ФОРУМОТ Е НАШ

ФОРУМОТ Е НАШ

Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Добро ни дојдовте драги пријатели „Тупаџијо еден... ни-за-еден“

Share | 
 

 Ама се некогаш добро јадеше

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next
АвторПорака
Ангела
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 849
Регистриран на : 2008-09-02

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Чет 09 Окт 2008, 3:51 pm

епа грини ке внимаваш да не остане долго во релната... да не се препече и му испари водата.. туку така малку со сос да биде :P
Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: КЛ`ЧАНО   Чет 09 Окт 2008, 11:49 pm

Се печат 4-ри лути и 4-ри благи пиперки,на рингла или на скара ( по избор ) и се оставаат во најлонче за да се здушат ( здушени поубаво се лупат ).
Во каленче се става сол и 10-тина ченичиња лук ( излупен ) и сето тоа се кл`че ( толчи ) со кл`цан.
Се лупат претходно испечените ( здушени ) пиперки и се сецкаат во каленчето и на сето тоа се додава 1/2 домат,пожелно е и доматот претходно да се запече во рерна или на скара ( по желба ) и спрема можностите.
Сето тоа се кл`че со благи покрети ( спротивно од стрелките на часовникот ) се до степен на полу-ајвар.
Откако ке биде истолчено се прелива со врел зејтин ( јас сакам охо-хо ) се користи класичено масло за јадење,оваа маслиново му го менува вкусот.
Се употребува со тазе ( вруЧа ) домашна погача и се маца ( без вилушка,де ) пожелно е и сиренце ( бело ) за потеклото на сирењето оставам на Вас.

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/GokaGrozni
Green Power
Говорникот
Говорникот
avatar

Број на мислења : 860
Локација : Велес, епицентар на Македонија
Регистриран на : 2008-09-02

ПишувањеПредмет: Варено јајце!!!!   Пет 10 Окт 2008, 1:52 am

- Потребни состојки:Јајца(1,2,3 или повеќе во зависност од тоа од колку членови е составена фамилијата)
- Начин на подготовка:Откако ќе се увериме 100% дека јајцето е живо, го почнуваме процесот на негово варење.Се зема во рака и се става во соодветен сад каде што претходно сме ставиле вода која веќе сме започнале да ја загреваме.Во меѓувреме гледаме вести на телевизија или Милионер квиз и во зависност од тоа дали сакаме меко(ровито) или тврдо варено јајце ги гледаме вестите од културата или од политиката или чекаме реклами на квизот.После разочарувањето од гледањето на истите наоѓаме утеха во успешното завршување на овој специјалитет.Се доближуваме до садот каде се наоѓа јајцето и слушајќи ја водата како на "големо" врие сфаќаме дека е време да го извадиме јајцето.Од топла го пресекуваме јајцето со ладна вода и го оставаме 2 минути на раат.После тоа го кршиме со тешко срце и сиот свој бес и тага ја артикулираме преку негово лупење.Го консумираме цело, половина или на четвртина, и тоа на голо или во комбинација со леб и маргарин, а ако сме во летен период, може и во комбинација со црвени домати.
ДОБАР АПЕТИТ!!!!!!!
П.С.Во наредната епизода следува рецепт "Турско(македонско) кафе"
Вратете се на почетокот Go down
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Пет 10 Окт 2008, 2:06 am

Green Power напиша:
- Потребни состојки:Јајца(1,2,3 или повеќе во зависност од тоа од колку членови е составена фамилијата)
- Начин на подготовка:Откако ќе се увериме 100% дека јајцето е живо, го почнуваме процесот на негово варење.Се зема во рака и се става во соодветен сад каде што претходно сме ставиле вода која веќе сме започнале да ја загреваме.Во меѓувреме гледаме вести на телевизија или Милионер квиз и во зависност од тоа дали сакаме меко(ровито) или тврдо варено јајце ги гледаме вестите од културата или од политиката или чекаме реклами на квизот.После разочарувањето од гледањето на истите наоѓаме утеха во успешното завршување на овој специјалитет.Се доближуваме до садот каде се наоѓа јајцето и слушајќи ја водата како на "големо" врие сфаќаме дека е време да го извадиме јајцето.Од топла го пресекуваме јајцето со ладна вода и го оставаме 2 минути на раат.После тоа го кршиме со тешко срце и сиот свој бес и тага ја артикулираме преку негово лупење.Го консумираме цело, половина или на четвртина, и тоа на голо или во комбинација со леб и маргарин, а ако сме во летен период, може и во комбинација со црвени домати.
ДОБАР АПЕТИТ!!!!!!!
П.С.Во наредната епизода следува рецепт "Турско(македонско) кафе"
Имам едно прашање и едно потпрашање:
Како да знам дека јајцето е ЖИВО???
-Кога е следната епизода?

..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Green Power
Говорникот
Говорникот
avatar

Број на мислења : 860
Локација : Велес, епицентар на Македонија
Регистриран на : 2008-09-02

ПишувањеПредмет: Како да препознаете живо од варено јајце!!!!   Пет 10 Окт 2008, 2:15 am

- Потребни состојки : 1 или повеќе јајца во зависност од тоа на колку јајца треба да им ја провериме конзистенцијата
- Начин на проверка : Се зема јајцето и се става на маса без покривка и се завртува колку што може најсилно во круг, и потоа почнуваат да се набљудуваат вртежите во минута.Ако јајцето веднаш престане да се врти или по неколку секунди, тогаш констатираме дека има живот во него и и пркоси на инерцијата, но ако продолжи јајцето да се врти без прекин повеќе од 30-40 секунди тогаш процесот на варење го прескокнуваме и веднаш преминуваме на процес на лупење и консумирање на истото по однапред утврдениот редослед(читај во претходниот рецепт)
ДОБАР АПЕТИТ!!!!!

СЛЕДНАТА ЕПИЗОДА е во следното издание!!!
Вратете се на почетокот Go down
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Пет 10 Окт 2008, 2:23 am

SiNaPsA` напиша:
Имам едно прашање и едно потпрашање:
Како да знам дека јајцето е ЖИВО???
-Кога е следната епизода?
Доколку прашањето е пред процес на варење,за да не се случи да вариш веќе сварено јајце,одговорот е следниот.
Го земаш сомнителното јајце и го ставаш на мазна површина ( маса или работна куинска маса ) и го вртиш.
Доколку одма јајцето се завртува ( околу својата ) оска 100 % е варено ( не го вари или пржи ).
Доколку не се завртува одма,туку така инертно глуми некакво вртење живо е ( вари,пржи и слични активности ).

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/GokaGrozni
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Пет 10 Окт 2008, 2:32 am

Ви благодарам и на двајцата за одговорот.
Значи после тестот на неживо или живо јајце ,ја сакам јајцата да ја добијат оваа форма.(рецептот е во истрага)

..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Пет 10 Окт 2008, 2:37 am

SiNaPsA` напиша:
(рецептот е во истрага)
Истражи и озваничи,односно викај ме на дегустација 🤡

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/GokaGrozni
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Пет 10 Окт 2008, 2:39 am

GokaGrozni напиша:
SiNaPsA` напиша:
(рецептот е во истрага)
Истражи и озваничи,односно викај ме на дегустација 🤡
Тоа е голема тајна на малите кувари. Дегустација=прсти да излижеш Basketball

..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: МОДРИ ДОМАТИ ?!!   Нед 12 Окт 2008, 12:21 pm

Модри патлиџани

За подготовка на ова предјадење потребни ви се следниве производи:

- 400 гр. чадена шунка
- 2 модри патлиџани
- 3 јајца
- 1 лимон
- густин
- 1 дл. пиво
- сол
- масло за јадење

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 20- тина минути.

На модрите патлиџани им ги отсекуваме рачките, а потоа ги сечкаме на тенки кругови, по два заедно. Круговите модри патлиџани ги оставаме на чинија. Потоа на многу тенки парчиња ја сечеме шунката. Исечените парчиња шунка ги сечеме на половина. Јајцата ги кршиме и ги двоиме белките од жолчките. Белките ги ставаме во сад за матење, ги посолуваме и ги матиме со електричен миксер. Жолчките ги ставаме во поголем длабок сад, во кој го додаваме и пивото. Потоа матиме со жица за матење и постепено непрекинато мешајќи со жицата додаваме густин, додека не добиеме погуста смеса. Потоа во садот ги додаваме изматените белки. Со жицата се заедно промешуваме, додека не се соедини смесата.
На оган ставаме една тава и во неа ставаме масло за јадење. Ги земаме паровите модри патлиџани и помеѓу нив ставаме парче шунка. Вака подготвени ги редиме на чинија. Потоа секое филувано парче модар патлиџан го валкаме во претходно подготвената смеса за похување и го ставаме во тавата да се пржи. За време на пржењето филуваните модри патлиџани ги превртуваме во тавата. Откако ќе се испржат модрите патлиџани ги вадиме на чинија за сервирање украсена со листови зелена салата. Постапката ја повторуваме додека не ги испржиме сите филувани модри патлиџани. Потоа еден лимон го сечеме на кришки и со него ја декорираме чинијата со модри патлиџани.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете бело вино.

Добар апетит

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/GokaGrozni
Pancho Villa
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 996
Локација : Куманово у центар
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Сре 15 Окт 2008, 6:26 am

Вратете се на почетокот Go down
http://slobodnotupenje.forumotion.net
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Чупава Ката !!!   Пет 17 Окт 2008, 3:22 am

Пред некој ден на форумов некој/а спомна десерт Чупава Ката Question Exclamation
РЕЦЕПТ (позајмен од интернет)
Чупава Ката

За подготовка на овој десерт потребни ви се следниве производи:

- 4 јајца
- 4 лажици шеќер за тесто
- 400 гр брашно за тесто
- 100 гр мелени ореви
- 250 гр путер за тесто
- 250 гр шеќер за фил
- 4 лажици мармалад од сливи за фил
- 1 прашок за печиво за тесто
- 1 лажица млеко за тесто

Потребно време за подготовка на овој десерт е 60 - тина минути, не сметајќи го времето за ладење.

Во сад за матење го ставаме путерот. Додаваме 4 лажици шеќер. Матиме со миксер додека путерот не стане пенест. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Жолчките ги додаваме во садот за матење, а белките ги ставаме во поголем длабок сад. Путерот и жолчките ги матиме со миксер. Прашокот за печиво го додаваме во садот со брашното. Мешаме со лажица. Потоа брашното го додаваме во садот за матење. Го додаваме млекото. Мешаме со лажица. Потоа продолжуваме тестото да го месиме со рака. Го ставаме тестото на работната маса и го месиме со раце. Го сечеме тестото на два еднакви дела. Калапот за печење го намрснуваме со путер. Половината од тестото го ставаме во калапот. Со рака го расплескуваме. Втората половина ја ставаме во сад, кој го ставаме во замрзнувач.
Започнуваме со подготовка на филот. Со миксер ги матиме белките. Додаваме 250 гр шеќер. Откако шеќерот ќе се растопи го исклучуваме миксерот. Со миксерот го матиме и мармаладот. Потоа мармаладот го додаваме во изматените белки. Мешаме со лажица. Ги додаваме мелените ореви. МеШаме додека смесата не ссоедини. Филот го нанесуваме врз кората во калапот. Ја рамниме површината со лажица. На покрупната страна од рендето во калапот ја рендаме втората половина од изладеното тесто. Ја рамниме површината. Калапот го ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 200 степени. Го вадиме калапот од рерна. Со нож ги одлепуваме краевите на колачОт од калапот. Го отстрануваме страничниот дел од калапот. Сечеме парче од колачот. Парчето Чупава Ката го ставаме на чинија за колачи.

..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Слушни како мириса...   Пет 17 Окт 2008, 5:28 am


Одлична видео презентација на неколку традиционални македонски јадења а богами и вино.
За ширденот сум слушнал дека е вкусен (ако е добро направен) ама не сум баш сигурен дека би го пробал. Ако го знаит некој рецепто нека го постави, па може и да се заинтересирам.
(Инсертот е од „Солнски Партдии“)
Вратете се на почетокот Go down
Lidija
Уметничка душа
Уметничка душа
avatar

Број на мислења : 609
Локација : Скопје, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Вто 21 Окт 2008, 1:22 am

Компот од дуњи
Потребни состојки:Дуњи 4/5 средна големина,вода,шекер и цимет.
Припрема:Дуњите убаво се мијат,да се острани сета (мов),се сецкаат на парчиња средна големина,коцки.Во тенџере се става вода,околу 1.5 или 2 л.(јас искрено одприлика ставам),се ставаат и дуњите внатре и да врие.Кога ке почне да врие,под намалиго шпоретот и нека вари 15/20 тина минути.Пред крај се става шекер по желба или пак мед.И се наросува цимет.Многу е ароматичен и вкусен.Топол е екстра!
Вратете се на почетокот Go down
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Варено Вино   Вто 21 Окт 2008, 1:47 am

Специјално за Лидија.
Состојки:
- Литар добро домашно црно вино. (замена Кавадарка или Кратошија)
- Лажица Мед
- Две лажици шеќер. (ла=иците се од оние супени што ги викаат)
- Пола литар сок од боровница.
- Пола литар сок од јаболка (црвена, не зелена)
- Еден лимон.
- Малку Цимет.
- Неколку каранфилчиња.
Во поголемо тенџере (од околу 4 литра) се става виното, сококот од боровница и сокот од јаболка, се вклучува ринглата на 3-ка и чекаме да се загрее. Кога е доволно стоплено (за да може да се растоптат) се стават медот и шеќерот и промешуваме убаво додека не се растопи шеќерот. Кога ќе почне да врие виното, се додава лимонот исечкан на резанки и се додаваат циметот и каранфилчињата.
По пет минути вриење се трга тенџерето од ринглата, односно Вареното Вино е готово.
Се служи топло во шољи како за чај. Во шољата се внимава да има барем по едно резне од лимонот и по некое каранфилче. Многу е добро за спречување на настинки во ладните зимски ноќи.
(Дозата е доволна за 4-5 луѓе)
Вратете се на почетокот Go down
Lidija
Уметничка душа
Уметничка душа
avatar

Број на мислења : 609
Локација : Скопје, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Вто 21 Окт 2008, 1:59 am

СтончиС напиша:
Браво Гока за темава. А палачинкиве името поради бојата го добиле или рецептот ти го кажале марсовците. :lol:
Еве јас да напишам еден рецепт.
Ориз за гарнир. (присутните на папрадиште и го пробаа ;) )

Потребни состојки:
-Една главица комид.
-200 грама печурки (ситни шампињони од Бонум).
-Едно лонче ориз (кочански).
-Една лажица вегета (или зачинал).
Подготовка:
Лонче ипол (истото лонче со кое сте го мереле оризот) вода се става на рингла да проврие и во водата се додава една лажица вегета.
Во друго тенџере (по можност Цептер) се пропржува ситно исечаниот кромид, се додаваат печурките и заедно се пропржуваат уште малку ( да заруменат печурките). Се додава оризот и тој се пропржува околу една минута и потоа се додава зовриената вода со вегета во тенџерето се промешува малку и се поклопува ако е Цептер тенџере ако е обично тенџере убаво се затвара со алуминиумска фолија и се поклопува. Ринглата која што предходно беше на 2.5 се намалуна на 1 и се остава 15 мин. и не се пипа Smile . По 15 мин. се исклучува ринглата и оризот за гарнир е готов и спремен за сервирање со нај различни јадења како додаток како на пример: пастрмка (лосос) на скара, роловано пилешко (рецептот во следна прилика) и други.
Напомена. Многу е битен точниот сооднос на ориз и вода (1: 1.5) и тенџерето убаво да се затвори за да нема испарување на водата.
Бон Апетит.
Со закаснување,но оризот морам да го пофалам,го пробав во Папрадиште,Тонци мајстор си!
Вратете се на почетокот Go down
Ангела
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 849
Регистриран на : 2008-09-02

ПишувањеПредмет: ПОЛНЕТИ МОДРИ ПАТЛИЏАНИ   Вто 21 Окт 2008, 2:32 pm

Потребно: 2 модри патлиџани со средна големина, 100 гр. чадена шунка, 75 мл. маслиново масло, 40 гр. путер, 1 краставица, 25 гр. брашно, 3 дц. млеко, 50 гр. топено сирење, 2 лажици сос од рен, сол и црн пипер, 4 лажици лебни трошки (презла), 1 лажица магдонос и 2 лажици пармезан

Преполовете ги модрите патлиџани и издлабете ги со лажица, внимавајќи да не ја оштетите кората. Внатрешноста од модрите патлиџани и шунката исечкајте ги на коцки. Загрејте 3 лажици маслиново масло во тава и пропржете ги издлабените половинки од патлиџаните додека не омекнат. Кога ќе се испржат, исцедете ги на кујнска хартија.

Преостанатото масло ставете го во тава и пржете ги коцките од модрите патлиџани пет минути додека не омекнат. Извадете ги и исцедете ги на хартија.

Растопете 15 гр. путер и пржете ја шунката околу 5 мин. Додајте ги краставиците и преостанатиот путер. Во смесата вмешајте го брашното и млекото и варете додека не зоврие. Потребно е постојано мешање додека не добиете сос. Потоа измешајте со топеното сирење, сосот од рен и зачините.

Рерната загрејте ја на 200 степени. Во меѓувреме измешајте ги коцките од модар патлиџан, шунка и краставица и со таа смеса наполнете ги издлабените половинки. Филот прелијте го со малку сос и посипете ги со презла, остатокот од сирењето и магдонос. Накрај, посипете ги со пармезан. Полнетите половинки се печат во горниот дел од рерната 20 - 25 мин. додека филот не добие златно-жолта боја.




наздравје.
Вратете се на почетокот Go down
Ангела
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 849
Регистриран на : 2008-09-02

ПишувањеПредмет: ДОМАТИ ПОЛНЕТИ СО ЗЕЛЕНЧУК   Вто 21 Окт 2008, 2:35 pm

Потребно: 12 тврди домати, 300 гр. грашок, 3 моркови, 250 гр. боранија, 2 компира, 3 тврдо варени јајца, сол, црн пипер, масло, сок од лимон

Сварете ги секое посебно грашокот, компирот, морковот и боранијата. Сварете ги јајцата и исечете ги на коцкички. На доматите исечете им ја „капата" и издлабете ги, па ставете ги наопаку да се исцедат. Одвнатре посолете ги и ставете им црн пипер. Исечете ги компирот, морковот и боранијата на коцкички, па измешајте ги јајцата со зеленчукот. Посолете, ставете црн пипер, малку закиселете со сок од лимон и ставете масло. Добро измешајте и со тоа наполнете ги доматите. Вратете ја „капата".
ДОБАР АПЕТИТ...


Вратете се на почетокот Go down
Ангела
Одличен тупаџија
Одличен тупаџија
avatar

Број на мислења : 849
Регистриран на : 2008-09-02

ПишувањеПредмет: МЕШАНА САЛАТА СО ЈОГУРТ   Вто 21 Окт 2008, 2:39 pm

МЕШАНА САЛАТА СО ЈОГУРТ

Потребно: 3 компири, 4 моркови, 1 праз, 1 лажица маринирани печурки, 3 краставици, 50 гр. црни маслинки, 200 гр. посна шунка во парче, 1 жолчка, 1 лимон, 1 чаша јогурт, масло, црн пипер и сол

Сварете ги компирите и морковите, исцедете ги, оставете ги да се изладат и исечете ги на коцки. Во подлабока чинија изматете ја жолчката со малку сол и црн пипер и додадете сок од лимон. Ставете ги во длабок сад за салата сварениот зеленчук, исечканата шунка, краставицата на тркалца, печурките и маслинките. Преку салатата прелијте го сосот со јајце и промешајте. Потоа прелијте ја со јогурт и додадете неколку лажици масло. Украсете ја со тркалца од белиот дел на празот и оставете неколку минути да стои за да може зеленчукот да ги впие сите сокови.
Вратете се на почетокот Go down
Venco
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Ајвар мејкер :)   Сре 22 Окт 2008, 4:05 am



Ако има интересент за рецептата, не се устручавајте да прашате, фри оф чарџ е lol! lol! lol!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
SiNaPsA`
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2321
Локација : Тетово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Сре 22 Окт 2008, 4:09 am

Venco напиша:


Ако има интересент за рецептата, не се устручавајте да прашате, фри оф чарџ е lol! lol! lol!
Браво Венцо, вистински домаќин си cheers
Кај мене кога се прави ајвар, најчесто ме боли глава или имам нешто закажано :pale: Присутен сум само кога се става вино, иако не сум многу мераклија за пиење вино bounce

..............................................................................................................................................
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/user/TheSiNaPsA
Venco
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2907
Локација : Штип, Македонија
Регистриран на : 2008-09-01

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Сре 22 Окт 2008, 4:15 am

[quote="SiNaPsA`"
Браво Венцо, вистински домаќин си cheers
Кај мене кога се прави ајвар, најчесто ме боли глава или имам нешто закажано :pale: Присутен сум само кога се става вино, иако не сум многу мераклија за пиење вино bounce[/quote]

Сики тоа ми беше единствената насмевка во целиот ден (ради сликањето) иначе све живо сум испопцувал Evil or Very Mad
Вратете се на почетокот Go down
http://www.qsl.net/z31ja
GokaGrozni
Одржувач на ред
Одржувач на ред
avatar

Број на мислења : 2571
Локација : Куманово
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Сре 22 Окт 2008, 5:09 am

Angela напиша:


наздравје.
Е оваа го правам,утре за празник bounce bounce

..............................................................................................................................................
„Име си е име“
Вратете се на почетокот Go down
http://www.youtube.com/GokaGrozni
СтончиС
Револуционер
Револуционер


Број на мислења : 824
Локација : Скопје
Регистриран на : 2008-08-31

ПишувањеПредмет: EKLER PASTA   Саб 08 Ное 2008, 2:14 pm



Со рецепат во оригинал. :D
EKLER PASTA-KOLAY-

Yukardaki resime bakıp uzun uzun ugraşıp choux hamur hazırlayıp ekler pastalar yaptığımı sanmayın lütfen bu blogdaki arkadaşlardan birinde gördüğüm ekler pastanın kendim tarafından yeniden yorumlanmış halidir,tadı bildiğimiz ekler pastaya cok benziyor,ama yapılışına gelince 10 dk.bile sürmüyor o yüzden deneyin derim ben...

MALZEMELER-12 adet için-

1 paket savoyer bisküvi

4 kaşık un

5 kaşık şeker

1/2 lt.süt

1 kaşık tereyağı yada kaymak

çik.sos için

50 gr.bitter çikolata

40gr.sütlü çikolata

50 ml.sıvı krema

2 kaşık nişasta

2 kaşık kakao

2 kaşık şeker

1 bardak süt

ya da

1 paket dr.oetker hazır çikolatalı sos

2 bardak süt

YAPLIŞI

Süt,un ve şekeri ateşin üzerinde karıştırarak bir muhallebi hazırlayın,piştikten sonra üzerine tereyağı veya kaymak ekleyip 1-2 dak. çırpın,savoyer bisküvileri çok az bir süre süte batırıp bir tabağa dizin,üzerlerine hazırladğınız kremadan 1-2 kaşık dökün ve diğer bir bisküviyi üzerine kapatın,en üste çikolatalı sos dökün ama sosu biraz koyu hazırlayın ve pastaların üzerine tek tek gelecek şekilde dökün ,üzerini dilediğiniz gibi süsleyin.

Çikolatalı sos hazır paketle hazırlayabileceğiniz gibi ,yukarda verdiğim malzemeleri ateşin üzerinde sürekli karıştırarak pişirip kendiniz de hazırlayabilirsiniz bu daha kıvamlı ve içinde gerçek bitter çik.oldugu için daha lezzetli oluyor.AFİYET OLSUN...
Вратете се на почетокот Go down
Scarlett O'Hara
Тупаџија со тапија
avatar

Број на мислења : 2852
Регистриран на : 2008-09-07

ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   Саб 08 Ное 2008, 2:20 pm

lol! lol! lol! lol! lol! lol! lol!
Bravo Tonci,receptov ti e... :D :lol: :lol: :lol: :lol:
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Ама се некогаш добро јадеше   

Вратете се на почетокот Go down
 
Ама се некогаш добро јадеше
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 5Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ФОРУМОТ Е НАШ :: ТУПАЛКА :: Форумот е НАШ :: ОПШТО-
Отиди до: