ФОРУМОТ Е НАШ
Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ? 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ? 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ?

Go down 
2 posters
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ? Empty
ПишувањеПредмет: Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ?   Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ? EmptyЧет 26 Фед 2015, 3:17 am

Е кој се вистинските основачи на ДПМНЕ ?

1)
Имаме Форум на Слободоумни патриоти кој не се согласуваат со политиката на Груевски и ДПМНЕ и тоа јасно прецизно го формулирале .Имаат интервјуа , учествуваат на трибини дискусии (завчера учествуваа на Телма) итн .
И не се кријат .
И јасно и јавно кажуваат дека ова што го прави Груевски и негова банда нема врска со идеата за која тие како основачи на ДПМНЕ се залагале .

2)
Имаме АНОНИМНИ основачи (?????) на ДПМНЕ кој тврдат дека се тие вистинските основачи на ДПМНЕ .

Притоа овие анонимниве ОСНОВАЧИ како што се нарекуваат треба на нас кој не сме биле сведоци – очевидци на настаните кога основачите водени од некакви идеали ја основале таа партија да ни објаснат неколку прости работи – прашања како што се :

а)
Антиквизацијата – грцизација на Македонија дали е составен дел од идејата на основачите на ДПМНЕ .Дали уште при формирањето ја расчистиле таа дилема .
Оти Груевски е дојден од Демократска Алтернатива чиј претседател беше Васил Тупурковски .
Па Антиквизацијата прв не ја започна Груевски туку само продолжи таму каде застана Тупуркивски оти баш Тупурковски прв почна со масовна пропаганда за Антиката .

Еве :

Досие Тупурковски

ОБЈАВЕНИ КНИГИ:
-1993 година, Историјата на античка Македонија од древнина до смртта на Александар Македонски
-1994 година, Историјата на античка Македонија од смртта на Александар Македонски до македонско - римските војни
-1995 година Филип ИИ
-1999 година Александар Македонски
Литература за деца:
-1995 година, Сказна за древна Македонија
-1996 година, Империјата во пламен
-1997 година, Филип Втори македонски
политичка кариера:
-од 1998 година, претседател на Демократска алтернатива
-1999 година, директор на Агенцијата за обнова и развој
-2000 година, потпретседател на Владата на РМ
http://www.tupurkovski.org/?p=714&lang=mk
б)
Исто како и Демократска Алтернатива која немаше намера Макеоднија да се зачленува во ЕУ и Нато и ДПМНЕ на Груевски нема таква намера без разлика на декларативите лажни изјави.
Еве :
Демократска алтернатива
Демократска алтернатива (ДА) беше центристичка политичка партија во Македонија. Oснована e на 21 март 1998 од страна на Васил Тупурковски, поранешниот харизматски член на Претседателството на бивша Југославија.

Пред парламентарните избори во 1998 година ДА склучи предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и заедно со неа победи на изборите и формира влада, во која влезе, покрај овие две партии, и Демократската партија на Албанците. Периодот додека ДА беше во владата ќе остане познат по контроверзната одлука за признавање на Тајван како суверена држава, потег што според ДА требаше да ја извлече земјата од економската криза, но од кого не произлегоа никакви економски поволности.

На парламентарните избори во 2002 година, ДА освои 1,4% од гласовите и не освои мандати во Собранието. Денес партијата скоро и да НЕМА ПОЛИТИЧКИ АНГАЖМАН.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Демократска_алтернатива
Па не би рекол дека нема политички амгажман баш напротив ДПМНЕ дури 100 проценти ја спроведува програмата на Демократска Алтернатива .

в)
Дали овие основачи освен Грцизација за идеал на ДПМНЕ ја имале и Србизација на Македонија и нејзина подготовска да стане дел од планот на Милошевич за скратена Југославија составена од Србија Макеоднија Босна и Црна Гора .
Нели имаме :
Јанкуловска испраќа специјалци деноноќно да чуваат споменик на Цара Душана небаре е најзначајната личноство Макеоднска историја .
Па имаме реализација на планот на Милошевич за наводна скратена Југославија а реално ВеликаСрбија со Србија Босна Црна Гора и Македонија .
Па така под изговор дека е многу скапо имаме отварање на заеднички амбасади со Србија , Црна гора Босна .
Еве како за почеток :(но тоае амо штик проба )
Македонија ја договори првата заедничка амбасада со Црна Гора во Париз

http://press24.mk/makedonija-ja-dogovori-prvata-zaednichka-ambasada-so-crna-gora-vo-pariz

Ова е апла дел од залагања и програма на Социјалистичка Партија на Ѕинго .Македонија да стане бановина како штоси била пред Втора Светска Војна .
г)
Разврат – крадење на државен буџет , барокни фасади , а млади се иселуваат Македонија останува само со старци , општа пљачка , мањачења лудачења ....
итн
итн
Има многу за набројување .
Е сега треба овие анонимниве ако не се новокомпонирани како Груевски кој е дојден од Демократска Алтернатива на барање на Љубчо во 1998 да ги објаснат овие работи или ако се вистински ОСНОВАЧИ како што тврдат тогаш зошто би имало проблем ЈАВНО да се соочат со другите ОСНОВАЧИ кој не се кријат (Кекеновски , Змејковски итн ) туку ете си формирале Форум па да се разјаснат за што се залагале при саматото формирање на ДПМНЕ .
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ?   Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ? EmptyНед 01 Мар 2015, 2:52 am

Кекеновски: Груевски, извини се и замини си од политичката сцена, спаси ја партијата од срамот!


28-02-2015

- Го повикувам Груевски да го следи примерот на Љубчо Георгиевски од 2003-та и да се повлече уште додека има време, да се извини на македонскиот народ за грешките и да замине со барем МАЛКУ ДОСТОИНСТВО од политичката сцена. Тоа му личи како лидер на светата партија ВМРО-ДПМНЕ која е главен столб на она што се нарекува Македонија и македонштина. Доколку не го направи ова тој ќе и нанесе несогледливи последици на ВМРО-ДПМНЕ од кои партијата долго можеби и никогаш нема да може да закрепне. А тоа е лошо за Македонија, затоа што ВМРО-ДПМНЕ и треба на Македонија, тие се нераскинливи една со друга, врзани се како сијамски близнаци, и ова го мислам во најпозитивна смисла во една насока и тоа ВМРО ДПМНЕ кон Македонија а не обратно што гледаме дека се случувало и се случува во моментов. Членството е загрижено за она што се случува овие денови и Груевски мора да покаже сериозност и доблест и да не си игра со судбината на партијата и на земјата изјавил Кекеновски за порталот.

Долгогодишнит член на владеачката партија тврди дека деновиве му се јавуваат пратеници, членови на ИК и ЦК, дури и некои градоначалници кои се загрижени од ова што се случува во Македонија.

– Не сум зборувал со Марјан Ѓорчев кој е споменат на снимките но еве јавно го повикувам да излезе со став како човек кој беше во игра за да ја води партијата пред десет години. Ги повикувам сите да не се кријат и да излезат со ставови затоа што ова се сериозни времиња кои бараат сериозно однесување. Јас си ја сакам партијата и и сакам се најдобро, затоа го правам ова. Сметам дека идеалот на ВМРО ДПМНЕ е прекршен и извалкан, оваа партија никогаш не била против македонскиот народ, никогаш не го малтретирала, прислушкувала, крадела и замолчувала. Тоа се само застранувања на кои мора да реагираме додека не е предоцна – вели Кекеновски.

Запрашан што мисли за улогата на Борис Стојменов во целава приказна, тој вели:

- Тоа се тие големи вмровци кога има интерес, но кога ВМРО ДПМНЕ ќе западне во тешка криза после сето ова, партијата ќе биде оставена сама на се*е и сите овие милионери и профитери ќе се разбегаат во непознат правец. Знаеме како изгледаше ВМРО ДПМНЕ во 90-тите кога беше во опозиција, тогаш немавме пари за гориво за колите во кампања. Исто ќе биде и после сето ова, некои ќе заминат на Карибите со големо богатство, но партијата и народот ќе бидат оставени на цедило. Ова мораме да го знаеме сите и да бидеме свесни за сето ова. Најголем ВМРОВЕЦ ВО МОМЕНТОВ е Ѕинго, а сите знаеме за неговата улога кон ВМРО-ДПМНЕ во 90-тите. Исто ќе биде и по сето ова. Запаметете ми ги зборовите - објаснува професорот Кекеновски.

Тој во ова интервју на прашањето што мисли за вчерашната изјава на Заев околу улогата на Груевски за пазар со името вели – „Ништо веќе не ме изненадува за никого после се што излезе овие денови во јавноста“.

http://libertas.mk/кекеновски-груевски-извини-се-и-замин/

http://www.podgorci.info/servis/?p=212199

Професорот Кекеновски бара оставка од членот на Демократска Алтернатива Никола Груевски да се спаси ДПМНЕ .
Тоа што може да се спаси .
Иако чисто се сомневам дека Либералот Груевски би направил такво нешто .какво достоинство какви глупости нема такви поими во речникот на Груевски .

Инаку точно и мојте информации се дека освен од Демократска Алтернатива (несметајќи ги сончогледите од СДСМ кој преминале во ДПМНЕ ) главни во ДПМНЕ се и Социјалистите на Ѕинго (а со нив и Српските тајни служби ).

Ете тоа е резултатот на кадровската политика на шлакнатиот Љубчо Георгиевски .
Сега основачте да молат некој луѓе од беззначајни демек партии да им ја вратат партијата која им ја украле и преку која прават пљачки , грабежи , уништувања на сите сите страни .

Ако успее Кекеновски со другите храбри основачи кој не се кријат за разлика од анонимните смрдлиња кој пуштаат анонимни соопштенија може нешто и ќе се спаси и од ДПМНЕ и од Македонија .
Ако не голема е веројатноста дека и Макеоднија ќе ја нема ама ако преживее е тогаш ВМРО за Макеоднците ќе има сосема друго значење .Всушност истото значење што го имаше во Социјализмот ....предавничка злосторничка организација .За вакви злосторства нема простување ....нема заборавање .Оти вакви злосторства како штосе направени од 2006 до денес 2015 годна немало ниту 500 години Турско владеење ниту 50 години Комунистичко Владеење.
Нема прошка за вакви работи .
Ќе има Музеј на жртвите на-од ВМРО
За вечен спомен на ова злосторничко здружение и вечно македонско проклетство .

Останува само да видиме колку други основачи и членови ќе му се придружат на професорот Кекеновски во оваа иницијатива.
Вратете се на почетокот Go down
Blaf
Тупаџија
Тупаџија
Blaf


Број на мислења : 7
Локација : macedonia
Регистриран на : 2015-03-05

Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ?   Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ? EmptyЧет 05 Мар 2015, 5:14 pm

Teshko kje go najdesh odgovorot koi se vistinski osnovachi na DPMNE...Takva partija ne postoi...
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ?   Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ? Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Kој се вистинските основачи на ДПМНЕ ?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: