ФОРУМОТ Е НАШ
Царството на Јеховините сведоци 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Царството на Јеховините сведоци 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Царството на Јеховините сведоци

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Царството на Јеховините сведоци Empty
ПишувањеПредмет: Царството на Јеховините сведоци   Царството на Јеховините сведоци EmptyНед 12 Jул 2015, 7:44 am


Лажгите на Јеховините сведоци

Пред некојси што знам 10 – 15 години имав една кратка средба со Јеховиите сведоци некојси пола час до час и им поставив некој прашања . Некако ми киднаа луѓево без конкретни одговори .Дали не ги разбраа прашањата што им ги поставив или што сега нее битно . Бидејќи јас воопшто немам променето мој мислења и ставови по тие прашања сега НАПИСМЕНО ќе им ги поставам истите прашања да не биде рекла казала работата .

Ајде прво да видиме што може да најдеме на нетот за јеховините сведоци (иако Јеховините си постоеја и во Социјализмот и тогаш непречено си проповедаа да не помисли некој дека тогаш биле забранети оти нее виситина тоа )

Ајде да видиме :

Јеховини сведоци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Христијански собир во Сала на Царството на Јеховините сведоци.

Јеховини сведоци проповедаат од куќа на куќа во Софија, Бугарија.
Јеховини сведоци се милениумска обновителна христијанска деноминација со нетринитаријарни верувања за разлика од главното христијанство. Според годишникот од 2015 на Јеховините сведоци, од август 2014 година, организацијата известува за целиот свет членство од над 8,2 милиони следбеници кои се вклучени во евангелизирање, присуство на над 12 милиони, и на годишниот меморијал присуство од над 19.950.019. Тие се управувани од страна на водечко тело на Јеховините сведоци, група на старешини во Бруклин, Њујорк, кој ги воспоставува сите доктрини. Верувањата на Јеховините сведоци "се базирани на нивните толкувања на Библијата и тие предпочитаат да го користат својот превод, Новиот свет Превод на Светото Писмо. Тие веруваат дека уништувањето на денешниот свет систем на Армагедон е неизбежно и дека воспоставувањето на Божјото царство на земјата е единствено решение за сите проблеми со кои се соочува човештвото.

Групата се појавила од библиското студентско движење основано во доцните 1870-тите од страна на Чарлс Тејз Расел со формирањето на здружението сионска стражарска кула,со значителни организациски и доктринални промени под раководство на Јосиф Франкин Ратерфорд. Името Јеховини сведоци, е врз основа на Исаија 43:10-12, кое било усвоено во 1931 година за да се разликуваат од другите библиски студентски групи и да симболизира прекин од наследството од Раселовите традиции.

Религијата се развила како одговор на она што го виделе како компромис и корупција во општото христијанство. Не ги признаваат Светото тројство, пеколниот оган, бесмртноста на душата и свештенството како важечки додатоци на изворното христијанско учење. Името „Јеховини сведоци“ е земено од Исаија 43:10 во 1931 година. Горенаведената организација издава религиозни материјали од крајот на 19 век; најпознати се списанијата „Стражарска кула“ и „Разбудете се!“.

Јеховини сведоци
Во 2014 имале околу 19,95 милиони луѓе што редовно или повремено ги посетуваат нивните собири. Сепак, како членови ги вбројуваат само оние што се јавуваат како објавители секој месец. За 2014 службена година, (од септември 2013 до август 2014) најголем број на објавители бил 8.201.545.

Главната тема на нивното учење е прославување на Божјето име и оправдување на Неговиот суверенитет, преку Неговото царство, со Исус Христос како негов владетел. Сведоците веруваат дека владеењето на Исус започнало со Второто доаѓање или присуство на Спасителот, што било означено како пророштво на крајот на „Времињата на паганите“. Веруваат дека ова се случило невидливо во 1914 година.

Други учења на Сведоците ја вклучуваат употребата на еврејското Господово име, Јехова (или Јахве) коешто се сретнува повеќе од 7 000 пати во изворните библиски списи, обично преведено како „ЈХВХ“ или Јахве и верувањето дека употребата на неговото име и познавањето на неговото име е важен дел од обожувањето. Веруваат дека смртта на Исус била неопходна за исправањето на гревот направен од првиот човек, Адам, отворајќи го патот на надежта за вечен живот на човечкиот род. Исто така дел од нивното учење е дека 144 000 луѓе ќе добијат живот на небото како совладетели со Исус Христос, кои ќе го водат остатокот од човештвото до совршеност на рајска Земја за време на илјадагодишното владеење. Јеховините сведоци веруваат дека за време на Армагедон, којшто треба да се случи во блиска иднина, грешните ќе бидат уништени, а преживеаните, покрај милионите што ќе бидат воскреснати, ќе оформат ново општество над кое ќе владее не*есна влада, со Спасителот Исус Христос како Цар. Така човештвото ќе има можност да живее вечно во земен рај - можност, бидејќи сѐ зависи од нивните дејствија по воскреснувањето.

Позицијата на религијата во врска со приговорот на совеста на воената обврска и одбивањето да ги поздрават националните знамиња ја донеле во конфликт со некои влади. Како резултат на тоа, некои Јеховините сведоци биле прогонувани и нивните активности се забранети или ограничени во некои земји. Постојаните правни предизвици од страна на Јеховините сведоци имаат влијание законодавство поврзано со човековите права во неколку земји.

Информации Број (2014)
Земји во кои има Јеховини сведоци: 239
Највисок број на Јеховини сведоци за 2014: 8.201.545
Просечен број на Јеховини сведоци за 2014: 7.867.958
Собранија: 115.416
Број на бесплатни библиски к*рсеви што се водат: 9.499.446
Присутни на одбележувањето на Христовата смрт: 19.945.487.607


http://mk.wikipedia.org/wiki/Јеховини_сведоци

и ова за Македонија :

Јеховини сведоци во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јеховините сведоци се христијанска религиска група во Македонија и се вбројува во малите религиски заедници. Првпат е формирана во САД во 1876 година, а за нејзин основач се смета Чарлс Расел. Името на оваа заедница се користи од 1931 година и произлегува од библискиот Јехова, кого тие го сметаат за Бог-Отец. Првите припадници на оваа религиска група во Македонија се појавиле во Струмица во 1938 година, под влијание на словенечкиот брачен пар Тучек, кој престојувал таму, а првата заедница на Јеховините сведоци била формирана во селото Вељуса, Струмичко во 1957 година. Прв конгрес одржале во селото Колешино во 1973 година. Во Скопје формирале своја група во 1968, а во 1975 година отвориле канцеларија. Оваа верска заедница била регистрирана во поранешна СФРЈ, а во Македонија е пререгистрирана во 1992 година. Во 2003 отвориле нова канцеларија, наречена Бетел. Заедницата во Македонија публикува неколку списанија од религиски карактер и тоа: Списание „Стражарска кула” (двомесечник) „Разбудете се” (едномесечник) и брошури и книги.

Јеховини сведоци во Македонија - 2013

Информации Број
Јеховини сведоци во Македонија: 1337
Собранија: 25
Број на бесплатни библиски к*рсеви што се водат: 1188
Присутни на одбележувањето на Христовата смрт: 3169

http://mk.wikipedia.org/wiki/Јеховини_сведоци_во_Македонија


Да добро е објаснето во Википедија генерално и на форумите ги застапуваат истите работи .

Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Царството на Јеховините сведоци Empty
ПишувањеПредмет: Re: Царството на Јеховините сведоци   Царството на Јеховините сведоци EmptyСре 18 Ное 2020, 10:26 pm

Царството на лагите на Јеховините сведоци

1) Бог имал потреба од сведоци - кодоши. Е ај сега да те видам. Ем Сезнаен Бог ем има потреба од кодоши. Веројатно станува збор за бог тешка алапача чим има потреба од кодоши

2) Бог се викал Јехова.
Ем сами признаваат дека незнаат како се вика Бог ем дека тоа нее битно ама ете решиле - усвоиле така да си го викаат. Абе тоа така може да си именуваш куче па кога ќе го храниш да го викаш како си усвоил - си го научил и тоа да дотрча да му дадеш јадење. Нее точно.
Bit 32:29: "Јаков го праша: „Кажи ми го Твоето име?” А Тој рече: „Зошто прашуваш за Моето име, тоа е ЧУДНО?” И го благослови таму."
Bit 32:30: "Јаков го нарече местото: Фануил, зашто - рече - „Го видов Бога лице во лице, и останав жив.”"
Јехова нее чудното Божје име баш онака звучи Еврејски. Оргиналното Божје име е" Јас Сум Ние Сме". Да за тие што не ја знаат прикаската навистина би било чудно. И глупо е таквото име на цела планета сите исто да го кажуваат. Па секој народ си има граматика (иако ни тоа нее услов) и лесно може да го преведе на свој јазик.

3) Само они правилно го практиктувале Новиот Завет и само они биле вистински Христијани оти го имитирале Исус Христос.
Тука добра дупачка им прават Муслиманите кој им велат,, абе неможе вие подобро од нас да го имитирате Исус. Ете ние како Исус носиме капче на глава, носиме бели туники-тоги како Исус,имаме долга брада како Исус. Исус не бил Бог туку смртен човек јадел пиел мочал серел такозвано вршење нужда итн"

4) Исус бил смртен човек ама развиотка многу голем по констуција.
Се повикуваат на:
Jov 19:5: "А Исус излезе надвор, носејќи трнов венец и облека. И Пилат им рече: „Еве Го Човекот!”"


1Tim 2:5: "Зашто Бог е Еден, и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус,"

Па така на тие нивни сликовници нацртале Човек со висина едно 4 - 5 метри така што сите ние луѓето би изгледале како џуџиња во однос на него. Глупости невидени. Ова невреди ни за коментар.

5) Исус бил смртен биолошки човек но небил распнат на две даски - талпи под прав агол-крст туку на една вертикална. Па така на нивните сликовници го нацртале закован на телефонска бандера. Се повикуваат на некакви историско археолошки докази. Тврдат дека Римјаните биле штедливи па распнувањето заштедиле еден клинец и една шајка-клин.

Тоа дека бил смртен биолошки човек го превземале од католицизмот и православието кој Исус го цртаат на икони го делкаат-резбаат на дрва, го клесаат на камен итн.

Кое е точно на православие-католицизам и протестантизам или на Јеховини сведоци?
Како бил убиен Исус Хрисос?
Е сега за ова прашање мора да се вклучи и Куранот бидејќи се произнел по истото прашање.
Куран
4 Ан-Ниса Жени
157
поради зборовите нивни "Ние го убивме Месијата Исус син на Марија Алаховиот пратеник" А не го убија ниту распнаа само им се причини. Оние кој за него во мислењата се разликуваа самите во сомнеж беа, ништо со сигурност не знаеја само нагаѓаа а сигурно е дека НЕ ГО УБИЈА.

Ете тоа е тврдењето на Куранот.
Ако испадне точно тврдењето на Куранот тогаш дали ќе мора да му се признае на Исламот кој тврди дека Библијата (Стар и Нов Завет) се менувани и како такви неточни - неупотребливи за практикување
Што би рекол Грујо - сечени лепени монтирани.

Што е точното?

Ќе видиме во продолжение........
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Царството на Јеховините сведоци Empty
ПишувањеПредмет: Re: Царството на Јеховините сведоци   Царството на Јеховините сведоци EmptyПет 04 Дек 2020, 3:30 pm

продолжение
Да Пророкот Мухамед добро кажал во Куранот. Точно е! Исус ниту бил распнат ниту бил убиен. А каде нема мртовец нема ниту погреб.
Но не се прифаќа ниту барањето на Исламот дека Новит Завет е фалсификуван и треба да се отфрли. Точното е дека трите дела од Новиот Завет и тоа судењето на Исус, распетието-убивањето, и погребот на Исус се И. Р. С. П. - Измислени Реалистични Сликовити Прикази познати како споредби параболи.
Вакви ИРСП користел самиот Исус.

Марко 4:34: "Ништо не им кажуваше без да се користи со споредби. А кога беше насамо со Своите ученици, ним им објаснуваше сe."

Лука 8:10: "а Тој им рече: „Вам ви е дадено да ги запознаете тајните на Божјото царство, а на другите им се кажува преку споредби, за да гледаат, но да не видат, да слушаат, но да не разберат.“"

Јован 16:29: "Неговите ученици рекоа: „Ете, сега ни зборуваш отворено и не се служиш со споредби."

И самиот Исус во неговите ИРСП користел познати библиски личности.
Еве:
Лука 16:

25: "Авраам му рече: ‘Синко, сети се дека ти ги прими своите блага додека беше жив, а Лазар - злото! Сега тој се утешува тука, а ти се измачуваш."

Види-прочитај цела споредба Исус ја кажува како да бил лично присутен. Иако Измислена
Дека се ИРСП кажува и Павле
Евреите 6:6: "а сепак отпаднале - пак повторно да бидат обновени за покајание, зашто тие повторно Го распнуваат за се*еси Божјиот Син и Го срамат отворено."


Дела 10:39: "И ние сме сведоци за сѐ, што направи Он во земјата Јудејска и во Ерусалим. Како Го убија, распнувајќи Го на дрво."

Јован 19:26: "А Исус, штом ја виде мајка си, и покрај неа, ученикот, кого го љубеше, и рече на мајка си: „Жено, ете ти син!”"

Апостоли кажуваат дека биле сведоци а на приказот има еден ученик додека сите апостоли биле отсутни - се криеле.

Марко 15:40: "Тука, на Голгота, беа и извесен број жени, кои ОДДАЛЕКУ набљудуваа. Меѓу нив беа: Марија од Магдала, Марија - мајката на браќата Јаков помладиот и Јосиф, потоа Салома и многу други."

Дека ИРСП може да бидат надолго и широко кажува Павле

Евреите 9:9: "Тоа е СЛИКОВИТ ПРИКАЗ на денешното време, бидејќи приносите и жртвите што Му се принесуваат на Бог, не можат да им ја смират совеста на тие што ги принесуваат.
1 Петар 3:21: "Одговарајќи на оваа СЛИКА крштавањето, - кое не е отстранувањето на телесната нечистота,- туку е одговор на добра совест кон Бога, сега и вас ве спасува, преку воскресението на Исуса Христа,"


Тоа што кажува стихот од Куранот дека имало расправии го кажува и Павле

2 Тимотеј 2:18: "кои се оддалечија од вистината, тврдејќи дека воскресението ВЕЌЕ СТАНАЛО и со тоа ја рушат верата на некои."

Римјаните 13:11: "И правете го тоа затоа што го знаете времето во кое сме, зашто е веќе време да се разбудите од сонот; зашто сега спасението ни е поблизу, отколку кога поверувавме."

Ефесјаните 5:14: "Затоа се вели: „Стани, ти кој спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!”

А доколку Исус навистина умрел тогаш испаѓа лажго.
Нели:
Лука 20:36: "Тие не ќе можат веќе ни да умрат, зашто се како ангелите; и Божји синови се, зашто се синови на воскресението."

А од каде тоа дека завесата-покривалото важи само за Стариот Завет

2 Коринќани 3:14: "Но нивните умови беа закоравени. Зашто, до денешниот ден останува истото покривало при читањето на Стариот Завет, и не се открива, зашто се отстранува само во Христа."

Како Стариот така и Новиот Завет и Куранот имаат делови кој неможе праволиниски да се читаат и разбираат туку мора да се толкуваат

И навистина кога се чита Новиот Завет наизглед се изгледа како " под конец " настаните редоследно се правилно распоредени. Исус се родил растел проповедал бил неправедно осуден и убиен и воскреснал. И сето тоа со изобилство на детали. Капак на се е дека речиси со секој негов чекор се остварувало некое пророштво од Стариот Завет.
Сето тоа укажува дека нема што да се толкува. Тоа е тоа - може само да се констатира како што тврдат Православие, Католицизам, Протестантизам и Јеховините Сведоци. Разликите се само во ситни детали дали бил распнат на две талпи или телефонска бандера како што тврдат Јеховините кодоши.

Па сепак станува збор за мајсторско дело оптичка измама. Генијално изведено од апостолите по претходно дадени упатства од Исус. Навистина се измислени прикази. Тешко е да се најде почетокот на клопчето ама кога ќе најде и ќе почне да се одмотува се добива.... Се добиваат Исусовите пророштва, објаснувања зошто Библија и Куран морале да бидат дадени такви какви се, логиката на нештата во Библија и Куран што ги поврзува итн итн. Толкувањето бара доста време и самото е доста обемно. Тука се Исусовите пророштва а тоа што Православие, Католицизам, Протестантизам и Јеховините ги сметаат за пророштва на Исус баш и не исполуваат услов да се наречат пророштва. Ќе ги видиме во некоја следна точка од темава.

Но ако и погледнеме Историски датуми нешто кажуваат

Ирод Антипа 20 год П. Н. Е - 39 год од Новата Ера. Син на Ирод Велики титула тетрарх - владетел на четвртина од некогашното кралство на таткому Ирод Велики.

Понтиј Пилат бил римски намесник за Јудеја поставен од царот Тибериј. Управувал со Јудеја од 26 до 36 година нова ера.

Дела12:

21: "Во определениот ден Ирод, облечен во царска облека, седна на престолот пред народот и одржа говор пред нив."
23: "Тогаш веднаш, Господов ангел го удри, зашто не му воздаде слава на Бога, и беше изеден од црви и издивна."

Ако Ирод и Исус умреле во иста година 39 нова ера а Пилат веќе 3 години воопшто и не бил присутен во Јудеја. тогаш како можел да го осуди на смрт.?
Никако ете така. Настаните се подоцна намерно измислени со друга цел како што кажав претходно.
Вратете се на почетокот Go down
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Царството на Јеховините сведоци Empty
ПишувањеПредмет: Re: Царството на Јеховините сведоци   Царството на Јеховините сведоци EmptyПет 04 Дек 2020, 3:32 pm

Но тоа што Ислам Православие, Католицизам, Протестантизам не ги разбираат Куранот и Библијата нетреба да чуди бидејќи никогаш и немале толкувач.

2 Петар 1:20: "Знајте го ова пред сè: ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака,"

За Исламот знаеме дека првите муслимани знаеле дека им треба толкувач па нештеделе ниту луѓе ниту сила ниту средства барале насекаде но откако ненашле се свртеле кон учените луѓе да им толкуваат улеми мислам ги викаат.
Секоја чест за учените луѓе ама тие сепак не се толкувачи.
Ако толкувачот праша учен колку дрва познавал Адем-Адам во рајот.Учениот ќе каже многу.

Битие 2:9: "Тогаш Господ, Бог, направи та од земјата изникна СЕКОЕ дрво - убаво за погледот и добро за храна - и дрвото на животот, среде градината, и дрвото за познавање на добро и зло."

Битие 2:16: "Господ, Бог, му заповеда на човекот, велејќи: „Јади слободно од секое дрво во градината,"

1. Мој. 2:17: "освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.«"

Ако толкувачот му каже на учениот дека Адем-Адам познавал само ТРИ дрвја учениот ќе почне да набројува дрвја кој знае ако треба ќе повика и стручни лица од Земјоделски Факултет.

А навистина Адам и Ева знаеле за ТРИ дрва. Знаеле за дрвото на животот, знаеле за дрвото за познавање на доброто и злото ( ангелскиот речник на загатките) кое им било забрането, и Третото дрво било Дрвото на Трудот бидејќи имале право да јадат од Плодовите на сопствениот Труд.

Битие 2:5: "уште немаше никакво полско растение по земјата, уште немаше никнато никакво зеленило, зашто Господ, Бог, уште не пушти дожд на земјата, и го немаше човекот да ја обработува земјата."

Битие 2:15: "Господ, Бог, го зеде човекот и го постави во Еденската Градина, за да ја обработува и да ја чува."

Тврдењата на Јеховите и други дека Адам бил создаден совршен се погрешни.

Римјани8:20: "имено, созданието и беше потчинето на суетата, не доброволно, туку од оној, кој го потчини - во надеж"

Куран
Ал-А ' раф - Бедеми
11 НИЕ Адем го створивме и притоа облик му дадовме а потоа на мелеките им рековме " поклонете му се" и они се поклонија освен Иблисот кој не сакаше да се поклони.
12 Зошто не се поклони кога ти наредив? - праша ОН- " Јас сум подобар од него мене од оган си ме створил него од глина" - одговори он.
Адам бил мамка - стапица за Сатана Ѓавол.
1Јован 3:8: "Кој врши грев од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот."

Тука е и Православието Католицизам Протестантизам

Православна црква - википедија
", Според православната вера, на почетокот од човековото постоење, луѓето биле соочени СО ИЗБОР: да ја научат разликата меѓу доброто и злото преку набљудување или преку учество. Библиската приказна за Адам и Ева укажува дека луѓето ИЗБРАЛЕ да учествуваат во злото, преку непочитување на наредбата од Господ "

Што да каже толкувачот на едно вакво апсурдно тврдење.

Како ќе ја научеле разликата меѓу доброто и злото кога им било забрането да јадат од Плодовите на дрвото за познавање на доброто и злото ( ангелскиот речник на загатките). Нели за да се донесе некој Закон прво претходно мора да се утврди што е полезно-корисно а што е зло - штетно. Штетното законски се казнува санкционира.
Адам и Ева не биле слепи бидејќи како ќе ја обработувале земјата. Кога Сатана Ѓавол ги излажал и тие јаделе од дрвото за познавање на доброто и злото... виделе..

Битие 3:7: "Тогаш на двајцата им се отворија очите, и согледаа дека се голи. Сплетоа смоквини лисја и си направија прегачи."

Битие 2:25: "А обајцата беа голи, човекот и неговата жена, но не се срамуваа."


Тоа ти е кога живееш во некоја заблуда и некој ти докаже дека нее така како си мислел ќе речеш.." Благодарам ми ги отвори очите "

А биле ГОЛИ значи без заслуга биле во рајот

2 Коринќани 5:3: "само така облечени, нема да се најдеме голи."

Ефешани 6:14: "И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата,"

Јов 10:11: "Ме облече со кожа и месо, ме сплете со коски и жили."

Јов 40:10: "Наметни се со сјај и величество, облечи се со достоинство и слава."

Псалми 35:26: "Нека се посрамат и засрамат сите заедно, кои се радуваат на мојата несреќа! Нека се облечат во срам и срамење, оние што се креваат против мене!"

Адам-Адем и Ева биле БЕСРАМНИ

Софронија 3:5: но беззаконикот не познава срам."

Тоа е... беззаконикот незнае за срам.

Адам и Ева направиле беззаконие.
Срам е чувство на нелагодност непријатност од други луѓе заради прекршување на некоја законска или морална норма.

Пред да бидат избркани од рајот Бог им ги вградил чувствата меѓу кој и срамот.

1. Мој. 3:21: "А Господ Бог им направи на Адама и на жената негова облеки од кожа, и ги облече во нив."

Јов 2:4: "А Сатаната одговори: „Кожа за кожа! Човекот ќе даде сè што има во животот."

Кожа - чувства

Мудр. Сол. 7:1: "И јас сум смртен човек, како и сите други, потомок сум на првото создание, направено од земја."

Мудр. Сир. 15:14: "Во почетокот Тој го создаде човекот и го препушти на неговата слободна волја."

Адам и Ева биле суетни смртници имале слободна волја но им било забрането да знаат што е добро а што е зло. Адам бил стапица за Сатана Ѓавол бил оставен сам со Сатана Ѓавол било само прашање на време кога ќе биде излажан. Играта била наместена.

Адам и Ева сепак кога им биле дадени чувствата биле културни па кога биле избркани си ја прифатиле казната не се противеле.
Но така не мислеле СатанаЃавол со неговите компањони кој си останале бесрамни и насилни.

Откровение 12:7: "И настана војна во небото; Михаило со своите ангели завојува против змевот. И змевот и неговите ангели завојуваа,"
Отјривение 12:9: "И беше исфрлен големиот змев, старата змија, наречена ѓавол и сатана, која го заведува целиот свет; беше исфрлен на земјата, и неговите ангели беа исфрлени со него."

Откровение 20:2: "Тој го фати змевот, старата змија која е ѓаволот и сатаната, и го врза за илјада години,"

итн итн......

Ајде Исламот не го знае Дрвото за познавање на добро и зло (ангелскиот речник на загатките) иако нее оправдување оти имал време 1300 години Ама како е можно Православие Католицизам со 1700 години да не го знаат. Каде бил изгубен речникот?
Оти само простиот пример со Адам кажува дека Православие Католицизам уште во старт го промашиле решавањето на задачата. А кога во старт ќе почнеш погрешно да решаваш така цело време и ќе продолжиш ( хиперпродукција на глупости) и решението неизбежно ќе биде погрешно. (АнтиХристијанство)

И после толкувачот им бил виновен ќе мањачеле ќе лудачеле. Предоцна е за поправање на нештата.
Јован 2:25: "и немаше потреба некој да Му сведочи за човекот, зашто Самиот знаеше што има во човекот."
Исус го знаел,користел и практикувл ангелскиот речник на загатките, ги научил и апостолите и тие го користеле.
А Православие Катлицизам се нарекуваат директни наследници Апостолска Црква а појма немаат за најпрости наједноставни работи од ангелскиот речник. Бре бре па свети отци, подвизници, научници веронаучници, факулети а по основ на што на купишта лаги измислици.

Исламот бара сообраќајни знаци и Патокази а не гледа дека е на козја патека.

Православие Католицизам Протестантизам со Јеховини кодоши се во сред океан и тие бараат сообраќајни знаци Патокази. Абе прво вие најдете го - допливајте до копното па после ќе збориме и за Патишта и за Патокази.

Куран и Библија не се само книги за Бог туку и дека на лагата и се мноооогу долги нозете.
Езекил 20:25: "И затоа им дадов уредби што не беа добри, закони што усмртуваат:"

1 Коринќани 15:56: "Осилото на смртта е гревот; а силата на гревот е законот."

А ете Евреите иако поминаа 2000 години и вистината им била кажана бидејќи се правеле мутави демек незнаат да читаат сеуште си продолжуваат. Така исто и со Ислам Православие Католицизам Протестантизам.

Идеме понатаму....... во продолжение
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Царството на Јеховините сведоци Empty
ПишувањеПредмет: Re: Царството на Јеховините сведоци   Царството на Јеховините сведоци Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Царството на Јеховините сведоци
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ФИЛОЗОФИЈА И РЕЛИГИЈА-
Отиди до: