ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Полицијата ги бранеше благоречивите Ајдуци од МПЦ од нивните благонаивни верници

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Полицијата ги бранеше благоречивите Ајдуци од МПЦ од нивните благонаивни верници   Сре 15 Јан 2014, 8:09 pm

Полицијата ги бранеше благоречивите Ајдуци од МПЦ од нивните благонаивни верници
Вака :
Протест пред МПЦ: Не си поигрувајте со верниците, трпението е при крај!
Вторник, 14 јануари 2014 – Жители на скопската општина Сопиште протестираа денеска пред седиштето на скопската епархија, незадоволни затоа што, како што велат, без нивно знаење епархијата и продала црковно земјиште на фабриката „Титан Цементарница“.
Тие бараат средба со првите луѓе на епархијата за да се испочитува она што било претходно договорено, односно од парите добиени за денационализација на тоа место да се изгради нова црква во општината.
Во спротивно, жителите бараат Македонската православна црква – Охридска архиепископија од парите од продажбата на црковното земјиште во Сопиште дел да задржи за се*е, а дел да ги уплати на сметката на црковниот одбор „Света Мина“ во Сопиште.
Скопската „Цементарница“ е дел од грчката групација„Титан“.
http://www.akademik.mk/protest-pred-mpts-ne-si-poigruvajte-so-vernitsite-trpenieto-e-pri-kraj
Верниците од Сопиште на протести против поглаварот на МПЦ-ОА
Жителите на скопската населба Сопиште му го расипааа именденот на поглаварот на МПЦ-ОА и прв човек на Скопската епархија. Денеска најавија дека ќе протестираат затоа што од него немаат разбирање за иградба на нова црква во Сопиште
Пред камерите на Канал 5 велат дека и покрај тоа што Скопската епархија на име на денационализација од имотите во Сопиште земала над 9 милиони евра во обврзници и по три години МПЦ не помага за изградба на нова црква.
„Ние сме верници на Македонската православна црква и секогаш ќе бидеме со неа но, не можеме да ја премолчиме неправдата која што ни ја прави Скопската епархија на чие чело е архиепископот Стефан“. Со ова образложение верници и членовите на црковниот одбор во скопското село Сопиште денеска најавија дека во вторник ќе протестираат пред седиштето на МПЦ-ОА кај Соборниот храм. Издржале 3 години во обиди да не прават јавен проблем но, трпението им е при крај. Не можат да разберат зошто никој не сака да го почитува договорот, според кој, со парите кои Скопската епархија ги добила со денационализација во Сопиште, жителите на оваа населба треба да добијат нова црква. Срамота е да одат од куќа во куќа и да ни бараат по 100 денари за нова црква кога, покрај милионите од денационализацијата, Скопската епархија добива огромни пари и од продажба на земјиште на други компании, велат незадоволните верници.
Црквата „Света Мина“ која некогаш опслужувала шеесетина куќи сега е верски храм во кој доаѓаат илјадници семејства во овој дел од Скопје. Сопиштани сметаат дека заслужуваат да добијат помош затоа што нивните дедовци и прадедовци гоподариле имотот кој сега без нивно прашање се распродава од Скопската епархија. Не заслужуваме да останеме на стариот објект на црквата „Света Мина“ во чии објекти и покрај мемливите ѕидови и несоодветен влез на празници се собираат илјадници луѓе.
Сопиштани не се откажуваат од својата борба да го добијат тоа што им следува. Ако треба и судски ќе се докажува дека Скопската епархија на МПЦ под водство на поглаварот направила криминал во користењето на парите од обврзници добиени со денационализација на имотот во Сопиште. Ги имаат сите потребни документи со кои, според нив, се докажува дека на дел од свештениците најважни им се парите, а за потребите на верниците не водат никаква сметка.

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=27631

14.01.2014
ЖИТЕЛИ НА СОПИШТЕ ПРЕД МПЦ ПРАШАА КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ЗА ЦРКВАТА
Протести на жителите од општина Сопиште пред МПЦ и пред Скопската епархија. Бараат одговор каде завршиле парите од продажбата на црковното земјиште кои биле предвидени за изградба на нови гробишта црквата „Света Минае“.


Протести на жителите од општина Сопиште пред МПЦ и пред Скопската епархија. Бараат одговор каде завршиле парите од продажбата на црковното земјиште кои биле предвидени за изградба на нови гробишта црквата „Света Минае“.

Жителите од скопската општина Сопиште реагираат на продавањето црквоно земјиште на фабриката „ Титан Цементарница“, без нивно знаење. И покрај инистирањето тие не остварија средба со надлежните од Скопската епархија. Бараат за да се испочитува договореното, од парите добиени за денационализација да се изгради нова црква во општината и да се изградат нови цркви и гробишта во Сопиште.

Иницијативниот одбор ниту информација кој кој ги продал обврзниците, за какви цели и каде завршиле парите предвидени за изградба на црквата „Света Мина“.
Иницијативниот одбро предлага од продажбата на црковното земјиште во Сопиште црквата да задржидел за се*е, а дел нека да уплати на сметката на црковниот одбор „Света Мина“ .
Со законот за денационализација, државата ја обештети МПЦ со имот во вид на обврзници од 9,5 милиони евра , а и врати и земјиште од 25 хектари, кој беше запишан на име Скопска епархија - црква Света Мина од Сопиште. Од МПЦ не се изјаснија за барањата на дел од граѓаните на Сопиште. Македонската православна црква молчи и не произнесува по барањата на жителите од Сопиште

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=34021
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Re: Полицијата ги бранеше благоречивите Ајдуци од МПЦ од нивните благонаивни верници   Сре 15 Јан 2014, 8:09 pm

Е сега нормално криминалците и продадените души си баарат еднаков третаман .
Сее тоа иста багра .

Вака :

ПОА го обвини дедо Стефан за криминал и за неморал!
Нема човек кој не знае за Изгрев, Говрлево, Аеродром – се наведува во соопштението на ПОА, испратено до медиумите.
Фокус 8 јан 2014,

Испровоцирани од интервју, кое дедо Стефан го дал за весникот „Вечер“, каде што Вранишковски го прогласува за криминалец, од Канцеларијата на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска, му возвратија и го обвинија за криминал и неморал.
- Непристојно е г. Стефан да говори за „криминалот и неморалот“ на Архиепископот охридски г.г. Јован и некои негови подржувачи, бидејќи за криминалот што го прави г. Стефан, а за којшто сепак останува недопирлив за органите на прогонот од причини што е вртикапа и се подлизува на секоја гарнитура на власта, знаат веќе сите во Р. Македонија. Нема човек кој не знае за Изгрев, Говрлево, Аеродром – се наведува во соопштението на ПОА, испратено до медиумите.
Покрај обвинувањата за наводен криминал, на дедо Стефан на товар му ставаат и неморално однесување.
-За неговиот, пак, неморал што го прави уште од времето на неговиот краток монашки стаж, па сè до денес, зборуваат не само луѓето во црквата, туку и самите свештеници кои се под негова јурисдикција. Не е непозната психологијата на арамиите, кои тргнувајќи од се*е си, сите други ги сметаат за арамии, а, исто така и прељубодејците и блудниците сметаат дека сите се како нив. Така, лагите што г. Стефан ги изнесува за Архиепископот охридски г.г. Јован и неговите приврзаници, всушност го омаловажуваат него самиот, иако се наменети кон омаловажување на други, стои во соопштението.
А, еве на што точно од ПОА му замеруваат на г,г. Стефан. Во интервјуто дадено за весникот „Вечер“ , на два дена пред Бадник, поглаварот на МПЦ, г. Стефан, меѓу другото вели: „Кога сите ќе ги прифатат аргументите со кои се докажува криминалот и неморалот на Вранишковски и некои негови поддржувачи, ќе падне и митот за мачеништвото, но ќе падне и маската за искреноста и одржаноста на овој проект“.
Од ПОА додаваат дека речникот на поглаварот на МПЦ не му прилега на теолог, туку на ѕидар.
- Ако г. Стефан барем малку се разбира од теологија, ќе знае дека ги побркал лончињата во врска со митот и реалноста. Нема мит што во потполност е лишен од секаква реалност. Во некој мит има повеќе, а во некој помалку реалност. Така и во митот за мачеништвото на Архиепископот охридски г.г. Јован има толку порака, колку што секој, според стадиумот на духовноста во која се наоѓа, може да прими. Ако г. Стефан сметал дека мачеништвото на Архиепископот охридски г.г. Јован не е реално, дека на Архиепископот охридски г.г. Јован не му ја запалиле куќата, не ги повредувале неговите монаси и монахињи, не ги навредувале и злословеле преку средствата за информирање, дека судски не го гонеле во шест судски процеси, поттикнати токму од г. Стефан, дека не бил дури седумпати во затвор и тоа само заради тоа што стапил во литургиско и канонско единство со православните цркви во светот, тоа можел да го каже на друг начин, а не преку поврзување со митот!, се наведува во соопштението.
Од ПОА додаваат и дека дедо Стефан покажал непознавање на теологијата, и покажувал манири како политичар.
http://fokus.mk/fokus-express/poa-go-obvini-dedo-stefan-za-kriminal-i-za-nemoral/

Вратете се на почетокот Go down
 
Полицијата ги бранеше благоречивите Ајдуци од МПЦ од нивните благонаивни верници
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ФИЛОЗОФИЈА И РЕЛИГИЈА-
Отиди до: