ФОРУМОТ Е НАШ
Победта на ДПМНЕ  79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Победта на ДПМНЕ  79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Победта на ДПМНЕ

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Победта на ДПМНЕ  Empty
ПишувањеПредмет: Победта на ДПМНЕ    Победта на ДПМНЕ  EmptyПон 28 Апр 2014, 1:45 pm

Изброрите беа фер .
Резултатите се реални . Џабе Заев обвинува за фалсификат без да приложи ниту еден доказ за такво нешто .
Е сега тоа што Заев кажа дека СДСМ нема да учествува во работа на Собрание може да се дискутира.
Гледав вчера како Србомани и Гркомани почнуваат хајка против Заев за СДСМ да учествува во Собрание . Ако прифати тогаш судбина ќе му биде иста како на Бранко .Груевски ќе му сними спот дека едно кажал друго направил ...се што кажал се излажал .Истата финта како со Бранко .Кога веќе даде таква изјава или ќе си достои на зборот или исто како и Бранко ќе биде обвинуван како главен виновник за сите други порази .....нели ..се додека не го смените Бранко нема да победите е сега ќе биде се додека не го смените Заев нема да победите .

Македонија секако е во фаза на сеопшт распад . Целата борба понатаму ќе биде и Македонците преку преку присусутвото на СДСМ во Собрание да се согласат на неизбежниот распад на Македонија .- нејзината поделба .
Ако победеше СДСМ ќе имаше теоретски (ама само теоретски ) шанси нешто да се подобри да се избегне распадот . Сега веќе ги нема ниту тие теоретски шанси за опстанок на Македонија .Распадот е неизбежен .

Јаси овој и на други форуми сум се изјаснил за оваа рабора многу пати .
Дека нее возможно да се победи ДПМНЕ и зошто тоа нее возможно .
И нема да биде возможно се додека не се прифати реалноста .
А реланоста е дека не СДСМ туку никоја друга партија со никаква идеологија (социјалдемократска , либерална , демохристијанска ) нее возможно да го победат ДПМНЕ кој застапува еднонацонални интереси .ДПМНЕ нема идеологија .

Вчера Влатко Ѓорчев им се збалгодари најмногу на Ромите наСрбите на сите што не се Македонци .
ДПМНЕ е партија на Грците –Егејците и секој што нема да ја прифати оваа реалност во старт е осуден на пораз .Милијон избори да се направат , милијон други раководства да сменат партиите , да се формираат нови партии со најдобри програми ...сее тоа џабе ..резултатот секогаш ќе биде ист .Се додека не се прифати реалноста резултатот секогаш ќе биде ист .

Џабе е и чесност и чесни луѓе и добри намери оти :
Дефиниција 1 (прва ) :
Подмолниот е секогаш во предност .

Ти кога ќе видиш дека и Ѓорчев и Груевски и Мирка и сите до еден се едногласни и сите имаат една цел и кога НАЈОРГАНИЗИРАНАТА етничка заедница во Македонија заедно со Албанците се Грците –Егејците тука престануваат сите идеологии сите чесности сите добри програми .Сето тоа нее битно туку единствено битно е концентрација на народот по етничка основа .

Во такви услови тие секогаш ќе бидат непобеливи .
Нивната математика е најубавата математика на овој свет
Оваа :
Дефиниција 2(втора):
Бидејќи нас Македонија ни е пролазна – минлива работа тогаш нас СЕ НИ Е ЌАР .
Тоа е убавата математика .........се ми-ни е ќар .

Пријатно догледање .

Или ќе ја прифатиш реалноста или во старт си осуден на пораз да бидеш вечен губитник .

Ама било примитивно ама било простачки било бакво било онакво .
Абе е и примитивно и простачки и секако ама
Дефиниција 3 ( трета )
Тој што има издефинирано јасна цел тој е осуден да победува а тој што незнае што сака нема јасна цел е осуден да биде поразен .

Тоа е природна работа а природата е секогаш немислосрдна кон губитниците .
И сојуз на најприминтивни луѓе секогаш ќе победува додека има јасна цел што сака да постигне . Па самата историја кажува-дава не еден туку безбој примери дека многу примитивни народи-племиња поразиле многу поцивилизирани народи кој биле и помнугобрјни и технички и воено и секако понапредни од напаѓачите но незнаеле што сакаат и затоа биле поразени па дури и истре*ени .

Елементарна работа е да знаеш со што си имаш работа и самиот да знаеш што точно сакаш .Во секој друг случај си осуден да пораз апсолутно небитно со што располагаш и какви добри намери да имаш .
Или ќе ја прифатиш реалноста или ќе те нема .Така било од кога постои светот така ќе остане до крајот на светот .Нема филозофија каде ја има оваа реалност .Ча или бу прифаќаш или не . Нема друг избор ...секој друг избор е пораз .

Ама како биле ненормални кажувале дека оправдуваат крадење од буџетот , криминал на Груевски итн немало логика очигледно е дека македонија се уништува и вака неможе да продолжи да постои .Абе не се тие ненормални оти знаат што сакаат ( дефиниција – се ми е ќар плус дефинција знаат што сакаат ) туку сите други се ненормални кој не ја прифаќаат реалноста .Или ќе ја прифатиш ќе се соочиш со реалноста или си осуден на пораз и истребување .Сам се*е се имаш осудено .Незнаеш што сакаш тоа ти е поразот .Никој друг не ти е виновен.

Луѓето си работат според точно зацртана програма и не отстапуваат од неа по никоја цена .

Ама Грујо договал со Грчки Актор и најмногу тендери добивале Грчките фирми во Македонија .Ама Грујо договарал криминал со газда Нини и куп други крминалци од Србија .Традиционален Српско –Грчки сојуз . А ако де штое битно . Дефиниција----- се ми –ни е ќар .Што е тука чудното .Само глупите ќе прават анализи , психоанализи и слични срања .
Ја прифаќаш реалноста или ќе си останеш забеган да си живееш во светот на бајките .

СДСМ во минатиот парламентарен состав на сите собранниски седници јасно се согледнуваа двете ктила .Крило на ИсточноМакедонскиот народ и крило на ЗапдноМакедонскиот народ . Ако така настапеа на овие избори да си ги застапуваат интересите на својте народи и те како ќе можеа да му парираат на ДПМНЕ .Секоја друга варијанта е пораз . И нема тука ништо чудно никаква наука нее во прашање .
Или Источно и Западно Македонскиот народ ќе издефинираат што сакаат и ќе си ги бранат интересите или ќе бидат истребани . Пријатно довиџења ако не ти се свиѓа немораш .Има кој зае што сака икој ќе победува .

А)
Се знае што сакаат ...неможеле попис да направат де .

Грчки план за исчезнување на Република Македонија

И натаму е во сила грчката одбранбена стратегија за влегување во Македонија во 37 км длабина во случај на дестабилизација. Најблиску до таква можност бевме во 2001 година. Интересно, тогаш се разви голема блискост помеѓу Ахмети и Дора Бакојани. На страната на УЧК се бореа и типови како Кољо Дијамантот. Бугарија се нудеше да нé ослободи, а Грција ширум ги отвори границите за масовно бегство на Халкидики

Кантони и фази

Почнале да го разработуваат планот што на Мицотакис и Самарас им го предложил Слободан Милошевиќ. Се работи за кантонизација и поделба на македонскиот државен провизориум со карта што ја исцртале грчко-српските картографи со асистенција и на другите два македонски соседи. Гледајќи ја, можете лесно да ги откриете корените на случајот „Паравојска“ од 1993 година и референдумот за „Илирида“. Ќе го сретнете патем и Вранишковски со ПОА, Али Ахмети со „ослободувањето на Скопје и Тетово“. Ќе ги видите и идеите за Групчин, за размена на население и територии, за константното негирање или проблематизирање на македонскиот идентитет од политичари во Македонија, но и бугарските прсти во „струмичкиот“ и грчките во „монастирскиот“ кантон. Особено е интересно совпаѓањето на масовната лицитација со бројноста на етничките групи во првата половина на деведесеттите со грчкиот кантонален план што упатува на темелна агентурска работа во Македонија.


ПРОИЗВОДСТВО НА ГРЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

Бргу по средбата на Самарас со Милошевиќ, грчката влада излегува со „податок“ дека во Македонија постои големо грчко етничко малцинство што е репресирано. Строгодоверлив разузнавачки извештај од 10 мај 1991 година, кој божем протекол до медиумите, вели дека „239.360 Грци живеат во Македонија. Тоа се луѓе со чиста грчка национална свест, кои се*е се сметаат за припадници на грчката раса, а не уживаат малцински права“. Грчката влада и официјално усвојува политика за заштита на грчкото малцинство. На 2 ноември истата година, заменик-министерот Виргинија Цудеру објавува дека во Македонија живеат 150.000 Власи со чиста грчка свест.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10221010795&id=9&setIzdanie=22114


итн

па се нуди и карта на поделена Република Македонија на 4 дела и тоа :

Албански дел : Кантон Илирида со територија Тетово Гостивар Дебар Кичево Струга

Грчки дел :Кантон Монастир со територија Битола , Охрид , Гевгелија

Српски дел :Кантон Јужна Србија со територија Скопје , Велес , Прилеп , Куманово , Кратово .

Бугарски дел : Кантон Струмица со територија Струмица , Делчево , Кочани , Штип


Е сега етничкото чистење ги надмина и нивните најоптимистички прогнози така штои Струмица може да иде во Грција .


Б)
Па што ако се иселуваат Македонци. Зошто тоа нив би ги загрижувало ?
Што помалку тоа подобро .

26.06.2012,
Од Источна Македонија е иселен цел град од 15.000 жители

Во помалите општини речиси никој не се враќа откако ќе заврши факултет. Ако не замине во Европа, најчесто останува во Скопје

Иван Бојаџиски


Штип – Цел еден град голем колку Делчево е иселен од источниот дел на државата во последните петнаесетина години. Над 15.000 главно млади луѓе, во кои секоја власт се колне дека се нашата иднина, се иселиле од Источна Македонија низ светот. Сите фатиле магла од родните огништа откако дома не успеале да го реализираат животниот сон, ниту, пак, да си обезбедат барем трошка човечка среќа и грам достоинствен живот.

Искрената исповед на градоначалниците на Кочани и на Виница низ интервјуата за нашиот весник јасно го лоцира проблемот. Виничкиот градоначалник Емил Дончев рече дека од оваа општина досега се иселиле близу 4.000 млади луѓе, кои, во најголем дел, си нашле работа во Италија, земја во чиј град Канели, благодарение на доселените виничани, повеќе се слуша македонскиот отколку италијанскиот јазик. Таа бројка е еднаква на бројот на вработените во оваа општина. Преку лето во Виница можат да се сретнат повеќе автомобили со италијански регистарски таблички отколку со македонски. Кочанскиот градоначалник, пак, Ратко Димитровски вели дека во втората по големина општина во регионот најголем проблем е невработеноста. Во овој град бројот на невработени е изедначен со бројот на вработени. Шансите да се дојде до работно место се еднакви на нула, бидејќи во Кочани нема ниту најави за нови инвестиции во стопански објекти.

„Завршив Педагошки факултет, барав работа во струката и надвор од неа, барав каква било работа, ама секаде наидував на затворени врати, секаде ми велеа дека и тие што ги вработиле им се премногу. Немав друго чаре освен да се спакувам и да си ја барам среќата прво во Грција, а потоа во Италија. Во Италија заминав со бугарски пасош, оти така е најлесно, тие се во ЕУ па на границите никој не ни прави проблеми“, ни рече Митко, 31-годишен кочанчанец, кој веќе три години е на работа во Италија и има намера, како што вели, ако му се даде шанса, таму да остане за навек.

Во рударскиот град Македонска Каменица од близу 6.000 жители половина не се дома. Во неможност да се справат со сиромаштијата, свесни дека ги бидува за работа макар каква и да е, децата, како што ни рече пензионираниот рудар Димче Анастасов, си го фатиле патот.

„Каменица е полупразно гратче. Гледам една жална слика, а срцето ми се кине од вистината дека навечер сум сам во голема куќа, која моите тројца синови ја изградија работејќи десетина години во Швајцарија. Едвај чекам да дојде јули кога сите си доаѓаат дома, па да си ги гушнам внучињата. Тоа што семејствата ни се растурија, тоа најмногу боли“, со тага во гласот ни зборуваше некогашниот ударник на „Саса“.

Во Делчево речиси и нема семејство од кое барем по еден млад човек не зел бугарски пасош и заминал во белиот свет во потрага по парче среќа. Процените се дека од општината заминале близу 3.500 лица. Бугарскиот пасош за овдешните млади луѓе е единствен начин да се замине некаде во Европа, да се обезбеди живот за се*е и за семејството.

„Тука имаме два исклучително лоши момента за нашата држава. Првиот е што младите се изјаснуваат за Бугари кога бараат бугарски пасош, а вториот, кога еднаш ќе заминат тие повеќе не се враќаат во татковината. Делчево е празен град, млади луѓе ретко ќе сретнете по улица, а се' се одвива по старата изрека ’еден оди сто води‘, бидејќи кога еден ќе замине тој прави се' за во туѓина да ги однесе и најблиските. Ова е најлошиот можен резултат кој произлегува од фактот дека државата, во однос на инвестициите и развојот го заборави нашиот регион“, ни рече средовечен угледен граѓанин на Делчево, поранешен локален политичар, кој не сакаше името да му го има во весник.

За разлика од Делчево, беровци најмалку сакаат да заминат во странство, но секој што завршил факултет останува да живее или во Скопје или во Штип и не се враќа дома.

Најимпресивна приказна во однос на оваа жална македонска тема е виничкото село Блатец, кое некогаш беше самостојна општина. Од над 2.000 жители, сега во убавото потплачковичко село ги има одвај половина. Атанас Ангелов е угледен и успешен земјоделец, кој има три комбајни и повеќе други земјоделски машини. „Лани и преклани барав млад човек да работи со комбајните, ама не најдов ниеден, иако нудев услови какви што ги нуди и Европа. Годинава живеам во голем страв дали таа слика ќе ми се повтори. Едноставно, во селото кое некогаш вриеше од млади, денес нема човек помлад од педесет години. Тоа е нашата, блатечка, ама и македонска трагедија и некој мора да го спречи тој процес на одење на сите наши млади деца во туѓина“, ни рече Ангелов.

Неговиот соселанец Борче Симеонов (52) , исто така земјоделец, им порачува на властите да ги вратат задругите ако сакаат да оживеат селата, а младите дома да си ја бараат среќата.

Милка Димитрова, наставничка со тридецениски стаж во ОУ „Кочо Рацин“, во ноември 2010 година ни изјави дека пред петнаесет години во училиштето имало 400 деца, наспроти во моментот само 130. Во селото не ја најдовме наставничката, но луѓето со кои разговаравме не' убедуваа дека сега во школото нема ни стотина деца.

„Факт е дека децата ни избегаа од оваа немаштија. Заминаа главно за Италија, а уште полошо е што досега никој не се вратил од таму. Ова село некогаш беше полно со живот, денес е само сенка на некогашните убави времиња“, не' убедуваат Ангелов и Симеонов.


http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=86093761D0E0E248BE11CA726FA54A8F&fb_action_ids=10152208939762430&fb_action_types=og.likes&fb_source=other_multiline&action_object_map=[1456833171199605]&action_type_map=[%22og.likes%22]&action_ref_map=[]

в)
Масовен напад врз сите бизниси се што може да биде основа за биолошко постоење на Макеоднците .
Па нормално штое тука нејасно .



Градбите на фирмата на Чифлиганец стопирани од инспекции?!

26-04-2014

Од компанијата Адора инжинеринг за Либертас потврдија дека дел од 270-те вработени се испратени привремено дома, но дека ниту едно градилиште не било затворено. Според нив, тоа било така оти работата била сезонска и во моментов немало потреба толку работници да бидат ангажирани. Немаат коментар на нашето прашање за наводната донација која Чифлиганец одбил да ја даде.
Во една од зградите изградени од неговата градежна фирма повеќе станови имаат функциониери од една партија, за кои јавноста веке разбра.

Чифлиганец како најголем градител на згради донираше и изградба на црква во Ново Лисиче чија градба е при крај. Општината Аеродром во последните години стана населба со најмногу нови цркви, како и гигантски крст од 55 метри донација, наводно од Светскиот Македонски Конгрес на Тодор Петров.

http://libertas.mk/градбите-на-фирмата-на-чифлиганец-сто/


http://libertas.mk/%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%87%d0%b8%d1%84%d0%bb%d0%b8%d0%b3%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d1%86-%d1%81%d1%82%d0%be/
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Победта на ДПМНЕ  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Победта на ДПМНЕ    Победта на ДПМНЕ  EmptyСре 30 Апр 2014, 10:10 am

Да се потсетиме .

Причина за симнувањето на Милошевич од власт беше фалсификување на изборниот резултат .

Истото се случува и на овие избори во Македонија .
Изгледа ДПМНЕ баш и не биле многу сигурни во победата па правеле и други работи .

Сега имаме состојба на фалсификување на изборниот резултат .

ДИК ги тргна 20-те илјади гласови од Аеродром, но сега има вишок 104 гласови во цела држава!

http://libertas.mk/дик-ги-тргна-20-те-илјади-гласови-од-аеро/


http://libertas.mk/%d0%b4%d0%b8%d0%ba-%d0%b3%d0%b8-%d1%82%d1%80%d0%b3%d0%bd%d0%b0-20-%d1%82%d0%b5-%d0%b8%d0%bb%d1%98%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%b0%d0%b5%d1%80%d0%be/


ДИК ги испегла разликите, го избриша и вишокот од 104 гласови, Рилкоски нема објаснување

http://libertas.mk/дик-ги-испегла-разликите-го-избриша-и-в/

http://libertas.mk/%d0%b4%d0%b8%d0%ba-%d0%b3%d0%b8-%d0%b8%d1%81%d0%bf%d0%b5%d0%b3%d0%bb%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b3%d0%be-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d1%80%d0%b8%d1%88%d0%b0-%d0%b8-%d0%b2/

ВМРО-НП: Бараме пребројување на гласовите и ако има вишок, целосно поништување и прегласување!

http://libertas.mk/вмро-нп-бараме-пребројување-на-гласов/


http://libertas.mk/%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be-%d0%bd%d0%bf-%d0%b1%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b1%d1%80%d0%be%d1%98%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81%d0%be%d0%b2/
На овие избори не*еше можно да се појават вишок гласачки ливчиња .
Кутиите во кој се ставаа ливчињата беа проѕирни. Имаше многу набљудувачи а кутиите беа ставени во средина на просторијата каде што се гласаше така што вметнување на вишок ливчиња не беше возможно да се случи во текот на гласањето .

Ваквата пиши-бриши весела математика на Државната Изборна Комисија за последица ќе има дека резултатите што ќе ги објави и достави до Собранието нема да бидат веродостојни .Тоа не се резултати на кој ќе може да им се верува .

Интересно е тука и однесувањето на претставникот на СДСМ Рилковски кој за ваквите работи кој се случуваат во ДИК се информира прв пат слуша од новинарите како и сите други граѓани во Макеоднија .Па дури и дава изјави дека ќе се распраша и дека нее информиран од ДИК каде нели самиот тој е претставник на СДСМ но водено и Престедател на таа комисија .Смешно но вистинито.


Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Победта на ДПМНЕ  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Победта на ДПМНЕ    Победта на ДПМНЕ  EmptyЧет 01 Мај 2014, 11:20 pm

Во Кочани бројот на регистрираните гласачи се разликувал: Фалеле 147 лица помалку за парламентарните, отколку што имало за претседателските избори

http://brif.mk/?p=149882

Аман бе ова сегде има разлики
Нели гласачкиот список беше заклучен неколку дена пред изборите секој можеше да провери дали го има /нема на избирачки список.
И во услови кога не*еше можно да се уфрлаат дополнителни ливчиња во текот на гласањето а сега во ДИК имаме фингирање на резултатите нели со пеглање – штимање на резултатите тоа има само едно значење :
Има фалсификување на резултатот
Резултатот може да биде точен или фалсификат.
Ако има пеглање – штимање на резултатот значи втората работа- Фалсификување на резултатот.

Добро бараат од ВМРО-НП треба да се пребројат повторно сите ливчиња ако има разлика да се поништат изборите и да се спроведе ново гласање .

Тука неможе да врват изговори дека тоа нема улога оти не се знае колку ливчиња се уфрлени и дали навистина немале да влијаат на резултатот .


Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Победта на ДПМНЕ  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Победта на ДПМНЕ    Победта на ДПМНЕ  Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Победта на ДПМНЕ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: