ФОРУМОТ Е НАШ
Пророците Исус и Мухамед 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Пророците Исус и Мухамед 79175518
ФОРУМОТ Е НАШ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

 

 Пророците Исус и Мухамед

Go down 
АвторПорака
Flok
Тупаџија
Тупаџија
Flok


Број на мислења : 256
Локација : Macedonia
Регистриран на : 2011-12-16

Пророците Исус и Мухамед Empty
ПишувањеПредмет: Пророците Исус и Мухамед   Пророците Исус и Мухамед EmptyПон 14 Дек 2020, 10:01 pm

Пророците Исус и Мухамед

За овие двајца пророци има доста интерсни заеднички работи кој ги поврзуваат.

2 Мојсеева 18:15: "„Господ, твојот Бог, ќе ти издигне од твојата средина, од твоите браќа, Пророк, каков што сум јас: слушајте Го Него!"


Дела апостолски 3:22: "Зашто Мојсеј рекол: „Господ Бог ќе ви издигне од вашите браќа Пророк - како мене, слушајте Го Него во сè што ќе ви рече!"

Дела апостолски 7:37: "Тоа е Мојсеј, кој им рече на Израелевите синови: „Бог ќе ви издигне, меѓу вашите браќа, пророк како мене Него послушајте Го.”"

Лука 9:35: "И се чу глас од облакот, кој велеше:»Овој е Мојот возљубен Син; Него послушајте Го!«"

Заедичкото за овие двајца пророци е ова :

1)
Јован 8:43: "Зошто не го разбирате Моето зборување? Затоа што не можете да ја слушате Мојата наука."

2)

Јован15:18: "”Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас!"

Тоа е заедничкото и двајцата ќе останат неразбрани и намразени од народите и тоа токму по заслуга на нивните наводни следбеници

А заедничкото на двајцата е :

1. Мој.сеева1:16: "И создаде Бог две големи светила: светило поголемо да управува со денот, а светило помало да управува со ноќта, и ѕвезди;"

Мухамед го донел помалото светило Куранот тоа не го прави помалку вреден од Исус.

А тоа што Мухамед бил потврден преку исполнување на пророштво и нее централна тема на Куранот ниту може да биде. Оти така Куранот би испаднал книга на пророштва како на Нострадамус. Се знае човек што ја знае својата иднина всушност нема иднина оти се би било предодредено. Па со тоа би се укинала и неговата слободна волја и автоматски било каква надеж дека може на било кој начин да ја смени. Потполно исто е и со народите за кој се однесува пророштвото. Би испаднало дека луѓето се чипирани-програмирани а со тоа дека ништо не зависи од нив. Како роботи а ако некој робот мисли дека има слободна волја тоа би било грешка на програмерот.

Но дури и тоа што Куранот претскажал дека Византија ќе падне нее случајно. Што баш Византија кога прпаѓале и други држави. Пропаднал и калифатот во Шпанија па нее претскажан. Оти нее битно што Византија е претскажана туку зошто? Инаку секој би можел да го спори како пророштво бидејќи секоја држава си има свој почеток, подем и крај.

Муслиманите го спорат Новиот Завет по неколку точки и тоа:
1)
Бог не раѓал и Исус нее Божји Син
2)
Нема три Бога туку Еден
3)
Исус не бил распнат ниту убиен
итн.

Да ама тоа Исламот го тврди а не Куранот.
Куранот ниту во еден момент по ниту една точка не се спори ниту со Стариот ниту со Новиот Завет.
Куранот цело време се спори со лагите на Анти-Христијанстото бидејќи во времето на Мухамед , Христијанството одамна не постоело.

2 Коринќани 3:9: "Ако Стариот завет што доведе до осуда на сите луѓе беше толку величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде Новиот завет што ни овозможува да се стекнеме со праведност пред Бог!"

Матеј 11:9: "Туку зошто излеговте? Да видите ли пророк? Да, ви велам, и повеќе од пророк."
Самиот Исус никогаш не се негирал како пророк но и дека е повеќе од тоа. Па така и Мухамед не бил само пророк како што претходно објаснив.

Големината на Исус и Мухамед е тоа што донеле богатство на знаење од Божјиот Свет тоа се светилата.
И двајцата биле потврдени

Дела 2:22: "Мажи Израелци! Чујте ги овие зборови: Бог во вашата средина Го ПОТВРДИ Исуса Назареецот со сили, чуда и знаци, што Бог ги направи преку Него меѓу вас, како што знаете самите."

Пророкот Исус кој го донел Новиот Завет бил потвден со чуда и знаци а ете никој следбеник појма нема дека Исус е пророк. Сите го знаат како Господ како Бог Христос итн како се само не како пророк. Колку пророштва знаат луѓето од пророкот Исус.?

Мухамед сите го знаат како пророк бидејќи бил ПОТВРДЕН со пророштво А колку луѓе знаат дека го донел помалото светило Куранот кое е претскажано во почетокот на Библијата.
Па дури мислат дека Мухамед е лажниот пророк од откровението

Откровение 20:10: "А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше фрлен во огненото и сулфурното езеро, каде се и Ѕверот и лажниот пророк; и ќе бидат мачени дење и ноќе во веки веков."

Иако лажниот пророк е јасно кажан по име

Јован 11:49: "А еден од нив, Кајафа, кој беше првосвештеник во таа година, им рече: „Вие не знаете ништо,"
Јован 11:50: "ниту помислувате, дека е подобро за вас да умре еден човек за народот, а не сиот народ да пропадне.”"

Јован 11:51: "А ова не го рече сам од се*е, туку - како првосвештеник во таа година - ПРОРЕЧЕ, дека Исус ќе умре за народот,"

Јован 18:14: "А Кајафа беше оној, кој ги посоветува Јудејците, дека е подобро да умре еден човек за народот."

Кајафа е лажниот пророк за кој зборува откривението (и сите слични на него лажни пророци).

Тоа дека има само еден Бог а не три го кажал и Исус
Јован5:30: "Јас не можам ништо да направам самоволно. Судам онака како што Ми кажува не*есниот Татко, и Мојот суд е праведен, зашто не постапувам самоволно, туку според волјата на Бог, Кој Ме прати."

Јован 5:44: "Како можете да верувате, кога примате слава еден од друг, а не ја барате славата, што доаѓа од Единиот Бог?"

Лука 18:19: "А Исус му рече:»Зошто ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен еден Бог."

Марко 12:32: "И книжникот Му рече: „Добро, Учителе, кажа според вистината дека Бог е Еден, и нема друг освен Него,"

Никаде Новиот Завет не зборува за три бога. Куранот никаде не се спори со Новиот Завет.

Бог не раѓал и Исус нее Божји Син.

Да ама таква работа Новиот Завет никогаш и нетврдел

Галати. 4:26: "а горниот Ерусалим е слободен: тој е МАЈКА на сите нас."

Галати 4:19: "деца мои, кои пак сум во породилни маки, додека Христос се вообличи во вас."

Дали Исус е биолошки Син на Бог?

Ваква глупост Новиот Завет никогаш нетврдел.

Целото не(до) разбирање е токму Новиот Завет ама не книгата Нов Завет туку Нов Завет ветување што Бог го склучил со луѓето а кој Исус го пренел и го практикувал. Станува збор за сосема Нов Концепт кој е целата смисла и суштина на
книгата (збир на книги) наречена Нов Завет. Е овој концепт - завет никогаш нит бил разбран ниту било кога практикуван од Православие, Католицизам и Протестантизам вклучувајќи ги и фалените Јехови (ама баш ништо нарочито не се луѓево).

А ова е Новиот Концепт - Завет што Исус од Бог им го предложил на луѓето-човештвото.


Галати 4:19: "деца мои, кои пак сум во породилни маки, додека Христос се вообличи во вас"
1Јован 3:2: "Возљубени, сега сме Божји деца, и уште не се откри што ќе бидеме; но знаеме: кога ќе се открие ќе Му бидеме слични, зашто ќе Го гледаме Онаков Каков што е."

Ефешани 4:24: "Однесувајте се како нови луѓе, создадени да бидете слични на Бог: праведни, свети и искрени."
2 Коринќани3:18: "Сите ние, пред чии лица нема превез, сме одраз на славата Господова, како во огледало. Со помош на Господовиот Дух доживуваме преобразба и стануваме се послични на нашиот славен Господ."
Римјани5:14: "Смртта пак царуваше од Адама до Мојсеја и над оние, кои не згрешија со сличен престап како Адам, кој е слика на Оној кој доаѓа."

Битие 1:26: "И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност,

Колошани 1:15: "Христос е видлива слика на невидливиот Бог.

Тоа е Новиот Концепт - Новиот Завет - понуда што Бог преку Исус им го понудил на луѓето. Да станат СЛИЧНИ на Бог.

Затоа Исус ќе изјави
Јован14:9: "Исус му рече: „Толку време Сум со вас и не Ме позна, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото; тогаш како велиш ти: ‘Покажи ни Го Таткото!’"
Матеј5:9: "Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат НАРЕЧЕНИ синови Божји!"
Лука 20:36: "Тие не ќе можат веќе ни да умрат, зашто се како ангелите; и Божји синови се, зашто се синови на воскресението."
Јован10:34: "Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’"
Лука 1:35: "Ангелот одговори и и рече: „Светиот Дух ќе дојде на те*е и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од те*е - ќе се НАРЕЧЕ Божји Син."


Логика?
Ова е логиката :
2. Тим. 2:13: "Ако не веруваме, Он останува верен, бидејќи Сам Се*еси не може да се одрече.«"

Тоа е тоа. Ако ме видиш дека пцујам а потоа ти преречам дека и ти пцуеш зарем нема да ми речеш " најде кој да ми збори па и ти го правиш истото ".

И централна тема на Евангелија на Посланија апостолски е токму тоа како практично да се спроведе новата и последна Божја понуда до луѓето.
Да тоа е Новиот Концепт. За разлика од Исламот кој е модификуван Јудаизам со свој правила, или паганизмот со одоброволување на боговите подмитување, или Православие Католицизам Протестантизам со лижење стакла цртежи -икони клањање на изрезбани дрва или исклесани камења секакви можни улавштии.

Не бил распнат и не бил убиен
Тоа е ИРСП измислени реалистични скиковит приказ


Галатите 3:1: "О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса (та не се покорувате на вистината) вас, пред чии очи Исус Христос беше јасно НАСЛИКАН распнат меѓу вас?"

Евреите 6:6: "а сепак отпаднале - пак повторно да бидат обновени за покајание, зашто тие повторно Го распнуваат за се*еси Божјиот Син и Го срамат отворено."


Исус бил најголемиот распнувач на сите времиња во Римската Империја

Матеј 19:21: "Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и дај им на сиромасите, и ќе имаш благо на небото! Дојди и следи Ме!”"

Матеј19:22: "А кога момчето го чу тој збор, си отиде нажален, зашто имаше многу имоти."

Марко 10:29: "Исус пак одговори и рече: „Вистина ви велам: нема никој, кој ќе остави куќа или браќа, или сестри, или мајка или татко, или деца, или ниви, заради Мене и заради Евангелието,"

Матеј19:24: "И пак ви велам: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.”"

Матеј 23:24: "Слепи водачи! Вие го цедите комарецот, а ја проголтувате камилата.”"

Марко 10:25: "Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку богат да влезе во Божјото Царство!”"

Па сепак Исус ниту бил распнат ниту убиен.
Кај Исус немало ни што да се распнува очигледно одамна раскрстил со распнувањето.
Лука9:58: "Исус пак му рече: „Лисиците имаат легла и не*есните птици - гнезда, а Човечкиот Син нема каде да ја потпре главата.”"
Сума сумарум
Сонцето и месечината не се противни,
Куранот и Библијата не се противни, Исус и Мухамед не се противни туку противни се хулиганите од навивачките клубови квазиИслам и АнтиХристијанството и тие што ги заблудуваат и подбуцнуваат.
Вратете се на почетокот Go down
 
Пророците Исус и Мухамед
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ФИЛОЗОФИЈА И РЕЛИГИЈА-
Отиди до: