ФОРУМОТ Е НАШ
Груевски го ПРИЗНА криминалот  79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Груевски го ПРИЗНА криминалот  79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Груевски го ПРИЗНА криминалот

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Груевски го ПРИЗНА криминалот  Empty
ПишувањеПредмет: Груевски го ПРИЗНА криминалот    Груевски го ПРИЗНА криминалот  EmptyСре 18 Мар 2015, 2:48 pm

Груевски го ПРИЗНА криминалот

Практично со наводниот „демант „ Груевски го призна криминалот со таканареченат 10-та „бомба „ на СДСМ .

Во таканречениот „демант „ Груевски пробува со некаква ИГРА НА ЗБОРОВИ да не одговори за тоа за што се приложени ДОКАЗИ во снимката што ја презентира СДСМ .

Груевски кажува дека „нема друг имот освен оној наведен во анкетниот лист „

Е да ама Груевски никој и не го обвинува дека има имот друг освен оној наведен во анкетниот лист ВО МАКЕДОНИЈА на НЕГОВО ИМЕ .

Во снимката „бомба“ јасни се инструкциите на Груевски имотот на Водно да не биде на негово име туку на некоја од оф-шор компаниите со „непознати сопственици „ од даночните раеви како Белизе .

Од тие украдени од буџетот пари кој потоа преку пералната на даночните раеви како Белизе парите се враќаат како наводни „странски инвестиции“.

Арно ама во конкретниот случај не станува збор за никаква „странска инвестиција „ туку купување на атрактивни градежни парцели во елитни делови на Скопје со цел изградба на индивидуални стамбени згради – живеалишта .
Ако се види дека навистина на Водно на име непознати купувачи од Белизе се јавуват парцели на Водно а што комплетно се поклопува со ДОКАЗИТЕ што СДСМ ги презентираше на аудио снимките .

Така што со наводниот „демант“ Груевски со таа игра на зборови не само што ништо не демантираше туку напротив ПРИЗНА дека се што презентираше СДСМ е сува вистина .

Ама таквите лаги не проаѓаат веќе така лесно :

1)

Демантот на Груевски треба да се стутка и да му се фрли пред Влада


17-03-2015

Груевски призна дека имал план да постане сопственик на градежна парцела на Водно. Доказ е што тој не го демантира разговорот од снимката што ја објави Зоран Заев на 15 овој месец а на која Груевски и Јанакивески разговараат за промена на ГУП и ДУП за да може Груевски да ја реализира намерата да биде стопан на градежно земјиште на Водно за да градел хациенда или како ли се именуваат таквите луксузни објекти.

Соопштението на Груевски кое тој го именува како демант а со кое всушност не ја демантира содржината на објавената снимка, гласи; „Најостро ги демантирам, како целосно невистинити, наводите изјавени од Зоран Заев за тоа дека наводно сум купувал градежни плацеви и дека наводно сум сопственик на било каков плац, или пак на било каков начин поседувам имот надвор од оној кој е пријавен во мојот анкетен лист, кој е јавно објавен“.

Прво, Заев не зборуваше на снимката, туку тоа е гласот на Груевски. Заев само направи хронологија на настаните што се случуваа од 2013 година навака а поврзани токму со намерата на Груевски да се стекне со плац на Водно. Груевски не демантира дека гласот на снимката не е неговиот глас. Не го демантира разговорот со Миле Јанакиевски кој го водат за како да го променат ГУП и ДУП пред локалните избори. Не демантира за која „работа од комбето“ треба Јанакиевски да преземе мерки да се заврши, ниту пак за разговорот што го имал Груевски со Коце Трајановски за да ја оствари целта.

Ниту збор не кажа за комбето со кое се возеле за да разгледува и избира парцели за згради и други слични градби. Не го одрекна ниту тоа што му текнало дека решение за да се сокрие од погледите на околината било да се изгради потпорен ѕид а кој требало да биде шест до седум метри висок за соседите во него да гледаат.

Анкетниот лист и Антикорупсицка комисија не се , тоа и Заев го рече на прес-конференцијата затоа што овие парцели се купувани преку оф шор компании чии сопственици не се познати, но се псоменуваат некои имиња на бизнисмени во снимката.

Токму затоа соопштението кое Груевски го именува демант, опозицијата и медиумите треба да го испринтаат, да го стуткаат и да му го фрлат пред вратата во Владата од каде е испратено Така симболично да манифестираат дека јавноста/граѓаните, не се недоветни за Груевски да се зафркава со нив а за таа цел да ги користи медиумите.

Митко Јованов,

http://mitkojovanov.net/Home/Kolumna/118

http://libertas.mk/демантот-на-груевски-треба-да-се-стутк/


2)
Кој го купува вредното земјиште на Водно?

16. мар. 2015.

Мери Јордановска Призма

БИРН истражуваше кои се фирмите кои се јавуваат како купувачи на вредното земјиште на Водно. Податоците нè водат кон оф-шор компании и многу сложени шеми на преименувања фирми, адреси и сопственици, со што се добива впечаток дека некој сака да го скрие вистинското име на купувачот на локациите.

Според документите од катастарот, што беа презентирани од опозицијата, шест парцели од над 17 илјади квадратни метри на ова место се купени од три фирми: Ексико ДООЕЛ, КАРА и Сирах Инжинеринг. Секоја од нив има купено по две парцели. Најголемо земјиште поседува фирмата Сирах – повеќе од 11 илјади квадратни метри.

Шемата на оф-шор компаниите

Фирмата „Сирах Инжинеринг“ се наоѓа во Кисела Вода, на улицата „Димо Хаџи Димов“. На истата адреса живее и директорот на оваа фирма, Ристо Новачевски, кој, според податоците од Државната комисија за спречување на корупцијата, е член на Одборот на директори на АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост. Тој нема поднесено анкетен лист до комисијата за тоа колкав имот поседува.

Сопственик на Сирах Инжинеринг, според документите од Централниот регистер е Сирах Лимитед – компанија лоцирана во даночниот рај Белизе. Седиштето на оваа компанија е улицата 1 ½ Miles Northern Highway.

Доколку се погледнат документите од Централниот регистер, може да се види дека на оваа адреса се сместени повеќе македонски компании.

На истата адреса е сместена фирмата- сопственик на неделникот „Република“ како и фирмата Базики ЛТД.

Фирмата Базики ЛТД, пак, според документите од Централниот регистар, во 2011 година, заедно со фирмата „Ексико“ била еден од сопствениците на фирмата „Искра ММ“ (сегашна Комплекс Александрија ДООЕЛ). Подоцна, како еден од сопствениците на „Искра ММ“ фигурира и Цветан Панделески, кој е татко на Дејан Панделески – кумашинот на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

„Ексико“ е втората компанија која се јавува како купувач на две парцели на Водно, кои претходно биле наменети за спорт и рекреација, а подоцна, кога се менува Деталниот урбанистички план ставени се маркици за семејно домување.

Мегаломански афинитети на власта

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера обелодени дека ДУП-овите („Тасино Чешмиче“ и „Капиштец – Водно“) каде што се наоѓаат овие вредни парцели биле сменети само со цел „да се задоволат мегаломанските афинитети на премиерот Никола Груевски“.

Измените на двата ДУП-ови беа најавени уште пред локалните избори во 2013 година, а досени беа во летото минатата година, кога мнозинството од советот во општината Центар ја имаше опозицијата. Во тој период, претседавачот со Советот на општината од опозицијата, Мирослав Шиповиќ, беше уапсен и притворен за случајот „Машинопромет“, а подоцна пуштен да се брани од слобода. Откако беше пуштен, Шиповиќ гласаше „воздржан“ за носењето на измените на двата ДУП-ови, што беше доволно за тие да стапат во сила.

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски минатата година се спротивстави на носењето на двата ДУП-ови и случајот го поднесе пред Уставниот суд, кој се прогласи за ненадлежен.

Со тоа се отвори можноста за градење на овие локации, кои претходно биле наменети само за зеленило, спорт и рекреација.

Засега, на овие локации сè уште има шума и зеленило, иако на некои делови веќе е почнато со сеча на дрвјата.

http://prizma.birn.eu.com/мк/стории/кој-го-купува-вредното-земјиште-на-водно


http://libertas.mk/кој-го-купува-вредното-земјиште-на-вод/

3)
a)
(ВИДЕО) Со кои и какви пари Груевски ги купил овие огромни парцели?!


http://brif.mk/?p=179771

б)
(ВИДЕО) Гуштеров за скандалот со земјиштето на Водно во кој е вмешан Груевски: Се гледаше дека се работи за луѓе од врвот на власта

http://libertas.mk/видео-гуштеров-за-скандалот-со-земјиш/

в)
ВИДЕО Шилегов: Зошто Груевски се интересира за фирми од Белизе и Лугано?

http://www.plusinfo.mk/vest/18703/video-shilegov-zoshto-gruevski-se-interesira-za-firmi-od-belize-i-lugano

г)
ГАЛЕРИЈА Грабеж на државни плацеви на Водно во два чекора

http://www.plusinfo.mk/vest/18529/galerija-grabez-na-drzavni-placevi-na-vodno-vo-dva-cekora

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Груевски го ПРИЗНА криминалот  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Груевски го ПРИЗНА криминалот    Груевски го ПРИЗНА криминалот  EmptyПет 20 Мар 2015, 1:21 pm


Афера „Фамилијарно Водно“: Елитен рид по нарачка на Груевски

од НОВА објавено на: 16-03-2015

Пишуваат
Владо Апостолов
Сашка Цветковска

Улицата „Водњанска“ кај државната клиника води кон скопската елитна населба Водно. Ако тргнете оттаму кон Водно на самиот почеток на ридот ќе ве пресретне основното училиште „Кочо Рацин“. До нашата дестинација се стигнува доколку се појде нагоре, десно од училиштето. Пеш би стасале за 5 минути, а со автомобил за минута. Од двете страни на улицата ќе ве пречекаат убави вили и неколку резиденции на странски амбасади.

Наша дестинација е улицата „Питу Гули“, односно местото кадешто се наоѓа ридот кој со новиот урбанистички план наместо шума ќе стане населба. Штом ја одминете резиденцијата на американската амбасада и завртите лево ќе ве пресретне калдрместа, мала и тесна уличка кадешто своја резиденција има и британската амбасада, а староседелец е и амбасадорот на Македонија во Шпанија, Слободан Чашуле.

На крајот на уличката почнува ридот со кој вчера „пукна“ десеттата опозициска „бомба“. Претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференцијата пушти снимки од телефонски разговори меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а во коишто снимки, според обвинувањата на Заев, премиерот нарачува промена на деталниот урбанистички план на Водно, со цел да ја приграби земјата на ридот и да гради куќи, односно згради.

Заев ги обелодени и компаниите коишто ја купиле земјата, компании директно и индиректно поврзани со моќници од власта или од редовите блиски до власта. Една од компаниите е домашна „Кара“ која е дел од групацијата „Орка“ на бизнисменот Орце Камчев, додека другите две компании доаѓаат од земјите кои важат за даночни прибежишта за богатите - кантонот Лугано во Швајцарија („Ексико“) и Белизе во Централна Америка („Сирах лимитед“).

За прв со една од компаниите, онаа од Белизе, може да се поврзе и премиерот Никола Груевски бидејќи управител на фирмата од Белизе е неговиот кум од првиот брак, Ристо Новачевски.

На оваа фотографија може да се забележи каде започнува ридот. Во моментов нагоре има само шума. Доколку се оствари планот на премиерот, калдрмата на „Питу Гули“ ќе ја замени двонасочна улица за да можат сопствениците на резиденции и на згради да стигнат во своите домови на ридот. За да се изгради модерната улица ќе се одземаат делови од дворовите на староседелците, а нив и новите соседи од ридот ќе ги дели голем потпорен ѕид, за каков што премиерот зборува во снимките со министерот Јанакиески.

Откако ќе се пробие ридот и ќе се изградат патот и ѕидот, горе ќе има сосема нова елитна населба со мини згради од два ката и приземје, но и рекреативни и зелени површини за спорт и за одмор.

АНОНИМНИ ОФШОР-ФИРМИ ГИ КРИЈАТ ЛУКРАТИВНИТЕ ПОЛИТИЧКИ АГЕНДИ

„Ексико“ е веројатно најуспешната анонима компанија во Македонија, иако е формирана уште во далечната 2001 година. Денес како нејзин сопственик се води швајцарската „T&MJ Инвестмент СА“ - лоцирана во Лугано, а на истата адреса регистрирани се уште десетици други фирми. За прв пат името на фирмата во медиумите се појави во 2005 година, кога весниците објавија дека „Ексико“ и „Мала Богородица“ имале градежни активности под хотелот „Панорама“.

Во изминативе години „Ексико“ се јави како акционер во „Стопанска банка АД - Битола“, Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ и во познатата градежна компанија „Бетон“ АД - Штип. „Ексико“ свој удел има и во хотелот „Ибис“ кој се наоѓа во непосредна близина на скопскиот плоштад, веднаш до новото седиште на „Комерцијална банка“.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, лани на прес-конференција праша дали шефот на тајната полиција и братучед на Груевски, Сашо Мијалков, стои зад „Ексико“. Мијалков демантираше, најави тужба против Шилегов, меѓутоа досега никој не објасни чија е „Ексико“, ниту пак се појави нејзиниот вистински газда.

„Фокус“ минатата година пишуваше и дека „Ексико“ и познатата агенција за обезбедување СГС, делеле иста адреса.

„СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ“ ОД БЕЛИЗЕ

Последниве неколку години во Скопје основани се четири компании чиишто непознатни сопственици се лоцирани во средноамериканската земја Белизе, којашто во светот е позната како офшор-дестинација, држава со ниски даноци и место кадешто може комплетно да се сокрие сопствеништвото на одредена фирма. Токму затоа никој во Македонија не знае кои се сопствениците на овие четири компании.

Она што со сигурност се знае е дека нивните газди се лоцирани на иста адреса во Белизе сити (1 ½ „Мајлс нортен хајвеј) и тоа најверојатно е некаква адвокатска канцеларија.

Ова се четирите компании и нивните бизниси во Скопје:

1. „Базики лимитед“
[Искра ММ - станбен комплекс кај фабриката ФАС 11 Октомври]

„Базики лимитед“ од Белизе заедно со уште една компанија и со еден бизнисмен ја поседуваа градежната компанија „Искра ММ“. Покрај „Базики лимитед“ во „Искра ММ“ како сопственик се јавува бизнисменот Цветан Панделески, инаку татко на Дејан Панделески - кумашинот на министерот за транспрот и врски Миле Јанакиески. Панделески е извршен директор во АД Пелистерка. И покрај „Базики лимитед“ и Цветан Панделески во „Искра ММ“ како партнер се јавува и фамозната фирма со швајцарски капитал од Лугано - „Ексико“.

„Искра ММ“ во медиумите се најавуваше како инвеститор на голем станбен комплекс во скопска Гази Баба, во непосредна близина на поранешната фабрика за автобуси ФАС 11 Октомври. Опозицијата во 2011 година обвинуваше дека изградбата на овој објект, меѓудругото, е една од причините зошто власта го рушеше „Космос“ на Фиат Цаноски.

2. „Иресине лимитед“
[Портал и неделник „Република“]

„Иресине лимитед“ од Белизе преку фирмата „Прва Република“ стoи зад порталот republika.mk и зад неделникот „Република“. Не се знае кој е сопственик на „Иресине лимитед“, а тоа досега не го откриле ниту генералниот директорот на „Прва Република“ Доне Доневски, ниту пак маркетинг директорот на оваа фирма, Стојан Георгиевски - Тото.

3. „Игра инвест лимитед“
[Спортски центар „Јане Сандански“ и Хотел Русијa]

„Игра инвест лимитед“ од Белизе е газда на кипарската компанија „Бет сити лимитед“ која стоеше зад изградбата на новиот спорстски центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ во скопски Аеродром. Во јавноста, како сопственик-концесионер на овие објекти беше презентиран рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, меѓутоа тој одбива да објасни која е фирмата од Белизе.

4. „Сирах лимитед“
[Плацеви на Водно од 11.000 метри квадратни]

„Сирах лимитед“ е компанијата од Белизе за којшто лидерот на СДСМ, Зоран Заев тврди дека поседува две катарстарски парцели во парк-шумата Водно кои заедно се простираат на повеќе од 11.000 метри квадратни. Според Заев управител на „Силмах лимитед“ е кумот на Груевски од првиот брак, Ристо Новачевски, чија сестра била и најверојатно сѐ уште работи во кабинетот на Никола Груевски.

КАКО ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА ИЗГУБИ БИТКАТА ЗА РИДОТ

Но, што всушност говори Груевски во снимките? Според Заев, тој и министерот Јанакиески во разговорите ја заговараат промената на урбанистичкиот план. Овој детален урбанистички план досега е менуван повеќе пати. Околните жители ја раскажуваат историјата на ридот. Според нив, уште во раната историја на Југославија, федералните служби посакале на ридот да градат резиденции за амбасади.

По извршените мерења и анализи службите заклучиле дека градењето е неможно и опасно поради лизгавиот терен. Па така, местото останува да биде шума. Првиот политичар кој фрлил „око“ на ридот е токму Љубчо Георгиевски во времето кога е премиер, раскажува жител кој што сака да остане анонимен.

Силниот отпор на мештаните и замешувањето на локалната самоуправа го спасува ридот од планот да стане населба. Во тоа време, сепак се прави одредена промена, па во урбанистичкиот план наместо шума се предвидува маркица за спортско-рекреативни површини.

Парцелата своевремено ја „меркаше“ и кошаркарот Пеце Наумовски кој стига дотаму да почне и да ја сече шумата, што се уште е видливо, но го спречува поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.

Последната и најдраматична промена е направена минатата година на контроверзната седница на Советот на општина Центар по аспењето и по ослободувањето на претседателот Мирослав Шиповиќ. Промените во планот кој предвидува населба се нацртани кон крајот на мандатот на поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, но по победата на Андреј Жерновски во Центар планот не стига до гласање. Тогаш опозициските советници на општина Центар ја напуштија седницата и останатите членови го изгласаа деталниот урбанистички план.

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски тврдеше дека Законот го обврзува да ги потпишува сите одлуки на Советот и дека тој бил немоќен да го спречи носењето на Деталниот урбанистички план. Тој целата постапка ја обжали на Уставниот суд бидејќи тврдеше дека урбанистички планови се носат единствено со мнозинство гласови од сите советници, а не само од присутните советници. Уставниот суд досега не се произнесе за иницијативата.

Груевски демантира: Немам земја, тоа се лаги и измислици

Најостро ги демантирам, како целосно невистинити, наводите изјавени од Зоран Заев за тоа дека наводно сум купувал градежни плацеви и дека наводно сум сопственик на било каков плац, или пак на било каков начин поседувам имот надвор од оној кој е пријавен во мојот анкетен лист, кој е јавно објавен. Овие наводи се целосно измислени и невистинити.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=20&vest=20968

Вратете се на почетокот Go down
 
Груевски го ПРИЗНА криминалот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: