ФОРУМОТ Е НАШ
Дали треба или нетреба опозицијата да ги прифати мандатите за Пратеници во Собранието 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Дали треба или нетреба опозицијата да ги прифати мандатите за Пратеници во Собранието 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Дали треба или нетреба опозицијата да ги прифати мандатите за Пратеници во Собранието

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Дали треба или нетреба опозицијата да ги прифати мандатите за Пратеници во Собранието Empty
ПишувањеПредмет: Дали треба или нетреба опозицијата да ги прифати мандатите за Пратеници во Собранието   Дали треба или нетреба опозицијата да ги прифати мандатите за Пратеници во Собранието EmptyВто 27 Мај 2014, 12:15 pm

Дали треба или нетреба опозицијата да ги прифати мандатите за Пратеници во Собранието

Они си знаат си имаат свој математики а според мене правилна им е одлуката

Затоа што :

Затоа што на Гуевски Латас и остала банда и цело ДПМНЕ не им требаат опозициски Пратеници туку како и досега опозициски ВИНОВНИЦИ .

1)
Тикму така им требаат Виновници како покритие за нивните валкани работи .Нели Груевски испраќа наредби Дпмне-овски зомби гласаат а Груевски се прави мутав дека незнаел .ДПМНЕ-овски зомби гласаат закони против народот и државата а ги обвинуваат дека гласале СДСМ .Терористите Груевски јанкуловска Ставревски физички ги напаѓаат пратеници на опозиција а Латас кења дека СДСМ правел државен удар .

2)
Ако ги прифатат мандатите тогаш прашање е дали народ било кога би гласал оти освен што служат како Виновници во Собранието никаква друга полза нема од нив .
А тоа им стана јасно и на самите пратеници од бившиот состав на Собранието .
Вака :

Пратеници од опозицијата, еве ви бланко оставка!
11.12.2013
Мимоза Ристова
До: Собранието на РМ
Од: __________, пратеник во Собранието на РМ
ПРЕДМЕТ: Оставка на функцијата ПРАТЕНИК во Собранието на РМ
Почитувани граѓани и граѓанки,
Со овој допис сакам да поднесам неотповиклива оставка на функцијата пратеник во Собранието на РМ. И покрај напорната работа, да ја исполнам волјата на граѓаните кои ме избраа токму за да ги застапувам нивните интереси, да се борам за владеењето на правото и да ги унапредувам човековите права и слободи, во знак на тој, делумно и личен НЕУСПЕХ, ја поднесувам оваа оставка.


Како народен пратеник, не успеав да си го сочувам дури НИ СОПСТВЕНИОТ физички интегритет, јадејќи ќотек КАКО НЕКОЕ МАГАРЕ на една собраниска седница во еден црн понеделник. Тогаш, како ли можев да помогнам да се сочуваат правата и слободите на обичниот гласач којшто со капка надеж за среќа го заокружил моето име на гласачкото ливче?


Под целосна морална одговорност ја поднесувам оваа оставка, бидејќи се сторив само обична кукла-марионета, мапет во собраниската сала, „пес“ што лае на ветерот на говорничкиот пулт, а не човек чии што зборови нудат и отелотворуваат позитивни промени за граѓаните.


Во име на пурификација на совеста што длабоко ме гризе, јас, во одлична ментална состојба ја поднесувам оваа оставка, којашто, за жал, требаше да си ја поднесам уште пред една цела година, милозливо барајќи од вас, моете граѓани, да го сметате како највисок морален чин, незапишан во кодот на честа, а сепак, рамен на самурајскиот Сепуку.


Почитувани граѓани и граѓанки, јас повеќе немам НИКАКВО ПРАВО ДА ГИ ТРОШАМ парите од народот за да бидам фотомодел на политичката сцена, додека вие гладувате. Оставката нека биде знак на протест, нека биде отпорот кон тоталитарната власт, која немо се устоличи пред моите очи, нека биде почеток за излез од јамата на злото, кое се вовлече и се размножи токму во ОВА ДУВЛО , кое некогаш служеше како законодавен дом.


Со почит, _______________

Скопје, 24.12.2013


Мимоза Ристова

http://www.plusinfo.mk/mislenje/1147/Pratenici-od-opozicijata-eve-vi-blanko-ostavka



3)
Пратеници од опозицијата од правна гладна точка НЕМОРААТ да ги прифатат мандатите а тоа го кажуваат дури и експертите по право кој го пишувале Законот .

Еве :

Шкариќ: Спорот за мандатите може да се реши само политички
25-05-2014

Не само Управниот, туку ни Уставниот суд не може да го реши спорот со мандатите на СДСМ, по што останува решението да се бара низ политички дијалог, велат за Дојче Веле правни експерти.

Нема вистинска адреса

Правните експерти и претходно укажуваа дека спорот за мандатите не е во надлежност на Управниот суд. Професори по право, блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, го обвинија СДСМ за „правна неписменост“, бидејќи тужбата ја поднел на погрешна адреса – до Управниот суд, наместо на вистинската адреса – Уставниот суд. Но, мнозинството експерти тврдат дека за овој случај нема вистинска адреса. Според нив, Управниот суд навистина не е соодветната адреса, но и во Уставот има правна празнина која не предвидува вакви ситуации. Со оглед на таквата ситуација, овој проблем НЕМОЖЕ ДА СЕ РЕШИ ПРАВНИЧКИ , вели професорот по уставно право, Светомир Шкариќ.

„Законот за судовите од 2006 година го овластува Управниот суд да решава и за изборни спорови. Но, прашање е дали верификувањето на мандатите може да се смета за изборен спор, бидејќи во Уставот има изричита одредба со која се предвидува надлежност на Собранието да врши верификацијата на мандатите. Значи, овде не станува збор за оценка на законитоста, туку на уставноста, а Управниот суд не може да ја оценува уставноста. Но, во овој случај и Уставниот суд ќе има проблем по прашањето дали верификацијата на мандатите е општ или поединечен акт. Според досегашната практика, Уставниот суд на такви одлуки гледа како на поединечен акт и проблемот повторно нема да се реши. Ќе се прогласи за ненадлежен, како што го стори тоа и во 1996 година, кога одби да ја оценува уставноста на заклучокот на Собранието, со кој е отфрлена инцијативатата потпишана од над 170.000 граѓани за распишување предвремени парламентарни избори, со образложение дека тоа е поединечен акт“, објаснува професорот Шкариќ.
Според него, поради ваквата состојба, секое впуштање во правна процедура е изгубено време.

„За овој спор не постои правничко, ТУКУ САМО ПОЛИТИЧКО РЕШЕНИЕ . Условно, ‘двете страни’ се во право, но страдаме сите. Затоа решението мора да се бара низ конструктивен политички дијалог“, сугерира Шкариќ.


Правна празнина

Професорот по управно право, Борче Давитковски, потврдува дека овој случај е заложник на правна празнина.
„Акти против кои не може да се поведе управен спор, се акти на Собранието и на Владата, додека указот на претседателот и одлуките на Владата со кои се именуваат раководни и управни функционери можат да подлежат на заштита пред Управниот суд. Како ЕДЕН ОД АВТОРИТЕ на ЗАКОНОТ , можам да кажам дека немавме предвид дека можат да се бараат и против одлуки на Собранието. Станува збор за ПРАВНА ПРАЗНИНА , така што, во согласност со Законот за избори и со Законот за управно судство, не може да се бара правна заштита против акти што се однесуваат на избори, а се донесени од Собранието. Во случајов НЕМА ПРАВНА ЗАШТИТА ниту пред Управниот суд, ниту пред Уставниот суд. Законот за избори е јасен. Избраните пратеници треба на седница на Собранието со јасна изразена волја да се откажат од изборните резултати. Актот на Државната изборна комисија – уверението, има конститутивен карактер, а актот на Собранието со кој се верификуваат мандатите има декларативен карактер, што значи дека овој акт не може да биде предмет на оцена на законитоста од страна на Управниот суд“, објаснува Давитковски.

http://libertas.mk/шкариќ-спорот-за-мандатите-може-да-се-р/


Вратете се на почетокот Go down
 
Дали треба или нетреба опозицијата да ги прифати мандатите за Пратеници во Собранието
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: