ФОРУМОТ Е НАШ
Грујовиот монтиран судски процес против Заев 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Грујовиот монтиран судски процес против Заев 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Грујовиот монтиран судски процес против Заев

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Грујовиот монтиран судски процес против Заев Empty
ПишувањеПредмет: Грујовиот монтиран судски процес против Заев   Грујовиот монтиран судски процес против Заев EmptyНед 03 Мај 2015, 12:52 pm

Грујовиот монтиран судски процес против Заев

Јавно обвинителство: Обвинителен акт за лидерот на СДСМ, Зоран Заев

од НОВА објавено на: 30-04-2015

Основното Јавно Обвинителство до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска достави обвинителен акт против пет лица кои се дел од предметот во јавноста познат како „Пуч“ за кривичните дела, меѓу кои е и лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој се товари за за кривично дело насилство према претставници од највисоки државни органи.

Обвинителниот акт за Зоран Верушевски се однесува за кривичните дела Неовластено прислушкување и тонско снимање како и насилство према претставници од највисоки државни органи, додека неговата сопруга Соња Верушевска за кривичното дела шпионажа.

Останатите обвинети, функционери во МВР добиле обвинителен акт за кривичните дела неовластено прислушкување и тонско снимање, како и насилство према претставници од највисоки државни органи.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21997


и реакција

СДСМ: Одлуката за обвинение за „Пуч“ доаѓа по налог на Груевски и Мијалков

Објавеново 01 мај 2015

Одлуката на Јавното обвинителство за конструираниот случај „Пуч“ за СДСМ не е изненадување, затоа што токму ние, со докази, аргументирано, објавивме под каква контрола на извршната власт е целокупниот систем во Република Македонија, реагираше СДСМ на соопшението на Основното јавно обвинителство дека подкренало обвинителен акт за случајот „Пуч“

Како што се наведува во реакцијата, јавното обвинителство во период од 30 дена, почнувајки од 24 април, требаше да донесе одлука – или да поднесе обвинителен акт или да ја отфрли кривичната пријава на МВР за случајот што го конструираше, но одлуката, Јавното обвинителство ја донесе за само 6 дена, од вкупно 30 дена што ги имаше на располагање за донесување одлука.

„Тоа што вчера, јавниот обвинител, преку адвокатите побара да му бидат доставени пасошите на притворените Соња Верушевска и Бранко Палифров, за да ја замени мерката притвор со друга поолеснителна мерка на обезбедување, а сепак на крајот се донесе одлука за поднесување обвинителен акт и продолжување на притворот, само дополнително потврдува дека одлуката е донесена од Јован Илиевски, баџанак на Сашо Мијалков и Марко Зврлевски, директен извршител на власта на Никола Груевски“, се вели во реакцијата.

СДСМ смета дека одлуката, максимално брзо да се донесе обвинителен акт доаѓа директно од Никола Груевски и Сашо Мијалков, кои се фатени во рушење на уставниот поредок и злодела врз граѓаните на Република Македонија.

„Тоа што сега го очекуваме е брзо да се донесе и пресуда против лидерот на опозицијата и другите лица кои се во притвор. Борбата за слобода и демократија продолжува. Вистината е само една и единствена и таа ќе исплива на површина порано или подоцна“ пишува во реакцијата на СДСМ.

http://www.plusinfo.mk/vest/24224/sdsm-odlukata-za-obvinenie-za-puc-doagja-po-nalog-na-gruevski-i-mijalkov


и

СДСМ: Обвинителството е инструмент на интересите на Груевски и Мијалков

Објавеново 02 мај 2015

„Јавното обвинителство реагира како да е политички субјект, а не правосуден орган. Ова е уште еден класичен доказ дека обвинителството е инструмент за остварување на политички цели и интереси на Никола Груевски и Сашо Мијалков, порачува СДСМ во својата реакција на денешната реакција од Јавното обвинителство.

„Нека не ја лаже Обвинителството јавноста со обиди за оправдувања и затскривања зад обвинителите.

Јавното обвинителство функционира по принципите на хиерархија и субординација.

Обвинителниот акт против лидерот на опозицијата и обвинетите во конструираниот случај Пуч е нареден од Јован Илиевски, баџанак на Сашо Мијалков и Марко Зврлевски, директен извршител на власта на Никола Груевски.

Да имаше Јавното обвинителство каков било аргумент за покренувањето на обвинителниот акт против обвинетите во конструираниот случај Пуч, ќе го соопштеше јавно пред граѓаните на Македонија.
Јавното обвинителство нема аргументи!“, се вели во реакцијата од СДСМ.
Партијата посочува дека Македонија веќе е држава во која е подигнато обвинение за преврат, без во него и во обвинението да се вклучени војската или полицијата.
„Република Македонија сега е прва држава во светот каде што има обвинение за пуч, без притоа во таквиот наводен пуч да има каква било инволвираност на ВООРУЖЕНИ СТРУКТУРИ од полицијата и од МВР и АРМ.
Порачуваме дека Јавното обвинителство е должно да постапува согласно законите во Република Македонија, а не по нарачки на тесна група на власт на чело со Никола Груевски којашто работела на УРИВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК на државата и правела ЗЛОДЕЛА врз граѓаните на Македонија“, порачува СДСМ.


http://www.plusinfo.mk/vest/24306/sdsm-obvinitelstvoto-e-instrument-na-interesite-na-gruevski-i-mijalkov



ајде прво да разјасниме за што зборуваме

вака :

Заев во паника: За „пучот“ му се заканува голема затворска казна

02.05.2015

На лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му се заканува затворска казна од најмалку четири години, според членовите од Кривичниот законик, на кои се повикува МВР, а по информацијата дека Заев е осомничен во акцијата „Пуч“. Од министерството истакнаа дека „40 годишното лице од Струмица, лидер на политичка партија, се товари за „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ од чл.311 в.в чл.19 сторено во обид.

„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија со сила или со сериозна закана ќе го спречи нешто да стори или ќе го присили нешто да стори или да не стори во вршењето на неговата должност претседателот на Републиката, на Собранието, на Владата, на Уставниот суд или на Врховниот суд на Република Македонија, ќе се казни со затвор најмалку четири години“, стои во член 311 од Кривичниот законик.

Во член 19, пак пишува: „ (1)Тој што со умисла ќе започне извршување на кривично дело, но нема да го доврши, ќе се казни за обид на кривично дело за кое според закон може да се изрече затвор од пет години или потешка казна, а за обид на друго кривично дело само кога законот изречно пропишува казнување и за обид. (2)Сторителот ќе се казни за обид во границите на казната пропишана за кривичното дело, а може да се казни и поблаго, се наведува во член 19 од Кривичниот законик.

http://www.press24.mk/zaev-vo-panika-za-puchot-mu-se-zakanuva-golema-zatvorska-kazna


прво да ги разјасниме термините

1)

Пуч

02.02.2015

Ѕвездан Георгиевски

Премногу лесната и, би рекле, безобразна употреба на зборот „пуч“ во името на полициската операција, по која лидерот на опозицијата доби кривична пријава за „за противуставно уривање на државниот поредок“, а неколкумина се веќе во притвор, уште еднаш ја актуелизира употребата на овој термин во македонскиот јазик и во македонскиот контекст воопшто. Велиме „уште еднаш“, иако премиерот Никола Груевски во своето обраќање децидно утврди дека станува збор за прв ваков обид во македонската историја, бидејќи токму оваа гарнитура на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред едвај две години (24 декември 2012 година), кога пратениците на опозицијата брутално беа истерани од Парламентот, тврдеше дека тогашниот лидер на опозицијата Бранко Црвенковски се обидел да изврши – пуч!.

Колку сериозно власта ја сфаќа сопствената конструкција за државен удар, говори и фактот дека наводниот водач на пучот, Зоран Заев, не е уапсен (иако, верувам, дека власта со задоволство би го видела зад решетки, ама, ете, проценките се изгледа вакви), дека целото злосторничко здружение се сведе на едвај тројца луѓе, плус по некој член на нивните семејства, дека фамозниот Совет за безбедност на претседателот Иванов пак не одржа седница, ниту се јави оној негов мистериозен советник за овие прашања... Не се споменува оружје (освен оние два пиштола на разузнувачот Верушевски), нема вонредна состојба (што не значи дека нема да биде), нема вмешаност на високи воени чинови (речиси задолжителна состојка на секој пуч)... Јасно им е, значи, не само на длабокоумните, туку и на оние благомислечките, дека станува збор за груба политичка пресметка на власта со опозицијата и, јасно, за – постоечки материјал што ја компромитира актуелната владејачка елита. Дури и спинот со странските разузнавачки служби кои наводно го доставиле материјалот не делува доволно убедливо во конструираната приказна за пуч. Која, имено, странска сила сака пуч во Македонија? И, еве, ако има таква, нема ли подобри методи да се изведе пучот?

Што е пуч? Според ДЕФИНИЦИИТЕ, станува збор за обид на заговорници СО СИЛА , со средства спротивни на демократската процедура или со фалсификување на таа процедура да ги срушат носителите на власта или на политичката хиерархија. Пучот, исто така по дефиниција, се спроведува кога една политичка група смета дека власта ја носи земјата во погрешна или несакана насока. Македонија, ако се изземе воениот пуч на генералите Симовиќ и Мирковиќ од 27 март 1941 година, нема некое искуство со пучеви. Во предвечерието на југословенските војни, Претседателството на СФРЈ гласаше за своевиден „легален“ пуч што требаше да го изврши ЈНА и да воведе воена управа во земјата. За среќа, оваа опција не помина. Иако пучевите се специјалитет на африканските и латиноамериканските земји, Европа не е имуна од нив. Најпознат пуч е „Пивничкиот“, односно „Минхенскиот“ пуч на Адолф Хитлер од 1923 година, кој иако не успеа, го најави и Хитлер и неговиот начин на водење политика. Грција преживеа тешки години на „полковничката хунта“, по воениот удар од 1967 година на генералот Патакос. Франко во Шпанија и Мусолини во Италија се дојдени на власт по пучеви. Како и да е, некои пучеви се проценети и како позитивни. Таков е примерот со пучот на Кенан Еврен во Турција од 1980 година, кој иако репресивен, успеа да воведе ред во анархичната состојба на земјата. Дури и пучот на полскиот генерал Војчех Јарузелски од декември 1981 година за дел од аналитичарите се смета за позитивен. Наводно, без воведување воена диктатура можело да се очекува Советскиот Сојуз да ја нападне Полска, а тогаш последиците секако би биле покатастрофални.

Постојат и пучеви што ги врши самата власт (токму Јарузелски, кој беше претседател на Народна Република Полска е класичен пример, а и неуспешниот пуч пред југословенските војни влегува во оваа категорија), а тоа се случува кога власта самата го урива уставниот поредок (или со еднострани уставни измени, или со очигледно кршење на уставот), кога, на пример, трите власти – законодавната, извршната и судската – се ставаат под една капа и, конечно, кога се кријат компромитирачки материјали од јавноста. Да се разбереме, не мислиме тука на македонската власт (иако така може да изгледа) бидејќи, без оглед на „бомбата“ на Заев, во јавноста само во последните неколку месеци излегоа толку компромитирачки афери, од патни трошоци, преку куќата на Миле Јанакиевски, па сè до парите потрошени за „Скопје 2014“ (и куп други) што во секоја нормална држава би предизвикало, ако ништо друго, тогаш барем серија оставки.

Разликата меѓу пучот и револуцијата е во тоа што целта на револуцијата е комплетно менување на системот (Француската револуција – промена на монархијата во република, Октомвриската револуција – промена на монархијата во комунистичко/социјалистичко општество), додека пучот во основа не ги допира основните поставки на системот, особено во општествената поделба на материјалните добра.

Пуч е релативно нов збор (иако појавата не е) и доаѓа од швајцарскиот германски (putsch) што отприлика би значело „иницијален удар“, а влегува во стандардниот германски јазик по Циришкото востание од 1839 година. Според некои извори овој збор првпат е употре*ен во неговото денешно значење во 1919 година (за разлика од терминот „државен удар“, според францускиот „coup d’etat“, кој е во примена од XVIII век).

Нема да биде чудно, по македонската „пучистичка“ епизода, овој збор да добие едно сосема ново, подбивно, значење.

http://okno.mk/node/44249

2)

Шпиунажа

Нема кривично дело, Груевски да ја запре постапката против Заев!

Објавеново 02 февруари 2015

Од изјавата на премиерот разбрав дека биле поднесени кривични пријави против четири лица меѓу кои е и лидерот на опозицијата Зоран Заев, поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела шпионажа и насилство спрема претставници на највисоки државни органи. Според премиерот, најголем грев што го направиле осомничените е тоа што соработувале со странски разузнавачки служби заради прибирање податоци кои потоа би ги употребиле за политички цели против него и неговата власт.

На премиерот очигледно не му е познат ноторниот факт дека соработката со странски разузнавачки служби заради прибирање податоци за потребите на својата земја - на нејзината политика, наука, економија и слично - не е забранета. Дај боже да имаме колку што е можно повеќе вични разузнавачи, научници, професори, економисти, политичари и други, кои ќе воспостават повеќе контакти со претставници на странски разузнавачки служби (кои, впрочем, многу тешко се воспоставуваат) и да прибираат податоци кои би ги искористиле за потребите на македонската политика, наука и еконоимија.

Со член 316, став 4, од Кривичниот законик, забрането е прибавување тајни податоци и документи со намера тие да се СООПШТАТ ИЛИ ПРЕДАДАТ на странска држава, странска организација или лице кое им служи. Како што произлегува од изјавата на премиерот, осомничените НЕМАЛЕ НАМЕРА тие податоци да ги дадат ниту на странска држава, ниту на странска организација, ниту пак на лице кое им служи, туку, едноставно, да ги употребат во политичката борба против владејачката гарнитура на чие чело се наоѓа тој, заради нејзина замена со друга влада.

Премиерот, исто така, го губи од вид ноторниот факт дека со евентуалното заменување на неговата политичка гарнитура со некоја друга (техничка или политичка) не се руши уставниот поредок, туку само се менува владата. Уставниот предок е утврден со Уставот и промената на владата не значи негово рушење. Тоа што наводно лидерот на опозицијата му се заканувал дека податоците до кои што дошол ќе ги објави на граѓаните на Република Македонија, НЕЕ КРИВИЧНО ДЕЛО . Според член 2, став 1 од Уставот, во Република Македонија, суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Според тоа, Република Македонија е држава на граѓаните, а не држава на премиерот и на неговата владејачка гарнитура. Имајќи го ова предвид, граѓаните треба да знаат како работи нивната влада, па ако работи лошо И ДА ЈА СМЕНАТ .

Премиерот очигледно е многу уплашен да не му се загрозат позициите, па го обвинува лидерот на опозицијата дека со наведената закана извршил насилство спрема него како претставник на највисок државен орган. Но, ноторен е фактот дека во една демократска држава, во која власта им припаѓа на граѓаните, ТОА НЕЕ насилство спрема претставник на највисок државен орган, ТУКУ ИЗВРШУВАЊЕ на со Уставот и законот загарантираното ПРАВО НА ИНФОРМИРАЊЕ на граѓаните (член 16, став 1 и 2 од Уставот).

Имајќи го ова предвид, му препорачувам на премиерот, да го искористи својот авторитет кај неговите органи за кривично гонење, тие да ја запрат постапката против осомничените за наведените кривични дела, бидејќи, барем спрема неговата изјава, не сториле никакво кривично дело, туку само го користеле своите демократско право на прибирање информации до кои странските разузнавачки служби им овозможиле пристап (член 16, став 3 од Уставот), а за кои тој и самиот призна дека „некои од нив биле точни, некои делимично точни, а некои и неточни“. Наместо да бидат кривично гонети, на нив за ова треба да им биде оддадено признание, бидејќи информациите до кои тие дошле, колку можеби се неповолни за власта, толку се и корисни. Од вистината не треба да се бега. На неа почива напредокот на овој свет. Затоа и најгорчливата вистина е подобра од најслатката заблуда.

Во врска со ова, само ќе напоменам дека премиерот, на крајот од неговата изјава однапред ги обвини осомничените, велејќи дека на сите прашања ќе одговорел во судска постапка против нив. Еден премиер треба да знее дека за да дојде до судска постапка против некое лице, надлежниот јавен обвинител треба да поднесе обивнителен акт против него поради постоење на основано сомнение дека сторил одредено кривично дело. Но, за волја на вистината, да го кажеме и тоа дека дури и тогаш лицето се смета за невино за казненото дело кое му се става на товар, се додека со правосилна судска пресуда не биде докажана неговата вина (презумпција на невиност, член 13, став 1 од Уставот).

И најпосле, уште една мала забелешка. Премиерот, при крајот на својата изјава, рече: „Закани и уцени и вакви местенки не прифаќам“. Демократските лидери, во вакви случаи, не зборуваат во прво лице, бидејќи зборуваат во име на граѓаните, а не во свое име. Затоа тој требаше да каже „закани и уцени и вакви местенки не прифаќаме“. Но, морам да напоменам дека во една демократска држава, опозицијата, во политичката комуникација со своите политички опоненти, има право да се служи и со закани, со уцени, па дури и со местенки, се разбира, базирани на вистинити факти. Според тоа, премиерот нема право да му замерува на лидерот на опозицијата за тоа што, според него, се послужил со закани, уцени и местенки.

(Името на авторот и е познато на Редакцијата) Плусинфо

http://www.plusinfo.mk/

а читателот потоа (следниот ден ) самиот и се представи на јавноста (доброволно го откри својот идентитет)

Вака :



Ристески: Што ќе правиме сега обвинителе?

Објавеново 03 февруари 2015

Од грешка во грешка, коментира професорот на ФОН, Темелко Ристески.


„Вечерва на Дневникот на ТВ Сител беше емитувана снимка од разговор меѓу премиерот и лидерот на опозицијата Зоран Заев. Нема многу да коментирам, туку само ќе ги цитирам член 17 став 1 од Уставот на Република Македонија и член 151, став 1,2, 3 и 4 од Кривичниот законик. Според член 17 од Уставот, на граѓаните на Република Македонија им се гарантира слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација. Лидерот на опозицијата Зоран Заев разговарал со премиерот. Тоа значи дека Заев вербално комуницирал со него. Разговорот бил сниман, без знаење на Заев“, пишува Ристески на својот профил на Фејсбук.

Тој објаснува дека според член 151 став 1, од Кривичниот законик, „тој што со употреба на посебни уреди неовластено прислушува или тонски снима разговор или изјава што не му е наменета, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“.

„Ова е во ред. Изјавата на Заев му била наменета на Груевски и била снимана. Но, проблем е со став 2 од Законикот, кој вели „со казната од став 1 ќе се казни тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушувана или тонски снимана“.
Уште поголем проблем на премиерот му прави став 3 според кој „со казната од став 1 ќе се казни и тој што тонски ќе сними изјава што му е наменета, без знаење на оној кој ја дава, со намера да ја злоупотреби или да ја пренесе врз трети лица или тој што таквата изјава непосредно ја пренесува врз трети лица.“
И најпосле, став 4 го дотерува проблемот до кулминација со тоа што пропишува „ако делото од ставовите 1, 2 и 3 го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години“. Според член 122, став 4 под а) и премиерот е службено лице. Беља голема, ќе рече обичниот граѓанин. Што ќе правиме сега обвинителе?
На крај ќе завршам со прашањето: Дали премиерот се смета дека е над Уставот и Законот (а не смее да биде, бидејќи Уставот во член 51 став 2 јасно кажува „Секој е должен да ги почитува Уставот и законите“ или пак човекот има премногу лоши правни советници кои слабо ги познаваат Уставот и законите на својата земја?“, објаснува Ристески.

http://www.plusinfo.mk/vest/13605/risteski-shto-kje-pravime-sega-obvinitele

3)

Хелсиншки: Апсурдно е да се третира како напад врз уставниот поредок објавувањето материјал за криминал и корупција

02-02-2015


Во периодот од 23 до 31 јануари 2015 г., од страна на специјални полициски единици, по наредба на судија на претходна постапка, извршени се претреси на домови и работно место за наводно сторени кривични дела „Шпионажа“, „Неовластено држење на оружје“, „Прикажување на порнографски материјал на дете“ и „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“. Осомничени за овие дела се З.В., С.В., Б.П. и З.З (лидер на најголемата опозициска партија). Приведувањето на З.В. како и во други случаи беше изведено на начин кој го повредува принципот на пресумпција на невиност. Прво, самиот чин на приведување од страна на МВР беше снимен и споделен со медиумите без прикривање на идентитетот на осомничениот. Второ, МВР самостојно и без координација со ОЈО (која според новиот Закон за кривичната постапка е задолжителна) посочи на наводно кривично дело кое според ОЈО не е предмет на истрага (Прикажување на порнографски материјал на дете). Трето, именувањето на полициската акција „Пуч“ претставува јасна повреда на пресумпцијата на невиност со што се врши своевиден притисок врз правосудните органи и се манипулира јавноста.

За кривичното дело „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ за кое што се товарат сите осомничени, Кривичниот законик утврдува дека го сторува оној „што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија со сила или со сериозна закана ќе го спречи нешто или ќе го присили нешто да стори или да не стори во вршењето на неговата должност претседателот на (…) Владата“. Од обраќањето до јавноста на претседателот на Владата од 31 јануари 2015 г., во кое тој ги образложува причините и тајмингот за отпочнувањето на истражната постапка, се наметнува заклучокот дека на тој начин од страна на Владата или премиерот лично се врши директно влијание врз одлучувањето на истражните и на правосудните органи. Ова особено затоа што претседателот на Владата во изјавата посочи дека тој лично донел одлука за поведување постапка против својот најголем политички опонент, бидејќи му се заканувал „дека ќе го обелодени криминалот на власта“. Ќе потсетиме дека според важечките прописи (Законот за Полиција и Законот за кривичната постапка) во Република Македонија важи т.н. принцип на легалитет на кривичното гонење, според кој полицијата и јавното обвинителство се должни секогаш да поведат постапка, ако се исполнети законските услови, што не смее да зависи од опортуноста на политичката одлука! Дотолку повеќе, ова важи и за сите евентуални кривични дела за кои постојат докази во спорните материјали кои се одземени во полициската постапка.

Имајќи предвид дека лидерот на најголемата опозициска партија месеци наназад посочуваше дека има на располагање материјал за корупција и друг криминал од страна на власта, произлегува дека не може да станува збор за лична закана, односно насилство спрема претседателот на Владата како еден од највисоките државни органи. Впрочем, во случајов очигледно е дека осомничените не се гонат за противзаконито прислушување, снимање и сл., а и да постои таков материјал тој според практиката на Судот за човекови права во Стразбур (Шенк против Швајцарија, Жалба 10862/84) не е автоматски неупотреблив за докажување на криминал, како што тоа би било случај кога ќе се утврди незаконито прислушување или снимање од страна на полицијата или други органи со слични овластувања. во меѓународното право постои тренд да не се гонат и да се заштитуваат лицата (т.н. whistleblowers–соработници на правдата) кои ќе обелоденат злоупотреби и друг криминал. Оваа заштита се обезбедува и преку Конвенцијата против корупција на Обединетите нации (Член 32) и Казнената конвенција за корупција на Советот на Европа (Член 22) кои предвидуваат посебна заштита на сведоци од одмазда или заплашување.

Намерата на лидерот на најголемата опозициска партија да обелодени материјал со кој што би се докажало КРИМИНАЛНО И КОРУПТИВНО ОДНАСУВАЊЕ НА ВЛАСТА е апсурдно да се третира КАКО НАПАД ВРЗ УСТАВНИОТ ПОРЕДОК И НАСИЛСТВО ВРЗ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ . Ваквиот материјал може да биде само од јавен интерес ако се има предвид дека власта за своите постапки одговора пред граѓаните од кои што е избрана. Хелсиншкиот комитет не ја пренебрегнува околноста ваквиот материјал да биде утврдуван во судска постапка, но загрижени сме од можноста со поведувањето на постапката спрема осомничените да се скријат или на друг начин „неутрализираат“ доказите за корупција и криминал на актуелната власт, преку обидите тие да се прикажат како незаконити, да се класифицираат како тајни и сл. Поаѓајќи од претходно наведеното, а поучени од претходните случаи на притисоци и влијанија врз судството и јавното обвинителство, инсистираме да се обезбедат услови за транспарентно водење на постапката, под мониторинг на меѓународните организации и невладините организации што се бават со борба против корупцијата и со заштита на човековите права и слободи.

http://libertas.mk/хелсиншки-апсурдно-е-да-се-третира-как/

4)

Државен удар или фикција?

04. фев. 15.

Д-р Слаѓана Тасева Претседател на Транспаренси Интернешнел Македонија

Постапката за наводниот државен удар секако ќе биде предмет на поширока домашна и меѓународна опсервација, како од аспект на работата на правосудните органи, така и од аспект на човековите права и пресумпцијата на невиност, со оглед на медиумската експонираност и објавување детали од страна на провладините медиуми.

Во викендот што измина претседателот на Владата ѝ се обрати на нацијата со информација дека е СПРЕЧЕН ОБИД ЗА ДРЖАВЕН УДАР , во кој лидерот на опозицијата се сомничи дека наводно го подготвувал во соработка со поранешен висок функционер во контра-разузнавачките служби.

Поднесени се кривични пријави за обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта, односно суспендирање на волјата на граѓаните. Според информациите објавени од Министерството за внатрешни работи, од прибавените докази во рамки на oперативната обработка „Пуч“ осумничените лица, преку употреба на незаконски средства на следење и шпионирање со упатување сериозни закани кон високи државни функционери, сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

Со обраќањето најавен е и судски процес кој „ќе се води транспарентно“, а граѓаните се повикани да не веруваат во ништо што ќе го објави опозицијата, затоа што тоа би биле монтирани невистини за кои ќе може да одлучува само „независното“ судство.

Според ПОШИРОКАТА ДЕФИНИЦИЈА , државен удар или „пуч“ претставува ненадејна промена на власта во некоја земја и тоа со противуставни средства. Тој може да биде мирен или насилен, а најчесто го спроведуваат армиите или некој висок државен функционер. Типични примери на државен удар се оние на генералот Франко во Шпанија, генералот Батиста во Куба, полковникот Гадафи во Либија, генералот Пиноче во Чиле, генералот Мушарафа во Пакистан.

Зошто случајот „Пуч“ е нетипичен?

Овој случај наречен „Пуч“ е нетипичен по тоа што во него според досега објавените информации не се вклучени актуелни високи државни функционери или старешини во армијата. Друго нетипично е тоа што, според изјавите, податоците со кои се подготвувало наводното загрозување на државниот поредок потекнувале од странски служби.

Според дефинициите на овие казнени одредби во Кривичниот законик, постојат повеќе дела на шпионажа, од кои класичното е создавање разузнавачка служба и работа за странска разузнавачка служба или агентура. Во овој случај МВР објави дека станува збор за класичниот облик на шпионажа, односно за создавање разузнавачка служба, за што се товари поранешниот контра-разузнавач и дипломат, а сега професор. Од објавената информација може да се прочита дека се собирани информации со намера да се соопштат и предадат на странска држава, организација или лице што им служи, но не е кажано дали постоел каков било контакт со странски служби, како што се тврди во изјавите.

Уште помаку може да се види дали четврто осумничениот (лидер на опозицијата), кој се сомничи како сторител на обид за кривично дело „Насилство спрема претставниците на највисоки државни органи“,според член 311 од КЗМ, контактирал со странски служби. Наводни помагачи во извршувањето на дејствијата за ова кривично дело се и контра-разузнавачот, неговата сопруга и еден функционер во локална власт. Против последните тројца веќе е одредена и мерка притвор, што не е случај и со лидерот на опозицијата кој се сомничи како носител на второто наведено кривично дело кое го сторил во обид.

По своето објективно битие, ова дело е идентично со кривичното дело присилба, за што е потребно да биде употре*ена сила или сериозна закана за да се присили друг да стори или да не стори или да трпи нешто, а покрај умислата, субјективната страна на делото ја карактеризира посебна намера за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на државата.

Во овој конкретен случај и во врска со кривичното дело „Насилство“ постои правна ситуација поврзана со казнивоста на обидот за ова конкретно кривично дело, а со тоа и за казнивоста на помагањето на делото кое останало во обид. Имено, законодавецот предвидел дека обидот се казнува како довршено кривично дело кај сите потешки дела за кои е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна, како и за другите кривични дела за кои законот пропишува казнување за обид. Во оваа ситуација тоа не е случај, односно казнувањето за обид на ова конкретно кривично дело не е пропишано.

Со самото тоа, доколку не може да биде казнет носителот на кривичното дело, за кого не е определен притвор, може да се проблематизира и казнивоста на делото, а и притворот кој е определен за помагачите на делото за кое се смета дека е сторено во обид, ШТО ВО СЛУЧАЈОВ НЕЕ КАЗНИВ .

Целиот случај започна со апсење на контра-разузнавачот за наводно нелегално поседување оружје, за кое веќе се утврди дека го добил како награда за време на службата. Обвинителството, кое проверките за оружјето ги наведе како причина за определениот притвор, сѐ уште не дало никаква изјава во однос на случаите шпионажа и насилство, но и во врска со основаноста на притворот за сите осомничени лица.

Сомнеж за објективноста на обвинителството

Во меѓувреме, медиумите блиски до власта објавија снимка од разговор помеѓу премиерот и лидерот на опозицијата кој се одвивал во кабинетот на Владата. По повикувањата да го искаже својот став во однос на оваа снимка, Јавното обвинителство се огласи со став дека објавувањето на какви било снимки кои можат да бидат дел од некаква евентуална и идна судска постапка е казниво и не е дозволено. Со ништо не кажа дали таа конкретна снимка е снимена законски, кој ја снимил и за каква потреба.

Ова уште еднаш фрла голем сомнеж врз објективноста, непристрасноста и законитоста на работењето на Јавното обвинителство, за кое од поодамна владее мислење дека станува дел од проблемот на загрозувањето на владеењето на правото, наместо негов заштитник.

Објавената снимка исто така фрла голем сомнеж и во начинот на работење на Владата, односно го отвора прашањето дали и колку други разговори во премиерскиот кабинет се снимани, од кого и со каква цел? Како провладините медиуми ги добиле овие снимки за да можат да ги објават и дали за ова ќе се преземе некаква активност од страна на правосудните органи кои се под контрола на власта.

Лидерот на опозицијата во своите изјави е категоричен дека ова нема да го спречи објавувањето на информациите за корупција со кои располага. Останува да се види колку од медиумите ќе бидат подготвени да објавуваат вакви информации по повикот на премиерот и на јавниот обвинител да не се објавуваат какви било информации за кои може да се води постапка и кои можеби нема да се целосно точни.

Постапката за наводниот државен удар секако ќе биде предмет на поширока домашна и меѓународна опсервација, како од аспект на работата на правосудните органи, така и од аспект на човековите права и пресумпцијата на невиност, со оглед на медиумската експонираност и објавување детали од страна на провладините медиуми.

Во врска со најавата за попречен државен удар веќе се огласија повеќе држави и Европската комисија, од што се доби впечаток дека меѓународната заедница повторно го подигна степенот на интерес за случувањата во Република Македонија. Овој впечаток веднаш беше негиран со откажувањето на веќе најавените посети на високи функционери од Европската комисија, кои своето доаѓање и евентуалните разговори за отпочнување на преговорите на високо ниво го одложија до решавањето на политичката криза.

Дали можеби покрај спречување на објавувањето на најавените компромитирачки материјали и ова беше една од целите на објавувањето на овој фиктивен државен удар? Планот Европа да се држи подалеку од Македонија засега многу добро се спроведува, во интерес на политиката, а на штета на граѓаните.

http://prizma.birn.eu.com/мк/стории/државен-удар-или-фикција

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Грујовиот монтиран судски процес против Заев Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грујовиот монтиран судски процес против Заев   Грујовиот монтиран судски процес против Заев EmptyНед 03 Мај 2015, 12:54 pm


5)

на никој нормален не му е јасно во што се состои кривичното дело

Јасно е дека станува збор за монтиран судски случај

Еве :

а)

Претставник на Стејт департментот: Не ми е сосема јасно кое е стореното кривично дело во случајот „Пуч“

05-02-2015

Мора да се води сметка за правните стандарди, вели претставникот на американскиот Стејт департмент Томас Мелија за БИРН, коментирајќи ја тензијата која ескалираше по наводниот обид за преврат во Македонија

Груевски рече дека лидерот на Социјалдемократите му се заканувал дека ќе објави компромитирачки податоци за високи функционери, доколку премиерот не се согласи на формирање техничка влада во која ќе биде вклучена и неговата партија.

Полицијата му го одзеде пасошот на Заев и уапси тројца во врска со случајот „Пуч“. Премиерот вети фер судење.

„Не ми е сосема јасно кое е стореното кривично дело или делото што наводно ќе се сторело“, изјави високиот американски функционер.

„Чекаме да дознаеме повеќе за ова и се надеваме дека ќе се почитува принципот на владеече на правото. Да зборуваме прво за доказите, а потоа за обвинувањата, доколку се неопходни, па ќе видиме дали институциите функционираат како што треба“, рече Мелија.

Основото јавно обвинителство, во меѓувреме, ги предупреди новинарите да се држат подалеку од „материјал кој подоцна може да биде дел од истражна постапка“, затоа што тоа е „забрането и казниво со закон“.

Критичарите на Владата го карактеризираа овој потег потег како обид да се спречи објавување на каков и да е материјал кој доаѓа од опозицијата, а се однесува на наводни незаконски активности на власта, со тоа што би ги ги прогласила за доверливи.

http://liertas.mk/претставник-на-стејт-департментот-не/


б)

и еве најново

Вака :

New York Times: Македонија го обвини лидерот на опозицијата кој обзнани корупција

Главниот опозициски водач во Македонија е формално обвинет за прислушувањето и непријателски активности по неколку месеци на политички превирања, пишува New York Times. Лидерот на левичарската партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, беше обвинет за “еден продолжено кривично дело на неовластеното прислушување и тонско снимање”, како и “насилство врз претставници на највисокото раководство”, се вели во соопштението објавено на веб-страница на државниот обвинител во четвртокот доцна навечер. Во обвинението се случи непосредно откако г-дин Заев ги обелодени плановите за масовните протести во главниот град на оваа балканска земја без излез на море, Скопје, кoj ќе се одржи овој месец – “најголемиот што земјата го видела”, рече тој. Македонската политика е потресувана со месеци од објавите на г-дин Заев е малку по малку,со протечените транскрипти од како што рече,од илјадниците владини снимки од разговори на владини претставници и други. Г-дин Заев вели дека тие укажуваат на случаите на корупција, местење на избори и манипулација на системот на кривичната правда. Претсавници од КОНЗЕРВАТИВНАТА ВЛАДА на премиерот Никола Груевски велат дека иако некои од снимките се чини дека се ЛЕГИТИМНИ , други се фабрикувани. Груевски обвини НЕИМЕНУВАНА странска разузнавачка служба за правење на снимки и поттикнување на скандал. Официјални лица од неговата партија го нарекоа обид за соборување на владата. Скандалот е удар врз имиџот на Македонија, сиромашна земја на јужниот раб на Балканот, која се обидува да се приклучи кон Европската унија и НАТО. Г-дин Заев рече на прес-конференцијата во Скопје оваа недела дека опозицијата има повеќе од 100.000 транскрипти од разговори и над 18.000 текстуални пораки од повеќе од 12.000 телефонски броеви, и дека ќе продолжи да ги обелоденува и да ги споделува со обвинителите. Западните лидери станаа вознемирени поради,од како што велат, растечкиот авторитаризам во Македонија. Дипломатите од САД и Германија, меѓу другите, се прозинесоа во последниве недели за темелна и транспарентна истрага за скандалот. “Постојат сериозни обвинувања за Владата ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА”, рече Џес Л. Бејли, амбасадор на САД во Македонија, во интервју за една локална телевизиска станица минатата недела.

http://libertas.mk/new-york-times-македонија-го-обвини-лидерот-на-оп/


6)

6)

Големиот “преродбеник” и револуционер, завршува на гилотиња запаметен како “Диктаторот дивјак”

Објавено: 23/02/2015

Гоце Димовски – режисер – Колумна за А1он

Пред точно една година прочитав писмо од еден украински писател, Јуриј Андрукович, познат и во меѓународните книжевни кругови. Писмото го доживеав толку потресно, што до денес не можам да ги заборавам сликите кои писателот успеал да ги долови за состојбите во неговата земја.

Всушност, еве некои моменти (извадоци).

Цитат:

Драги пријатели, Еве ги најважните работи што морам да ви ги кажам. Практично, пишувајќи и споделувајќи го ова, станувам предмет на неколку нови членови од кривичниот законик за “клевета”, “подгревање на тензиите” итн. Кратко кажано, ако ги признаеме овие “закони”, се што не е експлицитно наведено како дозволено од моќниците, е забрането. А единственото што е дозволено е да им се покорите на моќниците.

Имате чувство дека некои чудни “ескадрони на смртта” се пуштени во земјата со задача да го збришат најдоброто во неа. Сега имаме револуција на младите. Кога паѓа мрак над Киев, неидентификувани групи “луѓе во цивилна облека” роварат низ градот, ловејќи ги младите. Ги киднапираат и ги носат во шума, каде се соблекувани голи и мачени на страшно студеното време. Поради некоја чудна причина, жртви на таквите акции се претежно младите уметници: глумци, сликари, поети…

Не знам што ќе се случи во иднина. Мислете на нас. Украискиот народ сега ги брани европските вредности на слободно и праведно општество со сопствената крв… (завршен цитат). Ете зошто толку ме вознемири содржината на тоа писмо, поради кое често пати си го поставувам прашањето, што е денеска различно во мојата и ваша татковина, Македонија? Има ли пострашно чувство да се доживуваш како заложник во сопствениот дом, без право да размислуваш, да расудуваш, да создаваш…

Едноставно, без право да го живееш и обликуваш сопствениот и така усложнет живот и принудно да го ставиш во служба на пле*ејците… Non merci! Macédoine pas seulement le vôtre!!!

Изминативе приближно десетина години, мојата држава ми наликува и на периодот од Француската револуција, онаа декада од 1789-1799, епоха позната по ужасната репресија на јакобинците врз граѓаните. Обвинувања, прогонства, масовните егзекуции… време наречено “Владеење на теророт” во кое француското граѓанство му дава апсолутната поддршка на Максимилијан Робеспјер, именувајќи го како “човекот кој не може да се корумпира”.

Човекот на револуцијата набрзо е идол и на лажните револуционери. Големиот преродбеник не само што не успеал да се справи со традициите на француската монархија, туку во негово владеење ја создал новата, силна буржоазија, која набрзо продуцира понатамошни социјални немири. Според официјалната француска историја, Робеспјер погубил повеќе од 25 илјади луѓе, додека некои светски прозаисти во своите книжевни дела пишуваат дека ја погубил половина Франција. На крај, големиот “преродбеник” и револуционер, завршува на гилотиња запаметен како “Диктаторот дивјак”.

Ете уште еден пример зошто толку ме вознемири состојбата во мојата земја. Зарем е многу различно од состојбите во Франција од крајот на 18 век?! Да, различни се категориите на сталежите. Различна е бројката на луѓето кои ја напуштаат татковината, различен е начинот и бројот на егзекуции, на онеправдани, на понижени… едноставно, разликата е што се работи за различни држави по сите основи, а најиронична е разликата на епохите на теророт…

Единствено што е исто, тоа е формата на страдање. Каква иронија! Денеска, граѓаните на оваа земја, се вчудоневидени и опседнати од оваа хорор пародија низ која сите заедно минуваме. Се обзнануваат докази за кои ми се чини дека граѓанството не е подготвено да ги восприема со полна свест и разум. Можеби природата на човечкиот организам не може да издржи шокантни информации од такви размери и во толкав обем, па затоа создава одбранбен механизам со самозалажувње и успивање…

Што ни се случува?! Народот страда на целата географска ширина и должина на државата. Подалеку од скопскиот плоштад на кој ни се подбива цела Европа, се и насекаде изгледа како руска губернија во последниот атак на Иван Грозни врз народниот имот и сопствениот народ, а во исто време “куќата на злото” прогласува некаква афера, па уште наречена со српско име “Пуч”(незнам зошто)?!

Претпоставувам дека мислеле на “Државен удар”. Чудна, не јасна терминолгија! Можеби постојат повеќе форми, методи, начини на државен удар, незнам! Ако мислат на пучење по државни кабинети, тогаш има некаква логика тоа да го нарекуваат пуч. А ако мислат на застрашувачките докази кои опзицијата периодично ги обзнанува пред македонската јавност преку својата кампања т.н.

“Вистината за Македонија” тогаш ме зачудува каков е тој државен удар?! Во секое демократско општество, опозицијата има обврска кон граѓанството да им ги воочи и презентира сите аномалии на власта, која пак исто така има обврска да се корегира во интерес на државата.

За жал, постојат и такви власти кои имаат чувство дека човештвото постои поради нив, поради нивните суети и комплекси, или можеби поради нивната алчност… По сите параметри изгледа дека ние во моментов се соочуваме со тој феномен. Единственото објаснување на власта за целиот овој грозоморен чин, а жестоко поддржано од медиумскиот, платенички пиар, е контраобвинување кон лидерот на опзицијата, дека бил “соработник” на странски служби и некаков “шпиун”?!

И толку. Тоа е објаснувањето. Каква пародија! Каков срам! Ќе одговори ли некој за содржината на објавените снимки? Ќе направи ли некој анализа на суштината на истите материјали? Во секоја цивилизирана и демократска земја за ваква работа владата го напушта престолот за неколку часа. За да биде иронијата уште поголема, актуелниот министер за одбрана на РМ, со една куса изјава даде многу едноставен одговор, дека не станува збор за никаков државен удар. И сега што? Каков удар, каков пуч? Кој друг треба тоа да го потврди? Во последниве девет години, имам чувство како постојано да сме под државен удар. Поткопувањето на фундаменталните вредности на државата, не е ли државен удар?!

Денеска имаме состојба на масовно изселувње од Р. Македонија. Народот живее во социјална катастрофа. Ми се чини дека овој период ќе биде запаметен и како еден од најголемите иселенички бранови од Македонија. Прогонството на се што е вредно и прогресивно повлекува уништување на националните вредности. Процес, кој прилега на евентуален заговор на континуирано, децениско уништување на автохтоното македонско битие од идеолошко нејасни структури кои се повеќе наликуваат на нео-петтоколонаши.

Македонските затвори се полни како никогаш до сега. Луѓето безмилосно се малтретираат, се уништуваат заедно со нивните семејства, како некој да сака да каже дека македонците се најкриминогениот народ во Европа! Државата е во целост узурпирана. Не е ли тоа еден од перфидните модалитети на државен удар?!

Доведен е во прашање опстанокот на државата. Изолацијата од ЕУ и НАТО интергациите, свесно или несвесно, незнам, не е ли форма на државен удар? Ме води некакво чувство дека “големите владини петриоти” со исклучително лицемерие, безмилосно го манипулираат речиси уништениот македонски народ, дека нема цена која може да се плати за отстапка од светото име на нашата земја, Македонија. Незнам дали луѓето воопшто се запрашале, каде ќе го носиме името ако ја изгубиме државата?!

Не е ли тоа најголемо предавство…? Отстапката за името е неминовен процес. Длабоко верувам дека на актуелната влада тоа им е совршено јасно. Но, проблем е, како тоа да им го објаснат на сопствениот народ, посебно на оние кои со години ги манипулираат во име на светиот патриотизам. Народниот очај и агонија е доведен до стадиум да им се смачи и од личното име и презиме. Затоа е идеата на премиерот за референдум и тоа во име на голем демократ, демек сака да го праша народот за потоа да им го препише гревот, како Понтие Пилат за пресудата на Исус Христос. Не е ли тоа исто така големо предавство? Народниот мандат не им е даден ЗА ГРАБЕЖ и немилосрдно трошење на народните пари ВО НЕВАЖНИ ЦЕЛИ. Секоја влада е должна да одлучува во име на народот и за крупни нешта кои се во ДРЖАВЕН И НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС.

Единствено поранешниот премиер на Р. Македонија, Љубчо Георгиевски, се произнесе со категоричен и недвосмислен став по тоа прашање. Тоа е единствениот точен и праведен пат кон народот и државата за спас од бездната пред која сме доведени. Се чудам од каде таа заслепеност кај одредени луѓе кои толку едноставно и со таква леснотија прогласуваат некого за херој, а некого за предавник?!

Херојството на оваа идеолошки не дефинирана влада е во полн ек и сите го гледаме. Зачудувачка е жестокоста на новокомпонираните “патриоти” кои до неодамна можеби мислеле дека ВМРО е фабрика за фрижидери.

Затоа, можеби е време со закон да се забрани негово понатамошно користење во политички и комерцијални цели. Историјата на Македонија не памети такво сквернавење, како денеска, на синонимот на вековната македонска борба за слобода, права и еднаквост. Имам чувство дека на Македонија ќе и бидат потребни 20-тина години за да се рехабилитира вистинското, идеолошко значење на историското ВМРО. Ете, тоа е државниот удар во кој македонските граѓани го живеат секојдневието. Уморни сме од интриги, небулози, инсинуации, лицемерие…

http://a1on.mk/wordpress/archives/455049


Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Грујовиот монтиран судски процес против Заев Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грујовиот монтиран судски процес против Заев   Грујовиот монтиран судски процес против Заев EmptyСаб 09 Мај 2015, 11:24 am

Странските држави веќе ја испитале автентичноста на снимките “бомбите “ на Заев бидејќи се лично засегнати – биле прилушкувани нивните амбасадори .За нив веќе нема никаов сомнеж дека сниките се автентични .Нивните експерти веќе утврдиле автентичност на разговори и самите дипломати си ги препознале разговорите .

Еве :

1)
Орав поднел нота до МНР поради прислушување

28. мар. 15.

Ивана Костовска

Евроамбасадорот Аиво Орав поднел нота по информациите дека се прислушувани амбасадори од земјата. Извори од СДСМ велат дека уште кон крајот на минатата година ГИ ИНФОРМИРАЛЕ странските дипломати дека биле мета на прислушување.

Амбасадорите знаеле дека и за нив има папки


Од она што го соопшти Заев на една од прес-конференциите, се знае дека биле прислушувани најмалку ШЕСТ АМБАСАДИ во земјава / Фото: БИРН
Дилемата кој од амбасадорите бил мета на прислушување во дипломатски кругови се поставувала уште пред неколку месеци, пред да испука првата бомба на „Бихаќка“. Извори од СДСМ велат дека уште кон крајот на минатата година ги информирале странските дипломати дека биле мета на прислушување

Од она што го соопшти Заев на една од прес-конференциите, се знае дека биле прислушувани најмалку шест амбасади во земјава. На листата, наводно, биле поранешниот американски амбасадор Пол Волерс, поранешната холандска амбасадорка Мариет Шурман, екс германската амбасадорка Гудрун Штајнакер, како и неколкумина актуелни амбасадори.

Самиот лидер на СДСМ пак, во интервју за бугарската агенција „Фокус“, изјави дека постојат записи од прислушувани разговори од бугарски дипломати во Македонија, како и дека сите записи на дипломатите им биле врачени лично во транспарентен процес согласно Виенската конвенција.

Прислушувањето амбасадор е како да е прислушуван премиер

Прислушувањето амбасадор е исто како да е прислушуван претседател или премиер на една држава“, вели за БИРН амбасадорот Белели.

Амбасадорите кои биле под надзор можат да пратат протесна нота


Малески објаснува дека прекршувањето на Виенската конвенција како Библија во дипломатијата, значи прекршување на меѓународното право.

„Оваа конвенција е единствениот акт кој ја регулира оваа материја, алфа и омега во дипломатијата. Но, како и сѐ во меѓународното право, не е проследена со казнени одредби, така што во случајот не се предвидени последици туку притисокот е политички и дипломатски“, вели Малески.

Тој додава дека „најтешките прекршувања на дипломатската пратика подразбираат отповикување на својот амбасадор на одредено време, или пак, протерување на амбасадорот на државата која ја прекршила конвенцијата“.

http://prizma.birn.eu.com/мк/стории/орав-поднел-нота-до-мнр-поради-прислушување

2)
Никој веќе не го поставува прашањето за автентичност туку за САДРЖИНАТА на разговорите
Вака :

А)

Советот на Европа бара сериозна истрага СОДРЖИНАТА на снимките

од НОВА објавено на: 30-04-2015

Советот на Европа, паневропската организација со седиште во Стразбург, заклучи дека во Македонија е потребна сериозна истрага на содржината на снимките и враќање на опозицијата во Собранието каде што треба да се формира истражна комисија за целата криза и нејзините причини. Истовремено Советот на Европа топло го поздравува движењето на студентите и младите граѓани како "прво мултиетничко движење" во земјата.

Во Македонија неделава, на 28 и 29 април, престојуваа тројца пратеници од Комитетот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Стефан Шенах од Австрија, Роберт Валтер од Велика Британија и Андреас Грос од Швајцарија испратија соопштение од нивната мисија во Македонија во кое ја изнесуваат истата загриженост за политичката криза како Германија, САД или ЕУ

Посетата на овие тројца пратеници беше исцпрно покриена од страна на медиумите блиски до владата. За жал, нивната целосна порака не беше коректно пренесена.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21995

б)
Советот на министри на ЕУ ќе бара истрага за СОДРЖИНАТА на „бомбите“

Советот на министри на Европската унија во вторник на своето заседание ќе побара одговорност од сите политички фактори во земјата, но и ќе ја потецира потребата од истрага за содржината на телефонските разговори кои ги објавува опозицијата.

Фокус 17 апр 2015,

Советот на министри на Европската унија во вторник на своето заседание ќе побара одговорност од сите политички фактори во земјата, но и ќе ја потецира потребата од истрага за содржината на телефонските разговори кои ги објавува опозицијата. Ова стои во денешниот нацрт-заклуч на Советот, кој во вторник ќе испрати порака до македонските политички субјекти дека наскоро ќе се наврати на оваа тема, со очекување дека политичката состојба ќе се подобри.

Советот на министри на заседанието во вторник ќе изрази и загриженост за политичката криза во Македонија, а ова доаѓа откако беа исратени предупредување дека Македонија би можела да ја изгуби препораката за почеток на преговори. Следниот извештај за напредокот на државата ќе биде објавен во октомври и тогаш ќе се знае дали Македонија ќе ја задржи препораката.

http://fokus.mk/sovetot-na-ministri-na-eu-k-e-bara-istraga-za-sodrzhinata-na-bombite/

В)

Хојт Ји: Мора да се најде решение, Македонија нема време! Власта да посвети внимание и на СОДРЖИНАТА на разговорите


17-04-2015

Соединетите Држави немаат готови решенија за политичката криза во земјава и не е соодветно меѓународната заедница да понуди решение за проблемот, изјави американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Ји за време на неговата дводневна посета во земјава, пренесе Радио Слободна Европа.

Уште еднаш повика власта да се посвети подеднакво сериозно на содржината на прислушуваните разговори, исто толку колку што ги зема сериозно обвинувањата против лидерот на опозицијата, додавајќи дека истрагата мора да биде независна и транспарентна и дека до разрешница тоа може да се дојде со заеднички напори на Владата, на судството, медиумите, невладиниот сектор и јавното мислење.

http://libertas.mk/хојт-ји-мора-да-се-најде-решение-макед/

3)

Странците веќе тоа директ му го плескаат у фаца на Груевски

Вака :

А)

Хојт Ји по средбата со Груевски: Разговаравме и за можните ЗЛОУПОТРЕБИ на власта

од Славица Филиповска, НОВА | објавено на: 16-04-2015

Ји смета дека прислушкувањето и пуштањето на снимките треба да се реши по легален пат, но исто така нагласи дека важна е и злоупотребата на власта од страна на Владата.

Тој побара потврдување на евроатланскиот пат од страна на власта, за во таков случај опозицијата да може да се врати во Парламентот.

Ју изјави дека САД ја повикале "Владата на Македонија заедно со своите партнери да работи со своите партнери, да ја реши оваа криза, да одговори на оваа криза, со реафирмирање на заложбите на вредностите, демонстрирање на највисоките стандарди на владеење на правото, транспарентноста, фер, слободата на говор, независност на судството.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21657

б)

Германската амбасадорка порачува: Оставки и непристрасна истрага!

Објавеново 27 април 2015

„Тешките обвинувања што произлегуваат од неодамнешните настани и откритија се уште не се соодветно разгледани од владата. Тоа ме иритира и мене и другите ЗАПАДНИ НАБЉУДУВАЧИ на политичката сцена во Скопје. Според западноевропските стандарди, политичките консеквенци кои произлегуваат од природата на овие обвинувања СЕ НЕИЗБЕЖНИ . Како што кажа мојот колега од САД минатата недела, да бидеме јасни, политички консеквенци, на пример, значат ОСТАВКИ и предуслови за неопходната, транспарентна и непристрасна истрага. Само низ процес на веродостојна истрага, кој ќе ја обнови политичката и судската доверба во функционерите и во политичарите, евроатлантската перспектива на земјата може да биде сочувана“.

Ова го истакна германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на денешнот предавање на тема „Интегративниот процес на земјите од Западен Балкан во поглед на актуелниот економски и политички предизвици на ЕУ“, во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел, Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ и Институтот за научни истражувања на УЈИЕ „Макс ван дер Штул“.

- Во политичкиот дијалог интересот на државата треба да надвладее над партиските интереси што овдешната политичка култура не го покажа. Партиските вработувања во државните институции продолжуваат заедно со мешањето во независноста на медиумите, особено јавниот сервис. Тоа не само што доведе до оваа криза, туку и граѓаните станаа жртви на оваа политика на државните институции – рече таа.

http://www.plusinfo.mk/vest/23759/germanskata-ambasadorka-poracuva-ostavki-i-nepristrasna-istraga


ВИДЕО: Германската амбасадорка Алтхаузер очекува оставки како предуслов за непристрасна истрага

http://libertas.mk/видео-германската-амбасадорка-алтха/


4)

Бидејќи содржината на ДОКАЗИТЕ од Заев никој не ги спори а таму има купишта докази дека ГРАЃАНИНОТ Груевски и група на ГРАЃАНИ од ДПМНЕ во Собрание лажно се претставуваат како Премиер и Пратеници .

Еве :

Хојт со ДИК: Починителите на изборните нерегуларности секаде сносат одговорност

од НОВА | објавено на: 17-04-2015

Заменик помошникот државен секретар на САД за Југоисточна Европа на средбата со членовите на Државната изборна комисија се интересирал како тие се соочуваат со наодите за ИЗБОРНИ МАНИПУЛАЦИИ и НЕРЕГУЛАРНОСТИ кои се посочени во аферата со прислушувањето, соопштува ДИК.

-Сите членови на ДИК ги изнесоа своите видувања, по што г. Хојт истакна дека изборни нерегуларности во помал обем се случуваат и во развиени демократски земји, но починителите на направените нерегуларности сносат ОДГОВОРНОСТ. Доколку тоа не се случи и во Република Македонија може да се доведе под ПРАШАЛНИК и нејзиното членство во ЕУ и НАТО. Зашто, како што потенцираше г. Хојт ако се случуваат изборни нерегуларности тоа влијае врз ИНТЕГРИТЕТОТ на институциите во државата, соопштува ДИК.

Како што дознава НОВА, на седницата мнозинството членови на ДИК му образложиле на Хојт дека ДИК е ненадлежна за изборните нерегуларности, по што тој ги прашувал одделно сите членови дали навистина сите се согласуваат со овој став. Единствено претседателот на ДИК Никола Рилковски и членот Виолета Дума му соопштиле дека ОТФРЛААТ ваков став, за разлика од останатите членови на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои ОСТАНАЛЕ на ставот дека се ненадлежни како институција

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21685


5)

Граѓанинот Груевски кој лажно се пртставува како Премиер веќе во светот никој не го смета за таков.

Германски медиуми: Груевски не го примаат во Брисел

Објавеново 08 мај 2015

Во Брисел веќе вопшто НЕ САКААТ да го примаат македонскиот премиер Никола Груевски. Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во четвртокот искажа загриженост поради растечкото насилство во Македонија. Европа и меѓународната заедница со констернација гледаат на земјата, за која пред десет години уште се врзуваа надежи за политички и економски реформи на Балканот, а сега стана проблематичен случај, пишува весникот „Тагесцајтунг“ (ТАЦ) од Берлин, пренесе Дојче веле.

http://www.plusinfo.mk/vest/25057/germanski-mediumi-gruevski-ne-go-primaat-vo-brisel

6 )

Светот разбра дека Груевски и неговото злосторничко здружение СЕ КОПИЈА на Милошевич и неговата Српска Социјалистичка Партија

Имаме едно интересно предвидување од 2010 годнина за владеењето на Груевски и ДПМНЕ

Вака :

Малиот Слободан

18.03.2010

Кога протестираат крава и теле, време е да се позанимаваме и со воловите

Груевски во Македонија и го прави на опозицијата она што некои опозициони лидери им го прават на политичките неистомисленици во своите партии. Прво, тие ги прогласуваат своите политички неистомисленици за виновни за се' лошо дотогаш во нивните партии. Второ, ги прогласуваат за истрошени, поранешни и транзициски политичари. Трето, ако се обидат да го критикуваат лидерот, ги прогласуваат за предавници, за платеници и ги оневозможуваат или ги бојкотираат нивните активности. Сето ова, само во многу помонструозни димензии, и' го прави Груевски денес на опозицијата. Тој своите политички неистомисленици ги третира како државни непријатели. Но, и другите елементи на тоталитарната пропаганда не изостануваат од неговиот концепт на владеење.

Првиот елемент од тој концепт е приказната за успесите на власта. „Секој ден, во секој поглед, се' повеќе и повеќе напредуваме“. Тоа е мантра. Повторувалка. Заспиванка. Кој го има гледано филмот на Емир Кустурица „Се сеќаваш ли Доли Бел“, тој ја знае сцената во која Славко Штимац се обидува својот зајак да го хипнотизира со повторување на „комунистичката мантра“ (која истовремено е и лага), а која гласи: „Секој ден во секој поглед се' повеќе и повеќе напредуваме“ или „Остваруваме“. Со таа масовна хипноза се залажуваше цел народ и кој веруваше дека се' е во најдобар ред. Ама, се покажа дека не било.

Вториот елемент на тој концепт беше приказната за „светлата иднина“. Митот за светлата иднина беше фикција, филм за убавото утре (во кое секој ќе работи колку сака, а ќе има колку што му треба, свет без класи и сиромаштија), свет со светли булевари и плоштади, со големи згради и културни центри за народот. Но, не излезе ништо од тоа.

И третиот елемент на таа пропаганда беше приказната за непријателот. Тоа е народен непријател вовлечен во нашите редови, кој го запира развојот, поради кој сите страдаме и кој е добро поврзан со надворешниот непријател.

Денес Груевски, кој се претставува за антикомунист, ги има усовршено овие пропагандни техники и масовно ги користи за свое одржување на власт. Секој ден „остваруваме“. Светлата иднина ја видовме со проектот „Скопје 2014“, а за „непријателот“ секој ден се зборува. Зошто?

Цел на власта е елиминирање на опозицијата од политичкиот живот. Според концептот на тоталитарната пропаганда, кој го применува Груевски, секој критичар на власта е, всушност, непријател не само на власта туку и на земјата. А, кога веќе земјата има работа со непријател, тогаш тој не само што не заслужува почитување или третман на рамноправен политички конк*рент, чии права ги заштитува власта, туку тој е достоен само за јавен презир и заслужува (за почеток) политичко елиминирање. Доколку станува збор за легална политичка партија, таа со сите методи и инструменти на власта треба да се оневозможи целосно да дејствува. Со тоа се отвора Пандорината кутија на говорот на омразата. Целото општество почнува да се дели на патриоти и национални предавници, се разорува националното ткиво и општеството се враќа во фазата во која верувало дека само со постојана борба против класниот и национален непријател, односно со негова ликвидација, може да се оди напред. Тоа и не е страшно се' додека постојат механизми за контрола на власта. Проблем има кога нив ги нема или се слаби. Тогаш полицијата се сообразува со тој концепт. Судството не може да ја зачува својата независност. Медиумите под контрола стануваат моќни инструменти на ваквата пропаганда. Бизнисот се престројува во согласност со новата структура на моќта. Граѓанското општество е деградирано и инструментализирано.

Реално, како што заклучува Хана Аренд, моќта на пропагандата во такви услови не произлегува од зборовите, туку од комбинацијата со терор кој власта го спроведува кон политичките противници со помош на партизираните институции. Под терор се мисли и кога неказнето може да се биде линчуван од медиуми блиски до власта, неправедно третиран од полицијата и судството или дури изложен на улично насилство од приврзаниците на партијата на власт. Затоа, единствено нешто на што се концентрира власта во такво време е „непријателот“. Таа е опседната со него и тој е единствен спас за неа. Таа мора да произведе (дури и ако го нема) поголемо зло од се*е за исплашениот народ на изборите да се определи за неа. Најголем проблем за едно општество, за една земја во такви ситуации е што власта тоа не го смета за проблем. Таа овој вид тоталитарна пропаганда го смета за „мудар политички маркетинг“, „перманентна изборна кампања“, односно за „современ модел на градење на односи со јавноста“. Во услови на такво владеење, можностите на каква било опозиција и за фер политички натпревар се сведени на минимум.

Режимот на Слободан Милошевиќ - со кампањите за „трето дете“, со „заемот за препород на Србија“, со зголемената улога на Српската православна црква во политичкиот живот, со инструментализирањето на Српската академија на науките за поттикнување на национализмот, со контролата врз националната телевизија и со легализирањето на говорот на омраза беше тешко да се победи на избори. Неговите методи за уништување на опозицијата преку медиумските политички пресметки на власта со неа, прераснаа во физички ликвидации на одделни опозициони лидери, организирани од тајните служби на државата.

И таму опозицијата, по бројните обиди, дојде до заклучок дека се БЛОКИРАНИ институционалните канали за нејзино влијание во политичкиот живот. Парламентот, владата и медиумите беа монополизирани од Милошевиќ. Тогаш опозицијата одлучи борбата против таквиот тоталитарен режим да се премести на улиците. И започна со организирање протести. Милошевиќ веднаш организираше „контрапротести“ на неговите приврзаници. Неговата порака беше: „Институциите се затворени за вас, но не ви ја давам ниту улицата и таа е под моја контрола“. На последните претседателски избори, кога беше убеден дека ја има уништено опозицијата со своите методи на владеење, Милошевиќ бесрамно излезе со слоганот „А кој друг“? И победи. Таа победа Србија и српскиот народ ги чинеше многу жртви.

Македонија, за жал, изгледа не може и не сака да учи од туѓите грешки.

Таа во овој момент со пропагандните методи на Груевски ГО ИМИТИРА режимот на Милошевиќ. Груевски веќе може слободно да организира избори под слоганот: „А кој друг“? Сметката ќе ја платиме сите. Затоа е време прво неговите да го посоветуваат. Таквите политичари не завршуваат славно.

Ѓорѓи Спасов
(Авторот е универзитетски професор и директор на „Демос“)

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=C05F1CFEFB0A4442882C22ABAAE4A88E&commentID=316010&pLikeVote=0
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Грујовиот монтиран судски процес против Заев Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грујовиот монтиран судски процес против Заев   Грујовиот монтиран судски процес против Заев EmptyПет 15 Мај 2015, 3:36 pm

Имаме лажно обвинение
ЗОРАН ЗАЕВ ОБВИНЕТ ЗА НАСИЛСТВО СПРЕМА ПРЕДСТАВНИЦИ ОД НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ ОРГАНИ
кој се товари за за кривично дело насилство према претставници од највисоки државни органи.

И конечно ИМАМЕ објаснување во што се состоело “НАСИЛСТВОТО “ врз носителите – претставниците на највисоките државни органи

1)

Јанкуловска не поднесе оставка, вели дека Заев се ИЗЖИВУВА со неа

Објавено: 05/05/2015

Обвинувањата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се апсурдни и тој се ИЗЖИВУВА со ЕДНА ГРУПА НА ЛУЃЕ вклучувајќи ме И МЕНЕ , изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска во Владата додека надвор граѓаните протестираа и го пробија ѕидот од полицајци за да влезат во дворот на Владата извикувајќи „Убијци! Убијци!“

И покрај очекувањата министерката не поднесе оставка туку рече дека Заев денес го достигнал врвот на монструозноста.

– Заев покажа дека за да оствари политички профит е буквално спремен на монструозни конструкции, мрачни сценарија и најгруби манипулации. Повеќе од ТРИ МЕСЕЦИ Заев НАЈБРУТАЛНО СЕ ИЗЖИВУВА СО ЕДНА ГРУПА НА ЛУЃЕ вклучувајќи ме И МЕНЕ . Не престанува да не претставува на начин каков што може да замисли само еден болен ум. На такво нешто нема човек што може да остане рамнодушен – рече Јанкулоска.

Според неа, Заев и СДСМ се соочени со силата на доказите и немањето на поддршка од граѓаните, па поради тоа продолжуваат преку објавување на НЕЗАКОНСКИ СТЕКНАТИ , КРЕИРАНИ И МОНТИРАНИ материјали да го свртат вниманието на јавноста поради емоциите кои ги побудува овој случај.

Јанкуловска, напротив, вели дека Министерството направило се во негова можност за да се открие сторителот на убиството врз Нешковки.

http://a1on.mk/wordpress/archives/486220

Б)

ВИДЕО: Груевски му заблагодари на Заев ЗА СНИМКИТЕ , побара граѓаните да ги слушнат самите

07-05-2015

http://libertas.mk/видео-груевски-му-заблагодари-на-заев/


https://www.youtube.com/watch?v=OXRqO9t3ixE

В)

СДСМ: Груевски уште еднаш ЈА ПОТВРДИ АВТЕНТИЧНОСТА И ВИСТИНИТОСТА на „бомбите“

07-05-2015
„Денеска Никола Груевски уште еднаш ја потврди автентичноста и вистинитоста на аудио доказите коишто ги презентира СДСМ во јавноста.

Никола Груевски потврди дека сè што е објавено во досегашните 30 прес конференции на СДСМ е целосно точно.

Груевски призна дека аудио снимките ниту се од странски служби, ниту пак се лепени, ниту сечени, ниту монтирани туку се автентични и вистински, снимени од македонската УБК.

Катастрофалното, нестручно, непрофесионално и неодговорно водење на случајот Младенов излезе на виделина.

Криминалната власт на Никола Груевски ја лажела јавноста, криела клучни информации и не спровела истрага за случајот Младенов.
СДСМ реагираше на гостувањето на Груевски во денешните вести на Сител каде тој му заблагодари на Заев за снимките, и побара граѓаните да ги слушнат самите.


http://libertas.mk/сдсм-груевски-уште-еднаш-ја-потврди-ав/


СДСМ: Груевски ги призна доказите од „Вистината за Македонија“


http://fokus.mk/sdsm-gruevski-gi-prizna-dokazite-od-vistinata-za-makedonija/

КОМЕНТАР

Значи тоа ми ти било “НАСИЛСТВОТО “

Тоа што Заев објавил КРИМИНАЛ НА ЗЛОСТОРНИЧКО МАФИЈАШКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО КОЕ ЧЛЕНУВАЛА И БОРДЕЛУШАТА ЈАНКУЛОВСКА

Хахахахах

Абе тогаш и Ал Капоне треба да се жали дека некој се изживувал врз него

Треба и сите судени и осудени мафијаши на овој свет да се жалат и да ги судат ЧЕСНИТЕ оти биле прогонувани за нивнте злосторства .

Оваа борделушава Јанкулвска немала мозок туку сперма и у глаата споулавена.

А тоа што на сите снимки е вмешана во криминал што бара да се “сотрат” физички да се ликвидираат сите чесни кој и стојат на патот , да се избркаат од работа луѓе само затоа што надвор од работното време во нивниот приватен живот членувале или биле симпатизери на други партии тоа нее ИЗЖИВУВАЊЕ .

И ШТО СЕГА ?

Испаѓа дека “судот” составен од мафијаши ги суди Чесните .

Па да така испаѓа и тоа навистина е РЕАЛНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА .

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Грујовиот монтиран судски процес против Заев Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грујовиот монтиран судски процес против Заев   Грујовиот монтиран судски процес против Заев EmptyПет 15 Мај 2015, 10:59 pm

Ајде да погледнеме –да се потсетиме на развојот на настаните

По Датуми :


1 )
Јуни 2014 година
НЕПРИЗНАВАЊЕ НА ЗАЕВ на изборни резултати

Имаме средби на Лидери на партии а не средби Премиер – Лидер на партија (СДСМ)
Настапот наГруевски е настап на Лидер на Партија а не претставник на вискок државен орган

Вака :

А)

Прес конференции


Заев: 5 суштински теми пред Груевски

Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 19.06.2014 г.

Почитувани граѓани и претставници на медиумите,

Јасно и недвосмислено од ова место и денеска сакам да порачам.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги ФАЛСИФИКУВАА ИЗБОРИТЕ .

Насила верификуваа мандати, за насила да го комплетираат Парламентот.

Оставките, достоиственоста на нашите кандидати за пратеници, цврстата волја на СДСМ и на коалициските партнери, ги оставија денеска сами да се гласаат во собраниската сала.

Тоа што тие го изгласаа не е Влада на граѓаните на Република Македонија!

Тоа е Влада на Никола Груевски, на неговата фамилија и на полтронската ДУИ на Али Ахмети.

Денеска, повторно, премиер на Македонија стана човек, за кој има цврсти докази дека договорил пари во кеш од 1.500.000 евра.

Во семејно-преплетената Влада останаа:

- неговата најблиска соработничка во кешовите, Јанкулоска,
- кумот на Груевски и на задолжувањето на државата до гуша, Ставрески,
- креаторката на милионските анекси, Канческа Милевска,
- тендер мајсторот Тодоров,
- извршителот на медиумската кастрација, Иво Ивановски,
- возачот на Македонија кон ЕУ, но во рикверц, кој го потпомага можното губење на препораката за земјава, Попоски...

Во некои нормални околности денеска, кога се избира Влада, ќе го прашувавме Никола Груевски за 8-те години неуспешно владеење.

На пример, ќе прашавме врз која основа во 2006-та година, кога дошол на власт, тој имал “нескриени надежи“ за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во 2007-ма година, и како се случи 9 години потоа, да има скриени стравови дека Македонија ќе ја изгуби препораката?

Ќе споредувавме како, од најавите за просечна стапка на раст на БДП од 6-8 проценти во 2006-та, Груевски ги намалуваше надежите на 5, па на 4, и како земјата денес стигна на работ на сиромаштијата?

Ќе го потсетевме дека една од неговите најави беше решителна борба против криминалот и корупцијата, а наместо тоа, тој и неговите министри се најдоа во криминално корупциски афери.

Но сега не е време да се анализира. Нема потреба ни да се прашува.

Веќе се е јасно и сите знаат дека ова денеска е истиот Никола Груевски, од 2006-та, 2008-ма, 2011-та. Истиот тој Груевски, во 2014-та година. Тој Груевски, кој манипулира, лаже, дури и излегоа докази кои создаваат основано сомневање дека КРАДЕ .

Тој кој и ја украде иднина на Македонија.

Почитувани граѓани,

Досега Груевски правеше што сака во оваа земја.

Ја злоупотребуваше конструктивноста на опозицијата, којашто секогаш во преден план ги има интересите на државата.

Институциите ги претвори во партиски испостави на ВМРО-ДПМНЕ.

Ја уништи државата. Нема држава – се е партија.

Кулминација се криминалните избори годинава, дрските кршења на Уставот и законите.

СДСМ повеќе нема да дозволи продолжување на овие политики на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Наспроти Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ, застанува Социјалдемократскиот сојуз со коалициските партнери, коишто ќе ја вратат Македонија да биде држава на сите граѓани.

Вчерашните постапки на власта покажаа дека Никола Груевски знае да функционира само под притисок.

Груевски побара лидерска средба и почеток на разговори. Јас ја прифатив таа средба, на којашто ќе ги испорачам темите за разговор што ги бараат СДСМ и коалициските партнери.

Ова се тие 5 суштински теми:

УСЛОВ БРОЈ ЕДЕН е формирање ТЕХНИЧКА ВЛАДА, што ќе спроведе слободни фер и демократски избори!

Тоа да е од сега јасно.

Тоа е клучна тема на разговор помеѓу власта и опозицијата.

Задача на таа техничка влада ќе биде да организира и да спроведе избори, на коишто граѓаните ќе можат слободно да ја изразат својата волја.

Второто барање е регулирање на одвојувањето на партијата од државата.

Тоа е прецизна препорака во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, не само критика на опозицијата. Меѓународната набљудувачка мисија побара цврсти гаранции за одвојување на партијата од државата, бидејки се констатирани злоупотреби од страна на власта на Груевски и несоодветно разграничување на партиските од државните активности.

Трето - регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми.

Мониторингот спроведен од ОБСЕ/ОДИХР потврди дека најголем дел од медиумите вклучувајки го и јавниот сервис за време на изборниот процес известувале пристрасно кон владејачката партија. МТВ не одвоила застапеност на опозицијата што и следува по закон, а отсуствува независно известување кај најголем дел од медиумите.

Четврто, потребни се допрецизирања во изборното законодавство и посебно, јасно прецизирање на Избирачкиот список.

Самата мисија на ОБСЕ/ОДИХР нотира загриженост за точноста на Избирачкиот список и голем број лица кои живеат на иста адреса. Фантомските гласачи на кои укажуваше опозицијата на претходните избори, на овие избори се умножија.

Поради последново, потребно е спроведување Попис, со што партнерите Груевски и Ахмети свесно калкулираат веќе подолг период. Тоа е петтото барање на СДСМ и коалициските партнери.

Ова се прецизно темите за разговор што ги бара опозицијата.

Без прифаќање на овие барања, коишто создаваат основен предуслов за фер избори, договор нема да има.

Искуствата од договорите со Никола Груевски покажуваат дека тие практично не се реализираат.

Затоа, нагласувам дека се што евентуално ќе се договори во иднина со Груевски, ќе се смета за договорено, само ако во неговото спроведување, целосно биде вклучена опозицијата, и за реализиацијата, гарант биде претставник на Европската унија.

Треба да биде јасно дека кандидатите за пратеници на СДСМ и на коалициските партнери нема да се вратат во Парламентот.

Оставките на пратениците се депонирани во Собранието. Тоа е доказ за непроменливиот став на опозицијата во врска со ова прашање.

Во Македонија мора да се врати демократијата.

Мора да се ослободат институциите, професионално да си ја вршат својата работа.

Иднината на земјата се ЕУ и НАТО, а не хибридните режими.

СДСМ и коалициските партнери ќе ја вратат Македонија меѓу развиените демократии, на вистинскиот пат, таму каде што и е местото.

Ние знаеме дека заедничката борба на опозицијата и на граѓаните се враќање на слободата демократијата и правната држава.

Наша заедничка цел е и мора да биде – нормална земја и достоинствен живот на сите граѓани подеднакво.



Одговори на новинарски прашања

Медиуми: Прво, кога ќе се одржи средбата? Дали утре, како што Ве покани Груевски? Второ, следејќи го досегашното искуство дека преговорите некако тешко успеваат, како мислите да го спречите ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со темпото што го тера?

Заев: Прво, да биде јасно уште еднаш. Опстојуваме целосно во нашата намера. Не се враќаме во Парламентот и мандатите не ги враќаме. Вчера беше еднострано одлучено од страна на парламентарното мнозинство и претседателот на Собранието, Велјаноски. Давајќи шанса за преговорите, не коментиравме ништо повеќе, заради тоа што треба да има шанса за преговори.

Медиуми: Кога ќе биде средбата?

Заев: Средбата ќе биде во вторник, во 13 часот, најверојатно. Терминот само чекаме да биде потврден. И средбата ќе биде на барање на оној, којшто испорачал барања кон власта, со одредени услови да не се враќаме во Парламентот. Не Груевски да ја закажува во 13 часот и повторно Заев во Влада, како на поклонение. Порано дававме шанса за преговорите. Сега сериозноста е преголема. Ако зборуваме за земја, којашто ќе има буквално високи вредности на европски демократии, да создадеме високи европски вредности во државата, ние мораме прво да ја спасиме државата, ние ја губиме државата.



четврток, 19 јуни 2014

http://www.sdsm.org.mk/default.aspx?articleId=10730&mId=55&agId=6


https://www.youtube.com/watch?v=O5S7us3hV28


Б )

еве се највува средба на лидери на партии а не премиер-лидер на партија во клуб на Пратеници во Собранието

19 Јуни 2014
Груевски и Заев денеска на суд, утре на разговори

Воведните случувања за утрешната најавена средба меѓу ЛИДЕРИТЕ на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не покажуваат дека може да дојде до некаков договор. Денеска на суд треба да седнат лидерите на партиите, а и вчерашните партиски соопштенија по најавената средба не беа баш воздржани.

Социјалдемократите бараат за договореното гарант да биде претставник на Европската Унија.

СДСМ останува на барањата за формирање на техничка влада, попис, прочистување на списокот, почитување на медиумските слободи и нови избори.

http://www.mkd.mk/makedonija/partii/gruevski-i-zaev-deneska-na-sud-utre-na-razgovori

В )

Датум: 23.06.2014,

ЛИДЕРСКА СРЕДБА

ГРУЕВСКИ: НЕМА ТЕХНИЧКА ВЛАДА ЗА СДСМ

Нема техничка влада како што бара лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги потврди позициите на својата партија за денешната средба со лидерот на СДСМ за подобрување на политичкиот дијалог. По стандардното поздравување се очекува прв во Kлубот на пратениците да проговори Заев, кој треба да образложи зошто опозицијата е во бојкот и кои се неговите барања, како тоа за техничка владаи нови избори.

Една средба нема да заврши работа

СДСМ во делот на медиумите ќе бара политички гаранции за примена на веќе постојните закони во делот на политичко претставување на партиите на јавниот сервис за време на избори, а во делот за приватните медиуми
измени на правилата за владино рекламирање.
- Не мислам дека техничка влада е решение - му одговори вчера Груевски на Заев.Во ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да откриваат други детали што би се случувало на преговорите и до каде би се одело со нив.
- Не би сакал однапред да кажам што е прифатливо... би требало да се има еден разумен пристап од двете страни и да се најде начин како да се затворат овие проблеми со кои се соочуваме, кои дојдоа по некои неразумни
одлуки на опозицијата, да не навлегувам во тоа, мислам дека доволно беше кажано во изминатиот период за мотивите зошто СДСМ и нивниот претседател излегоа на таков начин во јавноста, сега повеќе би се задржал на иднината, а иднината е да се затворат прашањата што ~ прават штета на државата - рече лидерот на ВМРО-

ДПМНЕ ден претходно во интервју на МТВ.
Според него, преговорите нема да можат да се завршат со една лидерска средба и оти веројатно ќе има и други.
Веројатно на новите средби во проширен состав на кои главно би се договарале измените во изборното законодавство или медиумската регулација, пред тие да стигнат во Собранието.
Kатерина Нешкова



http://dnevnik.mk/?ItemID=61A6BFEE2EEEB54BA2E0F4B705A44F3A

Г)

23 June 2014 –

Груевски: Техничка влада не е решение за бојкотот на СДСМ


Премиерот Никола Груевски очекува да почнат разговорите со СДСМ, а по нивното завршување таа партија да престане да и прави штета на Република Македонија.

- Очекувам да почнат разговори со коишто СДСМ кога ќе завршат разговорите ќе престане да и прави штета на Република Македонија и на сите граѓани во неа, истакна Груевски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.


Неколку дена подоцна Груевски му понуди средба на Заев која тој ја прифати и на прес-конференција ги повтори барањата за формирање техничка влада што ќе спроведе слободни, фер и демократски избори, одвојување на партијата од државата, регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми, допрецизирања во изборното законодавство и прецизирање на Избирачкиот список и спроведување попис.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција Груевски рече дека не смета дека техничка влада е решение за излез од оваа ситуација.

http://sitel.com.mk/gruevski-tehnichka-vlada-ne-e-reshenie-za-bojkotot-na-sdsm-0


Д )

Потоа граѓанинот Груевски кој лажно се претставува за Премиер му мести стапица на Заев во Кабнетот на Премиерот .
И двајцата лидери на партии како граѓани можеле да одберат и друго место за средба а не службените простории на Премиерот .
Од тие средби Заев како што може да заклучиме од нивни изјави му понудил на Груевски чесно да се повлече да задржи барем трошка достоинство
Но Груевски одбил мислејќи дека Заев блефира . Груевски побарал прво Заев да му ги даде доказите да ги види па после демек ќе размислел .Заев одбил таква можност
И двајцата блефирале не си верувале , си подметнувале , се лажеле меѓусе*е .
Единствено вистинита работа била дека Заев навистина ги поседува доказите .
Случајот Макеоднска бака бил само штик проба на Заев. Се гледа дека Заев бил информиран .


2)

Од февруар 2015 Заев и СДСМ почнуваат со објавување на бомбите

3)


Кога гледаат дека нее лага избезумени Мијалковци , Груевсци и другите криминалци почнуваат да апсат да бараат кртови “свиркачи “ кој му ги дале материјалите на Заев.

Имаме лажно обвинение за наводно насилство против злосторничкото здружение Груевски Јанкуловска Мијалков и другате криминалци мафијаши

4)


Да прашам .........

А дали и амбасадорите вршат насилство према Груевски Јанкуловска идругите криминалци .
А дали за нив судството ќе покрене постапка за насилство против мафијашката дружина на чие чело е Груевски ?
Збориме за 6 –те амбасадори
Амбасадорите на САД, ЕУ, Франција, Германија, Велика Британија и Италија

Вака :

12.05.2015,

Дипломатите ги извадија ракавиците

Шесте амбасадори се промовираа во неформални олеснувачи на кризата

Слободанка Јовановска

Амбасадорите на САД, ЕУ, Франција, Германија, Велика Британија и Италија вчера имаа двочасовен тензичен разговор со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по кој тој ИЗБЕГНА да даде изјава, а тие прочитаа кратка и остра изјава со која побараа ДУИ да ја преземе одговорноста како член на коалициската влада, или послободно кажано да престане да се однесува како да не е дел од кризата во Македонија.

Изјавата ја прочита италијанскиот амбасадор Ернесто Белели (за средбата со СДСМ изјава подготви германската амбасадорка Кристине Алтхаузер), за да се испрати порака дека ако бараат ЗЕМЈА ВИНОВНИК која ги притиска да прават отстапки, ТОА СЕ СИТЕ НАЈВЛИЈАТЕЛНИ европски земји САД и ЕУ.

Откако им одаде признание за конструктивната улога во драмата околу Куманово, каде што ДУИ помагал заедно со ОБСЕ да се предадат терористите, како и за конструктивниот потег да земат учество во Советот, Белели практично ги повика со своето присуство во Владата да издејствуваат да се оствари тоа што бараат тие, за доброто на граѓаните и на земјата.

„Како член на коалициската влада, ДУИ ја дели ОДГОВОРНОСТА за унапредување на демократските вредности и принципи. Партијата, затоа, има обврска да помогне да се изградат институциите на земјата и да осигури дека злоупотребите откриени со обелоденувањата ќе бидат истражени целосно на транспарентен и кредибилен начин. Се надеваме дека ДУИ ќе заземе став и ќе го искористи своето влијание за доброто и иднината на сите граѓани на Македонија“, рече Белели.

Странскиот фактор, за чие милениче важеше досега ДУИ, првпат вака јавно се обрати со ваков тон на партијата и на лидерот Али Ахмети, кои упорно зборуваат дека евроинтеграцијата им е НАЈВАЖНА цел, А НЕ ПРАВАТ НИШТО да ја притиснат Владата околу неа. Медиумите, исто така, објавија фотографија на Ахмети со еден од терористите што упаднаа во Куманово и кој, според пишувањата, бил негов телохранител поодамна, нешто што од ДУИ го потврдија, но го сместија како факт од минатото.

На оваа порака до ДУИ претходеше изјава на амбасадорите по средбата со премиерот Никола Груевски на која, како што се дознава, разговорите биле многу тврди, што се виде и од изјавата потоа. Пред новинарите амбасадорот на САД, Џес Бејли, ГИ ПРОЗВА премиерот Никола Груевски и Владата за НЕМАЊЕ НАПРЕДОК во утврдувањето на одговорноста за „многуте обвинувања за злоупотреби од власта“ што произлегле од објавените снимки.

„Ова континуирано недејствување предизвикува СЕРИОЗЕН СОМНЕЖ за посветеноста на Владата на Македонија за демократските принципи и вредностите на евроатлантската заедница. Натамошниот НЕУСПЕХ да се демонстрира оваа определба СО КОНКРЕТНИ АКЦИИ ќе го поткопа прогресот на Македонија кон ЕУ и НАТО“, изјави Бејли. Потоа тој го изнесе очекувањето дека за „јасното НЕПРИФАТЛИВО ОДНЕСУВАЊЕ “, што беше откриено со снимките, треба да се преземат соодветни политички И ЗАКОНСКИ МЕРКИ ПРОТИВ ОДГОВОРНИТЕ . За да одговори на оваа институционална слабост тој побара Владата да преземе мерки во однос на судскиот систем, слободата на медиумите, слободата на говорот и заштита на „СЦИРКАЧИТЕ “, најнова порака во корист на лидерот на СДСМ и тие што се инволвирани во објавувањето на злоупотребите.

Бејли, во име на амбасадорите, прати силна порака и за обидот да се попречат протестите, повикувајќи да се овозможи мирно протестирање без да се одговори со агресивни мерки против демонстрантите, и против полицајците, како почит за храброста и жртвата на оние „кои ги дадоа нивните животи во служба на народот на Македонија“.


http://www.biznis.eu.mk/index.php/2012-12-25-22-23-17/22974-дипломатите-ги-извадија-ракавиците

ПЛУС :

Амбасадорите не го сметаат Груевски за премиер туку лидер на партија и како таков го чучнаа да преговара со СДСМ и ДУИ и ДПА
И тоа ли e насилство ?

Еве :

Утре средба на Груевски, Заев, Ахмети и Тачи

Средбата е иницирана од претставниците на МЕЃУНАРОДНАТА заедница.

Фокус 13 мај

ЛИДЕРИТЕ на четирите најголеми партии утре во 14 часот ќе остварат средба во Клубот на пратеници. Средбата е иницирана од претставниците на меѓународната заедница како компромисно решение за да се отвори дијалог за решавање на политичката криза.

На Груевски, Заев, Ахмети и Тачи им било понудено средбата да се одржи под координација на претседателот Ѓорѓе Иванов, но од ДУИ веднаш го одбиле предлогот, бидејќи оваа партија НЕ ГО ПРИЗНАВА Иванов за претседател.

http://fokus.mk/utre-sredba-na-gruevski-zaev-ahmeti-i-tachi/


Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Грујовиот монтиран судски процес против Заев Empty
ПишувањеПредмет: Re: Грујовиот монтиран судски процес против Заев   Грујовиот монтиран судски процес против Заев Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Грујовиот монтиран судски процес против Заев
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: