ФОРУМОТ Е НАШ
Случај местенка од Мијалков и Груевски за наводен поткуп на Заев  79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Случај местенка од Мијалков и Груевски за наводен поткуп на Заев  79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Случај местенка од Мијалков и Груевски за наводен поткуп на Заев

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Случај местенка од Мијалков и Груевски за наводен поткуп на Заев  Empty
ПишувањеПредмет: Случај местенка од Мијалков и Груевски за наводен поткуп на Заев    Случај местенка од Мијалков и Груевски за наводен поткуп на Заев  EmptyПет 15 Мај 2015, 3:21 am

Случај местенка од Мијалков и Груевски за наводен поткуп на Заев

Mito, Zoran Zaev bara potkup, Зоран Заев бара мито

https://www.youtube.com/watch?v=5ptCYSaLFRI



Ајде да се потсетиме на случувањата (ГЛЕДАЈ ДАТУМИ)

1)

МВР во моментов го осомничи Заев за ПРИМАЊЕ НА МИТО од 200 илјади евра

март 10, 2015

Во моментов додека во Универзалната сала, СДСМ ја објавува осмата бомба, од МВР во исто време одржаа прес-конференција на која соопштија дека лидерот на опозицијата Зоран Заев е осомничен за примање поткуп од 200.000 евра.

Според информациите кои ги објави портпаролот Иво Котевски, Заев се
сомничи дека од лице барал по 2 евра за метар квадартен за да приватизира градежно земјиште. Станува збор за земјиште од 100.000 метри квадратни што значи дека Заев побарал мито од 200.000 евра.
Половина барал да му бидат дадени нему, а половина за изградба на
црвка во Струмица. МВР вели дека Заев се сомничи за примање поткуп.


http://brif.mk/?p=179207.

2)
А)

ЗАЕВ: Сакаа да ме наместат како брат Љубе, но...

Вторник, 10 Март

На вечерашната трибина на СДСМ во Универзална сала, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека високи владини претставници цела година го следеле и сакале да го наместат со поткуп.

- Се сеќавате кога го повикав Груевски да каже дали има ПИ мерки за лидерот на опозицијата? Вчера помина една година, јас сум под посебни истражни мерки, намерата беше да го направат истото како со брат Љубе, да местат бизнисмен како ми дава пари. Една година се изнамачија, сега беше замолен еден бизнисмен да интензивира со работата , парите некако да ги даде. Вчера го пријавивме и архивиравме предметот, денеска му се јавив сабајле околу 9 и пол на бизнисменот и му реков-како не ти е срам. Една година ме местиш. Цела година сакаш да ме наместиш, срам да ти е, рече Заев.

http://sky.mk/makedonija/432436-zaev-sakaa-da-me-namestat-kako-brat-ljube-no


Б)


Саша Богдановиќ: Мило ми е што ги слушнавме гадостите на Алберт Адемов и Михаил Младеновски

Објавеново 11 март 2015


На вчерашните снимки за гадостите кои министерот Миле Јанакиески ги правел за да присили жители на општина Центар да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а и како се договара да го озвучат „најголемиот кодош и човек кој што има сменето неколку партии, Михаил Младеновски“, се дозна и за Алберт Адемов, напиша Саша Богдановиќ на својот Фејсбук-профил.


Алберт Адемов е поранешен и актуелен советник во општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

Подолу го пренесуваме неговиот пост.
„Алберт и Михаил.

На вчерашните снимки се слушнаа гадостите што се правеа во Општина Центар. „Мојот омилен“ министер Миле Јанакиевски со сегашниот советник од ВМРО-ДПМНЕ Алберт Адемов договараат гласање на жителите од „Кале“ каде доколку ако не излезат на гласање јакиот министер АМА САМО ПО ТЕЛЕФОН се заканува дека ќе работат по 72 часа без престан. Во разговорите ќе го слушнете Миле како со Сашко договараат да го озвучат најголемиот кодош и човек кој што има сменето неколку партии Михаил Младеносвки како со тогашниот кандидат за Градоначалник сака да договара „пазарење со гласовии“, истиот тој кој за неколку евра си го продаде образот и душата на ѓаволот. Ме радува што таа 2013 година бурно реагирав, кога слушнав дека продадената душа Михаил сака после првиот круг да се види и да преговара со нас за гласови. Горд сум што категорично одбивме, со кодоши и ситни души ни на крај памет. Еднаш кодош цел живот кодош. Такви не ни требаат. Советниче Алебрт те чекам во некоја прилика да ми раскажеш како тоа сте ги терале луѓето да работат по 72 часа само зарди тоа што не гласале за вас. БРУКИ ЕДНИ!!!“м, напиша Богдановиќ.

http://www.plusinfo.mk/vest/17934/sasha-bogdanovikj-milo-mi-e-shto-gi-slushnavme-gadostite-na-albert-ademov-i-mihail-mladenovski-

3)

А)

Заев ќе поднесе кривична пријава за осмислено нудење поткуп и осмислено договарање за местење поткуп
(ВИДЕО) Заев Ќе поднесеме кривична пријава за смислено нудење на поткуп - Либертас

Среда, 11 Март 2015

Одговарајќи на новинарско прашање околу новото кривично дело за кое МВР го терети, Заев рече:

„Еве вчера на трибината на Социјалдемократскиот сојуз и опозицијата ги кажав своите ставови, би додал само дека една година и повеќе се мачат како да наместат давање пари на претседателот на опозицијата, катастрофа. На сите можни начини се обидуваат тоа да го направат. Она што сакам да го дополнам е дека подготвуваме Кривична пријава којашто ќе биде доставена од моја страна, за осмислено нудење поткуп и осмислено договарање за местење поткуп.“

http://libertas.mk/видео-заев-ќе-поднесеме-кривична-приј/


http://www.sky.mk/makedonija/432496-zaev-kje-podnese-krivichna-prijava-za-osmisleno-nudenje-potkup-i-osmisleno-dogovaranje-za-mestenje-potkup

Б)

ВИДЕО Заев поднесе кривична пријава против Сачевалиев

13 март 2015

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска до Основното јавно обвинилество во Струмица поднесе кривична пријава против Иван Николов – Сачевалиев за лажно пријавување, соопшти Општина Струмица.

- Денеска од страна на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, е поднесена кривична пријава против Иван Николов – Сачевалиев за кривично дело лажно пријавување и нудење на поткуп. Подолг период наназад, почнувајќи од месец ноември 2013 година па до пред некој ден, пријавениот Иван Николов има поведено повеќе постапки пред општина Струмица за трансформација на градежно земјиште, за легализација на бесправни објекти и слично со кои предмети имал потреба да остварува повеќе контакти и средби со било кој од вработените. Меѓутоа веќе неколку пати пред некој ден почнал да нуди надомест, помош за изградба на црквата и слично на кое нешто реакцијата на Зоран Заев била енергична да истото тоа го одбие и состави записник со вработените во присуство на сведоци - рече Ване Андреев, овластен адвокат на градоначалникот на Струмица.

На новинарско прашање, зошто речиси после две години се поднесува кривична пријава, адвокатот Андреев одговори:

-Значи не е за после две години, предметите се работат, има 6 или 7 предмети, повеќето се правосилно решени, значи се води постапка, ниту претпоставувал ниту можел да претпостави дека ќе му биде нудено мито, тоа сега се случува и во моментот кога се случува веднаш се составува службена белешка и се пријавува - рече тој.

http://www.plusinfo.mk/vest/18293/video-zaev-podnese-krivicna-prijava-protiv-sacevaliev

4)

Зоран Заев се појави пред обвинителот за случајот поткуп


16-03-2015

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од неговиот адвокатски тим, денеска се одзва на поканата на јавен обвинител од Одделот за организиран криминал поради обвинението за примање поткуп.

Заев во обвинителството се задржа десетина минути, по што изјави дека обвинителството реагира само на обвиненијата против него, но не и на пријавите што ги поднесе опозицијата.

– Ние не веруваме во ова корумпирано судство и обвинителство, но законите и Уставот на Република Македонија мора да ги почитуваме. Само ние од опозицијата сме повикувани од обвинителите, но никој и од власта. Никаква постапка досега не е почната, а тоа е потврда за селективната правда и за невладеење на правото во Македонија- изјави Заев.

Досега членови на СДСМ поднесоа неколку кривични пријави поврзани за аферата прислушување.

Пријавата против лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица беше поднесена пред една недела, додека Заев во Универзална сала ја презентираше осмата „бомба“ за изборните малверзации.

Тој е осомничен за наводен поткуп од 200.000 евра, средства што Заев требало да ги прими по основа на приватизација на градежно земјиште, со површина од 100.000 квадратни метри. Заев од говорницата на Универзална сала рече дека неговиот сограѓанин Иво Сачевалиев се обидел да му понуди поткуп.

http://libertas.mk/зоран-заев-се-појави-пред-обвинителот/

5)


Афера „Фамилијарно Водно“: Елитен рид по нарачка на Груевски

објавено на: 16-03-2015

Улицата „Водњанска“ кај државната клиника води кон скопската елитна населба Водно. Ако тргнете оттаму кон Водно на самиот почеток на ридот ќе ве пресретне основното училиште „Кочо Рацин“. До нашата дестинација се стигнува доколку се појде нагоре, десно од училиштето. Пеш би стасале за 5 минути, а со автомобил за минута. Од двете страни на улицата ќе ве пречекаат убави вили и неколку резиденции на странски амбасади.

Наша дестинација е улицата „Питу Гули“, односно местото кадешто се наоѓа ридот кој со новиот урбанистички план наместо шума ќе стане населба. Штом ја одминете резиденцијата на американската амбасада и завртите лево ќе ве пресретне калдрместа, мала и тесна уличка кадешто своја резиденција има и британската амбасада, а староседелец е и амбасадорот на Македонија во Шпанија, Слободан Чашуле.

На крајот на уличката почнува ридот со кој вчера „пукна“ десеттата опозициска „бомба“. Претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференцијата пушти снимки од телефонски разговори меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а во коишто снимки, според обвинувањата на Заев, премиерот нарачува ПРОМЕНА НА ДЕТАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН на Водно, со цел да ја ПРИГРАБИ ЗЕМЈАТА на ридот и да гради куќи, односно згради.

Заев ги обелодени и компаниите коишто ја купиле земјата, компании директно и индиректно поврзани со моќници од власта или од редовите блиски до власта. Една од компаниите е домашна „Кара“ која е дел од групацијата „Орка“ на бизнисменот Орце Камчев, додека другите две компании доаѓаат од земјите кои важат за даночни прибежишта за богатите - кантонот Лугано во Швајцарија („Ексико“) и Белизе во Централна Америка („Сирах лимитед“).

За прв со една од компаниите, онаа од Белизе, може да се поврзе и премиерот Никола Груевски бидејќи управител на фирмата од Белизе е неговиот кум од првиот брак, Ристо Новачевски.

На оваа фотографија може да се забележи каде започнува ридот. Во моментов нагоре има само шума. Доколку се оствари планот на премиерот, калдрмата на „Питу Гули“ ќе ја замени двонасочна улица за да можат сопствениците на резиденции и на згради да стигнат во своите домови на ридот. За да се изгради модерната улица ќе се одземаат делови од дворовите на староседелците, а нив и новите соседи од ридот ќе ги дели голем потпорен ѕид, за каков што премиерот зборува во снимките со министерот Јанакиески.

Откако ќе се пробие ридот и ќе се изградат патот и ѕидот, горе ќе има сосема нова елитна населба со мини згради од два ката и приземје, но и рекреативни и зелени површини за спорт и за одмор.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=20&vest=20968


6)

Димоски: Бараме оставка од Заев од функциите кои ги има во СДСМ и Струмица

објавено на: 13-05-2015

Според Илија Димоски од ВМРО ДПМНЕ, македонската јавност денеска за прв пат видела како политичар најотворено барал мито за да заврши работа која по закон му е обврска.

- Ова до сега не сме го виделе. Поголем скандал не сме имале во 25 години демократија. Секако, ВМРО-ДПМНЕ не е изненадена што тоа е токму Зоран Заев. Впрочем ние многу години говориме дека ова е карактер, стил и методологија на работа на Претседателот на СДСМ. Зоран Заев на видеото бара 100.000 евра за се*е, преку брат му Вице и 100.000 евра за Црквата, зад што како термин можеби се крие Партијата. После ова видео се е јасно. Се се гледа на видео, рече денеска на прес-конференција Димоски.

Според Димоски, целата држава била заложник на Зоран Заев, целата штета на економијата, на инвестициите, на бројот на странските туристи била заради Зоран Заев. Целата дестабилизација на државата била само со една цел, Заев да се спасел од видливо јасните прекршувања на законите од негова страна.

- ВМРО-ДПМНЕ денес е зачудена како Зоран Заев тврди дека видео материјал е сечен, монтиран и прелепуван. Зар е возможно тоа господине Заев? Нели вие тврдевте дека таква работа е невозможна кога станува збор за аудио материјали, па од каде сега тоа можело за видео материјали? Видео материјалот може да го видат сите граѓани и нивниот суд ќе е јасен. Ова е барање мито. Дополнително, тој несвесно ја призна автентичноста на видеото. Потврди дека ова се случило. Да зборуваме коректно и разумно. Зоран Заев, после ова видео, повеќе нема кредибилитет да се занимава со политика, рече понатаму Димоски.

ВМРО ДПМНЕ од Зоран Заев бара оставка од функцијата Претседател на СДСМ и од функцијата Градоначалник на Струмица, а така ќе овозможел истрагата и сите постапки да бидат објективни и транспарентни и без никакво политичко влијание.

- Само така ќе покаже дека неговите ставови се принципиелни. Во спротивно се што до сега говореше му паѓа во вода. Тоа што го бара од другите, мора и сам да го направи. Одговорните и сериозни политичари после ваква видео снимка си поднесуваат оставка. Дополнително, оставката на Зоран Заев сериозно ќе влијае на излез од политичката криза во која тој ја вовлече целата држава и внесе немир кај сите граѓани. Тоа ќе биде поздравено од сите сериозни луѓе во Македонија, но и од меѓународната заедница, рече Димоски.

Димоски не знаел дали видеото во кое наводно лидерот на СДСМ барал поткуп, било направено под ПИМ мерки, но вели тоа треба да се употреби во судска постапка

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=22370


7)

Медарски: Од снимката на Јутјуб за Заев НЕ СЕ ГЛЕДА дека станува збор за КРИВИЧНО ДЕЛО

Објавеново 14 мај 2015

Провладините медиуми вчера објавија снимка од Јутјуб од која, како што тврдат тие, се гледа дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, договарал примање поткуп со непознато лице.

Адвокатот Филип Медарски вели станува збор за снимка набвена со ПИ мерки која не смее да се појави во јавноста.

- Тука очигледно постои кривично дело на некое лице кое службено постапувало по предметот. Согласно членот 264 од Кривичниот законик, кој се однесува на заштитата на податоци во врска со посебните истражни мерки, јасно се наведува дека „Лице кое на кој и да било начин дознае податоци што се однесуваат или произлегуваат од примената на посебните истражни мерки е должно да ги чува како службена тајна“. Тоа значи дека снимки добиени со ПИ мерки не смеат да се појават во јавноста, а ниту смее да се објави нивната содржина. Ова не е првпат тоа да се случува, ова е целосно рушење на институциите кои се должни законито да ја спроведуваат постапката. Кој ја објавил таа снимка? Каде е јавниот обвинител да реагира на ова - прашува Медарски.

Тој вели дека од снимката прикажана како што е не може да се утврди ништо, бидејќи не е целосна.

- Од самата снимка објавена на Јутјуб е очигледно дека во 2:25 од видеото има дел кој недостига. Овој дел е издвоен за во јавноста да се создаде погрешен впечаток за она што е содржина на разговорот. Ако е снимката целосна, би можело да се коментира дали имало или немало некое кривично дело - дециден е Медарски.

http://www.plusinfo.mk/vest/25833/medarski-od-snimkata-na-jutjub-za-zaev-ne-se-gleda-deka-stanuva-zbor-za-krivicno-delo-

8)

ВИДЕО Заев: Обвинителството и Груевски ПРИЗНАА дека не постои поткуп

Објавеново 13 мај 2015

Соочен со сопствениот очај, со цел да ја спаси својата кожа, Никола Груевски повторно ги крши Уставот и законите. Денес сме сведоци на уште едно незаконско објавување на дел од снимка добиена како посебна истражна мерка. Оваа снимка единствено можела да протече во јавноста од Јавното обвинителство или МВР. Со овој потег, Никола Груевски признава дека нема никаков аргумент во случајот за поткуп. Со овој потег, Никола Груевски ја искомпромитира оваа снимка и таа повеќе не може да се користи во конструинираната судската постапка. Јас немам што да кријам и затоа барам снимката да биде објавена во целост, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да ја објави целосната снимка.

- На неа ќе се види дека средствата за кои станува збор се однесуваат за градежни материјали за изградба на црквата бетон, железо и други градежни материјали. Изградбата на соборниот храм во Струмица се изведува преку донации од фирми и граѓани и тоа преку донација на сметка на Храмот, преку купување на градежни материјали за изградба на Храмот и нивно донирање и преку донирање на готови пари за купување на градежни материјали. Во прилог ќе добите ЦД со моја изјава како го објаснувам начинот на финансирање на изградба на црквата и записникот за пријавување на обидот за поткуп и поднесената кривична пријава против Иван Николов. Протекувањето на оваа и другите снимки набавени со ПИМ мерки во јавноста, е само уште еден аргумент дека Марко Зврлевски, Јован Илиевски и нивниот наредбодавател Никола Груевски, веднаш треба да поднесат оставки - истакна Заев.

http://www.plusinfo.mk/vest/25764/video-zaev-obvinitelstvoto-i-gruevski-priznaa-deka-ne-postoi-potkup


https://www.youtube.com/watch?v=RBE4xJJpcm8

Вратете се на почетокот Go down
 
Случај местенка од Мијалков и Груевски за наводен поткуп на Заев
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: