ФОРУМОТ Е НАШ
Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата! 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата! 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата!

Go down 
2 posters
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата! Empty
ПишувањеПредмет: Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата!   Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата! EmptyПет 29 Ное 2013, 2:56 pm

Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата!

ФОКУС - Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: Груевски треба да си оди од партијата!

Четврток, 28 Ноември 2013
Новиот Фокус донесува:
Гојко Јаковлески е македонски емигрант во Германија, сведок на формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека Груевски со неговото недемократско владеење ја прави Maкедонија еднопартиска држава
Досие Скопје 2014: Сочни детали како се излејаа милионите на преродбата!
Луксузниот белег на оваа власт, официјално вреден 207 милиони евра (неофицијално, двојно повеќе), всушност е белег на преплатеност, скандали, таинственост. „Фокус“ ДОСИЕ Скопје 2014!
Здравството пред колапс: Долговите во болниците се зголемија на фантастични 50 милиони евра?
Финансиското работење на болниците е на комплетна удолница. Долговите се зголемени тројно во однос на 2009 година, на 50 милиони евра. Дали може да се закочи работата на клиниките и болниците?
Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата!

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=9784

Говор на Гојко Јаковлески на основачкото собрание на ВМРО ДПМНЕ


ДАМИ И ГОСПОДО! ПОЧИТУВАНО СОБРАНИЕ

Ми падна чест од името на Македонците во Германија и во другите земји на Западна Европа кои се наши политкчки истомисленици да го поздравам ова величествено собрание и да му пожелам плодна и успешна работа.

Уште на почетокот на овој мој поздравен говор сакам да кажам дека илинденскиот идеал кој гореше во нашите македонски срца и во далечната туѓина беше онаа волшебна магнетска сила која не донесе на ова собрание.
Да живее ВМРО - ДПМНЕ која ќе го води македонскиот народ кон третиот, победоносниот Илинден.

Гојко Јаковлески
http://www.mn.mk/istorija/960
Самите основачи на ВМРО-ДПМНЕ бараат Груевски со неговата криминална банда да си оди од политичката сцена .
И стварно се поставуваат неколку логички прашања :
1)
Што има врска Груевски и неговата криминална банда со било какви идеали на Македонското ВМРО ?
2)
Што има заедничко четникот Латас со некакви идеали за самостојна Република Макеоднија .Четниците се бореле за самостојна Македонија ? Улавштија невидена .
3)
Какви допирни точки има Ѕинго со некакви идеали на ВМРО .
Ѕинго нели беше заедно со комунистите.Заедно лапаа кркаа .Во СФРЈ Социјалситичката партија си постоеше и работеше најнормално .Цело време си шуруваа со комунистите .
Каде може да се најдат докази дека Ѕинго било кога се залагал за некакви идеали на ВМРО .Колку пати вербално или писмено барал да не се прогонуват лица заради идеали на ВМРО ? Највечи комуњар што воопшто постои у Макдонијава .
Што има врска Мирка-комуњарка со идеали на ВМРО ?
4)
Ако денес имаме суров третман на осомничени лица Истражен затвор во Шутка а на власт е ВМРО-ДПМНЕ тогаш немаат никакво право да зборат дека кон нив некој се однесувал нечовечно .Ако Панко Брашнаров на Голи Оток рекол ..”овие не луѓе туку ѕверови” ...зарем денес неможе истото да кажат (Ете Кежаровски и јавно го кажа тоа) и многу повеќе луѓе од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ .
5)
Зарем денес нема повеќе луѓе кој се прогонувани од ВМРО-ДПМНЕ отколку што имало луѓе од ВМРО во време на СФРЈ.
Дури и луѓе од ВМРО (револуцијата ги јаде својте деца )
6)
Ако во СФРЈ (комунизмот како го нарекуваат ) имало монтирани судски случаи зарем денес кога е ВМРО-ДПМНЕ (кое се прогласува како единствен наследник на ВМРО) нема многу повеќе такви монтирани судски случаи режирани од ВМРО-ДПМНЕ и тоа не само од идолошко-политички туку многу повеќе од криминални причини .(за а се прикрие криминалот на водечки луѓе од ДПМНЕ)
Дури и Стејт-Департментот во својот извештај ја наведува Македонија како земја каде има политички затвореници. и каде се прогонуваат и затвараат политички неистомисленици .
7)
После ослободувањето на Македонија имало ликвидации на луѓе од ВМРО.
А ликвидациите што сега ги прави ВМРО како на новинарот Таневски или Никола Младенов.И на уште колку не се знае ..
8)
Ако за вакви идеали гинеле Илинденците ...поарно што изгинале и биле поразени .
Или пак сега во гроб се превртуват ако знаат какви криминалци келеши се шлепаат на нивната жртва и крв .
9)
После ослободување 1945 год Макеоднија имала 800 000 Макеоднци
Пред распад на СФРЈ имаше околу милион и пол Македонци .
Денес 500 000 се иселени . Секој гледа да избега од теророт од ВМРО-ДПМНЕ.
Ваков геноцид нее забележан во 500 години Турско владеење .
Испаѓа дека Турците го бранеле Македонскиот народ од злосторничката организација ВМРО
10)
Ваков геноцид немаше ниту во 50 години комунистичко владеење .
Денес повеќе Македонци умираат одошто се раѓаат .Нее возможно со чесна работа како во комунизмот Македонците да создадат семејства или и да ги создадат неможе биолошки да опстанат па мора да се иселуват .
Напротив бројот на Македонско население после ослободувањето 1945 год бил зголемен (безмалку за двојно )гледајќи ги статистичките податоци од сите пописи .
Испаѓа дека и комунистите го бранеле Макеоднскиот народ од ѕверската криминално терористичка организација ВМРО .

Дека ВМРО е уствари тешка проклетија за Македонскиот народ
ВМРО е геноцидна партија –организација која го уништува Макеоднскиот народ
Тоа е реалноста .

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата!   Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата! EmptyСре 04 Мар 2015, 3:42 am



Никола Груевски нека си оди од партијата што ја основавме со Драган Богдановски!

Интервју со Гојко ЈАКОВЛЕСКИ, македонски емигрант и основач на ВМРО-ДПМНЕ

Фокус 2 мар 2015,

Текстот е објавен на 29-ти ноември 2013-та година во неделникот „Фокус“ во бројот 947

ФОКУС: Како дојде до идејата за формирање ВМРО-ДПМНЕ и која беше вашата улога во формирањето на оваа партија?

ЈАКОВЛЕСКИ: Прво се запознав со Благој Шамбевски, па потоа и со Драган Богдановски, со кои соработувавме 25-30 години. Драган ги издаваше „Искра“, „Македонски глас“, а од 1971 година списанието „Македонска нација“, во кое беа содржани идеите за Македонија бидејќи земјава беше обесправена, додека Македонците сосила беа правени Југословени. Почнавме соработка и во 1990-тите, кога Богдановски излезе од затвор, ми се јави од Гетеборг и ми рече дека со падот на Берлинскиот ѕид се отвориле нови услови. Рече дека по излегувањето од затвор се запознал со луѓе во Македонија кои се спремни да дојдат во Германија и да основаат партија, која ја нарече Демократска партија за македонско национално единство, или скратено ДПМНЕ. Бидејќи го помагав, ме повика да се вклучам во процесот, а јас не сакав да седам настрана во тие важни моменти во историјата на Македонија и се согласив.

ФОКУС: Кога се поставени темелите и кога се одредени основните програмски постулати на партијата?

ЈАКОВЛЕСКИ: Во 1990 година во Минхен дојдоа Богдановски, Љубчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владимир Транталовски, кои ми рекоа дека требало да дојде и Владимир Голубовски, но тој бил спречен. Тогаш ги удривме темелите на партијата, која требаше да се основа во Скопје. Кум на името ДПМНЕ е Богдановски, а мислам дека Змејковски предложи пред тоа име да се додаде ВМРО. Јас не се согласив со тоа зашто знам за сите проблеми со централисти, врховисти, федералисти, па мислев дека тие 4 букви треба да останат во историјата, додека со партијата ќе имаме успех и само со ДПМНЕ. Но, Драган пресече, велејќи дека штом така решиле другите, така нека биде. Веднаш разговаравме дека сакаме своја валута, своја армија и репрезентација. Шетајќи се тогаш низ Минхен, Богдановски ми рече дека Георгиевски го планира за претседател на партијата, но јас бев сомничав зашто е многу млад. Сепак, Богдановски ми кажа дека е многу интелигентен, има харизма и ќе биде прав војвода. Потоа организиравме основачко собрание. Нашата борба беше Македонија да добие статус на автономија во рамки на конфедеративна Југославија, со свои права и со сите атрибути на еден слободен народ.

ФОКУС: Сакате да кажете дека Георгиевски и Змејковски, пред подоцна да се разединат, биле во непринципиелна коалиција со тогашната власт?

ЈАКОВЛЕСКИ: Да, да! Сето тоа беше само борба за власт. Во една демократска држава, за сите активисти може да се најде некое место. Меѓутоа, Змејковски не сакаше да биде втор или трет, туку прв, и затоа прв се отцепи и основа нова ВМРО-партија. Така, прв почна да прави расцеп во партијата, наместо да критизира, ако има забелешки, во рамките на партијата.

ФОКУС: Како гледате на трансформацијата и дисконтинуитетот на партијата од страна на Никола Груевски?

ЈАКОВЛЕСКИ: Груевски не го знаев на почетокот толку добро, се имавме видено два-трипати, тој беше и во Зубовце во 2005 година, кога имав роденден. Јас кон него гледав позитивно, го сметав како надежен економист и мислев дека е добар потег таква личност Македонија да ја зацврсти економски. За жал, моите општи позитивни очекувања не се остварија бидејќи со разните потези што ги прави оваа власт се создава еднопартиска држава, како што своевремено направи комунистичката партија со Југославија. Сите медиуми ги зедоа под свои ингеренции. Затоа, јас би му предложил на Груевски дека вториот дел од името на партијата ДПМНЕ не одговара, пред сѐ, тоа „демократска“ и „национално единство“.

ФОКУС: Тие би ви одговориле дека народот ги избира!?

ЈАКОВЛЕСКИ: Јас немам против тие да останат на власт уште дополнителни 7 години ако народот ги сака и ги избира, бидејќи, нели, се вели „каков народ, таква влада“, но да ја променат партијата. Нека ја остават настрана партијата што сме ја основале јас и Богдановски и нека изберат некоја друга партија. Многу ме нервира што ги прават овие погрешни потези бидејќи водат кон пропаст. Да речеме, оваа антиквизација е кич за кој се фрлаат големи пари, кои Македонија ги нема. Јас се гордеам што сум роден во земјата каде што е роден Александар Македонски, ама толку! Ако некој сака да докажува дека во генот имаме некое античко наследство, тоа е смешно и контрапродуктивно. Не може да се прави од античката историја дневна политика.

ФОКУС: Многумина изненадивте кога неодамна испративте јавен апел до претседателот Ѓорге Иванов за помилување на Љубе Бошкоски.

ЈАКОВЛЕСКИ: Јас во него гледам активист кого го чувствувам на некој начин како Драган Богдановски, кој беше киднапиран и донесен овде. Жалосно е тој човек да гние в затвор. Сметам дека тоа е политичко решение. За време на изборите малку претера, почна да навредува, ама за тоа им се извини и на премиерот Груевски, и на директорот на УБК Сашо Мијалков, и на брат ми Мане. И јас мислам дека секој ден што лежи во затвор е голема штета. Ниеден ден не треба да остане тој в затвор и треба веднаш да биде ослободен.

ФОКУС: Велите дека, во спротивно, идните генерации ќе ја казнат оваа гарнитура. Која е сатисфакцијата во иднина да се санира штетата што е направена денес?

ЈАКОВЛЕСКИ: Во историјата на Македонија ова ќе биде голем срам − чист Македонец, кој нема направено никаков криминал, да лежи во затвор. Кај Бошкоски јас не забележувам одмаздољубивост и желба да прави капитал од својата положба. Тој е трпелив човек и се надева дека случајот ќе биде решен во негова полза. Тој е оптимист, сакам и јас да бидам, но како што гледам… Можеби Љубе направил некои грешки, но треба да се гледа малку пошироко и да запре конечно самоуништувачкиот синдром.

ФОКУС: Посочувате дека е потребно да се спречи расцепот меѓу Македонците. Дали Македонците денес се поподелени од порано?

ЈАКОВЛЕСКИ: Денес Македонија е поразединета од кога било! Македонците секогаш биле поделени на просрпски, пробугарски, прогрчки и на пројугословенски, а сега уште на проантички и прословенски. Плус, има и етничка и верска поделба

http://fokus.mk/nikola-gruevski-neka-si-odi-od-partijata-shto-ja-osnovavme-so-dragan-bogdanovski

итн
итн
добро е да се прочита целиот текст -интервју

Вратете се на почетокот Go down
Blaf
Тупаџија
Тупаџија
Blaf


Број на мислења : 7
Локација : macedonia
Регистриран на : 2015-03-05

Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата!   Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата! EmptyЧет 05 Мар 2015, 5:11 pm

Flok prijatele, shto ti imash protiv gospodinot Nikola Gruevski???
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата!   Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата! EmptyПон 09 Мар 2015, 12:44 pm

Ај да не отварам нова тема и така текстов многу добро се вклопува во оваа тема :

КаковКрај

Збогум Никола!

Фокус 3 мар 2015,

Си ги претставив и сите оние чесни луѓе кои со години му помагаа на Никола да дојде и да се одржи на власт? Дали денес сите тие луѓе ќе бидат колатерална штета на политиките на Никола, и ќе бидат дел од колективната одговорност која денес власта тивко ја заговара? Но одговорноста за личните постапки никогаш не може да биде колективна. Одговорноста е индивидуална и таа може и ќе биде лоцирана. Сега е време сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ јавно, категорично и недвосмислено да се дистанцираат од овие штетни политики кои ги раководи Никола.

пишува Владимир Лазаревик

Беше 2004 година кога се запознав со Никола Груевски. Во тоа време во штабот на ВМРО-ДПМНЕ речиси и да немаше луѓе. Со уште двајца пријатели му помагавме на Никола како да се градат позиции на одредени политики кои власта ги реализираше во тоа време. Првата беше територијалната децентрализација. ВМРО-ДПМНЕ имаше тврда позиција против децентрализацијата. Нашите совети беа да се продолжи на тој к*рс и да не се попушта.

Никола отиде во САД, и еден ден добив повик на тел. “Ало Владо, Никола е, се јавувам од Лос Анџелес лонг дистансе кол, само да ти кажам дека тука имам многу притисоци да попуштиме за референдумот, што да правиме?” Јас му велам никакво попуштање, сега ни е шансата мора да одиме остро до крај. Така и бидна. ВМРО-ДПМНЕ до крај беше против територијалната децентрализација и позициите на претседателот на партијата беа категорични.

ПАТОТ ДО ВЛАСТА

Како мала специјалност на нашиот тим беше подготовка на текстови во кои се аргументираа позициите на партијата. Еден од текстовите кои направија влијание беше одговор на коментар објавен во европскиот весник European Voice – со наслов Граѓаните велат не на територијалната организација (Citizens say no to boundary changes) каде Никола Груевски беше потпишан како автор и претседател на партијата. Тоа беше веројатно прв пат претседател на ВМРО-ДПМНЕ како опозициона партија да објави авторски текст во толку важен европски политички весник.

Вториот важен текст беше реакција од Никола Груевски како одговор на позицијата на Европската Унија искажана од Мајкл Салин тогашниот претставник на ЕУ во Македонија. Текстот на Салин беше насловен “Референдумот во Македонија: Чекор наназад на патот кон ЕУ“ (1 октомври 2004) и беше објавен на веб страницата на Институтот за Известување во Војна и Мир (ИИВМ). Во коментарот Салин дискутираше за важните елементи на безбедносната и политичката состојба во државата во изминатите неколку години по потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор.

Реакцијата на Никола Груевски беше објавена во „Време“ на 7 октомври 2004 година со сосема спротивен наслов од тој на Салин. Текстот на Никола се викаше “Референдумот: Придонес на граѓаните на патот кон Европа”. Тогашните категорични позиции на ВМРО-ДПМНЕ во многу што придонесоа ден пред референдумот САД да ја признаат Република Македонија под уставното име. Референдумот пропадна, територијалната организација се спроведе, Америка ја призна Македонија, се отвори патот до власта за Никола Груевски. Улогата на нашиот тим бргу после тоа заврши, за во 2006 година Никола да мe покани да му бидам советник за реформите во здравството.

Во изборната кампања бев ангажиран заедно со Бранко Саркањац, Панде Лазаревски, Трајко Славески и Влатко Чинговски да ја финализираме програмата „Преродба во 100 чекори“. Пред да се објави тој документ неколку дена бевме затворени во хотел „Сончева Порта“ каде ги комплетиравме последните делови од програмата. Се сеќавам дека додека го уредував документот осетив потреба да се направат интервенции во редоследот на поглавјата. И јас ги прередив онака како што сметав дека ќе биде пологично и конструктивно за читање.

ДЕВЕТ ГОДИНИ ПОДОЦНА

Бев задолжен финалниот документ да му го однесам на Никола. Пред да го однесам го споделив со Трајко Славески кој подоцна стана министер за финансии во првата Влада на Никола. Му реков, “Jас ги прередив поглавјата, мислам дека е вака подобро. Тој ме погледна и ме праша: “Ама дали ова ти го одобри Претседателот? Јас му велам, не, ако не му се допадне, ќе ги вратиме. Трајко ме погледна и пак, “Aма како можеш без негова дозвола да ги прередиш?” Кога му го однесов материјалот на Никола, он го прегледа и ми се јави. Беше многу задоволен од сработеното.

Многу бргу потоа почнавме да ја промовираме програмата низ цела Македонија. Се организираа трибини, Никола и „Преродбата во 100 чекори“ имаа неверојатна привлечна моќ. Едноставно, каде и да појдевме нѐ чекаа како победници. Многу пред изборите во 2006 година се знаеше дека Никола ќе стане премиер. Така и бидна. Во септември 2006 година бев назначен за заменик министер за здравство.

Речиси после неполни два месеца започнаа нашите први несогласувања. Првото беше за тоа како да се формира групата која учествуваше на програмата за менаџмент во здравството. Една вечер доцна добивам телефонски повик од Никола. Ми вика: “Владо како ги избираше луѓето да ја посетуваат програмата за менаџмент?” Јас му викам, па преку CV. “A партиска припадност гледаше ли?” Јас му велам, не, не им пишува во ЦВ-то од која партија се. Од тој момент започнаа нашите бројни несогласувања за многу процеси кои се одвиваа во здравството се до август 2008 година кога заврши мојата заменичка кариера. Со Никола од тогаш повеќе не се слушнавме.

Девет години подоцна со Никола на кормилото еве не тука во еден галиматијас на шпионажа, контра шпионажа, на протести и контра протести, на бранители на Македонија од странски тајни служби, на Студентски Пленум и на протести во речиси сите сектори. Еве не тука во покорена економија, незадоволство кое секој момент може да кулминира со трагични последици. Еве не тука сведоци на државен криминал, уцени, снимања, понижувања и монтирања на судски процеси. Еве не тука во една атмосфера на страв, на прогон, на терор. Во земја која е на дното на слободата во медиумите.

ОД ДЕМОКРАТ И ТЕХНОКРАТ, ДО АВТОКРАТ И БИРОКРАТ

Кога пред некој ден седев на шоуто на Златна Буба Мара се потсетив на 2006 година и на митинзите кои тогаш ги организираше Никола. Се потсетив на таа победничка атмосфера тогаш, и на ова исмевање на негова сметка денес. Си претставив како ли сега Никола се чувствува? Од победник до губитник. Од демократ и технократ, до автократ и бирократ. Од човек на кого многумина од нас му помогнаа да дојде на власт, да донесе развој и просперитет на државата, до човек кој сака да не брани од пуч и странски разузнавачки служби. И така дојде и понеделник и насловната страна на Вест дека САД ќе одземаат визи на политичари, судии, бизнисмени, на медиумски работници врз основа на морална нискост, нешто што ќе остане незапаметено во историјата на Македонија. Од кого ќе се браниме сега Никола?

Си ги претставив и сите оние чесни луѓе кои со години му помагаа на Никола да дојде и да се одржи на власт? Дали денес сите тие луѓе ќе бидат колатерална штета на политиките на Никола, и ќе бидат дел од колективната одговорност која денес власта тивко ја заговара? Но одговорноста за личните постапки никогаш не може да биде колективна. Одговорноста е индивидуална и таа може и ќе биде лоцирана. Сега е време сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ јавно, категорично и недвосмислено да се дистанцираат од овие штетни политики кои ги раководи Никола.

Гледано вака наназад, јас не жалам што сум дал свој мал придонес Никола да дојде на власт. Тој Никола од 2006 беше човекот на кого му верувавме. Овој од „Скопје 2014“ е тој на кого повеќе не можеме и не сакаме да му веруваме.

Збогум Никола!

http://fokus.mk/kakovkraj/

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата! Empty
ПишувањеПредмет: Re: Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата!   Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата! Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Гојко Јаковлески, берлински основач на ВМРО ДПМНЕ: тврди: Груевски треба да си оди од партијата!
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: