ФОРУМОТ Е НАШ
За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон Empty
ПишувањеПредмет: За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон   За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон EmptyВто 04 Фед 2014, 3:19 am

За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон

Се чини конечно и доаѓа крајот за лажната претстава за Груевски како млад неизвалкан политичар .И во Макеоднија и во светот се повеќе стануваат свесни дека стнува збор за еден од најголмите ајдучишта што воопшто постоел не само во Македонија туку и пошироко. Груевски е најголемиот транзициски профитер во Македонија .И тоа не важи само за Груевски туку и сите околу него .Не станува збор за никакви млади неизвлакани политичари туку и од порано ама со најновите афери апла станува јасно дека се тркаат меѓу се*е кој од кој да биде поголемо ајдучиште .Јас и порано се изјаснив дека сум против Груевски да се велича како наводен диктатор а сите тие што бараа да му се признае такво право всушност барале да биде диктатор за криминал како би можел-е непречено да вршат грабеж –пљачка во Македонијава .Самата ДПМНЕ со блокирање институциите на судови , полиција ,антикорупциска комисија итн и со државниот удар од 24 декември 2012 јасно ставија до знаење дека не ја признаваат државата Република Македонија ниту нејин устав и закони .Всушност ДПМНЕ веќе одамна нее никаква регуларна политичка партија туку организирано криминално злосторничко здружение – банда на чие чело се наоѓа Груевски .

И тоа веќе не е можно ниту да се сокрие а ниту пак Груевски и ДПМНЕ нешто посебно вложуваат напори да демнтираат .Најголемото правдање што можеме да го слушнеме е дека и во време на СДСМ имало криминал .

1)
Криминалот на Груевски и ДПМНЕ е такви огромни размери толку многу украдени пари се изнесени од Макеоднија што веќе и светот се заинтересира за ајдуклукот на груевски и ДПМНЕ.
Вака:

САД имаат веродостојни извештаи за корупција во Владата

САД се загрижени за мешање на власта во судството и медиумите, селективното гонење на политичките противници, и веродостојни извештаи за корупцијата во владата.

- Ние сме загрижени од извештаите за физичко малтретирање на притвореници и затвореници од страна на полицијата и затворските чувари, како и поради лошите услови и пренатрупаноста во некои од државните затвори и ментални институции, изјави претсавникот на САД на седницата на Советот за човекови права при ООН на која се разгледуваше состојбата на човековите права во Македонија. Седницата која се одржа во Женева е во рамките на на новиот механизам наречен „Универзален периодичен преглед“ преку кој се испитува почитувањето на човековите права во сите 193 членки на ООН.

Во забелешките изнесени од страна на САД исто така се изразува загриженост за користењето на владините ресурси ЗА ПАРТИСКИ ЦЕЛИ

- Ние , исто така, останувааме загрижени поради употреба на Владата на јавните ресурси за политички партиски активности, МЕШАЊЕ ВО СУДСТВО И МЕДИММИ , селективното гонење на политичките противници, И ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗВЕШТАИ ЗА КОРУПЦИЈА ВО ВЛАДАТА, изјави претставикот на САД и праша:

Дали Владата планирa да го зголеми надзорот на владините претставници за справување со корупцијата и проблемот со НЕКАЗНУВАЊЕТО НА ПОЛИЦИЈАТА ?

САД во оваа прилика исто така изразија загриженост поради присуство на, како што велат најлоши форми на злоупотреба на децата.

- Ние продолжуваме да бидат загрижени дека некои од најлошите форми на злопотреба на детски труд, изјави претсавикот на САД на заседанието во Женева. Седницата на Советот за човекови права при ООН на која ќе расправаше за состојбата со човековите права во Република Македонија се одржа на 30.01.2013
-
http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=11442

2 )
Станува јасно дека Груевски и ДПМНЕ никогаш нит се борле со некаква крупција ниту имале таква намера а такво нешто и не било можно од причина што самата ДПМНЕ на чие чело стои Груевски е обично криминално злосторничко здружение
Последните случувања кој се само врв на ледениот брег јасно го докажаа тоа ..
Вака :

Под лупа наводната борба против корупцијата!

Продажбата на зејмиштето спроти „Веро“ за нешто повеќе од едно евро, како и повеќе тендери за набавка на опрема и за изградба на објекти, кои завршија со големи забелешки од дел од учесниците, го вклучија алармот кај организации и МЕЃУНАРОДНИ ИНТИТУЦИИ кои подолго ЈА СЛЕДАТ ДЕКЛАРАТИВНАТА БОРБА на Македонија против криминалот и корупцијата. Дознаваме дека започнува процес на ревидирање на оценките за нивото на транспарентност во земјава, за тоа колку е реална а не фингирана борба против корупцијата, за нејзината поврзаност со состојбите во медиумската сфера и други сфери во контест на управувачките и институционални капацитети и т.н. добро владеење. Во тој контекст, се прават и компаративни проценки колку мерките насочени кон подобрувањето на стандардот на ранливи социјални групи од духот на позитивна дискриминација преминуваат во негативна, кога ќе се споредат со многу поголемите погодности што ги добиваат други субјекти – инвеститори, како на пример, купувачи на земјиште за едно евро. Со интерес се следи текот и завршувањето на постапките што ќе бидат покренати поради повреди на процедурите во повеќе ТЕНДЕРСКИ ПОСТАПКИ, како и податоци ЗА ТРАНСФЕРИ на средства во и од ОФ-ШОР ДЕСТИНАЦИИ И НИВНАТА НАМЕНА .

http://libertas.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%B4-%D0%BB%D1%83%D0%BF%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%BF/

http://libertas.mk/под-лупа-наводната-борба-против-коруп/

3)
Мрачните болни криминални умови од ДПМНЕ не се двоумат да стават во затвор и луѓе кој ги поречуваат во нивните криминални активности .
Најновиот случај е со Шипович од општина Центар .

Вака :

Куновска: Продолжува енормното богатење на власта на Груевски
објавено на: 18-01-2014

„Владата на Груевски, на најдрзок начин, потценувајќи ги граѓаните, разграбува најатрактивното градежно земјиште за по 1 евро во центарот на Скопје. За вакво земјиште скопјани плаќаат 1000 пати повеќе, околу 1000 евра за м2 ! Целта е јасна, преку бизниси со милениците, енормно богатење на власта на Никола Груевски“, рече на денешната прес-конференција Софија Куновска, претседател на ГО СДСМ Скопје.

Скандалозната продажба на атрактивно градежно земјиште во центарот на Скопје, за само 71 денар за метар квадратен, потврдува две работи:

1. Зошто ВМРО-ДПМНЕ преку своите советници во Центар, упорно го блокира преземањето на управувањето со градежното земјиште од страна на општина Центар.

2. Зошто е Мирослав Шиповиќ во затвор.

„Ајде да се потсетиме што велеа од ВМРО ДПМНЕ за слична продажба на земјиште во 2005-та година, на само 50 метри од локацијата што власта на Груевски завчера ја даде за 71 денар.

- Тогашната Влада на СДСМ ја продаде парцелата преку пат, на истата улица кадешто е плацот за кој сега говориме, на инвеститорот ВЕРО, за 300 евра за квадратен метар“, рече Куновска.

Таа потсети на прес конференцијата одржана на 04.07.2005 година на која Влатко Ѓорчев изјави: „Продажбата на земјиштето спроти Народна банка на Македонија, по цена од 300 евра за квадратен метар, е скандалозна.“

Куновска на крај праша: Ако продажба на земјиште на иста локација за 300 евра се вика скандал, како се вика продажба на идентично земјиште за 1 евро квадрат?

- Ако пазарната цена за метар квадратен градежно земјиште во Центар денес е околу 1.000 евра, дали е класичен криминал завчерашната продажба на земјиштето кај ВЕРО Центар, за само 1 евро за м2?

„Ова е срамно поигрување на власта на ВМРО-ДПМНЕ со државата, што 8-ма година ја претвораат во приватен посед“, констатираше Куновска.

Ова е нечие безобразно богатење и изигрување на граѓаните во општина Центар кои и го свртеа грбот на оваа власт на последните локални избори.

Ниту една одлука на вашата Влада не може да го оправда кршењето на принципите на пазарната економија и срамното обезвреднување на земјиштето среде Скопје.

Социјалдемократскиот сојуз, веднаш по смената на власта ќе поведе сериозна и сеопфатна истрага за овој скандалозен случај, а одговорните лица ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.

Зашто, за време турско, кога насила се барало откуп, повеќе било плаќано за м2 земја на старите скопјани. Ова е срам за институциите и бесчестие за поединците од власта на ВМРО-ДПМНЕ.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=11063

4)
Груевски кој за Нова Годнина држеше маратонски говори “ала Фидел Кастро “ сега по навика на претходно ненапишани прашања и одговори бега и се оградува од било каква одговорност .
Вака:

28.01.2014
КУСИТЕ И НЕПРЕЦИЗНИ ОДГОВОРИ НА ГРУЕВСКИ


Премиерот Никола Груевски е секогаш расположен исцрпно да одговара на прашања кои се врзани за тековното работење на владата или неговата партија, но многу кусо и непрецизно одговора за актуелни прашања врзани за теми за кои јавноста подолго време чека информации од Владата. Така одговори и денеска на обвинувњата на градоначалникто Жерновски дека одговорноста за поставување на споменикот на Цар Душан и другите споменици без дозвола,се лично Груевски

Нарекувајќи ги шпекулации, премиерот Никола Груевски ги отфрли обвинувањата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски дека дел од спомен-обележјата на мостото ОКО се нелегални, а одобренијата за нивно поставување се давале директно ОД КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ. Но, освен ваквото кусо оправдување и ОТФРЛАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА , Груевски повторно ЗАОБИКОЛИ ДА КАЖЕ конкретно која институција стои зад поставувањето на спомен-обележјата, меѓу кои се најде и статуа на Цар Душан.

Шпекулации се во прашање, се работи за целосно легален процес СОГЛАСНО ЗАКОНОТ , којшто го објасни министерот за транспорт.“


Ваквата пракса на давање куси и непрецизни одговори за актуелни прашања, наспроти долгите и исцрпни објаснувања на прашањата кои му се допаѓаат, премиерот ја примени и за останатите теми за кои јавноста веќе подолго време чека информации од Владата. На ист начин, ПРЕФРЛАЈЌИ ЈА ОДГОВОРНОСТА на други институции, тој го искоментира и ревизорскиот извештај на Агенцијата за странски инвестиции, во кој се забележува дека странски инвеститор кој добива поволности од државата, спротивно на законот продава на домашниот пазар.



„Доколку има таков случај тоа го водат институциите што се задолжени за тоа во земјата.“



Кус одговор понуди и на прашањето дали со коалицискиот партнер ДУИ е постигнат договор за евентуални предвремени избори, по што констатираше дека му се поставени доволно новинарски прашања за еден ден и одлучи да замине.



„Не, не сме разговарале за тоа. Ви благодарам, беше доволно за денес, сочувајте нешто за наредните денови...“

[ Весна Јовановска-Дојчиновска ]

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=34423#.Uug-v-BYc18.facebook


5)
А тоа дека кога збориме за Груевски и неговата криминална банда не станува збор за никаков патриот туку за едно префригано закоравено ајдучиште е одамна јасно .
Дефиниција :
Криминалецот нема вера , нема нација .Криминалецот за да се дограби до материјални богатства веќе расчитил поими дека тоа ќе го постигне на нерегуларен против -законски начин .
Сигурно дека ќе злоупотреби и вера лажно да се претстави како побожен и чесен и како патриот кој работи за интересот на народот . А реалноста е сосоема спротивна од тоа .

Вака :
Заради партиските бизниси со увозот на струја Груевски спречи милијарда евра странски инвестиции!

ФОКУС Веќе долго време се шпекулира за струјата во вмровскиот бизнис? Ама ништо повеќе не понуди опозицијата!?

ПЕТКОВСКИ Веќе шеста година како се на власт, а не изградија ни една хидроцентрала, не направија ни тендер за да изградат хидроцентрала. Тоа им носи огромни профити. Ако изградат хидроцентрали, треба да позајмуваат пари. А Груевски позајмува пари за да гради споменици, а хидроцентрали да му гради некој друг. И како поминува времето, Македонија ќе биде се помалку атрактивна, ќе биде проклета авлија за странски инвестиции!

http://fokus.mk/zaradi-partiskite-biznisi-so-uvozot-na-struja-gruevski-sprechi-milijarda-evra-stranski-investitsii/


итн
итн
Ајдуклукот на Груевски и неговата криминална банда наречена ДПМНЕ веќе станува интерсна и за меѓународниот фактор .

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон Empty
ПишувањеПредмет: Re: За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон   За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон EmptyСаб 06 Јун 2015, 3:39 am

Чекај бе за оваа ли Викторија Нуланд станува збор ?
Ако е така ондак Зајко направил добар тактички потег .
Средба во среда е подобро да биде со Американски претстваник овие од Еу почнаа да му го дудлаат на Грујо Вак и Европејците малку ќе се охрабрат пред Грујо мрднат ајдук војвода


Па Да :
Еве :

САД- на балканот имате ПОЛИТИЧАРИ КЛЕПТОМАНИ

Posted On 14 јул 2014

Американската администрација за прв пат без ракавици им прати сериозна порака на корумпираните балкански политичари дека САД знаат за нивната коруптивна практика и за нивното недемократско владеење.

Помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, во петокот учествуваше на форумот “Кроатиа 2014″, каде што побара борба против корупцијата и демократскиот регрес за да се зачуваат вредностите на трансатлантската заедница.

“Европа не може да биде цела кога клептократите ГИ ТРЕТИРААТ НИВНИТЕ ДРЖАВИ КАКО ИЗВОР НА ПРОФИТ ЗА НИВ И НИВНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ . Не може да биде слободна кога изборите се манипулираат, кога слободните медиуми за замолчуваат и кога малцинствата се под закана. Не може да има мир кога корумпираните политичари се служат со политички, економски и судски закани за да се задуши опозицијата и да ги ОПЉАЧКААТ НИВНИТЕ ГРАЃАНИ ”, изјавила Нуланд пред учесниците на форумот.

Според неа, корупцијата претставува опасност за националниот суверенитет на земјите од Балканот до Балтичкото и Црното Море, затоа што секој извалкан политичар и секоја нетранспарентна зделка која се толерира, создаваат можност за надворешни влијанија.

“Корупцијата не е само убиец на демократијата туку е уште еден дополнителен инструмент во арсеналот на АВТОКРАТИТЕ И КЛЕПТОКРАТИТЕ , кои бараат да го прошират нивното влијание и ги ослабуваат нашите демократии и да се збогатат на сметка на нашите граѓани”, истакна Нуланд.

Таа испрати порака и до Македонија, за која вели дека поради спорот со името, не може да се зачлени во ЕУ и во НАТО.

“Ако навистина ние веруваме во овој европски сон и вредностите што ги споделуваме, тогаш мораме да вложуваме во нив секој ден и да не дозволиме стари поплаки да ни стануваат оправдување”, рече Нуланд.

Утре во 14.30 часот Нуланд ќе се сретне со претседателот на ДУИ, Али Ахмети во амбасадата на САД во Скопје. Ќе оствари средба и со други претставници од државниот врв.

http://narodenglas.com/сад-на-балканот-имате-политичари-клеп/


Викторија и губитниците…

16-07-2014

Иронијата не може да биде поголема. “Вие треба да бидете пример за тоа како албанската и македонската заедница можат да живеат заедно во мир и просперитет”, рече Нуланд пред македонецот Груевски и замина во својата амбасада да истото му го пренесе на албанецот Ахмети.

Во таа кратка променада помеѓу пастирот од Илинденска и чобанот од Зајаз се огледа сета смислена хипокризија на меѓународниот однос кон политичкиот Балкан, сведена на испревртена логика на “не слушај што велам, прави како што правам”. Вербалните егзибиции на повикување на слога, проследено со автоматизирана проколарност на посетата, им дава за право на сомнежите дека посетата на регионот е единствено замислена како контрола на послушноста на домашните политички актери кон САД во пресрет на европските офанзиви кон Балканот, но без премногу обзир и желба за промена на состојбите на теренот. Со таа оценка на ум, единствената личност која би можела да извлече поука од нејзината турнеја е самата ценета г-ѓа Нуланд. Која, час поскоро – и за неа подобро – штом се врати во својот дом би требало да се нафати со повторно читање на проницливата студија на нејзиниот сопруг Роберт Каган за суштината на односот помеѓу “моќта и слабоста”. Поуките од тоа книжулче, надградено со свежите искуства од нашиот регион, ќе бидат доволни за амандманско продолжение и апдејт кон новосоздадената реалност во која “САД веќе не се баш сосема од Марс, ниту Европа не е веќе премногу феминизирана Венера”. А богами, ни балканците веќе не личат на мапети изгубени во космос.

Изборот на соговорници во западно-балканските престолнини доволно ја разоткри мистеријата кои се омилените партнери на САД во регионот и кај нас. Што е секако можност да делимично го разбереме профилот на личности прифатливи за надворешната политика на западот. Слично на односот на дипломатката од САД и нејзината вербална “искреност” против “клептоманите и корумпираните”, така и нејзините локални платеници се истакнати вербални ”искрени борци за демократија и западни вредности” со мала “бенигна” мана на долги клептомански прсти.

Интересно, и за мисли провокативно, е цврстото одбивање на Нуланд да за време на посетите на Приштина и Скопје одбие да се сретне токму со “најнекорупмпираните, најнеклептоманските, најнекронистичките” актери на политичката сцена. Нечиста совест? Секако. Страв од соочување со жртвите на непринципиелните политики? Сосема можно. Немање одговор за премногу непријатни прашања? Евидентно. Но, во исто време, можеби и желба за фокусирање врз проблематичните кои – во духот на американскиот стил на политика – треба да станат дел од принудните решенија, и со тоа ја отпејат својата ле*едова песна.

Изјавите на Нуланд исто така се интересни по тоа што го потврдуваат мислењето на оние кои досега тврдеа дека суштината и базата на проблемите кај нас се апсолутно социјални и економски, додека пак политичките и ини проблеми се само пипци од кроуптивниот “стабилократен” кракен создаден и подржуван токму од страна на политиките на меѓунардоната заедница кон регионот. За поздравување се, секако, нејзините вербални заложби за економски инвестиции во регионите со претежно албанско население. Но пред да почнеме да се радуваме, искуството – а и сцените од чаирските улици – не присилуваат да се запрашаме дали тоа ќе биде во форма (и поблага верзија) на повеќе тендери за пред неа послушните интегристичките клептомани, или (потврда верзија) на повеќе оружје, хермелини и водени топови, подарок од “босфорскиот отомански заштитник на муслиманите” и верен партнер на демо-христијанските крстоносци во одбрана од “исламистичката наезда”. Дилемата е дотолку поинтересна што барањето за инвестиции во албанските зони е кажано пред Премиерот, но не и пред албанскиот му партнер. Дали тоа треба да се разбере како знак дека Нуланд добро знае каде и во чие џебови би завршиле тие инвестиции доколку се доверат на “чесните” албанци и албанки од ДУИ? Или пак е свесна за политичката свест на албанските претставници за кои вербалните ветувањата се доволни за изборни победи, а за реализацијата … па, ако Господ даде и од тендерите претекне.


Доколку е веќе јасна таа сплотена амеро-балканска заврзлама на едно зборење пред дубровнички конференцијски камери, друго правење “луд и збунет” пред балканските (не)клептомани, вреди да се промисли кое е третото, т.е. што навистина мислат партнерите од САД.


Насоките за разбирање на мотивите и можните настани во иднината се сепак содржани во клучните поенти на Нуланд – економија, безбедност, соработка. Разрешувањето на овој експлозивно тројство задира во односите помеѓу центрите за одлучување. Над кои немаме влијание, но сме секако подложни на нивните односи, како трева стегната помеѓу слоновите во судир или љубов, сеедно. Кажано поинаку, разрешницата – се надеваме, поволна –на овие непознници веќе не се прашање на сепаратно влијание, туку на променет однос на силите и разнишаниот приоритет на проблемите.


Пред се, членството во НАТО веќе не е ексклузивен прерогатив на САД која досега го имаше магичниот, решавачки клуч за влез во клубот на безбедноста. Економската криза и растечкото социално раслојување на населението во земјите членки на ја има пореметено хиерархијската доминација на воената индустрија над економскиот развој, социалниот мир и внатрешно политичката стабилност на владините администрации. Посредно, тоа влијае и на расчекор во мислењата – но и недоверба – помеѓу политиките заснована врз воена моќ и политиките базирани врз економска доминација. Како последица, индикативни се одговорите на одредени влијателни земји од НАТО кон критиките дека “полно членство во НАТО … подразбира дека исто така мора да се направи придонес кој соодејствува на полноправно членство” (Претседателот Обама) или јасни предупредувања дека “секој сојузник кој троши помалку од 2% од ЏДП (за одбрана и воена-безбедност) треба да брцне подлабоко во џепот и покаже поголема заложба” (држ. Секретар Џон Кери). На што дел од европските земји членки одговорија преку усвојување на Буџети во кои ставката за одбрана е намалена на помалку од токму пабараните 2%. Најиндикативен пример за тоа е Германија која го намали својот буџет за одбрана за 800 милиони евра (1.86%), нагласувајќи дека “не е прашање само на 2% од буџетот, туку исто така е прашање каде сакаме и како сакаме да ги трошиме парите” (германска министерка за одбрана Урсула вон дер Лејден).


Но економскиот крах и глобалната криза доведе до поголемо освестување за злокобните последици на филозофијата на обезбедување политичка стабилност преку толерирање или замижување пред влијанието на криминалот и корупцијата врз економијата. Примерот со Грција е предупредување дека толерирањето на овие општествени зла веќе претставува опасност не по самите земји, туку по стабилноста на економиите на континентот. Бидејќи токму во ова наследено коруптивно поимање на економијата по комунистички терк на нетранспарентност се крие вирусот кој – доколку биде увезен во самата ЕУ – може да предизвика фатална сеопшта корозија на системот според моделот на крахот на поранешните комунистички економии. И уште поважно за нас, таа доминација е токму најистакната во регионот на Западен Балкан, во кое благодарение на доминацијата на ново-старите служби, уточиште и плодно тло наоѓааат и останатите партнери во злосторство од поранешниот блок, но и пошироко.

Затоа, редењето на проблемите на земјите од агендата на посетите на Нуланд – “корупција, клепомаски политичари, кронизам, непотизам” – имаат една заедничка нота. Тоа дека проблемите во земјите не се увезени, туку сосема домашни. Дека загрозата по стабилноста на земјите не произлегуваат од реални или имагинарни задгранични загрози и закани, туку од сопствените “homegrown” политики на криминал, манипулација, насилство, страв, цензура и лаж во терминална фаза на разјадување на општественото ткиво. Но исто така, отсаството на конкретни предлози и посраменото избегнување на критичките фактори во земјата и соседството, укажува на тоа дека САД е најдена во незавидна статус-кво ситуација на укажување на недостатоците, но и немање решенија за разрешување на растечките социални тензии во регионот кои пропратно не би ја разнишале и крими-корумпираната “стабилократска” структура на западниот Балкан доминирана од наследниците на поранешните југословенски служби.

Поедноставено, односот на Вашингтон кон нас се повеќе ќе биде условен кон обезбедување стабилност и мир преку наслонување врз механизмите на стапот на принуда во рацете на власта со апсолутна доминација на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Балансирана со минискулни економски шаргарепи и замижувања пред коруптивните испади на владејачката елита. И се разбира, убави – но сосема испразни – ветувања за граѓаните.

Арсим Зеколи

http://libertas.mk/
Вратете се на почетокот Go down
 
За ајдуклукот на Груевски и ДПМНЕ се прочуло до Вашингтон
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: