ФОРУМОТ Е НАШ
Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание Empty
ПишувањеПредмет: Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание   Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание EmptyЧет 12 Мар 2015, 2:04 pm

Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание

Вовед да знаеме за што точно зборуваме :


Ако се покаже дека изборите биле лажирани тогаш Државната Изборна Комисија мора да констатира дека станува збор за лажирани избори и дека луѓето кој сега се во Собрание лажно се претставуват како Пратеници -народни претставници дека ниту сега ниту било кога имале мандат од народот ниту имале било какво право да носат -гласаат Закони или да земаат-крадат пари од Буџетот на име ПЛАТА и други надоместоци и привелегии кој одат со таквата финкција.

Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција ВЕДНАШ да го напуштат Собранието и да ги вратат ПАРИТЕ кој земале -украле од Буџетот на име ПЛАТИ и други надоместоци

1)

ДИК ќе гради став после шоуто во Универзална

09 март 2015

Државната изборна комисија ќе почека да ги слушне сите сознанија за ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ што ги објавува лидерот на СДСМ, па потоа ќе закаже седница за да ги разгледа информациите, повтори првиот човек на ДИК, Никола Рилковски.

Рилковски, во изјава за 24 Вести, информира дека во Комисијата со посебно внимание се следи развојот на настаните, но уште е рано да изградат каков било став. Слична изјава Рилковски даде и за вчерашен „Слободен печат“.

http://www.plusinfo.mk/vest/17694/dik-kje-gradi-stav-posle-shouto-vo-univerzalna

2)
СДСМ ги празентираше доказите

а)
Богдановиќ: Во разговорите Миле и Сашко договараат да го озвучат најголемиот кодош Михаил Младеновски

http://libertas.mk/богдановиќ-во-разговорите-миле-и-сашк/


б)
СДСМ: Полицаец да се избрка од работа, Жерновски да се измами за криминал

http://fokus.mk/sdsm-politsaets-da-se-izbrka-od-rabota-zhernovski-da-se-izmami-za-kriminal/


в)
АУДИО Како се договарал изборниот грабеж

http://www.plusinfo.mk/vest/17878/audio-kako-se-dogovaral-izborniot-grabez

г)
ВИДЕО ТРАНСКРИПТИ 2 „Ќе му ја запалиме кафаната, озвучен кај Жерновски, СДСМ на работа, за да не гласа“

http://www.plusinfo.mk/vest/17850/video-transkripti-2-kje-mu-ja-zapalime-kafanata-ozvucen-kaj-zernovski-sdsm-na-rabota-za-da-ne-glasa

итн итн

3)
Имаме ПОТВРДА дека ДОКАЗИТЕ кој ги презентирал СДСМ се автентични и вистинити- точни

Еве :

а)
11-03-2015
Директорката од Домот: Не го прашав Јанакиески во кое својство ги бара децата

Директорката на Домот на деца без родители „11 октомври“ Ристенка Атанасова НЕ ЈА НЕГИРА снимката која синоќа ја објави опозицијата, НИТУ ПАК СМЕТА ДЕКА Е МОНТИРАНА .

Атанасова смета дека нема ништо спорно во разговорот со Миле Јанакиески каде што договараат колку деца кои веќе не се во Домот ќе дојдат да гласаат на изборите.

„Нешто сакаше да се изврти. Во изјавата никаде не стои дека децата ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ, туку да излезат да гласаат што е нивно законско право, а ние им помагаме финансиски за да дојдат да гласаат“, изјави директорката Рисенка Атанасова за НОВА.

Таа не гледа ништо спорно што за ова разговара со еден министерот од ВЛАДЕАЧКАТА ПАРТИЈА.

„Не прашав во која функција ми се јавил Јанакиески, веројатно затоа што беше координатор за гласање во Центар. Секој можел да ми се јави, можеле да ми се јават и од СДСМ. Јас ќе го почитувам тоа без разлика од која партија да ме бараат“, рече Атанасова.

Од друга страна Илија Јовановиќ од здружението на деца без родители кој беше спомнат во телефонскиот разговор, бара извинување од директорката Атанасовска бидејќи како што вели е злоупотре*ен, а немал дадено никакви списоци од деца. Таа во телефонскиот разговор, на Јанакиевски му вели дека ќе побара помош од Илија да и ги даде имињата на децата кои веќе не живеат во Домот.

„Барам јавно извинување од директорката Атанасова, во спротивно ќе поднесам кривична пријава против неа, особено ако се злоупотре*ени списоците на децата кои сега живеат под кирија“, изјави Илија Јовановиќ претседател на здружението „Градиме иднина“.

Еве како течеше разговор помеѓу Миле Јанакиески и директорката на Домот Ристенка Атанасовска.

РА: Еее вака сега министре, прашав еднаш во домот јас нели блиску и живеам. Имаме значи две деца што имаат лична карта на Скопје тие ќе гласаат тука во домот, тоа се Колев Виктор и Елизабета, другите имаме уште 6 дечиња што се полнолетни меѓутоа и они сакаат ако им се плати патот би оделе да гласаат за Груевски буквално така викаат

МЈ: Оти патот ако им се плати?

РА: Има едно дете во Виница… три во Куманово, едно во Гостивар и едно во Охрид

МЈ: Вака вака кажи му ќе му платиме нека си дојдат со сметките со сметко потврда ќе му рефундираме пари лично

РА: Не јас и од домот ќе им платам само да знаете ви реферирам дека 6 деца ќе ги пуштиме нека одат да гласаат на место на живеење кај шо имаат лични карти…

МЈ: Ти ми одговараш за 8 гласачи ајде.
РА: А за овие двете ќе гласаат тука да.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20845


б)
И министерата Канческа потврдува дека ДОКАЗИТЕ на СДСМ се автентични вистинити и точни

Најчевска: Канческа НЕ ГО НЕГИРА разговорот

11 март 2015
Интересна изјава. Она што паѓа во очи е дека Канческа не го негира разговорот кој беше прикажан. Не негира дека снимката е автентична и НЕ ЈА НЕГИРА СОДРЖИНАТА НА РАЗГОВОРОТ.
Всушност, јас не забележав дека некој од до сега посочените учесници во прикажаните разговори негираше конкретна снимка со конкретна содржина.

Тоа го напиша професорката Мирјана Најческа, коментирајќи го Фејсбук-постот на министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, после вчера обелоденетиот разговор од неа и министерот Јанакиески, во кој се слуша како министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е бесен што симпатиите на семејството на Тоше Проески не се на страната на ВМРО -ДПМНЕ и бара ДА СЕ УКИНЕ сè што добиваат како ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА .

http://www.plusinfo.mk/vest/17950/najcevska-kanceska-ne-go-negira-razgovorot



4)
Доказите на СДСМ целосно се поклопуваат со наодите на странските набљудувачи на изборите :

Шекеринска: Нашите докази ги има и во Извештајот на ОБСЕ
11 март 2015

Доказите што ги презентира СДСМ на јавноста само ги потврдуваат критичните точки нотирани и во Извештајот на ОБСЕ за изборите за лажните лични карти, гласачи кои гласаат на повеќе избирачки места, закани, уцени и притисоци, посебно врз администрацијата, врз примателите на социјална помош, за време на изборни процеси, истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на денешната среедба со Бруно Мачес, државен секретар за европски прашања во Португалија.

Шекеринска рече Македонија се наоѓа во сериозна политичка криза, а можните излезни решенија и последиците од недемократските состојби во земјава влијаат и врз евроинтеграциите.
- Овие материјали ја потврдуваат и тоталната контрола на власта врз судството и приватизацијата на институциите од што страдаат сите граѓани, без разлика на каква било припадност. Тука веќе не станува збор за партиска поделеност, туку за неколку луѓе на една страна, кои за лични цели го узурпирале системот, наспроти сите други - рече таа.
Таа го повтори ставот на СДСМ за преодна влада што ќе овозможи услови за демократски изборен процес како излезно решение.
Дипломатот од Португалија ја пренесе загриженоста на Европската Унија за развојот на политичката ситуација во Македонија.

http://www.plusinfo.mk/vest/18042/shekerinska-nashite-dokazi-gi-ima-i-vo-izveshtajot-na-obse

б)
Доказите на СДСМ се поклопуваат и со наодите на домашните набљудувачи на иборите

Цивил: Горчлива потврда на извештаите од набљудувањето на Цивил

07-03-2015

На бројните прес конференции на ЦИВИЛ, детално се презентираа бројните нерегуларности, злоупотреби и манипулации во текот на изборната кампања, на деновите на гласањето и во деновите непосредно по изборите. Од заклучоците на тие јавни презентации на ЦИВИЛ и од извештаите, произлегуваа заклучоците дека изборите во 2013 и 2014 се нелегитимни и дека институциите се целосно партизирани, а медиумите се под контрола и страотен притисок.
ЦИВИЛ – Центар за слобода го изразува својот револт и крајна осуда на одговорните за оваа долгогодишна пракса и уште еднаш ја упатува јавноста на извештаите, анализите и препораките објавени во 2013 и 2014 година.
Во нашите јавни настапи и во извештите ги извлековме фактите и заклучоците дека:
1. Институциите, медиумите и сите ресурси на државно и локално ниво се во функција на партиите на власт и дека се злоупотре*ени до крајни граници во бескрупулозна, противуставна и противзаконска пресметка со политичките опоненти и со независните интелектуалци, организации и медиуми.

2. Република Македонија е во континуирана изборна кампања, без оглед на тоа дали се работи за официјален изборен процес. Граѓан(к)ите на Република Македонија живеат во неизвесност и под постојани притисоци и закани од 2008 година наваму, а кулминација на овие состојби се последните изборни процеси во 2011, 2013 и 2014 година. Република Македонија е во состојба на постојан страв и кршење на основните човекови права. Фундаментите на демократијата и владеењето на правото се загрозени до корен.

3. Иако малубројна, набљудувачката екипа на ЦИВИЛ во соработка со одважните граѓанки и граѓани открија илјадници фантомски гласачи во многу краток временски период, а на деновите на гласањето открија голем број случаи на гласање на лица со повеќекратен идентитет.

4. Владејачата ВМРО-ДПМНЕ ја изведе операцијата Пустец. Тоа беше колку противзаконска толку и понижувачка операција на носење гласачи од Пустец, Албанија, кои гласаа во повеќе општини во земјата. Тоа најдраматично се одрази на процесот на гласањето во општина Центар, единствената општина каде операцијата Пустец пропадна. Гласачи од Пустец беа забележани и документирани и во текот на гласањето во 2014 година.

5. Поткупот на гласачите се движи од најмизерното плаќање по 500 денари по глас и плаќање на заостанати сметки на сиромашните и ранливите слоеви, до ветувања за вработување, унапредување во работата и субвенции. ЦИВИЛ откри манипулации и уцени дури и со социјалната помош и здравствените услуги. Откривме низа случаи на ветувања само за поткревање на позициите на поединци на листите за чекање за работа, јавни услуги или бенефиции, што е уште една илустрација на гротескните размери на манипулацијата.
Во 2013 ии 2014 година, ЦИВИЛ, во својство на организација со официјална акредитација за набљудување издадена од Државната изборна комисија јавно ги посочи сите овие и многу други груби нарушувања кои го доведуваат легитимитетот на изборите под сериозен знак на прашање. Повторуваме: Институциите не одговорија никако поинаку освен со напади, притисоци и етикетирање на ЦИВИЛ, вклучително и со лични навреди и притисоци врз претседателот на организацијата, Џабир Дерала.

http://libertas.mk/цивил-горчлива-потврда-на-извештаите/

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание   Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание EmptyСаб 21 Мар 2015, 4:53 am

ШЕКЕРИНСКА: СДСМ поднесе 21 кривична пријава за дела против изборниот процес

Создадено на Петок, 20 Март 2015

- Денеска поднесуваме 21 кривична пријава против повеќе од 17 сторители на кривични дела против изборниот процес, изјави денеска Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

- Тоа значи дека кривичните пријави коишто ги поднесовме до Обвинителството опфаќаат: злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на лични податоци, присилба, предизвикување на општа опасност, фалсификување на исправи, противзаконско посредување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата за определување за време на изборите, повреда на тајноста на гласањето и злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања, рече Шекеринска.

Сите тие 21 кривична пријава, рече Шекеринска, базирани само на доказите коишто ги доставивме и до јавноста, за криминал за време на изборите, се веќе во Обвинителството.

- Знаете дека не веруваме во објективноста, професионалноста и независноста на правосудниот систем во Република Македонија а откако излегоа сите овие докази и снимки на површина и јавноста веќе нема доверба. Меѓутоа, поднесувањето на кривичните пријави го правиме со цел да покажеме дека ние ги почитуваме Уставот и законите на Република Македонија. Сакаме да оставиме и пишан траг во овие институции дека некој мора да сноси одговорност за недозволените криминални и незаконски дејствија за време на серија од изборни циклуси, додаде Шекеринска.



http://www.sky.mk/makedonija/433102-shekerinska-sdsm-podnese-21-krivichna-prijava-za-dela


СДСМ поднесе 21 кривична пријава за дела против изборниот процес

https://www.youtube.com/watch?v=dinlpl8OX2M

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание   Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание EmptyСре 15 Апр 2015, 1:08 am


Дали имало изборни манипулации ?
1)
Имајќи предвид дека никој не само што не ја оспорува автентичноста на снимките презентирани од СДСМ туку имаме нивна потврда по неколку основи и тоа :

а)
Веќе имаме ОСУДЕНИ лица кој биле врботнни во УДБ а со самото тоа МВР и Удб и Судството се произнело дека нее шега туку навистна станува збор за автентични снимки .Ако било заебација тогаш сега осудените веројтно ќе добиеле само дисциплинска опомена друг пат да не си играат ташак со Заев или некој друг .Ама гледаме дека не било игра .Реалност е .

б)
Имаме мноштво на луѓе кој си ги препознават разговорите .Нели прво беа новинарите а потоа и други .

в)
Имаме не преклоп на настани со снимени раговори како што е случајот со „Космос“ каде Цановски не само што ги потврдува веродостојност на раговори туку и следот на случувањата целосно се поклопуваат со снимените раговори .( да се чека вистински момент да се руши објектот „Космос“ )

Цаноски: Ме фрапира нивното смеење, додека јас ги молев да не го рушат „Космос“

23-03-2015

По објавувањето на денешната 13 по ред „бомба“ на опозицијата за која Заев тврди дека премиерот Груевски лично признава дека лажел оти има наводна грешка во градењето на објектот „Космос“, инвеститорот на објектот, бизнисменот Фијат Цаноски за порталот Нова вели дека уште еднаш се потврдува дека рушењето на неговиот објект е само политичка игра.

-Јас тврдев и сè уште тврдам дека немаше никаква грешка во објектот. Тое е политичко рушење. Ме фрапира со какво смеење разговараат за мојата ситуација додека јас ги молев да не го рушат, имав и доста вработени и затоа ги молев, вели Цаноски за НОВА.

Во разговорот кој го објави опозицијата денеска се слуша како премиерот Груевски му вели на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески дека Цаноски е уплашен од рушењето на објектот.

Изјавата на цаноски во целост прочитајте ја тука

(БОМБА 13) Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

итн

http://libertas.mk/цаноски-ме-фрапира-нивното-смеење-дод/


г)
имаме признание од луѓе од власта дека снимките се вистинити – автентични ( изјави без притисоци дадени при чиста свест и здрав разум)

По нарачката од Милошoски, судијата Билески експресно бил лустриран од Аџиев
април 8, 2015

Судијата од Кичево, Драги Билески, за кого Антонио Милошоски нарачал кај Томе Аџиев да биде што побрзо „елиминиран“, лустриран е на 16 ноември 2012 година. Неговата егзекуција, реализирана е експресно после разговорот на Аџиев со Милошоски.

http://brif.mk/?p=180929

Аџиев за Телма: Нема ништо незаконско во објавениот разговор

На прашањето дали е автентичен разговорот што во Битола го објави СДСМ, во кој, според објавеното, тогашниот министер Антонио Милошоски интервенира кај него за лустрирање на судијата Драган Билески од Кичево, Аџиев вели, и да е автентничен тој разговор, во него нема ништо страшно.Се работеше за иницијатива за посочениот судија, поднесена од трето лице, што е законски возможно. Тоа лице поднело барање, но било на стара возраст па се јавуваа како да се направи процедурата, а бидејќи се работеше за нов закон немаа многу искуство. Објаснував дека треба да се поднесе иницијативата, да се достави до архивата на Комисијата и дека ние ќе ја пуштиме во процедура. Потоа предметот си доби свој тек, ги помина сите инстанци, вклучувајќи и судски, наодите беа потврдени, а лицето беше лустрирано, вели Аџиев.

http://www.plusinfo.mk/vest/21702/adjiev-za-telma-nema-nishto-nezakonsko-vo-objaveniot-razgovor

http://www.telma.com.mk/vesti/adzhiev-za-telma-nema-nishto-nezakonsko-vo-objaveniot-razgovor

Шврговски ги потврди снимките, но за него обвинителството не било независно

од НОВА 20-03-2015

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски за „Дојче Веле„ ги потрвдува телефонските разговори коишто вчера ги презентираше опозицијата, а во кои тој и министерката за внатрешни работи заговараат синот на претседателката на Апелацискиот суд да стане обвинител. Но, за Шврговски сето ова било легитимно, оти обвинителството според закон не било независно.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21068


д)

Имаме институционално ПРИЗНАНИЕ и тоа од институција кое цело време негираше но сепак на крајот ПРИЗНА дека снимките се автентични

МВР му се заканува на Заев со нова кривична пријава, сега за „оддавње државна тајна“


02-04-2015

МВР преку соопштение и денеска реагираше на вчерашната прес конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на која тој обелодени огромен скандал, за, како што рече провизија која ја зел Мијалков од набавка на опрема за прислушкување од Израел. МВР денеска соопштува дека готви нова кривична пријава против Заев за „оддавње државна тајна“. Во целост ви го пренесуваме денешното соопштение на МВР, во кое министерството упорно го именува лидерот на опозицијата, Заев, како осомничено лице

Оттаму мора да се потенцира дека лицето на вчерашната срамна и недостојна прес конференција изнесе бројни конструкции и лаги. Тоа што е уште поважно, презентираше детали од Договор за донација кој што е класифициран со најголем степен на тајност, односно „Државна тајна“.

Катастрофалното објавување на лични податоци на високиот претставник на Министерството за одбрана на државата Израел, не е ништо друго освен напад врз институциите на државата Израел и директно загрозување на личната безбедност на нивното службено лице.

http://libertas.mk/мвр-му-се-заканува-на-заев-со-нова-криви/

http://www.utrinski.mk/?ItemID=37452A3CBC3A864EA960887F1FFBFD20&arc=1

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21381

Веќе нее само судот туку и МВР признава автентичност на снимки

ѓ)

Постојат и луѓе сведоци вработени во УБК кој се спремни да потврдат што правеле Мијалов Груевски и ДПМНЕ но потребна е гаранција за нивните животи .

Заев има сведоци што ќе ги урнат Груевски и Мијалков, бара гаранција дека ќе останат живи!

За да ги повика сведоците, Заев инсистирал да се гарантира безбедност за нивните животи и изворите од МВР кои ќе ја потврдат неговата верзија за прислушувањето.

Фокус 28 фев 2015,

Јавниот обвинител го прашал Заев – дали постојат сведоци кои ќе потврдат дека прислушувањето е правено во МВР по налог на Мијалков и Груевски, како што е наведено во неговата пријава.

За да ги повика сведоците, Заев инсистирал да се гарантира безбедност за нивните животи и изворите од МВР кои ќе ја потврдат неговата верзија за прислушувањето.

Како своевиден тест што лидерот на СДСМ го поставил пред обвинителот е неговиот повик да се откријат одговорните кои во јавноста пласираат снимки за кои станува јасно дека се обезбедени со посебни истражни мерки (ПИМ) кои гарантираат тајност и доверливост – снимките на Љубе Бошкоски и неговите снимки од кабинетот на премиерот.

http://fokus.mk/zaev-ima-svedotsi-shto-k-e-gi-urnat-gruevski-i-mijalkov-bara-garantsija-deka-k-e-ostanat-zhivi/

итн
итн

Веќе никој не ни помислува да ја негира автентичноста на снимките .Слободно може да се каже дека има консезус дека снимките презентирани од СДСМ се автентични


2)
Со оглед на тоа дека Заев објави снимки каде апла има изборен грабеж и фалсификување на волјата на граѓаните јасно е дека сегашните самонаречени пратеници во Собранието на Макеоднија не се израз и избор на волјта на граѓаните дадени на избори туку избор на тајните служби на Мијалков УДБА ДПМНЕ итн .

а)

Нелегитимна власт

Колумна на Џелал Хоџиќ

Фокус 15 мар 2015, 18:40
Најсмешни се тврдењата дека опозицијата со објавувањето на снимките сакала да дојде на власт.

А ДПМНЕ со прикривањето на криминалите, со ИЗБОРНИОТ ИНЖЕНЕРИНГ , со местењето судии и монтирање судски процеси сака да остане на власт!

Груевизмот сега би сакал да се разговара за сѐ, само не за тоа што правеле највлијателните луѓе во изминатиов период.

Во нормална држава, уште по првата „бомба“ Груевски, Јанкулоска и Мијалков требаше да си поднесат оставка!

Пишува
Џелал ХОЏИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”

http://fokus.mk/fokus-express/nelegitimna-vlast/




б)

Топ тема - провизии од доверливи зделки на тајни сметки

http://www.telma.com.mk/content/top-tema-provizii-od-doverlivi-zdelki-na-tajni-smetki

Top Tema 9april 2015

www.youtube.com/watch?v=jr_UY3ljcUE

Обрни внимнаие на снимка од :

од 00:26:51 до 00:28:00
и
од 01:04:15 до 01:04:35

Пратеникот и лидер на Либерната Партија Ивон Величковски ја кажува реалноста дека ваквиот пратенички состав има спорен изборен легитимитет и легалитет.
Не се избрани на регуларни избори и несмеат да носат закони или било ккави други правно обврзувачки акти.

3)

ПОСЛЕДИЦИ .

Не е работата само дали и пратенци од СДСМ треба да вратат пари земени на име плата од Собрание оти се подразбира дека мора да ги вратат туку :

А)
Во Собрание на Македонија имаме ГРУПА НА ГРАЃАНИ кој умишљаат дека се пратеници кој безправно влегуваат во Собранието .
Ваквата група на граѓани не смее повеќе да влегува во Собранието која е службена зграда. .Ако смеат тие тогаш секој смее да влегува и да изиграва пратеник. Може секоја група на граѓани да влезе во Собрание и да се прогласат за пратеници.

Б)
Го имаме ГРАЃАНИНОТ Никола Груевски кој умишља дека е некаков премиер а уствари може да биде премиер само на ДПМНЕ но не и на Македонија бидејќи е “наименуван “ од група на граѓани кој противправно влегуваат во Собранието и лажно се претствуваат како пратеници .
Граѓанинот Никола Груевски несмее повеќе да влегува во Службаата зграда позната како Влада на Република Макеоднија .Ако Груевски и понатаму умишља дека е премиер и влегува во службени простории на Влада тогаш секој друг граѓанин на Република Македонија го има истото право .Граѓанинот Никола Груевски мора да ги врати парите земени на име плата и други бенефиции во времетраење додека умишљал дека е премиер.

В)
Сите министри несмеат повеќе да влегуваат во службени простории и мора да ги вратат пари земени на име плата од буџетот на Република Македонија .

Г)
Сите закони прописи НАМЕТНАТИ од групата на граѓани кој умишљаат дека се пратеници како и од граѓанинот Груевски со неговата банда немаат обврзувачко дејство кон сите други граѓани на Република Макеоднија .

д)
Доколку Граѓаните во Собрание и граѓаниниот Никола Груевски и Сашо Мијалков и сите други наименувани од групата на граѓани не престанат да влегуваат в службените простории и понатаму насилно влегуваат во нив а бидат штитени од парадржавни структури кој лажно се претствуваат како легални државни структури тогаш логично е дека граѓаните имаат право на самоодбрана .(Правото на самоодбрана е секогаш поголемо од правото на агресорот –пљачкашот)
- да си формираат свој парламент
- -да си изберат свој премиер и претседател и други службеници.
- Неможе повеќе да плаќаат даноци и казни на накоја група на граѓани и граѓанинот Груевски со неговата банда а овие да бркаат луѓе од работа оти не биле “нивни “ или со истите пари од тие даноци да им даваат пари на инспекции и квазисудови за овие да им рушат објекти или да ги киднапираат и затвараат .Во еден момент мора се да престане да функционира .

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание   Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Лажните пратеници од ДПМНЕ и коалиција да ги вратат парите земени на име ПЛАТА од Собрание
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: