ФОРУМОТ Е НАШ
До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците Empty
ПишувањеПредмет: До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците   До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците EmptyСаб 04 Апр 2015, 9:46 pm

До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците

Гледаме дека нее само ДПМНЕ изамничка организација која лаже дека остварила некакви ветувања туку со оваа тема ќе разгледаме и ветувања кој ДУИ ги ветувал а ете ги излажал Албанците во Македонија .И не само тоа туку во последно време може да се примети дека ДУИ одлично ја копира ДПМНЕ со применување тактика да им се загорчи животот на Албанците .Добар пример за тоа во моментов е министерот за образование кој бега од студентите и среднишколците нема храброст да се соочи со нив .Тука е и специјалноста на Груевски за хиперпродукција на казни , глоби , 24/7 измислување нови и нови даноци давачки итн улавштии од кој не се погодени само Македонците туку и Албанците и сите други граѓани на Макеоднија .Од огромниот криминал на Груевци Мијалковци и остала криминална банда не се само Македонците принудени да бегаат во странствоо туку и Албанците .
Итн
итн

1)
Каде е ветувањето на ДУИ за зачленување во ЕУ и НАТО ?
Груевски никогаш и немал таква намера .Сега дури заговара со Господинот Смрдосав Кременадлович Ѕинго од Социјалистичка партија некакво зачљенуење у Саветсќио Савез .

а)

На ајдукот Груевски веќе секако никој не му верува во странство после безбројните лаги и неодржани ветувања .Македонија е практично во меѓународна изолација поради Груевски и злосторничкото здружение ДПМНЕ .


Еуроактив: Меѓународната заедница не му верува на Груевски

Објавеново 03 април 2015

Претставници на ЕУ во Македонија, ја обвиниле владата на Груевски дека земјата ја води во катастрофа, барајќи од власта и од опозицијата, да се договорат за решение со кое ќе се спречи експлозија во оваа балканска држава. Сепак, тие признаваат дека ваквиот дијалог тешко дека е возможен, објавува Еуроактив.

Двајца високи функционери, претставници на ЕУ и посредници при донесување одлуки во врска со Македонија, вчера пред неколкумина луѓе изјавиле дека владата на Груевски ја води земјата во катастрофа. Тие побарале да не се именувани со цел да можат слободно да се изразат.



Неверојатна недоверба

Еден од функционерите го опишале како „неверојатно” нивото на недовербата во малата балканска земја, откако протекоа прислушуваните разговори што открија ужасен непотизам, корупцијата, местење на изборите и автократски практики.

Македонските политички партии најверојатно нема да најдат начин да се вклучат во конструктивен дијалог, или во било каков вид на дијалог, изјави еден од двајцата претставници, мислејќи на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Груевски и на социјалистичката опозиција, предводена од Зоран Заев.

ЕУ треба да бидат вклучени во олеснувањето на таков дијалог, додаде тој, објаснувајќи дека обидот ќе трае две недели за да се види дали страните се подготвени да го креираат „нивниот придонес кон компромисот”.

Неприфатливо е натамошното одложување на почетокот на преговорите. Тоа не е морално, тоа е крајно глупаво, рече тој.

Разликите се многу длабоки, недовербата е неверојатна, непријателството е многу силно и постојат сите видови закани, додава соговорникот, навестувајќи дека улогата на ЕУ во обидот да се најде политичко решение нема да биде лесна.

Македонија веќе помина многу драматичен период, рече тој, мислејќи на вооружениот конфликт меѓу албанската Ослободителна национална армија и македонските безбедносни сили, кој беше запрен од страна на западните сили со посредство на Охридскиот рамковен договор од 2001 година.

Тој предупреди дека во одредена ситуација, кога нема да има конкретната европска перспектива, овој меѓуетнички конфликт би можел да експлодира во многу сериозен судир.

Европскиот претставник исто така, рече дека е веројатно Европската комисија овојпат да не предложи започнување на преговорите за пристапување. Во својот Извештај за напредокот во 2013 и 2014 година, Комисијата препорача да се отворат такви преговори, но оваа препорака не беше усвоена од страна на Советот, заради „спорот со името” со Грција.

Претставникот, исто така, изјави дека политичката елита во земјата треба да биде свесна дека Македонија може да доживее неуспех со следната препорака за ЕУ. Извештаите се обично се даваат на есен.



Владата на Груевски под оган



Другиот официјален претставник беше уште подиректен и покритичен кон владејачката партија, која, според неговите зборови, „ја игнорира важноста на политичкиот дијалог”.

Тој ја обвини владата на Груевски за напад врз слободата на медиумите, се наведува дека според индексот на слобода на медиуми на Репортери без граници, Македонија се симна од 34. место на 134. место, веднаш над Ангола.

Тој го осуди насилството во земјата на 24 декември 2012 година, кога сите опозициски пратеници беа избркани од Собранието, заедно со новинарите.

За многумина во ЕУ, тоа беше црвената линија во однос на демократскиот процес, рече тој, додавајќи дека мисијата од страна на тогашниот комесар за проширување Штефан Фуле била испратена и даде извештај, кој бил целосно игнориран од страна на владејачката партија.

Претставникот изјавил дека нема многу надеж за ова медијација, но рече дека вреди да се обидат.



Недостаток на политичка култура



Функционерите зборуваа за „недостаток на политичка култура” и „недостаток на зрелост”, која, според нив, е крајно сериозна со оглед на меѓуетничка димензија. Тој се осврна на поновиот македонски закон за одобрување полицијата да користи гумени к*ршуми против демонстрантите, кои дури и Северна Ирска ги исклучи за време на т.н. „проблеми” меѓу 1968 и 1998 година.

Ноиот предлог-закон е директно насочен против албанското малцинство, рече тој, нарекувајќи го „уште еден нож во грб на меѓуетничките односи”. Тој објасни дека тој не е донесен поради помалиот коалициски партнер кој одбил да го прифати.

- Но, ова е уште еден пример на недостаток на чувствителност на владејачката партија кон меѓуетничките прашања и кон пошироката ситуација - изјави функционерот.

Во однос на скандалот со прислушувањето, тој изјави дека во секое нормално општество, Владата би поднела оставка. „Но, тоа не е нормално демократско општество”, додаде тој.

Тој рече дека владата на Груевски продолжува да ги негира откритијата на прислушувањето, велејќи дека се дело на странски разузнавачки служби.

Функционерот изјави дека никој во меѓународната заедница не му верува за таквото тврдење и објаснува дека тоа е стандардна практика за Груевски да се повика на странските разузнавачки информации, вклучувајќи го и случајот кога се уапсени повеќе од 15 лица, меѓу кои и шефот на кабинетот на претседателот на Собранието, за наводна шпионажа.

Тој објасни дека тоа е начин за владата да го одвлече вниманието од содржината, пред да се навратиме на содржината на прислушуваните содржини.

Тој ги нарече прислушуваните разговори, за кои веќе има превод – „апсолутно ужасни”. Тој рече дека јазикот што се користи е со „расистичкиот тон” и со „фанатичен тон”, без разлика дали станува збор за ромските гласачи, а начинот на кој министерот за внатрешни работи зборува за ромските гласачи во разговорот со шефот на безбедност кој е братучед на премиерот, е „ништо помалку од расистички”.

Меѓу другите примери тој ги посочува „валкани трикови за местење на изборите, какви што би се правеле во Чикаго, 1930 година”, како и откритија за мито од тендерската постапка, од кои најбесрамна е со кинеските компании, за кои Груевски зборува како за „жолтите луѓе”.

“Тој [Груевски] зборува за 15 милиони евра мито за секој од договорите, а најновите откритија се однесуваат на мито на шефот на безбедност добиени од израелските разузнавачи”, изјави тој, осврнувајќи се на опремата за прислушување која беше продадена на Македонија од страна на Израел.

Функционерот рече дека имало и референци на именувања на судии. „Што и да спомнете – се’ е таму”, рече тој, додавајќи дека сите гласови се многу препознатливи и дека ниту еден од прислушуваните не ја негираше нивната автентичност.

Дипломатите за Еурактив изјавија дека ЕУ треба да се обиде да изврши притисок врз Груевски да прифати привремена влада со мндат од една година за да подготви фер избори.

Друга идеја е дека треба да се назначи специјалнен претставник на ЕУ додека демократски не се избере нова влада“, објави Еуроактив.

http://www.plusinfo.mk/vest/20949/euroaktiv-megjunarodnata-zaednica-ne-mu-veruva-na-gruevski-




б)

Фуере: Во 2005 бевте пред вратите на ЕУ, еуфоријата заврши во 2006
Објавеново 28 март 2015


Ерван Фуере од денешниот тематски конгресот на ДУИ, каде учествува како гостин, упати јасна порака, пишува Репортер.

- Се сеќавам кога дојдов во Македонија во 2005 година. Кога бевте пред другите земји, со кандидатски статус за членство во ЕУ. Но, еуфоријата за интеграцијата траеше до изборите во јули 2006 година - рече Фуере.

http://www.plusinfo.mk/vest/20110/fuere-vo-2005-bevte-pred-vratite-na-eu-euforijata-zavrshi-vo-2006

в)

НАТО изрази загриженост за политичките збиднувања во Македонија

од НОВА објавено на: 03-04-2015

НАТО е загрижен за политички збиднувања во земјава, поради што шефот на канцеларијата во Македонија, Рубен Радев бара итно решавање на проблемите и фокусот да се стави на главните предизвици кои ги потенцираше и секретарот Столтенберг на последната средба со премиерот Груевски.

„Недостигот на политички дијалог, немањето доверба во владеењето на правото и недостиг на слобода на медиумите се предизвици кои треба да се надминат, бидејќи овие вредности се во срцето на ЕУ заедницата. Сите политички сили во земјава да делуваат одговорно, да се вклучат во конструктивен дијалог и да се фокусираат на политичките и економските реформи кои се потребни за прогрес на државата во евроатланската агенда“, изјави Румен Радев, шеф на канцеларијата на НАТО во Македонија.

Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет повика на поголемо вклучување на меѓународниот фактор за надминување на кризата.

„Ние уште еднаш бараме да ни подадат рака НАТО, ЕУ и САД како стратешки партнери, преку посредници да ни помогнат уште овој пат за да излеземе од политичката криза. Никој нема право на граѓаните на Македонија да им ја загрози евроатланската перспектива“, рече Исмет Рамадани, претседател на Евроатланскиот совет на Македонија.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21398

г)
(Видео) Интервју Фуере: Прекршена е Виенската конвенција

Поранешниот евроамбасадор, Ерван Фуере смета дека со прислушувањето е прекршена Виенската конвенција и приватноста на дипломатските претставници. Во интервјуто за Телма, Фуере се осврнува и на политичкиот дијалог и излезот од политичката криза. Со евроамбасадорот разговараше Марија Дивитарова Савановиќ.

http://www.telma.com.mk/vesti/video-intervju-fuere-prekrshena-e-vienskata-konvencija



2)
ДУИ не само што прифаќа туку активно учествува во создавање тоталитарно мафијашко општество.

Фуере: Зошто ДУИ молчи за авторитарното владеење на ВМРО-ДПМНЕ?

Објавеново 28 март 2015

Ароганцијата со која владечката партија ја наметна својата тесна партиска идеологија стана толку убедлива што Македонија е во опасност да ја загуби сопствената душа”, рече поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере на денешниот тематски конгрес на ДУИ, јави Нова ТВ.

Тој праша, што правеше ДУИ во владата во овие седум години, констатирајќи дека партијата на почетокот имала смирувачко влијание врз своите партнери во владата и се обидела да игра конструктивна улога околу спорот со името.

- Но, во други моменти, во однос на слободата на медиумите, околу важноста на политичкиот дијалог, околу изградбата на консензус и почитувањето на демократските процеси, ДУИ чудно молчеше. Жал ми е што морам да бидам вака искрен. Но секогаш сум бил искрен со своите пријатели и сум им ја кажувал вистината - рече тој.

Пред членството на ДУИ, Фуере истакна дека да се биде дел од коалиција е еден вид тест и бара компромис но и храброст.

- Молчењето може да значи дека се работи зад сцената и јавноста за да се влијае на одлуките на владата. Но, молчењето може исто така да значи одобрување и прифаќање на волјата на посилниот коалициски партнер. За жал, на неколку пати кога се надевавме да ја видиме ДУИ како ги брани демократските процеси, особено кога ВМРО-ДПМНЕ продолжуваше со своето авторитарно однесување и одбиваше да чуе различни мислења, ние сите бевме многу разочарани - критички настапи Фуере на партискиот конгрес, каде е поканет да учествува како гостин.


http://www.plusinfo.mk/vest/20152/fuere-zoshto-dui-molci-za-avtoritarnoto-vladeenje-na-vmro-dpmne

3)
Што подобрило ДУИ со своето учество во власта за стандардот на Албанците .?

ЛДП: Македонија во натпревар со Косово за најниска минимална плата во регионот

27-03-2015

Либерално-демократската партија со загриженост го следи постојаниот пад на животниот стандард на граѓаните на Р.Македонија. Во таа насока поразителен е податокот на Европската статистичка служба „Еуростат“, според кој Македонија се наоѓа на самото дно во регионот, а со тоа и во Европа според висината на минималната плата.

“Податоците на „Еуростат“покажуваат дека минималната плата во Македонија е 131 евро , или засрамувачки, само едно евро повеќе од минималецот на Косово. Сите останати земји од регионот, Албанија(149), Бугарија(184), Србија(174) ,Црна Гора(191) и Босна и Херцеговина (191) имаат повисоки минимални плати од Македонија. Она што е поразително е тоа што минималната плата во Хрватска од 396 евра е повисока и од просечната плата во Македонија која изнесува 350 евра”, изјави во денешната прес конференција, портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ.

Според Јаневиќ, после 9 години владеење, владата на ДПМНЕ изразува неспособност за обезбедување пристојни месечни примања, како и за достоинствен живот на граѓаните на Р. Македонија. Наместо денеска Македонија да се споредува со некоја западно-европска земја, ние сме “заковани“ меѓу најмизерните држави на Балканот.

Ако на овие катастрофални економски последици се додадат и криминалните афери во кои тоне владата, тогаш поднесувањето колективна оставка е најпатриотскиот чин што може да го направи оваа владеачка структура.

“ЛДП, уште еднаш јавно ги повикува премиерот Груевски и неговите министри да си поднесат оставки и да дозволат формирање на преодна Влада која ќе создаде услови за нормален изборен процес во Р. Македонија“, порача Јаневиќ.


http://libertas.mk/лдп-македонија-во-натпревар-со-косово/

4)
ДУИ прифаќа одговорност со ДПМНЕ дека и таа е инволвирана во мањачењето луѓе заедно со Мијалков и компанија .

(ВИДЕО) Фуере: Во нормални демократски општества, Владата веднаш си поднесува оставка по ваква афера


28-03-2015

Во нормални демократски општества, Владата по афера како што е со прислушувањето си поднесува оставка, порачува екс евроамбасадорот Ерван Фуере во интервју за 24 Вести. Фуере тврди дека по обелоденувањето на телефонските разговори Jавното обвинителство нема кредибилитет да ги процесуира случаите, затоa треба и Зврлески да даде оставка.

http://libertas.mk/видео-фуере-во-нормални-демократски-о/


4 PRASANJA 5 ODGOVORI SO ERVAN FUERE 28 03

https://www.dailymotion.com/video/x2kx45h_4-prasanja-5-odgovori-so-ervan-fuere-28-03_news?start=0

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците Empty
ПишувањеПредмет: Re: До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците   До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците EmptyЧет 04 Јун 2015, 9:15 am

Абе инцидент во Куманово не беше толку протв македонците колку против Албанците .
Се знае дека Груо ја продолжува политиата на брат му Љубчо за распарчување на Македонија .Само овој пат се оди на посигурна варијанта прво се разоруват државните институции како македонците не би се бунеле а се смета дека ДУИ ( и ДПА) ќе ја среди работата со Албанците .
Според планот за поделба на Македонија Албанците од Куманово и Кумановско треба да се иселат од тие краеви .Нели Албанците ги добија Струга и Кичево и би се направила размена на население според планот на Љубчо .Ваква размена на население Грците веќе го правеле со Бугарија и Турција.За делот кој треба да и припадне на Србија неопходен им е чист приод од Кумнаново (бидејќи од Косово неможат ).Како што помиува време станува јасно дека зад инцидент во Куманово стојат ДУИ и ДПМНЕ кој само го продолжуваат тоа што Љубчо го започна .
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците Empty
ПишувањеПредмет: Re: До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците   До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците EmptyПон 08 Јун 2015, 11:46 am

Како што веќе кажав намерите на ДПМНЕ и ДУИ ( и ДПА ) во Куманово небиле само запирање на објавувањето на “бомбите” на Заев , прекинување на протестите на опозиција , предизвикување на меѓуетнички конфликт туку многу повеќе од тоа спроведување на замисла на Љубчо Георгиевски за поделба на Македонија и размена на население .Знаеме дека ДПМНЕ и од бомбите на Заев се потврди дека сорабoтувале со ДУИ да ги добие Кичево и Струга .

Според кој аргументи се раководам за еден ваков заклучок :

Делот според кој има несомнени докази дека ДПМНЕ цело време биле во контакт со Албанските терористи ќе го прескокнеме оти е премногу разјаснет нема потреба да се повторува .

1)

За разлика од конфликт 2001 година кога ОНА пред се војуваше со македонски безбедносни сили со некаков минимален број цивилни жртви овој пат и според МВР како што кажа Иво Котевски и според избегани криминалци –терористи на Косово целта не била толку да се војува со безбедносни сили туку да вршат МАСОВНИ ЗЛОСТОРСТВА врз ЦИВИЛНО НАСЕЛЕНИЕ да се изврши геноцид врз макеоднците од Куманово и Кумановско .

2)

Но ова би бил само повод да отпочне таква крвава војна оти за кратко време Албанците во Куманово и Кумановско ќе дошле до заклучок оти нивните позиции се неодржливи па дека ќе мора комплетно да се иселат од тие краеви .Тоа е разбирливо оти било стапица за нив па за кратко време Српските вооружени сили се најдоа на граница со Макеоднија .После кратко време Албанците со такви злостроства извршени врз македонците повеќе не ќе можеле да се повикуваат на некакова несразмерна употреба на сила или човекови права и слично.Тоа би била кланица и комплетно етничко чистење .

3)

Нее спорно дека ваквиот план има-л поддршка од ДУИ и ДПА кој биле и се “верни до гроб “ на Мијалковци -Груевсци

Еден од терористите што се предаде во „бомбите“ разговара со Мендух Тачи
Објавеново 10 мај 2015

Сами Укшини, т.н. командант Соколи, еден од тројцата лидери на вооружената група кои се предадоа синоќа, бил дел од прислушуваните и објавени разговори, објави Алсат-М телевизија.

Во овој разговор Сами Укшини комуницира со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, со кого најверојатно е во пријателски односи.


http://www.plusinfo.mk/vest/25354/eden-od-teroristite-shto-se-predade-vo-bombite-razgovara-so-menduh-taci

Еден од уапсените терористи бил бодигард на Ахмети после 2001 година
Објавеново 10 мај 2015

Македонските медиуми известуваат дека Сами Укшини познат како командант Соколи, Бег Ризај, Дем Шеху, и Мухамет Краниќи – Командат малишева, се четворицата косовари кои во сабота се предале на македонската полиција, после 16 часа борби во Куманово.

Lajmi.net и Shqipmedia.com ги објавија нивните биографии:

Дем Шеху, од Дечани, учествувал во војанта на УЧК на Косово, но и во војната во Македонија 2001. После војната во Македонија бил бодигард на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Често бил виден и со други функционери на оваа партија.

Бег Ризај, бил војник на УЧК во зоната на Дукаѓин во Косово. После војната на Косово бил бодигард на Рамуш Харадинај.

Сами Укшини- Командат Соколи, потекнува од семејство во Морина, Ѓаково. Неговото семејство било база на УЧК, УЧПМБ и УЧК-Македонија. Сами Укшини учествувал во војната во Македонија во регионот на Липково.

Мухамет Красниќи - Командант Малишева, е од Малишево, Косово. Бил во УЧК во косово а во 2001 и во Македонија.

http://www.plusinfo.mk/vest/25343/eden-od-uapsenite-teroristi-bil-bodigard-na-ahmeti-posle-2001-godina

4)

Тоа дека се било испланирано во детали и долго време подготвувано е јасно оти се мислело дека Македoнска полиција во почеток да претрпи пораз а потоа терористи да извршат ѕверства врз цивилно население по што веќе не би имало враќање назад ќе морало да има фингиранавојна со цел етничко чистење.

Митевски: На околу 50 отсто од полицајците ова им била прва акција и биле ставени во ситуација да гинат во самите возила на влезот од населбата

12-05-2015

Имам информации дека на околу 50 отсто од безбедносните сили ова им била прва акција и се ставени во таква ситуација да гинат во самото возило на влезот од Дива населба, вели поранешниот директор на безбедносните служби во МВР и полициски генерал Горан Митевски кој за „А1ON“ ги толкува случувањата во Куманово и нивната поврзаност со политичката криза во Македонија.

Според него, МВР не фати терористи, туку платеници со криминални досиеја кои не претставувале закана за Македонија и за регионот, туку дека се осмислено и испланирано донесени во Куманово. Митевски вели дека по ова ќе биде погубно за земјава доколку Груевски не потклекне на притисокот од меѓународниот фактор да поднесе оставка и да дозволи формирање на техничка Влада.

http://libertas.mk/митевски-на-околу-50-отсто-од-полицајци/


(ИНТЕРВЈУ) Митевски: Неискусни полицајци биле ставени во ситуација да гинат во самите возила на влезот од Дива населба

http://a1on.mk/wordpress/archives/489108

Професорот Драги Рашковски со прашања до МВР за акцијата во Куманово

10-05-2015

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Драги Рашковски, преку својот Фејсбук профил постави неколку прашања до МВР:

Доколку МВР имала оперативни сознанија дека групата е влезена од соседна земја значи дека таа ги следела и допуштила да се стационираат во населено место и тоа вториот по големина град во Македонија. Дали е ова нормална полициска тактика?
Доколку МВР знаела дека крајна цел на таквата група е напад на државни институции, нека одговори МВР кои државни институции ги има во Куманово?
Доколку нивна цел на напад биле државни институции во Скопје, дали не е логично да се пресретнат на пат од Куманово до Скопје?
Дали нападот на таквите групи во населено место каде и самото МВР вели дека е ризично за полицајците поради тесните улички е изложување на висок ризик?
Доколу МВР не почнала со акцијата, според нивните оперативни сознанија дали терористите ќе го нападнеле локалното население во Дивје насеље каде живее претежно албанско население?

Што според МВР ќе се случело доколку не ги нападнеле терористите таа ноќ?

Дали МВР направи погершна оперативна тактика а се должи на квалитетот на вработувањата и унапредувањата за кои народот слушна?

http://libertas.mk/професорот-драги-рашковски-со-прашањ/

5)

Пропагандата долго време била подготвувана за Кумановскиот настан

ВИДЕО Љупчо Златев од Сител ги повикува четниците - Ајмо брачо!



http://www.plusinfo.mk/vest/25352/video-ljupco-zlatev-od-sitel-gi-povikuva-cetnicite--ajmo-braco


https://www.youtube.com/watch?v=qEKfFALXk1o

ВИДЕО: Канал 5 прекина интервју со Максим Димитриевски кога побара оставки од Груевски и од Јанкулоска


http://a1on.mk/wordpress/archives/488770



Прекинато интервју Канал 5 Максим Димитриевски јавно побара оставка од Груевски и Јанкуловкса

https://www.youtube.com/watch?v=HfwklJrs3Es

Вајгл: Џихад и Голема Албанија стојат зад колежот во Куманово!


http://faktor.mk/2015/05/25/vajgl-dhihad-i-golema-albanija-stojat-zad-kolezhot-vo-kumanovo/

Сите грешки на владината пропаганда за кумановскиот инцидент

11-05-2015

Пропагандната машинерија на Владата целосно потфрли во спинувањето на фактите и криењето на вистините за кумановската полициска акција. Уште од самиот почеток, во сабота наутро, МВР немаше никакви официјални информации, иако веќе наголемо се шпекулираше дека има загинати.

Иво Котевски одржа прес-конференција попладнето и не потврди дали има загинати или не, но затоа АМЕРИКАНСКАТА амбасада ВЕЌЕ ИМ ИЗРАЗИ СОЧУСТВО на семејствата на загинатите полицајци.

Само ова видео е погледнато од рекордни 500.000 различни гледачи за 48 часа на Фејсбук, а со тоа стана најгледаното on-line видео во историјата на Македонија. За споредба, прес-конференцијата на Груевски има 20.000 гледања, иако спонзорирано кружеше по социјалните мрежи.

Потоа, Генералот Илија Николовски беше поканет да даде изјава на линк на Канал 5 и на чудење на сите, започна остро да ја критикува акцијата на МВР. Еве накратко што изјави Генералот:

Овде можете да го погледнете целото видео:

Во неделата вечер, откако премиерот го пофали односот на кумановскиот Градоначалник, Канал 5 повторно киксна. Во директен линк во живо го повика Претседателот на Советот на Општина Куманово Максим Димитриевски. Во моментот кога Димитриевски започна да бара одговорност од МВР и Владата, Канал 5 најгрубо го цензурираше во сред реченица и го прекина разговорот.

Повторно, и ова видео за помалку од 24 часа стана толку популарно што почна да се искачува над бројката од 100.000 гледања, неколкукратно повеќе од изјавите на Котевски, Јанкуловска и Груевски.

За тврдењата дека се работи за успешна и добро осмислена акција, најмногу говори фактот што 8 полицајци го изгубија својот живот, десетици се повредени, илјадници цивили беа привремено раселени, а штетите од акцијата по имотот на граѓаните од Диво Насеље сеуште не се проценети, но се очекува да бидат огромни. Но, најголемо потфрлување имаше владината пропаганда која што не успеа да разгори меѓуетнички оган и единствено поттикна гнев, а потоа и исмевање кај граѓаните.

http://libertas.mk/сите-грешки-на-владината-пропаганда-з/

6 )

Но нешто тргнало наопаку .

Во претходна точка 5 се гледа дека Американците цело време ги прателе Груевци –Мијалковци што прават па овие добиле ........”неочекуван телефонски повик од Западна амбасада “

Сите грешки на владината пропаганда за кумановскиот инцидент

11-05-2015

Пропагандната машинерија на Владата целосно потфрли во спинувањето на фактите и криењето на вистините за кумановската полициска акција. Уште од самиот почеток, во сабота наутро, МВР немаше никакви официјални информации, иако веќе наголемо се шпекулираше дека има загинати.

Иво Котевски одржа прес-конференција попладнето и не потврди дали има загинати или не, но затоа АМЕРИКАНСКАТА амбасада ВЕЌЕ ИМ ИЗРАЗИ СОЧУСТВО на семејствата на загинатите полицајци

Итн
http://libertas.mk/сите-грешки-на-владината-пропаганда-з/

Операција Шах-Мат: На Мијалков и Јанкуловска им биле ПРЕДОЧЕНИ СНИМКИ ЗА КОНТАКТИ СО КРИМИНАЛЦИТЕ во Куманово

12-05-2015

Вечерашните серија oставки на министри и, пред се, на најмоќниот човек во државата, братучедот на премиерот, директорот на УБК ја изненади јавноста. Според дипломатски извори оставките ги убрзал состанокот на министерката Јанкулоска и шефот на УБК, Мијалков во Американската амбасада во Скопје.

Нашите извори тврдат дека на двајцата на состанокот им биле дадени снимки од телефонски контакти од страна на вработени во УБК со криминалците предводени од командант Нато и неговата дружина.

Од телефонските разговори кои им ги дале наводно се докажала вмешаноста на УБК која влегла во преговори со групата која го направи крвавиот пир во Куманово.

Албанци вработени од УБК контактирале телефонски со бандите, пренесувајќи дека по директна наредба на директорот ги прашуваат што бараат да се повлечат.

– Практично МВР влегла во преговори со нив -вели нашиот извор.

Паралелно со ова и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во договор со коалициските партнери побарал помош од ОБСЕ да извлечел наводно тројца негови кои биле во бандите и се впуштил во преговарање со нив.

– И него денеска на средбата во Американската амбасада – тврди нашиот извор – му било кажано дека меѓународната заедница преку тие снимки знае за инволвираноста на владата во случувањата во Куманово и дека крвавата операција МВР ја започнала откако на терен веќе
почнале да и гинат нејзини припадници.

– Оставките вечерва – вели нашиот дипломатски извор – се логични по денешните соочувања на амбасадорите со нашите функционери.

Нашиот извор не открива дали очекуваат брза оставка и од премиерот Груевски кој, според него, знаел за контактите со криминалците на неговиот братучед.


http://libertas.mk/операција-шах-мат-на-мијалков-и-јанкул/

Јанкулоска и Мијалков повикани на рибање во западна амбасада
Објавеново 12 мај 2015

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на УБК, Сашо Мијалков, вчера БИЛЕ ПОВИКАНИ ВО ЕДНА ЗАПАДНА АМБАСАДА во Скопје, каде им биле пренесени директни пораки во врска СО НИВНИТЕ АКТИВНОСТИ и актуелните случувања во земјава, дознава Плусинфо.

Како што неофицијално дознаваме, двајцата фунционери од власта биле строго предупредени да не организираат било какви протести што може да предизвикаат насилство и добро да ги послушаат пораките што неколку часа претходно ги испратија амбасадорите во Скопје по средбата со премиерот Никола Груевски.

Амбасадорите на САД, Франција, Италија, Велика Британија, Германија и Европската Унија изразија сериозни сомнежи за посеветеноста на Владата на демократските принципи и вредности. При заедничката изјава, дадена по средбата, американскиот амбасадор Џес Бејли испрати апел до сите што учествуваат на протестите да се воздржат од насилство, а тоа, како што рече, се однесува и на демонстрантите и на полицијата.

http://www.plusinfo.mk/vest/25494/jankuloska-i-mijalkov-povikani-na-ribanje-vo-zapadna-ambasada




7)

Имаме прекин на акцијата во која Полицијата требала да билде поразена од терористите според планот на Мијалковци-Груевсци –Ахметоци-Тачиевци

Имаме невешто обвинување од пропагандата за префлање на вината врз опозицијата и странскот фактор .Од таму се гледа дека и Ѓорѓе Иванов бил дел од планот на Љубчо Георгиевски за распарчување на Макеоднија

„Цивил“: Скандалозно, Иванов обвини дека меѓународниот фактор е одговорен за трагедијата во Куманово
Објавеново 11 мај 2015

„Советот за безбедност што го свика претседателот открива нови контроверзи, наместо да ги разјасни. Претседателот Иванов, во својата изјава по одржувањето на седницата на Советот за безбедност, ОТВОРЕНО ПРИЗНА ДЕКА ЗНАЕЛ за движењето на вооружената група веќе ПЕТ МЕСЕЦИ . Тој, во својата изјава, скандалозно, речиси експлицитно ја обвини целокупната меѓународна заедница, ЕУ, НАТО и други, дека се одговорни за оваа трагедија. Ги повикуваме сите учесници на седницата на Советот за безбедност да одговорат дали ги поддржуваат обвинувањата на Иванов“, соопшти „Цивил“.

http://www.plusinfo.mk/vest/25418/civil-skandalozno-ivanov-obvini-deka-megjunarodniot-faktor-e-odgovoren-za-tragedijata-vo-kumanovo


Генерал Николовски: Сакаат да ја фрлат вината врз опозицијата, а нејзе најмалку ѝ одговара инцидентот во Куманово

Nikolovski 11 05 2015

https://www.youtube.com/watch?v=FnHsZd1-0yo

8)

Но меѓународната заедница бара независна истрага не само за бомбите туку и за Кумановските случување .

Хан: Да се утврди кој е одговорен за настанот во Куманово
Објавеново 11 мај 2015

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан изјави денеска во Брисел дека има три пораки за Македонија.

- Прво, сите сме загрижени поради тоа што се случи во текот на викендот. Второ, бараме од сите кои се инволвирани во ова, партии и страни, да соработуваат за да се расветли што се случило и кој одговорен. Сите треба да бидат обединети околу ова прашање - рече Хан.

Овој напад, според него, не треба да го оттргне вниманието од многу сериозната внатрешната политичка ситуација и тој бара од владата и опозицијата да ја решат и да соработуваат.

- Овој настан не смее да биде употре*ен за да се креира поголема комплицираност и да се воведат меѓуетнички тензии. Барам од сите одговорни луѓе во земјата, но и од соседството да реагираат со разум - пораче тој.

http://www.plusinfo.mk/vest/25436/han-da-se-utvrdi-koj-e-odgovoren-za-nastanot-vo-kumanovo-

ЕК во преговорите сака да обезбеди независна истрага за "бомбите" и "Куманово"

објавено на: 30-05-2015

Според информациите на НОВА, овие две поглавија треба да отворат пат за да се обезбеди независна истрага токму за содржината на снимките но исто така и за настаните во Куманово. Брисел од самиот почеток на кризата повторува дека е потребна независна истрага за содржината на снимките а на 11 мај комесарот Јоханес Хан побара да се најде кој е одговорен за настаните во Куманово.

НОВА дознава дека независната истрага за снимките е предмет на писмото кое ЕК му го испрати на Јавниот обвинител. Тој, во март, бараше од ЕК да испрати експерти кои ќе помогнат во истрагата. Одговорот на ЕК беше дека нема да испрати експерти, но она што не беше објавено е дека ЕК не сака да испрати експерти кои ќе и помогнат на власта во истрага која не може да се нарече независна. Лидерските преговори би требало да дадат одговор како да се дојде до независна истрага.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=22683

9)

Но кој си ја има мувата на капата сам си се јавува
Па ДПМНЕ и ДУИ сега бараат – цимолат Заев да престане да објавува снимки што ги компромитираат .Па дури го ангажираат и Љубчо ајдук војвода да бара аманестија за нив и за се*е нормалски.

Кекеновски: Зоти Ахмети, до кога ќе се правиш недоветен?

Објавено: 06/06/2015

Што се не ќе кажат ова лидериве на политички партии и пак ке останат живи. Така на пример во интервју за телевизијата 21, лидерот на ДУИ, Ахмети, смета дека објавувањето на бомбите го нарушуваат угледот на земјата пред меѓународниот фактор и да престане нивното објавување!!!!!!

Добро бре зоти Амети, до кога ќе се правиш недоветен? Демек не си ти од тука, небарем си паднал од Марс!!Зошто објавувањето на бомбите го нарушува угледот на земјата пред меѓународниот фактор?Затоа што преку нив дознавме кој начин сте владееле со твоето омилено коалиционо другарче, како сте ги добивале изборите, на кој начин некој си купувал плацеви и станови по багателна цена, како се правеле напори да се прикријат убијци и сторители на кривични дела, како сте договарале тендери, како некој договарал провизии и отварал стотици оф шор компании, како сте го контролирале судството, обвинителството и сите институции, како и многу други работи.

Во ова ли другар Ахмети се состои нарушувањето на угледот на државата?Не другар Ахмети, воопшто не си искрен.
Чинам дека после ова не само на нас туку и на Албанците им е се јасно. Единствено што те*е те плаши, а се обидуваш да кажеш дека се работи за нарушување на угледот на државата, се снимените материјали од твоите разговори и разговорите на твоите соработници. Се плашиш и нив да не ги објават деновиве. Тука е болката и срамот зоти Ахмети. Сметаш дека подобро ќе поминеш ако кажеш вака, и да спасиш што може да се спаси, отколку како твоето омилно коалиционо другарче постојано да повторуваш дека се работи за сечени, креирани, монтирани и лепени материјали.

Напротив зоти Ахмети, објавувањето на бомбите и доаѓањето до вистината е голем бенефит за сите граѓаните на Р. Македонија. Со нив вистината излегува на површина. Сети се само на изјавата на твоето коалиционо другарчето кое пред некоја година изјави „вистината е како шило, в’ти, в’ти и ке излезе на површина”. Излезе вистината на виделина другар Ахмети, и сега нема враќање назад. Секој нека биде спремен да се носи со својот срам и одговорноста која ќе следи во блиска иднина.

Благодарение на снимените материјали се освестуваат дури и оние најзаблудените, најзакоравените приврзаници. Сега и они гледааат со кого си имале работа, кого поддржувале досега. Благодарение на бомбите нема во иднина вакви индивидуи повторно да доаѓаат на политичката сцена. Таквите квази патриоти се веќе минато, еден долг кошмарен сон кој нема да дозволиме пак да ни се повтори.
Јове Кекеновски

http://a1on.mk/wordpress/archives/498872

10)

За Кумановските случувања кога тогаш како активно вклучени за Тероризам и други слични тешки кривични дела на обвинителна клупа ќе мора да седнат :

Сашо Мијалков , Никола Груевски , Ѓорѓе Иванов ,Али Ахмети , Мендух Тачи ,Гордана Јанкуловска , Смрдосав Кременадлович-Ѕинго и син му и вработените од Сител , Борис Стојменов –Гаргамел и син му и други вработени од Канал5 итн.

Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците Empty
ПишувањеПредмет: Re: До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците   До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
До кога ДУИ ќе ги лаже Албанците
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: