| Ама се некогаш добро јадеше | |
|
+12Pancho Villa Ангела Oliver The Macedonian Далила SiNaPsA` Билјана eftimoskatb Venco Бе Перо Lidija СтончиС GokaGrozni 16 posters |
|
Автор | Порака |
---|
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Ама се некогаш добро јадеше Чет 02 Окт 2008, 6:15 pm | |
| Идеја за оваа тема ми ја дадоа младите сили на ( ЈАДИ ) Јадам Ајвар Дегустејшн Индустри,дечките кои пожртвувано печат,лупат и мешаат ( ама не перат ) во овие свежи есенски денови.Сигурно ја знаат приказната со мравката и штурецот,инаку експерти во своите области,познати на Балканот а и пошироко ( мислам секаде каде се прави ајвар ).Темава исто така ја посветувам и на сите оние кои допринесуваат кон оваа традиција,ќумбе-мајстори,пипер-градинари,баждарџиите на пазар,вредните мажи кои зимаат боловање за да лупат .. ..
Special Thanks Бе Перо,СиНаПсА & Ченто
Значи се што има врска со исхраната ОВДЕ
Марсовски палачинки За подготовка на ова предјадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:
- 500 гр спанаќ - 4 јајца - 300 гр сирење - 250 гр шунка - брашно - 500 мл млеко - половина кафена лажица мелен ким - 4 јајца - 300 мл павлака - магдонос - масло за јадење - сол и црн пипер
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 50 - тина минути.
Зовриената вода во тенџерето на оган ја посолуваме. Потоа во тенџерето го додаваме претходно исчистениот и измиен спанаќ. Го покриваме тенџерето со капак и оставаме спанаќот да се обари. Го тргаме тенџерето од оган. Содржината ја истураме во цедалка. Го плакнеме спанаќот со студена вода. Оставаме спанаќот да се исцеди. Во сад за матење кршиме 4 јајца. Посолуваме. Ги матиме јајцата со миксер. Непрекинувајќи со матењето во садот го додаваме млекото. Потоа во садот додаваме брашно, додека добиеме смеса со густина како за палачИнки. Го исклучУваме миксерот. Спанаќот го ставаме во блендер. Во блендерот додаваме од водата во која се бареше спанаќот. Го додаваме и мелениот ким. Го вклучУваме блендерот. Измиксаната смеса ја додаваме во садот за матење. Мешаме со лажица. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Со четка ја намрснуваме целата внатрешност на тавата. Со црпалка во тавата ставаме од смесата за палачинки. Откако ќе се испржи од едната страна палачИнката ја превртуваме во тавата. Испржените палачИнки ги редиме на чИнија една врз друга. Во поголем длабок сад го рендаме сирењето. Во истиот сад ја рендаме и шунката. Мешаме со лажица. Во садот кршиме 2 јајца. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Огноотпорниот сад го попрскуваме со масло за јадење. На даската за сечење ја ставаме првата палачИнка. Ја филуваме палачИнката со претходно подготвениот фил. Ги свиткуваме краевите за да не испаѓа филот. Ја свиткуваме палачинката во ролат. Истата постапка ја повторуваме со сите палачИнки. Палачинките ги редиме во огноотпорниот сад. Преостанатите две јајца ги кршиме во подлабок сад. Во садот ја додаваме павлаката. Мешаме со жица за матење. Магдоносот ситно го сечкаме. Исечканиот магдонос го додаваме во длабокиот сад. Посолуваме. Мешаме со жицата. Со смесата ги преливаме палачИнките во огноотпорниот сад. Садот го ставаме во рерна. Печеме 15-тина минути на температура од 250 степени. Го вадиме садот од рерна. Запечените палачИнки ги сечеме на парчиња. Парчињата Марсовски палачИнки ги редиме на чИнија за сервирање. Декорираме со кечап.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно полусуво бело вино.
Добар апетит.
Последната промена е направена од GokaGrozni на Нед 07 Дек 2008, 12:30 pm. Мислењето е променето 1 пати | |
|
| |
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Без тема за јадење ништо не праиме. :D Чет 02 Окт 2008, 8:16 pm | |
| Браво Гока за темава. А палачинкиве името поради бојата го добиле или рецептот ти го кажале марсовците. :lol: Еве јас да напишам еден рецепт. Ориз за гарнир. (присутните на папрадиште и го пробаа ;) ) Потребни состојки: -Една главица комид. -200 грама печурки (ситни шампињони од Бонум). -Едно лонче ориз (кочански). -Една лажица вегета (или зачинал). Подготовка: Лонче ипол (истото лонче со кое сте го мереле оризот) вода се става на рингла да проврие и во водата се додава една лажица вегета. Во друго тенџере (по можност Цептер) се пропржува ситно исечаниот кромид, се додаваат печурките и заедно се пропржуваат уште малку ( да заруменат печурките). Се додава оризот и тој се пропржува околу една минута и потоа се додава зовриената вода со вегета во тенџерето се промешува малку и се поклопува ако е Цептер тенџере ако е обично тенџере убаво се затвара со алуминиумска фолија и се поклопува. Ринглата која што предходно беше на 2.5 се намалуна на 1 и се остава 15 мин. и не се пипа . По 15 мин. се исклучува ринглата и оризот за гарнир е готов и спремен за сервирање со нај различни јадења како додаток како на пример: пастрмка (лосос) на скара, роловано пилешко (рецептот во следна прилика) и други. Напомена. Многу е битен точниот сооднос на ориз и вода (1: 1.5) и тенџерето убаво да се затвори за да нема испарување на водата. Бон Апетит. | |
|
| |
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: АЈВАР Чет 02 Окт 2008, 8:29 pm | |
| Е нешто налик на оваа баба ми ми правеше,немате појма колку ми недостасува таквиот ајвар. | |
|
| |
Lidija Уметничка душа
Број на мислења : 609 Локација : Скопје, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Пет 03 Окт 2008, 2:04 pm | |
| Гока браво за вкуснава тема....тука сигурно ке пишувам по некој збор,нали! Па гурманче сум си,...браво | |
|
| |
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Пет 03 Окт 2008, 3:20 pm | |
| - GokaGrozni напиша:
- Идеја за оваа тема ми ја дадоа младите сили на ( ЈАДИ ) Јадам Ајвар Дегустејшн Индустри,дечките кои пожртвувано печат,лупат и мешаат ( ама не перат ) во овие свежи есенски денови.
Хахахаха :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: Јас, кај и да е, деновиве ќе ја направам првата тура ајвар за оваа сезона. Само многу го поскапеле пиперот, што е ова, 30 денари бил сега! :roll: Комшиите секој ден ми пуштаат лиги, цела улица мириса на ајвар! :D | |
|
| |
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Пет 03 Окт 2008, 4:58 pm | |
| - Бе Перо напиша:
Јас, кај и да е, деновиве ќе ја направам првата тура ајвар за оваа сезона. Само многу го поскапеле пиперот, што е ова, 30 денари бил сега! :roll: Комшиите секој ден ми пуштаат лиги, цела улица мириса на ајвар! :D Ништо Перо и мене ми пропаднаа овие доенови планирани за ајварските активности. Пиперот го дават 30 ден. а оној полошиот за 25 ден. Ке ги чекам следните пазарни денови (четврток и петок) ако се намали :roll: | |
|
| |
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| |
| |
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Пет 03 Окт 2008, 9:44 pm | |
| - Venco напиша:
- Бе Перо напиша:
Јас, кај и да е, деновиве ќе ја направам првата тура ајвар за оваа сезона. Само многу го поскапеле пиперот, што е ова, 30 денари бил сега! :roll: Комшиите секој ден ми пуштаат лиги, цела улица мириса на ајвар! :D Ништо Перо и мене ми пропаднаа овие доенови планирани за ајварските активности. Пиперот го дават 30 ден. а оној полошиот за 25 ден. Ке ги чекам следните пазарни денови (четврток и петок) ако се намали :roll: Лани колку што памтам беше 25 ден., а можеше и да се најде поевтин. | |
|
| |
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 10:16 am | |
| | |
|
| |
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 11:09 am | |
| | |
|
| |
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 11:11 am | |
| Кликни тука види и уживај | |
|
| |
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 11:27 am | |
| | |
|
| |
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
| |
| |
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 12:26 pm | |
| Рецепт за пржење колбаси:
Се купуваат домашни колбаси од месара. Има и такви со кашкавал, ни тие не се лоши, ама овие со кашкавал се подобри. Се сечат на парчиња и се пржат на петка. И после со конзумираат, по можност со џус од праска :D :D
Многу се добри за појадок! | |
|
| |
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
| |
| |
СтончиС Револуционер
Број на мислења : 824 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 12:47 pm | |
| - Тања напиша:
- Рецепт за пржење колбаси:
Се купуваат домашни колбаси од месара. Има и такви со кашкавал, ни тие не се лоши, ама овие со кашкавал се подобри. Се сечат на парчиња и се пржат на петка. И после со конзумираат, по можност со џус од праска :D :D
Многу се добри за појадок! Се извинувам колешке ама јас не го разбрав рецептов. :shock: На колку дебели парчиња се сецкаат кобасиците? Колку треба да се пржат, каква боја да добијат за да се готови? Какво масло (зејтин) треба да се употреби? Се надевам дека ќе ми се одговори на поставениве прашања за да не ја утнам работата и останам без појадок. | |
|
| |
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 12:56 pm | |
| - Тања напиша:
- Има и такви со кашкавал, ни тие не се лоши, ама овие со кашкавал се подобри.
M??? :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: | |
|
| |
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: појадок Саб 04 Окт 2008, 1:26 pm | |
| Моја варијанта:
Се става тавче на претходно загреана рингла и внатре се става маст ( свинска ) откако ке постигне соодветна температура се кршат 4 јајца,како кога пржиме јајца на око.Откако малку ке се запржат се прави еден потек ( со вилушка ) како кога Зоро се потпишува со мечот,вака з`г-з`г одозгора само колку да се избегне ефектот јајце на око,значи сликарко-креативен дел за да се благо помешаат боите.се прати ситуацијата да не се запечат и да не се залепат,со помош на оној куински-алат ( како шпакла ) се вртат и од другата страна и се оставаат да се пржат се до стадуимот на благо заруменување ( каде што одредени делови ке грцкаат,како кожинка од прасе ).Се ставаат во чинија по можност со темна боја ( поради креативниот ефект,ви текнува ) откога ке се доволно оладат се знае мљац-мљац ( уф сум заборавил сол да ставам ).
Придружни елементи:
Домашно печена погача,1-2 чешничиња лук,средно луто ( свежо ) пиперче и сиренце
Bon Apetit | |
|
| |
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 1:48 pm | |
| | |
|
| |
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 1:51 pm | |
| - СтончиС напиша:
Се извинувам колешке ама јас не го разбрав рецептов. :shock: На колку дебели парчиња се сецкаат кобасиците? Колку треба да се пржат, каква боја да добијат за да се готови? Какво масло (зејтин) треба да се употреби? Се надевам дека ќе ми се одговори на поставениве прашања за да не ја утнам работата и останам без појадок. Аааа ДА, најважното сум го заборавила: се сечат на така толкави парчиња ;) Јас ги сакам на малку поголемки, нејќам мали парчиња :x И после се пржат, ако ги ставиш на петка едно 17, 17 ипол минути, да се заруменеат и да почнат да ти се смеат :P Масло се употребува по желба, јас од оној најевтиниот ставам, и онака се сите канцерогени :lol: :lol: | |
|
| |
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 1:55 pm | |
| - Тања напиша:
- А бе ова кулинарство ли е, уметност ли е? Да не сум ги збркала јас темите нешто???
Варијанта # 2 ( исто така уметничка ) Наместо маст ( свинска ) се употребува путер,и веднаш по вртењето ( на јајцате што се претходно деокирани ) се ренда кашкавал и се капнува малогодер соја-сос ваму-таму ( дополнително се збогатува со бои ) Напомена: во оваа верзија се става помалку сол,оти соја-сосот е специфично соленкаст | |
|
| |
Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 2:02 pm | |
| а црн пипер му ставаш ли за да има тачкици? :D | |
|
| |
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 2:06 pm | |
| - Билјана напиша:
- а црн пипер му ставаш ли за да има тачкици? :D
Мислам дека во тој случај би се добила апстракција, а колегата изгледа сака да постигне мртва природа со блага нијанса накај импресионизам :lol: :lol: | |
|
| |
Билјана Горда Македонка
Број на мислења : 1795 Локација : Велес Регистриран на : 2008-08-31
| |
| |
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше Саб 04 Окт 2008, 2:12 pm | |
| - Тања напиша:
- Билјана напиша:
- а црн пипер му ставаш ли за да има тачкици? :D
Мислам дека во тој случај би се добила апстракција, а колегата изгледа сака да постигне мртва природа со блага нијанса накај импресионизам :lol: :lol: Блага нијанса на импрсионизам не се добива со употребување на црн пипер и средно луто ( свежо ) пиперче ( види,придружни елементи ) вака се добива сит човек | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше | |
| |
|
| |
| Ама се некогаш добро јадеше | |
|