ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Лустрација на кодошот Груевски и наредбодателите Јанкуловска и Мијалков

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Лустрација на кодошот Груевски и наредбодателите Јанкуловска и Мијалков    Пет 27 Фед 2015, 4:18 pm

Лустрација на кодошот Груевски и наредбодателите Јанкуловска и Мијалков

Спасов: Груевски призна дека бил обичен полициски провокатор

26 февруари 2015

Груевски вчера призна дека СЕ СОГЛАСИЛ да ја игра улогата на полициски провокатор, пишува политичарот Ѓорги Спасов на својот профил на Фејсбук.
„Во стилот на оној, заштитениот сведок што го намести Љубе, и Груевски во соработка со полицијата, прво ПОБАРАЛ ДА БИДЕ ОЗВУЧЕН , да биде ИНСТАЛИРАНА КАМЕРА во неговиот кабинет и потоа ГО ПОКАНИЛ Заев на разговор ЧЕТИРИ ПАТИ за да ја докаже на суд неговата вина. Прашање е дали сакаме и натаму да ни биде премиер еден обичен полициски провокатор?“, додава тој.
http://www.plusinfo.mk/vest/16315/spasov-gruevski-prizna-deka-bil-obicen-policiski-provokator


Во конкретниот случај има елементи да се спроведе лустрација (забрана за вршење било каква општествена функција со која би се влијаело на животите на другите луѓе ) на лицата Груевски Никола во улога на полициски кодош , и наредбодатели лицата Јанкуловска Гордана и Мијалков Сашо .

Имено кодошот Груевски го наклеветил политичкиот неистомисленик лицето Заев Зоран со цел да го задржи високиот општествен статус кој незаслужено го добил .
Лицето кодошот Груевски Никола тоа го сторил од статусни – привелегирани но и материјални придобивки кој одат со таквиот статус .
Во цел свет опозиција доколку се сомнева во резултати од избори бара и добива Техичка Влада а ете лицето Груевски Никола од себични материјани причини го клевети конк*рентот Зоран Заев дека таквото барање било државен удар -пуч .
Со тоа докажува дека е обичен властољубец екстремен матерјалист до коска расипан човек но ете никој не се надеваше дека на крајот ќе падне толку ниско да биде и кодош .

Со тоа (јавно лично признание )се исполнети условите комисијата за лустрација да го прогласи лицето Груевски Никола за кодош а лицата Јанкуловска Гордана и Мијалков Сашо како негови наребодатели да бидат лустирани со што овие лица повеќе нема да и нанесуваат штета на Република Македонија и нејзините граѓани .
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Re: Лустрација на кодошот Груевски и наредбодателите Јанкуловска и Мијалков    Пет 06 Мар 2015, 3:40 am

1)
Еве дека самот Груевски признава дека е кодош

Груевски побарал ПИМ мерки за Заев

25 февруари 2015

Премиерот Никола Груевски изјави дека побарал посебни истражни мерки (ПИМ) мерки за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференцијата која е во тек.
По барањата за техничка влада и најавите дека Заев поседува некакви компромитирачки материјали, Груевски рече дека пријавил во полиција по што следеле ПИМ мерки и снимање на разговорите со Зоран Заев во неговиот кабинет.
Фото: Плусинфо

http://www.plusinfo.mk/vest/16182/gruevski-pobaral-pim-merki-za-zaev

2)

Груевски исполува некој услови од дефиницијата за шпионирање бидејќи ПРИБИРАЛ инфомации на кој стои печат или се класифицирани како држава тајна или службена тајна без разлика што не ги предал на некоја странска служба туку јавно ги соопштил.


(ВИДЕО) Спасовски: Кривична против Груевски, за оддавање службена тајна


26-02-2015

Почитувани,

Денеска до Основното јавно обвинителство СДСМ поднесе Кривична пријава против Никола Груевски, за СТОРЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО ОДДАВАЊЕ СЛУЖБЕНА ТАЈНА.

Груевски на вчерашната прес конференција изнесе податоци коишто, според Груевски, произлегуваат од содржини на применети посебни истражни мерки.

Воедно, во Кривичната пријава се пријавени и НН лица од МВР, Судот и Обвинителството кои имале допир со материјалите од посебните истражни мерки, со што и тие учествувале во достапноста на овие материјали во јавност, за што постои кривично дело и кај нив.

http://libertas.mk/видео-спасовски-кривична-против-груе/

3)

a)

Како може , каде во која држава тоа го има шеф на разузнавање да биде СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИН . И странскиот државјанин Сашо Мијалков некого да обвинува за шпиунажа ?
Хахахахахаах абе улавштии невидени .Странци ловат Македонски шпиони во Македонија .?

Катерина Цаневска Арсовска
05.11.2010

Три стана, куќа, деловен простор, гаража, два мерцедеса, акции од 300 илјади евра. Побарувања за даден заем, колекција слики, оружје, семеен накит, волку официјално тежи првиот човек на Управата за безбедност и контраразузнавање.
И сето тоа си е легално пријавено, но на ова конто недостасуваат 500-те илјади евра од купопродажен договор од декември 2009 година.
Според информациите на Обединети за Македонија, кои покажаа и купопродажен договор, Сашо Мијалков, сопственик на фирмата „Сервис Поинт“ ја продал за половина милион евра на босански државјанин.
Но добивката не ја пријавил.
„Уште колку има Сашо Мијалков низ Европа, од неговото доаѓање на власт до денес, со оглед на фактот дека НЕГОВИОТ ЧЕШКИ ПАСОШ му дозволува да купува имот во сите земји членки на ЕУ“, рече Љубе Бошкоски, претседател на ОМ.
На официјалната веб страница на Државната комисија за спречување на корупцијата,во имотниот лист на Мијалков, не е евидентиран овој приход.

б)
Како може висок државен службеник (плус странски државјанин ) Сашо Мијалков да води бизнис .Зошто не ополномоштил друг да му ги води бизнисите .Зошто со државни пари одел на приватни патувања во Прага ? Како може шеф на разузнавање да посетува друга држава како приватно лице .?Зошто тоа не биле официјални посети како што е редот со сите протоколи и придружби со знаење на државата која ја претставува ?

Кога ќе утврдат зошто Сашо Мијалков киснел на релацијата Скопје – Прага?

Според објавените документи шефот на УБК бил во Прага дури 16 пати за неполни две години.

Фокус 31 дек 2013,

Текстот е објавен на 15 јули 2011 година во неделникот „Фокус“.

Пишувал
Владо АПОСТОЛОВ

Бошкоски бара Мијалков кривично да се гони. Антикорупциска ќе отвори случај за Мијалков. Колку е богат Мијалков? Документи од фирма на Мијалков пред Антикорупциска. Тоа се само дел од насловите на прилози од А1 телевизија, во ноември и во декември минатата година, во периодот кога власта упадна во медиумот, а подоцна го уапси и сопственикот на А1 Велија Рамковски за „злосторничко здружување“.

Токму дента, кога полицијата му ги врза рацете на Рамковски, ланскиот 24 декември, А1 телевизија известуваше за можеби најжестоките обвинувања на Љубе Бошкоски кон шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, сега веќе глобално познатиот прв братучед на премиерот Никола Груевски!

Огромни СУМИ НА ПАРИ СО АВИОНИ на Чех Ерлајнс се изнесуваат од Македонија и завршуваат во една чешка банка, обвини тогаш лидерот на Обединети за Македонија. Шест месеци подоцна, како што милуваат да кажат фејсбук-симпатизерите на Груевски, Љубе му се придружи на Велија во ќелија!

ПРОВЕРКИТЕ НА ГОРДАНА

Не сакаме да кобиме, ама, сега за сега, се уште на слобода е потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, кој за време на изборите ги презентираше документите кои имплицираа дека шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, во период од нешто помалку од ДВЕ ГОДИНИ дури 16 пати бил во Прага НА ДРЖАВНА СМЕТКА !

Георгиев покажа фактури за кои тврдеше дека се од аеродромот Александар Велики, кои биле адресирани до МВР, кое ги платило услугите на ВИП-Салонот, користен од Мијалков пред или после летовите од скопскиот аеродром.

Помина повеќе од 40 дена, откако опозицијата ги обзнани овие документи, па редно е да видиме, што од објавеното беше демантирано и на каков начин?

По пресот на СДСМ, експресно реагираше владејачката партија со соопштение во кое се вели дека тврдењата на опозицијата имаат цел лично да го дискредитираат Мијалков. Во краткиот текст, објавен на нивната веб-страница, уште ги употребуваат и фразите – „манипулација” и „излитени и стопати повторени инсинуации“!

Од друга страна, опозицијата ги достави документите до јавниот обвинител Љупчо Шврговски. Го повика да провери, дали во овој случај постоела злоупотреба на службената должност, односно, дали СО ДРЖАВНИ ПАРИ Мијалков ШЕТАЛ ПРИВАТНО?

До сега, колку што и’ е познато на јавноста, нема информации дека Шврговски постапил по барањата на СДСМ. Наше, пак, е да потсетиме на една изјава од обвинителот, која денес може да се најде на сајтот на Утрински весник.
И денес може да се потсетиме на изјавата во која Шврговски вели дека дваесетгодишното познанство и дружењето со браќата Мијалкови, во гимназија и на факултет, не можело да му биде хипотека во работата. Нам не ни останува ништо друго, кога да се надеваме дека обвинителот бил искрен кога го кажувал ова!

Според фактурите што ги приложи опозцијата, ВИП-Салонот најчесто е користен во работни денови, иако има неколку фактури кои се датирани на сабота или недела. Токму затоа, од сево ова произлегуваат неколку прашања.
Прво, дали ако навистина МВР платила за ВИП салонот, таа издвоила пари и за авиокартите чија најниска цена денес изнесува околу 270 евра? И, второ, дали патниците за овие службени патувања ДОБИЛЕ ДНЕВНИЦИ од Министерството за внатрешни работи?

Исто така, ако сето ова е вистина, би било интересно да се чуе, КАКВА Е ТАА СОРАБОТКА СО ЧЕШКАТА ДРЖАВА ИЛИ ТАМОШНАТА ПОЛИЦИЈА , која бара толку често присуство на шефот на тајната полиција во Прага?

http://fokus.mk/koga-k-e-utvrdat-zoshto-sasho-mijalkov-kisnel-na-relatsijata-skopje-praga/

в)
Само за потсетување пред оваа афера што Груевци си ја нарекоа ПУЧ имаше друга слична наречена Шпион каде наводно неколку луѓе шпиунрале за ...Унгарија (Маџарска нема море ама многу ја интересира Македонија )

СДСМ: Што правел Мијалков додека се одлевале државни тајни? Се грижел за бизнисите?!
06-10-2014

Aко навистина во судската постапка се докаже дека обвинетите во случајот Шпион заслужиле над 70 години затвор, се поставува прашањето какви ли се државни тајни оддале.

Иванов, Мијалков, Јанкулоска, Груевски и должат сериозни одговори на јавноста:

Колку е нарушена безбедносната состојба во Република Македонија со тајните што ги издале инволвираните во Шпион?

Какви државни тајни издале овие луѓе?

Колку време траело?

Ако според полицијата, некои од обвинетите успеале ЦЕЛИ ТРИ ГОДИНИ да функционираат како злосторничка група којашто се занимавала СО ШПИУНАЖА И ОДАВАЊЕ ДРЖАВНИ ТАЈНИ , тогаш, дали разузнавачкиот систем во Македонија е како швајцарско сирење?

Што правела Управата за безбедност и контраразузнавање?

Дали нејзиниот директор Мијалков повеќе се грижел за СВОИТЕ БИЗНИСИ во Чешка и Панама додека се одлевале сериозни државни тајни на што упатуваат изречените големи затворски казни?

http://libertas.mk/сдсм-што-правел-мијалков-додека-се-одл/

4)
И еве еден интересен текст од кој ќе презентираме извадоци а после ќе поставиме неколку многу битни прашања и констатации.
Ајде прво текстот .

„Шпионот“ земјопоседник

објавено на: 08-05-2014

Македонски владин службеник и бизнисмен во Европската унија

Сега 48 годишниот Мијалков ја започнува својата кариера во администрацијата во 1998 година, по стапките на својот моќен татко, Јордан Мијалков кој беше првиот министер за внатрешни работи на Македонија по стекнувањето на независноста на земјата. Постариот Мијалков ЗАГИНУВА ВО СООБРАЌАЈНА несреќа во 1991 година.

Помладиот Мијалков ги следи стапките на својот татко И ВО БИЗНИСОТ– Јордан Мијалков во осумдесеттите години е претставник во Прага на, во тоа време компанијата во државна сопственост Макотекс не само во администрацијата, туку и во бизнисот. Семејството Мијалкови поминува доста време во чешката престолнина поради природата на работата на таткото.

Првата работа во владата на младиот Мијалков е помошник на министерот за одбрана за безбедност и разузнавање на која што позиција доаѓа веднаш по дипломирањето. Како што напредува неговата кариера во администрацијата, ТАКА НАПРЕДУВААТ И НЕГОВИТЕ БИЗНИСИ во чешката престолнина.

Во 2003 година Мијалков паузира од државните работи, за да се врати во 2006 како шеф на македонската тајна полиција. Новиот политички амбиент креиран по доаѓањето на власт на партијата ВМРО ДПМНЕ му носи предност на Сашо Мијалков – создадено е триото на најмоќните во државата, често именува како „фамилијата“ сочинето од самиот Мијалков, неговиот прв братучед, премиерот Никола Груевски, и кумот на премиерот и министер за финансии Зоран Ставревски. Згора на сето ова, братот на Мијалков, Владимир е советник во кабинетот на генералниот директор на македонската царина.

Експертите за антикорупција ова состојба ја именуваат како очигледен конфликт на интереси.

„Постои очигледна ситуација на непотизам. Тоа им овозможува ДА ГИ КОНТРОЛИРААТ СИТЕ ВЛАСТИ и преку буџетот и преку механизмите на тајната полиција“, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност Интернешнл – Македонија и прв претседател на Антикорупциската комисија. „Овие врски се многу силни и со текот на времето генерираат огромна финансиска моќ – и за нив лично и за партијата на која припаѓаат. Тоа им дава КОМПЛЕТНА МОЌ за да ги контролираат механизмите на демократијата“.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=13929

Е сега битните прашања кој се поставуваат во врска со овој текст се следните :

а)
Сите сесеќаваме дека официјалната верзија беше дека Јордан Мијаков загинал во сообраќајна несреќа на автопат во Србија .
Тоа беше време кога Макеоднија се осамостојуваше.
Но никој не веруваше во таа верзија .И ден денес да прашаш некој постари луѓе ќе ти речат ...“Србите го изедоа – убија оти беше Македонски патриот за независност“ И сите живеевме во таква заблуда во тоа време .
Прашањето е следно :
Досега три четири пати Груевсци -Мијалковци отвараат истрага за падот на кингерот за загинувањето на Борис Трајковски .И секогаш виновсни се загинатите – пилотите .
Но како е можно Мијалковци-(Груевци )да не побараат НИТУ ЕДНА ИСТРАГА КАКО ЗАГИНАЛ ТАТКО МУ Јордан Мијалков .
Се поставува прашање дали Јордан Мијалков бил Српски шпион имајќи ја предвид србизацијата која ја прават Мијалковци Груевсци .

б)
„Буанко е куиф за приватизацијата „ омилената фраза на Грујо ама ако видиш дека Мијалкови и те како се офајдиле од таа приватизација од Макотекс па си почнале и свој бизниси во Чешка .Додуша според моделот на приватизација „Буанко е куиф „ и Љубчо Геосгиевски и неговиот министер за криминал сегашен премиер Никола Грувевски добро се нафатирале .
1998 воопшто не беше прекасно да се поправат штетите од приватизацијата на Бранко .
в)
Комунизмот беше тоталитарен ама идеолошки и не го уништуваше народот туку го штитеше
А тоталитаризмот на Мијалкови -Груевци е мафијашки криминален не го штити народот туку го уништува .
Ова нивното веќе нее само алчност туку клептоманија – болест .

Вратете се на почетокот Go down
Blaf
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 7
Локација : macedonia
Регистриран на : 2015-03-05

ПишувањеПредмет: Re: Лустрација на кодошот Груевски и наредбодателите Јанкуловска и Мијалков    Пет 06 Мар 2015, 10:20 pm

Flok, bi mozhel da si gi prochitash privatnite poraki...
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Лустрација на кодошот Груевски и наредбодателите Јанкуловска и Мијалков    

Вратете се на почетокот Go down
 
Лустрација на кодошот Груевски и наредбодателите Јанкуловска и Мијалков
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: