ФОРУМОТ Е НАШ
Збирка восфални песни за Грујо и ДПМНЕ 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Збирка восфални песни за Грујо и ДПМНЕ 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Збирка восфални песни за Грујо и ДПМНЕ

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Збирка восфални песни за Грујо и ДПМНЕ Empty
ПишувањеПредмет: Збирка восфални песни за Грујо и ДПМНЕ   Збирка восфални песни за Грујо и ДПМНЕ EmptyПет 19 Јун 2015, 1:37 am

Збирка восфални песни за Грујо и ДПМНЕ

1)

Абе Грујо, абре лудаци, абре криминалци, абре мафијаши…


27-03-2015

Абе Грујо, абре лудаци, абре криминалци, абре мафијаши… не треба да се плашите ниту од опозицијата, ниту од преостанатите слободни медиуми, ниту од ваквите ко мене што зборуваат и пишуваат, што се прават паметни по портали или по Фејсбуци… ама и тоа како треба да се плашите од илјадниците кои молчат и собираат јадови во се*е додека размислуваат како да преживеат, да го поминат денот, да го сврзат месецот, да платат сметки, да се справат со извршители…

Тие молчат и молчат, и патат, и се уште молчат… и слушаат како вие ја крадете државата, калапите милиони по сомнителни сметки на острови, како и земјата ја земате и не знаете за доста, и ништо не ве наситува… како ја закопувате правдата под бетонски плочи… како се изживувате и се смеете врз туѓите несреќи кои всушност вие ги создавате…

Повлечете се со време, бидејќи кога тие ќе престанат да молчат не би сакале да сте им на патот… тогаш нема да ве спасат ни сите телевизии, ни сите „експерти“, ниту вашите милиони…

Одете си, оставете ја државава, не ја силувајте повеќе! Доста е!

Јован Постолоски – Јофе

http://libertas.mk/абе-грујо-абре-лудаци-абре-криминалци/

2)

Добро бе, вие чукнати сте?!


03-12-2014

И на времето (пред 3-4 години) додека ја правев емисијата на А1, и после нејзиното затворање имаше глупави изјави и тези од власта со кои се објаснуваа или оправдуваа, ама ова што сега се случува ги има поминато апсолутно сите граници на нормалното, на здраворазумското

Од пред некој месец пишувам и за „Коза ностра“ и понекогаш имам сериозен проблем да направам пародија на изјавите на премиерот, министрите, владејачкото мнозинство, најнезависните експерти, најслободните медиуми… како да направиш пародија на нешто што самото по се*е е пародија?!

Еве, само два примери, ништо повеќе. Само два примери од кои човек подзастанува, размислува два пати и вика – Уат да фак?! Уат да факинг фак?! Не бе, сигурно јас сум грешка. Ама не, не си. Тоа е проблемот. Не си ти грешка… навистина го лупнале тоа, мртви сериозни.

Прв пример.

Поминаа месеци од слободните, демократски и слично избори… каде уште вечерта во 19 часот, пред да се знаат резултатите лидерот на опозијата, Заев, јасно и гласно кажа – не ги признаваме резултатите, не влегуваме во Собрание. И освен трите пратенички избрани од нивните редови, никој друг, веќе со месеци не влегол таму. Освен, нели, дента кога влегоа да ги поднесат своите оставки.

Е сега, бидејќи очигледно на власта не и е познато значењето на зборот оставка, еве линк до Дигиталниот речник на македонскиот јазик. „Оставка е напуштање на служба или функција по сопствена волја, обично во писмена форма“. Така пишува во речникот.

И што значи тоа?! Па… дека кога некој си поднесува оставка, тоа значи дека ја напушта службата или функцијата по сопствена волја. И толку. Крај. Не може да биде поедноставно од ова. Значи не може!

Некој ви поднесува оставка во писмена форма, вие го читате листот хартија, си викате – аха, овој си поднел оставка. И тоа е тоа. После тоа му ја прифаќате и завршена приказна.

Ама не… ако сте власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ (со коалициските партнери), нема да ја прифаќате оставката СО МЕСЕЦИ… во меѓувреме ќе им ги верификувате мандатите (и покрај тоа што јасно ви кажале дека си поднесуваат оставка, односно ја напуштаат функцијата), и ќе им пуштате плата…

Па откако ќе поминат неколку месеци ќе почнете да трубите и да се чудите – како било можно, некој со месеци да не доаѓа на работа, а да зема плата?!

Па тоа е целата поента… тој некој си поднел оставка и јасно (појасно да не може да биде) ви дал до знаење дека нема да доаѓа на работа бидејќи… погодете што… СИ ПОДНЕЛ ОСТАВКА!!!

Кој ве терал да му ја игнорирате оставката и да му го верификувате мандатот па да му пуштате плата?!

И за лудилото да биде поголемо, сега се формира комисија која ќе констатира колку пати пратеникот што СИ ПОДНЕЛ ОСТАВКА доаѓал, односно не доаѓал на работа.

Значи стварно не можам да сфатам и прифатам дека некој може да биде толку забеган… а истовремено да ја раководи државата…

Втор пример.

Неделникот Фокус објави скандалозни наводи и сомнежи за нелегално изработување пасоши во домашни услови. Има фотографии и видео снимка кои во малку така нормална држава, сериозно се разгледуваат од органите на прогонот и доколку се утврди дека истите се веродостојни, се покренува истрага по која некој, веројатно, треба да оди во затвор.

Ама не… овде тој што си ја има мувата на капата веднаш почнува да се правда и да се шегува со сознанијата. Замислете, МВР, чија работа е откривање и спречување на криминал, се правда… и смислува оправдувања, зошто тоа не би можело да биде точно. Самото по се*е ова говори многу… и ако стручно лице ги набљудува официјалните лица кои даваат изјави, веројатно ќе ни каже интересни работи.

Ама не ти треба стручно лице за да ти каже дека е луда изјавата (оправдувањето) зошто не би можеле да се прават фалсификувани пасоши во домашни услови.

Бидејќи машината за печатење на пасошите тежела осум тони и не можела да се смести во стан…

Па добро бе, вие чукнати сте?!

Кој е тој што прави фалсификат на било што (долари или евра, на пример) користејќи ја оригиналната машина?! Демек некој оди во Вашингтон или во Тексас каде се печатат американските долари, ја краде големата машина на која се печатат, ја носи во својот стан и почнува да штампа?! Па откако ќе исштампа едно сто илјади долари ја враќа од кај шо ја зел?!

Не, бре, лудаци, не!

Така функционираат сите нелегални операции… некаде во куќа или стан, со мала група на луѓе… и без оригинална машина… тоа е поентата, затоа се нарекуваат фалсификати… да беа со оригиналната машина ќе беа оригинали.

Освен ако не сакате да ни кажете нешто… да не упатите на што да се сомневаме?! Дека можеби некој ја злоупотребува оригиналната машина за да прави пасоши со изменети лични податоци (друга фотографија, на пример), за изборни или други цели?!

Стварно не знам што да кажам… ова се само два примери а ги има еден куп… кои секојдневно ни ја навредуваат интелигенцијата.

Не знам дали имате некој натпревар за тоа кој ќе каже поголема глупост и ќе му помине, ама стварно ги преминавте сите можни граници…

Срамота е бе, луѓе… вашите деца, внуци, еден ден ќе ги читаат интернет архивите, ќе ги гледаат видеата на Јутјуб, и ќе се срамат…

Јован Постолоски – Јофе

http://libertas.mk/добро-бе-вие-чукнати-сте/

3)

Угледен и чесен криминалец

Објавеново 24 март 2015

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција (значи јавно, не преку телефон) изјави дека министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески дозволил продажба на државно земјиште на атрактивна локација среде Скопје, кај зградата на „Автомакедонија“, за само 100 евра по метар квадратен. И, плус, приложи документи за јавното наддавање од 2012 година на кое се случила продажбата. Јанакиески се навредил, го тужи Шилегов и му бара 5.000 евра за да ги санира штетите му ги нанел на честа и угледот.

Сега, од оваа перспектива, министерот е целосно во право. Благодарение на „бомбите“ што ги објавува партијата на Шилегов, целата македонска јавност слушна како добриот глас на Јанакиески бара чаре - моторни пили, динамит - како да го сруши „Космос“, како да ги отвори црните вреќи со избирачки списоци, а тоа никој да не го забележи, како се заканува дека ќе брка од работа, дека ќе преместува згради, ќе исклучува лифтови, ќе му помага на премиерот како да ја парчосаат парцелата на Водно, што неговиот шеф ја начекал за џабалак... Значи, во светло на ваквите големи, мрачни злодела обвинението дека јавно продал градежно земјиште - кое можел тајно и бесплатно да го земе или да го даде, сеедно - навистина на Јанакиески му изгледало навредливо, недостојно за критериумите што владеат во криминалната фамилијата за тоа што е чест и углед, потценувачки за нивото и, особено, за неговиот формат (А4).


http://www.plusinfo.mk/vest/19638/ugleden-i-cesen-kriminalec

4)

Јоци: Прикаската за вмровците, кои уште како мали сонувале да живеат на Водно

март 16, 2015

За неупатените за денешната „бомба“, бидејќи урбанизмот знае да биде
многу чуден и нејасен, еве-јас ќе ви упростам.
Ќе почнеме од тоа дека улица Питу Гули каде лицето Н:Г, посакало да
гради згради во заштитен појас на парк-шумата, на ВМРО-ДПМНЕ не и’ е
судена („ОВОЈ“ Питу Гули, според Бети).
Тоа е онаа улица која поминува покрај американската резиденција и
потоа се дели угоре, кон падините н Водно, а другиот дел продолжува
кон маркетот во населбата.


Зошто не и е судена ? Бидејќи на оваа улица сакаше куќа да гради и
Љубчо, на Питу Гули број 7, новинарите (меѓу кои и јас) го откривме, тој
престана со градење, ја префрли куќата на оф шор фирма, глупаците во
Катастар фалсификува документи за да го исчистат, а потоа падна од
власт и во затвор отидоа пет-шест луѓе, сосе директорката.


Н.Г исто како него, повторно се вратил на „местото на злосторот“.
Овојпат малку погоре-над куќата на Панчев, каде е брдо (оттаму идејата
за потпорен ѕид, исечи брдото стави ѕид). И секако попаметен од
Љубчо, на кого куќата му се водеше на име на сестрата на жена му.
За потребите на новите станари улицата Питу Гули требало да се
продолжи нагоре (новопроектирана) и тоа се гледа јасно на скицата.


Проблемот било тоа што во Генералниот план на Скопје (ГУП) во тој
појас се водело зеленило, лозје, и тоа заштитено зеленило-онакво кое не
смее да се чепка. Секако, кога си власт, си правиш што сакаш.
Планот (ГУП) мора прво да се смени прво кај Коце (тој е нарачател), да
помине во Совет на Град Скопје, намената да се смени во „домување“, а
дури откако таму ќе се изгласа , може да се изработи детален
урбанистички план во Општина Центар. Генералниот план е повисок акт
од деталниот план.
Е сето тоа чини време, ко што вели Миле, 5-6 месеци, а во меѓувреме
власта се менува во оваа локална самоуправа и за Н.Г. тоа е вистински
проблем.



Вториот дел од прикаската е локацијата кај хотел „Панорама“, таму
може да се гради, но објектот во планот е со помала висина, а тоа значи
помалку пари. Оттаму притисокот за измена на планот во десеткатница

Ете тоа е накратко прикаската за вмровците, кои, уште како мали
сонувале да живеат на Водно.

Фејсбук статус на новинарката Јорданка Ивановска – Јоци

http://brif.mk/?p=179643

5)

Груевски е само зло, но злото не е само Груевски!

05 април 2015

Македонецот не е самоубиец кој си пресудува со истрел од својот револвер, тој ја нема таа дистанца на субјектот од инструментот или на инструментот од објектот, тој е тип кој во се*е го интегрира и пиштолот и к*ршумот и главата на тој што треба да биде убиен и тој што треба да го повлече чкрапалото! Македонецот е интегрален човек! Затоа е многу тешко да се спаси, зашто кога го спасуваш како жртва, ти, всушност, го спасуваш како самоубиец, додека ако го оставиш да се убие, ти ќе станеш новиот човек што ќе сака да се убие од мака!

Со внимание го прочитав интервјуто на господинот Лазаревиќ за порталот Репортер.мк. Ми се наметна клучот на оваа филозофија на саморазбирањето, наспроти кој луѓето, некои луѓе, уживаат во неверојатната левтерност на дневниот рефлекс! Моите забелешки допираат важни аспекти на самата природа на груевизмот, на декадентното скапување на режимот и на скицата на постгруевистичка Македонија што почна да се исцртува. И која ме загрижува! Еве ги во адаптирана и прилично симплифицирана, но, во основа, прецизна форма: „Во рамките на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ постојат многу храбри луѓе и нивното време допрва ќе дојде...“

Јас, пак, мислам дека станува збор за една неподносливо кукавичка формација, комплет, без исклучок, но тие морални квалификации и кај Лазаревиќ и кај мојата маленкост се помалку важни од мојот став кој вели дека комплетната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е во зоната на кривичната одговорност! Можно е дека некои од нив или, можеби, сите, никогаш не успеале да ја сфатат својата улога во разорувањето на политичките, правните, културните, моралните, финансиските, економските и меѓународните основи на Република Македонија, на нејзината историја и перспектива, но што со тоа!? Јас не верувам во таквите размери на бесвесноста и мислам дека ништо, дури и најголемата можна заблуденост, не може да ги ослободи од одговорноста.

Тие знаеле или биле должни да знаат дека се во служба на најодвратното злосторничко здружување во историјата на политиката, а фактот дека и денеска, по бомбите на Заев, ги нема со минимум пристојна реакција, покажува дека за нив нема олеснителни околности, најмалку, пак, би можело да се каже дека се храбри, не, тоа никако, не, тие се опасни злотвори. Треба да се надеваме дека нивното време е поминато, господине Лазаревиќ, нема ништо попоразително за македонските перспективи од тоа да се рече дека времето на операторите на смртта, на луѓето што и ги подготвуваа документите на смртта и за смртта на Македонија, допрва ќе дојде! Се ежам!

„Има луѓе ( членови на партијата, пратеници, м.з.) кои немаат ама баш никаква врска со овој криминал што го обелоденува опозицијата, и кои се поставени во исклучително деликатна положба. Не само тие, туку и нивните семејства се мета овие недели...“

За малку ќе се расплачев над нивната судбина, господине Лазаревиќ! Да не треба да ги згрижиме! Знам едно убаво место, Бад Тацмансдорф, така се вика, можеби, најпознатата бања во Бургерланд! Сосе семејства, јасно!?
Во одредена смисла, се разбира, тие немаат врска со криминалот. Не верувам дека меѓу нив има некој што лапал латифундии по Водно за џабџабе, а за „донациите“ од Израел е очигледно дека се тотално невини. Но, тие се одговорни за системот, за амбиентот, за контекстот, за правната рамка на криминалот, за политичкиот сервис на криминалот, за квазипарламентарната логистика на криминалот!
Моето становиште е дека нема невин човек во Македонија, сите сме виновни, некој повеќе некој помалку, сите членови на вмро-дпмне се на специјален начин одговорни, но тие што самите се*е се изнајмувале да бидат нормативни, административни, парламентарни паравани зад кои злосторничката банда ќе ја черечи Македонија и нејзините два милиона луѓе како печена кокошка, не смеат да се допуштат во зоната на сожалувањата затоа што, господине Лазаревиќ, така ќе си дозволиме да си играме со жртвите на нивното недело, со илјадниците, со милионите жртви, со неподносливите нематеријални жртви, дали се разбираме! Таквиот однос кон злотворите не е само прашање на правдата, туку е и прашање на перспективите, зашто без адекватен однос кон злото општеството не може да оди напред, независно дали ќе и се предаде на некоја амстердамска или ротердамска, можеби, новоселска или што јас знам каква не, тројка!.

„Сите ние заедно кои ја сакаме Македонија, кои сме на еден или друг начин поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја раководиме и радикално ќе ја реформираме партијата со цел да ја вратиме кон нејзините темелни вредности, да ја обесрамиме пред граѓаните, да разговараме со опозицијата, и да ги поставиме уставните вредности во преден план. (...)“

Гледајте, јас бев спремен да го толкувам ова редење како обид да се портретира македонската шупливост, но отпосле сфатив дека тоа фразерство и не е така празно! Прво, не можете таа злосторничка организација радикално да ја реформирате и истовремено да ја вратите кон нејзините темелни вредности! Таа е сега поставена врз темелните вредности кон кои ја врати Груевски веднаш по соборувањето на Георгиевски. Се сеќавате, не!? Ние, нашата драма, нашиот очај, нашите црнила, се последица на темелните вредности на вмро.

Второ, тие темелни вредности се во директна спротивност со уставните вредности, катастрофата е, пак ќе повторам, последица на тој жесток и непомирлив судир! Тоа чудовиште не може да се обесрами затоа што тоа како такво не е ниту посрамено, тоа си е успешно во својата мисија, ние сме тие што сме посрамени! Јас навистина не ги разбирам интелектуалците кои не се во состојба да сфатат дека не е можно да постои демократски систем и да постои вмро, или постои едното или постои другото, ако имате свети букви тогаш другото парче од демократскиот амбиент по дефиниција се помалку свети, односно темни букви што треба да се демонтираат.

Така делува Внатрешната македонска револуционерна организација за македонско национално единство, за национално единство во неа, против сè внатре и против светот, без барабите, по дефиниција, тоа е ова што го живееме! Со други зборови, радикалната реформа ќе го уништи вмро, па се поставува прашањето зошто воопшто ќе реформирате нешто што со таа реформа ќе исчезне, нели ви е попаметно да почнете со нешто ново!

„Нас нè обединува иста цел - барањето политичка одговорност од Никола Груевски за срамот што секојдневно и го нанесува на Македонија, за бескрајниот срам што го нанесува на ВМРО-ДПМНЕ, и за положбата во која ги поставува граѓаните на оваа земја. Ова посебно го говорам за луѓето кои биле и сè уште се заведени дека Никола Груевски...!“

Персонификацијата на одговорноста ќе биде нужна работа во рамките на политичките, културните и кривичноправните расправи со злото, но тие расправи во старт ќе бидат обесмислени ако целата историска негација ја сведеме на Никола Груевски! Тој е само номинален шеф на Злосторничката банда кој не би можел да ограби ниту едно чејнчбиро да не му е историската, идејната, политичката и секаква друга основа и логистика на вмро! Да не е многу згоден во нозете или во носот, во јазикот, да нема прочитано повеќе од некои менија по кафеаните, да не е харизматичен! И, второ, тука не станува збор само за осрамотување, макар што, се согласувам, осрамотувањето е страшно, туку за нешто повеќе, за тежок криминал оформен во цел еден злосторнички потфат!

Многу е важно да се расчистат овие работи ако сакаме да градиме здраво општество. Тоа е основата на културната револуција и на катарзичниот процес! Нивоата на одговорностите, се разбира, се различни, и последиците што секој треба да ги почувствува и понесе треба да бидат различни, но не смееме да дозволиме прашањето за одговорноста на фактичко и на симболичко ниво да го сведеме само на еден човек и на неговата четиричлена фамилијарна банда.

Јас знам дека во излагањето на Лазаревиќ има практични моменти кои се насочени кон преземањето на партијата и кон соборувањето на Груевски, но тоа се основи кои гарантираат траен карактер на нашата агонија! Еве и некои други аспекти, кои на сличен начин говорат за нашата драма:

Статусот на полицаецот во Република Македонија полека се лизга и се објективизира во платеник, а во државата што исчезнува, односно на територијата под контрола на една фамилија и на еден партиски апарат, полицијата се трансформира во милиција на ВМРО-ДПМНЕ! Тоа што таму има добри луѓе, тоа што некои од нив се веројатно многу добри, тоа се аспекти кои за објективноста на нивната позиција не се важни или ако некој баш инсистира да ги посматраме како важни, ние од нив и нивната ситуација ќе извлечеме само негативни корелации!

Така е и со вработените во Македонската радио и телевизија: тие не се јавен сервис независно од своите впечатоци за мисијата на фирмата во која работат, или на мотивите и идеите што ги споделуваат, не, тие се во служба на Злосторничкото здружување, тие се медиумска логистика на тоа здружување, кое, пак, не се занимава со „нормални“ криминалии, туку „нормалните“ криминали ги користи како платформа за разградување на едно општество, на една култура и на една држава!
„Бетон“, да речеме, или разноразните „Бауери“ и „Жиколи“ полека го оформуваат својот статус кој ќе почне да личи на статусот на „Круп“ под нацистите.

Сите тие фирми остваруваат профити од нашата супстанца, од зделки што им ги приредува Злосторничкото здружување на власта, спротивно на моралните норми и на добрите деловни обичаи, при што нивната социјална и економско-финансиска позиција не може да биде прифатлива како објаснување и оправдување, зашто со такви одговори сите ние би можеле да почнеме да се занимаваме со трговија со наркотици, со бели робје, со оружје или со некој друг вид криминал, со активности кои во сите кривични закони и меѓународни конвенции се рангираат далеку под криминалот во кој се, или би можеле да бидат, тие како економско-финансиските партнери на власта!

Вработените во владините служби исто така знаат, или би можеле да знаат, дека се на работа кај најголемото злосторничко здружување во историјата на Македонија. Бомбите на Заев можеби можат да се гледаат и како мексиканска серија, но јас препорачувам да се комбинираат со медитации во кои луѓето ќе допрат до сопствените одговорности!

http://www.plusinfo.mk/mislenje/408/gruevski-e-samo-zlo-no-zloto-ne-e-samo-gruevski

6)

Државна тајна или до гуша во лајна?

05 април 2015

Во очај човек прави големи глупости. Такви се и последните реакции на премиерот Никола Груевски на „бомбите“ на Заев, кои се сведуваат на две нови обвинувања – едното глупаво, а другото опасно за безбедноста на Република македонија.

Според првото, со откривањето на зделката со Израелците, со објавените аудио-снимки во кои јасно и недвосмислено се зборува за провизија и кои тешко ќе можат да се оправдаат со приказната за некакаква „донација“, згора исплатена во кеш и тоа прeку странски банки, Заев наводно оддал државна тајна. Настрана тоа што откривањето факти за криминал не може да биде државна тајна. Многу други нелогичности ја оспоруваат оваа смешна теза.

Како може државна тајна да оддаде некој што не му е доверена на чување? Како тој воопшто може да знае дали некоја информација е државна тајна или не е? Зошто донација од странска земја, за било кого, би била државна тајна? Зошто „тајната“ набавка за специјалната полиција ја организира директорот на УБК, Сашо Мијалков, кога со специјалците командува Бирото за јавна безбедност, под контрола на МВР? Дали судијката Светлана Костова имала безбедносен сертификат за да ја чува „државната тајна“ што ја „оддал“ Заев?

Второто обвинување е многу посериозно, но не за Заев, туку за Груевски – лидерот на СДСМ наводно загрозил некакви тајни безбедносни аранжмани меѓу Македонија и Израел. Во муслинскиот свет, Израел се смета за држава непријател. Македонија е мултирелигиско општество, во кое муслиманите сочинуваат значаен дел од населението. Умно ли е владата да склучува безбедносни аранжмани со Израел од било каков вид, без една поширока јавна дебата за значењето на тие договори и за позитивните, но и за можните негативни последици за безбедноста на земјата?

Децава од Илинденска бб се спремни на се и при тоа опасно го губат компасот. Фатална комбинација!

http://www.plusinfo.mk/mislenje/411/-drzavna-tajna-ili-do-gusha-vo-lajna

7)

Психологијата на драгиот водач

08 мај 2015

Какви луѓе владеат со нас? Дали сте се посомневале колку тие луѓе се здрави и нормални и дали треба да им се верува? Во што е нивната особеност и дали е потребно понекогаш да стравуваме од нивните судбоносни одлуки? До каде води нивната тврдоглавост и дали се во состојба да се повлечат од власта кога е созреана ситуацијата за оставка? Идејите владеат со масите но со масите не се владее само со помош на идејите. За да се комплетира таквата алхемија потребно е да се додаде извесна категорија на луѓе водачи, вождови, како Милошевиќ,Груевски, Вучиќ, Орбан..односно владетели кои визиите што произлегле од неколку глави ги преобразуваат во заедничка опсесија на сите нивни поклоници. Водачите се луѓе кои произлегуваат од толпата и заеднички ја делеле идејата која ги покренувала. Милошевиќ беше поранешен админостративен апаратчик на СКЈ,Груевски беше дел од младината на ВМРО/ДПМНЕ а Вучиќ на радикалите на Шешељ. Со текот на времето тие станаа похипнотизирани од останатото членство, дури и “посвесни и повозрасни” и од
класиците и од основачите на партијата. Меѓу нив пронаоѓаме поранешни младинци, навивачи, боксери, фудбалери, глумци, музичари, фанови на фолк или рок музика. Во младоста, кога сеуште биле дел од толпата, идните вождови биле хипнотизирани од некоја националистичка, социјална или религиозна идеја, а подоцна прераснале во нејзини најголеми апостоли.

Во занесот на сопствениот апсолутизам, лидерот станува, што би рекол Груевски толку “одлепен” што смета дека сите останати што размислуваат поинаку се голем зулум, заблуда или празноверие. Овие современи месии занесени со сопствената мисија, стануваат суштества од посе*ен психолошки тип. Тие се склони кон застранување, кон анормални манифестации бидејки загубиле контакт со реалниот свет, со некогашните вредности, со тешкиот живот, малата заработка или старите пријателства. Веројатно не знаат колку чини едно кафе или килограм леб. За жал најголемиот број водачи со авторитарна и тоталитарна свест се регрутирани меѓу невротичарите, заклучува Серж Московици. Тие се жртви на екситацијата, тие се полуумноболни а нивната ментална состојба е на гранците на лудилото.


Секое рационално расудување е немоќно и се топи пред аргументите на нивното поимање на реалноста и вистината, независно од апсурдноста на идејата која ја застапуваат или фикс-идејата на нивната цел. Доколу почуствуваат дека ги презират или ги прогонуваат тоа уште повеке им ја јакне нивната страста и суетата. Агресивноста на Груевски, Вучиќ или Орбан ја чуствуваат сите критички настроени новинари и интелектуалци. Во занесот и интересот на нивната власт и големина, тие се спремни да жртвуваат се: од поранешни сојузници и пријатели до роднини и семејства.

На тој начин, сликите за овие налудничави луѓе за нивната верба во идејата постепено се заокружува, пишува Ле Бон. Ништо неможе да го наруши нивниот апсолутистички ореол. Ниту алиенацијата, ниту тенеденција на самопреставувањето како маченик, ниту догматското убедување, ниту страсната цврстина на волјата. Тие се концентратот на толпата. Доколку проценат ке ја викнат и толпата на помош како што повеке пати ја направија овие популисти за да покажат дека со својата моќ, авторитет, уцени и пари, можат да мобилизираат многу повеке луѓе отколку опозицијата. Меѓутоа тие се разликуваат од толпата и со својата неспоредлива енергија, упорност, цврстина и решителни настапи. Нивната упорност нема граници. Тие се склони да одат до крај, што според водечките психолози би можело да биде еден од знаците на нивното лудило.

Здравиот и нормален човек повеке би се определил за компромис заради личното чуство на самоодржување или спасот на најблиските отколку за еднодимензионална тврдоглавост .Тие се бескомпромисни а компромисот го изедначуваат со коленичење. Доколку отстапат од неможната мисија, ке значи дека го признале поразот пред реалност која објктивно е појака од нив..Тие се обдарени со голема истрајност, монотоно повтпорување на фрази, со истиот речник и дикција. Впрочем дали од неколкуте настапи на Груевски може да се направи некоја голема разлика во ”високоумната” содржината на неговите пораки. Тој повторува а неговите, папагалски го следат во хор: креирани снимки, странски центри, рушење на безбедносниот систем на Македонија, издајници..

На водачот му е потребан итрина и верба во идејата дури и кога е свесен дека претерал или е во губитна комбинација.На последниот конгрес на ДПМНЕ за да покаже конструктивност тој “мудро”и понуди на опозицијата пет стратешки точки на соработка, кои во суштина се вообичаени домени на секој партиски документ на било која партија во РМ. Но затоа , одговорноста за содржините на “бомбите” на Заев, наместо кај се*е уште помудро, одговорноста ја бара меѓу “изморените” соработници на партијата.

Голем број соработници, како што се слуша од “креираните” снимки се сомневаат во налудничавите идеји и не се најсигурни во ирационалните наредби и потези на вождот. Загрижени да не претераат во сопствениот скептицизам тие одржуваат одредена дистанца кон неговата одлепеност свесни дека казната на лидерот може да биде уште подрастична. Во времето на Сталин, доколку некој од неговите ке се посомневаше во генијалноста на Коба, завршуваше во гулаг или пред стрелачкиот вод на егзекуторите. Во Македонија во времето на Груевски тој завршува во Идризово, понижен заедно со семејството со нови креирани афери и заштитени сведоци и со целосно финансиско уништување. Затоа со водачот нема шега и неговиот пат ке се следи слепо до најдлабоката провалија. Патем тој делува сигурно како некој занесен марабу. Кај него несигурноста е одстранета исто како и дистанцата.Недоволната страст кон нормалниот живот е неговата најголема смртоносна слабост и злокобен луксуз. Неговата идеја не е само инструмент на болните амбиции со кои се служи во сопствените параноични проекти. Неговото убедување, е безпоговрно и смета дека е наметнато од судбината, своевидна наредбата на Историјата или декрет на Господ. Тој веке живее во филмот дека после Александар Македонски е најголемата историска личност на Македонија. Личната инспирација на сето што тој чини е историското самовеличење но и сопственото богатење. По секоја цена настојува да обезбеди триумф на неговите идеји околу нацијата, доктрината или религија за да го продолжи сопственото владеење.Тој е убеден дека во тој миг е незаменлив и единствен а дека сите претходни историјски личности на Македонија биле бледи и бесмислени индивидуи кои ништо не направиле за државата. Останатите лугје од првиот до последнипот му се потчинети а со чинот на покорувањето тие само ја вршат нивната должност како додатни елементи на машинеријата.

На секој таков воджд иманентен му е секташкиот фанатизам и затоа се однесува како фанатик. Неговата непоколеблива верба во сопствениот его ја распалува и неограничената верба на останатите.Тие велат “..нашиот Никола знае каде оди..затоа и ние го следиме бидејки тој знае каде не води...”

Во амбициите кои никогаш не му недостасуваат , во неговиот цврст ентузијазам и болно властољубие да остане вечно на чело на државата , се открива смислата на неговата тиранска мисија. Тој ја извршува исто како што хипнотизираниот човек ги повторува зборовите кои му се сугериураат:.. Зад мене е народот, јас победив на избори, народот ми ја даде довербата.. не ви ја давам власта.! Независно што изборите биле фалсификувани и што опозицијата бара само создавање демократски амбиент за нови ибори. Не го запира никаква пречка, ниту надворешна ниту внатрешна, како да го турка некоја апстракна волја. Ниту пораките од Брисел и Бон, Вашингтон и Лондон не допираат до неговото властољубие. Кај него секоја мисла е истовремено и задна мисла.

Тој не е имун и за задкулисните игри и комбинаторики. Всушност тој е вистински мајстор во овој вид дејствување. Подготвен е на дискретни компромиси и итрини на владеењето со помоќните но и измачување, осветољубивост и подбивање со послабите. Неговатра најголема итрина е во тоа што работи она што зборува а задните мисли му се оние со кои истапува. На почетокот во 2006 сите го потценивме “наивниот, искрен и совесен“ говор на младиот ДПМНЕ-овски менаџер. Но набргу вистината го разоткри неговиот деспотски лик. Тој оди до крај по патот низ кој тргнал. Многумина се посомневаа дека ке биде екстремен, бидејки не го оцениле како толку неразумен колку што докажа. Дали е тој свесен за сопствената слабост? Никако! Единствено кога луѓето, гласачите, членството ке сватат каква грешка направиле со чинот што му се покориле или го подржувале, обично е доцна. Барем на тоа не научи историјата.

http://www.plusinfo.mk/mislenje/506/psihologijata-na-dragiot-vodac

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Збирка восфални песни за Грујо и ДПМНЕ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Збирка восфални песни за Грујо и ДПМНЕ   Збирка восфални песни за Грујо и ДПМНЕ EmptyПет 19 Јун 2015, 1:39 am


8)

Така млади, а толку КАТИЛИ


17-04-2015

Уште на старт да повторам нешто што сум рекол, бомбиве за мене се ВИСТИНАТА за една аздисана власт,и ич немам дилема дека граѓаните треба да ги слушнат. Мора да имаат престава какви луѓе ги водат, и кога ги имате така инфлагранти како што ги добил Заев, злосторство кон своите грагани би било да молчиш, да си свиркаш и да не ги обзнаниш. Не зборувам само за оваа, најискрено мислам дека за секоја власт, вакви работи ако ги знаеш, а не ги кажеш, си ПРЕДАВНИК на својот народ.

На тие што ги снимале, законски било или не, секоја чест. Народот мора да знае, сопствената кожичка, на тој што добил задача и ги снимал мора да биде во втор план.

Туку, овие бомбиве, колку и јавно изофираните наши ВИП персони да глумат, да ги игнорираат, да се правдаат дека биле лепени, долепувани со селотејп, чинам употребуваат и збор креирани, е истите тие треба да бидат БЛАГОДАРНИ. Да да,сериозно мислам дека откако ќе им помине лутината што се разголени, ќе дојде ден, ќе си се испрашаат самите се*еси, што е тоа во нив што ги направило од луѓе НЕЛУЃЕ. Старите велат,дај му на човек власт ако сакаш да видиш каков е.

Ова совршено се поклопува со јунаците на оваа моја колумна, почитуваните Гоци, Мартинче и Миленце. Шефот нивни не е ич млад, а за мене е и апсолвирано дека е невиден ЛИЦЕМЕР и манипулант. Него секогаш го доживувам ко лукративно типче зависно од дрпање, како што е алкохоличар по ракијата. За него толку, деновите и месеците што идат ке покажат што си сместил да му се случува, приватно мислам, како политичар кариерата му е ептен капут.

Овие тројцава негови верни слуги,од бомбиве кога ги слушам, само подштукнувам и да бидам искрен се прашувам: А зошто овие деца толку млади, а толку КАТИЛИ.

Верувајте на секоја серија бомби јас веќе имам трема пак Гоци да не биде. Ама ништо, она брате барабар со другарчињата две ,абе у секоја МАНЏА, они главни кувари.

Ги слушам и се чудам, оваа вика „Абе сега е момент да ги СОТРЕМЕ“,другиот вика „Че им ЕБЕМЕ МАМАТА, цел град пишти“,третиот мртов ладен порачува на тој и тој да му кажат да слуша оти ке завршел во ЕНДЕК.


Искрено,без цинизам, греота, во забеганоста се испоганиле, а штотуку го чекорат животот. Пријатели со кои баш за тоа отворивме муабет ми велат: „Па Грујо така ги тера, лојални му се, нареџење-извршење“.
Ааа не, тоа не ми е прифатливо. Грујо може да биде виновен само за се*е, не им ставил пиштол на слепоочница, не им ја залепил устата со фластер да му речат наместо што му се не ИЗВОЛТЕ 24/7: „Не шефе, ја такви работи не правам“.


Ја за Гоци си мислев дека е, нека ми прости, во министерството ради реда, шутарка да повторува: „Се е согласно уставот и законите“, ама од ова што слушаме, она ти била ЛОШОТИЛОК и тоа од оние со црн појас први дан.

За Миленце, дека од што има трема несигурно и оди, за давање изјави ич муабет неправам, ама и он ти бил онака како што викаат во негов Прилеп СПЕЦИЈАЛКА за се.

Е, Мартинчо е нешто друго. Него го знам од комшилук уште од детенце кога мајка му за да јаде трчаше по него со гевречето по Партизанска. Он ми стана јасен уште првите месеци кога се сместија на Илинденска број 2 дека Македонија го доби, нека ми прости, ама својот ГЕБЕЛС. Така и сега мислам. Не за ендекот,не за заканите,едноставно мислам дека дечкото кој несомнено е исклучително интелегентен е опседнат со МАЈН КАМПФ.

И сега размислувајки за оваа тројка, разбирам фрустрации, разбирам зелени кои добиле неограничена моќ, ама пак не можам да сфатам од каде го црпеле тој ЛОШОТИЛУК.

И уште нешто ме збунува кај нив, ај овие постариве премачкани со сите бои и мастрафи, како не им е глупо, не се срамат, да се појавуваат во кабинетите. Ја да сум им родител, најискрено, ако треба ќе се степам ама нема да ги пуштам од врата да излезат, оти нивниот срам е и мој, како родител.

Е затоа, наместо Гоци и Миленце, што како папагали, лентите биле искреирани, намонтирани, танторат во камери, треба да му бидат благодарни на тој што снимал и тој што ги пушта да си слушнат сами дека забегале. За нив е подобро вака, да сфатат дека едноставно не се човек да им даде власт и моќ, оти брате, се КАТИЛИ у душа. Ќе си ја носат љагата, Мартинчо за ендекот, Гоци за сотрувањето а на Миленце ќе му биде страв да се појави во градот кај што се родил и израснал оти правел таму да ПИШТАТ од него. Одговорноста, и политичка и правна, жалам, ама ќе мора да понесат. Тоа е најмалку што мора да ги стаса како отплата за се што правеле. Но таа ќе помине, ама лузната и жигот дека биле КАТИЛИ, е тоа и на нивните потомци ќе им го остават во наследство. За поука за другите, така млади и зелени да не се фаќаат на ОРО со превеани типчиња. Знаат тие подобро на кој мислам,

п.с.

Екс војводо, какво става сос теб?

Љубчо ми е пријател, ќе му искоментирав и во очи, ама еве и јавно. Како бе војводо мислиш да направиме, пу, пу, не се важи, било што било, кој крадел, кој манипулирал да заборавиме, да се помиреле Грујо и Зајко и јово на ново. Ааа не, батали војводо стари удбашки структури, батали вината била 50 за едни, 50 за други. И згора на се тоа, финансиското, демек крадењето било во втор план, прво да сме ја спаселе државата со меѓусебна амнестија.

Ме заболе и за ВМРО ДПМНЕ и за СДСМ, и кој ќе бил уапсен ако не се помиреле. Епа војводо, 90 посто од народот одамна нема иднина во оваа држава, меѓу другите и ти си еден од нив што им ја украде… А ти ДА, ти имаш сега што да изгубиш. Ти си инвеститор, градиш хотели. Баш ми е криво што на 5 тендери те откачиле и ти дале само хотел во барок крај Вардар. Убаво што како што рече на тв, комшија ќе ти бил некој Швајцарец, и он ќе градел хотел. Не е лошо тој швајцарецот да провериш, од кај знаеш да не е некој наш можеби политичар кој како те*е од политиката се нафатирал, па и он е инеститор за хотели како те*е.

И уште нешто, никогаш како на тв Анализата на која ја обзнани твојата фамозна смирка со амнестија, Љубчо не ми бил толку несигурен, конфузен, нервозен…. Едноставно јас од Љубчо очекувам да слушнам најрадикални и можеби неприфатливи за мене во тој момент работи, но шу знам, ме јаде јанза дека некогашниот војвода беше во улога на пренесувач на порака. Дали е така и од кого е, знае само тој, ние можеме само да погодуваме.

Ацо Кабранов

http://libertas.mk/така-млади-а-толку-катили/

9)

Како го убија и срамот во нас!

06.03.2014

авноста на социјалните мрежи беше вџашена од кумановскиот палјачо кој изведе срамна претстава на конвенцијата на ДПМНЕ. Реакцијата беше бурна, бидејќи многумина се почуствуваа посрамени. Но, дали ние доволно и чесно се справуваме со срамот? Мојот кус одговор е: НЕ!

Срамот повеќе не постои! Таа емоција која ни сугерира чувство на мачнина, или чувство на недостојност пред последиците од некоја наша изјава или акција, нешто што ќе нè натера да ја наведнеме главата, да го спуштиме погледот, да се почувствуваме мали и бедни - како да исчезнала.

Не поминува ден без некој владин политичар, бизнисмен, актер или новинар, државен службеник, да биде фатен во лага, јавно да се избламира, да навреди некого, и притоа ништо да не се случи. Сè останува исто, ниту некој се покајува, ниту нуди оставка, ниту се повлекува, а најмалку од сè, некој се извинува. Како чувството на срам воопшто да не ги допира, како повеќе да нема сила да ги натера на некаков помирувачки гест.

Знаеме од Јапонците, дека имало случаи поради неколкуминутно доцнење на возот, машиновозачот да си го одземе животот од срам. Се разбира, станува збор за екстремен гест. Но, колку што таквиот гест е претеран, совршено е симетричен со отсуството на срам кое надвладува во македонското општество.

Се прашувам: зошто оваа толку силна и витална емоција, есенцијална и во исто време ужасна, зошто овој чувар на нашето достоинство, инструмент на самозаштита, се изгубил/а? Денес срамот, а уште повеќе скромноста, не се веќе кочница за еден празен и неодговорен егзибиционизам, ниту од страна на обичниот граѓанин, а уште помалку од страна на претставниците на власта. Смртта на срамот кореспондира со идеологизацијата на баналното, лажното, безначајното, а ние од тоа имаме и премногу. Денес погледот на повеќето воопшто не е насочен кон морални или интелектуални личности, кон извори на доблест, туку кон медиокритетите кои се насекаде околу нас, кои ни ги контролираат и ни ги моделираат животите и, конечно, нè прават и самите обични и анонимни.

Срамот, според психолозите, е емоција која суштински е социјална и зависи од меѓучовечките односи. Срам се чувствува пред одредена публика, пред некој што нè гледа, нè суди, но, во исто време, срамот е емоција која е многу селективна, односно, нè допира само доколку имаме диспозиција да нè допре. Пример, ако ве фатат како возите пребрзо, за некои тоа е причина за засрамување, за некои само досада и губење време. Се разбира, чувството на срам зависи од вредностите и од судот кој општеството ги наменува за одредени човечки прекршоци. Ако нашето општество не ги смета проневерата и криминалот, приватната злоупотреба на јавни добра и позиции, клиентелизмот, заканите и навредите, како несоодветни и аморални поведенија, тогаш е јасно дека индивидуата судирајќи се со нив многу тешко ќе почувствува срам.

Што ова значи? Па значи дека главните институции кои ја формираат индивидуата околу општествените норми и однесување, односно, училиштето, црквата, партиите - се комплетно во криза! Повеќе од тоа, во општество како нашето, сите институции се покриени, освоени, доминирани од владејачката партија, која не е во криза, но која преку своето самоволие и хегемонија го доведе општеството во тотална криза. Видете, власта или режимот е тој кој пишува учебници, ни кажува што да читаме, каква телевизија да гледаме, ги контролира црквата, синдикатите, сите морални институции се под нејзин диктат. Власта ја има киднапирано нашата култура, ја ревидира како сака нашата историја и идентитет, има монопол врз јавниот простор, дури го контролира, дефинира и го диктира хуморот во нашето општество. Што значи, ние немаме ниту една друга општествено-морална институција освен режимот, а режимот не знае за срам.

Ќе направам една историска екск*рзија, за подобро да разбереме што е изгубено. Секое општество елаборира модели на однесување и вредносни системи. Ирскиот научник Ерик Додс, употребувајќи ја етиката како клучна и дистинктивна човечка категорија, издвојува две главни антрополошки форми по кои западната култура го развива општеството: „општество или култура на срамот“ и „општество или култура на вината“.

Во „општеството на срамот“ правилата на однесување, особено на лидерот, херојот, политичарот на таа епоха, се стекнуваат преку „интериоризација“ на гласот на народот, кој ја препознава доблеста или ја осудува акцијата на лидерот. Јавната улога и однесување на античкиот човек се формира преку неговото поимање на срамот, на судот на останатите, а не само преку неговата самоперцепција за се*е. За човекот во времето на Хомер, најголемата морална сила не е Бог, туку почитувањето на јавното мислење и суд. Така, срамот има двоен аспект: психолошки – губење на самодоверба, и општествен – маргинализација и осуда од заедницата.

Во модерноста, во „општеството на вината“, санкцијата за нечија репутација се формира на два начини: или преку божја осуда или преку осуда базирана врз закони и позитивни норми. Тука триумфира стравот од казната. Дополнително, повеќе од јавната осуда, во „културата на вината“ во личната и индивидуална свест се поставуваат вредностите или изборот на нашето поведение. Што значи, човек стравува пред сè од репресивните механизми во општеството, а не толку многу од моралните.

Но, што се случува кај нас на политичко-општествен план? Во ова општество на безбожници или на самодекларирани верници, власта има комплетна контрола врз „вината“. Сите репресивни и институционални инструменти се во нејзини раце. Од догматски или идеолошки побуди, како и од авторитарни, нашата власт не го контролира само чувството или системот на вина, најчесто крајно селективно и арбитрарно туку, што е најстрашно, го контролира и го моделира значењето на моралот и значењето на срамот.

Наспроти културата на срам и вина, Груевски создаде општество на комплетно отсуство на срамот и вината. Ќе почнам од последново. Во Македонија не постои вина, постои право на злоупотреба, сè додека се однесуваш како што диктира режимот или како што тој ти наложува. Вината е наменета за оние кои се надвор од системот на власта, за опозицијата, за слободните новинари, интелектуалци, политичари, за невладините кои не одговараат пред Груевски, итн. итн. Односно, законски, уставно, правно, културата на вина е комплетно монополизирана.

Истото се случува на морален план, или од аспект на срамот. Почитувај ги логиките на режимот, следи го нивниот пример, и никој или речиси никој нема да те суди; напротив, секој ќе ти обезбеди оправдување или алиби за твоето неморално поведение. Гледате, двата аспекти се испреплетуваат и затоа е многу важно за власта да има контрола над истите. Криминалот на кој секојдневно сме сведоци од страна на власта како да не постои, а потоа не постои ни срам од истиот. Но не е само криминалот во прашање. Дрскоста, ароганцијата, саможивоста, навредите и заплашувањата, ниту едно срамно поведение кај нас не добива должна осуда, токму зашто сме општество на суспендирана или на арбитрарна вина и срам. Затоа велам дека режимот на Груевски не го уби само законот, туку го уби и срамот во нас.

Оттука, ние денес сме општество каде сите имаат храброст бесрамно да го предизвикуваат моралот, но никој ја нема храброста да ја предизвика бесрамната реалност.

Жално е што во едно авторитарно општество какво што е нашето културата на срамот не преживеала. Само тоа денес ни останува. Транспарентноста и културата на срамот се речиси единственото оружје против препотентноста на режимот, кој дефинитивно го корумпираше целото наше општество, како и фундаменталниот поим и суштина на државата. Сведоци сме на отсуство на срам од физиономијата на владејачката номенклатура и пред најгнасните постапки, најниските навреди, најкриминалните одлуки. Дури ни пред прашања кои им се јасни на сите, евидентни и докажани, ние не гледаме засрамување и одговорност, туку гледаме само една арогантна егзалтација на маските од лицата на власта, како и тие самите да се излеани од бронза.

Срамот во македонското општество е претворен во табу. Постои само срам од наметнат срам, срам од тоа да се биде оставен на страна, неуспешен во едно суштински неуспешно општество, никој и ништо. Нема срам од конформизмот, само срам доколку нашиот прорежимски егзибиционизам не е доволно убедлив. Нашиот срам денес е срам без морал и вредности, тој не постои сè додека имаме оправдување дека нешто правиме, дека сите така прават, дека мораме да слушаме, да се адаптираме. Никој не се прашува што не треба да правиме, туку сите се прашуваат што да направам за нешто да добијам!? Ако треба егзибиционизам, добро, ако треба да бидам нем набљудувач, исто добро, ако треба да бидам воајер, тогаш и тоа ќе бидам. Робови сме на еден срамен спектакл кој го избриша чувството на срам. Во форма на политичка моќ, Груевски е инкарнација на таа екстремна безначајност, на која толку лесно ѝсе потчинивме.

Нашата бесрамност или нашиот аморален срам денеска не е врзан за никакви норми; напротив, врзан е за нивното отсуство. На нивно место постојат само авторитарни модели, општествени етикети, лажни вредности, примери на една декадентна лична моќ и злоупотреба. И во таа мизерна егзистенција индивидуалната и колективната психа не знае за срам, туку само за едно транзиторно, а сепак толку константно посрамотување.

Културата на срамот може да ја вратат само граѓаните, ние треба да почнеме да се срамиме. И затоа - засрами се народе! Почнете од се*е, па можеби така ќе стигнете да се засрамите и од вашите изборни преференции.

http://okno.mk/node/36039

10)

Нашиот Нерон

30-10-2014


Последниве десетина години, половина милион граѓани ја имаат напуштено
Македонија. Секој мисли за надвор, освен спомениците. Само за нив рајот
е тука. Што повеќе споменици толку помалку жители. Економистите велат
дека со половина милијарда евра, колку што чини„Скопје 2014“, ќе се
отвореа околу 50 илјади нови работни места (директни и индиректни).
Многу луѓе ќе се спасеа од суровата беда. Сега власта се задолжува за
уште половина милијарда со камата од 5,1% (а лаже дека тоа е 3,9%).
Бидејќи досега има потрошено над 80% од предвидениот дефицит. Пијано
расипништво.


Тоа е причината зошто ваквата власт наместо развој нуди омраза. Целта е
да се маскира горката реалност во злоупотреба на јавните пари и
организираниот криминал. Оттука, нелогично е да очекувате од ваквата
власт да решава проблеми, оти самата е дел од проблемите. Тие не само
што не ги решаваат туку создаваат нови

Да верувате дека ваков ментален код ќе прави нешто добро е исто како да
верувате дека лисицата најдобро може да се грижи за вашите кокошки. Тие
се дел од проблемите, а не и од решението. Цело време се користат со
идеологијата на сатанизација кој завршува во пеколот. Нè тераат да
играме танц со ѓаволот, а кој се фаќа во оро со ѓаволот, последно му е.
Нашиот премиер продолжува да живее со својата чудна имагинација, која не
само што е надвор од реалноста туку е и многу опасна. Никако да разбере
дека државата не се води со логиката на маркетиншки агенции, чија цел е
нивниот профит. Тие заработуваат од нашите предрасуди, заблуди,
идиотизми и примитивизми. Во крајна линија, тоа резултира: со свој камен
по своја глава.

Прекумерното конзумирање одглумен национален патриотизам од страна на
премиерот, нè носи кон поделбата. Вртоглаво се урива чувството за
изградба на заедничка држава која беше присутна меѓу 2002 и 2006 година.
Политиката на етничка исклучивост, понижување и маргинализирање (како
дневна политика), како и рестриктивното толкување и имплементирање на
Охридскиот договор, направи јавното мнение да се развива кон спротивна
насока. Кога кон ова се додава и екстремната партизација на секој
сегмент, опасноста се мултиплицира. Сега луѓето се убедени дека
мултиетничноста е пречка за развојoт. Сега си станавме заложници еден на
друг. Тоа го добиваме од водачи кои веќе ги имаат приватизирано и
државата и граѓаните.

Премиерот сèуште е популарен поради национализмот. Да не беа Албанците,
тој ќе требаше да се мери по успесите. Денес грам национализам може да
амортизира илјадници тони неуспеси, манипулации и грабежи. Фингираниот
судир на двата национализми, ги држи под залог нашите судбини. На луѓето
како да не им е многу грижа дека да не беше блокирана евроинтеграцијата
од страна на премиерот (членството се очекуваше да се случи во 2012
година), сега просечната плата кај нас ќе беше околу 700 евра, а
невработеноста ќе беше заборавена. Но, ние продолжуваме да пловиме накај
санта мраз, водени од заблудата дека бродот е посилен од мразот, како
што ни е главата појака од ѕидот. Со таква политика од луѓето направивме
сè друго освен нормални.

Опасно е да се игра со национализмот и со популизмот, оти тие се како
едно гладно чудовиште коешто повеќе го хранат толку повеќе е гладно, за
на крајот да го изеде и својот газда. Тие постојано се во потрага за
свежи извори на омразата и на поделбите. Тие се постојано во потрага за
нови можни дефекти во општеството, користејќи се со идиотски форми во
име на високите идеали и на јавната хигиена. Едни сметат дека популизмот
нема противник. Тој самиот се*е си е противник. А нашиот Нерон го има
запалено Скопје. И целата држава


http://libertas.mk/нашиот-нерон-2/


Вратете се на почетокот Go down
 
Збирка восфални песни за Грујо и ДПМНЕ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ЗАБАВА-
Отиди до: