ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Правото на живот -право на лична самоодбрана е основно човеково право

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Правото на живот -право на лична самоодбрана е основно човеково право   Нед 25 Мај 2014, 2:40 am

ПРАВОТО НА ЖИВОТ - ПРАВО НА ЛИЧНА САМООДБРАНА Е ОСНОВНО ЧОВЕКОВО ПРАВО

1)
Крадец при ограбување застрелал млад брачен пар во Крива паланка

саб 8 фев 2014
Брачна двојка е застрелана синоќа во нивниот дом во Крива Паланка од засеганепознато лице

http://think.mk/2014/02/08/kradets-pri-ograbuvane-zastrelal-mlad-brachen-par-vo-kriva-palanka/



2)

Младо момче прободено сред улица во Кочани
Црна Хроника
12.12.2013

Засега непознат насилник ноќеска околу 2 часот го избодел 28
годишниот кочанчанец Т.Д.


http://www.press24.mk/mlado-momche-probodeno-sred-ulica-vo-kochani


3)

Ѓорче Петров: Уште една жртва НА ЗАБРАНАТА ЗА САМООДБРАНА

Пишува: Виктор Трифуновски

5/20/2014

Последното убиство во Ѓорче Петров уште еднаш потврдува дека е потре*ен нов закон за легално поседување на оружје. Закон кој ќе подразбира полесна набавка на оружје, поседување, носење, и јасна одредба која дозволува САМООДБРАНА со претходно предупредување.

Дозволите за оружје НЕ ги разоружуваат криминалците, туку нивните жртви. Оружјето НЕ убива луѓе, исто како што автомобилите не прават сообраќајни несреќи. Лошите и неодговорни луѓе стојат позади убиствата, како и позади сообраќајните несреќи.Сегашниот закон за оружје ги штити криминалците и останатите насилници, бидејки поаѓа од погрешната предпоставка дека луѓето наводно ќе се испоубиеле меѓу се*е.

- Уште колку животи треба да бидат загубени за да сватиме дека повеќе се заштитени криминалците, одколку обичните луѓе?
- Што доколку жртвите кај Смилковско Езеро имаа по едно парче оружје, и закон кој јасно им дозволува самоодбрана?
- Што доколку сите ограбени менувачници и продавници имаа оружје?
- Што доколку сите ограбени и претепани пензионери во изминативе години поседуваа оружје?
- Што доколку Мартин Нешковски имаше оружје и право да го употреби, без разлика дали е насилникот службено лице?

Верува ли сеуште некој дека сите овие пензионери, продавачки, риболовци и останати невини жртви би се испоубиле меѓусебно доколку легално поседуваат оружје? На ваквите наивни предпоставки еднаш треба да им се стави крај, а луѓето треба да добијат јасен закон кој ги штити од било каква безбедносна закана. Закон со кој поединецот би можел ефикасно да го брани сопствениот живот, животот НА СВОЈТЕ НАЈБЛИСКИ, КАКО И СВОЈОТ ДОМ И ИМОТ од неповикани луѓе, криминалци, но и од службени лица кои без налог. Закон кој нема да се занимава со последиците по агресорот, туку со комплетниот интегритет на потенцијалната жртва и нејзиниот имот.

Во Македонија сеуште нема граѓанско здружение кое го промовира и брани правото на граѓаните на granny-with-gunсамоодбрана, поготово не со огнено оружје. Во САД тоа е Националната Асоцијација за Оружје или NRA (National Rifle Association) која ги информира граѓаните во врска со сите федерални и локални закони поврзани со огненото оружје и муницијата, врши обука за безбедно ракување со огнено оружје, ги штити интересите на обичните граѓани кои легално сакаат да поседуваат оружје, итн.

Истражувањата кои ги спроведува NRA покажуваат дека сојузните држави во САД, каде легалната набавка на оружје е покомплицирана, имаат повисока стапка на разбојништва. И обратно, државите од Југот на САД, каде легалната набака на оружје е поедноставна, имаат далеку помалку разбојништва. Тексас, каде живее 18% од популацијата на САД, има само 1% од вукниот број разбојништва и убиства во целата држава. Овие податоци покажуваат дека поголемиот број легално вооружани граѓани носи помалку криминал, а не повеќе.

NRA исто така спроведе и серија на интервјуа со затвореници за тешки кривични дела, разбојништва и убиства, во повеќе затвори низ САД. Најголемиот дел од криминалците не би се осудиле своите дела да ги извршат во Тексас и Луизијана, каде има најголем процент на легално вооружени граѓани. Најголемиот дел од нив оперираат во големите градови како Чикаго, Детроит, Њу Јорк, Бостон, Филаделфија, односно таму каде се луѓето помалку заштитени со лично вооружување. Скоро ниеден од нив не оди во Далас, Хјустон или помалите градови во Тексас и Луизијана.

Вејн Лепјер (Wayne LaPierre) еден од првите луѓе во NRA, објаснува дека САД е земја со најмногу убиства токму порад фактот што криминалците се често убивани при вршењето на своите дела, од страна на самите потенцијални жртви. Па редно би било и криминалците во Македонија да почне да ги снаоѓа истата судбина.

Пишува: Виктор Трифуновски



http://www.jadiburek.com/sodrzina_detalno.aspx?id=1277
Вратете се на почетокот Go down
 
Правото на живот -право на лична самоодбрана е основно човеково право
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: