ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Предлози за излез од политичко –државно-институционалната криза

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Предлози за излез од политичко –државно-институционалната криза    Чет 11 Јун 2015, 11:41 am

Предлози за излез од политичко –државно-институционалната криза

Во оваа тема ќе разгледаме некој поинетересни предлози и размислувања на видни личности и организации како можни решенија за излез од политичко –државно-институционалната криза .

Сега веќе и на тие приглупите со “бомбите” на Заев им стана јасно во што се состоела работата 24/ 7 на Грујо ајдук војвода и неговата криминална дружина.

Македонија во овој момент е само географска територија без држава на која живеат некакви граѓани . Бившите државни институции се претворени во партиски дувла на ДПМНЕ .Овие партиски дувла кој се составен дел од ДПМНЕ вршат невидени пљачки и терор врз цивилното невооружено население .

Како можни решенија веднаш ќе отпаднат :
А)
Комунистите кој многу ефикасно и долготрајно ги решавале и разрешувале организираните криминални банди како што е оваа на Грујо ајдук војвода .
Тоа од проста причина што ........комунисти одамна не постојат (има некој забегани кој многу гледаат партизански филмови )
Б)
Буржоаска револуција која исто така многу ефикасно ги решавала и сеуште ги решава ваквите криминални организации .
Тоа од причина што во Македонија сите бизнисмени Грујо ајдук војвода ги преиспитал дали му се лојални така што таква можност отпаѓа .Бизнисмени-капиталсити не постојат туку некој криминалци кој ги одобрува ДПМНЕ .Оние кој не биле со ДПМНЕ биле пљачакни рекетирани и морале да престанат со работа или бизнисот да си го преселат во странство.

Е сега комунисти непостојат , капиталисти-бизнисмени непостојат , непостои ниту држава туку пљачкашка организација ДПМНЕ која само измислува даноци , такси . казни и сите дрги улавштии како резултат на што имаме преполовен Македонски народ кој поради ваквите гадости на ДПМНЕ се наоѓа во фаза ПОМОР нагло одумирање .и оставање празни територии .

Во вакви услови ќе разгледаме какви предлози за излез од ваквата криза (сеопшт распад) нудат некој видни –јавни личности од различни професии но и политички и други организации .


1)

Што ни донесе Хан?

05.06.2015,
Мислење

Ѓорѓи Спасов

Изборите не биле „скандинавски“, имало криза во Македонија, тимот што победува ќе се менува и имало потреба од предвремени парламентарни избори

Некои приврзаници на опозицијата беа разочарани од исходот на последната средба на партиските лидери во ХАН. Да се објави рок за одржување на предвремени парламентарни избори, а да не се знае која и каква влада нив ќе ги организира, се сметаше еднакво на пораз за опозицијата.

Но, откако опозицијата објави дека нема да има избори ако на следната средба во Брисел не биде прифатено тие да бидат организирани од преодна влада која нема да биде предводена од Груевски, негодувањата некако спласнаа.

Хан сепак направи важен чекор кон можното разрешување на кризата.

Со објавувањето дека е постигнат договор за одржување на предвремени парламентарни избори најдоцна до крајот на април следната година, тој на Груевски и на Ахмети им соопшти јавно дека според оценката на Европската унија (и на САД) нивниот изборен легитимитет е спорен.

Ова е многу важна констатација и оценка на која инсистираше опозицијата. Само една година по одржаните избори во Македонија, за кои Груевски и неговите пропагандисти бесрамно тврдеа дека биле „чисти како солза“, ЕУ и САД, соочени со доказите од објавените „бомби“ на Заев, јавно му соопштија на Груевски дека изборниот легитимитет на кој се повикува е спорен и дека под итно мора да се одржат нови предвремени парламентарни избори, со цел да се обнови изгубениот легитимитет на политичките институции, како што е парламентот, владата и сите други органи што тие ги избираат или влијаат врз нивното работење.

Со оваа одлука во еден ден паднаа сите тврдења на Груевски.

Тој до неодамна, во стилот на неговата „лексилиум политика“ тврдеше дека нема криза во Македонија и дека сите институции функционираат без проблеми. Се зафати дури и со промена на Уставот. Но, сега му беше соопштено дека Македонија е во сериозна криза и дека во вакви услови ниту една од институциите не може нормално да функционира.

Тој до неодамна тврдеше на цел глас по митинзите дека тимот што победува на избори не се менува и дека не гледа каква било причина некој од тој тим да си поднесува оставка. Но токму клучните луѓе од неговиот изборен тим: Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков и Миле Јанакиески, за кои разбравме дека биле главните фаци во изборните штабови и изборните марифетлуци, први си поднесоа оставка и уште објавија дека тоа го прават од „патриотски причини“ за да и' помогнат на земјата да излезе од криза.

Груевски само еден ден пред доаѓањето на Хан во Македонија тврдеше дека не гледа ниту потреба ниту причина за предвремени парламентарни избори дека оваа влада имала намера да си го заврши добиениот мандат, а одеднаш се согласи пред крајот на април следната година да се одржат нови парламентарни избори.

На Груевски на таа средба му е соопштено дека од денес, па до одржувањето на тие избори, Македонија нема да функционирана како земја со нормална влада, односно влада со полн капацитет, туку како земја во транзициски период, во кој таа треба да се подготви за одржување на фер и слободни избори, со цел по нив земјата да има институции чиј легитимитет ќе биде почитуван од страна на сите граѓани.

Со овој заклучок на Груевски реално му е оспорен легитимитетот за натамошно владеење и му е ставено до знаење дека тој не може веќе да се надева дека ќе му биде дозволено на следните избори неговата партија да ги прави одново истите злоупотреби кои ги правеше до сега.

Останува одговорот на прашањето: Како тоа ќе се постигне, бидејќи по се' што направи на Груевски веќе не може да му се верува.

Постојат три можности.

Првата е

Груевски и неговите најблиски соработници да сфатат дека во овој момент најпатриотскиот чин што тој може да го направи е да си поднесе оставка на функцијата премиер. Така тој ќе стане, според нивните критериуми, поголем патриот и од Сашо Мијалков и од Гордана Јанкуловска и од Миле Јанакиески. Истовремено, по поставувањето на независен јавен обвинител, може да побара од јавното обвинителство за организиран криминал да отвори истрага за изнесените основани сомненија дека зел милионски суми во евра од коруптивни зделки со кинеската компанија која ги гради автопатиштата во Македонија, од грчката фирма „Актор“, од изреалската компанија која „донирала“ опрема за прислушување, од проектот „Скопје 2014“ и комплетна истрага околу неговата улога во настаните во Куманово. Во стилот на голем патриот, би можел да одржи под итно вонреден конгрес на партијата, како претседателот на ФИФА, Сем Блатер, да си поднесе оставка и да изберат некој од помладите членови на партијата, како Диме Спасов или Александар Николовски, за лидер на партијата.

Со тој чин би помогнал да се создаде итно влада на широка коалиција, како во 2001 година, со учество на сите партии, кои низ Собранието ќе може да ги донесат сите потребни измени на законите, правилата и органите за одржување на фер и слободни избори. Тоа би била влада која конечно ќе ја оневозможи споеноста на партијата и државата за време на избори.

Втората

можност е ако одбие да поднесе оставка и ако се обиде со трикови да се спасува од одговорност да биде уапсен за учество во меѓународна корупција на некој од светските аеродроми, како што им се случи на членовите на ФИФА во Цирих, да упаднат полицајци и да му кажат дека (додека бил на пат некој во Македонија издал потерница за негово апсење) за учество во меѓународна корупција (со компании од Кина, Грција, Србија, Италија и Русија) што е веќе документирано со дел од објавените разговори, но и заради соработка со џихадисти за дестабилизација на Балканот (во случајот со Куманово). Ние тоа веќе го гледавме со Санадер и добро се заврши, а ХДЗ не само што преживеа туку веќе има и свој претседател на Хрватска. Ова би било и во интерес на ВМРО-ДПМНЕ, а не само на државата.

И третата

можност е да постапи како Милошевиќ. Тоа значи да пристапи кон засилување на диктатурата, односно тоа да му биде дозволено уште некое време од меѓународната заедница. Во таа насока ќе тргнат работите ако тој не се тргне од власта. Тоа значи дека со истите методи како и до сега да се обиде да остане на чело на владата, односно да не прифати влада без него која ќе ги спроведува изборите, а тоа значи неприфаќање одговорност за сите кривични дела направени за време на претходните избори (од крадење на избирачки списоци, до носење гласачи од Пустец по 40 души во еден стан, до застрашување на опозициските гласачи со бандити од полицијата, до злоупотребата на Управата за јавни приходи, сите инспекциски служби, јавни и приватни претпријатија за победа на избори).

Во такви услови, опозицијата треба да објави дека нема да учествува на следните избори организирани од него.

Таа треба да му соопшти на Хан и на меѓународната заедница дека продолжува со барањата за одговорност на власта и создавањето услови за фер и слободни избори.

Груевски мора да сфати дека опозицијата веќе нема што да изгуби освен својата слобода. А таа веќе ја имаат изгубено многумина опозиционери.

Опозицијата треба да продолжи и да ги засили протестите, но со вистински Гандиевски методи, а не само со дискозабави. Тие подразбираат доведување во прашање на интересите на власта и на нејзините монополи. Масовно НЕПЛАЌАЊЕ на сметки за радиодифузија, НЕПЛАЌАЊЕ сметки за струја, НЕПЛАЌАЊЕ сметки за мобилните оператори, штрајкови на ниско платените работници во странските компании, протести и БЛОКИРАЊЕ на раскрсниците во време на најголемиот сообраќај, БЛОКИРАЊЕ на влезовите на државните институции и создавање свест дека без согласност на опозицијата Груевски не може да владее.

Истовремено, опозицијата треба во кампот на слободата пред владата и по други кампови низ земјата да продолжи со објавувањето на „бомбите“, односно со проектот „Вистината за Македонија“, со презентирање и дебати за своите програмски идеи и со постојано проширување на коалицијата „Граѓаните за Македонија“. Додека неговите кампери пред Собранието јадат сладолед и не знаат зошто се таму, опозицијата ќе ја подготвува својата голема победа на наредните избори и промените кои сите граѓани ги очекуваат.

(Авторот е универзитетски професор)

http://utrinski.mk/?ItemID=93000A737015E64089A1ECF5F2DE5D7A



2)

Арсим Зеколи: Потребна е деконтаминација на државата од груевизмот и ахметовизмот

ИНТЕРВЈУ

06 Јун, 2015

Уривање на системот, кој беше востпоставен во Македонија од 1945 година, за потоа тој систем да претрпи мимикрија во годините на независност на државата, е првиот чекор кон создавањето на современа и напредна држава, вели македонскиот аналитичар Арсим Зеколи во интервју за бугарската агенција БГНЕС

Дали е можно европските посредници да си ги затворат очите на 10 јуни пред прекршувањата на режимот на Груевски и Ахмети?

Со оглед на тоа што европските дипломатии и политики тоа го имаат направено неколку пати во последните години, не гледам причина зошто тоа повторно не би ни го приредиле. Тоа е всушност веќе традиционално однесување на ЕУ и САД, започнато со уривањето на телевизијата А1, со насилството врз опозицијата во Собранието на 24 декември 2012 година. Се до штурите реакции од Европа кон снимките со скандалозните однесувања на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. И секој пат, по секое такво затворање на очите од ЕУ, односот на Груевски и Ахмети стануваше се поарогантен, понасилен и побезобѕирен кон слободомислечката јавност и опозицијата. И со тоа кризата наместо кон смирување, дополнително се вжештуваше и заоструваше.

Дали очекувате зголемување на тензиите во Македонија ако не се постигне договор за преодна влада?

Тоа е едноставно неизбежно. Па дури и доколку СДСМ би се повлекла од своите категорични барања, тоа нема да ја ублажи кризата. Во основа, СДСМ е само знаменосец на една огорченост која ја надминува самата меѓупартиска тензија и криза.

Ова е спор меѓу државата заробена од корупција, криминал и непотизам, и општеството оставено на милост и немилост на државата. Еден поглед врз насловните страници од печатот и било кое бегло преслушување на било која снимка од скандалозните телефонски разговори на министрите на Груевски и Ахмети докажува дека ние имаме целосно, до корен кородиран и пред распад систем во образованието, здравството, правосудството, социјалата, безбедноста ...

Политичката криза и распад е највидлива и најпровокативна за јавноста, но таа е можеби и најлесно решлива. Но, последиците на уривањето и компромитацијата на останатите наведенит области е навистина толкава што и домашните и надворешните набљудувачи се едноставно шокирани од степенот на злоупотребата на моќта од страна на Груевски и на Ахмети.

Затоа преодната влада, техничка или експертска, не е прашање на политички профит на СДСМ или на опозицијата, туку предуслов за враќање на минимум, базична доверба на граѓаните во институциите. Секој друг вид или форма на влада, која ќе ги вклучува сегашни министри на владејачките партии, или пак нивни марионети, маскирани како независни експерти, е едноставно неприфатлива.

Отстранување на Груевски и на Ахмети како ликови е само половично завршена работа. Елиминација и деконтаминација на земјата, државата и општеството од груевизмот и ахметовизмот е вториот, уште поважен дел од операцијата.

На 13 јуни движењето „Беса“ се спрема да организира митинг. Дали тоа значи дека однапред се знае дека преговорите на 10 јуни нема да дадат резултат? Дали очекувате провокации за време на митингот?

Не би повлекол корелација меѓу протестите на „Беса” и преговорите во Брисел. Мислам дека митингот е повеќе со цел да се потенцира дека ДУИ и ДПА не се верни и веродостојни претставници на Албанците, но и да се упати порака до СДСМ дека Албанците се незадоволни од необјавувањето на најавените информации за злоделата на ДУИ. Притоа, се разбира, митингот е и порака до самата ДУИ дека опозицијата кон нив веќе нема да биде само вербална и пресконференцијска, туку и сосема конкретна и масовна, на улици.

Во ваква атмосфера и тензии, провокации се секогаш можни и лесно изведливи. Верувам дека организаторите ќе сторат се да ги спречат, но доколку ВМРО-ДПМЕ, ДУИ или ДПА имаат некоја намера да провоцираат испади, тие секако имаат доволно луѓе, средства и можности тоа и да го направат. Сепак, Албанците веќе имаат долго искуство со такви сценарија и знаат и умеат навреме да ги идентификуваат, да ги изолираат и да ги отстранат таквите провокатори.

Дали сметате дека Груевски има коруптивни врски со Европската народна партија?

Па, со оглед на сите оние скандали поврзани со членови на ЕНП и службеници од други европски институции, обвинети за корупција, не знам зошто тоа би било исклучено и во нашиот случај. Пред извесно време слушавме како висок функционер од ЕНП тврдо ја бранеше политиката на Груевски, и покрај сите веќе обелоденети скандали. Истиот тој лик и функционер е веќе од порано обвинет за сомнителни релации и поддршка кон водството на Азербејџан и како дел од познатата афера наречена „Кавијар дипломатија”. Во прилог на тоа се и тековните скандали со мисијата ЕУЛЕКС во Косово и неверојатните поведенија на некои тамошни меѓународни претставници. Затоа, ЕУ и земјите членки, наместо штури соопштенија и бесмислени самопофалби, би требало да разберат дека во регионот веќе се создава една опасна перцепција за нив, не само како незаинтересирани за борба против криминалот и корупцијата, туку и дека стануваат составен дел од таа мрежа.

Но можната инволвираност на лица од ЕНП во коруптивни афери е само дел од поширок проблем. Кој исто така ги вклучува и бизнис врските помеѓу моќни западни компании со домашни политички кругови и нивните лобирања низ европските престолнини во корист на владејачките партии. Ние сосема добро ја разбираме нивната логика дека тие се во Македонија поради профит, и тоа е нормално. Но и таквите компании и европските политичари не можат да избегаат од одговорноста дека со лобирањата во корист на автократи, корумпирани политичари и еден нео-феудален режим, тие самите наместо кон прогрес, ја буткаат земјата во хаос и банкрот.

Има ли криза на системот во Македонија, која практично останува без промена од 1945 година се досега?

Тоа е клучната поента на севкупната сегашна криза. Ова не е криза само на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ (кои ја донесоа кризата до монструозни димензии) туку на еден извитоперен политички ментален склоп и разбирање на државноста и општеството како тврдина под опсада, поради што се друго – и демократија, и слобода, и плурализам, и човекови права, медиуми – треба да бидат ставени „ад акта“ до некои други времиња.

Тој приод кон политиката е воспоставен со независноста од 1991 година и поради кризите во регионот, се продолжуваше се до денес. Притоа, тој приод воспоставен од постјугословенските политичари и безбедносни служби, постепено се прифаќаше и од новите политички фактори, но и од меѓународната заедница.

Во тоа е најпозитивната нота на „бомбите” на Заев, кому му припаѓа заслугата дека конечно по неколку децении на мимикрија на демократијата, тој пред јавноста ја разоткри и разголе „длабоката држава” (The Deep State) која од заднина управуваше со земјата.

Таа длабока држава беше и се уште е составена од пред се поранешни и сегашни безбедносни службеници, ликови од организираниот криминал, бизнис- тајкуни, делови од Македонската православна црква, МАНУ, новинари и интелектуалци од тнр. „патриотска провиниенција” ... До неодамна таа неформална групација беше составена исклучиво од Македонци. Но, снимките на Заев и настаните во Куманово упатуваат на тоа дека е сосема можно да во неа да се вклучени и високи функционери од ДУИ.

Со оглед на се, сметам дека крахот на тој систем не е загроза за Македонија, како што тоа љубат да објаснуваат владините политичари и добар дел од меѓународната заедница. Напротив, сметам дека падот на сегашниот систем, крахот на таа „длабока држава” е всушност првиот и најважниот чекор кон ослободување, отворање и нова шанса за една подобра, стабилна, современа и прогресивна Македонија.

http://www.kirilica.com.mk-vesti-arsim-zekoli-potrebna-e-dekontaminacij


http://www.dokaz.mk/arsim-zekoli-potrebna-e-dekontaminatsija-na-drzhavata-od-gruevizmot-i-ahmetovizmot/



3)


ЦИВИЛ: Предлагаме итни мерки за решавање на политичката криза и враќање на демократијата

09-06-2015

Препораки на ЦИВИЛ – Центар за слобода, за итни мерки кои треба да се преземат за решавање на политичката криза и враќање на демократијата во Република Македонија:

Република Македонија има потреба од вистински и сестрани демократски реформи. ЦИВИЛ – Центар за слобода се приклучи на коалицијата Граѓаните за Македонија и целосно ги поддржува барањата и условите кои веќе беа презентирани на јавноста, на Владата и на меѓународната заедница. Тука е вклучено и барањето за оставка на Владата, ревизија на избирачкиот список, елиминирање на партиското влијание врз Македонската радио и телевизија(јавниот радиодифузен сервис) и организирање на слободни и демократски избори. На сегашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски не треба да им се дозволи организирање на избори, со оглед на изборните измами спроведени во последните години од нивното владеење.

Цврсто сме убедени дека дадениот рок за подготвување на предвремени парламентарни избори во април 2016 е премногу краток. Наша силна препорака е да се продолжи овој период до 18 месеци или повеќе, со цел да се создадат потребните услови за слободни избори. Поточно, препорачуваме овој период да се смета од денот на формирање на преодната влада.

Претходно, граѓанските организации во Коалицијата се обратија до високи дипломати на странската дипломатија со повеќе предлози, меѓу кои е и барањето за вклучување во процесот на преговори(LINK или на www.gragjanite.mk)

Цивил – Центар за слобода имајќи го искуството во долгорочното набљудување на изборите и состојбата на човековите права и слободи во земјата, како и анализи на изборниот систем, нуди екпертиза и асистенција во областите неопходни за враќање на демократијата во земјата. Во продолжение, накратко ги претставуваме приоритетните мерки кои треба да бидат земени предвид:

1. Нов состав на Државната изборна комисија

Оваа мерка е од суштинско значење за ослободување на оваа тело од влијaнието на било која политичка партија. Комисијата треба да биде составена од експерти, претставници на граѓанското општество и странски експерти и претставници.

Ревизијата на Избирачкиот список треба да биде спроведена од страна на независен орган составен од граѓанското општество и од домашни и странски експерти.

2. Реформи на избиракиот систем

Овие реформи вклучуваат голем број на промени, како што се: Македонија да биде една изборна единица, отворени листи, мерки за да се спречи изборен фалсификат, според елаборираниот пакет предлози на ЦИВИЛ – Центар за слобода, а во соработка со искусни организации во земјата и во странство.

3. Суштински реформи во сферата на медиумската регулатива

Со ова се подразбира нов состав на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медимуски услуги (претходно Совет за радиодифузија) и на Агенцијата за електронски комуникации, со цел да се добие барем минимум слобода на изразување и услови за постоење на слободни и независни медиуми.

4. Формирање на специјална комисија која ќе ја истражи безбедносната криза во Куманово на 9-ти и 10-ти мај

Постојат сериозни наводи за инволвираност на владини претставници во целиот проблем, со високо коруптивни елементи, кои доведоа до кризата и може да предизвикаат тешки последици за безбедноста.

5. Формирање специјална комисија за истрага на наводите за криминал кои произлегуваат од прислушуваните телефонски разговори кои ги објави опозицијата

Според наводите, преку 20,000 лица во земјата биле прислушувани во масивна операција за прислушување оркестрирана од Премиерот Никола Груевски и Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Овие разговори откриваат злоупотреба на моќта во големи размри, изборна измама, долга листа на криминали од страна на страна на највисоките претставници на власта.

Понатаму, предлагаме отворање на меѓународна, независна истрага за наводите за масивната злоупотреба на јавните фондови и нивното изнесување од земјата.

6. Итни мерки за реформи во судството и во јавното обвинителстово

Оставка на јавниот обвинител е очигледна мерка. Покрај тоа, итни мерки треба да се преземат со цел да се реформира судството и јавното обвинителство. Ова значи дека поставување на тело – специјален совет на судии, меѓународни експерти и претставници на граѓанското општество кои ќе имаат мандат да го следат или да стават вето на одлуките и судските пресуди. Ова треба да послужи како основа за темелни реформи во правосудскиот систем во земјата во блиска иднина.

Како дел од интервенциите во судството, потребно е итен прекин на политички мотивирани судски процеси против опозицијата, активистите за човековите права и новинарите и ослободување на политичките затвореници.

Од 2010 година, ЦИВИЛ – Центар за слобода јавно упатува барања за крај на политичкиот прогон.

Во тој поглед, уште еднаш, изјавуваме:

Политичките затворенци не се единствената карактеристика на партизираното судство, но секако се видлива илустрација на состојбата на правосудните институции. Во ваква состојба, тешко е да се замислат фер и демократски избори.

Бараме итно запирање на политички мотивираниот прогон на новинарите и граѓанските активисти.

Бараме итен прекин на политички мотивираните судски процеси против опозицијата.

Бараме итно ослободување на политичките затвореници и притворените лица, особено оние кои беа притворени по протестите на 5 мај.

7. Предвремени парламентарни, претседателски и локални избори

На крајот, Цивил – Центар за слобода ги повторува барањата за предвремени локални и претседателски избори во 2016, истовремено со предвремените парламентарни избори.

Оваа изјава е врз основа на долгорочното набљудување на нашата организација и на заклучоците донесени во извештаите за изборите во 2013 и 2014 година, како и други извештаи и анализи и јавни барања од страна на државни и други релевантни организации и институции на национално и меѓународно ниво. (Види: Electoral processes in 2013 and 2014 are illegitimate од 30 април, 2015)


http://libertas.mk/цивил-предлагаме-итни-мерки-за-решава/


Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Re: Предлози за излез од политичко –државно-институционалната криза    Нед 14 Јун 2015, 12:00 pm


Ситуацијата е таква каква што е .
Прашање е дали народот и/или другите народи во светот правилно ќе ја раберат пораката и ќе препознаат слични ситуации и симптоми.
Една од најглавните пораки на новиот завет е Јуда равратникот (крадецот на заедникото и најмногу заедничите пари –од буџетот) – Јуда предавникот
Дефиниција:
Секој развратник е предавник
Или поинаку
Непостои равратник што нее предавник
Историјата е преполна со вакви примери

А Груевски и негова криминална равратна банда одамна ги имаат сите можни симптоми .

1)
Предавството

Вака :

Четирите удари на велепредавството! Што се гледа зад димот на бомбите!?
20-02-2015

Злосторничко здружување за злосторнички потфат, велепредавство на власта, не како еднократен чин, туку како долготраен и систематичен процес на разнебитување на државата и на општеството! Реализација на генералната мисија на вмро!

Главниот удар има три односно четири стратегиски цели: РАЗОРУВАЊЕ на културната димензија, РАЗОРУВАЊЕ на меѓународната димензија, РАЗОРУВАЊЕ на институционалната димензија и РАЗОРУВАЊЕ на економската димензија на општеството и на државата, со посебно внимание врз десубјективизирачките импликации на овие разорувања врз феноменот на македонската нација!

Се што е под ова ниво, од пљачките, апсењата, судењата, вработувањата, бркањата од работа, задолжувањата, медиумските окупации и окупациите на медиумите, се се тоа атрактивни аспекти на катастрофата, но тие се од второстепено, таканаречено инструментално значење! И изборот на инфантилни типови на важни позиции спаѓа во тој ред на значењата!

Исто како што станува јасно дека соборувањето на злосторничкото здружување е фаза, инструмент на нашиот спас, тоа соборување не е и не може са биде остварување на спасот, за тоа е потребна културна деконтаминација, девмровизација, денацификација, радикална критика не на власта туку на нејзината идејна и историска основа и на нас како општество, како луѓе, како историска појава, на нас и на нашето саморазбирање!

Фејсбук статус на новинарот Бранко Тричковски

http://libertas.mk/четирите-удари-на-велепредавството-ш/


2)
Бесрамот и неосетливаста како главна карактаристика на 666

Вака :

Од што би можел да се засрами Груевски?

07.11.2014,
Мислења

Ѓорѓи Спасов

Добро е Заев што побргу да излезе во јавноста со своите сознанија, додека Груевски не решил трајно да остане во САД за да „привлекува инвеститори“ или пред лидерот на опозицијата да биде уапсен заедно со доказите

Опозицијата најавува нови информации за големи злоупотреби на власта од страна на Груевски. Тоа било нешто од што ќе се засрамел премиерот и можеби ќе поднел оставка на функцијата, по што ќе може да се формира техничка влада која ќе организира слободни и фер избори. Ова е една убава замисла во која засега голем број луѓе веруваат или сакаат да веруваат. Би било тоа и една убава новина и убав гест во моделот на политичкото однесување и политичката борба во Македонија.

Но, однесувањето на Груевски во случаите кога и до сега имаше големи причини да се засрами и да понуди оставка на функцијата, не дава некоја голема надеж за такво нешто. Да се потсетиме само на неколку такви случаи.

Груевски на 24 декември 2012 година им даде наредба или им дозволи на 60 специјалци да влезат во македонското Собрание и со брутална сила да ги исфрлат сите пратеници од опозицијата и новинарите од галеријата кои требаше да ја следат седницата за буџетот. За овој срамен акт на државно насилство, кој се обиде да го скрие од јавноста, не одговараше ниту спикерот Вељаноски, кој, наводно, побарал специјалците да го заштитат, ниту Јанкулоска, пред чии очи тоа се случуваше, ниту Ставрески, кој со раката диригираше да бидат исфрлени пратениците, ниту Груевски. Тој момент стана јасно дека клучниот аргумент на власта против опозицијата во Македонија е силата на полицијата и дека Македонија од парламентарна се претвора во полициска држава. Тоа не беше доволно да се засрами Груевски или за некој да поднесе оставка.

Осилен од фактот дека никој ништо не му може, само четири месеци по тој настан Груевски пристапи кон зацврстување на својата власт на локално ниво со примена на сите средства за освојување на што поголем број градоначалници и советници. На изборите во за него најважната општина Центар во Скопје, во која потроши цело богатство за неговиот омилен проект „Скопје 2014“ (но во која граѓаните се просечно пообразовани, економски понезависни и помалку подложни на неговата пропаганда), Груевски донесе гласачи од Пустец во Албанија, кои, само поради упорноста на опозицијата дознавме дека живеат на улицата „Максим Ѓорѓи“ или „кај Оревот“. На денот на изборите беа блокирани од некои непознати бандити лифтовите во високите згради за да не можат гласачите на СДСМ да излезат на изборите, а беа поништувани неколку пати изборите во места во кои победуваше опозицијата за со сила да се промени резултатот. Но, од тоа Груевски не се засрами . Напротив. Веќе следната година за време на парламентарните избори, тој го повтори методот „Пустец“ во уште поголеми димензии, не само во Скопје туку и во цела Македонија.

За време и на тие избори, опозицијата откри дека граѓани од Пустец од нашата полиција добиле државјанства, а дури 60-ина беа пронајдени како избирачи со иста адреса на стан во сопственост на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор, а којзнае уште колку останаа неоткриени на гласачките места во другите градови.

Од тоа не се засрамија ниту Груевски ниту Јанкулоска. Без каква било истрага, Јанкуловска одговори само дека тоа биле „важечки лични карти“, а дека избирачкиот список бил во надлежност на ДИК. Со други зборови, јасно ставија до знаење дека тоа дело „измама“, за кое во кривичниот закон е предвидена казна до три години затвор, на избори, може да се повторува без срам и перде, до бесвест.

Ведаш по смената на власта во општина Центар, опозицијата ангажираше експерти за спречување на корупцијата кои направија увид во трошењето на парите од проектот „Скопје 2014“. Во нивниот извештај кој е доставен до обвинителството стои дека: „Постои основано сомнение за злоупотреба на службена должност (од страна на функционери во Владата) при склучувањето на договорите за леење споменици во Фиренца и исплаќањето високи авторски хонорари, при што буџетот е оштетен за милионски суми“. Беа наведени и бројни примери од кои секој нормален би се засрамил, а во секоја правна држава многумина од сторителите би завршиле во затвор. На пример, во тој извештај е наведено дека споменикот на Скендербег е речиси со иста големина како и спомениците на Гоце, на Даме на Никола Карев и на останатите леени во бронза. Но, споменикот на Скендер-бег (кој го плаќаше приватен спонзор) чинел 80 илјади евра, а за спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев (кои ги плаќаше Владата) само на леарницата „Маринели“ во Фиренца и' биле исплатени 850 илјади евра. За леење во бронза на споменикот „Прво заседание на АСНОМ“ биле платени еден и пол милион евра, за „Основачите на ВМРО“ биле платени исто така само за леење во бронза над еден милион евра, за „Гемиџиите“ околу еден милион итн. За леењето во бронза на секој споменик до крајот на 2010 година е плаќана редовно речиси двојно повисока цена од онаа на вториот понудувач. И мермерните споменици на Ченто, Јустинијан и Цар Самуил, според извештајот на ревизорите, биле набавувани од италијанска фирма која и не била регистрирана за правење споменици, туку само за трговија со скулптури и тоа по двојно повисоки цени од цената на вториот понудувач, која, исто така, била висока.

Но никој не се засрами, не поднесе оставка и не заврши во затвор.

Напротив. Во бизнисот ја вклучија и Европската банка, која на Владата и' даде кредит за изградба на автопатот. На тоа упатува забошотувањето на криминалот во аферата „Актор“. Опозицијата на јавноста и' понуди докази дека грчката компанија „Актор“, која на јавен тендер од македонската Влада ја доби изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица (бизнис тежок 230 милиони евра) откако добила од Владата околу 35 милиони евра за завршените работи, 3,5 милиони евра исплатила во кеш на граѓани, кои од Грција доаѓале со автобуси во Неготино и го подигале парите во банката. Бидејќи немаше докази дека тој кеш го пренесувале преку граница во Грција, остана сомнението дека парите се останати кај приватни лица во Македонија и дека можеби се работи за10 отсто договорена корупција која грчката фирма им ја плаќа на поединци од власта или блиски до неа, за добиениот тендер. Дали стануваше збор за перење пари, за корупција или друг вид криминал не разбравме до сега. А никој не се засрами не поднесе оставка и не беше уапсен.

И на крајот. Кога Зоран Заев лично излезе со докази за тоа како била продавана банката која беше во сопственост на „ергените на ВМРО-ДПМНЕ“ и сите го слушнавме гласот на Груевски кој договара кеш за продажба на Македонска банка во висина од 1,5 милиони евра, судот без да го повика клучниот сведок Ден Дончев и да ја утврди веродостојноста на гласот на Груевски на снимката, досуди дека станува збор за клевета.

Груевски не само што не се засрами. Не само што не помисли да поднесе оставка и не само што не плати, туку и ќе наплати 50 илјади евра за добиена душевна болка.

Сите овие крупни и голем број нерасчистени „ситни“ случаи, како оние со становите, со офшор-компаниите од кои се формираат и финансираат медиумите на власта, како и изградбата на палатата на ДПМНЕ која чини милиони евра, ги прават скептични граѓаните во однос на тоа дека Груевски и неговиот тим може од што било да се засрамат или за што било да одговара, а не, пак, сам да се откаже од власта.

Македонија за време на мандатот на Груевски, кој е министер во Владата или премиер веќе подолго од 12 години, стана земја во која полицијата може да апси и судии на кои не им одземен имунитетот, да тепа пратеници, да прислушува лидери на партии за време на изборна кампања, да издава лични карти на лажни адреси со цел да се промени избирачката волја на граѓаните и да ги затвора очите пред очигледен криминал кога тој се прави со амин од највисокото ниво во државата. Во таква земја нема голема надеж за промени.

Со сите слабости на опозицијата, да не беше таа и да не беа малубројните и храбри независни медиуми, за ниту еден од овие случаи немаше ништо да дознае јавноста. Зоран Заев не е очајник и човек кој нема што да загуби. Но тој покажува готовност, со голема храброст да продолжи да ја разголува власта, во земја во која сите веќе сметаме дека никој ништо не и' може. Останува да веруваме дека секогаш има нешто за прв пат. Добро е овој пат да не го оставиме сам и кога можеби наивно верува дека само со еден потег Груевски ќе сфати дека вака веќе не може. И добро е што побргу да излезе во јавноста со своите сознанија, додека Груевски не решил „од страв“ трајно да си остане во САД за да „привлекува инвеститори“ или пред Зоран Заев да биде уапсен заедно со доказите.

(Авторот е универзитетски професор)

http://libertas.mk/од-што-може-да-се-засрами-груевски/

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=DB564AA6B8F2BA43BEAD5F5BCDEF25F8

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Re: Предлози за излез од политичко –државно-институционалната криза    Нед 14 Јун 2015, 12:01 pm

1)

Како до пристојна разрешница на кризата

Петрит Сарачини
Објавеново 28 февруари 2015

Верувам, почитувани читатели, дека длабоката политичка криза што кулминира деновиве нè вознемирува сите, без оглед на нашата припадност и убедувања. И со право се плашиме за нашата иднина, за тоа што носи утрешниот ден. И покрај оптимизмот што го носат малите победи како онаа на студентите или оставките на некои маргинални функционери, сепак, очигледно е дека ситуацијата се влошува, од ден на ден, а излезот од темницата не го гледа никој.

Опозицијата продолжува со објавување застрашувачки информации, кои ни покажуваат дека во овие години некаде по пат сме ја изгубиле државата, а сме добиле злосторничко здружување на неколку поединци, кои тотално го окупирале и општеството и институциите. Луѓе со „богат“ вокабулар и уште побогат „арсенал“, спремни да решат секаква ситуација, не во согласност со правото, Уставот и законите, туку на „нивен начин“. Тие, во секоја манџа во општеството, од вработување портири, па сè до делење милионски суми за медиумска послушност, да ти биле неизбежниот зачин.

Од друга страна, и покрај овие откритија, кои во која било нормална земја би резултирале со паѓање на власта, таа и нејзините челници очигледно немаат намера да отстапат, да го признаат злосторот и да ги ослободат граѓаните од заложништвото во кое ги држат повеќе години. Напротив, спремни се докрај да ги бранат своите позиции, богатство и привилегии, стекнати со криминал и брутално кршење на правниот поредок и човековите права.

Власта е во нокдаун, скриена во глувчешка дупка, во јавноста ги нема нејзините најистурени играчи, замреа дефилињата на властодршците на екраните, а пропагандната битка им е оставена на медиумските слуги и оние што за ситни (и нешто покрупни) придобивки незаслужено уживаа додека народот страдаше, па сега грчевито се борат, па дури и се спремни да гинат за своите газди и началници, во обид да ги оправдаат и да ги перат нивните валканици.

А граѓаните - поделени, збунети, гневни. Наместо тоа, сега ни треба фокус, рационалност и смиреност, за да го најдеме излезот, не оној што ќе донесе уште повеќе страдања, туку оној што ќе нè доведе до ситуација, во која добитници ќе бидат сите граѓани на Македонија.

Ќе ми простите на малку подолгиот вовед, знам дека сите сме прилично изморени од констатирање на состојбите, па ете, да не должам, си реков да си земам за право да предложам едно оптимистичко, навидум утопистичко, но прилично остварливо сценарио, кое можеби ќе ви се допадне и кое нуди еден пристоен излез од оваа длабока криза.

Прво, бидејќи премиерот очигледно нема да поднесе оставка, па дури и нагласи дека нема да отстапи и дека „остро ќе се спротивстави“, а странците, демек, инсистираат на враќање на опозицијата во Собранието, ете можност да се спои „убавото со корисното“ и да почне да се одмотува клопчето. Не - за распуштање на Собранието и нови избори со стари услови, да - за гласање недоверба на сегашната влада во Собранието! За тоа е потре*ен претходен цврст политички договор (а не тоалет хартија) меѓу СДСМ, ДУИ, ДПА, пратеници што се од помали партии, но се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и, секако, пратеници од најголемата владејачка партија кои се свесни за опасноста што ја предизвикаа нивните досегашни водачи, а која државата ја води во амбис. Меѓународната заедница би можела да биде гарант и посредник во постигнувањето на тој договор.

Новата, преодна влада изгласана од тоа ново мнозинство, би имала мандатар предложен од редовите ВМРО-ДПМНЕ (како партија што добила легитимитет на изборите), но на оваа партија не би ѝ припаднале ресорите за внатрешни работи, финансии и други клучни ресори, кои овозможуваат корумпирање на државниот апарат, особено за време на изборите, кои ќе треба да се организираат набрзо.
Секако, веднаш треба да следува и разрешување на шефот на УБК и државниот јавен обвинител и избор на нови луѓе на овие клучни позиции, кои ќе бидат поддржани од сите парламентарни партии и кои ќе треба да ја почнат судската разврска на мега-аферите (не само на овие што се „тазе“, туку и на оние „побајатите“) и да гарантираат дека тајната полиција нема да биде инструмент во рацете на власта за справување со нејзините политички противници.

Веднаш потоа треба да се пристапи кон ИЗМЕНА на изборната легислатива, кон спроведување на ПОПИС, пречистување на Избирачкиот список. Секако, и кон „олеснување“ на државната администрација од ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ кои нишаат врата, „лајкаат“ и коментираат на социјалните мрежи, и за тоа земаат плата и придонесуваат кон тивкото економско пропаѓање на земјава. Воедно, истиот процес треба да се спроведе во раководствата на сите важни државни институции - разрешување на старите партиски раководители и избор на нови луѓе, со докажано искуство и успеси во соодветните области.

Освен тоа, веднаш треба да се променат СИТЕ ЗАКОНИ со кои се овозможува кршење на човековите и работничките права - од Законот за работни односи, преку медиумските закони, па се до оној за следење на комуникациите. Ќе треба вистински да проработат собраниските комисии, како и независните комисии и регулаторни тела, кои се сега само обични инструменти на власта.
Сето ова треба да го направиме пред да одиме на фер-избори. Имам уште многу ПРЕДЛОЗИ , но верувам дека и оваа „утопија“ е доволна за почеток. Како што рекле умните, бидете реални, сонувајте го и барајте го невозможното. Зашто, во спротивно, знаеме што не чека. Нови изгубени години, „тоалет-хартии“ и разочарувања, улица, насилство и долгорочна темница од која тешко дека ќе излеземе во догледно време.

(Објавено во „Слободен печат“)

http://www.plusinfo.mk/mislenje/306/kako-do-pristojna-razreshnica-na-krizata

2)

И „Лименкиниот Савет за Безбедност“-ЛСБ, со предлог решенија за излез од политичката криза
23-02-2015

ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЈА НА ФОРУМОТ „ЛСБ“ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ПОЛИТИЧКАТА И ДРЖАВНАТА КРИЗА

Форумот на слободoумни патриоти при ЛСБ, изразува голема загриженост за правецот во кој се движи Република Македонија и смета дека е неопходно да се спречи понатамошното продлабочување на политичката и државната криза. Во оваа смисла Форумот предлага одвивање на неколку паралелни процеси кои меѓусебно се поврзани и се надополнуваат. Предложените решенија имаат за цел враќање на довербата и непречено функционирање на системот како целина, отстранување на деструктивните страсти и на опасноста од меѓуграѓански и меѓуетнички судири, практично остварување на уставните гаранции за слободите и права на човекот и граѓанинот, демократијата и слобода на медиумите и непристрасно иформирање.

Основен приод:

А) Отфрлање на договорот од 2013 година, познат во јавноста како „Палома тоалетна хартија“, заедно со сите правни квалификации и препораки во него, потпишан од таканаречената Ад Хок Комисија која, пак, произлезе како обврска од Мартовскиот договор од 2013 година, а документот и официјално да се прогласи за документ кој нема никаква вредност, освен за бришење на задниците на актуелната власт, а прибидејќи због заради тоа што многу серат, тој е потрошен…

Б) Да се пристапи кон одвивање на продуктивен граѓанско политички притисок врз Власта, а се’ во функција на нејзино мирно капитулирање и повлекување од сите фалсификаторски стекнати позиции, како предуслов за изнаоѓање решенија и за смирување на политичката криза и тензија, за понатамошни изнаоѓања граѓански прифатливи решенија за излез од кризата, со формирање на преодна влада, во мирна и достоинствена атмосфера.

В) Во однос на актуелното прислушување, Владата, се мисли на сите нејзини функционери вмешани во скандалот, на чело со Премиерот, да прифати притвор и фер одбрана во судски процес кој ќе биде организиран од новоформираното обвинителство и вистински независното судство, почитувајќи ги сите правни норми и принципи на презумпцијата на невиност, под засилена контрола на граѓанскиот МКД мониторинг. Паралелно да се формира Анкетна граѓанска комисија, која на сите сегашни коалициони партнери на ДПМНЕ, пратеници, партиски претставници и други функционери, кои се правеа на „Тошовци“ изминативе 9 години и ја поддржуваа диктатурата, да им се покаже Шут карта, да им се одземат патните исправи со напомена дека им се забранува да ја напуштаат државава, да им се замрзнат сметките, и имотите, и еднаш неделно да се јавуваат пред Анкетната граѓанска комисија, се’ додека не биде донесено друга одлука. Ова ќе трае до донесување на соодветните пресуди за утврдена кривична, политичка или каков било друг вид на граќанско морална одговорност на инспираторите, креаторите, подджувачите и извршителите вклучени во против уставните незаконски дејанија.

Г) Веднаш по капитулацијата на Боксерската власт, да се пристапи кон реализација на пакетот законски решенија, кои претходно се утврдени, а кои се во духот на враќање на институционалниот и демократскиот капацитет на земјата, а со цел ваквите случувања и кризи да бидат најстрого казнувани, а во иднина спречувани. Пакетот законски решенија се однесува на реализација на:

– Доследна примена на начелото на безусловна капитулација на оваа власт,

– Воспоставување граѓанска контрола на безбедносниот систем на државата, исклучувајќи го Претседателот Хорхе Бе Ајванов од безбедносниот државен систем, за постигнување вистинска превенција од идно кршење на човековите права по пат на незаконски прислушувања или слични прекршувања,

– Граѓанско превземање на МРТВ, и катанец на Сител, Канал 5 и Алфа, блокирање на Курир, Прес 24, Нетпрес, Република и.т.н., до коначното враќање на вистинската слобода на медиумите и рамноправно претставување на политичките партии во медумите,

– За сите останати поединости околу унапредување на демократските принципи, регулативите за улогата на политичките партии во фукнција на демократизацијата на општеството и нивното одвојување од државата, ќе се разговара по потпишувањето на капитулацијата на оваа власт, како и за враќањето на парламнетарната контрола на правосудниот систем, со претходно квалитено извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација на споменатите институции, за евентуално прогласување и на нивна финансиска самостојност,

ФОРУМОТ НА СЛОБОДУМНИ ПАТРИОТИ НА ЛСБ, ги повикува – опозицијата и другите релевантни политички субјекти во моментов, организации, студентски и професроски пленуми, невладиниот сектор, интелектуалците, а највеќе слободомислечките граѓанско човечки ресурси и капацитети, активно да се вклучат со свои предлози и размислувања во врска со предложените решенија.

ЗА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО НА ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ ПРИ ЛСБ-СКП-ЦО-ЛТД-ЈБГ…

Боки Бургија________________с.р.

Испратено до:

Сите слободоумни и слободомислечки граѓани во цел свет на Македонија, Европа, Америка и Енглеска, биќе земја пролетерска

http://libertas.mk/и-лименкиниот-савет-за-безбедност/

3)

ЛИБЕРАЛНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА МАКЕДОНИЈА КАКВА ШТО ТРЕБА ДА БИДЕ

Нема нација што со политика иа цврста рака на подолг рок остварила траен просперитет.
Напротив! Затоа, денешната состојба во Македонија не е природна.
На Македонија не и се потребни нови судири и делби на историски теми.
Македонија ќе опстане и ќе напредува само како модерна, секуларна, граѓанска,
мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална заедница и општество.
Пазарната економија, квалитетот, конк*рентноста и приватната иницијатива се предмет на правна гаранција и регулација/стандардизација од државата. Државата постои за да овозможува бизнисот да се развива. Главна насока на нашата надворешна политика треба да биде бескомпромисната решеност за што побрзо интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Не прифаќаме: фатализам и помирување со сегашноста; воодушевување од перформансите и техниките на партиите на власт ниту плагијат на вмровските политики или надградба на нивниот популизам.

ПРИНЦИПИ И МЕРКИ ЗА МАКЕДОНИЈА КАКВА ШТО ТРЕБА ДА БИДЕ

- Нема „пазарење" за слобода за било кој државен функционер што го прекршил законот во изминатите осум години и пред тоа.

- Конфискување на против-правно стекнатиот имот и имотот стекнат преку неморално богатење од луѓето блиски до власта низ преземање компании со употреба на лостовите на власта и моќта на системот и нивно кривично гонење.

- Реституирање на состојбите на бизнисите пред преземањето со политичка корупција, нетранспарентна постапка и употреба на моќ и лостови на власта назад на нивните сопственици;

- Борба со корупцијата насекаде, вклучително и во високите политички кругови. Никому не може да му се суди за јавно искажан сомнеж за корупција во власта.

- Повторна истрага и ревизија, односно обнова на судските процеси каде се донесени апсурдни и матни одлуки, како и за сите сомнителни несреќни случаи, особено поврзани со новинарите, од „самодавење во кофа" до мистериозни сообраќајќи.

- Кривично гонење на помагачите во спречувањето на темелните истражни постапки и санкционирање на оние кои неправилно затвориле судски процеси.

- Попис на населението за реален избирачки список и правилна проекција на економските, популационите, социјалните и развојните параметри во државата.

- Партнерски однос на чинителите на една Концентрациона Влада со критичката јавност како начин за спречување на злоупотребата на лостовите на власта и спречување на ескалација на политичкиот судир.


http://www.lp.org.mk/wp-content/uploads/2014/10/politiko1a-oglas.pdf


http://www.lp.org.mk/?p=3677


Трибина на ЛП: КОНЦЕНТРАЦИОНАТА ВЛАДА И ОСПОСОБУВАЊЕТО НА СОБРАНИЕТО – РЕШЕНИЈА ЗА ТЕКОВНАТА ПОЛИТИЧКА КРИЗА

март 13, 2015

Денес во Скопје се одржа трибинaта „Кризата бара решенија“, чии коиницијатори се ЛП, Форумот на слободоумни патриоти и независните аналитичари Мерсел Биљали и Исмет Рамадани. Во продолжение ги пренесуваме излагањата на претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, еден од иниторите на Форумот, Јове Кекеновски и независните аналитичари Биљали и Рамадани.


http://lp.org.mk/?p=3955


https://www.youtube.com/watch?v=gbrlMU-3ScE

4)

Зошто е важно да нема амнестија и да има конфискација?
16-04-2015


Зошто е важно да нема амнестија и да има конфискација?

Секому му е јасно дека станува збор за неколку милијарди евра во прашање, кои се испумпани од државата на разни начини.

Државата е пред финансиски колапс, фондовите се празни, луѓе умираат по болници, илјадници се иселуваат поради сиромаштијата, администрацијата е превработена… за се ова да се донесе во пристојна состојба потребни се најмалку 2-3 милијарди евра.

Замислете го врвот на груевизмот како троши од милијардите на некој од егзотичните острови. По неколку години, пример четири години, одлучуваат да инвестираат само една милијарда евра за пак да дојдат на власт во Македонија. Со само една милијарда евра ќе можат пак да стават под контрола 90% од медиумите, ќе можат да корумпираат политичари, ќе можат да создадат лажна перцепција за некоја нова алтернатива и пак истите луѓе да ја заробат државата, овој пат од позадина, и пак да си влечат милијарди евра за нив, а на сметка на граѓаните, на сиромашните и на младите.

Ако ова не се пресече во корен, сега кога има услови за тоа, сега кога се фатени на дело, тогаш на оваа држава и нема спас!

Џељо Хоџиќ – Фејсбук статус

http://libertas.mk/зошто-е-важно-да-нема-амнестија-и-да-има/

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
avatar

Број на мислења : 251
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

ПишувањеПредмет: Re: Предлози за излез од политичко –државно-институционалната криза    Чет 18 Јун 2015, 3:08 am

1)

ВИДЕО Тито Петковски понуди концепт за излез од политичката криза

03 април 2015

Претседателот на НСДП, Тито Петковски, на денешната прес-конференција понуди концепт за излез од политичката криза, кој ви го пренесуваме интегрално:

„I.

Преку авторитарниот модел на владеење што го практикува власта составена од ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ДУИ на Али Ахмети, практично се оневозможува било каква контрола врз неа, ниту пак постојат можности преку демократски избори таа да биде променета, што кај опозицијата создава чувство на дискриминација како политичко малцинство во земјата. Нема еднаков пристап до правдата, до медиумите, пристап до било каков ресурс со кој располага владата, од работни места до можноста за бизнис и напредување. Со ваквиот модел на владеење се загрозени практично уставно гарантираните човекови права и слободи, додатно приврзаниците на опозицијата се означени како предавници и непријатели на власта, но и на државата. Тие се фрлени на маргините од општеството, како граѓани од втор ред, а власта ги користи истовремено сите средства за да ги оневезможи рамноправно да учествуват во изборот на нова власт или да се борат за неа. Загрозена е евроатланската перспектива на земјата и постои реална опасност од нејзино назадување во демократските процеси и напуштање на нејзините стратешки цели, кои се консензуално прифатени по стекнувањето на независноста на земјата.

Во такви услови заедно со милитантните пораки што Никола Груевски ги упатува од партиските митинзи, земјата се движи кон граѓански и меѓуетнички конфликт. Големите лаги од типот на над 20.000 нови вработувања, оргомни странски инвестиции, чесност, работливост и посветеност на властодршците, љубовта кон Македонија и излив на голем патриотизам, се само евтин трик за прикривање на криминалот и корупцијата.

НСДП оценува дека опозицијата, како политичко малцинство во овој момент, поради изборниот фалсификат на последните парламентарни избори, има право да предлага воведување на инструменти за нејзина заштита и рамноправност, како и претпоставки за нејзино влијание врз општествените процеси во земјата, едновремено нуди и докази дека изборите што ги организира сегашната власт не обезбедуваат фер изборен натпревар, поради што одбива да учествува во работата на Собранието на Република Македонија, односно не го признава легитимитетот на власта.

II.

Како услов за нормализација на состојбите во Македонија, НСДП предлага оставка на актуелната влада и на претседателот на државата, создавање на политички амбиент во земјата кој треба да финишира со предвремени слободни и фер парламентарни и претседателски избори.

III.

Во политичкиот дел, врз основа на прецизен политички договор меѓу парламентарните партии да се утврди динамика на сите активности што треба да доведат до формирање на преодна влада со јасен и точно утврден мандат.
Правната разврска за кривичните дела за скандалот за прислушување треба да започне со оставка на државниот јавен обвинител и избор на нов обвинител, едновремено со транспаретна и квалитетна постапка и меѓународен мониторинг да започнат суштински промени во правосудниот систем.

IV.

Преодната влада треба да понуди:
1)Системски промени и гаранции за одвојување на партијата од државата;
2)Гаранции за укинување на монополот врз клучните медиуми и обезбедување на слободен пристап до нив на граѓаните и опозицијата. Особено е важно системски да се уреди функционирање на МРТВ како јавен радиодифизен сервис
3)Динамика на завршување на пописот на населеието и прочистување на Избирачкиот список;

V.

Централното прашање што во вакви ситуации се поставува е: „Кој и како ќе ја принуди сегашната влада во Република Македонија да прифати ваков вид на промени во земјата?“ Досегашните македонски исксуства говорат дека промени можат да се случат со координирана активност на повеќе субјекти, како што се големиот и организиран притисок од страна на опозицијата, невладиниот сектор, демократските сили и промени внатре во самите владејачки апртии (ВМРО-ДПМЕ и ДУИ), како и со конкретна помош од страна на земјите членки на ЕУ, САД и НАТО.

VI.

Во делот што се однесува за демократските промени внатре во партијата едно од најважните прашања е: „Дали во раководството на ВМРО-ДПМНЕ има сили способни да се спротистават на авторитарниот модел на владеење на Никола Груевски и неговите конспиративни инсталации? Дали ВМРО-ДПМНЕ има сили да расчисти со својата политичка олигархија? Дали може успешно да се справи со сопствениот лидер кој не нудејќи никакви конкретни решенија за излез од кризата сака практично со сопствениот политички крај да го најави и крајот на Македонија. Дали членството на ВМРО-ДПМНЕ ќе собере сили да разбере дека оставката на Груевски и неговата влада во овој момент се единствените реални варијанти за отпочнување на процесот на политичка консолидација во Македонија?“

VII.

Не помалку важен е и односот на меѓународната заедница. Со пораката: „Македонија не е квинслиншка творба“, Никола Груевски практично влезе во отворен судир со меѓународната заедница и од Македонија направи најизолирана земја во Европа. Сосема е јасно дека без силна домашна заложба, меѓународната заедница не може да обезбеди јасна визија за разрешување на нашите проблеми, иако на еден дипломатски начин таа го наговести својот однос кон владата на Никола Груевски.
По првичните реакции на САД и ЕУ уследи оценка на партијата на Ангела Меркел-ЦДУ дека моделот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ е авторитарен. После тоа уследија откажувањата на средбите на Никола Груевски со Јункер и Меркел. Кокетирањето на Никола Груевски со Русија не ги остава рамнодушни земјите членки на Европската Унија. После сė за очекување е некои од нив јавно да соопштат дека нема да соработуваат со авторитарен режим и корумпирана влада.

VIII.

Веднаш по потпишувањето на договорот треба да се пристапи кон донесување на потребните закони во Собранието и најдоцна во рок од 6 месеци да се формира преодна (службена) влада и во договорен рок да се организираат предвремени парламентарни и претседтелски избори.

Со законите што ќе се донесат треба да се обезбеди:
1)Проширување на правата на опозицијата во Македонија и зголемување на нејзината контролна функција, во насока:
а) Право да предлага избор на државен јавен обвинител;
б)Право да предлага претседател на државната комисија за спречување на корупцијата;
в)Право да предлага државен ревизор на Македонија;
г)Право да предлага еден од двајцата директори на јавниот радиодифузен сервис МРТВ
д)Заради спречување на било какви злоупотреби на власта пред избори, изборот на преодна влада на шест месеци пред изборите да се воведе како обврска на сите наредни парламентарни избори
ѓ) Со изборното законодавство покрај другото да се обезбеди:
-Забрана на рекламирање на владата два месеци пред одржување на изборите;
-Забрана за политичко рекламирање во медиумите пред и по завршување на избрната кампања;
-Државно финансирање на партиите процентуално според бројот на освоени гласови на последните избори;
-Задолжително учество на лидерите на партиите или нивните заменици на телевизиски дебати пред изборите.
е)Да се овозможи странски ексеперти да бидат поставувани на чело на некои државни органи со цел гаранција за професионалност, политичка непристрасност и спречување на корупција

2)Изборниот законик да се донесува и менува со двотретинско и со Бадентерово мнозинство, заради потребата од постигнување на консензус за изборните правила помеѓу партиите од власта и опозицијата.

IX.

Со независен јавен обвинител и под меѓународен мониторинг да се преиспитаат сите случаи на „монтирани судски процеси во Македонија“ и политички затвореници и да бидат испитани сите злоупотреби на власта преку судски процеси, кои мора да бидат во фер и транспарентна судска постапка.

X.

Покрај неопходните закони треба да се договорат и мерки за зголемување на довербата, меѓусебното почитување и обврска за соработка околу остварување на националните интереси на Република Македонија, меѓу партиите на власта и партиите во опозиција. Во мерките за зголемување на довербата спаѓаат:
а)Потребата од објективност и рамноправна застапеност на власта и опозицијата во информативните програми на јавниот радиодифузен сервис и приватните телевизии кои добиваат национални концесии и кои го користат етерот како национално добро;
б)Задолжително учество на лидерите или други претставници на политичките партии на прославата на сите национални празници и одбележување на настани од интерес на државата;
в)Задолжително учество на лидерите на партиите на состаноците што ги организира претседателот на државата;
г)Со цел воведување на принципот на одвојување на партијата од државата, да се предвиди и неспоивост на истовременото извршување на партиска и државна функција“.


Според Петковски, гаранти за почитување и имплементација на договорот меѓу политичките партии треба да бидат страните потписнички и претставници на САД и ЕУ.

„Овој политички проект треба да се сфати како напор за враќање на легитимитетот и угледот на власта и за стабилизација на Македонија на подолг рок, а не обид за насилна промена на власта“, соопшти лидерот на НСДП.

http://www.plusinfo.mk/vest/20943/video-tito-petkovski-ponudi-koncept-za-izlez-od-politickata-kriza

2 )

Ермира Мехмети: Премиер Албанец за излез од политичката криза и Влада со мандат да го реши името

март 11, 2015

Доколку ЕК најде начин да и помогне на Македонија да излезе од политичката криза, а тоа финишира со некоја преодна Влада, би требало премиерот на таа Влада да биде Албанец, порачува пратеничката Ермира Мехмети од САД.


Мехмети на својот ФБ профил напиша, во услови кога двете партии од македонскиот блок се длабоко разединети и на различни страни, само
албанската етничка заедница која директно не учествува во кризата
може да биде посредник.

Осовен решавање на политтичката криза, таа Влада вели Мехмети би
имала мандат и да го реши спорот за името.

Извор: 24 Вести

http://brif.mk/?p=179264

Ермира Мехмети јавно го повика ДУИ да излезе од Владата на Груевски по што се бараше нејзино исклучување од ДУИ

Иако се има јавено голема недоверба и кон ДУИ .

Вака :

Зеколи: Ахмети и неговите арамии повикаа на војна помеѓу два народа заради криминогена љубов со нивните мафијашки партнери од ВМРО-ДПМНЕ?

март 11, 2015

Едноставно одвратна е тековната славеничка дволичност на ДУИ за
сервилноста на Мендух кон Сашо Мијалков. Дури би кажал дека цинизмот
на ДУИ-стите го надминува резилот на ДПА.


Синоќешната снимка е само потврда за веќе познатиот однос на г. Тачи.
Но, доколку ги земеме предвид сите околности, слуганската покорност на
Муса Џафери е двојно посрамна од онаа на Мендух Тачи.


Мендух синоќа ја заврши својата кариера како и секој политичар
неспособен да разбере кој е моментот кога треба да стапне и кој кога
треба да се симне од политичката сцена

Но, кога вториот од политичката и извршна хиерархија на ДУИ ја освојува
влста преку војна во која се убиени стотици албанци и македонци,
внесува непремостлива омраза помеѓу двете заедници само за да биде
на власт, кога овој човек – Муса Џафери – се простира сервилно пред
Шефот на Службите и без трунка срам договара анти-демократски
договори, не е потребно да сте премногу паметни за да разберете дека
криминалот и сервилноста на ДУИ е барем седум пати поголема од онаа
на ДПА.

Затоа, пред да се клештат за глупавостите на Мендух, нека повели Али
Ахмети и неговите арами и нека ни објаснат зошто повикаа на војна
помеѓу два народа заради криминогена љубов со нивните мафијашки
партнери од ВМРО-ДПМНЕ?

Мендух својата кариера и богатство го потпиша во прљави бои, но Муса
и ДУИ своите кариери и богатства ги потпишуваат сеуште со крвта на
убиените луѓе. Затоа гневот и осудата кон нив мора да биде многу
посуров. Мендух даде гаранции за својата послушност “со смрт” своја.
Муса и ДУИ да не заборават – онакако како што ни ние нема да
заборавиме – дека власта и богатството го имаа стекнато “со смрт”на
другите.

И колку за потсетување за Мендух и Али: Никола и Саша ве имаат
ставено во шише вас лично, не албанците.
Никогаш Албанците

Фејсбук статус на Арсим Зеколи

http://brif.mk/?p=179247

Што се подготвува?

12 Sep 2014

Мерсел Биљали

Генијалниот Ајнштајн, шетајќи по природата стигнал до една река над која висел импровизиран тесен мост. Славниот научник продолжил по мостот без да забележи дека истовремено од спротивната страна тргнал некој де*ел човек. Кога се сретнале на средината на мостот, де*елиот извикал – „На будалите никогаш не им го отстапувам патот“. Ајнштајн се вратил назад на брегот и допуштил човекот да помине, по што додал – „А јас да“. Но, размислувајќи во се*е тој сепак се убедил дека таквата мудрост е неумесна, и тоа не поради фактот што де*елиот прв го поминал мостот, туку поради логиката дека ако на будалите им ги отстапиме сите патишта ние ќе нема каде да се движиме!


Нам со години ни се заземени сите патишта, сите мостови, паркови, домови, па и животите. Будали ни влегоа по институциите, по судовите, по медиумите, по имотите, по џебовите, по нашите блиски, по нашите души и судбини. И направиле пустош. Создадоа невидено криминално општество, ја уништија економијата, не задолжија до гуша, го колабирале буџетот. Создадоа масовна беда и сиромаштија. Ја разгорија етничката и верската омраза. Создадоа невиден егзодус и празни училници. Создадоа делители на правда кои самите не заслужуваат да бидат на слобода. А ние продолжуваме да им го отстапиме патот дека се будали, несвесни дека тоа сме ние самите.


Но, режимот се сопна на надворешен план. Со години Груевски странците ги лажеше дека ќе го реши „горливиот“ проблем со името, а истиот тој проблем од него самиот бил провоциран за полесно владеење и за блокирање на интеграциите. Името до 2006 година не беше никаква пречка за процесот. Брисел му поверувал дека проблемот ќе го реши, па оттука за се му прогледаа низ прсти. Сега увидоа дека се случи сериозна диктатура во срцето на Балканот, но и сериозна опасност за внатрешната и регионална стабилност. Добиле мало диктаторче (како што тие го опишуваат), ама со големи и опасни последици. Таквата мала диктатура на Груевски е голема несреќа за милиона луѓе, оти е голема опасност по мирот во регионот.


Помина НАТО самитот, но и рокот на траење на изјавата на Ахмети за наводната криза што би ја создал. Тие изјави веќе никој не ги зема за сериозни. Самитот од Велс државата ја врати десет години назад. Добивме уште четири големи услови и стотина помали. Се бара ефективен политички дијалог, слобода на медиумите, независно судството и целосна имплементација на Охридскиот договор (и тоа „во дух и слово“). А преговорите за името да бидат „завршени што е можно поскоро”. Значи бараат солзите да се заменат со пот. Солзите можеби предизвикуваат краткотрајно сожалувања, ама само потта носи резултати. Груевски нè трагаше по решенија туку по причините зошто нема решение. Тврдите заклучоци ги газеа ситните дипломатски трикови на нашата власт. Груевски овој пат молчел за рбетот. Ниту збор за „непринципиелната Европа која нè притиска да го свиткаме рбетот“. Ја свитка опашката. Причините за таквата промена на политиката на Алијансата кон Македонија се повеќекратни, а најважни се три. Првата, е стравувањето дека подолго траење на ваквиот популизам и национализам ќе заврши со конфликт. Второ, ако Груевски и неговите поддржувачи не ја платат цената за ваквата опасна авантура, тоа ќе биде сигнал до другите регионални претенденти за да станат диктатори. Третата причина е непринципиелното флертување со Русија токму сега кога на срцето на Европа избил конфликт. Башка што гледаат дека ние немаме претседател туку сенка на премиер. Странците веќе прочитаа дека челниците на ВМРО и ДУИ НЕ САКААТ ЕВРОАТЛАНСКИ ИНТЕГРАЦИИ И ДЕКА ИМЕТО ИМ СЛУЖИ САМО КАКО ИЗГОВОР. Оти секое нормализирање на системот претпоставува нивно завршување пред нормален суд. Тие разбрале дека во оваа земја е голема среќа да си споменик, жална врба или палма, ама е несреќа да си човек. Секоја држава има свои споменици, а кај нас спомениците имаат своја држава. Дојдено е времето кога фараоните ќе треба да се погребуваат во сопствените пирамиди. Блиску им е крајот на тие што ветија градење на светла иднина со помош на мрачни сили на подземјето. Ние треба да разбереме дека патиштата градени без Господ завршуваат во пеколот. Но, сето ова мора да има и психолошка димензија. Арно си кажа едно девојче – „би сакала да прашам, а како еден премиер кој е душевно разболен од навредите и клеветите повторно може да биде премиер, зарем ДУШЕВНО БОЛНИ ќе ни ја водат државата“?!

http://inbox7.mk/?p=2138

http://libertas.mk/што-се-подготвува/


3)

Недела, 08 Јуни 2014
ПЛАТФОРМА ЗА ФЕР ИЗБОРИ

Целта на СДСМ со одбивањето на пратеничките мандатие е да предизвика политичка криза која би ја принудила власта да распише нови парламентарни избори што би биле фер и демикратски. Тоа е легитимно барање на една опозициска партија и тука нема место за било каков приговор од страна на власта.


Она што заслужува анализа е ставот на опозицијата дека тие и такви избори би требало да ги спроведе така наречена „Техничка Влада“. Ако е тоа единственото излезно решение што го смислила опозицијата, тогаш тоа е малку. И токму поради тоа што е малку - е премногу. Премногу е „земи или остави“ за ВМРО ДПМНЕ да го прифати. Таков ултиматум бога ми ниту СДСМ да е на нивно место не би прифатил ниту пак било која друга политичка партија која победила (со наводници или без) на изборите. Тоа би значело таа самата да не си го признае изборниот резултат, да прифати дека сторила државен изборен фалсификат, да декларира јавно дека не е способна да спроведе избори и од тие причини да се самораспушти, за во нејзино име изборите да ги организира и спроведе некоја Техничка Влада.


Токму од овие причини опозициските партии мора да подготват РЕАЛНА ПЛАТФОРМА, доколклу сакаат да иницираат сериозен политички дијалог што ќе води до компромисно решение. Во основата на таа платформа треба да стојат демократските вредности- без остаток. СДСМ треба да ги заборави придобивките со кои досега калкулирал и треба да оди на се или ништо. Да понуди решенија чие одбивање би ги извадило на чистина партиските интереси на владеачката партија, а не државните зад кои се крие. Оттаму СДСМ иако е надвор од Парламентот треба да предложи:


1. ЗАКОН ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ГЛАСАЊЕ. Граѓаните не само што имаат право, туку треба да имаат и обврска да излезат на гласање. Апстиненцијата да се казнува парично. Со зголемената излезност ќе се намалат недостатоците на избирачкиот список како и можноста за негова злоупотреба, некој да гласа во името на отсутните, а би се елиминирале и т.н мртви души.
На овој начин ВМРО ДПМНЕ би се ослободил од потребата да ги присилува своите да излезат на гласачките места, а СДСМ пак на некој начин ќе го надмине проблемот на апстиненција на своите гласачи.

2. ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО ПОДГОТОВКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПОПИС. Иако е ова сложен процес, тој е нужна општествена операција од чии резултати ќе зависат и демократските параметри врз кои натаму ќе се развива државата. Што се однесува до делот на изборите тој ќе има големо влијанеи врз утврдување на гласчакото тело, а од тоа ќе зависи и точноста на избирачкиот список. Просторот за манипулациии значително би се стеснил.

3. ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА КОНЕЧНО ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА. (АЛТЕРНАТИВНО 3). Изговорот дека Албанците би добиле еден или двајца пратеници повеќе , стана веќе ирелевантен. Но предноста со ваквата територијална поделба е во тоа што свое место во Паралемнтарниот дом би добиле помалите политички партии без да бидат товар на поголемиот коалициски партнер. Од истите причини и помалите етнички заедници би имале свој реален репрезент во Собранискиот дом без да бидат уценувани од поголемите.

4. Да се разгледа можноста за практична примена на ОТВОРЕНИ ИЗБИРАЧКИ ЛИСТИ. Ова е исто така позната материја која поголемите партии досега постојано ја одбивале.


Овие ставки всушност не се нешто ново. Тие како предлози постојано си го барале својот пат во демократската изборна историја на Македонија, но досега не успеале да си го најдата своето место. Најмногу поради одбивањето на двата партиски блока кои немале интерес за реална демократија туку повеќе си го гледале својот партиски интерес.


Овој пат СДСМ нема што да загуби. Таа мора да ги прифати сите позитивни предлози на кои досега се оглушувала и со таква платформа да се обиде да ги продобие сите други политички субјекти, не сметајќи го ВМРО ДПМНЕ. Ако тоа го постигне, значи дека создала нова општествена клима во јавноста за која ќе се дебатира. Тоа може да биде првата шанса да ја придобие и меѓународната заедница која е единствената сила што може да изврши надворешен притисок врз оваа власт да седне и да преговара со опозицијата за новите правила на игра во изборниот процес. Се друго е ќорсокак од кој опозицијата нема да може да излезе освен да се врати назад.

Љубиша Николовски - Асма

http://argumenti.mk/

4)

Шкариќ: СДСМ има простор за делување и странска помош е неопходна

објавено на: 30-04-2014

СДСМ има неколку опции за делување со најавата дека не сакаат да прифатат пратенички мандати од Собранието, како и тоа дека не поднесуваат приговори до ДИК, анализира за НОВА проф. Светомир Шкариќ.

Нивниот клучен аргумент според досегашните образложенија е СИСТЕМАТСКИ ГРАБЕЖ и тежок ФАЛСИФИКАТ низ целиот изборен процес, претходно, за време на изборите и по нив, заради кој и најавија НЕПРИЗНАВАЊЕ на изборите, вели проф. Шкариќ.

- Што се однесува до одбивањето на СДСМ да поднесе приговори до ДИК и образложението зошто одбиваат- дека претходно поднеле 170 претставки и ниту една не е прифатена или воопшто и не биле разгледани, е знак дека целиот изборен систем е блокиран одвнатре.

Токму заради тоа треба внимателно да се чита и соопштението на ОБСЕ, САД и ЕУ, кога говорат за диспропорционалности во поширокиот изборен систем и бараат реформи.


Интенцијата на меѓународната заедница е да помогне и им честитам. Тие диспропорционалности и неправилности кои ги детектираат странските фактори не може да ги отстрани власта и затоа е неопходна конструктивна соработка со опозицијата, за што говори и меѓународната заедница во нивното заедничко соопштение, и нивната помош е неопходна, објаснува проф. Шкариќ.


-Ваквата блокада на изборниот процес за која алармира опозицијата значи дека НЕМА ЛЕГИТИМИТЕТ САМИОТ ИЗБОРЕН ПРОЦЕС, затоа што не постои дух на слобода, рамноправност и еднаквост меѓу актерите во изборите, општеството и демократијата.


Тие примери дека не постои рамноправност, фер и демократски изборен процес се воочливи и самата ОБСЕ ги нотира, кога станува збор за ПРЕТОПУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА СО ПАРТИЈАТА или случајот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која требала да се повлече од својата министерска функција, затоа што во исто време беше носител на листа и активно учествуваше во кампањата. Кај нас страста за победа е посилна од се останато.

Затоа не случајно опозицијата бара помош однадвор, од странскиот фактор, затоа што е невозможно поинаку да се реши овој дисбаланс и нерамноправност а потребна им е помошта и да се сочува демократскиот дух.

Не е демократски дух ако едниот актер, како што е опозицијата, алармира дека нема праведност за граѓаните во изборите: има поткуп, дезинформации и манипулации и бара слободни и фер избори да имаат граѓаните.

Нивната најава дека нема да прифатат пратенички мандати значи дека воопшто нема ни да ги подигнат уверенијата за пратеници од ДИК, објаснува проф. Шкариќ.

-Доколку најавеа оставки на пратеничките места, значи дека земале уверенија од ДИК и подоцна, во Собранието ги поднеле оставките. Доколку воопшто пак не се појават во Собранието, верификационата комисија нема да може да се изјасни за нивните мандати.

Во случај на празнина на опозицијата во Собранието, сепак може да функционира самото Собрание, но потегот на СДСМ значи оспорување на легитимитетот на мнозинството кое добило на избори, но СДСМ јасно вели- во прашање е отсуство на слободни и фер избори.

Затоа што, легалитетот на мнозинството- добиле на избори не значи и легитимитет- затоа што тие избори не се признаваат како слободни и фер. Затоа е потребна дебата за демократскиот дух, за што говорат ОБСЕ, САД и ЕУ.

Смислата на изборите НЕЕ ВО ТОА ДА БИДАТ ЕФИКАСНИ , ТУКУ ДЕМОКРАТСКИ , ФЕР И СЛОБОДНИ. Легитимитетот е кршлив и чувствителен и се топи ако не се остварат ветувањата на власта дадени на изборите, вели проф. Шкариќ.

-СДСМ има различни опции за делување и да не ги земе мандатите. Прашањето за техничка влада која ја бара СДСМ не е предвидена во Уставот како институт. Таква одредба би требало да имаме, за разлика од, на пример, Бугарија, која има законско решение и таа влада се нарекува службеничка, кога администрацијата е регрутирана, односно технократските државни службеници, но тоа значи дека таа бирократија е со интегритет и непрострасност и функционира во случај кога постои непратизирана државна администрација, која кај нас ја нема, вели проф Шкариќ за НОВА.

http://novatv.mk/index.php?navig=12&writer=2&vest=13737




Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Предлози за излез од политичко –државно-институционалната криза    

Вратете се на почетокот Go down
 
Предлози за излез од политичко –државно-институционалната криза
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: МАКЕДОНИЈА-
Отиди до: