ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 ПОТЕРНИЦА

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: ПОТЕРНИЦА   Саб 25 Апр 2015, 10:06 pm

1)

ФОТО: Стојанче Ангелов објави потерница по Груевски – награда милион евра


29-03-2015

Лидерот на Достоинство и организатор на граѓанските протести пред МРТВ, генералот Стојанче Ангелов, на својот Фејсбук профил објави потерница по Груевски, како продолжение на вчерашниот говор.

„Молам шерувајте! Ако не ви е страв“, напиша Ангелов на Фејсбук и ја сподели оваа фотографија.

На вчерашниот протест пред МРТ, генералот Стојанче Ангелов објави дека ќе даде награда од 1 милион евра за обвинителот што ќе го притвори и уапси Никола Груевски, пренесе А1он.

http://libertas.mk/фото-стојанче-ангелов-објави-потерни/


2)

ВИДЕО) Ангелов: Еден јавен обвинител ми вети дека ќе ја „заврши работата“

март 29, 2015

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, на протестот пред МРТВ
потсети на последните бомби на опозицијата во кои се говори за 20-тина милиони евра провизии.
– Има луѓе кои лежат во затвор за 100, за 50 евра, сетете се на
уапсените на македонските патарини, на уапсените полицајци,
цариници, затоа што се здружиле во злосторничко здружение и се
збогатиле со неколку илјади евра. А овие краделе без усул. Во Кина
ваквите криминалци ги стрелале, а овие уште се на власт и не убедуваат
дека се чисти. Ако само за два автопати украле 20 милиони евра, тогаш
колку украдоа од Скопје 2014, од гасоводот, автобусите и други „проекти“
– истакна Ангелов.

Тој понуди награда од еден милион евра за оној судија или обвинител кој
ќе се нафати да го процесуира целиот случај со прислушувањето и што
ќе го уапси Никола Груевски.

Ангелов рече дека парите за наградата нема да бидат од буџетот, туку
од парите што ќе им бидат одземени на функционерите што направиле
криминални дејствија
И на крајот откри една тајна! Еден јавен обвинител му ветил дека ќе ја
заврши „работата“!
– Да почекаме, мислам дека ќе го соберат за кратко – рече Ангелов

http://brif.mk/?p=180453


3)

Мијалков ќе го тужи Заев, но не ја негира автентичноста на снимките


01-04-2015

Веднаш по прес конференцијата на СДСМ, на која лидерот на партијата, Зоран Заев, објави телефонски разговори, смс пораки и други документи и обвини дека Мијалков добил милионски провизии при набавка на опрема за прислушкување, со реакција се јави и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Во истата, Мијалков во ниту еден момент не ја негира автентичноста на снимките, и не вели дека истите се монтирани, креирани, сечени или лепени, како што вообичаено вели неговиот братучед, премиерот Груевски, или други претставници на власта. Реакцијата на Мијалков ви ја пренесуваме во целост:

Зоран Заев денеска изнесе огромен број лаги и конструкции со кои повторно му нанесе огромна штета на Министерството за внатрешни работи како институција, но и мене лично како Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

За штетата и насилството кон државните институции против него веќе се води истрага во рамки на Оперативната обработка „Пуч“.

За клеветите и конструкциите изречени против мене, Зоран Заев ќе добие соодветна пријава.

Сакам да ја известам јавноста дека не станува збор за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја доби Министерството од нашите пријателски служби.

Донацијата од 5.557.377 евра е примена.

Со неа е купена опрема која што е предадена на специјалните единици и која што се користи во моментов, со што е подигната нивната борбена готовност.

За сето ова постои и писмена документација и договори кои ќе бидат приложени во процесот што ќе го покренам против Зоран Заев.

Очекувам судот да ги констатира и соодветно санкционира клеветите и конструкциите согласно законите на Република Македонија.


http://libertas.mk/мијалков-ќе-го-тужи-заев-но-не-ја-негир/


4)

Ангелов бара притвор за Груевски

Бараме од Јавното обвинителство или од еден јавен обвинител кој ќе има храброст и доблест, веднаш да му одреди мерка притвор на нелегитимниот премиер

Фокус 1 апр 2015,

Првиот човек на Достоинство, Стојанче Ангелов денеска пред зградата на Јавното обвинителство во Скопје побара обвинителството да се охрабри и да определи мерка притвор за премиерот Никола Груевски врз основа на кривичната пријава којашто вчера му ја поднесе опозициската СДСМ.

- Бараме од Јавното обвинителство или од еден јавен обвинител кој ќе има храброст и доблест, веднаш да му одреди мерка притвор на нелегитимниот премиер, Никола Груевски. Исполнети се повеќе основи за мерката притвор, постои опасност од бегство затоа што има многу пари и лесно може да побегне и да земе лажен индентитет, постои основен страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите од криминалните дела, дека ќе влијае на сведоци, вештаци, соучесници и прикривачи. Постои исто така страв дека ќе ги повтори кривичните дела, ќе ги доврши или ќе стори нови – изјави денеска Ангелов пред Основното јавно обвинителство.

Опозицијата вчера до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против премиерот Никола Груевски, министерот Миле Јанакиески, градоначалникот Коце Трајановски и други лица кои, според неа, се директно инволвирани во криминални и коруптивни дејства, во врска со парцелите на Водно.

http://fokus.mk/angelov-bara-pritvor-za-gruevski/


http://www.plusinfo.mk/vest/20664/angelov-pobara-gruevski-da-bide-pritvoren


5)

Генералот Ангелов пролеал крв за Македонија а Груевски купувал станови

02-04-2015

Поминав низ центарот на Скопје забележав графити со следната содржина; „Стојанче Ангелов + УЧК“. Посебно ме предизвика да реагирам реченицата „Зошто се боревме“. Каконада од напади врз генералот Ангелов секојдневно има на владините медиуми.

Нарачателите и реализаторите на нападите на генералот Ангелов на секој можен начин користејќи ги медиумите, ниту се бореле во 2001 година, уште помалку ја разбираат состојбата која ни се случи во 2001 година. Голем дел од нивверојатно ги извртуваат фактите, односно лажат или пак глумат дека не им е јасно.

Генералот Ангелов не го познавам освен преку неговите јавни ангажмани околу враќањето на слободата и демократијата во државата. Токму преку неговите ангажмани што пред се граѓанска должност, тој одржува лекции како се сака Македонија. Тој се бори сега да се објават снимките на МТВ кои ги објавува Зоран Заев, лидерот на СДСМ и опозицијата-човекот кој нема страв вистината да ја обелодени.

Колку што знам генералот Ангелов бил тешко ранет во 2001 година и одвај преживеал. Многупати медиумите објавиле дека Никола Груевски, тогашен министер за финансии, купувал станови токму во 2001 година и на денот кога загинаа бранителите кај Карпалак. Тогаш Груевски набавил блиндиран џип за да се вози како министер а што направи тогашната Влада во која министер за финансии бил токму Груевски што направил да ги заштити и опреми подобро бранителите кои биле на борбените позиции.

Во оваа прилика нема потреба повеќе да образложуваме, секој од нас е способен да ја оцени вистината и да не робува на манипулациите односно да не биде роб на узурпаторите на државата кои ги користат ресурсите за да манипулираат со граѓаните.

Со лагите и манипулациите врз генералот Ангелов се напаѓа Македонија, бидејќи токму Ангелов и многу други пролеале крв за оваа држава а дел ги изгубија животите.

Митко Јованов

http://libertas.mk/генералот-ангелов-пролеал-крв-за-маке/


6)

(ВИДЕО) Хајредини: Ако Панде Лазаров одлежа 5 години за мито од половина милион, колку ли ќе се лежи за 20 милиони евра?

28-03-2015

Во последното издание на „360 степени“ на ТВ Алсат-М анализирајќи ги телефонските разговори што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за корупција во тендерите на ЕЛЕМ за РЕК Битола и при договарањето на сумите за изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип, поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини ја отвори дилемата за тоа колкава би била казната за оние кои земаат мито од повеќе милиони евра ако за само 500 илјади, кои ги добил од кинеската фирма која ја градеше „Козјак“, тогашниот директор Панде Лазаров одлежа 5 години затвор.

http://libertas.mk/видео-хајредини-ако-панде-лазаров-одл/


7)

СДСМ: МВР се подлабоко се заплеткува и станува соучесник во криминалот на Мијалков


02-04-2015

„Министерството за внатрешни работи, обидувајќи се да го извлече братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков, од милионскиот корупцискиот скандал поврзан со набавка на опрема за прислушкување, се подлабоко се заплеткува и станува соучесник во реализираниот криминал“, стои во денешното соопштение од СДСМ.

„Сашо Мијалков, од позиција на Директор на УБК, и Никола Груевски мораат да и одговроат на јавноста во Република Македонија:

Каква е таа наводна донација што се реализира преку приватна фирма во Македонија?

Од објавените разговори, чија веродостојност ја потврдија Сашо Мијалков, МВР и ВМРО-ДПМНЕ, се докажува дека Мијалков ја избрал банката во Будимпешта, преку која се извршени трансферите на средства. Зошто наводната донација е уплаќана на сметки на странски банки во странски држави?

Каква е таа наводна странска донација што не е пријавена во Секретаријатот за европски прашања?

Каква е таа донација во којашто се договара давање пари во кеш?

Заканите, со кривично гонење за наводно оддавање државна тајна уште еднаш ја потврдуваат целосната контрола и злоупотреба на правосудните органи од страна на фамилијата на власт.

Ниту една закана од страна на Груевски, Мијалков и нивните блиски соработници вмешани во страотни криминални и корупциски скандали нема да го спречат објавувањето на доказите и аргументите за „Вистината за Македонија“, велат од СДСМ.

http://libertas.mk/сдсм-мвр-се-подлабоко-се-заплеткува-и-с/

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Re: ПОТЕРНИЦА   Нед 26 Апр 2015, 12:14 pm

1)
Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

СТЕВАН ПАВЛЕВСКИ ПОРАНЕШЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА РМ

ЗВРЛЕВСКИ КРИВИЧНО ЌЕ ОДГОВАРА АКО НЕ ГОНИ ЗА "ПРИСЛУШУВАЊЕТО" !

ФОКУС БР 1020 ОД 24 АПРИЛ 2015

http://fokus.mk/vesnik/1020/


2)
Питер Фејт: Бомбите покажуваат страшни прекршувања и јасни злоупотреби на моќта

25-04-2015

Поранешниот висок претставник на Европската Унија на Косово, Питер Фејт, во петокот беше гостин на холандско радио за да одговара на прашања за политичката криза во Македонија. Во 2001, Фејт беше посредник испратен од НАТО за да преговара со војската на ОНА, пренесува Мета.

Во интервјуто Фејт оцени дека снимките кои ги објавува опозицијата укажуваат на сериозни ЗЛОУПОТРЕБИ и КРИМИНАЛ ОД СТРАНА НА ВЛАСТА и ги демистифицира наводите за етничка дестабилизација на земјата.

Според Фејт, снимките кои ги објавува опозицијата „откриваат страшни прекршувања на човековите права, изборни измами, итн.“ Тој смета дека судска истрага Е НЕОПХОДНА , истовремено треба да се рестартира парламентарниот процес и да се избегнат меѓуетнички тензии.

– Снимките покажуваат јасни злоупотреби на моќта, но ЕУ не може да се изјасни без судска истрага. Дали судскиот систем во Македонија може да функционира САМОСТОЈНО или е потребна МЕЃУНАРОДНА ПОМОШ , тоа е нешто што ЕУ треба да го одреди – рече Фејт.

Тој за холандската јавност објасни дека „во тек се преговори со посредништво на Европскиот парламентот каде има обиди за постигнување договор на пример за ТРАНЗИЦИСКА ВЛАДА која ги вклучува СИТЕ ПОЛИТИЧКИ сили и иницирање на ИСТРАГА .“

Запрашан за меѓуетничките тензии, Фејт рече дека не треба да се драматизира.

– Разговарав со албанските лидери кои ги познавам од порано. Тие немаат интерес во тоа. Веста за заложниците [Гошинце] може беше точна, но можеби беше провокација. Треба да продолжи да се надгледуваат етничките односи, без да се заборави пошироката перспектива: Македонија треба да продолжи да оди по европскиот пат и да ги рестартира реформите. Комисијата препорачува да се започнат преговори за членство. Тоа претставува охрабрување за реформи. Спорот со Грција ги блокира тие преговори, иако постојат креативни решенија на маса. ЕУ е зафатена со илегалната миграција, со Украина, можеме и без уште едно жариште на Балканот 20 години по сите проблеми. Владата во Македонија треба да разбере дека мора да соработува со истрагата и посредништвото и да престане да ги негира фактите – рече Фејт.

Тој го поздрави фактот што сите европски институции нудат помош во решавањето на политичката криза во Македонија и прават притисок врз владата. Но, вели тој, „треба да се внимава да не се создаде одбивност кон Брисел и со тоа да се втурне земјата во рацете на Путин и други. Деликатна дипломатска игра е“.


http://libertas.mk/питер-фејт-бомбите-покажуваат-страшн/

3)
Итн
итн
..
Сепак мислам дека ГомноГлавиот Звревски овој пат ќе одигра друга улога по нарачка на Груевски . Ќе чека максимално а потоа ќе скрши главурдатаќе си даде оставка .Му купува време на Груевски и другите од неговото злосторничко здружение (Мијалков , Ставревски Јанакиевски ,Јанкуловска итн )

Јасно е дека гомноглавиот Зврелвски и самиот е дел од мафио злосторничкото здружение на Груевски .

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Re: ПОТЕРНИЦА   Сре 27 Мај 2015, 8:26 pm

(ВИДЕО) Влатко Васиљ на Б92 му објаснуваше на Зоран Кесиќ за камперите и контракамперите

http://brif.mk/?p=184032


Влатко Васиљ во „24 минути со Зоран Кесиќ“ на Б92

https://www.youtube.com/watch?v=2EAJkfMfR0o




али ова јако со саботажава

САБОТАЖА: Наводната експертска крепост зад која се кријат партиски подопашници

Саботажа бр.102 (понеделник, 25 мај 2015 година) на новинарот Среќко Поповски


https://www.youtube.com/watch?v=rnOq1H37d0k



Контра Македонија

Трајче Панов

Објавеново 25 мај 2015

Режимот, вака целосно разголен и дискредитиран е безидеен и потрошен, но затоа сè уште многу опасен. Иако сите тоа го знаевме, Груевски покажа дека е подготвен на сè и дека не бира средства да ја задржи сопствената фотелја. Македонија е киднапирана, слободата е задушена, но она што загрижува најмногу е што властодршците целосно го имаат изгубено разумот и со своите потези само уште повеќе ја вовлекуваат Македонија во амбисот. Испуштена е секоја шанса власта, како во нормална држава, да ја прифати одговорноста за своите постапки и да ги понесе последиците за своите дела. Уште повеќе, кумановските настани покажуваат дека и најмрачните сценарија за Македонија стануваат реалност.
Она што е застрашувачки е леснотијата со која ги оставаме прашањата неодговорени. Што се случи на 9 мај утрината во Куманово и кој е одговорен за тоа? Како и зошто институциите на системот затаиле превентивно да реагираат и да спречат ескалација? Зошто никој не нуди објаснување за сè посилните гласини дека режимот и лица од безбедносните сили имаат личен удел во сево ова? Многу прашања што водат само до онаа иста фрустрација кaj секој поединец што се грижи за сопствената и за судбината на државата, а тоа е така зашто не сме нормална држава.
Режимот е можеби неразумен, но сè уште многу лукав. Сева оваа маскарада со контрапротести, контракампови и со контра на сè што ќе организира спротивната страна е многу повеќе од само повторување и доказ на безидејност. Дури многу повеќе и од само терање инает. Режимот навистина се однесува како некој недоветник кој, фатен во својата немоќ, единствено што може да направи е да провоцира и да ја релативизира работата на другите. Режимот навистина се однесува како некој маалски плачко, кој кога е одбиен од групата, одбива да си оди од игралиштето и си почнува своја игра. Режимот, всушност, свесно и од очај и безидејност се обидува преку целата оваа лудорија и банализација на реалноста да ја испрати пораката дека и двете опции се исти, дека исто прават.
И додека многумина влегоа во замката на к*рирското новинарство да се мерат величините, па да се споредува со софистицирани гугл-формули кој протест бил поголем или кој камп како бил организиран, всушност целта што власта ја поставила - функционира. Власта нема друг избор освен да ја релативизира реалноста, да ја сведе битката на борба помеѓу две слични нешта, да ја пласира теоријата дека ова е уште една Курто и Мурто битка. Тоа е, всушност, единствената можност што режимот ја има во моментот. Длабоко втеснет во дефанзива, Груевски и врхушката се обидуваат да ја спасат својата кожа преку сведување на целиот процес на изедначување на двете страни. А разликите никогаш не биле поголеми. Процесите што се случуваат во земјата никогаш не биле поразлични. Пукнатината помеѓу двете Македонии станува сè поголема, разликите непремостиви и само останува расплетот кој ќе покаже која од визиите за Македонија ќе победи. Или, попрецизно, до кога режимот ќе одбива да се соочи со сопствениот пораз и уште колку ќе се обидува да ја повлече Македонија во своите мрачни сценарија.
Генезата на падот на ДПМНЕ е слична како и во 2002 година. Повторно истата логика за странскиот непријател, кој преку разни конспиративни сценарија сака да го загрози и да и го одземе суверенитетот на Македонија. Повторно непотврдени и неверодостојни конспирации за геополитички игранки и обид со неподнослива леснотија да се занемарат сите зулуми и злосторства, сите криминали и пљачкосувања, сите упади и гушења на демократијата и независноста на институциите, се со единствена цел да се задржи монополот на сила и располагање со парите на граѓаните. Фолклористиката на контрапротестот покажува дека не останало ништо од она за што таа партија некогаш се залагала, идеолошките линии се целосно демаркирани, а партијата само подлабоко влегува во својата дискриминирачка, ксенофобична и фашистичка реторика. Колку повеќе царот е гол, толку повеќе сликата е грозна за очите на јавноста. Колку повеќе царот се брани, толку повеќе темелните вредности и стратешките приоритети на земјата се расклатуваат, темелите се поткопуваат.
Напишав пред извесно време дека колку повеќе режимот ќе одбива да се повлече и на цивилизациски начин да ја прифати одговорноста за своите дела, толку повеќе конечната победа над ова зло ќе има поголема значајност. Колку повеќе режимот опстојува, толку повеќе ги повлекува со се*е своите слуги и ќе ги разоткрива нивните вистински лица. Тешко на оние вистински вмровци, кои треба да ги трошат своите дланки и громогласно да го легитимизираат политичкиот куплерај на луѓе со ѓон-образ кои секогаш ќе се бранат до последната трошка сопствен гол интерес. Тешко и на слугите, кои панично се обидуваат спасувајќи ја кожата на деспотот, да го спасат изворот на своето криминално богатење, да продолжат да приграбуваат и да го соголуваат сопствениот народот додека сè уште можат.
Груевски има стеснет маневар, а потезите се исклучително ограничени и лесно читливи. Оваа контра Македонија на Груевски веќе не може да го сопре бранот, свежиот граѓански бран што надоаѓа. Граѓанска Македонија е втемелена и таа Македонија не познава националност, јазик, култура, религија, класа или сексуална припадност. Колку повеќе власта се инаети, толку повеќе таа Македонија расте, колку повеќе одредени политички субјекти мислат на своите бизнис интереси наместо на интересите на својот електорат, толку повеќе таа Македонија станува разнолика, мултиетничка, културно богата, солидарна и правична. Груевски, всушност, е најголемиот ктитор на оваа нова Македонија. Секој негов нов ден на власт е само уште можност за оваа граѓанска Македонија да расте и да ги отвора вратите на сите кои страдале во изминатите години, на сите што гледаат со своите широко отворени очи, на сите кои сфатија дека лудилото на Груевски и неговите послушници мора да престане.

Али Ахмети ќе мора еден ден на своите избирачи да им објасни зошто неговите бизнис-интереси биле поважни од сите навреди кон албанскиот народ и од доброто на сопствената држава. А во меѓувреме, ниту Гордана Јанкуловска, ниту Сашо Мијалков, а богами ниту Миле Јанакиевски поднесоа оставки од функциите кои всушност вистински ги извршуваа во изминатите девет години. Лесно можевме да видиме дека двоецот во МВР е се само не фокусиран на безбедноста на државата. Тие заедно со Груевски беа креатори на овој монструозен систем на владеење и негови главни извршители. Сè додека режимот не падне и сите одговорни на чело со Груевски не понесат кривична одговорност за своите дела, оваа борба мора да трае. Оставките покажуваат дека Груевски само сака да ја замајува јавноста и да глуми одговорност, меѓутоа криминалниот систем којшто е причина за сево ова што ни се случува се уште опстојува. Оставките не смеат никого да залажат, сево ова се нови чекори до конечната цел - слободна и демократска Македонија!



Објавено во „Слободен печат“

http://www.plusinfo.mk/mislenje/545/kontra-makedonija
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: ПОТЕРНИЦА   

Вратете се на почетокот Go down
 
ПОТЕРНИЦА
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: