ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Ивона Талевска и злосторничко здружение Сител и други на Градски Стадион бб

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Ивона Талевска и злосторничко здружение Сител и други на Градски Стадион бб   Саб 25 Апр 2015, 12:48 pm

Ете ги добивме и доказите за злосторничко здружение Сител и други на Градски Стадион бб

1)

АУДИО и ТРАНСКРИПТИ: Бомбата во Велес за случајот „Визарис“ и синот на Вељаноски

од НОВА објавено на: 23-04-2015

Како што рече првиот човек на СДСМ во Велес, Панче Иванов при презентирањето на аудио снимките од телефонските разговори поврзани со функционерите во власта, јасно било дека Ивона Талевска е вклучена во скандалот „Визарис“, и дека власта го прикрива скандалот со синот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

1. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Илија Димовски

ИД: И сеа јас сакам сеа да им закачиме притвор, да ти кажам право...
ГЈ: А пуштена е пријавата, предадена е?
ИД: Значи има материјали, работи и Пере, тој криви...
ГЈ: Важи бе нека каже...ако му треба на него помош, да притиснеме...
ИД: Со кого да... да зборам ја со Зврлевски?
ГЈ: Со него ти збори, он нека си ја поднесе пријавата па после ако треба кај Марко ќе ургираме...
ИД: Е па веќе е дојдено, они контактирле веќе со Славица, таа шо е во Велес обвинителката, она се тегавела...
ГЈ: Ахаа..
ИД: И не е лошо...
ГЈ: ...епа заврти му на Марко ако има проблем...
ИД: Ај само прати ми го бројчето...
ГЈ: Ако има проблем врти ми на мене...важи договорено. Ти види за ова шо ти пишав...
ИД: Да, да јавено е секаде Горде, јас не... не мора да ме проверуеш...
ГЈ: Добро добро, ја знаеш морам.. мене тоа ми е работа...
ИД: Хахахаха...
ГЈ: Ајде
ИД: Ај само прати ми го од Марко бројчето...
ГЈ: Важи Иле, одма чао

2. Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска

ИТ: Треба да ми дадат еве сега праќам накај битолскава...даа...за да влезе претходна пресметка оваа година пошо нели утре е ДДВ крајниот рок за поднесување на овие...
ДПЛ: Добро важно добро звучиш...
ИТ: ...и битно како се вика култура, значи извештајот е готов ама морам да ги напраам бројките и Суле да ми пушти фактури, затоа штоо..како се вика, значи трет пат ми бараат извештај и да ти кажам дека 3 пати сме им го праќале извештајот, ги чувам сите копии да ти покажам...
ДПЛ: Па тие се неорганизирни, малце се изгубени
ИТ: Знам, знам, значиии...и вчера гледам тука ги вадам фајловите и викам дал се овие при памет разбраш, значи 3 пати истиот извештај ми го бараат нон стоп, три пати... и секој пат со некоја наредна измена шо ќе ми ја кажат, ќе ја напраам и за следниот пат не чини, разбираш како значии, нема везе...ќе го завршиме и тоа денеска и плус Визарис морам да го завршам денеска...
ДПЛ: Мада добро звучиш...
ИТ: Одма си прекршив ја у глава, значи сеа тоа е шо да праиме, јас ќе пробам да зборам со Бобан, ќе го замолам, значи да не ми ги крти парите, истите пари ќе се префрлат кај Орце толку колку што се договориле само да си идат преку мене, да не ми ја зима провизијата..и ќе му објаснам...
ДПЛ: Му кажав ја на Горан вчера, знаеш за ова...
ИТ: И шо вика?
ДПЛ: Вика абе види, ја му кажав у контекст на тоа што го јадевме ние к*рот за Вечер, дека сеа ќе го јадеме к*рот за Сител...
ИТ: Да...
ДПЛ: И викам има озбилна кавга до толку што дури и приватно вика се испокарале оваа си станала од кафана си отишла... овој после си се собрал, си отишол....
ИТ: Од Сител го извле.. бе, тука седевме у Сител се каравме...
ДПЛ: Добро ја му реков у кафана не е битно... иии му викам, поентата е у тоа шо таму има едно 25 илјади евра за Вечер, 120 илјади евра за Сител шо одеа, до сега више не играат пошо ќе идат таму... па вика, он не може да го покрие тоа нема толку простор и цени за да го покрие, и викам знам..јеби га
ИТ: И Горан шо ти вика?
ДПЛ: Па ништо онака беше загрижен викам а плус тоа нејзе ја ... пошо тоа и се единствени екстра приходи, викам нема други... па вика да земе да се збори, викам ништо она сакала да се расправа со Орце и он исто вика шо, сите ...сите бараат, не може да биде крив тој шо бара, тој шо бара глеа да земе
ИТ: Јас така ќе зборам со Бобан и ќе го замолам, ќе му објаснам, господине Петровичу...пошто првите приходи за Визарис нас треба да ни стигнат на крај на 2013та, јас ќе го прашам како можете сега да ме советувате како јас да си ја обезбедам финансиската стабилност на компанијата ако парите се распределуваат вака од причини што цела 2013та Визарис нема да може да функционира... значи ќе го прашам да ме советува, дали има начин, ако он инсистира на тоа, да се иде директно, значи да си идат они директно со Орце тогаш јас ќе го замолам, дообро, значи провизијата којашто се губи за да живее Визарис во Македонија, изнесува толку... дали вие имате друга компанија којашто може да ки ги префрли тие пари на сметка на Визарис у Македонија за јас да бидам сигурна дека таа компанија ќе живее... тоа е второто решение што мислам да му го понудам...
ДПЛ: Добро е и тоа ...
ИТ: И третото решение што мислев да му го понудам, не мислев да му го понудам него јас рачунам колку пари иам на сметка, 2013та без екстра приходи само од плата можам да ја преживеам, во 2013та на крај милион и 300 ќе легнат на моја сметка на Визарис, а таму сум јас сама...
ДПЛ: После е лесно...
ИТ: Не после они ќе дојдат да ме молат за да ги платат, за да ги платат парите...за јас им ги платам парите.
ДПЛ: Ама битно е да помине тоа со Визарис, уште не е поминато...
ИТ: Значи ќе помине...тоа ќе помине...
ДПЛ: Добро, дај боже
ИТ: Во крајна линија, значи во крајна линија, сега збориме не се согласуваат со ништо и се ме одјебуваат така, значи јас имам доволно пари за да живеам не ми требаат, луксузи нема да купуем стан, нема да се задужуем...2013 ќе ја одлежам у зима како мечка у пештера и ќе ќутам...
ДПЛ: Абе не е тоа мечка у пештера, со 1500 евра се живее и тоа квалитетно...
ИТ: Не, не сакам да ти кажам, еве нема да купуем стан, ме разбираш, ќе ја продадам ланчата и готово..
ДПЛ: Ќе купиш помал...
ИТ: Не не не нема да се луксузирам, нишо нема да праам 2013та... да не предизвикуем понатамошни потреси, ме разбираш како, значи едно чим се раздрма ти мораш да се стабилизираш...значи 2013та не праиме ништо, ќе седам баш буквално како мечка у пештера. На крај на 2013та ако го добијам тендерот со Визарис милион и 300 треба да легнат на сметка на Визарис, е тогаш друг муабет ќе праиме со Петрович
ДПЛ: Држи тоа...
ИТ: Тогаш значи другачје ќе се разговара, а ја една година да издржам можам
ДПЛ: Абе не е тоа издржување ти пак ќе живееш квалитетно само нема да имаш инвестиции, значи ти нема да живееш лошо таа година со тие пари...
ИТ: Па добро сега се годините знаеш и за стварање и за инвестирање и за све...
ДПЛ: Сите, сите викаат и Ива вчера на ручек вика ќе иде на одмор кола да и дадам истиот муабет вика сега биле годините, ти што си 7 години, 8 постара викаш сеа биле, и ја викам сеа биле, нема години кои не се...
ИТ: Види ја сум женско значи другачје е кај женско ме сфаќаш, ти мушко, ти моеш коа сакаш и шо сакаш да праиш, јас утре ако имам дете нема да можам толку да работам, еве види ја Цаци ме разбираш, значи да не е Сарма она ќе пропадне скроз, немам ја кој мене да ми дае бекап и финансиски ни никаков ако сама не го напраам...
ДПЛ: Тоа е тачно.. и глупо е да ти дава, ни те*е ни мене не треба да и дава, треба да помагаш еден на друг а не да даваш...
ИТ: Па не сакам да ти кажам значи, еве размисли...на Ива што и да и се деси, Иво е тука ме разбираш, значи ќе ја покрие, ти ќе ја покриеш, мене нема кој да ме покрие...за било шо...
ДПЛ: Они имаат по 28 години...
ИТ: Сакам да ти кажам..не значи...
ДПЛ: Не рамишљај за тоа..Размишљај постапно чекор по чекор...
ИТ: Постапно размишљам ја...значи многу постапно, синоќа до 2 саат сум ја ... главата пешки сум идела ко не здрава 5-6 километри низ парков, напред назад, напред назад, све сум го мозгала...од сите можни страни...
ДПЛ: Кај си ти сеа?
ИТ: У Сител
ДПЛ: Доброо...
ИТ: Тука распослана сум на сто страни...
ДПЛ: Добро ќе дојдам...
ИТ: И ми стигнаа поканите за 50 годишнината на Вечер, ќе ги носам за шеикот и за шеиката у златно...
ДПЛ: Аааа хахахахха...
ИТ: Ај ќе ја сликнам една да ти ја пуштам да ја ѕирнеш, а ти кај си?
ДПЛ: Ја дома сум ја сеа ќе идам...
ИТ: Кај ќе идеш?
ДПЛ: У Влада треба до кај Кире...
ИТ: Да идеш до кај Кире...
ДПЛ: Да...
ИТ: Јас можам да прозборам и со Орце у крајна линија да му кажам Орце ќе ги земеш ти тие исти пари само нека...нека си идат преку мене...
ДПЛ: Види ако збориш ќе искомплицираш, првин почекај овие, на крај тоа збори, првин почекај со овие
ИТ: Ќе почекам ако ми се јави Бобан...
ДПЛ: Ќе се јави, ако не денеска, за ден два ќе се јави...
ИТ: Ама ова е у понеделник ќе морам да го стопирам...
ДПЛ: Они имаат илјаду начини како да го решат тоа...
ИТ: Ај ќе видиме...Ти да не сакаш случајно да ме частиш кафе негде?
ДПЛ: После да...
ИТ: Ајде заврши у Влада па ќе се чуеме...
ДПЛ: Важи
ИТ: Ајде...

3. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало?
СМ: Горде, што праиш?
ГЈ: Еве кај Кире на еден состанок.
СМ: Ааа.
ГЈ: Ти што правиш?
СМ: Види вака сега.
ГЈ: Кажи.
СМ: Блерим ме бара, ургенции во судство, значи по судовиве, за повеќе предмети.
ГЈ: Аха.
СМ: Меѓу другото и за „Сопот“.
ГЈ: Аха.
СМ: Кажи ми ти на мене сега, тоа што, ние договаравме нешто за „Сопот“. Дали нешто договоривме?
ГЈ: Види, ништо прецизно не договоривме, оти таму нели за „Сопот“ они правеа комисија во Собрание.
СМ: Добро.
ГЈ: Значи, како анкетна комисија...
СМ: Да, направија, тачно.
ГЈ: И доаѓаат цела комисија, значи институционално они беа кај мене. За волја на вистината ништо немаше во кабинет документи, што е нормално, све однеле. И они со тие као, со наодите од анкетната комисија, оти и си сослушуваа, Бучко го викаа, таму не знам некој друг, Хари ли беше, кој беше, не се сеќавам...
СМ: Да и Бучко рекол: Гониме невини луѓе.
ГЈ: И врз основа на тие изјави, зошто реално кај нас у МВР немаше никаква документација за тоа, све е исчистено. И они врз основа на тоа, бараа повторно отварање на случајот. И ние кога преговаравме нели...
СМ: Да.
ГЈ: ...за разни работи, они го спомнуваа. И не им дадовме никакво ветување демек ќе го отвориме-не го отвараме, него ќе видиме каква е фактичката состојба. А ова со доаѓањето, со анкетната комисија беше пред Изборите 2011-та. Оној Хајрула Мисини им ја водеше комисијата.
СМ: Да.
ГЈ: Така да, да бидам прецизна ништо конкретно им немаме ветено.
СМ: Добро. Е сега они бараат ослободително.
ГЈ: Види, они, сега да не ме слушаат сите овдека, се тргнав на страна...шиптарската. малку по малку, нешто плус да извадат.
СМ: Јас зборев сега со судство, таму може да се направи и вака и така. Сега што да правиме?
ГЈ: А бе види, ти процени тоа на вагава што ни...што ќе ни донесе. Тие скапаа, тие што се во затвор скапаа во затвор, што сега.
СМ: М?
ГЈ: А реално, мислам кај нас...
СМ: Они колку време се више во затвор?
ГЈ: Па кога беше тоа...многу одамна.
СМ: Две илјади и...пред да дојдеме ние е тоа?
ГЈ: Пред да дојдеме дефинитивно, ама бааѓи пред да дојдеме.
СМ: 2003-та.
ГЈ: Да.
СМ: Се сеќавам на тој случај бе, кога нагазија пољаците.
ГЈ: Ја па да ти кажам ич не го памтам пошто у Англија бев тогаш.
СМ: Го памтам, го памтам ја случајот.
ГЈ: И кога ми дојдоа, знаеш ко некој дојден од странство ништо не знам.
СМ: И они го имаат докажувано нашиве, со ќутек.
ГЈ: Да, да, да. И немаше реално, значи и таму ние тогаш ги, знаеш у принцип ја ако не се договориме нешто да им даваме, ништо не им давам, кој и да дојде. Ама реалн осе сеќавам и у книгата на настани имаше нешто незаведено, баш што викаш со ќутек.
СМ: Да.
ГЈ: Значи немаше предмет таму. Нешто пишуваше, они се бунеа, демек човекот го снемало тој што бил како сведок за „Сопот“ и после одеднаш човекот сам признава дека било...
СМ: Значи они имаат окапано, имаат одлежено и сега ако се повлечат обвиненијата што? Они одлежале и вака и така.
ГЈ: Они одлежале...
СМ: Ама тоа ќе биде од друга страна, значи сме ги осудиле, лежеле луѓено...
ГЈ: Е па тоа е проблемот,
СМ: Тоа што лежеле.
ГЈ: И плус ќе тужат за штета, за сите тие работи, толку време.
СМ: Не, договорот би бил да не тужат.
ГЈ: Ти направи муабет, ако може нешто така на средина. Не знам ни на колку се осудени, многу време се они таму.
СМ: На 14 години беа осудени.
ГЈ: Е па што, имаат уште...или некако некое помилување да биде...
СМ: Уште 4 години, ха, ха, ха.
ГЈ: Ама добро, знаеш, не се малку 10 да ги одлежиш во затвор, ха, ха. А 10, а 20 биле, не ги броиш после 10. Нешто ако може со помилување, со намалување на казна, со предвремено пуштање, нешто така да се направи.
СМ: Види сега, нив им е, да може да се иде со таа ...
ГЈ: Нив им е политички.
СМ: Да, нив им е политички,
ГЈ: Нив им е политички дека невини луѓе лежеле.
СМ: Оти ние со ова ќе признаеме дека сме ги гонеле затоа што се шиптари, а не затоа што се они виновни ...
ГЈ: Да де да. Нив им е политички да поентираат.
СМ: Можда е добро да се каже, нека си го осудат а ние веднаш ќе направиме помилување да излезат.
ГЈ: Да де да. Оти тие и така реално, тој што е во затвор 10 години, одлежал тој. Нешто така да се комбинира.
СМ: Судот е убеден дека они се сторители, можда некој не е, ама не ги кажува ги кријат.
ГЈ: Види, они ќе си го продадат јако кај нив. Дека го издејствувале „Сопот“, монтиран случај, таа им е нив реториката. Монтирани случаи против Албанците.
СМ: А бе и да е монтиран, не е монтиран од нас, монтиран е од ЕС-ДЕ-ЕС, само...
ГЈ: Не, сакам да ти кажам нив што ќе им биде тезата.
СМ: Они мислат дека се осудени у време на ЕС-ДЕ-ЕС.
ГЈ: Па така некако или во секој случај, тогаш е почнато судењето. Да е пресудата после...
СМ: Тоа е почнато во 2003, сигурно во 2006-та се осудени.
ГЈ: Не, ама и да е, во наше време да паднала пресуда, небитно е, он влегол у затвор у друго време, друга гарнитура политичка. Знаеш, ако е монитран, не сме го монтирале ние, така? На нив тоа им е.
СМ: Не знам, може треба за ова да збориме и со Премиерот.
ГЈ: Па можда не лошо да, мислам ти...види што све му е на овој на листата...
СМ: Кој беше тогаш кога разговаравме? Ја, ти бевме, кој беше друг со нас?
ГЈ: За Влада кога преговараме? А бе се мењавме поише луѓе, нели беа у некоја фаза...
СМ: Не, за „Сопот“ кога разговаравме. Се сеќавам ние дека разговаравме за „Сопот“.
ГЈ: За „Сопот“ не ми текнува кој беше. Не ми текнува, нели ние за повеќе работи разговаравме. И кај Трајко некогаш се собиравме за јазикот кога зборевме, сега не ми текнува точно на која средба „Сопот“ го зборевме. Дали беше на крај, само кога бевме кај Премиерот со Али. Ја, ти, Премиерот бевме, а од нивна страна беа Абдулаќим и Муса, и Али. Па после нели они двајца излегоа на тераса, ние нешто...
СМ: Ама ние им дадовме некој одговор, се сеќавам ја за „Сопот“ дека нешто ќе правиме, дека ова, дека после избори дека кога ќе ја направиме Владата, нешто ќе гледаме да направиме, немаше ништо конкретно ама...
ГЈ: Ама не им дадовме конкретно дека ќе знаеш...ослободување или ова или она. Конкретно дефинитивно не сме им дале, оти нив тоа им беше, демек еве да се исправи неправдата, „Сопот“, комисијата...И ние за комисијата бевме конструктивни. Значи тогаш се формираше, доаѓаа кај нас у МВР...
СМ: Види они може го имаат убедено Али дека тоа не се виновниците, знаеш.
ГЈ: Па не, сигурно...
СМ: И он сега мисли дека невини луѓе лежат, знаеш.
ГЈ: Да де да. Само треба и со Премиерот да го издискутираме ова.
СМ: А тоа дека немало многу докази, немало.
ГЈ: Не, не. Ја ти викам, немаше ни документи, ни ништо, ни во книгата...
СМ: Така да може да се повлечат овој и да се донесе ослободителна. Ако се донесе ослободителна, што знам, тоа многу лошо звучи, за 10 години ослободителна...
ГЈ: Неубаво звучи за нас, знаеш. И за целото судство неубаво звучи. И плус што нив им е таа тезата, дека политички монтиран случај, овие одлежале...
СМ: Еве го Блерим ме бара на другата линија.
ГЈ: Е па он со неговата мака. Ти нешто за „Сопот“ мислам малку...другиве работи ако е нешто поитно со датум врзано, кажи му за ова чекај малку, да се потсетам, што беше-како беше, купи му време, што да кажам.
СМ: Не бе, ја му купувам више недела дена. И вчера требаше да се видиме, а денеска еве па ме бара.
ГЈ: Сабајле бевме со него заедно за ова, за дрога палење во Југохром...
СМ: Аха.
ГЈ: Па не ми спомна ништо мене. Мислам се видовме, еден до друг стоевме. Ништо не ми спомна.
СМ: Да. Еве го ме бара сега.
ГЈ: Но дефинитивно нешто конкретно им немаме ние ветено.
СМ: Знаеш што мислам ја да му речам? Ја мислам да му речам, да се оди сега со пресуда, а веднаш после тоа да добијат помилување, пошто одлежале.
ГЈ: Тука е вака најопортуно. Ем они надвор...
СМ: Најопортуно е и
ГЈ: Да.
СМ: Ни по баби, ни по стричева.
ГЈ: И за системот.
СМ: Ама они нема да го сакаат тоа.
ГЈ: Не, они сакаат...нив им е...
СМ: Политичко поентирање.
ГЈ: Нив па ти им е гајле за некој Шиптар во затвор. Затворине се полни со Шиптари. Нив им е политички да испоентираат и сега им е сезона. Нели они 13-ти август го таргетираат ради Рамковниот. И стално овој период ни праат вакви работи. Тоа им е на нив шемата.

4. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

ГЈ: Молам.
НГ: Горде, Трајко знае за ова?
ГЈ: Па, јас да Ви кажам, он мене не ми се јави. И јас прво прашав дали знае, меѓутоа ми кажаа моиве, сега за среќа или за несреќа нашиве чекаат некој транспорт што заедно со Грците го работиме и од лице место јавиле. Значи се јавувал овој што му е обезбедување на Трајко, таму на граничен премин, така да претпоставувам дека знае. А пошто е нели, неофицијална информација, никаде не е заведено, странска држава е, јас не му се јавив пошто не знам како да реагирам. Сега, викам да се искоординираме.
НГ: Да му јавам ја некако, како да направам?
ГЈ: Па, ако...мислам како цените. Можам и јас да му се јававам, ама Ви викам не му завртев пошто нели како неофицијална информацијата, па после препрашав и сега пак се слушнав, а бе знае ли Трајко за работава? Ми кажуваат дека се јавувал овој што му е Горан, како шеф на обезбедување и јас од таму извлекова заклучок дека знае, пошто изгледа му е незгодно да ми се јави за ваква работа, мислам апла е и плус знам дека знаете, проблематичен си е син му на Трајко.
НГ: И ќерка му, не само син му.
ГЈ: така да, мислам дека на него му е незгодно да ми се јави за ваква работа. Штом се јавувал овој од обезбедување, сигурно знае. А дефинитивно мислам кокаин е, направиле тест, нели оние брзи тестови што се...е сега пошто целава работа е така малку посензитивна, нашиве пошто работат, моментално чекаат некој транспорт со Турција ако искочи, нели ова што си работиме ние, кокаин, и гледаат ако има шанси да го пуштат Грциве, оти за толку мала количина реално не се оди во затвор, ама е скандал за нас. Да го пуштат, никаде да не запишуваме, на нивна територија е кривичното дело, ама не знаеме дали ќе го пуштат, не можеме да знаеме. Мислам ептен, со куче, со све му ја претресувале колата. Апла.
НГ: Познавајќи го колку е он некритичен, ништо чудо да рече дека го наместиле.
ГЈ: Па ја да Ви кажам Претседателе, Љупчо уште преѓе дур бев на излегување од Влада, ми ја пушти поракава, ама викам ај да не му вртам од таму, пошто нели сите слушаат, не знам кој ќе ме чуе, јас се пазам од тие од работи. Само што влегов дома му се јавив убаво да се разбереме и ми објасни што е работава. Де факто, значи вака да...он на наша страна ја поминал границата, нормално не го испровериле, син на Претседателот, али Грциве си го провериле, кучево изгледа осетило дрога и му ја истресле колата и, тоа е тоа. И плус и нож имал, што исто не смее да носи. Можда е, пошто ова се е во странство и ние као не знаеме за ова, мислам нас ни е од луѓево што се на терен. Да почекаме да видиме како ќе се заврши работава, што ќе праат Грциве со него. Да не се доведувате и Вие во ситуација...
НГ: Они, они знаат ли чиј син е?
ГЈ: Молам?
НГ: Они знаат ли чиј син е? Сигурно ќе дознаат.
ГЈ: Ќе дознаат. Мислам они може да и да не знаат сега, а јас мислам ќе се дознае. Работава е...сега е борбата пошто е мала количина, на пример и кај нас некој да го фатат со грам, два, нели тоа што се вика за лична употреба, наркоманов не одговара, одговараат дилериве. И во принцип тоа поседување на дрога е прекршок, продавање е кривично дело. Е сега он е странски државјанин, некако ако може да го спасат по тој основ, оти ако влезе во грчки затвор, тоа ќе биде циркус.
НГ: Види, ако дознаат чиј син е, ќе влезе.
ГЈ: Е па тоа е, мислам и јас прво што помислив е тоа. И мислам и помалку дрога да е, вака реално од работава ќе поднаучиш нешто, два грама не е толку малку дрога. Оти тие 1-2 дози се пола грам, четврт грам, нели ги делат таму овие што користат. Значи два грама он може толку троши, ама не е баш она ептен да речеш, како за...само за него да земе.
НГ: Не знам дали да му се јавуваме, малку незгодно, а?
ГЈ: Па јас така малку пошто е, како да речам, сега точна е информацијата, јас Ви пишав неофицијално, оти немам документ, нели сега да не си ја фатам бељата. Меѓутоа точна е, се преслушнав со луѓето, тој е човекот. Плус овој Горан од обезбедување штом се јавува, значи знаат они.
НГ: Да му ја препратам јас пораката, да речам од некој инспектор ми е, нешто така.
ГЈ: Само таму пишува: Љупчо ми јави. Малку препрајте ја.
НГ: Ќе го избришам тоа.
ГЈ: Да. Препрајте ја, ха, ха.
НГ: Ќе го избришам. Трајко ја добив оваа информација, ценам дека е редно да те информирам.
ГЈ: Да де да. Оти јас сега...
НГ: Од полициски службеници ќе речам ја добив оваа информација.
ГЈ: Знаете како, сега и мене кога ми јавија, викам сега Трајко, штом знае овој од обезбедувањето знае и Трајко. Штом не ми се јавува, значи јасно му е колку е саат. Но мислам Вие океј е, препратете му ја, сепак мене повеќе ми е...
НГ: И ќе му допишам: Ако е точно ова, добро е да не дознаат чив син е.
ГЈ: Да, да, да
НГ: Грциве. Оти да не земе он да се јавува по грции, по мрции, некој таму.
ГЈ: Инаку да Ви кажам, мислам сега ептен се да сте во тек. Нашиве што го чекаат тој транспортот, баш на Богородица го чекаат да помине, си чекаат дрога како стално што си правиме. И они си имаат муабет со Грците, колку ние да немаме вака службено, официјална комуникација, за вакви ситуации си помагаме со Грците. И значи овие што го фатиле уствари детето на Трајко се со кучиња, со тие работи спремни за другово што го чекаат, не ради синот на Трајко. Посебно у ваков ден они не проверуваат дрога по коли.
НГ: Значи, вас договорена акција за други?
ГЈ: Да де да, сосема друг транспорт си чекаат и изгледа кучево нешто осетило. Мислам знаете како, тоа животинче е. И баш онака Љупчо мми кажуваше, му ја истресле колата, све, со куче...
НГ: Така.
ГЈ: Како што си се работи.
НГ: Добро, добро Горде.
ГЈ: Вие малку сменете ја пораката и препратете му ја, инаку да знае...
НГ: И ќе речам некои наши луѓе вго МВР.
ГЈ: И може некои од Вашево обезбедување да Ви јави
НГ: Да, да, да.
ГЈ: Како што знае неговото, може и Вашето да знае.
НГ: Океј, поздрав.
ГЈ: Океј, ајде поздрав, чао.

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=21833



2)

ВИДЕО) Бомба бр.25 – СДСМ: Милионот на Ивона Талевска, синот на Вељаноски фатен со дрога и „Сопот“

23-04-2015

Прес конференција на Панче Иванов, претседател на ОО СДСМ Велес

Почитувани,

Проектот Вистината за Македонија продолжува. Граѓаните на Велес се приклучуваат во враќањето на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија.

Денеска од Велес, од центарот на Македонија јавноста ќе ја слушне вистината за три скандали во коишто се инволвирани Никола Груевски и неговите соработници.

Пред да се чуе вистината за овие скандали, ќе слушнеме еден разговор помеѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Илија Димовски и Гордана Јанкулоска. Ќе слушнете како Димовски си нарачува притвор за свои сограѓани од Велес и бара помош од Гордана Јанкуловска, да се издејствува притворот со помош на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Јанкулоска се нуди за помош, ќе притиснела ако треба кај Јавниот обвинител, и, како што вели самата „ако треба кај Марко ќе ургираме“.

Овој разговор повтрува дека директната контрола на власта над обвинителството и партиската сервилност на Зврлевски одела дотаму што функционерите на ВМРО-ДПМНЕ можеле да си нарачаат и притвор за некои свои сограѓани. Дотаму оделе злоупотребите на власта.

Да го слушнеме овој разговор: (Снимка: 1)

Продолжуваме со објавувањето на вистината за три скандали во коишто се инволвирани Никола Груевски и неговите соработници.

Првиот е случајот Визарис. Се сеќавате како Ивона Талевска се обидуваше да докаже дека не стои зад фирмата и негираше дека милион евра легнале на нејзина сметка, па дури покрена и тужби. Епа легнале и повеќе од милион. Тоа ќе го слушнете од нејзина уста.

Се сеќавате дека Јанкулоска и Груевски се оградуваа од политичка вмешаност во случајот Сопот?

Епа вмешани се. Она што ќе го слушнете е класична потврда дека судските пресуди се носат по консултација со Никола Груевски.

Се сеќавате на информациите за случајот во којшто синот на собранискиот претседател, Вељаноски беше фатен со дрога, на граница? И како се обидуваше власта на Груевски да го замачка случајот? Епа го замачкале со директно знаење на Никола Груевски. Фамилијарните членови на власта се привилегирани дури и во вакви случаи.

Но вистината е една и единствена и од неа нема бегање.

Вториот разговор за денес е помеѓу главниот и одговорен уредник во Сител телевизија, Драган Павловиќ Латас и познатата уредничка-бизнисменка Ивона Талеска.

Овој разговор, од почетокот на 2013 година, целосно ја потврдува вистинитоста на сето она што СДСМ го објави пред повеќе од една година, поврзано за милионскиот скандал со фирмата „Визарис“.

Јавноста ќе слушне како Ивона Талевска, лично, потврдува дека таа стои зад оваа фирма, па дури дека „сама била таму“. Ќе слушне дека Талевска знаела, како што вели, дека „ќе помине Визарис“, и тоа неколку месеци пред да се реализира тендерот за избор на фирмата од страна на Министерството за здравство.

Ќе ја слушнете потврдата на Талевска: „Во 2013-та, на крај, 1 милион и 300 илјади евра ќе легнат на моја сметка, на Визарис“. Додека да и легнат парите на сметката, Талевска вели дека ќе живее како „мечка у пештера“ и нема да се „луксузира“, за да не се прават потреси.

Слушнете ја вистината за милионскиот скандал „Визарис“: (Снимка 2)

Во продолжение следува разговор кој уште еднаш, многу јасно потврда дека судските пресуди во Македонија се носат надвор од судовите и дека за нив одобрение треба да даде Никола Груевски.

Таков е примерот и со случајот Сопот. За потсетување, станува збор за судски процес по тргичен настан кој се случил пред 12 години и во којшто, од подметната еклозививна направа, загинаа двајца припадници на полскиот контингент на НАТО и еден македонски државјанин.

Од разговорот помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, јавноста ќе слушне како судските одлуки за одредени случаи биле предмет на коалициски пазарења и договарања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Ќе слушнете како Сашо Мијалков, потврдува дека уште при формирањето на владата нешто било договарано за судскиот предмет Сопот, но ништо конкретно.

Ќе слушнете како одело договарањето на пресудата за Сопот и дека барањето од коалициониот партнер е ослободителна пресуда. Ќе слушнете како Мијалков може, како што самиот вели, да зборува со судство и „може да се направи и вака и така“.

Јанкулоска и Мијалков калкулираат со можните сценарија за пресудата. Што би значело ако договорат повлекување на обвинението и дали може во таков случај засегнатите да не покренуваат тужби. Ја разгледуваат можноста за помилување, па намалување на казната или предверемено пуштање. Проценуваат дека ослободителна пресуда не би звучела убаво ниту за целото судство. Мијалков смета дека е најдобро да се донесе судска пресуда па потоа да се оди на помилување.

На крајот од разговорот ќе слушнете како Мијалков и Јанкулоска заклучуваат дека е најдобро да зборуваат со Никола Груевски. Тие ќе ја донесат пресудата за Сопот.

Да ја слушнеме вистината: (снимка 3)

Последниот разговор за денес, помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски, потврдува уште еден скандал.

Јавноста ќе слушне потврда дека синот на Трајко Вељаноски, на позицијата претседател на Собранието, бил фатен со дрога при влез во Грција.

Ќе слушне дека за Гордана Јанкулоска и Никола Груевски синот на Велјаноски е проблематичен и дека целиот случај е „апла“, „скандал“.

Ќе слушнете како, од позиција министер за внатрешни работи, Јанкулоска вели дека синот на Велјаноски ја поминал границата на Република Македонија без да биде проверен. За Јанкулоска тоа е нормално затоа што е „син на претседателот“ на Собранието.

Но скандалот не завршува тука. Јанкуловска потврдува дека од страна на, како што самата вели, „нашите“ од МВР, се правеле напори за да се ослободи синот на Велјаноски и никаде да не се запишува.

Никола Груевски сето ова го аминува, не реагира. Само крои план како да го извести Велјаноски дека е запознаен што се случило, но без да му соопшти кој му ја доставил информацијата.

Слушнете ја вистината: (снимка 4)

Почитувани граѓани,

Ве повикувам да се избориме заедно, ова зло никогаш да не се повтори.

Продолжуваме…

ТРАНСКРИПТИ:

http://libertas.mk/видео-бомба-бр-25-сдсм-милионот-на-ивона/



3)

ВИДЕО Заев: Груевски вработувал во МТВ, уредувал во „Сител“ и „Канал 5“, пишувал во „Вечер“

Објавеново 22 април 2015
Аудио доказите што ќе ги презентираме, ќе расчистат зошто воопшто националниот сервис МРТВ пренесува информации кои немаат врска со реалноста, како избирале новинари кои работат во телевизијата и зошто тие новинари сервилно ја испорачуваат секоја нарачка на Груевски и власта, рече денеска на прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

- Денеска го отвораме пакетот за поклопеноста на медиумите од страна на Никола Груевски и неговите соработници. Овие снимки ќе ја разобличат и директната спрега на релација Никола Груевски - приватни медиуми. Ќе ја докажат најбруталната недозволива контрола што ја воспоставил Груевски врз газдите на телевизиите Сител и Канал 5, Горан Иванов и Емил Стојменов, синови на коалиционерот на Груевски, Љубисав Иванов Ѕинго и претопениот во партијата Борис Стојменов - рече тој.

Заев истакна дека од денеска „Вистината за Македонија“ почнува да им го враќа на граѓаните правото да ја знаат вистината за медиумите, а со тоа и за се што им било одземено како информација.

http://www.plusinfo.mk/vest/23180/video-zaev-gruevski-vrabotuval-vo-mtv-ureduval-vo-sitel-i-kanal-5-pishuval-vo-vecer



4)

Што толку го налутило премиерот да нарачува текст против Орце Камчев?

22-04-2015

Од денешните опозициски бомби големо влијание на социјалните мрежи предизвика сознанието дека зад кавгата на Камчев со Латас и Ивона стои лично премиерот Никола Груевски.

Новинарски извори ни појаснија дека лутината на премиерот од сопственикот на трите весници на МПМ била заради критички текст за клиниката за гинекологија со наслов „На клиниката за гинекологија, стари шпилхозни ги налутија новите мајки-родилки“.

Наводно премиерот го прочитал овој текст во весникот на неговиот бизнис пулен Камчев и збеснал. Со Протоѓер сковале план како да се одмаздат. Договорено – направено.

Во денешните објавени прислушувани телефони меѓу професор др. Драган Павловиќ Латас и газдата на тв Сител и Вечер, Горан Иванов, тие си кажуваат дека портпаролот на премиерот и се јавил на Ивона со порака да го објави текстот против Орце Камчев што ќе и го пратат, и истиот да биде објавен ударно на насловната страница на весникот.

За добро извршената задача во која може да се претпостави дека премиерот не само што наредил туку и го составил катиљ текстот за Камчев, професор др. Латас добива телефонска благодарница “од се срце“ како што му вели Протоѓер од него и од премиерот.

Овој потег на Вечер покрај благодарницата добил и повратен удар од нападнатиот, газдата на МПМ, Камчев. Тој според извори во компанијата уште утредента по објавувањето на текстот-потерница, издал наредба Вечер да не се печати повеќе во печатницата на МПМ и таа наредба е се уште на сила.

Немаме информации дали премиерот им помогнал на Вечер во изнаоѓањето на нова печатница. Нема ни коментар од Орце Камчев кој бил единствениот во оваа игра кој не знаел дека зад нападот во весникот стои лично премиерот, но најверојатно по денешната „бомба“ работите ќе му се разбистрат.

14.Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов

ГИ: А гледам на ВЕЧЕР сте го направиле пуздер.
ДПЛ: Не бе, оваа Весна Божиновска. Му ставила срце, она сакала тоа да го, као на шала да го тера. Ама у текстот нема ништо, колку што знам, у текстот е само соопштението.
ГИ: А на насловна иде, гледам.
ДПЛ: На насловна го ставиле, да. Таа ми ја пуштија ја видов, на слика по СМС. Ама барал изрично на насловна.
ГИ: М?
ДПЛ: Изрично тоа детето од кај Никола се јави, како се вика едно дете младо?
ГИ: Суле.
ДПЛ: Како му е име, ја не го знам тоа.
ГИ: Суле го викаат, тој што му е портпарол.
ДПЛ: Александар или нешто, да, да, да. Ја слушав Ивона, на нејзе и се јави. Гледам одеднаш оваа се уозбили, ама мора ли? – му вика. Па добро сега вика, ако бара Никола тука нема што да се прашува он. И она вика, па добро на насловна ќе го ставам знаеш, он и диктира каде, што, све. Изрично бараше, ја бев тука. Да се стаи. —- го бара да се стаи, како. Не е мој избор да се појави на —-.
ГИ: А те*е кој ти се јави?
ДПЛ: Он на Ивона ја прашува дали треба да ми се јави на мене, кога беше тука. Не, ја ќе му кажам вика.
ГИ: Мхм.
ДПЛ: Тој Александар, ако збориме за истиот. И ја кога ја прашав, она ми објасни кој е тој.
ГИ: Тој е тој. Тој е од Ѓорче.
ДПЛ: Тој е тој.
ГИ: Бара изрично, и мислам дека Никола го има праено текстот, до толку е лично. Не е од Мартин, и од овие, од оние. До толку е лично и се инсистираше.

http://libertas.mk/што-толку-го-налутило-премиерот-да-нар/

Вратете се на почетокот Go down
 
Ивона Талевска и злосторничко здружение Сител и други на Градски Стадион бб
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МУЛТИ МЕДИА-
Отиди до: