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2/

http://makedon.blog.mk/tag/борис-стојменов/

Демократска алтернатива

Демократска алтернатива (ДА) беше ЦЕНТРИСТИЧКА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА во Македонија.

Oснована e на 21 март 1998 од страна на Васил Тупурковски, поранешниот харизматски член на Претседателството на бивша Југославија.

Пред парламентарните избори во 1998 година ДА склучи предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и заедно со неа победи на изборите и формира влада, во која влезе, покрај овие две партии, и Демократската партија на Албанците. Периодот додека ДА беше во владата ќе остане познат по контроверзната одлука за признавање на Тајван како суверена држава, потег што според ДА требаше да ја извлече земјата од економската криза, но од кого не произлегоа никакви економски поволности.

На парламентарните избори во 2002 година, ДА освои 1,4% од гласовите и не освои мандати во Собранието. Денес партијата скоро и да нема политички ангажман.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Демократска_алтернатива

Центристичка = Либерална Партија

Љубчо после победата на изброрите 1998 година го повикал ЛИБЕРАЛОТ Груевски и го лансирал директно во Владата и во врвот на ДПМНЕ .

Зошто Љубчо го повикал Либералот Груевски во ДПМНЕ ?
А еве го и претседателот на ДА Васил Тупурковски одма до Тито .
Незнаел Груевски каде се зачленува .
Не задруго туку некого обвинуваат дека се комуњари ете за тоа .

Досие Тупурковски

-1979 - 1980 година, претседател на Сојузот на
социјалистичка младина на Југославија
-1986 - 1989 година, член на Претседателството на
Сојузот на комунистите на Југославија
-1989 - 1992 година, член на Претседателството на
Југославија,

http://www.tupurkovski.org/?p=714&lang=mk

Еве едно интересно интервју на Груевски од 2006 годнина .

Во политиката има повеќе ниски удари отколку во боксот

Број 1644 понеделник, 16октомври 2006

- Љубовта спрема овој спорт ми ја пренесуваше во текот на целото детство
мојот вујко, брат на мајка ми, Јордан Мијалков. Тој беше длабоко вљубен
во овој спорт. Уште од дете ме будеше по телефон во три часот наутро
кога имаше преноси на телевизија од мечевите на Мате Парлов, Бенеш или
на Мухамед Али.

Се сеќавам, мајка ми постојано во вакви пригоди му велеше: "Не ми го
буди детето во три часот наутро, утре оди во училиште", а тој ќе и
одговореше: "Добро, ама ова не смее да се пропушти". Ме носеше на многу
боксерски ревии уште кога бев во основно училиште. Тој во тоа време
покрај тоа што беше истакнат правник и директор на правната служба во
Макотекс, беше и претседател на Боксерскиот сојуз на Македонија и
претставник на Македонија во Боксерскиот сојуз на тогашна Југославија.
Тоа го работеше со голем ентузијазам. Во негово време боксот во
Македонија многу напредуваше, обезбедуваше многу спонзорства,
организираше мечеви, турнири, настапи на олимпијади, европски и светски
првенства итн. Беше фанатик кога стануваше збор за овој спорт. Тој го
донесе Мате Парлов да боксува во Штип, неговиот роден град, Бенеш и
многу други кои му беа лични пријатели. Се сеќавам дека беше многу горд
кога Мате Парлов лично го поздрави преку телевизиските екрани пред
почетокот на мечот на Сицилија кога ја бранеше европската шампионска
титула. Така, "се заразив" со овој спорт...


http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1644&stID=26536&pR=20


И добро тука се поставуваат неколку прашања .

Истиов овој Либерал Груевски и негови пропагандисти некого ќе обвинуваат за Југоносталгија , за УДБАШТВО ,

И после ова треба ли некој да се чуди што се лустрираат Македонците а не УДБАШИТЕ и не вистинските кодоши .

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ   Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ EmptyПон 05 Мај 2014, 2:01 am

Ооооо па не сум бил бе јас единствениот што сум ги увидел правилно работите
Дека Груевски уште со самото повикикување од Љубчо во ДПМНЕ веднаш си шурувал со Грчките и Српските тајни служби .Веднаш не губел ниту ден .
И замисли Љубчо за сето тоа незнаел .
Ахахахах хахаха
Абе ај на кого тие прикаски .
Љубчо е се друго ама секогаш е добро информиран .
Нема начин да не знаел за ваквите активности за Груевски .


Јанко Бачев, разузнувач и политичар - Македонија врие од СРПСКИ и ГРЧКИ шпиони

Јанко Бачев обелоденува дека и лидери на ,, најмалку две национални партии во
Македонија,, се соработници на српската тајна служба, а се во коалиција со Груевски

Бачев, тврди дека и грчките инсталации на тајните служби се градени со небудност и ПРИПОМОШ НА ВИСОКИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ВЛАСТА И ПОЛИЦИЈАТА, дека нивниот резидентен шеф стасал до пријателство со највисоки претставници на власта и политички лидери. Не говори директно, но сепак доволно јасно алудира на Манолис, кој дотурка и до прв човек на ОКТА во Македонија, во времето кога премиер беше Љупчо Гергиевски, а министер на надлежен ресор за продажбата сегашниот премиер Никола Груевски.

http://www.ohridon.com/m-vesti/359-makedonija-vrie-od-shpiuni-ohridon.html

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ   Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ EmptyПон 08 Јун 2015, 2:16 am

Добро е што Зајко успеа да го испрвоцира Љубчо Георгиевски .

Љубчо заедно со Мирка велат дека Верушевски им давал документи и им пуштал дискредитирачки снимки од Бранко Црвенковски и други од СДСМ .

Прво
Прво Љубчо излегува и кажува дека поседува документи што Верушевски му ги дал и дека му пуштал снимки од Бранко Црвенковски и други од СДСМ и дека ако Зајко пушти снимки од Љубчо (сеуште незнаеме од каква природа криминална или дека цело време соработувал со Грујо или нешто трето )во таков случај Љубчо се заканува дека ќе возврати со контрабомба со документи и снимки од Бранко Црвенковски и други челници од СДСМ .

Второ
Второ Љубчо кочи ретерира се крие зад партиско соопштение на ВМРО-НП дека нема да ги даде документите кој Верушевски му дал и самите снимки кој исто така ги добил од Верушевски туку дека ПАРТИЈАТА ВМРО-НП нема да ги даде на увид на јавноста туку дека ќе ги ПРЕРАСКАЖЕ –рекла казала е работата .

Кире Наумов - профил на Фејсбук
Дали Верушевски ги снимал Мирка и Љубчо додека им пуштал снимки?
Објавеново 31 мај 2015

Мирка била кај Веруш у стан. И Љубчо бил кај Веруш у стан. Дали биле сам по сам или заедно, неважно. Сепак, најголем фраер е оној кој ги има снимките од тоа кога ги снимал Веруш додека овие во станот ги слушале снимките кои им ги пуштал. Ова го напиша Кире Наумов на неговиот профил на Фејсбук откако претходно ВМРО-НП и новинарката Мирка Велиновска објавија дека слушале снимки од Верушевски.

Вчера ВМРО-Народна партија најави дека во некоја наредна фаза ќе прозбори за документите кои, како што вели, Зоран Верушевски му ги давал на Љубчо Георгиевски.

„Тоа се ДОКУМЕНТИ и афери кои се целосно против нивниот тогашен лидер Бранко Црвенковски. Но исто така сме спремни и со задоволство да ги ПРЕРАСКАЖЕМЕ содржините на голем број ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОРИ помеѓу високи партиски функционери на СДСМ и новинари, кои Верушевски му ги пуштал на нашиот претседател да ги слуша ИЗВОРНО во неговиот стан во населба Аеродром“, беше наведено во СООПШТЕНИЕТО на ВМРО-НП.

Претходно, Мирка Велиновска тврдеше дека Верушевски неа и покажувал снимени материјали.

Но сите нив ги изненади Кире Наумов, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање, кој на својот профил на Фејсбук напиша дека „најголем фраер е оној кој ги има снимките од тоа кога ги снимал Веруш додека овие во станот ги слушале снимките кои им ги пуштал“.

http://www.plusinfo.mk/vest/28758/dali-verushevski-gi-snimal-mirka-i-ljubco-dodeka-im-pushtal-snimki


И сега се поставуваат неколку интересни прашања .
1)
Ако Љубчо цело време знаел дека СДСМ е УДБА и ако знаел дека Верушевски поседува приватна шпиунска мрежа ( нели на 18 мај на митинг н ДПМНЕ ова го кажа и Груевски дека имало паралелена агентурна мрежа ) тогаш зошто не го предупредил Груевски .? (ако навистина не го предупредил и доколку навистина таква мрежа постоела )
2)
Зошто Љубчо дозволил таквата мрежа да постои и кога тој беше Премиер ?
Зошто не ја растурил ?
3)
Самиот Љубчо признава дека поседува приватна архива на документи и снимки од познати политичари со кој може да ги уценува .
Дали овие документи и снимки на Љубчо му обезбедиле да се чувствува сигурно и после 2002 година кога СДСМ беше на власт бидејќи можел да им возврати на Бранко Црвенковски и други па дури и јавно да фали дека на криминален начин станал среден бизнисмен .
4)
Дали овие снимки ги имал и Груевски бидејќи неколку пати сум кажал оти е крајно нелогично тоа што Груевски покрај крминалот што го правел додека бил министер во влада на Љубчо и после 2002 година кога СДСМ беше на власт продолжил непречено да се занимава со криминал и да си ја шири криминалата мрежа .Бил недопирлив за полиција и судство и покрај бројни афери кој ги открија новинарите .
5)
Ако навистина СДСМ имал своја шпиунска агентурна мрежа тогаш како е можно Груевски да победува од 2006 година ?Дали таквата мрежа СДСМ му ја отстапил на Груевски оти таков е логичниот заклучок .
После 2006 година кога Груевски доаѓа на власт имаме САМОУКИНУВАЊЕ на СДСМ и активна соработка на СДСМ и ДПМНЕ па дури СДСМ на ДПМНЕ му препушта голем дел од негови политичари но цели разграноци на СДСМ Заев наследи една практично непостоечка партија ..мртва коњина на тркачка стаза



И така сега имаме закани до Зајко од Мирка од Љубчо но индиректно и од Бранко со некој наводни анонимуси дека ќе го сменат од кормило на СДСМ .
Дали ќе биде сменет или не и тоа само по се*е ќе говори многу работи .
Но Зајко во ваков случај ОБАВЕЗНО ако има такви снимки треба да ги објави да се разјаснат некој (многу) работи .
Нека објави Љубчо ако навистина има ( јас му верувам дека ги има оти многу работи укажуваат на тоа ) документи и снимки но не откако ретерираше и се криеше зад соопштение на ВМРО-НП дека ќе ни ги ПРЕРАСКАЖУВАЛ .Рекла казала гомна јала .Или ќе ги даде оригиналите или нека не обесува многу .Ете му модел од СДСМ ---- АУДИО ПЛУС ТРАНСКРИПТ .
Нешто што ќе може да се провери со експертиза , со споредба на настани , препознавање на личности итн .А прикаските нека си ги чува за се*е .

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ   Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ EmptyЧет 25 Јун 2015, 7:12 am

1)

Груевски ќе го вади зариениот нож, Љубчо ЌЕ СЕ ВРАТИ во ВМРО-ДПМНЕ

24-06-2015

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, речиси договориле пак да бидат заедно, дознава Либертас од извори на партијата на Георгиевски.
На Груевски сега после бомбите и појавувањето на амстердамската тројка и дистанцирање на старите вмровци од неговите политики, повторно му е потре*ен линк со тие што претходно или ги избркал или ги маргинализирал.

Прв во јавноста сигнали за затоплување на односите на лутите партиски непријатели, испрати некогаш почесниот претседател ,Љубчо Георгиевски, кој по бркањето од партијата што ја формираше мораше да формира нова, ВМРО-НП.

Партијата на Георгиевски постојано беше таргет на моќниот Груевски и практично му го купуваше секој што ќе посакаше, не дозволувајќи да зајакне, туку напротив да биде маргинална.

Бомбите на опозицијата,откако претходно ВМРО-НП отпадна од опозициската коалиција, беа повод Георгиевски да искористи шанса да застане на страната на неговиот наследник, Никола Груевски.Следно беше шокантниот предлог на Георгиевски да се прогласела општа амнестија за сите евентуални криминали и да сме гледале во иднината на државата.

Јавноста остана збунета и од потегот на владата на градежна фирма да и го продаде плацот на брегот на Вардар под Калето за да изградел хотел во барок стил.

Дилот беше чуден, Груевски му дава плац на, барем јавно лутиот непријател, а Љубчо од жесток критичар на антиквизацијата на државата прифати да биде сопственик на хотел во барок.

Георгиевски ја одмолче и аферата што ја отвори опозицијата за Македонска банка и аудио снимките од кои се слушна како Груевски, како нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бара еден ипол милион евра за да му го продаде партискиот удел во неа.

За аферата прислушкување Георгиевски се појави во јавноста во обид да релативизира напаѓајќи го Верушевски со негово “сеќавање“ дека Верушевски и него, како Мирка, го викнал на гости и му пуштал снимки од телефонски разговори, сакајки да докаже дека не Мијалков и Груевски, туку структури во УБК предводени од Верушевски прислушувале цело време.



http://libertas.mk/груевски-ќе-го-вади-зариениот-нож-љубч/

2)

Мерси Љубчо


24-10-2014

И така лека полека, се расветлува една од најголемите политички гротески изведена пред десетина години во хотелот Панорама, во сценариo на Љубчо Георгиевски и Никола Груевски со наслов „Нож во грб„.

Во овие две декади на плуралистичка Македонија, постоеле неколку политички заткулисни игри помеѓу различни политички фигури кои потоа ја креирале политичката сцена и судбината на граѓаните. За некои претпоставувам, како и многумина други, за некои сум слушнал од живите сведоци на таквите, а во една и сум бил нем набљудувач. За оваа последната ќе пишува некој од главните ликови во своите мемоари или пак набрзо актерите ќе си ја раскажат на јавна сцена. Но таа е само последица на фингираната „Панорама„ и затоа да се вратиме на неа.

Уште многу одамна сум кажувал јавно дека конфликтот помеѓу Груевски и Георгиевски е перфектно изведена политичка претстава со која на Груевски му се отвори патот да го прави тоа што ни го прави во овие 9 години. Кога уште во 2010, во предвечерието на коалицијата Црвенковски – Георгиевски го пишував тоа, никој не го разбираше сериозно. Највероватно тоа ќе биде и сега така. Но неважно.

Логиката е следна.

Како што и самиот си призна на неколку наврати, Љубчо Георгиевски е среброљубец а многу помалце, или пак воопшто не и властољубец. Неговиот мандат тој го искористил за да стане богат како „просечен бизнисмен„ и тука ја исполнил својата агенда. По препорака на проверени советници тој го препознава својот наследник во банкарскиот службеник во Балканска Банка. Инако тоа е директна бугарска инвестиција во времето на СДСМ, која подоцна станува и сопственик на НПК. Во Груевски тој гледа пред се властољубец кој е подготвен како министер за финансии да аминува се и сешто додека тој не стигне до нивото на просечен бизнисмен. Задоволен од своето лично богатство, Георгивски почека две години за да види дали „прошла опасност„ и дали СДСМ ќе ги однесе јабана само Ламбевци, Војовци и слични Далаверци и заедно со својот пулен ја изведуваат операцијата „Панорама„. Целта е да од таа фингерајка, Груевски и новиот ВМРО – ДПМНЕ излезат невини ѓоа бе*енце.

Панорама и се околу неа е најдобрата политичка претстава во овие 23 години. Ниту СДСМ, ниту свети СДСМ на власт, неможеше да му помогне на Груевски да ја превземе ВМРО – ДПМНЕ, доколку тоа не беше план на Груевски и Георгиевски. Георгиевски едноставно реши да собере заедно со се*е се што е искомпромитирано од периодот 1998 – 2002, а на својот пулен да му остави невина партија со огромен партиски имот. (Македонска Банка е само мала шала во однос на остатокот). За разлика од искрената желба на Црвенковски кој по враќањето во СДСМ сакаше да биде громобран, ама закачен на погрешно место, на главата на СДСМ, Георгиевски реши да се постави далеку од ВМРО – ДПМНЕ, дури и формирајќи нешто под име ВМРО – НП. За фарсите подоцна, кога божем кокетираше со наивниот Бучковски и кога некој Трендафилов чинам беше, заборави да поднесе листи за парламентарни избори, ќе се потсетите сами.

За натаму е важно што тоа во принцип Георгиевски не се согласува со политиката на Груевски. Единствен проблем им е антиквизацијата. Со антиквизацијата се проблематизира словенското потекло на Македонците, а со тоа и нашите бугарски корени кои покрај среброљубието на Георгиевски му се втората најважна работа во животот. И толку. Сите изјави на Георгиевски во последните девет години кога се појави од нигде никаде, се темпирани и составени само да му донесат поени на Груевски. Како некаков опозиционер, а посебно во периодот на коалицијата со Црвенковски, изјавите за големи политички прашања секогаш биле одличен пенал за власта.

Од другата страна, Груевски катадневно му кажува мерси на својот створител. Имаше такви наивчини кои беа спремни да се обложат дека веднаш по 2006, власта на Груевски ќе го пронајде она што неможел или несакал да го открие СДСМ во периодот до 2006 околу бизнисите на Георгиевски. Тоа се приказни за мали деца. Империјата на Георгиевски расте паралелно и со слично темпо како и малата група олигарси околу ВМРО – ДПМНЕ. Она што деновиве е интересно е фактот дека оваа скриена љубов сега се објавува и јавно. Најпрво Груевски му ја исполни деценијската желба на својот шеф кој поодамна сакаше да ја претвори Македонија во офф-шор пералница на Балканот. Георгиевски додуша го предлагаше Кипар како пример, ама и Линхтенштајн не е лош. Сега временски се споија интересите и на Груевски и на Георгиевски, и место да ги мавтаат парите низ белиот свет, ќе можат да си ги донесат тука при нас. Секако, фарсата со барокниот хотел е смешка во однос на тоа што се сработил и заработил Георгиевски во периодов на опозиционерскиве 9 години и надодал на иницијалниот капитал од просечен бизнисмен. Да, неговата раскалашеност, бахатост и расфрлање со пари е сосема на нивото на олигарсите околу ВМРО – ДПМНЕ кои јуришаат под девизата: „Покажи колку си ја сакаш државата така што ќе си ја купиш цела„.
Кире Наумов

извор: kirenaumov.wordpress.com

http://libertas.mk/мерси-љубчо/

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ   Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Дали Љубчо ќе и се извини на Макдонската јавност за носењето на Груевски во ДПМНЕ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: