ФОРУМОТ Е НАШ
Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски Empty
ПишувањеПредмет: Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски   Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски EmptyВто 10 Мар 2015, 2:57 am

Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски

Кај злосторничкото здружение ДПМНЕ има некој позитивни поместувања

Прашање е дали здраворазумните луѓе ќе преовладаат да го спречат Груевски и неговата кримнална банда да прават уште и поголеми штети .

Такви најави сега ИМА .
ЕВЕ :
1)

а)

(ВИДЕО) Кекеновски: Расте бројот на патриоти кои јавно ќе го изразат незадоволството од раководството на ВМРО-ДПМНЕ

09-03-2015

Расте бројот на слободоумни патриоти кои деновиве и јавно со име и презиме ќе го изразат своето незадоволство од актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ вели професорот и член на партијата Јове Кекеновски. Вели доколку ДПМНЕ е демократска партија коректно би било отворено да се разговара за проблемите и пропустите на раководството а одговорните да понесат одговорност, пренесува 24 Вести.

По напливот на реакции покрај него јавно на својот Ф.Б профил незадоволството од водењето на партијата го изрази и поранешниот амбасадор Никола Димитров .Објавувајќи ја колумната повика членството на ДПМНЕ да му каже НЕ на актуелното раководство. Меѓу другото тој наведува:
– Го повикуваме членовите, симпатизерите поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, да исправат глава и да се одважат да кажат не. Товарот на сегашното раководство и одговорноста за нивните постапки, мора да го сноси сегашното раководство. Ние сме должни да го превземеме нанесениот срам врз државата и врз партијата и да разговараме со опозицијата со чиста совест.
Од Форумот на слободоумни патриоти деновиве неколку пати апелираа членството да ги покрене сите статутарни и политички механизми за расчистување на одговорноста во своите внатрешни редови.
Меѓу другото тие побараа и Европската унија да испрати на помош судии и јавни обвинители кои ќе помогнат во оваа кризна ситуација правосудството да работи независно од било какви влијанија, професионално, непристрасно и достоинствено.
Видео – 24 Вести


http://libertas.mk/видео-кекеновски-расте-бројот-на-патр/



б)

Кекеновски: Во тек се разговори за враќање на темелните вредности на ВМРО-ДПМНЕ

Професорот Јове Кекеновски, кој го предводи Форумот на слободоумни патриоти, за телевизија Телма изјави дека во тек се разговори со поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ Никола Димитров, Владимир Лазаревиќ и Перо Димшоски, кои имаат заедничка цел, да ја заштитат партијата, како и да се врати довербата и темелните вредности.

Фокус 9 мар 2015,

Професорот Јове Кекеновски, кој го предводи Форумот на слободоумни патриоти, за телевизија Телма изјави дека во тек се разговори со поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Димитров, Владимир Лазаревиќ и Перо Димшоски, кои имаат заедничка цел, да ја заштитат партијата, како и да се врати довербата и темелните вредности.

Поранешниот заменик министер и државен секретар во Владите на Груевски, Перо Димшоски, во разговор за Телма посочил дека иницијативата била прифатена од дијаспората и меѓународните чинители кои на ова гледале позитивно и како развој на внатрепартиските дмеократски процеси.

http://fokus.mk/kekenovski-vo-tek-se-razgovori-za-vrak-an-e-na-temelnite-vrednosti-na-vmro-dpmne/

в)
Ексклузивно: Модерна „вмровска тројка“ подготвена да се справи со криминалните структури во партијата!?

http://fokus.mk/ekskluzivno-moderna-vmrovska-trojka-podgotvena-da-se-spravi-so-kriminalnite-strukturi-vo-partijata/

Сега колку ќе успеат незнам .

Во историјата имало случаи кога лудаците и нивните компањони оделе до крај повлекувајќи цел народ и држава во пропаст и тотално уништување .

Ако успеале да го тргнат Хитлер после поразите во Русија и Франција веројатно Германија немала да биде рушена до темел и во последните битки изгубила огромен број од своето цивилно население .Тоа е пример дека не секогаш здраворазумните победуваат туку дека лудаците кој се поистоветуваат со државата и народот својот крај го врзуваат со крајот на народот и државата .И во тоа ги придружува мала но екстремна група која која имала инетрес од него но и самата заглавила во злосторства па немала-е друг избор и прифатиле уништување и на народот и на државата .

Така што тие приказни немаат секогаш среќен крај но работите веќе се случуваат па ќе видиме што ќе испадне од оваа работа
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски   Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски EmptyВто 10 Мар 2015, 2:58 am

2)

Лудакот Грујо со неговите другарчиња од злосторничкото здружение се се поосамени .

Еднаш Грујо го споредив со Калигула .(знаев дека сум во право ама не па до толку)
Калигула ги однел римските легии на крајбрежјето со изговор дека ќе ја освојува Британија .
Почнал да збира школки од крајбрежјето а истото им го наредил и на римските легии и тврдел дека тоа е уствари освојувањето на Британија .

Па и Грујо не бил далеку од Калигула тоа сега го дознаваме :



Кога Никола сакаше Охридското езеро да го направи море…

Настапува тишина, не знам за другите, но јас знам дека имав чувство, кое до ден-денешен ме држи, а тоа е дека не ми се верува дека е ова седница на Влада на Република Македонија. Просто човек си мисли дека ова е скриена камера или Џон Клис и Монти Пајтон ја презеле власта

Фокус 6 мар 2015,

Тоа беше една од оние седници на Владата на Република Македонија развлечени како психоделичен локум од 12 напладне, па сѐ додека може да се издржи. Јас во тоа време често го менував министерот Селмани, кој беше и вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор. Така имав можност да учествувам на повеќе владини седници.

Точка на дневен (по полноќен ред) е како да привлечеме повеќе туристи во Охрид. На седницата беше поканет да учествува и еден разумен човек, кој во тоа време ја вршеше функцијата државен секретар во Министерството за животна средина, Дејан Пановски, од Охрид. Претседателот на Владата се обраќа до членовите со креативен предлог:

„Што мислите да ја извадиме сета трска од езерото, да нема повеќе трска, непречено да можат луѓето да пливаат во езерото“?

Реакцијата на членовите на владата е збунувачка и најголемиот дел од нив молчат. Сепак, во одговор на овој предлог, својот глас на разум дава Дејан. Вели:

„Претседателе, видете, не можеме да ја извадиме трската од езерото зашто ќе го нарушиме целиот екосистем во езерото. Токму во трската се мрести крапот“.

Груевски го гледа, нѐ погледнува и нас, и му вика:

„А бе, Дејан, сега ние крап ќе мрестиме или туризам ќе тераме во Охрид“?

ПСИХОДЕЛИЧНА ВЛАДИНА СЕДНИЦА

Со оглед на тоа дека не се донесе финален заклучок, дали ќе се вади или нема да се вади трската од Охридско Езеро, креативноста на предлозите продолжува понатаму. Никола се фокусира да ги извади камењата и вели:

„А што мислите ние да ги извадиме сите камења од брегот на Охридско Езеро и да ги замениме со песок? Сѐ песочни плажи да има низ целото охридско крајбрежје“.

Миле, спремен како и секогаш, вика:

„Па, претседателе, видете, не знам со квалитетот на песокот како ќе се справиме. Ќе мора да донесеме од Грција, во Македонија нема таков песок. Посебна калибража на песокот треба, треба она, треба ова“.

Дискусијата се развива и се даваат предлози од каде ќе се донесе песокот, од некоја река во Грција, од ваму, од таму. Дејан Пановски повторно се обидува да внесе малку разум во предлозите:

„Претседателе, не можеме во Охрид песок да ставиме на плажите“.

Никола го прашува: Зошто? Па, вели, поради тоа што Охридско Езеро е немирно, има големи бранови и целиот песок ќе го повлече езерото.

Никола го погледнува и излага со најкреативниот предлог, барем на кој јас сум сведочел, што не ја исклучува можноста креативноста да се има надминато во годините потоа. Па, вели:

„Зошто да не направиме ЕДНО ПАПРАПЕТЧЕ ОКОЛУ ЦЕЛО ЕЗЕРО , едно така 20 см високо, и пред влегување во вода, го рипнуваш парапетчето, и песокот си останува на плажите и сѐ е ок“?

Настапува тишина, не знам за другите, но јас знам дека имав чувство, кое до ден-денешен ме држи, а тоа е дека не ми се верува дека е ова седница на Влада на Република Македонија. Просто човек си мисли дека ова е скриена камера или Џон Клис и Монти Пајтон ја презеле власта. Како денес помнам дека излегов од седницата, се фатив за глава и си викам, Владо, човече, ова не се издржуе.

Во тој момент излегува и Ивица Боцевски, кој во тоа време беше портпарол на Владата. Сметајќи го за разумен човек во тоа време, му велам, Ивица, бе човече, дај да бегаме, ова е луда работа. Тоа беше 2007 година. Ивица ми вика, не Владо мора да останеме, во институциите се прават промените. А бе, му возвраќам, да, во институциите, но кога со вакви предлози се излегува, ќе излудиме.

Сепак, се чини дека стигнавме и до 2015 година, при што креативноста на предлозите на Никола несомнено ги има доживеано своите најславни периоди во годините во кои јас повеќе не сум можел да сведочам и ќе мора некој друг да пренесе дел од атмосферата во која биле поставени членовите на Владата. Имено, Зоки Ставрески тоа на еден МОШНЕ СЛИКОВИТ НАЧИН го долови преку своите разговори со Горде Јанкулоска.

Она што, исто така, ми остави впечаток е дека јас оваа приказна, кога Никола сакаше да го направи Охрид море, ја имам раскажувано безброј пати во кругот на пријателите со кои се дружам. Сум ја раскажувал и на студентите на кои им предавам. Мислам дека речиси секогаш на луѓето не им се верувало дали ја зборувам вистината или не. Но, сигурен сум, а тоа и со Ивица заеднички своевремено го имавме констатирано, дека кога ќе се отворат стенограмите од седниците на Владата за млади истражувачи што ќе сакаат да работат на теми поврзани со критично носење одлуки и креирање политики на ниво на Влада, ќе се отворат уште безброј вакви приказни.

Она што секогаш е фантастично и допрва ќе биде предмет на долгогодишни научни и комични анализи е моќта со која дел од ваквите креативни предлози се реализираа. Моќта со која луѓето беа и сѐ уште се спремни да ја поддржат ЛУДОСТА. Иако не сум бил во можност да сведочам, речиси сум сигурен дека креативноста на идеите поврзани со „Скопје 2014“ е настаната токму на една таква креативна психоделична владина седница, која со текот на времето се има надградувано и проширувано. Но, што би рекол Никола, вистината е како шило, боде, боде и на крај ќе излезе на површина.

Владимир ЛАЗАРЕВИК

http://fokus.mk/koga-nikola-sakashe-ohridskoto-ezero-da-go-napravi-more/

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски   Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски EmptyНед 15 Мар 2015, 4:06 am

Зошто Груевски сеуште ЛАЖНО се претставува како Претседател на ДПМНЕ .

Еве дека Груевски и неговите приврзаници и медиумската пропаганда сеуште шират лаги дека Груевски е Претсеател на ДПМНЕ :

Вака :

ВМРО-ДПМНЕ најавува голем собир во салата Борис Трајковски

ВМРО-ДПМНЕ в недела напладне во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе одржи голем собир на граѓаните, од кој ќе бидат испратени политички пораки од повеќе личности, меѓу кои и од ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПАРТИЈАТА , Никола Груевски, пишува „Дневник“ од изворите во Извршниот комитет на владејачката партија.

http://falanga.com.au/vmro-dpmne-najavuva-golem-sobir-vo-salata-boris-trajkovski

А реалноста е дека Груевски повеќе НЕЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДПМНЕ.

Еве :
1)

Обвинувањата за местење избори

13.03.2015

Последните политички случувања во Република Македонија со посе*ен акцент на објавите од лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, за малверзации во изборниот процес од страна на актуелната власт, како и можниот епилог од политичката криза се главни теми во ова издание на емисијата „Патот Кон...“. Гости во Студиото се Стојанче Ангелов, лидер на „Достоинство“, Имер Исмаили, аналитичар и Самуел Малчевски, аналитичар.

http://alsat.mk/episode/11467/obvinuvawata-za-mestewe-izbori

2)
ВИДЕО: Груевски е нелигитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, мандатот му е истечен на 6 март!


14-03-2015

Во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија, Самоил Малчевски рече дека Груевски е нелигитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи мандатот му е истечен на 6 март.

Тој го спомена членот 20 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ каде јасно стои оваа одредба. Истот член погледнете го во продолжение.

Од интернет архивите може да се потврди дека тоа што го зборува Малчевски е точно, односно дека 14-тиот Конгрес на партијата бил на 5 и 6 март 2011 година, а Груевски бил реизбран за претседател на вториот ден, односно на 6 март.

Неофицијално, следниот Конгрес е планирано да се одржи во мај во Куманово.

http://libertas.mk/видео-груевски-е-нелигитимен-претсед/


https://www.youtube.com/watch?v=98HURIHWMxs



3)
Малчевски: На 6 март истече претседателскиот мандат на Груевски во ВМРО ДПМНЕ


Поранешен истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Сојузот на студенти на УКИМ, Самоил Малчевски тврди дека Никола Груевски веќе не е легитимен претседател на ВМРО ДПМНЕ бидејќи неговиот мандат истекол пред една недела.
- Никола Груевски не е лигитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Мандатот му е истечен на 6 март - изјави Самоил Малчевски во емисијата „Патот кон“на Алсат-М телевизија.
Малчевски се повика на членот 20 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ каде што се определува мандатот на претседателот.
- Статутарно Конгресот на кој му беше дадена довербата беше на 5 и 6 март 2011 година.Петти и шести март истекоа пред една недела.Значи статутарно член 20 од Статутот на ВМРО ДПМНЕ во ставот два стои дека мандатот на претседателот е четири години.Ако вие мандатот сте го добиле на петти март 2011 година тогаш ви истекува на петти март 2015 година. Ние веќе една недела имаме РАКОВОДСТВО на ВМРО ДПМНЕ кое што Е ВОН СТАТУТОТ на самата политичка партија - рече Малчевски.
Последниот 14-тиот Конгрес на ВМРО ДПМНЕ се одржа на 5 и 6 март 2011 година, а Груевски беше реизбран за претседател на вториот ден, односно на 6 март.
Следниот Конгрес на ВМРО ДПМНЕ, според неофицијални информации, треба да се одржи во мај во Куманово.

На овој линк можете да ја слушнете изјавата на Малчевски на 40 минута од емисијата „Патот кон“.
https://www.youtube.com/watch?v=98HURIHWMxs#t=2464



http://www.plusinfo.mk/vest/18362/malcevski-na-6-mart-istece-pretsedatelskiot-mandat-na-gruevski-vo-vmro-dpmne



Е сега тука се поставуваат две работи
Овие :

А )
Најчесто за изборот за Претседател на Партија се праватат подготовки 3 до 6 месеци пред конгрес

Ако се знае дека Заев „бомбите „ ги најавува веќе неколку месеци јасно дека Груевски несакал да почнал подготовките за Конгрес на кој би бил реизбран оти постоела опасност Заев да ги пушти снимките додека траеле подговките па Груевски не би бил сигурен во својот реизбор за претседател на ДПМНЕ .
А од друга страна гледаме дека во истиот период Груевски од петни жили го местел Заев или со полициски првокатор да го намести за наводна корупција или лично со Мијалков му местеле стапица во кабинетот на Груесвки .
А со тоа се докажува дека „странските служби „ за кој збори ДПМНЕ не биле никој друг туку Груевски и Мијалков .

Б)
Во овој момент Груевски не може да збори како лидер на ДПМНЕ туку како обичен член и да изнесува само свој лични мислења кој не се ставови на ДПМНЕ .
Груевски е и лажен премиер избран од лажни нерегуларни нелегитмни пратеници .Реално Груевски е водач на озлогласена криминално терористичка банда злосторничко здружение кое ете својте мафио октоподни краци ги пуштило и во полиција и во судство . Па така злосторничкото здружение на чело со Груевски неговите испостави во полиција и судство КИДНАПИРААТ луѓе – противправно лишување од слобода како што се Љубе Бошковски и Велија и којзнае уште колку други . Нее спорно дека е и водач на една поширока коалиција „За уништување на Македонија „

Груевски во овој момент не му верува ниту на членството на ДПМНЕ од кое треба да произлезе иницијатива за негова кандидатура за реизбор за претседател на ДПМНЕ .
Во наредниот период ќе почне широка акција и невидена медиумска пропаганда но и терор од Груевски и неговото злосторничко здружение .Немаат друг избор премногу се навлезени во криминал , убиства предавства .Мора да идат на се или ништо .
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски   Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Ќе успеат ли здраворазумните во ДПМНЕ да го сменат Груевски
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: