ФОРУМОТ Е НАШ
Дали ДПМНЕ е партија или злосторничко здружение 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Дали ДПМНЕ е партија или злосторничко здружение 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Дали ДПМНЕ е партија или злосторничко здружение

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали ДПМНЕ е партија или злосторничко здружение Empty
ПишувањеПредмет: Дали ДПМНЕ е партија или злосторничко здружение   Дали ДПМНЕ е партија или злосторничко здружение EmptyНед 20 Апр 2014, 3:10 am

Дали ДПМНЕ е партија или организирана криминална група – злосторничко здружение чиј водач е Никола Груевски

Ајде да почнеме со доказите што Заев ги приложи дека Груевски е водач на организирана криминална група – злосторничко здружение кое долги години пљачкосува низ Македонија почнувајќи од буџетот на Република Македонија .

Но
Тоа што Заев приложи докази дека Груевски земал мито за Македонска Банка не значи дека потоа таа организирана криминална група поврзана со газда Нини престанала постои

Тогаш од каде ова :

1)
29.08.2013
„ЈАДРАН ГОТИНО ФУДС“ ОБВИНУВА ЗА ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ
Сопственикот на фабриката „Јадран готино фудс“ од Неготино обвинува дека бил жртва на финансиски криминал во кој се вклучени фирма за финансиски услуги, банка, нотари и извршители. Тодор Кулаков тврди дека организирана криминална...

Сопственикот на фабриката „Јадран готино фудс“ од Неготино обвинува дека бил жртва на финансиски криминал во кој се вклучени фирма за финансиски услуги, банка, нотари и извршители. Тодор Кулаков тврди дека ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА МРЕЖА МУ УКРАЛА еден и пол милион евра од капиталот на компанијата и се обидела да ја преземе неговата фабрика за производство на кондиторски производи, вредна пет и пол милиони евра. Според него, на врвот на пирамидата е поранешна директорка на „Радо Банка“.
- Суза Димова Тунтева, како што доцна дознавме, е поранешна директорка во банката на газда Нини, „Радо Банка“ и очигледно таму добро го има испечено занаетот. При обидот за преземање на фабриката секој чекор е проследен со криминал, фалсификување документи, брутално ИНСТИТУЦИОНАЛНО НАСИЛСТВО ВРЗ ЗАКОНИТЕ , кои за Тунтева или НЕ ВАЖАТ или се толкуваат во согласност со нејзините потреби, изјави на денешната прес конференција Тодор Кулаков, сопственик и генерален менаџер на „Јадран Готину Фудс“.
Целата приказна, вели Кулаков, почна кога склучивме договор за финансиски услуги со компанијата на Тунтева. Потоа таа ни понуди хипотеката за нашата фабрика да ја префрлиме во друга банка, но наеднаш почнавме да губиме пари, а на крај фирмата на Тунтева и банката ни ги блокираа сметките и нашиот имот беше понуден на лицитација, раскажува Кулаков.
- Се разбира дека тоа се прави веднаш, експресно. Не помагаат нашите интервенции дека сметката е блокирана на криминален начин. Се кршат сите можни процедури, се` се прави НАДВОР ОД ЗАКОНСКИТЕ РОКОВИ и во рекорден рок се активира хипотеката.
Кулаков земал кредит од друга банка и ја откупил хипотеката. Го пријавил целиот случај и се надева дека ќе има судски епилог. Доколку тоа не се случи, испраќаме лоша порака и до домашните и до странските инвеститори, вели Кулаков. Тој во моментов повторно стопанисува со фабриката, која 95 отсто од производството пласира на пазарите НАДВОР од Македонија.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=29979


2)
И добро е што конечно луѓето барем новинарите почнаа да сваќаат дека ДПМНЕ веќе одамна нее никаква политичка партија туку добро организирана криминална банда на чие чело е Никола Груевски .

Партија или злосторничко здружение!?
„Согласно законот“ Шиповиќ е во притвор, а согласно законот „по едно
евро квадрат“, Миле Јанакиевски ќе продава околу 3 илјади квадрати во
центарот на Скопје.

Фокус 21 јан 2014,
Оти Жерновски нема „баланс“ како Миле! Затоа е Шипо зад решетки, за „некој“ да ќари по едно евро земја за барокен хотел.
Ете, со оние еден милион евра за „Висарис“ би можело да се купи еден милион квадратни метри земјиште во скопски центар. Со парите од Фамилијата сосе пријателите, пак, пола Македонија!
Пишува:
Јадранка КОСТОВА
Целиот текст може да го прочитате во
бројот 954 од неделникот “Фокус”.

http://fokus.mk/fokus-express/partija-ili-zlostornichko-zdruzhenie/


3)

Криминалната банда која лажно се маскира како политичка партија наречена ДПМНЕ не само што го пљачка целото стопанство туку најмногу краде од Буџетот на Македонија .Секоја година државната ревизија утврдува дека од буџетот се украдени по една милијарда евра .

Октоподот на ДПМНЕ

Ѓорѓи Спасов

Оваа власт за изградба на споменици на илинденците потрошила многу повеќе од сумата со која располагале Гоце и Даме за кревање на востанието

Но, не е лошо да се види уште еднаш за колкав глушец станува збор?

За да може да се измери големината на глушецот, можеби, треба да се земе предвид цената на споменикот на Скендербег, кој е речиси со иста големина како и спомениците на Гоце, на Даме на Никола Карев и на останатите леени во бронза. Споменикот на Скендербег чинел 80 илјади евра, а за спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев, само на леарницата „Маринели“ во Фиренца и' биле исплатени 850 илјади евра. За леење во бронза на споменикот „Прво заседание на АСНОМ“ биле платени над еден и пол милион евра, за „Основачите на ВМРО“ биле платени за леење во бронза над еден милион евра, за „Гемиџиите“ околу еден милион итн.

Со други зборови, се чини дека оваа власт за изградба на споменици на илинденците потрошила многу повеќе од сумата со која располагале Гоце и Даме за кревање и спроведување на востанието и гемиџиите за спроведување на нивните акции.

Но, срамот не е само во тоа. За леењето во бронза на секој споменик до крајот на 2010 година е плаќана редовно речиси двојно повисока цена од онаа на вториот понудувач, кој станал конк*рентен дури откако е воведено електронското наддавање. Мермерните споменици на Ченто, Јустинијан и цар Самуил, според извештајот на ревизорите, биле набавувани од италијанска фирма, која и не била регистрирана за правење споменици, туку само за трговија со скулптури и тоа по двојно повисоки цени од цената на вториот понудувач, која, исто така, била висока. Колку повисока од нормално била цената на вториот понудувач станало јасно кога била воведена електронската аукција на која леарницата „Јеремиќ“ од Србија првично понудената цена од 700 илјади евра, за споменикот на паднатите херои, ја симнала на 275 илјади евра. А истиот тој Јеремиќ во Србија е обвинет и се наоѓа во притвор под обвинение дека наплатувал со лажни фактури 20 пати повисоки цени за скулптурите кои ги изработувал за фармацевтската компанија „Галеника“ во Белград.

Според податоците од ревизијата, на една речиси непозната вајарка, која 25 пати патувала на сметка на Општина Центар во Фиренца, и' бил исплатен авторски хонорар за нејзината работа во висина од еден и пол милион евра. Кога во 2009 година, сопственикот на леарницата „Арте Бронзо“ од Италија изјави дека наместо за 8,5 милиони евра, кои му се платени на „Маринели“ тој истите споменици би ги излеал во бронза за само 2,7 милиони евра, се очекуваше дека некој во Македонија ќе се замисли. Но, не се случи тоа. Новинарката Милка Смилевска, која сега работи во Ал џезира, тогаш објави дека скулпторот Андреа Пизани бил шокиран од сумата што Општина Центар и' ја плаќа на леарницата „Фернандо Маринели“ и рекол: „Не знам како властите од Скопје ги платиле овие пари. Но, по вака голема заработка, оние од ’Маринели‘ можат слободно да ја затворат леарницата“.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=64C8B4E0FE5160419EFB0B9966DC9426

4)
Злосторничкото криминално здружение ДПМНЕ чиј водач е христијанинот Груевски нема никаква совест , осет , човечност .
Стока невидена е тоа .

(ВИДЕО) Заев: Како сте можеле да влечете пари за време на загинувањето на Борис Трајковски?

Дозволете ми, конечно, како човек, а не како политичар, да го прашам Груевски една работа што мене лично ме вџашува. Па добре, бе, Никола Груевски, како сте можеле да влечете пари од оф-шор компаниите газди на Македонска банка дури во деновите по загинувањето на претседателот Борис Трајковски. Имате ли малку срам, морал, човечност? Кога целата нација беше во болка и во тага, очигледно само бизнисот на фамилијата не бил завеан во црно, рече Заев.
-Поради ова што се случува изминатите два дена, сакам и најдиректно да му се обратам на Груевски. Престани да ми се закануваш мене, на моето семејство, на мои блиски и на луѓе од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Ако ова не е вистина, зошто тогаш закани да запрам и да не продолжам. Зарем веруваш дека ако мене ме запреш, вистината ќе остане засекогаш ваша фамилијарна тајна. Па, нели ти тврдеше дека вистиата е како шило, кога-тогаш ќе излезе на површина. Еве ја, Никола Груевски, излезе на видело вистината за твојата чесност.
Ви благодарам и ве поканувам заедно да ги погледнеме аудио-снимките кои ќе покажат кој лаже и кој халуцинира, порача Заев.
http://brif.mk/?p=146877

ВИДЕО Заев: Додека цела нација тажеше за Трајковски, само бизнисот на фамилијата не бил завиен во црно
http://www.plusinfo.mk/vest/133709/VIDEO-Zaev-Dodeka-cela-nacija-tazheshe-za-Trajkovski-samo-biznisot-na-familijata-ne-bil-zavien-vo-crno

ВИДЕО: ЗАЕВ - Груевски е фатен на дело - Се покажа кој е креаторот на огромниот грабеж, на огромната пљачка на Македонија и нејзиниот народ

http://sky.mk/makedonija/414135-video-zaev-gruevski-e-faten-na-delo-se-pokazha-koj-e-kreatorot-na-ogromniot-grabezh-na-ogromnata-pljachka-na-makedonija-i-nejziniot-narod



5)
Е кога кај еден народ и држава како партија победува мафијашко злосторничко здружение ДПМНЕ чиј водач е Груевски тогаш последицата може да биде само една

Оваа :

Стануваме ли држава без иднина?
Тодор Пендаров
И кога сме кај евроинтеграциските процеси, неделава со своите изјави не' утешија вицепремиерот Бесими задолжен за евроинтеграциите и госпоѓата Александра Кас Грање, која изјави дека Европа не се откажува од Македонија, а вицепремиерот возврати дека Македонија не се откажува од ЕУ. Е, богами мелем на рана откако по петти пат нема да добиеме датум а преговори!!! Изјава која барем мене лично многу ми личи на онаа „антологиска“ изјава на актуелниот ни претседател на држава дека по декември доаѓа јануари...

И така светот се врти. Секојдневно „Остваруваме“, дури ете благодарение на Денот на дрвото несебично споделуваме кислород за десет милиони луѓе. Така што нема да ме изненади ако утре не слушнеме дека не само според Дуинг бизнис сме најдобри туку и според бројот на засадени дрвца гледано „пер капита“ сме најдобри во светот. Арно ама, мене лично ме интересира утре кога ќе треба да го одработиме Денот на дрвото, колку од оние десет илјади специјалистички прегледи откажани во средата ќе бидат реализирани? И еден скромен предлог кон здравата човекова околина. Предлагам наместо „Засади ја својата иднина“, да се организира акција „да ја исчистиме својата сегашност“. Нормално, тоа би било некаде на крајот на зимата, односно во почетокот на пролетта, а наместо во работен ден, тоа да биде недела. Имајќи предвид дека тогаш ќе имаме и избори, вакви или онакви, ние, граѓаните, ќе имаме можност во голема мера да ја „проветриме“ нашата политичка реалност. А без вистинско проветрување на нашата политичка сцена нашата иднина сфатена во најширока смисла на зборот ќе ни биде се' позагадена, а со тоа и нормалното „дишење“ и функционирање на државата, а и на нас, граѓаните, ќе ни биде се' потешко и потешко.
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=87AB5F69FB60ED4FA7871F72E1903439
Вратете се на почетокот Go down
 
Дали ДПМНЕ е партија или злосторничко здружение
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: