Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
ФОРУМОТ Е НАШ
Овој форум е во наша сопственост,тука секој може да си каже што мисли,па дури и да објави штрајк,па затоа слободно ТУПЕТЕ и УЖИВАЈТЕ ! п.с. Форумот е строго забранет за малолетници!!!
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Вто 21 Jул 2009, 12:30 am
VoniVaraS напиша:
[ „Човекот слета на месечината... НЕМА ШАНСИ“
Како би се пренесла веста доколку би се случило денеска:
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Сре 22 Jул 2009, 2:28 pm
356 п.н.е.- Во Пела е роден Александар Македонски, една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник. Го порази огромното персиско царство и во своите походи стигна се до Индија. Умре во Вавилон, на 13.06.323 година п.н.е.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Саб 25 Jул 2009, 2:46 pm
1945 - Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна-советска, северозападна-британска, југозападна-американска и западна-француска. Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави.
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Чет 30 Jул 2009, 9:20 am
2003.- Последната „буба“ се симна од производствената лента во Мексико - „фолксваген“ број 21.529.464, колку што за 68 години се произведени во Германија и во други земји, со што заврши историјата на најдолго произведениот автомобил. Производството на „фолксваген“ беше идеја на германскиот дикатар Адолф Хитлер.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Нед 02 Aвг 2009, 2:08 pm
1903 - Почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, крушевско, кај Карабуница, кичевско, кај селото Арменско, леринско, во Рашанец и кај селото Чаништа, мариовско.
1944 - Во манастирот Свети Прохор Пчински кај Куманово, во присуство на 122 преставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). На заседанието, во согласност со одлуките на АВНОЈ, е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа АСНОМ е конституирано како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на македонскиот народ, а македонскиот јазик е воведен како службен јазик во Македонија.
1991 - Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник "Република". Вториот број излезе на 8.09.1991 година.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Пет 14 Aвг 2009, 2:16 pm
1784 - На островот Кодијак, на Алјаска формирана е првата руска колонија. Царска Русија ја продаде Алјаска на САД во 1867 година за 7,2 милиони американски долари. Во 1963 година Алјаска стана една од сојузните држави на САД.
1909 - Во Солун е извршен втор неуспешен обид за убиство на македонскиот револуционер Јане Сандански и на неговите другари Стојко Хаџиев, Анастас Митрев и Иван Манолев.
1915 - Во селото Никифорово, гостиварско, е роден Видое Смилевски-Бато, народен херој на Македонија, истакнат револуционер и општествено-политички работник. Умре во Скопје, на 8.09.1979 година.
1919 - Во Скопје е роден Раде Јовчевски Корчагин, народен херој на Македонија. Загина во Скопје, во судирот со бугарските агенти и со полицијата, на 20.02.1943 година.
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Нед 16 Aвг 2009, 11:53 am
1958.- Родена е американската пејачка и актерка Мадона Луиз Вероника Чиконе, позната како Мадона, една од најпопуларните на денешницава.
1977.- Во Грејсленд, Мемфис, умре Елвис Присли, американски рокенрол пејач, наречен „кралот на рокенролот“. Најпопуларен беше во 50-ите до 70-ите години на 20. век. Негови светски хитови се „Во гетото“, „Сега или никогаш“, „Не биди суров“, „Огнена љубов“ и многу други. Роден е во Тулело, Мисисипи, на 8 јануари 1935 година.
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Пон 17 Aвг 2009, 9:25 am
GokaGrozni напиша:
2003.- Последната „буба“ се симна од производствената лента во Мексико - „фолксваген“ број 21.529.464, колку што за 68 години се произведени во Германија и во други земји, со што заврши историјата на најдолго произведениот автомобил. Производството на „фолксваген“ беше идеја на германскиот дикатар Адолф Хитлер.
Богами, ако воопшто нешто добро произлегло од тој човек, тогаш е тоа бубата. Колата си е - свака час’
eftimoskatb Проф.Д-р Тупаџија
Број на мислења : 2274 Локација : Skopje Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Пон 17 Aвг 2009, 9:26 am
А на денешен ден јас почнувам на работа....
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Нед 30 Aвг 2009, 6:01 am
1973.- Кенија забрани лов на слонови и трговија со нив.
Venco Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2907 Локација : Штип, Македонија Регистриран на : 2008-09-01
Предмет: Re: На денешен ден Нед 30 Aвг 2009, 10:20 pm
На денешен ден пред точно еднА година формиран е ФЕН “ФОРУМОТ Е НАШ“.
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Пон 31 Aвг 2009, 12:31 am
Venco напиша:
На денешен ден пред точно еднА година формиран е ФЕН “ФОРУМОТ Е НАШ“.
И тоа баш некаде во ова време, околу полноќ, на преодот меѓу 30-ти и 31-ви август, добро се сеќавам. Ова време се „крчкаше“ работата. Ми текнува дека на почетокот форумот беше розов и не сакав да се зачленам, па почекав неколку саати. И како што првата пушка пукна во Куманово, така и иницијативата за овој форум дојде од истото место. И би форум!
Ете така се обидов да направам мала ретроспектива на почетокот и „востаниците“.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Вто 08 Сеп 2009, 11:05 pm
Македонија воспостави дипломатски односи со Боцвана под уставното име. Извор: Нетпрес
VoniVaraS Тупаџија
Број на мислења : 217 Локација : Скопје Регистриран на : 2009-05-02
Предмет: Re: На денешен ден Вто 08 Сеп 2009, 11:33 pm
SiNaPsA` напиша:
Македонија воспостави дипломатски односи со Боцвана под уставното име. Извор: Нетпрес
Што збориш бе. ќе имаме амбасада во Боцвана? И кој ќе ни е амбсадор кај бушманите сеа?
Ако има тендер за амбасадор јас ќе се пријвам. Многи ги почитувам бушманите најискрено. Уште пред 20 и нешто години кога го гледав „The Gods Must Be Crazy“ ги засакав. А и јазикот не им е тежок само “шлапкаш“ со јазикот.
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Чет 10 Сеп 2009, 12:11 am
2002.- Швајцарија стана 190 членка на Обединетите нации.
ПС.Овие ги шиеме
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Чет 10 Сеп 2009, 2:25 am
GokaGrozni напиша:
2002.- Швајцарија стана 190 членка на Обединетите нации.
ПС.Овие ги шиеме
Да да, не можат ни на малиот прст да ни се фатат
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Саб 26 Сеп 2009, 5:36 am
26 септември
- Европски ден на јазиците
- Светски ден на чисти планини
ПС.Ги поздравувам двајцата мои НЕТ-Пријатели
Бе Перо Тупаџија со тапија
Број на мислења : 3016 Локација : Скопје Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Пон 02 Ное 2009, 4:31 am
На денешен ден (односно веќе вчерашен) пред 57 години, роден е Борислав Бора Џорџевиќ, се уште актуелен фронтмен на Рибља Чорба!
Ќе тера уште овој, нема гајле...
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Нед 08 Ное 2009, 11:29 pm
1944 - Ослободени се градовите Штип, Неготино и Струга.
1995 - Република Македонија официјално стана 38-ма членка на Советот на Европа.
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Пон 09 Ное 2009, 1:10 pm
1944.- Ослободен е Велес.
1989.- Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница према Сојузна Република Германија (Западна) - "падна" Берлинскиот ѕид.
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Вто 10 Ное 2009, 1:37 pm
1994 - Во Брисел е отворена светската изложба на пронајдоци, истражување и индустриски иновации "Еурека 94", на која Македонија за првпат беше самостојно претставена. На изложбата учествуваа 32 земји со околу 1.200 пронајдоци. Македонија беше претставена преку законот за заштита на индустриската сопственост.
GokaGrozni Одржувач на ред
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Сре 11 Ное 2009, 3:43 pm
Цитат :
1821.- Во Москва е роден Фјодор Михаилович Достоевски, великан на руската и на светската литература. Негови најпознати дела се „Двојник“, „Бели ноќи“, „Неточка Незванова“, „Злосторство и казна“, „Браќата Карамазови“, „Идиот“ и други. Роден е во Санкт Петербург, на 9 февруари 1881 година.
1944.- Ослободено е Куманово.
1961.- Сталинград беше преименуван во Волгоград. За време на царството градот се викаше Царицин.
1963.- Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник "Вечер".
1990.- Во СР Македонија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори. нија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори.
Последната промена е направена од GokaGrozni на Сре 11 Ное 2009, 3:46 pm. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : Уткам години јас, видете тука ( превземено од МИА. ))
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Чет 12 Ное 2009, 3:41 pm
1933 - Хитлеровата Национал-социјалистичка работничка партија доби мнозинство во парламентот и дојде на власт во Германија. Тогаш настана најмрачното движење во поновата историја на светот - нацизмот, кој доведе до Втората светска војна. Нацизмот беше доктрина која на човештвото му навести истребување на народите во походот за "големогермански простор".
SiNaPsA` Тупаџија со тапија
Број на мислења : 2321 Локација : Тетово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Пет 13 Ное 2009, 1:29 pm
Број на мислења : 2571 Локација : Куманово Регистриран на : 2008-08-31
Предмет: Re: На денешен ден Пон 16 Ное 2009, 10:36 am
1995. - Во Скопје умре Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Тој е припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци, кој остави неизбришливи траги во македонското актерско творештво. Роден е во Велес, на 13 март 1907 година.