ФОРУМОТ Е НАШ
СДСМ и криминалот на Груевски 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
СДСМ и криминалот на Груевски 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 СДСМ и криминалот на Груевски

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

СДСМ и криминалот на Груевски Empty
ПишувањеПредмет: СДСМ и криминалот на Груевски   СДСМ и криминалот на Груевски EmptyСре 23 Апр 2014, 9:15 pm

Друга една работа која е интересна во овие афери поврзани со криминалот на Груевски е оваа :

Сега се гледа дека Груевски не само што се занимавал со криминал и си создавал криминална мрежа во текот на Владата на Љубчо Георгиевски туку со таквите криминални активности продолжил и после 2002 година кога СДСМ победи на изборите .
Со најновите докази јасно се гледа дека и во времето на владеење на СДСМ од 2002 – 2006 година Груевски непречено се занимавал со криминал си ја ширел криминалната мрежа .
И тоа тогаш се сменија неколку премиери на Владата од редовите на СДСМ .

1)

После несреќата на Борис Трајковски Бранко Црвенковски беше Премиер потоа стана Претседател .Ама додека Бранко бил Премиер цело време Груевски се занимавал со криминал .Тогаш и ја ликвидирал Македонска банка .И цело време непречено се занимавал со криминал како не некој туку многумина од СДСМ на чело со Бранко Црвенковски да го штителе .Груевски цело време бил недопирлив за полицијата и судството .
Како е тоа можно .?
А нели за Амди Бајрам важеше законот и го набутаа во Идризово .
И друга работа .
На сите избори Груевски го правеше Бранко од лајно подоле овој никогаш не му одговори .
Бранко немал докази за криминалот на Груевски ?
Абе ајде на кого тие прикаски ќе му ги кажуваат .

2)
Потоа Премиер беше и Хари Костов .
Како е тоа можно повторно Груевски цело време да бил недопирлив за полицијата и судството .Нели бил опозиционер до гуша заглавен во крининал .Не го штител ниту пратеничкиот имунитет .
Тоа нее можно ако Груевски немал свој заштитници во самиот СДСМ .
Ова иако изгледа малку нереално ама ако видиш дека реално огромен број од раководството на СДСМ од време на Бранко Црвенковски сега се на видни позиции во ДПМНЕ тоа јасно кажува дека Груевски имал толку голема заштита од тие тогашни видни луѓе на СДСМ што воопшто незачудува тоа што батето непречено се занимавало со криминал без да стравува дека ќе биде прогонуван уапсен или осуден .
И овој како и Бранко треба да објасни како е можно Груевски непречено да се занимавал со криминал а притоа цело време бил недопирлив за полицијата и судството .


3)
Потоа тука е и Владо Бучковски сегашниот позитивец .
Сегашиот позитивец Бучковски кој е сигурен дека ќе освои пратеници небитно колку и дека со тоа позитивците ќе бидат дел од идната влада на Груевски .
А Бучковски и Груевски и те како се познавале оти двајцата биле министри за време на војната 2001 год . Бучко си правел криминал со воени делови а Грујо крадел на ангро .
Бучковски не за криминал со воени делови туку треба исто како претходните двајца да објасни како тоа Груевски цело време се занимавал со криминал во време на владеење на СДСМ 2002-2006 година и притоа цело време бил недопирлив за полицијата и судството .

Ова се навистина интересни прашања .

Еден ден некој ќе напише книга за ова .
“Биографија на Груевски – Биографија на најголемиот криминалец во историјата кој никогаш не бил изведен пред лицето на правдата “
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

СДСМ и криминалот на Груевски Empty
ПишувањеПредмет: Re: СДСМ и криминалот на Груевски   СДСМ и криминалот на Груевски EmptyПет 09 Мај 2014, 4:18 am

Беше прашање на време кога Бранко ке му притекне на помош на Грујо
Бранко кој го банкротираше СДСМ и кој го претвори во мртва коњина на тркачка стаза сега си го довршува делото .

Заев го обвини Црвенковски дека работи за Груевски
7. мај 2014 - 20:04
Легитимно е правото на секој член на СДСМ, како и на поранешниот претседател на партијата на личен став. Меѓутоа, со заземањето страна, во моментов Бранко Црвенковски и прави контра услуга на партијата пред конгресот во недела.
http://maxim.mk/zaev-go-obvini-crvenkovski-deka-raboti-za-gruevski

Заев не греши точно е .......Бранко цело време е во дослух со Груевски
И не само Бранко туку и еден поголем дел од бившиот пратенички состав на СДСМ цело време соработуваа со Груевски и ДПМНЕ .

Бранко и Грујо ги поврзуваат многу работи а еве една што се случи веднаш откако Бранко го заеба СДСМ неприфаќа и потоа неспремен ги вртурна во локални избори .
Белград ги поврзува и Бранко и Грујо (меѓу другите работи кој и м се заеднички)

Општинските организации залудно собираат потписи ,Бранко замина на одмор во Белград
30,04,2013
Општинските огранизации собираат потписи за да остане, а Бранко Црвенковски замина на одмор во Белград.
„Лидерот на СДСМ на заминување Бранко Црвенковски, од денеска заминува на одмор во Белград. Собирањето потписи во општинските организации низ Македонија за негово кандидирање на претстојниот конгрес на втори јуни, т.е. за останување на чело на партијата е залудно, бидејќи ништо нема да го премисли во одлуката. Таа е конечна, и тој нема да се кандидира", вели за Вест генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров

http://republika.mk/?p=61378

А сега изговорот е дека ако СДСМ симнал некој монах или часна сестра од планина со беспрекорна биографија па ете така Груевски би бил поразен .

Црвенковски за Дојче веле: За СДСМ, во овој момент, не сме решение ни јас, ни Заев!


07-05-2014
Што се однесува до Заев, исклучително ја ценам неговата храброст и решителност во ОБЕЛОДЕНУВАЊЕТО НА КРИМИНАЛНИТЕ АФЕРИ НА ВЛАСТА. Тоа мора да се почитува. Но серијата погрешни проценки за клучни прашања, водењето на политика од денес до утре, продуцирањето на внатрешни поделби во партијата, за жал, не гарантираат успешно лидерство. Сметам дека за СДСМ е најдобро да се оди со сосема ново решение“.
ДВ: Ако СДСМ има кадровски решенија, како што велите, со посилен кредибилитет и уште поголем обединувачки капацитет, зошто тие и досега не биле промовирани?
„Се разбира дека има. Нема да лицитирам со повеќе имиња. Во оваа прилика само би го споменал нашиот претседателски кандидат Стево Пендаровски. Неговиот изборен резултат од 400.000 гласови, под еднакво нерегуларни изборни услови, наспроти 280.000 гласови за пратеничката листа на СДСМ со коалицијата, говори за кредибилитет кој мора да се респектира. ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите напори и огромни потрошени пари, не успеа да реализира ефикасна негативна кампања против Пендаровски. Неговата БЕСПРЕКОРНА БИОГРАФИЈА не им остави простор за тоа. Пендаровски не бил и не е дел од какви било партиски поделби, што би му дало одлична стартна основа за внатрешно помирување и обединување на партијата“.
ДВ: Но, Пендаровски НЕЕ ЧЛЕН НА ПАРТИЈАТА. Дали сте разговарале со него на оваа тема?

http://libertas.mk/црвенковски-за-дојче-веле-за-сдсм-во-о/

Како е можно Бранко да не знаел за ниедна криминална афера на Груевски па чекал некој храбар како Заев да ги обелоденува криминалните афери на Груевски.
Како додека Баранко бил премиер Груевски продолжил со криминалот бил недопирлив за полицијата и судството .
И сега за да се победел ајдукот Груевски и неговата злогласна криминална банда требало да се симнува накој монах или часна сестра од планина за го победеле Груевски .Која будалаштија . Па зарем тоа некому нешто значи .Зарем тоа ќе му значи нешто на Ајдукот Груевски и неговата криминална банда или на четникот Латас или било кое пропагандно копиле да лаат по телевизии да измислуваат било што за било кој .Глупости се тоа .Буанко е куиф убаво си знае Грујо.


Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

СДСМ и криминалот на Груевски Empty
ПишувањеПредмет: Re: СДСМ и криминалот на Груевски   СДСМ и криминалот на Груевски EmptyСаб 24 Мај 2014, 12:39 am

Емзиперикс емзиперикс јеремкеш јеремкеш Заев јави се Заев јави се

Еве дека моите наоѓања не биле случајни и погрешни без разлика што до таквите заклучоци дојдов со логика од тоа што е достапо и може да се види и прочита .
А моите заклучоци кој многупати сум ги кажал е дека однесувањето на СДСМ во минатото (како мртов коњ на тркачка стаза ) услов е голем дел од пратениците на минатиот парламентарен состав и вработени во СДСМ АКТИВНО ДА СОРАБУТУВАЛЕ ДА БИЛЕ ВО КООРДИНАЦИЈА И ДОСЛУХ СО ГРУЕВСКИ И ДПМНЕ .

И еве сега имаме прозивка до Заев со многу поконкретни барања кој според авторот (Виктор Трифунивски )може да се проверат.И според овие тврдења многу од СДСМ се инволвирани со аферата Македонска банка .Нешто и јас пред кратко време го твредев и сеште го тврдам дека Груевски за да продолжи да се занимава со криминал а очигледно е дека од 2002 до 2006 година непречено се занимавал (цело време бил недопирлив за полицијата и судовите ) МОРАЛ да биде заштитен од влијателни луѓе на СДСМ . За ова нема друго објаснување .

Еве ја прозивката до Заев на која и јас се приклучувам .

ЗОРАН ЗАЕВ, ЕВЕ ТИ УШТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА:

Автор: Виктор Трифуновски Објавено на 4/17/2014

Затворањето на МАКЕДОНСКА БАНКА е можеби најпремолчаниот финансиски колапс од самостојноста на Македонија до денес. Затоа еве еден јавен повик до почитуваниот лидер на опозицијата, во кој ќе му се обраќам директно.
Побарај да се отвори досието на оваа банка чии стечај трае скоро 7 години. САМО ПАЗИ... во таа мрежа би можеле да бидат фатени и некои луѓе кои ти се политички БЛИСКИ. Човек кој искрено се залага за борба против митото и корупцијата, човек кој вистински сака да создаде правна држава, не би требал да има обзири кон било кого, ПА НИТУ КОН СВОИТЕ СОРАБОТНИЦИ. Така функционира идеална Европа, нели?
Епа бујрум, провери ги ОВИЕ ПОДАТОЦИ кои во оваа прилика ќе може да ги прочита и цела јавност:
1. Според тогашниот Закон за Банки на РМ, гувернерот и НБРМ имаат ОГРОМНИ ОВЛАСТУВАЊА во контролата на работењето на банките. Освен што го контролираат влезот и излезот на средства на било која сметка, НБРМ врши детален мониторинг врз СИТЕ ОСТАНАТИ активности на банката. Се проверува одобрувањето на сите кредити, сите трошоци кои ги прави банката во тековното работење, пласманот на средствата на берза, промената на сопственоста на акциите на банката, итн, итн. Ваквиот закон оди до таму што Гувернерот има право да учествува во изборот на директори во комерцијалните банки. НБРМ е таа која издава дозволи на лица за кои смета дека се подобни да застанат на раководна функција во банките.
Гувернерот и НБРМ се толку неприкосновени во своето делување, што дури ни министерот за финансии нема моќ да влијае врз нивните одлуки.
2. Гувернер во тоа време беше Петар Гошев, поставен од владата на Бранко Црвенковски. Во тоа време, Петар Гошев имаше поставено супервизори на НБРМ во сите витални сектори на Македонска Банка кои физички беа присутни надгледувајки го работењето на банката. И тие не приметиле одлив на милиони евра, туку си приметил ТИ, и тоа денес во време на избори?

3. Бидејки си се нафатил, те советувам да провериш чија е фирмата ДС КЕРАМИКА која во тоа време ја снабдува МАКЕДОНСКА БАНКА со канцелариски материјали! Незнам колку е точно, ама се зборува дека од истата фирма биле принудени да набавуваат канцелариски материјали и другите банки. Она што е сигурно точно, е дека нејзиниот сопственик е близок роднина на еден од тогашното раководство на НБРМ, и дека истата фирма од Македонска Банка има повлечено милиони денари, од кои неколку стотици илјади во последните 24 часа пред затворањето на банката.
4. Затворањето е официјално објаснето дека на Гувернерот не му се допаѓала сопственичката структура на банката, чии мнозински сопственик бил Јовица Стевановиќ-Нини, наводно познат по многу финансиски малверзации. Ок, Гувернерот има такво право според нашиот закон, меѓутоа Нини ги има купено акциите од Зоран Трпевски, поранешниот директор на Македонска Банка кој ја финансираше партијата на Петар Гошев. Со продажбата на акциите на Нини, Трпевски станува малцински акционер, и до овде се е навидум чисто, барем на хартија...
Она што е сомнително е фактот дека неколку дена пред затворањето на банката Зоран Трпевски изненадно ги продава своите акции за милионски суми, кои претходно ги поседува со години. Дали можеби Зоран Трпевски знаел дека банката ќе биде затворена, па се ослободил од своите акции во последен час? Незнам! Доколку знаел, тоа е ИНСАЈДЕРСКА ИНФОРМАЦИЈА која строго се казнува согласно законот за работење со хартии од вредност, и за тоа одговорност треба да сносат и оној кој дава таква информација, и оној кој ја користи.
Па ако твојата партија, и ти како некорумпиран и чесен политичар ВИСТИНСКИ се каете за процесот на приватизација, еве ви мегдан и случајов истерајте го до крај. Кажете и на македонската јавност за сите стипендии, кирии, спонзорства, донации, набавки и останати трошоци со кои банката била практично рекетирана од различни политички структури, односно од фирми на нивни блиски роднини. Биди сигурен, ќе паднеш на дупе кога ќе видиш ЗА КОИ ИМИЊА СЕ РАБОТИ и за КОЛКАВИ СУМИ се работи.
Македонска Банка, драг мој лидеру, е фрлање бомба во септичка јама чија експлозија ќе извалка многумина, особено одредени поранешни партиски лидери. Отвораш проблем кој или ќе МОРАШ да го тераш до крај, или целата јавност ќе знае дека водиш кампања со афери и конструкции. Спомнувајки ја МАКЕДОНСКА БАНКА, фактички го кршиш договор меѓу двајцата бивши премиери, од кои едниот дотурка до претседател на државата, додека другиот заврши како „просечен бизнисмен“. Македонска Банка е жртва на нивниот меѓусе*ен дил, таа е смоквин лист под кој се кријат ОГРОМНИ финансиски дубиози на македонската приватизација, таа е завеса која требаше да покрие огромен дел од криминалната перверзија на транзициона Македонија.
Банката е затворена на еден многу перфиден начин, во едни специфични околности, на 16 октомври 2007 година, некаде по 15:00 часот со налог на тогашниот гувернер. Тоа е време кога сите медиуми во регионот, а особено во Македонија, зборуваат и пишуваат само на една единствена тема...смртта на Тоше Проески. Така е најден погоден момент во кој МАКЕДОНСКА БАНКА требало да исчезне во тишина, без многу медуимска помпа, а со неа да исчезнат и тајните на многу наши политички функционери.

http://www.jadiburek.com/sodrzina_detalno.aspx?id=1183
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





СДСМ и криминалот на Груевски Empty
ПишувањеПредмет: Re: СДСМ и криминалот на Груевски   СДСМ и криминалот на Груевски Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
СДСМ и криминалот на Груевски
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: