ФОРУМОТ Е НАШ
Ајваните од МПЦ повторно со подмолна политичка борба за власт 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Ајваните од МПЦ повторно со подмолна политичка борба за власт 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Ајваните од МПЦ повторно со подмолна политичка борба за власт

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Ајваните од МПЦ повторно со подмолна политичка борба за власт Empty
ПишувањеПредмет: Ајваните од МПЦ повторно со подмолна политичка борба за власт   Ајваните од МПЦ повторно со подмолна политичка борба за власт EmptyСаб 26 Апр 2014, 2:01 am

Ајваните од МПЦ повторно со подмолна политичка борба за власт

Како и на сите досегашни избори во Македонија така и на овие Ајваните од МПЦ дејствуваат со подмолна политичка борба за власт .

1)
Така беше со примерот на Јове Кекеносвски

Кекеневоски ги повикува црковните великодостојници да го поддржат Иванов со своите ГРАЃАНСКИ ИМИЊА
25-02-2014
„Вообичаено државата се мешала во работата на црквата, но кај нас црковните лица почнаа јавно да се мешаат во политиката. Владиците АГАТАНГЕЛ и ПИМЕН дадоа усмена согласност на иницијативата за кандидатурата за втор мандат на Претседателот Иванов, но не се потпишаа.!!! Јавно го прашувам АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ и МАКЕДОНСКИ г.г СТЕФАН, дали го опрадува овој гест на двајцата владици?. Доколку се обиде да ми одговори дека тоа го направиле како граѓани на оваа држава, тогаш би го замолил да им каже да ја повлечат поддршката под нивното црковно име и титула и истата да ја дадат со нивното нивното родено име и презиме: АТАНАС СТАНКОВСКИ и СОТИР ИЛИЕВСКИ“ – вели професорот Јове Кекеновски во својата реакција.
http://libertas.mk/кекеневоски-ги-повикува-црковните-ве/


http://libertas.mk/%d0%ba%d0%b5%d0%ba%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b3%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d1%86%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%b5/

2)

И Заев предупредува на истото

(ВИДЕО) Заев: Груевски, соочувањето со правдата и заминувањето ќе и донесе преродба на Македонија
24-04-2014
ЗАТОА, ПОВИКУВАМ НА СВЕСТ, СОВЕСТ И ПРАВДА.
-Ги повикувам сите релевантни фактори во Македонија, да бидат на висината на своите обврски и задачи. Ова се однесува на Државниот јавен обвинител, целокупниот правосуден систем во земјава, Антикорупциската комисија, Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција, академската и експертската јавност, невладиниот сектор, медиумите и сите граѓани (од прв до последен) да застанат во одбрана на правниот поредок во Република Македонија. Тоа значи санкционирње на очигледниот криминал во којшто е вмешан директно првиот човек во државата, премиерот Груевски.

-Како ВЕРНИК упатувам порака до црковните служители кои ги претвораат Богослужбите во предизборна ПОЛИТИЧКА ПРОПАГАНДА , дека нема ништо христијанско во злоупотребата на Црквата во агитирачки цели.

http://libertas.mk/видео-заев-груевски-соочувањето-со-п/


http://libertas.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%be%d0%be%d1%87%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d1%81%d0%be-%d0%bf/



3)
А ова најредовно се случува на сите избори до сега

ПАРТИСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ДИЈАСПОРАТА ВО РЕЖИЈА НА КОНЗУЛИТЕ

Глобус 2007.

броj 218 21.06.2011

ДУШАН СИНАДИНОВСКИ

Со одлука на владата на Република Македонија, македонските иселеници имаа можност на 4 јули 2011 година да за прв пат гласаат за своји пратеници од дијаспората во собранието на Република Македонија.

Со исклучок на еден помал дел од македонските иселеници од Америка и Канада кои се снабдуваат со информации од Македонија преку веб страниците на Интернетот, поголемиот дел од дијаспората ги добива тие информации преку локалните македонски радио часови и весници или пак преку црковните огласи.

За време на гласањето на 4 јуни беа организирани мини-автобуси ОД ЦРКВИТЕ да ги пренесат гласачите до конзуларните претставништва. При тоа на автобусот што ги пренесувал гласачите од Гери (Индијана) во Чикаго имал голем плакат со натпис ВМРО. Не се знае кој ги платил тие автобуси. Но, на некои гласачи им било речлено дека ако не гласаат за ДПМНЕ нема да можат да сметаат на автобуски превоз!Не разбирливо е зошто за време на гласањето во Детроит на гласачкото место редовно престојувал заменикот на конзулот и еден непознат записничар кој водел евиденција кој од пријавените гласачи дошол да гласа. А оние гласачи кои не дошле на гласање до одредено време ги повикувале со телефон да гласаат. Исто така преку целиот ден и пред самата врата на просторијата за гласање или во ходникот редовно биле присутни активисти на ВМРО ДПМНЕ и им се обраќале на гласачите да гласаат за бројот пет а тоа беше Саздов.

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=DBC951B081FF1147A951430F1F9B2188



4)
Причината за ова се бизнис интересите на Бизнис Корпорацијата наречена МПЦ

Да не прашуваме за парите на Црквата, оти грев ќе не фати!?

31 мар 2014
ТАЕН БИЗНИС!?

За пред Бога не знаеме, ама пред законот – душите им се невини. Аферата „Изгрев”, тешка 6 милиони евра, фрли дамка врз МПЦ и врз архиепископот Стефан. Но, освен „дамката”, замрсениот случај заврши без никаква одговорност за црквата.

Сепак, и свештените лица напати јавно признаваа дека ваквите скандали не влијаат позитивно врз привлекувањето верници. Толку блиски, а сепак далечни, вака накусо може да се опишат односите помеѓу црквата и верниците. Да, тие ќе ви пеат на слава, крштевка и на погреб. И вие за тоа ќе си платите. Има и некои бесплатни работи. Еве, на пример, литургиите.

Она што се плаќа се свеќите, кои ќе ги запалите додека слушате литургија. Можеби ќе бакнете икона и ќе оставите некоја пара, за здравје. Или ќе купите бројаница, иконче мало, иконче големо, календарче… Нека звучи и непримерно, нека ми го земе некој ова и за грев, ама, да, божјите куќи одамна се бизнис.

Проблемот настанува кога вие ќе прашате – а, како оди бизнисот? Ако огромниот имот на Ватикан не е никаква тајна за католичките верници, оној на МПЦ не е за во јавност. Платите, приходите од продажба и оние од пеење по венчавки и по погреби, како и донациите од верниците, остануваат света тајна.

Во разговор со шефот на кабинетот на архиепископот Стефан, откривме дека тие и не чувствуваат некаква одговорност да даваат таков отчет пред верниците. А за платата на духовниот лидер, пак, е толку страшно да се праша, што на моменти чувствувате дека смртно сте го навредиле соговорникот.

- Ние сме јавна институција, но ние НЕ СМЕ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ . Тоа се приходи од донации и нема потреба од транспарентност. Нема потреба таква обврска како транспарентност да постои. Според канонот, според црковната терминологија, архиепископот е венчан со црквата и сѐ што остварува за тоа време ѝ го остава на црквата. А извештај за нашите приходи ние си даваме пред органите на црквата, кои се надлежни за тоа – вели Бобан Митевски, шеф на кабинетот на архиепископот Стефан.

http://fokus.mk/da-ne-prashuvame-za-parite-na-tsrkvata-oti-grev-k-e-n-fati/


Ама Груевски бил криминалец , ама ја водел Македониај во пропаст , ама поради него се ислеле пола милијан Македонци ...
За бизнис корпорацијата МПЦ тоа нее битно .
Во бизнисот има вечни (материјални ) интерси а верувањето е за наивните .

Абе реков јас дека секоја политичка партија треба да си има своја црква свој верници ,

Не само една .
Или секоја бизнис компанија треба да се регистрира како верска организација .
Зошто само бизнис компанијата МПЦ да има статус на верска организација .
Вратете се на почетокот Go down
 
Ајваните од МПЦ повторно со подмолна политичка борба за власт
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ФИЛОЗОФИЈА И РЕЛИГИЈА-
Отиди до: