ФОРУМОТ Е НАШ
Во здраво тело, здрав дух 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Во здраво тело, здрав дух 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Во здраво тело, здрав дух

Go down 
+2
Scarlett O'Hara
GokaGrozni
6 posters
АвторПорака
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
GokaGrozni


Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

Во здраво тело, здрав дух Empty
ПишувањеПредмет: Во здраво тело, здрав дух   Во здраво тело, здрав дух EmptyПет 10 Апр 2009, 2:02 pm

Оваа тема всушност нека биде серијал од совети за било кој сегмент од областа на здравото живеење.
Јас лично ја отварам и најмногу ке бидам активен во делот, борбата против пушењето.
Добредојдени се совети за здрава исхрана, спортувањето и воопшто се што е од наш интерес.
Може да даваме совети кои чаеви се за слабеење, како дејствува минералната вода врз крвниот притисок или кој оцет е најубаво да се бапне во зељчето.
Какви витамини и кои минерали му се потребни на вашиот организам во овие ( пролетни ) денови, зошто е најдобар свежиот зеленчук или како делуваат хербицидите и инсектицидите врз централно-нервниот систем.
Е па ај да ве видам, што нутриционисти се ???




Во здраво тело, здрав дух 46273676
вежбај малку вежбај малку вежбај малку
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
Scarlett O'Hara
Тупаџија со тапија
Scarlett O'Hara


Број на мислења : 2852
Регистриран на : 2008-09-07

Во здраво тело, здрав дух Empty
ПишувањеПредмет: Re: Во здраво тело, здрав дух   Во здраво тело, здрав дух EmptyПет 10 Апр 2009, 2:19 pm

Prekrasna tema Goka! Аплауз
Sega odam da trcam pa posle ke pisam poveke.:D
Vo zdravo telo zdrav duh! ;) :tongue:
Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
GokaGrozni


Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

Во здраво тело, здрав дух Empty
ПишувањеПредмет: Re: Во здраво тело, здрав дух   Во здраво тело, здрав дух EmptyПет 10 Апр 2009, 2:42 pm

Зошто луѓето пушат?
Многу луѓе тврдат дека пушењето ги прави по будни и дека ја пoдобрува нивната концентрација. Други тврдат дека пушењето ги смирува, особено кога се чувствуваат уплашени или се под стрес. Тешко може да се разбере како цигарите можат во исто време, да ги смират луѓето и да ги направат побудни, или зошто луѓето се свртуваат кон цигарите кога се чувствуваат задоволни, кога имаат потреба да се смират или да се концентраираат. Ова може да се објасни ако се знае дека во димот на цигарите се наоѓаат околу 4000 различни хемикалии. Некои од овие хемиски супстанци предизвикуваат ослободување на природни седативи или стимуланси во мозокот, кои делуваат на однесувањето на човекот.

Дали пушењето создава зависност?

Пушачите стануваат зависници на три различни начини. Тие може да пушат од навика, како одговор на некои чувства или може да се физички зависници од никотинот кој се наоѓа во димот на цигарите.

* Луѓето кои пушат заради навика, најмногу пушат во одредени ситуации. Овие луѓе пушат автоматски, без да се свесни за тоа и без вистинска потреба за цигара.
* Други луѓе пушат повеќе кога се под стрес, кога се лути, нерасположени или пушат од досада. Нивната потреба за цигара е потикната од потребата за емотивна подршка.
* Најголемиот дел тешко се откажуваат од пушењето бидејќи стануваат физички звисни од никотинот во цигарите. Никотинската зависност започнува тогаш кога се пуши редовно.

Можно е да се биде зависен на некој или на сите претходно кажани начини. Колку подолго се пуши, колку повеќе цигари се трашат на ден, потешко може да се откаже.

Зошто младите луѓе започнуваат да пушат?
Повеќето луѓе започнуваат со пушење во тинејџерските години и стануваат регуларни пушачи како возрасни. Истражувањата сугерираат дека многу малку луѓе започнале да пушат како возрасни. Зошто младите започнуваат да пушат кога постојат толку многу информации за штетниот ефект на пушењето врз организмот? Се мисли дека младите се привлечени од сликата која се поврзува со пушењето. Индустирајта за цигари креаирала слика дека пушењето е кул, софистицирано, и сексепилно. Младите обично започнуваат заради социјалниот имиџ, кој тие сакаат да го презентираат пред другите. Младите веројатно ќе започнат со пушење ако пушат нивните пријатели, или ако страдаат од чувство на самопотценетост. Во некои култури, пушењето е широко прифатено.

Зошто треба да се прекине со пушење?
Денес, во развиените земји на пушењето се гледа како на анти-социјало однссување, кое е ретроградно и казниво на јавни места.

* Пушењето предизвикува вашата коса и алишта да мирисаат непријатно. Ви причинува непријатен здив.
* Ги бојадисува жолтеникаво вашите заби и прсти.
* Делува на вашата кожа која старее предвремено.
* Пушењето делува на вашите сетила за вкус и мирис, правејќи ги помалку сензитивни.
* Пушењето може вистински да го оштети огрганизмот. Тоа е најчеста причина за канцер на белите дробови, грлото и устата.
* За десет пати го зголемува ризикот за смрт, предизвикана од мозочен/срцев удар.
* Пушачите страдаат почесто од бронхитис и емфизем (заболување кај кое хемикалиите од цигарите се таложат во белите дробови и причинуваат тешкотитии во дишењето).
* Не мора да имате бронхитис или емфизем за да ги почувствувате ефектите врз дишењето. Обидете се да пливате, да играте фудбал или аеробик, ако сте пушач, дишењето во тек на вежбањето е отежнато.
* Ако сте долго време пушач, можете да добиете болест наречена периферна васкуларна болест. Оваа болоест подразбира стеснување на крвните садови со намалување на крвотокот во рацете и нозете и појава на гангрена со ампутација на екстремитетите.
* Машките пушачи имаат помал број на сперматозоиди и повеќе абнормални сперматозоиди, во споредба со непушачите.
* Женските пушачи имаат повеќе проблеми да останат бремени, во споредба со непушачите и имаат поголем процент на спонтани абортуси во тек на бременоста. Кај бремените пушењето може да го оштети плодот.
* Пушење во исти простории во кои се наоѓаат и деца, значи дека и децата пушат пасивно. Тие деца почесто настинуваат, добиват почесто воспаление на увото и респираторни заболувања, како што е астма.

По прекинување на пушењето организмот брзо се обновува:

* Никотинот го напушта организмот во тек на два часа, а останатите опасни хемиски супстанци, како што е јагленородниот моноксид, се губат од крвотокот дури по 12 часа. Споредните продукти од никотинот се губат во тек на два дена.
* Во тек на следните два месеци, се подобрува крвотокот на рацете и нозете, а белите дробови започнуваат да се обновуваат во тек на три месеци.
* Се подобрува сетилото за вкус и мирис, кожата го губи сивкастиот изглед, а организмот се ослободува од мирисот на тутун.

Една од причините заради која треба да се откажете е финансиска- ќе ја заштедите. Пушењето е скапо. Пресметајте колку пари ве чини секоја година. Со тие пари би можеле да си платите одличен годишен одмор, или да си купите убав стерео систем.

Што се случува ако го намалам пушењето?
Не постои сигурно ниво на пушење и во реалноста ова не функционира. Се покажало дека луѓето кои го редуцирале бројот на цигарите вдишуваат повеќе дим од секоја цигара, вдишуваат подлабоко и го задржуваат подолго во белите дробови. Тоа значи дека тие всушност примаат иста количина на никотин и други хемиски супстанци, од помалку цигари. Слично се случува и ако го смените брендот преоѓајќи на бренд со пониска содржина на никотин (ултра лајт варијанти).

Како можам да прекинам да пушам?
Никој не вели дека откажувањето од пушењето е лесно, особено ако сте пушеле редовно, подолго време. Веројатно ќе треба да се соочите со „глад“ за цигари особено во одредени ситуации, и заради зависноста од никотинот. Сепак, луѓето секојдневно успешно се откажуваат од пушењето.

* Пригответе се барем неколку дена порано. Одберете го денот кога ќе прекинете, и исфрлете ги сите цигари од куќата ноќта пред тоа. Информирајте ги другите членови на фамилијата дека имате намера да прекинете со пушење на одреден ден, и испланирајте како да постапите за да ги ублажите кризите на глад за цигари, кои секако ќе ги чувствувате во првите неколку дена. Треба да знаете дека секоја криза трае околу 3-5 минути, и ако успеете да не посегнете по цигара, овие кризи ќе се изгубат.

* Како да се спротивставите на ургентната потреба за цигара додека не помине кризата? Помага ако дишите длабоко, тоа ве ангажира да не мислите на цигарите. Пијте големи количини вода, тоа ќе ве освежи и ќе ве ангажира, додека не помине кризата. Направете нешто друго, што ќе ви го сврти вниманието и ќе ве држи подалеку од цигарите, но избегнувајте да јадете, бидејќи тоа носи други ризици.
* Држете се подалеку од други пушачи и од места каде се пуши ( кафеани, пабови, барови и клубови). Често пати луѓето потешко се откажуваат од цигари ако пијат алкохол.
* Избегнувајте ја навиката која ве наведува на пушење. На пример отидете на прошетка по јадењето, или телефонирајте од друг телефон, каде неможете да пушите.

Откажувањето од цигари не е лесно и не му успева на секого при првиот обид. Изгледа дека на повеќето луѓе им требаат неколку обиди пред да успеат во намерата и дека секој следен пат е полесно. Понекогаш можете да си дозволите да „пробате повторно“, ако сте на забава и испуште 1-2 цигари. Не пушете повторно следниот ден или по забавата.

Како да се справам со симптомите на апстиненција?

Веројатно е дека извесно време по прекинувањето ќе се чувствувате лошо, бидејќи вашиот организам страда заради зависноста од никотин. Ако организмот кој е навикант да има високи концентрации на хемиски супстанци во крвта, одеднаш остане без тоа, ќе чувствувате редица физички симптоми. Се работи за еднаков тип на зависност, како што е зависноста од хероин или алкохол.

* Може да се јави кашлица. Вашите бели дробови се обидуваат да се ослободат од наслагите кои се наталожиле со време.
* Често се појавува затвор или дијареа кои траат неколку дена, а може и други дигестивни симптоми.
* Може да се јави главоболка, лошо расположение, замор, несвестица.

Овие проблеми не се јавуваат кај секого и тие се привремени. Колку подолго вашиот организма е без никотин, симптомите на апстиненција ќе бидат послабо изразени. Апстиненцијалните симптоми може да се олеснат со никотински гуми за жвакање или со никотински лепенки. Многумина се плашат дека ако се откажат од пушењето ќе се здебелат. Вистината е дека не сите бивши пушачи се здебелуваат, а оние кои се здебелуваат, обично добиваат само неколку кила. Ова е привремено и секако помалку штетно од продолжување со пушењето. Ако сте загрижени дека ќе се здебелите, во тек на одвикнувањето од цигари комбинирајте здрава исхрана со редовна физичка активност. Тоа ќе допринесе да ви се подобри целокупното здравје.

Како да помогнам на друг да се откаже од пушењето?
Најважното што може да го направите за некој кој се обидува да се откаже од пушење е да му дадете подршка и охрабрување. Обидете се да го разберете ако е лошо расположен или се чувствува болно. Луѓето можат да се откажат од пушењето само доколку самите сакаат да го направат тоа, за себеси. Тие што пушат нема да бидат способни да прекинат, само затоа што вие сакате. Веројатно најлошата работа што можете да ја направите е да ги напаѓате. Тоа само ќе предизвика отпор од страна на пушачот, за да стане уште подетерминиран во поглед на пушењето.

Каква е законската регулатива?

Законот се разликува во зависност од тоа каде живеете. Во нашата земја забрането е рекламирањето на цигари во сите форми на медиумите и на повеќето спортски настани. Според законот, на секое пакување на цигари треба да стои здравствено предупредување. Пушењето е забрането во повеќето работни места и јавни места како што се продавници и кина. Забрането е продавање на цигари на помлади од 18 години. Забранети се автоматски машини за продавање на цигари освен во хотели и на други лиценцирани продажни места.

Каде да побарате помош?

* Вашиот лекар
* Психолог
* Локални групи за подршка



благодарение на Детско Здравје

Во здраво тело, здрав дух Stopsmoke
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`


Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Во здраво тело, здрав дух Empty
ПишувањеПредмет: Re: Во здраво тело, здрав дух   Во здраво тело, здрав дух EmptyПет 10 Апр 2009, 10:54 pm

Убава тема...

Јас можам да се пофалам дека ги оставив моите цигари, пушев Boss Light, сега пушам Rodeo Gold Smile

Шала на страна...активен пушач сум 10 години и до сеа немам пробано да ги откажам цигарите. Единствено ги имам намалено од 2 кутии до 15 цигари дневно, а во блиска иднина (степ бај степ) планирам тој број да биде компир (нула де).

А, за спортувањето, секогаш сум ЗА таа опција одколку седење во кафичи и слушање трач муабети или рекла казала. За најголем пот, ваѓање на токсини и ре-баланс на меот преферирам пешачење узбрдо, трчање и фудбал, а резултатите се секогаш у плус.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Scarlett O'Hara
Тупаџија со тапија
Scarlett O'Hara


Број на мислења : 2852
Регистриран на : 2008-09-07

Во здраво тело, здрав дух Empty
ПишувањеПредмет: Re: Во здраво тело, здрав дух   Во здраво тело, здрав дух EmptyПет 10 Апр 2009, 11:19 pm

Кои витамини ви недостигаат?

Во текот на зимата јадеме еднолична храна која најчесто не е свежа и помалку се движиме. Сето ова придонесува за намалување на неопходното ниво на витамини. Доколку сакате да откриете кој витамин му недостига на вашиот организам тогаш најдобро можете да забележите гледајќи се во огледало.

Сувата кожа, која се првута и акните се одраз на недостиг на витамин Е, Б2 и Ц.

Црвените очи, осетливи на светло и темните подочници се јасен показател за недостиг на витамин А и бета каротен.

Испуканата уста, со ранички укажува на недостиг на витамините Е и Б6.

Забите кои се подложни на кариес се знак за недостиг на витамин Ц и калциум.

Проретчената, кршлива, сува коса, со расцветени врвови и првутот предупредуваат на недостиг на витамин Б2 и Б5.

Раздразливиот и незадоволниот израз на лицето е само знак за недостиг на витамини од групата Б.
Вратете се на почетокот Go down
Билјана
Горда Македонка
Горда Македонка
Билјана


Број на мислења : 1795
Локација : Велес
Регистриран на : 2008-08-31

Во здраво тело, здрав дух Empty
ПишувањеПредмет: Re: Во здраво тело, здрав дух   Во здраво тело, здрав дух EmptyНед 12 Апр 2009, 1:55 am

Дебелината е најштетнаи и хроницитетното алкохолизирање.
Цигарите не се до толку опасни, поопасно е живеењето во град и тука има чад и дим од автомобили и фабрики.
Се е генетика..има и непушачи што заболеле од рак на белите дробови... Smile-=supre s smo
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/girl4macedonia
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
SiNaPsA`


Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

Во здраво тело, здрав дух Empty
ПишувањеПредмет: Матичен млеч - совршенство на природата   Во здраво тело, здрав дух EmptyНед 12 Апр 2009, 10:10 pm

Матичен млеч - совршенство на природата

Самиот наслов кажува се`.
За користа, составот, лековитоста, испитувањата и слично пастирам еден текст, превземен од друг портал. Се извинувам за должината на текстот, но мислам дека вреди да се прочита.

Матичниот млеч е совршен производ од природата. Тој е корисен за зачувување на здравјето, за зголемување на апетитот и за закрепнување на организмот.

Уште од времето на Хипократ познато е корисното дејство на матичниот млеч. За неговата лековитост знаеле и старите Кинези кои не го користеле во чиста форма, туку на болните и старите лица им давале ларви од матичњак, бидејќи верувале дека тие го продолжуваат животот, ги обновуваат (регенерираат) клетките и помагаат при оздравувањето.

Млечот има бела до бледожолта боја, во зависност од примесите на цветниот прав, но тоа не му влијае на неговиот квалитет и на неговите фармаколошки својства. Има карактеристичен киселкаст вкус и мирис и се со помала или поголема густина.

Матичниот млеч има незаменливо место во јакнењето и одбраната на имунолошкиот систем. Тој содржи разновидни соединенија, протеински комбинации, имуноглобулини, незаситени масни киселини. Сите овие состојки на матичниот млеч вршат детоксикација (чистење) на организмот, ги ревитализираат и регенерираат клетките, доведуваат до јакнење и подобро функционирање на природниот имунолошки систем на човекот. Благодарение на присутните незаситени есенцијални масни киселини, како и на витамините Е и А, матичниот млеч помага во елиминирањето на слободните радикали, кои се предизвикувачи на тешки заболувања.
Пчелично млеко

Матичниот млеч е производ од секрецијата на жлездите на младите пчели и претставува за нив исто што и мајчиното млеко за децата, односно тоа е нивна храна. Ларвите се хранат во првите три дена од својот живот исклучиво со матичниот млеч, а матицата постојано се храни со него. Благодарение на таа храна, матицата е во состојба, да за еден ден, снесе и до 2000 јајца, кои се два пати потешки од неа. Ваквата импресивна биолошка репродукција поттикнала бројни клинички истражувања. Сите тие испитувања го потврдиле благотворното дејство на овој природен биостимулатор и врз човечкиот организам.
Состав на матичниот млеч

До сега, во природата не е пронајдена ниедна материја која содржи толку голем број на разновидни витамини и во толкава количина, како матичниот млеч.

Фармацевтите и хемичарите тврдат дека матичниот млеч е мултивитамински производ со многу сложен и комплициран состав.

Современите анализи покажуваат дека матичниот млеч е биолошки високоактивна и многу комплексна супстанција која, покрај белковини, аминокиселини, јагленохидрати, масти и минерални материи, содржи и многу витамини (анеурин B1, рибофлавин B2, придоксин B6, цијанокобаламин B12, биотин витамин H, инозитол, фолна киселина, витамин B9, токоферол, витамин E), како и некои супстанции кои се слични на хормоните.

Научниците тврдат дека матичниот млеч содржи повеќе пантотенска киселина (витамин B5), важен за продолжување на животот, отколку било која друга супстанција од растително или животинско потекло. Во 1 грам матичен млеч најдени се 89 милиграми на витамин B5. Овој витамин (пантотенската киселина - витамин B5) го забрзува растењето и е составен дел на многу коферменти, со што влијае на функцијата на ендокриниот (хормонскиот) систем кај човекот.
Лековитото дејство на матичниот млеч

Матичниот млеч ги регенерира (обновува) клетките на организмот. Тој ја намалува вознемиреноста, го враќа мирниот сон, помага при сенилноста, при Паркинсоновата болест, при астеничните неурози...

Посебно се постигнати добри резултати кај децата заболени од хипертрофија, а корисен е и за зголемување на телесната тежина, подобрување на општта здравствена состојба, за подобрување на апетитот, за еластичноста на кожата и поткожното масно ткиво.

Во бројни клинички студии е докажан позитивниот ефект на матичниот млеч и како природен антибиотик.

Кај спортистите, матичниот млеч ја зголемува нивната физичката издржливост.

Познато е дека зголеменото ниво на триглицеридите и мастите е причина за појава на кардиоваскуларните болести. Во болницата Сент Мери, во Њујорк, при крајот на 80–тите години од минатиот век, било спроведено клиничко испитување кое опфатило голем број пациенти. Клиничката студија имала за цел да ја докаже ефикасноста на матичниот млеч во намалувањето на нивото на мастите во крвта. Оваа клиничка судија открила значителен пад на мастите во крвта, па затоа млечот бил препорачан како корисна дополнителна терапија во лекувањето на кардиоваскуларните заболувања.

Битно е матичниот млеч да се користи најдоцна 48 часа по вадењето од кошницата, бидејќи после тоа време, неговата биоактивност опаѓа.

Руските научници успеале, со постапка наречена лиофилизација, да го одржат млечот во активна состојба година дена, но важно е тој да се чува во фрижидер.
Во комбинација со медот

Се препорачува матичниот млеч да се зема помешан со мед, бидејќи тогаш му се зголемува дејството, или растворен во 20 или 40% алкохол и да се накапе на јазикот, бидејќи на тој начин влегува директно во крвта, бидејќи алкхолот ги шири порите на слузницата.
Испитувањата покажале

Испитувањата покажале и дека во природна форма, матичниот млеч дава многу добри резултати, а се препорачуваат една до две лажички дневно. еден час пред доручекот.

Млечот чессто се користи кај пореметувања во исхраната кај децата, за обновување на општите белковини и за зголемувањето на нивото на албуминот и алфа-глобулинот, против слабокрвност, за лекување на бронхијална астма, за комбинирано лекување на нервниот систем, па дури се користи и во козметиката.

Кај жените, матичниот млеч позитивно делува во периодот на менопаузата. Тој ги ублажува симптомите на менопаузата, како што се: раздразливост, депресија, го намалува потењето, топлотните бранови и друго.

Млечот е корисен и за мажите. Тој ја зголемува прокрвеноста на простатата, а со тоа и го намалува отокот на простатата и притисокот врз мочниот канал. На тој начин и го олеснува мочањето.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Бе Перо
Тупаџија со тапија
Бе Перо


Број на мислења : 3016
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

Во здраво тело, здрав дух Empty
ПишувањеПредмет: Re: Во здраво тело, здрав дух   Во здраво тело, здрав дух EmptyПет 17 Апр 2009, 2:20 am

Убава тема. :D

Јас сум непушач и планирам да останам таков. Колку живеам здраво - навистина не знам, бидејки сигурно внесувам некои штетни материи преку храната или пијалокот, а не сум ни свесен за тоа.
Сакам и почесто да играм фудбал, нешто што редовно го правев порано во викендите.

И како за темава, роден сум на светскиот ден на здравјето. geek
Вратете се на почетокот Go down
http://www.macedonianphalanx.blogspot.com
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
GokaGrozni


Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

Во здраво тело, здрав дух Empty
ПишувањеПредмет: Re: Во здраво тело, здрав дух   Во здраво тело, здрав дух EmptyСаб 20 Јун 2009, 1:02 pm

„Секој граѓанин во Македонија активно или пасивно во текот на годината внесува 5,5 килограми тутун. Дури 40 отсто од возрасното население пуши, како и 20 отсто од средношколците, сето ова не наведува да организираме вакви акции како и да преземаме други мерки од аспект на законот за забрана на пушењето“

Во здраво тело, здрав дух 16684904
Вратете се на почетокот Go down
https://www.youtube.com/GokaGrozni
VoniVaraS
Тупаџија
Тупаџија
VoniVaraS


Број на мислења : 217
Локација : Скопје
Регистриран на : 2009-05-02

Во здраво тело, здрав дух Empty
ПишувањеПредмет: Re: Во здраво тело, здрав дух   Во здраво тело, здрав дух EmptyСаб 20 Јун 2009, 2:49 pm

Јас од цигарите сега за сега ги избегавам само тие што се за „Импотенција“ afro
Од другите за со кафица Сречно .... и Drink&Surf сеуште неможам да се откажам.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Во здраво тело, здрав дух Empty
ПишувањеПредмет: Re: Во здраво тело, здрав дух   Во здраво тело, здрав дух Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Во здраво тело, здрав дух
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ОПШТО-
Отиди до: