ФОРУМОТ Е НАШ
Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам Empty
ПишувањеПредмет: Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам   Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам EmptyСаб 28 Јун 2014, 10:14 am

Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам

Целта на оваа тема нее само да го разјасниме насловот на темата туку и да дефинираме други работи како што се :


1)Што е Капитализмот
2)Кога може со сигурност да констатираме дека транзицијата завршила
3)Кога – кој момент може да констатираме дека капиталистичкиот општествен систем е навистина воспоставен
4)Дали бившите комунистички земји од кој некој завршија со транзицијата а други ја довршуваат навистина воспоставуваат (воспоставиле ) капиталистички општествен систем .


Тоа што го нарекуваме развиен Запад – земји со развиени капиталистичк односи веќе 200 години е локомотива на развојот на цела планета .(нешто учествува и Јапонија нее спорно иако се приклучила подоцна ) Веќе 200 години од тој Запад имаме експлозија од новитети , развој на сите можни области , невидени достигнувања на сите полиња . Но како тоа му успева на капитализмот .Каков систем е тоа .

Одкога се има појавено капитализмот пред 200 години како општествен систем нема некој што не му пророкувал - претскажувал брз крај .Разни гатарци патарци вражалци идеологиии религии сите во последните 200 години му предвидуваа брза пропаст арно ама ете тој пуштињакот абер нема од пропаѓање .
Религиите кој тврдеа дека феудализмот е вечно Божјо благословено општество и друго општество нее можно дури војуваа против Наполеон да не се воспостави капитализмот како доминантен европски општесвен сиситем арно ама ја утнаа работата .
Комунистите тврдеа дека дека тие ќе бидат вечни оти се румени Црвени во образите здрави прави а дека капитализмот е жут -болен трул па само што не се распаднал .Арно ама испадна жут жутује Црвени путује .

Денес во бившите Социјалистички земји имаме реставрација на страите феудални односи каде комунистичкиот еднопартиски систем се заменува со еднопартиски православен тоталитарен систем (Правослвието кое му е дадена огромна финанскиска моќ формира партии и така владее )
и повторно ги имаме истите прикаски дека Западот бил декадентен и дека само што не се распаднал дека треба малку да се причека и каде и да е Запдот - развиениот капиталистички ситем ќе доживее крах ќе се распадне ќе пропадне засекогаш .

СТОП
СТОП
СТОП

Ај доста со глупости ај доста со правење бајрам со умот .
Очигледно е дека во тој Запад - западен капитализам има нешто многу здраво што никогаш не дозволува да пропадне .

Ајде да видиме што е тоа ЗДРАВОТО во развиениот западен капитализам што досега победи се живо и диво и што не дозволува тој да пропадне .
Ајде да видиме што е капитализмот .
Да го дефинираме да знаеме со што точно си имаме работа .

Досега се дадени многу дефиниции за капитализмот но генерално сите помалку повеќе се потпираат на Марксовата комунистичка теорија дека капитализмот е економско општество .Дури и западните теоретичари горе доле со извесни разлики ја користат истата дефиниција .
Арно ама ако одевме според таа дефиниција капитализмот досега навистина ќе се распаднеше .
Плус зошто само капитализмот се дефинира како економско општество ?
Па сите држави - и општества кој постоеле во историјата зарем не биле економски .
Да сите општества во човековата историја биле еконмоски .И робовладетелството и феудализмот па и Социјализмот беше еконмоско општество .Нормално секој со своја специфика .Ама најмалку е спорно дека сите биле економски .

Тоа може да биде само делумно точна дефиниција која ниту оддалеку не ја одразува вистинската природа на капитализмот .
А нас ни треба кратко сликовито објаснување кое ќе ни даде многу прецизна слика - дефинираност за тоа што е навистина капитализмот (збориме за западниот како докажано најуспешен ) без да ги разгледуваме сите пропратни детали на капитализмот како не би се изгубила суштината на темата ами да како што рековме да ја откриеме ЗДРАВОСТА на капитализмот која не дозволува негова пропаст а токму таа здравост веќе 200 години обезбедува негова надмоќ на планетарно ниво .

Ајде да почнеме.
Ќе направиме мала симулација при што јас ќе ја превземам таа неблагодарна улога на Креатор на капитализмот (западниот -успешниот )
.
Па велам вака :
1)
Јас Знам дека секој народ за да постои и ќе постои се дотогаш тој мора во континуитет пермантно во секоја нова генерација која ќе се роди да исфрла
а ) Храбри луѓе кој ќе го бранат народот
б)Способни луѓе кој ќе се јават во улога на организатори .

2)
Јас знам дека кога еден народ во континуитет исфрла Храбри и Способни луѓе после извесен период Храбрите и Способните тежнеат да создадат ДРЖАВА .
Храбрите луѓе водржавата мора да ја заваземат улогата и привелегиите кој следуваат според нивните обрски
Способните -организаторите ќе бидат Владетели и ќе управуваат со општеството .

3)
Јас сакам да градам Капитализам кое како општество за разлика од феудализмот нема да се задоволи само со просто преживување- победување на гладот туку индустриско општество каде ќе се произведуваат и други различни производи .

И ќе го дефинирам Капитализмот :
Дефиниција за капитализам :
Капитализмот е диктатура на Способните .

4)
Јас знам дека во секој народ во секоја нова генерација се раѓаат многу малку Способни луѓе кој се навистина Способни да го организираат -водат целото општество .(еден на 10 000 или 100 000 )Се подразбира дека има разни способности некој ќе биде доктор , некој инженери , некој возачи итн меѓутоа мене ме интересираат Способните кој се навистина способни да бидат лидери кој ќе ДОКАЖАТ дека се навистина такви .Тоа мора бидат некој во кој јас навистина ќе имам доверба дека својте способности ќе искористат на најдобар начин.

5)
Значи јас знам дека тие постојат и дека се таму негде меѓу народот меѓутоа не знам кој се тие .Неможе да одам да прашувам кој се оти ќе испаднам зелен мајмун оти секој ќе ми каже дека томку тој - таа е вистинскиот и дека немора понатаму да барам .
Реално неможе да ги препознам - незнам кој се .

6)
Способните- Успешните нема да се јават самите а мене баш тие ми требаат.
Морам да смислам начин некако да ги намам .
Ми текна !
Незнам кој се ама знам што сакаат .
Сите Способни од кога е настанат човекот сакаат една иста работа а тоа е :
Никој во општеството не смее да им ја спори способноста - заслужноста која ќе ја докажат на дело .Збориме ако навистина ја докажат својата способност нависина се заслужни .
Дефиниција :
Од кога е светот и векот секој Споосбен (способни) за да искажат својата спосбност да го дадат својот придонес во општеството мора да имаат ПРАВО НА ПРВЕНСТВО НА ИЗБОР пред сите други во општеството .

Тоа е Првото свето правило на Способните од кое тие никогаш не отстапуваат .
Порано во првобитните општества способните биле ловците па тие имале право на првенство на избор први да изберат дел од уловот но и најдобрите женки за парење кој сметале дека ќе им остават здраво потомство .Откога настанале државите способните имале право на првество во земање дел од плен -богатство општествен статус бирање жени итн .
Јас велам добро ќе им го признам тоа право само да ги имам .
Целото (ново ) општество капитализам ќе им го подредам ним.
Нека прават хиперпродукција нека прават новитети нека обезбедат развој -унапредување на сите гранки сектори во општеството материјалното богатство секако тие ќе го прават такашто тоа материјално богатство нека им го обезбеди правото на првенство на избор...прво нека имаат најскапи коли , куќи , жени итн .Ништо не им спорам .

7)
За да дознам кој се навистина тие ќе им поставам тест-филтер критериум .
Тој тест -филтер -критерум преку кој ќе ја извршам селекцијата која сигурно ќеми ги даде Способните кој ми требаат ќе бидат економските критериуми .
Ќе повикам економисти - Австриска школа , кензијанска тензијанска ќе изберам некоја од нив .
Сите учесници ќе бидат должни да играат според правилата на тој филтер - економски критериуми кој ќе бидат еднакви - исти за сите учесници .
За да нема изигрување на правилата да се провлече некој што нее способен ќе формирам ПРАВНА ДРЖАВА која правно ќе ги формулира економаските услови иќе предвиди казни за сите кој ќе сакаат да ги изиграат правилата .Ќе формирам и полиција да ги затвори тие што ќе ги прекршат правилата .

Јас знам дека претходните две правила се прифатливи за Способните .
И не само што се прифатливи туку и самите ќе побараат да постои независен арбитер -Судија -Правна држава како не би била спорна нивната победа но и друга најбитна работа :
Второто Свето правило на Способните :
Дефиниција :
Способите сакаат да се натпреваруваат исклучиво само меѓу се*е .
Ако постојат натрапници кој не се способни туку на вештачки начин изигрувајќи ги еконскиот филтер и правната држава се мешаат со Способните па дури и им ја крадат или делат наградата -правото на првенство на избор тогаш Спсообните сигурно ќе престанат да се натпреваруваат меѓу се*е па дури и ќе си заминат па макар тоа значело и пропаст на народот и државата .

Тоа е свето правило на Способните од кое тие никогаш во историјата не се откажале .
Никакви келеши несмее да има во нивна близина .(може како слуги но не како конк*ренција)
Во текот на трката (докажувањето на Способноста ) мора да се обезбедат екстремно високи хигиенски услови така што сите други залутани забегани ќе бидат елиминирани како не би ја контаминирале -загадувале околината каде Способните се натпреваруваат меѓу се*е .Тоа е исто така работа на Правната држава и полицијата .
Нема сомнеж :
Ако нема филтер и правна држава како гарант тогаш Способните сигурно ќе престнат да се напреваруваат .

8)
На тие што ќе го поминат тестот ќе им речам .
Повелете змемете си ја наградата си ја заслуживте навистина сте способни :
Со тоа ќе констатирам дека капиталситичкиот општествен ситем е навистнина воспоставен како заокружена целина .
Вака :

Половина од американските конгресмени се милионери

За прв пат во историјата половина од членовите на Конгресот на САД се
милионери . Ова го покажува извештајот на асоцијацијата која го истражува
влијанието на парите во политиката.
Конгресмените милионери се претставници како на Републиканската , така и на
Демократската партија. Најмалку 268 од 534 членови на Претставничкиот дом и на
Сенатот имале нето приходи од еден милион долари или повеќе во 2012 година –
референтна година за даночните пријави во 2013 година.
Просечниот приход им изнесувал 1 008 767 долари , покажува анализата.
Републиканците и демократите се претставени еднакво со мала надмоќ за
демократите , чиј просечен приход бил 1,04 милиони долари спрема 1 милион
долари за републиканците .
Приходите се зголемиле на годишна основа со 990 000 долари , пријавени во 2012
година од демократите и 907 000 од републиканците . Во 2012 година 257
пратеници или 48% биле со приходи над 1 милион долари.

http://faktor.mk/archives/92046

А за тие што нема да успеат -лузерите самите си знаат дека нема да има милост , да не чекаат таква работа .

Вака :
Италијански бизнисмени во знак на протест ги соблекле панталоните (ВИДЕО)
Нивното бизнис лоби Кобас Импресе е една од двете групи кои бараат референдум за укинување на Еквиталија, агенцијата која собира заостанати даноци и казни за неплаќање данок.
Бизнисмените ја обвинуваат оваа агенција дека ја влошила економската криза прогонувајќи ги сопствениците на пропаднати компании кои не плаќале данок.
„Во изминатите 18 месеци, 162 БИЗНИСМЕНИ ИЗВРШИЈА САМОУБИСТВО бидејќи завршија во рацете на оваа агенција“, изјавил претседателот на Кобас Импресе Џузепе Грацијани.
Италијанската економија, трета во еврозоната, се наоѓа веќе две години во рецесија, поради што расте стапката на невработеност и се затвораат илјадници фирми.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/italijanski-biznismeni-vo-znak-na-protest-gi-soblekle-pantalonite-video


9)
За да обезбедам РАЗВОЈ мора да ги принудам (неспорејќи им ја наградата) Способните секојдневно без престан да се докажуваат натпреваруваат меѓу се*е .Никој нема да живее на стара слава .
Тоа ќе го направам на тој начин што ќе забранам-спречам формирање монополи и олигархии .
Монополите ќе ги разбивам на поситни делови и ќе им донесам конк*ренција ако треба и од странство .Олигархиите во негативна конотација спрега власт компании законски ќе ги казнувам .
Ќе разграничам :
а)
Оддавање тајни на странски служби ќе ги наречам шпиунажа и ќе подлежи на стрги казни за кој ќе судат воени судови
б)
Крадците на пари од државен буџет или банки и фирми ќе ги наречам ДРЖАВНИ НЕПРИЈАТЕЛИ и ќе издадам потерница да бидат ловени како животни и од ловци на награди и од полиција шерифи ФБИ и таквите најжестоко немилосрдно ќе ги казнувам .
Ако некој изврши убиство а не украде пари од буџет или фирми и банки ќе го наречам убиец а не државен непријател и ќе го казнам многу но не повеќе од државниот непријател .

Ќе дозволам слободно новинарство да помогнат ако има некакво затајување на ситемот да се поправи .Транспарентноста е добредојдена бидејќи способните несмеат да бидат спорни и несмее за никого да биде спорно дека ја заслужиле наградата .

10)
Сите работоспособни во зависност од работата која ја извршуваат од степенот на Одговорност која ја прифатиле ,Ризикот со кој мора да сесоочат (некој неможејќи да поднесат пораз како што претходно видовме ќе се самоубијат ) ќе имаат сосодветни парични приходи според кој ќе разликувам приближно три класи во општеството :
1)
Богата класа -Со најголема одговорнсот и најголем ризик
Најчесто тоа се Банките и многу големите корпорации кој прават многу голем обрт на средства што и самите се способни без банкарска помош да обезбедат сопствен сморазвој.

2)
Средна класа - со нешто помала одговорност и превземен ризик
Виша средна класа -поголеми претпријатија
Средно Средна класа- мали и средни претпријатија
Нижа Средна класа - технички (инженерики) персонал и надградба (актери ,медицина ,адвокати
итн )

Во кои професии е забележана највисока стапка на самоубиство?
30/09/2013
Притисокот и стресот на работното место често го земаат својот данок .
Врз основа на податоците од истражувањата на Американскиот национален институт за здравје и безбедност, ризикот на работното место постои и покрај тоа што некои професии не „исполнуваат“.
Податоците на оваа институција покажуваат дека, веројатноста на лекарите да посегнат по својот живот е за 100 % повисока од останатите. Тука спаѓаат и стоматолозите и морнарските инжинери.
Финансиските експерти и адвокати се исто така на листата на професии со висока стапка на самоубиство.
Иако често се мисли дека најчести жртви на самоубиство се оние луѓе кои имаат монотони професии, податоците зборуваат дека и оние кои се занимаваат со„убави професии“, како скулптура и ветерина, завземаат високо место на оваа „темна листа“.
http://faktor.mk/archives/75084#


3)
Нижа - работничка класа со најмала одговорност и превземен ризик Најчесто одговорни кон самите се*е (за се*е ).
а)виша нижа класа -- високо квалификувани работници
б)средно нижа класа --- средно -ниско квалификувани работници
в)Неквалификувани работници


Тоа е тоа
Диктатура на Способните .
Е сега во едно такво општество кога на Способните им го признавам нивното свето право -право на првенство на избор тогаш и на сите друго со текот на времето ќе им ги дадам правата и слободите кој им следуваат

Се мора да функционира безпрекорно .
Не смеат да се штедат пари за правната држава .
Без неа Способните ќе прстанат да се натреваруваат и целото општество ќе пропадне .

Кога ќе пропадне капитализмот ?
Тогаш кога ќе пропадне Правната држава и Способните веќе нема да се натпреваруваат меѓу се*е па и нема да ја земат наградата која ја заслужуваат .

Тоа веќе се случило со римската империја .
Вака :

RIMSKO PRAVO
Skripta By Ante Bojić

DOMINAT
(284.-565.g.)
Ukratko:
Razdoblje započinje dolaskom Dioklecijana, i traje do smrti Justinijana
Glomazni birokratski aparat i carstvo zahtjevalo je povećanje društ. Troškova koji su podmirivani sve težim porezima pučanstva
Rasulo carstva na kratko je spriječio Dioklecijan koji je vodio državu ka apsolutnoj monarhiji. Vladar je sad dominus et deus, i sve što se njemu sviđa IMA SNAGU ZAKONA
Najviši organ uprave u prefekturi bio je praefecti praetorio koji su imali široke ovlasti. Odlučivali su o sudskim stvarima
Jedninstvo Carstva je ponovno uspostavio Konstantin, pojačavajući apsolutizam, do definitivne podjele carstva došlo je u vrijeme Teodozija 395.g. Gospodarstvo se skoro vratilo na naturalnu privredu
PRAVO RAZDOBLJA DOMINATA
1. Leges i Ius

Ovo razdoblje je ujedno i razdoblje VULGARIZACIJA PRAVA . Gašenje robne proizvodnje i robnonovčane razmjene i povratak na naturalnu privredu su imali i za posljedicu da su feudalni elementi prodrli u SVE GRANE PRIVATNOG PRAVA . Zbog utjecaja Grčkog jezika i ostalih provincija, došlo je do opće kulturne dekadencije. Napuštaju se klasični pojmovi i shvaćanja. Zbog opće svemoći cara GUBI SE SAMOSTALNA AKTIVNOST PRAVNIKA. Pravnici više nemaju ius respodendi. Smanjuje se interes za teorijsku obradu prava, a pravnici se sad školuju u pravnim školama

www.nasciturus.com


После распадот на праваната држава целиот државен апарат се распаднал како кула од карти .Способните прстанале да се натреваруваат меѓу се*е
Вулгаризација - Спрдачење со Правната држава .
Тоа од 2006 се случува во Макеоднија.Имаме спрдачење со правната држава .Незнаеш што е полошо дали да не постои или тоа што воопшто постои во ваков облик.
Денес да се стане судија во македонија треба да се исполнат два услова :
1)
Да се биде свесен за сопствената неспособност а со тоа свесен за потребата на послушност кон тие што те назначиле
2)
Да се биде подмитлив.

Денес во Македонија и сите бивши комунистички земји се воспоставува Црковна олигархија која е Власт во макеоднија и другите земји народи на кој им е спопикано православието и исто како во Византија се воспоствува Диктатура на Неспособните .
А кога еднаш ќе се воспостави Диктатура на Неспособните тогаш распадот е неизбежен.
Во такви услови Способните не се натпреваруваат оти неспособните се навреда за нив и си заминуваат на Запад каде регуларно ќе си го завзаемат местотото кое им припаѓа кое го заслужуваат .А Македонија станува земја без Способни луѓе значи земја држава и народ без иднина и било какви шанси да опстанат .Таквите народи изсчезнуваат од историската сцена.
Во Македонија нема филтер за селекција нема правна држава па нема ниту натревар меѓу способните .А кога кај еден народ Храбрите и Способните не ги завземаат позоциите кој им припаѓаат таквите народи и држави пропаѓаат.
Ај кафе пауза па продолжуваме.

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам Empty
ПишувањеПредмет: Re: Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам   Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам EmptyПет 04 Jул 2014, 2:38 am

Зошто капитализмот не успева во услови на Ислам Православие Католицизам

---------------- ДЕЛ 2( ВТОР) --------

Гледаме дека Капитализамот успева во Западна Европа , САД ,Канада , Австралија ,Јапонија Индија и Кина .

Но не успева во држави и народи каде доминантна или на власт е Исламската Православната и Католичката религија .Кај овие држави и народи постои некаква приватна сопственсот повеќе или помалку кримнал повеќе или ич човекови права и слободи и некаде тоа си го нарекуваат капитализам а некакде па и не им е гајле .

Капитализам има кај народи и држави каде декларативно има повеќе католици но поради силното влијание на атеизмот и протестантизмот влијанието на католицизмот е сузбиено .Таков пример е Италија .Но капиталзиамот - диктарура на Способните неможе да се воспостави во држави каде католицизмот е доминантен како што се Филипини , државите од Јужна-Латинска Америка познати и како банана-држави итн .

Гледаме дека капитализам -Диктатура на Способните неможе да се воспостави ниту во бившите комунистички држави од источна Европа каде доминатна или на власт е Православната религија .Поради таквата неможност знаеме дека наместо капитализам комунистите воспоставиле Социјалистички општествени ситеми кој се распаднаа 1990 година .Ваквиот проблем Западот го решил со Француската буржоаска револуција потоа атеистичкиот цар Наполеон и со капиталистичките револуции од 1848 кога капиталистите си го одржале ветувањето кон селаните па пошто зашто им го распродале имотот на феудалците и Католичката црква .На Католичката црква и биле оставени објектите за верски обреди . Со тоа направиле РАЗВЛАСТУВАЊЕ на Католицизмот во Западна Европа .Затоа на Запад е возможен капитализам како диктоатура на Способните . Парламент на Франција имал аристократски сталеж и католички сталеж Тоа била власта која владеела .Но капиталистите кој решиле да создаваат Капитализам како диктатура на сособните неможеле да дозволат неспособните-католиците (папата исвештенство) да бидат директно во власта оти во такви услови Способните воопшто и не би се натпреварувале меѓу се*е па капитализмот би пропаднал пред воопшто ида се воспостави .Исто така и комунистите кога дошле на власт и ги оставиле објектите -цркви на Православна религија со што исто така извршиле РАЗВЛАСТУВАЊЕ на Православната религија .

Но после падот на Социјализмот под маска на денционализација на Православна религија и е дадено огромно материјално богатство и можност да формира Политички партии под маска "демохристијански" така што имаме Православна ОЛИГАРХИСКА религија која има релевантно одлучувачко влијание во економијата и политиката така шти таа е повторно вратена на ВЛАСТ .
Кај нас тоа го направи нездравиот Љубчо Георгиевски кој со Никола Груевски под маска денационализација Православната религија ја направија најбогататабизнис корпорација .Така што и да се смени Груевски не игра улога оти Православната корпорација секогаш ќе постави свој човек .Исто е во сите бивши Комунистички-Социјалистички земји каде Правсоалвието е на власт .Сегде имаме тоталитарни општества , многу криминал , разврат и масовно одумирање на народите од тие држави каде Православието е вратено на власт .Нее возможно воспоставување на капитализам -Диктатура на Споспобните не само како транзиција туку без било какви изгледи дека било кога ќе биде воспоставен Капитализам од Западен тип -Диктатура на Способните .Се воспоставува стариот феудален неразвоен-ненедградлив систем како Диктатура на Неспособните - Криминалците -Силеџиите -Ненормалните па затоа и има масовно бегање на население на Запад и масовно одумирање на тие народи што веќе порано се случувало кога Православието било на Власт .

Католицизмот и Правсолавието било кога се навласт или како подлога (доминантно население ) во една држава нее можно да се воспостават Капиталзитички односи-Диктатура на Способните
Исламот е интересен .
--Кога е на власт нее можно воспосвување на капиталистички односи имаме Диктатура на Неспособните

--Кога е доминантно население (ислам) е добро и може да се воспостават Капиталситички односи - Диктатура на Спосбните како што е примерот со Турција .Капитализмот со сите тешкотии но навистина успеваше .Но ете гледаме во последно вмреме кога дојдоа исламистите со Ердоган имаме менување-руинирање-укинување на Судството забрана - мрак за информирање на населението забрана на интернет , цензура на медиуми итн .Како ќезаврши ќе видиме но се укажува дека се напушта Капитализмот

--Исламот е исто така добар како подлога за воспоставување на Социјализам од специфичен тип како што беше Либија .Да Либија беше Социјалистичка држава со Гадафи и тој стандард таква благосостојба сега кога е воспоставена исламска власт може веќе да сонуваат .Социјалситичка Либија немаше сосптвен развој како и другите Социјалситички атеистички држави но имаше многу добра распределба на националното богатство .Државата им плаќаше се од школство до соодветна работа па дури и стан за младите брачни парови .А сега после падот на Либискиот Социјализам има диктатура на Неспособните значи забрана за информирање , прогон на учените и Способните луѓе во кој се гледа опасност .Диктатура на Неспсообните .Со таа разлика од Православието дека нее деструктивна кон населението и тоа не одумира па и да има големи човечки загуби тие брзо се надокнадуваат а кај Православието тие загуби се трајни - остануваат празни територии .

Еве ги последиците од Исламот како власт во однос на Капитализмот

Како религијата труе сè (5)

16.11.2012

Без оглед колку бил приватен тој феномен - се чини дека не го почувствувал никој освен него - тој го сфатил како уште еден знак за скорешното враќање на дванаесеттиот имам, а можеби и како дополнителна поддршка за неговата амбиција, од Исламската Република Иран, инаку потоната во СИРОМАШТИЈА, РЕПРЕСИЈА, СТАГНАЦИЈА И КОРУПЦИЈА, сепак да направи нуклеарна сила.

Друг начин да се опише таа состојба е да се рече дека, во моментов додека ја пишувам книгава, една нова верзија на инквизицијата се подготвува да стави рака на нуклеарното оружје. Под угнетувачката власт на религијата, големата, инвентивна и развиена персиска цивилизација незапирливо го губи пулсот. Нејзините писатели, уметници и интелектуалци се главно ПРОТЕРАНИ или задушени со ЦЕНЗУРА , нејзините жени се третираат како подвижен имот и сексуален плен, нејзината младина е НЕДОВОЛНО ОБРАЗОВАНА и е НЕВРАБОТЕНА.По четврт век теократија, Иран и понатаму ГИ ИЗВЕЗУВА ИСТИТЕ НЕШТА што ги извезувал и кога теократијата ја презела власта - ф’стаци и килими. Модернизацијата и технологијата ги ЗАОБИКОЛИЛЕ, со исклучок на нуклеаризацијата.

Тоа ја издигнува конфронтацијата меѓу верата и цивилизацијата на сосема поинакво рамниште. До пред релативно кратко време, оние што ќе го прифателе патот на клирот, морале да платат висока цена за тоа. Нивните општества пропаѓале, економиите им биле во грч, нивните НАЈДОБРИ УМОВИ останувале НЕИСКОРИСТЕНИ или СИ ЗАМИНУВАЛЕ и постојано доцнеле зад општествата кои научиле како да го скротат и да го изолираат религиозниот импулс. Една земја како што е Авганистан едноставно ќе изгние.

http://okno.mk

Тука треба да се напомене дека Исламскиот свет кој традиционално беше близок со Истокот -Индија и Кина почнува да трпи порази токму од нив .Праплавени се со евтина кинеска роба која и тоа малку домашно производство го прави инфериорно и го уништува. Кина и Индија стануваат (веќе се )капиталистички суперсили .Така што веќе станува спорно дали ќе може и понатаму да урлаат....."Западот е крив за се "

Омилена работа која ја злоупотребуваат Исалмистите есе човековите права и слободи на Западот како ихуманитарните организации но кога Неспособните -во конкретниот случај Исламисти ќе се дограбат до Власт тогаш друга песна се пее


10 години затвор и 1000 удари со камшик поради онлајн навреди против исламот

08-05-2014


Саудискиот блогер Раиф Бадави е осуден на 10 години затвор и на 1000 удари со камшик поради обвинение за навреди на исламот изнесени преку онлајн форум кој самиот го создал.

Судот во саудискиот град Џеда, исто така, на Бадави му нареди да плати казна од милион саудиски риали – 266.000 американски долари.
На првата судска инстанца, за истите обвинувања Бадави беше осуден на седум години затвор и на 600 удари со камшик. Тој се жалеше и Апелацискиот суд донесе построга казна. Бадави е во затвор од средината на 2012 година, а неговиот форум „Слободни саудиски либерали“е затворен и неактивен

http://libertas.mk/10-години-затвор-и-1000-удари-со-камшик-порад/

Iran zabranio Barbike
Iranska policija za moral zabranila je prodaju Barbi lutke zbog zaštite društva od "opasnog uticaja zapadne kulture, koja ugrožava islamske vrednosti", rekao je jedan od prodavaca igračaka u severnom delu Teherana.

16.01.2012.
Zapadne zemlje nedavno su uvele do sada najoštrije sankcije Iranu zbog njegovog nuklearnog programa, a vlasti navode da su u zemlji pokrenule "meki rat" protiv dekedentnog uticaja zapada.
"Pripadnici policije za moral došli su u radnju pre tri nedelje i zatražili da uklonimo sve Barbi lutke", rekao je prodavac, prenosi portal Sarajevo-x.com.
Iranski verski vladari proglasili su 1996. godine Barbi za neislamsku lutku, uz objašnjenje da ona ima "destruktivne kulturne i društvene posledice".
Novo naređenje primoralo je prodavce da kriju lutku iza ostalih igračaka, da bi zadovoljili potražnju na tržištu i istovremeno izbegli kažnjavanje.
http://mondo.rs/a231767/Info/Svet/Iran-zabranio-Barbike.html

Iran zabranio proizvodnju poklona za Dan zaljubljenih
18.01.2011
TEHERAN - U Iranu je zabranjena PROIZVODNJA poklona za Dan zaljubljenih, kao i promovisanje tog praznika koji iranske vlasti smatraju posledicom širenja zapadne kulture, izvestili su iranski mediji.
Dan zaljubljenih nije zvanično zabranjen, ali ekstremne snage su upozorile na štetne posledice širenja zapadnih vrednosti, jer, prema iranskom islamskom zakonu, nevenčanim parovima nije dozvoljeno da budu u emotivnoj vezi.
Zabrana se odnosi na proizvodnju poklona kao što su čestitke, kutije sa simbolima srca i crvene ruže, javile su agencije.
"Slavljenje stranih praznika je posledica širenja zapadne kulture. Naša zemlja ima drevnu civilizaciju i mnogo praznika kojima veličamo dobrotu, ljubav i osećanja", izjavio je predsednik SINDIKATA vlasnika štamparija Ali Nikou Sokan.
Dan zaljubljenih je sve popularniji među iranskom omladinom i donosi veliku zaradu u zemlji u kojoj je 70 odsto stanovništva mlađe od 30 godina i ne seća se Islamske revolucije 1979. godine u kojoj je zbačen šah koji je uživao podršku SAD.
"Štampanje i proizvodnja svih proizvoda koji su povezani sa Danom zaljubljenih, uključujući postere, brošure, čestitke, kutije sa simbolima srca, polusrca, crvene ruže i sve aktivnosti koje promovišu ovaj dan zabranjeni su i vlasti će preduzeti pravne mere protiv onih koji budu prekršili zabranu", navedeno je u zabrani.
Neki nacionalisti su predložili da se Dan zaljubljenih zameni Mehreganom, iranskim praznikom koji se slavi od preislamske epohe. Mehr znači prijateljstvo ili ljubav.
http://www.kurir-info.rs/iran-zabranio-proizvodnju-poklona-za-dan-zaljubljenih-clanak-68748

Иран повторно го забрани пристапот до Интернет
2.02.2012
Милиони жители на Иран, втор пат оваа недела, останаа без пристап до Интернет, а според агенцијата Ројтерс, блокирани се сите интернационални страници обезбедени со кодот ХТТР.
Според информатички експерти од Техеран, ситуацијата е полоша од претходната недела за забрана за пристап до Интернет, бидејќи сега забраната може да се заобиколи со VPN и “proxy“ сервери.
Само пред десетина дена, Иран го забрани пристапот до меил сервисите како што се “Гугл маил“, “Хотмаил“ или “Јаху“.
Помеѓу сајтовите за кои важи забраната е и страната на најпопуларната светска социјална мрежа “Фејсбук“.
Коментар за оваа забрана од официјален Техеран нема. Вообичаено земјата секогаш одбиваше цензура на пристапот до Интернет, но го прави тоа секогаш кога земјата е зафатена од протести.
По две недели во земјата ќе бидат одржани избори.
Минатиот месец, министерот за телекомуникации на Иран, Мохамед Реза рекол дека во план е националниот итранет да стане оперативен за релативно кратко време. Тој не спомена точна дата за почеток на овој сервис, но додаде дека тоа може да се случи во секој момент.
За плановите за основање на внатрешна интранет мрежа во Иран пишуваше и “Вол стрит журнал“, цитирајќи го иранскиот министер за економија, Али Агамохадиши, дека националната интранет ќе биде навистина халал мрежа (халал е термин кој се однесува на сите работи и активности кои се дозволени во исламот), која "ќе ги поседува сите етичко-морални вредности на исламот“.
http://tocka.com.mk/1/60774/iran-povtorno-go-zabrani-pristapot-do-internet
Сума Сумарум
Таму каде Исламот е воспоставен како Власт нее возможно воспоставување на капитализам -дикатура на Способните .
Ете и да не анатемисуваат и прогонуваат Спосбните тие повторно нема да се натпреваруваат меѓу се*е .Прво нема да се натпреваруваат поради тоа што никогаш нема да се наптпреваруваат во Способноста ако бидат контролирани од неспособни или тие неспособни им ја крадат наградата за Спсоосбноста .Друго е што дури ида им се дозволи да се натрпреваруваат Способните помеѓу се*е Способните немаат мотивација да си ги ризикуваат животите .Таква ситуација имаше во бивша СФРЈугославија кога имаше периоди кога луѓето навистина имаа многу пари но тоа беше џабе кога немаше на што да се потрошат .Немаше производи што можеше да се купат .Барем имаа заштеди ...па на крајот и нив им ги заробија .
ДРУГО БИТНО
Е да тука треба да се напомене и Комунистичката религија како Диктатура на Просечните (полуспособните )
За разлика од другите религии кој создаваат затуцани верници комунистичката религија создаваше атеисти .А атеистите си бараат ум разум и логика .
Комунистичката религија на простотри на екс СФРЈ кога се појавила во почетокот била доста напредна што и не треба да чуди бидејќи водачите биле многу Способни луѓе не само Тито како висококвалификуван работник туку имало и многу капиталисти (добра серија беше хрватската Раткаеви ) па дури и Аристократи кој имале огромни феуди и замоци .Така што тоа била една интересна идеолошка-духовна дружина .Точно е дека квислинзите петоколонашите ивоените злосторници ги ликвидирале .Точно е дека и Сталинистите ги прогонувале на Голи оток .Ама не бил ликвидиран ниту еден инженер или доктор итн ваквите дури и да биле Сталинисти и подржувачи на Усташите (се знаело дека се такви ) никого не ликвидирале ниту пратиел на голи Оток .(Билеиспратени во македонија или друго место со сите можни привелегии некој држеле катедри на факултети некој добиле службени автомобили и станови и добри плати да раководат )На голи оток биле праќани гомнојадците неспособните кој секако ништо не вределе а само можеле штета да направат (хахааахх абе трагично ама вистинито ) .Дури не биле ликвидирани ниту Капиталистите освен ако не правеле злосторства или активно соработувале со окупторите .Капиталситите не биле праќани ниту на голи оток .Едноставно Капиталистите биле назначени за директори на фабриките на кој биле сопственици и потоа си отишле во пензија без да им фали влакно од глава .Тоа е вистината и добро е што ако не се тие живи ама барем нивни синови ќерки се живи па можат да потврдат .(на крају крајева нивни синови ќерки бараа денационализација нафабриките кој биле во сопственсот на нивни татковци ).
Имале генијални решенија после војната .Не само што имало вистинска експанзија на индустријализациај туку ги решавале и мотивациите за да се работи .После војнатасе јавиле 800 000 борци кој барале привелегии .Комунистите од СФРЈ кој не прифаќале Сталинизам кој поимал урамниловка на плати им понудиле решение какона развиениот капиталситички Запад .
Кој сака да работи лесна адмистративна работа добија една плата , кој сака фабричка или работа во надворешни услови во близина на место на живеење најмалку две плати а пак оние кој цело време работат под отворено небо како што биле градежниците , или поставување на далекуводи итн најмалку три плати ..според учинокот .
Исто било и е сеуште во капиталситичките земји на Запад а денес во Македонија е обратно ...најдобро платени се административците помалку платени грдежниците и други кој работат на отворено а најмалку во фабриките (социјални случаи).............и затоа работоспособните си заминуваат со фамилиите на Запад .А што може друго да ти смислат Неспособите од ДПМЕ како партија на Правсолавието .Само улавштии ништо паметно .
Социјализмот немал некој сопствен саморазвој (Способните не се натпреварувале меѓу се*е )но како воена сила можел да си дозволи да краде -копира технологии (индустриски и воени ) од Западот без да плаќа лиценци и авторски права .(хахаахх смешно ама така беше а истото денес го прави и Кина )Се пратеа копираа некој музички и донекаде модни тендови .
И сето тоа некаде до 1970-1975 година кога комунистите револуционери остареа и настана смена на генерации .Арно ама при таа смена на генерации замената била со читачи на реферати -гомнојадци , упикувачи , кариеристи заради привелегии без никакви практични докази за нивни способности .Тоа беше новата Авангарда .
Есега во меѓувреме се создадоа многу учени луѓе од многу профили . Имаше и многу способни висококвалификувани работници .А некој од раководителите-директори на фирми сакаа прогрес наредок сакаа како Способни да почне процес на наптпревар меѓу Способните во Самоуправувањето .Што беше многу нормално и посакувано .Плус и мене лично ми беше чудно како може Западот да биде водечки во развој на технологии кога во Социјализмот имаше многу подобри услови за такво нешто .Логично навистина требаше така да биде .
Требаше ама неможеше .
Новата Комунситичка Авангарда почна војна против Способните .
Беше формирана комунистичка Инквизиција за лов и уништување на Способните .
Реално на Западниот капитализам дотогаш противник му беше Седната класа од Социјализмот.
На Запад имаше 3 класи меѓу кој и Средната класа и на нив на Исток -Социјализмот требаше да му се спротивстави нижата средна класа -- инженери , техничари , доктори ,актери ,уметници итн .Нели непостоеше богата класа ...банкари , крупни претпријатија со големи капитали кој обезбедуваа сопствен саморазвој ,инвестициски фондови итн .
Вака :

И во социјализмот се правеа „спектакуларни апсења“ по партиска директива

Текстот е објавен на 15-ти август 2008-ма во неделникот „Фокус“ во бројот 685



На партиските раководители оптоварени со завист, не им беше тешко да препознаат за режимот сомнителни и опасни луѓе во успешните стопанственици. Немоќни пред проблемите со кои се среќаваше земјата, тие политичари во техноменаџерите препознаа опасен слој што „неоправдано богатејќи се“, може да прерасне во нивна политичка алтернатива!

Пишувал
Стојан АНДОВ
При крајот на септември 1982 г. националните медиуми (тогаш една телевизија и радио, и двата весника на македонски јазик) бомбастично објавија дека ЦК на СКМ заседавал и усвоил заклучоци за интензивирање на борбата против неоснованото богатење, митото, корупцијата и другите девијации со кои се попречува развојот на социјалистичкото самоуправно општество и се поткопуваат темелите на уставниот поредок. Како главен носител на тие опасни појави беше посочен „техноменаџерскиот слој“, чии припадници, често, спротивно на интересите на работниците – самоуправувачи, се стремеле кон остварување на своите приватни, егоистични цели.
Заклучоците, исто така, како главни носители на борбата против таа опасна појава ги означија комунистите што работат во Министерството за внатрешни работи, во Обвинителството и во судството. Наскоро почнаа да се насетуваат вистинските резултати од дејството на тие заклучоци. Медиумите почнаа речиси секој ден да објавуваат дека некој раководител од некое претпријатие што особено добро стои и работи – е притворен. И со секој нов притвор првите десетина – петнаесет дена објаснуваа дека, ете, уште еден или двајца им се придружиле на порано притворените за исти гревови двајца раководители од „Македонија Вино“.
Притворените беа генерални директори, технички, комерцијални, финансиски директори или шефови на служби. За секого од притворените беа „исткаени“ вистински крими-приказни, кои понатаму беа повторувани и дополнително „накитени“ во локалните радио-станици, во фабричките весници и по партиските и синдикалните состаноци.
Тој пред да дојде на работа во федерацијата, беше претседател на словенечката влада. Му објаснив што се случува и изнесов мислење дека тоа може да биде опасно, пред сѐ за стопанството во Македонија. Тој веднаш искажа изненадување, па на шега рече: „Ако за тоа се притвора и се гони, ние во Словенија треба сите стопански раководители да ги испозатвориме. Тоа е бесмислица“. Ја поддржа иницијативата што сум ја дал и рече дека и самиот ќе му се јави на Ставрев.

АПСЕЊАТА ПРОДОЛЖИЈА
Многу луѓе беа апсени и лично понижувани, како и членовите на нивните семејства. Споменатите двајца раководители на „Македонија Вино“ беа држени во притвор повеќе од дваесет месеци, а на крајот од судот беа ослободени од вина. Еден мој пријател од Штип беше држен цели 87 дена во притвор, а потоа не беше покренато обвинение и беше пуштен од притворот. Но откако излезе на слобода, иако ослободен од секакво сомневање, тој со години не можеше спокојно да излезе на улица, ниту да најде вработување.
А некои поминаа многу полошо. Генералниот директор на „Астибо“ соочен со можен притвор врз основа на исконструирани докази, а длабоко трауматизиран уште во своите младешки години од голготите и понижувањата на нашите гулази, не ја поднесе заканата и сам си го одзеде животот. Таков бран од апсења и дискредитирања на стопанственици во тогашните ју-републики немаше. Но, македонскиот ЦК, токму во слојот од такви раководители, откри свои политички противници и ги осомничи како непријатели на народот и државата.

Од друга страна, надојдените нови генерации образовани луѓе без можност да најдат вработување соодветно на своите квалификации, ја зголемуваа напнатоста. Соочени со огромните проблеми, а неможејќи да ги видат нивните вистински причини, членовите на ЦК-СКМ виновници за таа тешка ситуација препознаа во тој слој стопански раководители што тогаш ги нарекоа техно-менаџери.

ЦЕ-КА СЕ ИСПЛАШИ ОД ТЕХНО-МЕНАЏЕРИТЕ
Инаку, тие луѓе на функции во стопанството дојдоа со одлука или барем без противење на партиските комитети. Но, поспособните од нив наскоро по доаѓањето на функциите, сфатија дека и нивниот опстанок и опстанокот и развојот на фирмите што ги водат, зависат од нивното успешно поврзување со фирми од меѓународен пазар, особено од подрачјето со конвертибилни валути. Од тоа подрачје можеа да добијат технички иновации, современа опрема и, што често се случуваше, кредити за обртни средства од кои недостиг имаа речиси сите претпријатија во Македонија.
Тие потреби ги принудуваа „техноменаџерите“ често да патуваат во странство и да се запознаваат со странци. Тие патувања им носеа дневници во цврста валута, што не беше безначајно за нивната лична и семејна ситуација. Во нивните домови тие гостите ги служеа со скапи странски пијалаци, а можеа да слушаат музика од некои од последните музички новотарии, недостапни за обичните луѓе.
Со еден збор, почнаа постепено статусно да се одвојуваат од средината во која живееја, а таа, воспитана врз идеите на еднаквоста, спонтано реагираше кон нив со завист, сомневање, дури и со омраза. Тие директори, во согласност со успехот на фирмите што ги водеа, по правило имаа повисоки плати дури и од претседателот на ЦК, а камоли од оние на членовите на ЦК.

На партиските раководители во тие услови и самите оптоварени со завист, а засипани со „анонимни писма“ не им беше тешко да препознаат за режимот сомнителни и опасни луѓе. Лично немоќни пред проблемите со кои се среќаваше земјата, тие политичари во техноменаџерите препознаа опасен слој што „неоправдано богатејќи се“, може да прерасне во нивна политичка алтернатива. Тие жестоки прогони доведоа до масовно кршење на човековите права и до натамошно економско заостанување на Република Македонија во однос на другите републики во тогашна Југославија. Негативното искуство со оваа афера имаше важен удел во општата дискредитација на системот што го имавме до 1991 г.

Беа вградени и други решенија за заштита на човековите права од самоволието на политичките центри за злоупотреба на органите за откривање и прогон.
Меѓутоа, решенијата вградени во Уставот постепено беа ревидирани. Нивната ревизија беше објаснувана со потребата за ефикасна борба против општите зла како што се нелегалната трговија со оружје, трговијата со дрога и луѓе, тероризмот, организираниот криминал и корупцијата итн. Истовремено, беше објаснувано дека во новите услови нема опасност од злоупотреба на државните органи за масовно кршење на човековите права.
Се објаснуваше дека во нашите услови нема такви семоќни политички центри како што тоа беше случај во поранешниот систем, дека повеќепартискиот парламент овозможува демократска контрола на функционирањето на органите на прогонот и дека покрај функционирањето на парламентарната демократија, дејствуваат и институциите на граѓанското општество, вклучувајќи ја и слободата на медиумите. Така, се создаде убедување дека злоупотребата на државните органи за политички цели и за кршење на човековите права станува невозможна. Но, изгледа дека некои од споменатите околности не сме ги процениле добро и во оценките добро сме се излажале.

http://fokus.mk/i-vo-sotsijalizmot-se-pravea-spektakularni-apsen-a-po-partiska-direktiva/

Или познатиот случај со ФЕНИ од Кавадарци кој тогаш беше прогалсен за промашена инвестиција за денес да копат странци ида работи добро со истата технологија .

Или случајот со Фикрет Абдиќ од Босна кој беше затворен и прогонуван само затоа што создал огромна индутрија (Агрокомерц )за прехрана за која немаше проблем за пласирање на производи во СФРЈ и странство .

Фикрет Абдиќ извлекол 3 милони евра од Агрокомерц
20.08.2013

Според пишувањата на босанскиот весник Дневни аваз поранешниот прв човек на Агрокомерц,Фикрет Абдиќ успеал од сметката на фирмата да земе три милиони евра во една банка во Виена.
Фикрет Абдиќ пред војната беше директор на нАгрокомерц , а фирмата за време на воениот конфликт речиси целосно била ограбена.

http://lider.mk/2013/08/20/fikret-abdik-izvlekol-3-milioni-evra-od-agrokomerc/


ед војната беше директор на
Комунистичката религија кажа што имаше да каже .И покрај добрите намери (во кој јас не се сомневам ) на нивните осздвачи на Социјализмот ете се покажа како невозможно општество .
Способните кога бараа да се натпреваруваат да донесат развој беа прогонувани исто како што биле прогонувани во Средниот мрачен век .Не беа прогонувани ако се задоволеа да бидат просечни .Им беа давани добри плати , станови со што немораа дури ниту да бегаат во странство како сега кога ДПМНЕ (Православието ) е на власт .Но не и да искажат способност.

А комунистичката религиозна инквизиција -авангарда прво се набута во СДСМ а денс комплетно е прсселена во ДПМНЕ со што само се потврдува дека религија си е религија .
А оние што си беа просечни (чевтрт до полуспособни ) потоа -после 1990 година станаа олигарси
Македонски олигарси (1): Бранко ги роди, Грујо ги прероди
http://fokus.mk/makedonski-oligarsi-1-branko-gi-rodi-grujo-gi-prerodi/

Но и голем дел од комунистичката религиозна инквизиција денес се многу богати луѓе .
Едноставно ја имале болеста на неспособните религиозни луѓе - љубомората кон Способните а ја сакале наградата која им припаѓа на Способните .Да крадат нешто што не им припаѓа нешто што како неспособни можеле само да го сонуваат .

Но каде се Способните кој натпреваруваат меѓу се*е тие носат напредок прогрес и за ссбе и за сите и таму НАРОДОТ НЕ ОДУМИРА .
Народот одумира таму каде се Неспособните на власт или им ја украле наградата -богатството кое им припаѓа на Способните .Богатство кое нее само за лична потрошувачка туку и за развој и натпревар со другите Способни .

Затоа денес младите кој се Способни нетреба да подлегнуваат на паролите на комунистите кој бараат враќање на власт .Да не подлегнуваат на ласкања дека се "напредна интелигенција" ако им се приклучат нив.
Зошто кога би се вратиле на власт истите тие ќе бидат предмет на ликвидациоја баш дека се напредна интелигенција .Оти днешни комунисти се религиозна инквизиција -Неспособни кој бараат некој да ги крми да ги тови да рмба да работи за нив ама да не бара како Способен да си ја добие заслужената награда која ја заслужил .
Да не ги лаже памет дека ако се Способни ќе може да правт развој да учествуват во создавње новитети и нови технолигии .Тоа не беже можно не само во СФРЈ туку нигде во било која Социјалистичка земја .Да логиката кажува дека требаше да се создадат могу повеќе и помодерни технологии од тие на Запад но реално во услови на кунистичка религија -комунистичка инквизија тоа никогаш ниту се случи ниту било кога ќе сеслучи . Способните кој отидоа на Запад создаваа иновации и рационализации добиваа соодветни награди и се збогатија.Тиа што останаа тука добиваа пофалници за газот да си го бришат .Денес се сиромашни и децата ги колнат.
Да лошо е што се врати на власт црносмрдољачкото Правсолавие кое уништува се пред се*е .
Ама и да уништи се барем нешто ќе се реши .А комунизмот дефинитивно покажа дека не е решение .
И безброј пати да се повтори резултатот секогаш ќе биде ист како 1990 година ....неизбежен распад и крадење на се што е содадено но несоодветно платено.
Тоа што нешто што нема шанси да успее нема резон да се повторува .

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам Empty
ПишувањеПредмет: Re: Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам   Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам EmptyПон 08 Јун 2015, 7:18 pm

1)

Иранскиот „Робин Худ„ Махмуд Ахмадинеџад

Советот за безбедност на ОН денеска или утре ќе расправа за спорната атомска програма на Иран.

Махмуд Ахмадинеџад

Петте постојани членки на Советот веќе разговараа околу ова прашање минатата недела. Иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџад во меѓувреме уште еднаш потврди дека неговата земја нема да потклекне под растечкиот притисок од меѓународната заедница. Јерг Пфул испрати прилог за ставовите на Ахмадинеџад околу спорната атомска програма и воопшто за неговиот политички профил.

Исламската револуција во Иран почна како социјален проект за прераспределба на богатството во полза на сиромшаните. И актуелниот претседател Махмуд Ахмадинеџад припаѓа кон чедата на оваа револуција. Тој потекнува од сиромашно семејство и спаѓа во обичните мали луѓе, на кои им е доста од измамите на владеачката класа. На времето тоа беше иранскиот Шах и неговите следбеници, а денес тоа е корумпираната религиозна елита на мулите со големи бради. Ахмадинеџад се гледа се*е си како еден бид ирански Робин Худ, кој се бори за правата на обичните луѓе, сега и против владеењето на мулите.

„Во исламската влада не ни требаат некои 10-тина илјади лица кои се сметаат се*е си за нешто подобро од другите„ – вели Ахмадинеџад.

Тој спаѓа во втората генерација револуционери, која и најавува борба на првата генерација. Тој не им припаѓа на религиозните водачи, мулите, туку е кадар на иранската армија. Тој служел во револуционерната гарда, за време на војната против Ирак бил водач на една единица за специјални акции. Ахмадинеџад нема долга брада, туку е мајстор на боречки вештини. Тој не е татко на спорната атомска програма на својата земја, но радо ја презеде како свој проект. Меѓународниот конфликт околу тоа му оди од рака, бидејќи во состојба на постојан притисок од надвор граѓаните на Иран се борат секако пред се‘ за одбрана на татковината:

„Нашата голема нација не може да се откаже од своето право и да и‘ потклекне на заканата од неколку арогантни нации што сметаат дека тие се целиот свет„ – порачува Ахмадинеџад.

Тој постојано бара конфликт, негирајќи го холокаустот како историски факт, барајќи Израел да се избрише од географските карти или да се префли во Европа. Тој ги поттикнува сограѓаните да ги палат данските знамиња поради карикатурите на сметка на пророкот Мухамед објавени во еден дански весник, а на Европа при тоа и‘ порачува:

„Во вашите земји имате слобода да ги навредувате сите пророци, но немате слобода да ја истражите бајката за холокаустот„ – нагласува Махмуд Ахмадинеџад.

Датум 13.03.2006


http://www.dw.de/иранскиот-робин-худ-махмуд-ахмадинеџад/a-2531177

2)

Неисполнетите ветувања на Ахмадинеџад

Претседателот Махмуд Ахмадинеџад на наследникот му остава земја со влошена економија и меѓународна изолација. Подобрување не се бележи ниту во политиката за внатрешни работи, социјала и пазарот на труд.

Претседателот Махмуд Ахмадинеџад на својот наследник ќе му остави економски ослабната и меѓународно изолирана земја. Ахмадинеџад даде големи ветувања кога стапи на функцијата во 2005 година. Тој тогаш рече дека приходите од иранската нафта „ќе се почувствуваат на масата на секое поединечно семејство“. Згора на се’, претседателот рече и дека секоја година ќе создава по два милиона нови работни места, за невработеноста да ја донесе до нула, а стапката на инфлација да ја направи под десет проценти.

Не се ичекуваат големи промени со изборот на нов претседател на Иран

Но, осум години подоцна - на крајот на неговиот втор мандат, реалноста е многу поотрезнувачка. Според официјалните податоци, инфлацијата е на 30 проценти, невработеноста е околу 12 проценти, а економскиот раст е во минус. Веројатно овие статистики ќе бидат малку разубавени.

Ферејдоун Кхаванд, експерт за иранска економија, верува дека Ахмадинеџад немал реална економска политика кога ја презел власта.

„Единствениот план што го имаше, ако така може да се нарече, беше заснован на популизам“, вели тој, иако признава дека Ахмадинеџад сепак реализираше некои од своите популистички политики, како што се субвенциите за населението во руралните области, како и „брачните пари“ за младите парови.

Валутата во депресија и стагнација

Во плановите кои Ахмадинеџад не беше способен да ги спроведе е и создавањето на стабилен девизен к*рс за иранската валута - ријал. Од 2011 година, ријалот загуби две-третини од неговата вредност во споредба со американскиот долар, со што се поттикна дополнителна инфлација. Кога иранскиот претседател стапи на функцијата, стапката на инфлација беше 12 проценти. Експерти и меѓународни организации проценуваат дека таа е некаде меѓу 40 и 60 проценти. Драматично пораснаа посебно цените на храната, наемнините и јавниот транспорт.

Владеењето на Ахмадинеџад и’ зададе удар на земјата

Во исто време, иранската економија е на колена под притисок на санкциите од Западот. Пред стапувањето на функциjа на Ахмадинеџад, стапката на раст во Иран беше околу седум проценти. Сега таа е негативна. ММФ вели дека постои можност таа малку да се подобри во 2014 година.

„Без раст не може да се создаваат работни места“, објаснува Кхаванд, нагласувајќи дека од двата милиони нови работни места годишно, кои беа ветени од Ахмадинеџад, се реализирани само 14.000.

Приоритети во надворешната политика

Неколку години Иран бележеше споредбено поголем приход од нафтата, пред да стапат на сила обновените меѓународни санкции во 2012 година, кои драстично го намалија иранскиот извоз на нафта. Но, овие приходи се канализирани на погрешни места, забележува Кхаванд. Долем дел од нив отпаднаа на плаќања на увезени стоки, а во истовреме се прошири и администрацијата на Ахмадинеџад. Пари се одлеваа и во иранската надворешна и безбедносна политичка агенда.

Иранската валута ја губи својата вредност

„Така беа поддржувани странски организации и групи блиски до Исламската република, како што е Хезболах во Либан и палестинскиот Хамас“, вели Кхаванд.

Економистот сумира дека мандатот на Ахмадинеџад претставува „катастрофални години за иранската економија“, која беше влошена со меѓународните санкции и „домашните неуспеси и погрешното менаџирање“.

Кревкиот ирански устав

На политичко ниво, од една страна, крајот на ерата на Ахмадинеџад го карактеризираат внатрешните борби за моќ.

„Осумте години од администрацијата на Ахмадинеџад ја донесоа на виделина кревкоста на иранскиот устав и на системот на владеење“, оценува противникот на режимот Мехран Барати во разговор за Дојче веле. Тој забележува дека стана јасно оти претседателот, или врвот на иранската извршна власт, повеќе нема шанси да ја раководи земјата самостојно, иако ТОЈ Е ИЗБРАН ОД НАЈВИСОКИОТ РЕЛГИОЗЕН лидер во земјата.

„Со спротивставени претензии за власт, ќе биде тешко да се најде заедничка патека која земјата би требала да ја следи“, вели Барати. И покрај тоа, активистот не очекува некакви суштински промени во домашната или надворешна политика, посебно во однос на конфликтот за иранските нуклеарни амбиции.

„Идеолошкиот момент сега е толку силен во Исламската Република, така што без оглед на тоа кој е избран или ќе го наследи Ахмадинеџад, конфликтот со меѓународната заедница ќе продолжи“, смета Барати.

Датум 14.06.2013

Автор Јалда Зарбакч / Александар Методијев


www.dw.de/неисполнетите-ветувања-на-ахмадинеџад/a-16878613


3)

Иранската економија е во грч

Многу невработени, галопирачка инфлација, намалена потрошувачка - иранското стопанство е на дно. Санкциите на Западот се само делумно виновни за тоа. Многу од проблемите се од домашно производство.

Невработеноста, сиромаштијата и инфлацијата го изменија од корен животот на многумина Иранци во последните години. Земјата се бори против драматична инфлација и влегува во се‘ подлабока економска криза. Цените на основните прехранбени намирници растат речиси секојдневно.

„Моето семејство не може да си го одржи нивото на живот на кое сме навикнале“, раскажува Мохамад, млад информатичар од Техеран. „Не зборувам за луксузен живот, туку за основни работи, како шише млеко за појадок. Многу семејства во меѓувреме загубија надеж. Се откажуваат од многу работи и купуваат се‘ помалку намирници.“ Мохамад вели дека порано често одел со пријателите во кафуле, но сега тие пари ги штеди.

На крајот на март иранскиот Завод за статистика официјално соопшти дека стапката на инфлација во последната иранска година (20 март 2012 - 20 март 2013) се искачила на 30 проценти, што е нов рекорд во историјата на земјата. Цените на прехранбените производи за една година се зголемиле за 60 проценти. Економските експерти оценуваат дека вистинските бројки се далеку повисоки.

Инфлацијата е висока

Откако во сила стапи ембаргото за нафта од ЕУ и САД, на средината од 2012 година, валутата риал загуби многу на вредност. Во моментов, во менувачниците во Техеран, еден американски долар се разменува за 35.000 риали, а пред девет месеци чинеше 20.000 риали. Трговците во Техеран зборуваат за драстично намалена куповна моќ на потрошувачите.

Недостиг на лекови

Иако лековите се изземени од листата со санкции на ЕУ и САД против Иран, странските фармацевтски концерни избегнуваат зделки со исламската република. Причина за тоа се меѓународните санкции против иранската Централна банка, со што е отежнат трансферот на пари. Во земјата со месеци има недостиг на лекови за болести како рак, дијабетис или мутипле склероза.

Често се купуваат лекови имитации

Црниот пазар во Техеран го освојуваат генерички лекови од земји како Кина, Пакистан и Индија. Меѓутоа, тие за многумина се прескапи, вели вработена во една болница во Техеран, која сака да остане анонимна. „Имаше и случаи во кои пациенти добиле епилептични напади поради тоа што пиеле лекови за смирување кои биле имитации, или случаи во кои луѓе умираа поради инјекција со пеницилин која била фалсификат.“

На крајот на декември 2012 година иранската министерка за здравство Мариех Вахид Дастјерди беше сменета од функцијата поради тоа што остро ја критикуваше владата дека е НЕСПОСОБНА да најде пари за увоз на лекови.

Нема плати

Поради економската криза голем број фабрики не се во состојба да им исплатат плати на вработените, што често е причина за штрајкови. Иранската автомобилска индустрија особено силно ги чувствува последиците од

санкциите, вели Џафар Азимзадех, шеф на Слободниот синдикат на работниците во Иран. „Парите што еден работник во фабрика во Иран ги заработува се доволни само за да се плати станарината за стан од 50 квадратни метри во некој од работничките квартови.“

Државниот додаток за трошоци за живот, што владата веќе подолго време го дели, е чиста пропаганда, вели Азимзадех. „Моето семејство има четири члена и добиваме 1,8 милиони риали (околу 40 евра). Тој износ не е доволен ниту за џепарлак за тинејџер.“

Криза имаше уште пред санкциите

Заострувањето на санкциите без сомневање ја ставија под притисок економијата на земјата, но експертите нагласуваат дека длабока економска криза имало уште пред санкциите.

„Инфлацијата се должи на економската политика на владата на Ахмадинеџад“, оценува Шахин Фатеми, експерт за Иран и професор по економија во Париз. Според него, ниту сегашната влада на Ахмадинеџад е во состојба да ја ослободи земјата од криза ниту тоа може да го стори некоја идна влада.

Пари нема дури ниту за основното

Владата во 2011 година ги скрати субвенцииите за енергија и прехранбени намирници, потег што првично беше поздравен од ММФ. Експертите, меѓутоа, критикуваат дека кратењето на субвенциите било направено пребрзо и прерадикално. Истовремено, биле исплатени милијарди државни пари за додаток за животни трошоци. Тие пари биле веднаш „изедени“ од радикално зголемените цени за енергија и храна. Централната банка, благодарение на приходите од нафтата, долго време вештачки го држеше к*рсот на риалот низок, но заострените санкции, пред се‘ ембаргото за иранска нафта, беа последен удар за и онака лошата состојба на стопанството.

Санкциите и хиперинфлацијата речиси и не ги допираат владините функционери и милионерите во Иран. Подолните слоеви на насeлението се тие што стануваат се‘ посиромашни и тоа во земја која има трети по големина резерви на нафта во светот.

Датум 14.06.2013

http://www.dw.de/иранската-економија-е-во-грч/a-16877681

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам Empty
ПишувањеПредмет: Re: Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам   Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС-
Отиди до: